изнуда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/iznuda/ За подобро да се разбереме Thu, 19 Sep 2024 18:51:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png изнуда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/iznuda/ 32 32 Обид за изнуда на пари во Чаир https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obid-za-iznuda-na-pari-vo-chair/ Thu, 19 Sep 2024 21:50:21 +0000 https://republika.mk/?p=817937

На 18.09.2024 во 17.02 часот во Полициската станица Чаир, Ш.Б.(55) од Скопје пријавил дека во неговата фирма на подрачјето на полициската станица, три лица, од кои едното го познавал, му барале пари и му се заканувале поради наводен долг кон еден од нив. Единицата за насилен криминал при СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

The post Обид за изнуда на пари во Чаир appeared first on Република.

]]>

На 18.09.2024 во 17.02 часот во Полициската станица Чаир, Ш.Б.(55) од Скопје пријавил дека во неговата фирма на подрачјето на полициската станица, три лица, од кои едното го познавал, му барале пари и му се заканувале поради наводен долг кон еден од нив. Единицата за насилен криминал при СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

The post Обид за изнуда на пари во Чаир appeared first on Република.

]]>
Се обиделе да изнудат 50.000 евра: Приведени двајца скопјани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-obidele-da-iznudat-50-000-evra-privedeni-dvajtsa-skopjani/ Sat, 14 Sep 2024 12:45:23 +0000 https://republika.mk/?p=816316

На 13.09.2024, во Скопје лишени од слобода се Б.А.(39) и С.А.(35), двајцата од с. Арачиново, скопско, поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 258 од КЗ.

Тие се сомничат дека во текот на месецов во неколку наврати од лице од Скопје се обиделе да изнудат 50.000 евра како наводен долг кон еден од приведените.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Се обиделе да изнудат 50.000 евра: Приведени двајца скопјани appeared first on Република.

]]>

На 13.09.2024, во Скопје лишени од слобода се Б.А.(39) и С.А.(35), двајцата од с. Арачиново, скопско, поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 258 од КЗ. Тие се сомничат дека во текот на месецов во неколку наврати од лице од Скопје се обиделе да изнудат 50.000 евра како наводен долг кон еден од приведените. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Се обиделе да изнудат 50.000 евра: Приведени двајца скопјани appeared first on Република.

]]>
Приведено лице за изнуда https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/privedeno-litse-za-iznuda/ Sun, 11 Aug 2024 14:52:54 +0000 https://republika.mk/?p=805500

На 10.08.2024 година од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - СОНК во содејство со Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција од слобода е лишен Д.М.(39) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело по член 258 од Кривичниот законик - “изнуда”.

Имено, на 08.08.2024 година, од страна на оштетениот, 39 годишно лице во Министерство за внатрешни работи било пријавено дека подолг временски период Д.М. со закани се обидувал од него да изнуди непостоечки долг во висина од 16.500 евра во име на трето лице. Според пријавата оштетениот на 11.08.2024 година во кафе бар во Скопје требало да му ја даде првата рата, односно 7.000 евра.

По добиени насоки од Основното јавно обвинителство Скопје, извршена е крим техничка обработка на паричните средства при што вчера (10.08.2024), при предавање на наводниот долг од страна на полициски службеници од Единицата за Интервентна полиција лицето е лишено од слобода и кај него се пронајдени одбележаните 7.000 евра. По добиена наредба од Основен суд Скопје извршени се претреси во домот и други простории на осомничениот.

Против Д.М. е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело “измама”. Од страна на Судија за претходна постапка на лицето му се одредени мерки за претпазливост.

The post Приведено лице за изнуда appeared first on Република.

]]>

На 10.08.2024 година од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - СОНК во содејство со Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција од слобода е лишен Д.М.(39) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело по член 258 од Кривичниот законик - “изнуда”.

Имено, на 08.08.2024 година, од страна на оштетениот, 39 годишно лице во Министерство за внатрешни работи било пријавено дека подолг временски период Д.М. со закани се обидувал од него да изнуди непостоечки долг во висина од 16.500 евра во име на трето лице. Според пријавата оштетениот на 11.08.2024 година во кафе бар во Скопје требало да му ја даде првата рата, односно 7.000 евра.

По добиени насоки од Основното јавно обвинителство Скопје, извршена е крим техничка обработка на паричните средства при што вчера (10.08.2024), при предавање на наводниот долг од страна на полициски службеници од Единицата за Интервентна полиција лицето е лишено од слобода и кај него се пронајдени одбележаните 7.000 евра. По добиена наредба од Основен суд Скопје извршени се претреси во домот и други простории на осомничениот.

Против Д.М. е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело “измама”. Од страна на Судија за претходна постапка на лицето му се одредени мерки за претпазливост.

The post Приведено лице за изнуда appeared first on Република.

]]>
Уапсен скопјанец за изнудување пари, доби притвор од 30 дена https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-skopjanets-za-iznuduvane-pari-dobi-pritvor-od-30-dena/ Sat, 06 Apr 2024 13:47:04 +0000 https://republika.mk/?p=763097

Уапсен е сторител на кривично дело „изнуда” и определена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Од страна на лицето М. Г. од Скопје на ден 05.04.2024 пријавено е дека од месец ноември 2023 година па се до денот на пријавување му се изнудуваат парични средства со сериозни закани по живот од страна на лицето И. Ј. од Скопје, на којшто до овој момент оштетениот му има исплатено парични средства во вредност од 180 000 евра, објави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи во техничката влада.

Во врска со пријавениот настан на ден 05.04.2023 година околу 17.00 часот по претходен договор помеѓу истите и побарување на парични средства, на ул. Симеон Кавракиров во Скопје лицето М. Г. му предаде 500 евра на И. Ј. кои претходно беа криминалистичко-технички обработени, по што во заедничка соработка на Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното насилство при ОСОСК и Единицата за Насилен Криминал при СВР Скопје лицето И. Ј. беше лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување во ПС Кисела Вода.

На 06.04.2024 година, од страна на ЕНК при СВР Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело ,,Изнуда" по чл. 258 од КЗ, при што од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот И. Ј. му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

The post Уапсен скопјанец за изнудување пари, доби притвор од 30 дена appeared first on Република.

]]>

Уапсен е сторител на кривично дело „изнуда” и определена му е мерка притвор во траење од 30 дена. Од страна на лицето М. Г. од Скопје на ден 05.04.2024 пријавено е дека од месец ноември 2023 година па се до денот на пријавување му се изнудуваат парични средства со сериозни закани по живот од страна на лицето И. Ј. од Скопје, на којшто до овој момент оштетениот му има исплатено парични средства во вредност од 180 000 евра, објави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи во техничката влада. Во врска со пријавениот настан на ден 05.04.2023 година околу 17.00 часот по претходен договор помеѓу истите и побарување на парични средства, на ул. Симеон Кавракиров во Скопје лицето М. Г. му предаде 500 евра на И. Ј. кои претходно беа криминалистичко-технички обработени, по што во заедничка соработка на Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното насилство при ОСОСК и Единицата за Насилен Криминал при СВР Скопје лицето И. Ј. беше лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување во ПС Кисела Вода. На 06.04.2024 година, од страна на ЕНК при СВР Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело ,,Изнуда" по чл. 258 од КЗ, при што од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот И. Ј. му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

The post Уапсен скопјанец за изнудување пари, доби притвор од 30 дена appeared first on Република.

]]>
Двајца браќа со пиштол ја давеле и ја терале да повлече жалба во корист на фирма од Визбегово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dvajtsa-braka-so-pishtol-ja-davele-i-ja-terale-da-povleche-zhalba-vo-korist-na-firma-od-vizbegovo/ Fri, 01 Sep 2023 18:09:06 +0000 https://republika.mk/?p=678000

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа, на возраст од 23 и 25 години, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Изнуда од член 258 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти попладнево Јавното обвинителство, со намера да прибават противправна имотна корист за правно лице од Визбегово, двајцата со сила и сериозна закана, но и со употреба на огнено оружје присилиле една оштетена – одговорно лице во друга фирма да повлече поднесена жалба на одлука за избор на најповолна понуда за јавна набавка на училишен и друг мебел.

На огласот за јавна набавка, објавен од едно скопско средно училиште, како најповолен понудувач била избрана фирмата од Визбегово, по што другата компанија вложила жалба на одлуката. На 22 август, двајцата осомничени се појавиле во деловните простории на другото правно лице на улицата „Благоја Стефковски“ и од одговорната побарале да ја повлече жалбата. Во следните неколку дена се обидувале и телефонски да ја убедуваат оштетената да ја повлече жалбата, но таа не им одговарала на повиците, информира ЈО.

Оттаму дополнуваат дека на 29 август, двајцата осомничени повторно дошле во конкурентската фирма, упатувајќи директна закана: „Имаш 24 часа да ја повлечеш жалбата, инаку се ова ќе лета во воздух“. Оштетената побарала од нив да ги напуштат просториите и им кажала дека ќе повика полиција, на што ти продолжиле да и се закануваат. Едниот од осомничените браќа извадил пиштол, го репетирал и го вперил во слабината на оштетената, а со другата рака ја фатил за вратот. Си заминале со нови закани дека повторно ќе се вратат, по што на 30 август оштетеното правно лице ја повлекло изјавената жалба на одлуката.

Основаното сомнение за стореното кривично дело е поткрепено со повеќе докази, меѓу кои и видео запис од безбедносните камери во оштетената фирма. Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничените да влијаат врз сведоците и оштетените, но и да го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлог за определување мерка притвор за двајцата соизвршители, се вели во соопштението.

The post Двајца браќа со пиштол ја давеле и ја терале да повлече жалба во корист на фирма од Визбегово appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа, на возраст од 23 и 25 години, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Изнуда од член 258 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти попладнево Јавното обвинителство, со намера да прибават противправна имотна корист за правно лице од Визбегово, двајцата со сила и сериозна закана, но и со употреба на огнено оружје присилиле една оштетена – одговорно лице во друга фирма да повлече поднесена жалба на одлука за избор на најповолна понуда за јавна набавка на училишен и друг мебел.
На огласот за јавна набавка, објавен од едно скопско средно училиште, како најповолен понудувач била избрана фирмата од Визбегово, по што другата компанија вложила жалба на одлуката. На 22 август, двајцата осомничени се појавиле во деловните простории на другото правно лице на улицата „Благоја Стефковски“ и од одговорната побарале да ја повлече жалбата. Во следните неколку дена се обидувале и телефонски да ја убедуваат оштетената да ја повлече жалбата, но таа не им одговарала на повиците, информира ЈО.
Оттаму дополнуваат дека на 29 август, двајцата осомничени повторно дошле во конкурентската фирма, упатувајќи директна закана: „Имаш 24 часа да ја повлечеш жалбата, инаку се ова ќе лета во воздух“. Оштетената побарала од нив да ги напуштат просториите и им кажала дека ќе повика полиција, на што ти продолжиле да и се закануваат. Едниот од осомничените браќа извадил пиштол, го репетирал и го вперил во слабината на оштетената, а со другата рака ја фатил за вратот. Си заминале со нови закани дека повторно ќе се вратат, по што на 30 август оштетеното правно лице ја повлекло изјавената жалба на одлуката. Основаното сомнение за стореното кривично дело е поткрепено со повеќе докази, меѓу кои и видео запис од безбедносните камери во оштетената фирма. Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничените да влијаат врз сведоците и оштетените, но и да го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлог за определување мерка притвор за двајцата соизвршители, се вели во соопштението.

The post Двајца браќа со пиштол ја давеле и ја терале да повлече жалба во корист на фирма од Визбегово appeared first on Република.

]]>
Со закани кон нејзините деца, тетовец од жена изнудил купопродажба на куќа https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/so-zakani-kon-nejzinite-detsa-tetovets-od-zhena-iznudil-kupoprodazhba-na-kuka/ Mon, 03 Apr 2023 10:03:36 +0000 https://republika.mk/?p=626588

Вчера (2 април) во 15 часот и 15 минути во СВР Тетово повикан е В.А.(37) од тетовска Стримница, кој претходно бил пријавен од 50-годишна тетовка дека кон крајот на минатата година, заканувајќи им се на неа и на нејзините деца, изнудил таа да јапродаде сопствената куќа, наводно во замена за стан во Тетово и пари.

Но, според пријавеното, ниту добила стан, ниту пари, иако потпишала купопродажен договор.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и против В.А. ќе следува поднесок, велат од СВР Тетово.

The post Со закани кон нејзините деца, тетовец од жена изнудил купопродажба на куќа appeared first on Република.

]]>

Вчера (2 април) во 15 часот и 15 минути во СВР Тетово повикан е В.А.(37) од тетовска Стримница, кој претходно бил пријавен од 50-годишна тетовка дека кон крајот на минатата година, заканувајќи им се на неа и на нејзините деца, изнудил таа да јапродаде сопствената куќа, наводно во замена за стан во Тетово и пари. Но, според пријавеното, ниту добила стан, ниту пари, иако потпишала купопродажен договор. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и против В.А. ќе следува поднесок, велат од СВР Тетово.

The post Со закани кон нејзините деца, тетовец од жена изнудил купопродажба на куќа appeared first on Република.

]]>
Го уценувале со компромитирачки фотографии: Дал 18.630 евра да не ги објават https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/go-utsenuvale-so-kompromitirachki-fotografii-dal-18-630-evra-da-ne-gi-objavat/ Tue, 07 Feb 2023 10:02:44 +0000 https://republika.mk/?p=605872

Полициски службеници во тетовска Мала Речица ги лишиле од слобода З.Д.(33) од село Голема Речица и Ј.А.(60) од село Пирок, Тетовско.

Како што соопшти МВР, по преземени мерки било утврдено дека од средината на јануари 2023 година, З.Д. во неколку наврати изнудил вкупно 18.630 евра од лице од Тетово, уценувајќи го дека ќе објави фотографии со компромитирачка содржина.

Според пријавеното, З.Д. во неколку наврати го организирал примопредавањето на парите преку Ј.А., кој таботел како такси возач. Тој му се јавувал на оштетениот и му кажувал да ги предаде парите на Ј.А., кој подоцна му ги доставувал нему. Истото било направено и во текот на вчерашниот ден, при што биле затекнати од полициски службеници при примопредавање на парите.

З.Д. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, најави МВР.

The post Го уценувале со компромитирачки фотографии: Дал 18.630 евра да не ги објават appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници во тетовска Мала Речица ги лишиле од слобода З.Д.(33) од село Голема Речица и Ј.А.(60) од село Пирок, Тетовско. Како што соопшти МВР, по преземени мерки било утврдено дека од средината на јануари 2023 година, З.Д. во неколку наврати изнудил вкупно 18.630 евра од лице од Тетово, уценувајќи го дека ќе објави фотографии со компромитирачка содржина. Според пријавеното, З.Д. во неколку наврати го организирал примопредавањето на парите преку Ј.А., кој таботел како такси возач. Тој му се јавувал на оштетениот и му кажувал да ги предаде парите на Ј.А., кој подоцна му ги доставувал нему. Истото било направено и во текот на вчерашниот ден, при што биле затекнати од полициски службеници при примопредавање на парите.
З.Д. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, најави МВР.

The post Го уценувале со компромитирачки фотографии: Дал 18.630 евра да не ги објават appeared first on Република.

]]>
Ќе му ја запалам куќата ако не ми дадеш 5.000 евра – кумановец ќе одговара за изнуда https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kje-mu-ja-zapalam-kukjata-ako-ne-mi-dadesh-5-000-evra-kumanovec-kje-odgovara-za-iznuda/ Thu, 15 Sep 2022 15:02:57 +0000 https://republika.mk/?p=551119

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.М.(36) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

Пријавениот, во неколку наврати, на мобилен телефон испраќал СМС пораки со закани кон жена од Куманово дека ќе ја запали куќата на нејзиниот брат ако не му даде 5.000 евра.

За тие пари тој тврдел дека му ги должел нејзиниот брат.

The post Ќе му ја запалам куќата ако не ми дадеш 5.000 евра – кумановец ќе одговара за изнуда appeared first on Република.

]]>

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.М.(36) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Пријавениот, во неколку наврати, на мобилен телефон испраќал СМС пораки со закани кон жена од Куманово дека ќе ја запали куќата на нејзиниот брат ако не му даде 5.000 евра. За тие пари тој тврдел дека му ги должел нејзиниот брат.

The post Ќе му ја запалам куќата ако не ми дадеш 5.000 евра – кумановец ќе одговара за изнуда appeared first on Република.

]]>
Со постојани закани по живот му зеле 20.000 евра – уапсени двајца струмичани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/so-postojani-zakani-po-zivot-mu-zele-20-000-evra-uapseni-dvajca-strumichani/ Fri, 12 Aug 2022 08:51:48 +0000 https://republika.mk/?p=539416

СВР Струмица, заедно со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во координација со полициски службеници од СВР Скопје, по преземени мерки и активности, ги лиши од слобода И.Ј.(40) од Струмица и Ф.С.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

Како што информира МВР, на 9-ти овој месец А.Т. од Струмица пријавил дека во изминатата година осомничените И.Ј. и Ф.С. во повеќе наврати со вербални закани и со закана со пиштол од него успеале да изнудат околу 20.000 евра.

Од страна на СВР Струмица до ОЈО Струмица против двете лица е поднесена кривична пријава.

The post Со постојани закани по живот му зеле 20.000 евра – уапсени двајца струмичани appeared first on Република.

]]>

СВР Струмица, заедно со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во координација со полициски службеници од СВР Скопје, по преземени мерки и активности, ги лиши од слобода И.Ј.(40) од Струмица и Ф.С.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Како што информира МВР, на 9-ти овој месец А.Т. од Струмица пријавил дека во изминатата година осомничените И.Ј. и Ф.С. во повеќе наврати со вербални закани и со закана со пиштол од него успеале да изнудат околу 20.000 евра. Од страна на СВР Струмица до ОЈО Струмица против двете лица е поднесена кривична пријава.

The post Со постојани закани по живот му зеле 20.000 евра – уапсени двајца струмичани appeared first on Република.

]]>
Приведени три лица за изнуда, меѓу нив и полициски службеник, поднесена кривична пријава https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/privedeni-tri-lica-za-iznuda-megju-niv-i-policiski-sluzbenik-podnesena-krivichna-prijava/ Fri, 01 Jul 2022 16:43:43 +0000 https://republika.mk/?p=522241

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал вчера ги лишиле од слобода С.Д.(61), Н.К.(37) и М.Р.(43), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „изнуда“.

С.Д., поради претходен долг на оштетеното лице во износ од 63.500 евра во текот на 2004 година, до 2019 година со закани му наплатил околу 440.000 евра. Во периодот од 2019 до 30.06.2022 година, С.Д., заедно со Н.К., во име на М.Р., полициски службеник, со закани по живот, му изнудиле дополнителни парични средства во износ од 560.000 евра со рок на исплата до 30.06.2022 година. Притоа, со оглед на сумата, оштетениот се договорил со изнудувачите неделно да им предава од 5.000 до 10.000 евра, сѐ до конечната исплата на 560.000 евра.

По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници, а во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, по примопредавање на пари во износ од 3.000 евра од страна на оштетеното лице, трите лица се лишени од слобода. Тие се задржани во полициска станица, а денеска (01.07.2022), против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка и изведени се пред надлежен Јавен обвинител.

The post Приведени три лица за изнуда, меѓу нив и полициски службеник, поднесена кривична пријава appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал вчера ги лишиле од слобода С.Д.(61), Н.К.(37) и М.Р.(43), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „изнуда“. С.Д., поради претходен долг на оштетеното лице во износ од 63.500 евра во текот на 2004 година, до 2019 година со закани му наплатил околу 440.000 евра. Во периодот од 2019 до 30.06.2022 година, С.Д., заедно со Н.К., во име на М.Р., полициски службеник, со закани по живот, му изнудиле дополнителни парични средства во износ од 560.000 евра со рок на исплата до 30.06.2022 година. Притоа, со оглед на сумата, оштетениот се договорил со изнудувачите неделно да им предава од 5.000 до 10.000 евра, сѐ до конечната исплата на 560.000 евра. По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници, а во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, по примопредавање на пари во износ од 3.000 евра од страна на оштетеното лице, трите лица се лишени од слобода. Тие се задржани во полициска станица, а денеска (01.07.2022), против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка и изведени се пред надлежен Јавен обвинител.

The post Приведени три лица за изнуда, меѓу нив и полициски службеник, поднесена кривична пријава appeared first on Република.

]]>
Го претепале, му го зеле „поршето“ и побарале да им плати 50 илјади евра – усапсени пет лица од Батинци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/go-pretepale-mu-go-zele-porsheto-i-pobarale-da-im-plati-50-iljadi-evra-usapseni-pet-lica-od-batinci/ Fri, 10 Jun 2022 09:48:28 +0000 https://republika.mk/?p=513481

Вчера од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал - Одделение за насилен криминал поднесена е кривична пријава по брза постапка против осум лица, за кривично дело „изнуда“ по чл. 258 од Кривичниот законик, и тоа Ј.К.(34), М.Т.(47), Р.С.(51), Џ.Ќ.(46), Е.Ч.(42), М.Р.(32), С.Р.(33) и Б.Р.(34), сите од скопско Батинци.

Имено, на 08.06.2022 во СВР Скопје жител на Батинци пријавил дека на 05.06.2022 околу 20.30 часот во казино во с.Батинци, каде по претходна вербална расправија со М.Т. бил повикан од Ј.К. и задржан подолго време, бил физички нападнат со тврди предмети од неколку лица. Тие со закани му изнудувале до 10.06.2022 да им исплати 50.000 евра и му го одзеле патничкото возило „порше кајен“, во кое имало пари и лични документи.

По утврдување на идентитетот на осумте сторители на кривичното дело, од страна на полициски службеници од СВР Скопје - Единица за интервентна полиција, во координација со ОЈО Скопје извршени се претреси во нивните домови и лишени од слобода се Ј.К., М.Т., Р.С., Џ.Ќ., Е.Ч., а за М.Р., С.Р. и Б.Р. е распишана централна потерница. По извршеното пребарување во околината од домовите на приведените лица, на стариот пат за с.Количани, пронајдено е и одземеното патничко возило.

Од страна на Судија на претходна постапка на Ј.К. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на останатите четири приведени лица им се одредени мерки за безбедност.

https://youtu.be/fheoFgKh2NM

The post Го претепале, му го зеле „поршето“ и побарале да им плати 50 илјади евра – усапсени пет лица од Батинци appeared first on Република.

]]>

Вчера од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал - Одделение за насилен криминал поднесена е кривична пријава по брза постапка против осум лица, за кривично дело „изнуда“ по чл. 258 од Кривичниот законик, и тоа Ј.К.(34), М.Т.(47), Р.С.(51), Џ.Ќ.(46), Е.Ч.(42), М.Р.(32), С.Р.(33) и Б.Р.(34), сите од скопско Батинци. Имено, на 08.06.2022 во СВР Скопје жител на Батинци пријавил дека на 05.06.2022 околу 20.30 часот во казино во с.Батинци, каде по претходна вербална расправија со М.Т. бил повикан од Ј.К. и задржан подолго време, бил физички нападнат со тврди предмети од неколку лица. Тие со закани му изнудувале до 10.06.2022 да им исплати 50.000 евра и му го одзеле патничкото возило „порше кајен“, во кое имало пари и лични документи. По утврдување на идентитетот на осумте сторители на кривичното дело, од страна на полициски службеници од СВР Скопје - Единица за интервентна полиција, во координација со ОЈО Скопје извршени се претреси во нивните домови и лишени од слобода се Ј.К., М.Т., Р.С., Џ.Ќ., Е.Ч., а за М.Р., С.Р. и Б.Р. е распишана централна потерница. По извршеното пребарување во околината од домовите на приведените лица, на стариот пат за с.Количани, пронајдено е и одземеното патничко возило. Од страна на Судија на претходна постапка на Ј.К. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на останатите четири приведени лица им се одредени мерки за безбедност. https://youtu.be/fheoFgKh2NM

The post Го претепале, му го зеле „поршето“ и побарале да им плати 50 илјади евра – усапсени пет лица од Батинци appeared first on Република.

]]>
Изнудувал пари од бискуп и ги трошел на дијаманти и машки проститутки: Поранешен свештеник осуден на 7,5 години затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iznuduval-pari-od-biskup-i-gi-troshel-na-dijamanti-i-mashki-prostitutki-poraneshen-sveshtenik-osuden-na-7-5-godini-zatvor/ Fri, 04 Feb 2022 10:27:26 +0000 https://republika.mk/?p=454008

Некогашниот италијански свештеник, Лука Морини, познат по прекарот „Дон Евро“ поради постојаното барање пари од парохиските верници, е осуден за изнуда на поранешен бискуп. Морини, кој по серијата скандали ги изгуби свештеничката служба и статус, пред два дена е осуден на затворска казна од седум ипол години.

Тој е осуден и за лажно претставување, бидејќи кажувал дека е судија додека ангажирал машки проститутки. Ослободен е од другите обвинувања, како на пример, за изнуда од калуѓерка.

Морини беше свештеник во Понтасерчи, град во Тоскана со 2.600 жители, кој се наоѓа северно од Пиза.

На почетокот, луѓето го сметале за добродушен човек. Но, набрзо, тој го добил прекарот „Дон Евро“, поради постојаните барања за пари од верниците.

Според италијанските медиуми, парите кои ги добивал Морини, не се потрошени за потребите на црквата, туку за негови забави по клубови и купување дијаманти.

Пресудата за изнуда се однесува на поранешниот бискуп на Маса Карара, Џовани Сантучи, кого Морини го уценил да му позајми стотици илјади евра и да му купи куќа.

Морини треба да плати и 14.000 евра отштета за четворица мажи поради лажно претставување.

Обвинителите бараа подолга казна, но таа е намалена, бидејќи судот пресуди дека Морини пати од психичка болест.

The post Изнудувал пари од бискуп и ги трошел на дијаманти и машки проститутки: Поранешен свештеник осуден на 7,5 години затвор appeared first on Република.

]]>

Некогашниот италијански свештеник, Лука Морини, познат по прекарот „Дон Евро“ поради постојаното барање пари од парохиските верници, е осуден за изнуда на поранешен бискуп. Морини, кој по серијата скандали ги изгуби свештеничката служба и статус, пред два дена е осуден на затворска казна од седум ипол години. Тој е осуден и за лажно претставување, бидејќи кажувал дека е судија додека ангажирал машки проститутки. Ослободен е од другите обвинувања, како на пример, за изнуда од калуѓерка. Морини беше свештеник во Понтасерчи, град во Тоскана со 2.600 жители, кој се наоѓа северно од Пиза. На почетокот, луѓето го сметале за добродушен човек. Но, набрзо, тој го добил прекарот „Дон Евро“, поради постојаните барања за пари од верниците. Според италијанските медиуми, парите кои ги добивал Морини, не се потрошени за потребите на црквата, туку за негови забави по клубови и купување дијаманти. Пресудата за изнуда се однесува на поранешниот бискуп на Маса Карара, Џовани Сантучи, кого Морини го уценил да му позајми стотици илјади евра и да му купи куќа. Морини треба да плати и 14.000 евра отштета за четворица мажи поради лажно претставување. Обвинителите бараа подолга казна, но таа е намалена, бидејќи судот пресуди дека Морини пати од психичка болест.

The post Изнудувал пари од бискуп и ги трошел на дијаманти и машки проститутки: Поранешен свештеник осуден на 7,5 години затвор appeared first on Република.

]]>