изнајмување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/iznajmuvanje/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 11:31:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png изнајмување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/iznajmuvanje/ 32 32 Градоначалникот на Барселона планира укинување на директното изнајмување станови на туристи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gradonachalnikot-na-barselona-planira-ukinuvane-na-direktnoto-iznajmuvane-stanovi-na-turisti/ Tue, 19 Nov 2024 11:31:42 +0000 https://republika.mk/?p=839587

Властите во Барселона уште во јуни најавија укинување или ограничување на изнајмувањето станови на туристи до крајот на 2028 година. Во таа смисла, градоначалникот Жауме Колбони го опиша тој потфат како „драстичен“, но многу потребен потег за да се ограничат зголемените трошоци за домување.

Тоа е многу драстично, но мора да биде така, затоа што состојбата е многу тешка... Во Барселона, како и во другите големи европски градови, проблем број еден е просторот за домување. Последниве 10 години цените за изнајмување станови во градот се зголемени за 68 отсто, додека трошоците за купување куќа се зголемени за 38 отсто, рече Колбони.

Имајќи го тоа на ум, градоначалникот почна да ја разгледува „Лиценцата 10.101“ што градот ја додели и дозволува непосредно сместување туристи преку платформи како „Ер-БНБ“ (Airbnb).

Во моделот на масовен туризам којшто „го колонизираше“ центарот на градот, правото на пристап до домување е загрозено, бидејќи домувањето се користи како дејност за повисока заработка, рече Колбони.

Додека некои луѓе критикуваат оти би требале години за мерката да стапи во сила, Колбони се одлучи за временска рамка од 2028 година, кога истекуваат сегашните лиценци во Барселона. Намерата е едноставна: Градот да не обнови ниту една од тие дозволи за изнајмување заради сместување туристи.

Сепак, мандатот на сегашниот градоначалник истекува во 2027 година, па планот може да биде откажан, доколку дојде до промена на власта. Колбони се надева дека планот ќе резултира со враќање на повеќе од 10.000 имоти на пазарот на домување.

Организацијата „Апартур“ ги застапува компаниите за управување со просторот и сопствениците. Оттаму го оценија планот на Градот како „тајна присилна експропријација“, па во септември објавија дека имаат намера да поднесат тужба за изгубените приходи и инвестиции. Планот на Градот треба да го оцени и Уставниот суд.

The post Градоначалникот на Барселона планира укинување на директното изнајмување станови на туристи appeared first on Република.

]]>

Властите во Барселона уште во јуни најавија укинување или ограничување на изнајмувањето станови на туристи до крајот на 2028 година. Во таа смисла, градоначалникот Жауме Колбони го опиша тој потфат како „драстичен“, но многу потребен потег за да се ограничат зголемените трошоци за домување. Тоа е многу драстично, но мора да биде така, затоа што состојбата е многу тешка... Во Барселона, како и во другите големи европски градови, проблем број еден е просторот за домување. Последниве 10 години цените за изнајмување станови во градот се зголемени за 68 отсто, додека трошоците за купување куќа се зголемени за 38 отсто, рече Колбони. Имајќи го тоа на ум, градоначалникот почна да ја разгледува „Лиценцата 10.101“ што градот ја додели и дозволува непосредно сместување туристи преку платформи како „Ер-БНБ“ (Airbnb). Во моделот на масовен туризам којшто „го колонизираше“ центарот на градот, правото на пристап до домување е загрозено, бидејќи домувањето се користи како дејност за повисока заработка, рече Колбони. Додека некои луѓе критикуваат оти би требале години за мерката да стапи во сила, Колбони се одлучи за временска рамка од 2028 година, кога истекуваат сегашните лиценци во Барселона. Намерата е едноставна: Градот да не обнови ниту една од тие дозволи за изнајмување заради сместување туристи. Сепак, мандатот на сегашниот градоначалник истекува во 2027 година, па планот може да биде откажан, доколку дојде до промена на власта. Колбони се надева дека планот ќе резултира со враќање на повеќе од 10.000 имоти на пазарот на домување. Организацијата „Апартур“ ги застапува компаниите за управување со просторот и сопствениците. Оттаму го оценија планот на Градот како „тајна присилна експропријација“, па во септември објавија дека имаат намера да поднесат тужба за изгубените приходи и инвестиции. Планот на Градот треба да го оцени и Уставниот суд.

The post Градоначалникот на Барселона планира укинување на директното изнајмување станови на туристи appeared first on Република.

]]>
Им давала лажни клучеви од становите кои ги „издавала“: 22-годишна жена обвинета за измама https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/im-davala-lazhni-kluchevi-od-stanovite-koi-gi-izdavala-22-godishna-zhena-obvineta-za-izmama/ Mon, 14 Oct 2024 14:05:43 +0000 https://republika.mk/?p=826672

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 22-годишна жителка на Богданци која во периодот од 15 јули до 29 септември годинава измамила седум лица во Скопје, со намера за себе да прибави противправна имотна корист.

Кривичното дело – Измама согласно член 247 од Кривичниот законик обвинетата го сторила со лажно прикажување на факти дека ќе им изнајми сопствен стан во Скопје на оштетените и со тоа ги навела однапред да и исплатат во готово одреден паричен износ.

По претходно објавени огласи за изнајмување станови преку социјалната мрежа Фејсбук, секој од оштетените телефонски ja контактирал обвинетата и таа лажно им прикажала дека ќе им изнајми стан, барајќи да и исплатат пари како аванс пред да се вселат. По уплатата, на секој од оштетените им давала на рака клучеви како да се од изнајмените станови на различни локации во Скопје. Меѓутоа, клучевите не одговарале на становите што наводно им ги изнајмувала и во нив живееле други луѓе. На овој начин обвинетата од оштетените прибавила пари во вкупен износ од 74.200 денари, објаснува ОЈО.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетата, која и беше определена поради опасност од бегство.

The post Им давала лажни клучеви од становите кои ги „издавала“: 22-годишна жена обвинета за измама appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 22-годишна жителка на Богданци која во периодот од 15 јули до 29 септември годинава измамила седум лица во Скопје, со намера за себе да прибави противправна имотна корист. Кривичното дело – Измама согласно член 247 од Кривичниот законик обвинетата го сторила со лажно прикажување на факти дека ќе им изнајми сопствен стан во Скопје на оштетените и со тоа ги навела однапред да и исплатат во готово одреден паричен износ.
По претходно објавени огласи за изнајмување станови преку социјалната мрежа Фејсбук, секој од оштетените телефонски ja контактирал обвинетата и таа лажно им прикажала дека ќе им изнајми стан, барајќи да и исплатат пари како аванс пред да се вселат. По уплатата, на секој од оштетените им давала на рака клучеви како да се од изнајмените станови на различни локации во Скопје. Меѓутоа, клучевите не одговарале на становите што наводно им ги изнајмувала и во нив живееле други луѓе. На овој начин обвинетата од оштетените прибавила пари во вкупен износ од 74.200 денари, објаснува ОЈО.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетата, која и беше определена поради опасност од бегство.

The post Им давала лажни клучеви од становите кои ги „издавала“: 22-годишна жена обвинета за измама appeared first on Република.

]]>
Грција ќе забрани нови дозволи за изнајмувања на станови во центарот на Атина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grtsija-ke-zabrani-novi-dozvoli-za-iznajmuvana-na-stanovi-vo-tsentarot-na-atina/ Mon, 16 Sep 2024 21:05:51 +0000 https://republika.mk/?p=816925

Забраната за издавање нови дозволи за краткорочно изнајмување во три квартови во строгиот центар на Атина ќе остане на сила најмалку една година, објави денеска грчката влада, истовремено зголемувајќи го данокот за изнајмување на такво сместување за одмор.

Како и многу други европски туристички дестинации, Грција се бори да ја балансира профитабилната индустрија управувана од онлајн платформите како што е Airbnb со потребите на локалните жители кои се соочуваат со недостиг на станови.

Недостигот на станови и зголемените трошоци за живот ги натераа властите да објават одлука овој месец за зголемување на даноците за краткорочни изнајмувања, забрана на нови дозволи во центарот на Атина и охрабрување на сопствениците на имот да се префрлат на долгорочни изнајмувања.

Грчката министерка за туризам Олга Кефалојани денеска најави дека забраната за ново краткорочно изнајмување во Атина ќе стапи на сила од 1 јануари 2025 година.

Дневниот данок на краткорочни изнајмувања и помага на земјата да се справи со влијанието на природните катастрофи поврзани со климатските промени. Во периодот од април до октомври ќе се зголеми од 1,5 на 8 евра, изјави министерот за финансии. Во зимските месеци данокот ќе се зголеми од 0,5 на 2 евра.

Министерот Кефалојани рече дека Грција годинава од туризмот очекува приход од 22 милијарди евра, што е уште еден рекорд. Таа во борбата против масовниот туризам најави уште една мерка – такса во висина од 20 евра за посетителите од бродовите за крстарење кои во екот на летната сезона ги посетуваат островите Санторини и Миконос, а ќе стапи на сила следната година.

 

The post Грција ќе забрани нови дозволи за изнајмувања на станови во центарот на Атина appeared first on Република.

]]>

Забраната за издавање нови дозволи за краткорочно изнајмување во три квартови во строгиот центар на Атина ќе остане на сила најмалку една година, објави денеска грчката влада, истовремено зголемувајќи го данокот за изнајмување на такво сместување за одмор. Како и многу други европски туристички дестинации, Грција се бори да ја балансира профитабилната индустрија управувана од онлајн платформите како што е Airbnb со потребите на локалните жители кои се соочуваат со недостиг на станови. Недостигот на станови и зголемените трошоци за живот ги натераа властите да објават одлука овој месец за зголемување на даноците за краткорочни изнајмувања, забрана на нови дозволи во центарот на Атина и охрабрување на сопствениците на имот да се префрлат на долгорочни изнајмувања. Грчката министерка за туризам Олга Кефалојани денеска најави дека забраната за ново краткорочно изнајмување во Атина ќе стапи на сила од 1 јануари 2025 година. Дневниот данок на краткорочни изнајмувања и помага на земјата да се справи со влијанието на природните катастрофи поврзани со климатските промени. Во периодот од април до октомври ќе се зголеми од 1,5 на 8 евра, изјави министерот за финансии. Во зимските месеци данокот ќе се зголеми од 0,5 на 2 евра. Министерот Кефалојани рече дека Грција годинава од туризмот очекува приход од 22 милијарди евра, што е уште еден рекорд. Таа во борбата против масовниот туризам најави уште една мерка – такса во висина од 20 евра за посетителите од бродовите за крстарење кои во екот на летната сезона ги посетуваат островите Санторини и Миконос, а ќе стапи на сила следната година.  

The post Грција ќе забрани нови дозволи за изнајмувања на станови во центарот на Атина appeared first on Република.

]]>
Ќе се изнајмува „Камп Ноу“ и за свадби https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/kje-se-iznajmuva-kamp-nou-i-za-svadbi/ Sat, 04 Jun 2022 15:39:11 +0000 https://republika.mk/?p=511144

Барселона се наоѓа во сериозна финансиска криза, па бара начин како да го врати долгот кој е над милијарда евра.

Една од можностите е да играте 60-минутен фудбал на „Камп Ноу“, а цената по играч изнесува околу 300 евра.

Исто така, може да се организираат и венчавки, па ценовникот е од 1.600 евра до 13.500 евра во зависност од гостите.

The post Ќе се изнајмува „Камп Ноу“ и за свадби appeared first on Република.

]]>

Барселона се наоѓа во сериозна финансиска криза, па бара начин како да го врати долгот кој е над милијарда евра.
Една од можностите е да играте 60-минутен фудбал на „Камп Ноу“, а цената по играч изнесува околу 300 евра. Исто така, може да се организираат и венчавки, па ценовникот е од 1.600 евра до 13.500 евра во зависност од гостите.

The post Ќе се изнајмува „Камп Ноу“ и за свадби appeared first on Република.

]]>