измени на изборен законик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izmeni-na-izboren-zakonik/ За подобро да се разбереме Wed, 03 May 2023 05:44:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png измени на изборен законик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izmeni-na-izboren-zakonik/ 32 32 Конститутивна седница на работната група за изборни реформи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/konstitutivna-sednitsa-na-rabotnata-grupa-za-izborni-reformi/ Wed, 03 May 2023 05:44:44 +0000 https://republika.mk/?p=636251

Во Клубот на пратениците денеска ќе се одржи конститутивна седница на работната група за изборни реформи формирана од Министерството за правда, која ќе треба да ги имплементира препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а паралелно да работи и на нов Изборен законик.

Претседателот на работната група, адвокат и поранешен претседател на Државната изборна комисија Александар Новаковски минатата недела за МИА изјави дека приоритетите за работа треба да ги утврдат сите членови заедно.

- Приоритетите кои се ќе треба да ги утврдиме заедно сите. Јас само ќе ја предводам таа работна група, транспарентно мислам да се работи, за да се дојде до одредени усогласувања, прво со забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, кои се провлекуваа низ изборни циклуси и многу се исти, но секако не се превземаат навреме промени за да се усогласат. Исто така таму има и една забелешка во која се бара да се размисли и да се направи нов изборен законик, вели Новаковски.

Тој нагласува дека работата ќе ја извршува најодговорно и транспаретно, но и дека во оваа група ќе делува само како експерт.

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) соопшти дека драстично го намалила бројот на набљудувачи кои ќе ги следат претседателските избори во САД поради пандемијата со новиот

Од Канцеларијата на ОБСЕ во Скопје во пишана изјава за МИА изразија задоволство што, како што посочуваат, изгледа дека постои консензус меѓу сите политички чинители во земјата за потребата и подготвеноста за вклучување на техничките препораки на ОБСЕ/ОДИХР.

- Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) е посветена на демократски, фер и инклузивни избори, и ние континуирано ја поддржуваме Македонија во подобрувањето на законодавната рамка и во зајакнувањето на капацитетите на Државната изборна комисија и другите релевантни институции. Мисијата на ОБСЕ во Скопје е задоволна што изгледа дека постои консензус меѓу сите политички чинители во земјата за потребата и подготвеноста за вклучување на техничките препораки на ОБСЕ/ОДИХР насочени кон создавање изборен систем во согласност со меѓународните стандарди. ОБСЕ останува посветена на обезбедување релевантна поддршка во тековниот процес, се наведува во писмената изјава за МИА од Канцеларијата на ОБСЕ во Скопје.

Забелешките на ОБСЕ/ОДИХР се влезени и во Извештајот за напредокот на земјата на Европската комисија.

Од Министерството за правда соопштија дека процесот на работа за реформи на изборното законодавство е инклузивен и во него се вклучени претставници на политички партии, невладини организации, синдикати, министерства и надлежни органи за спроведување на изборниот процес.

Во работната група има претставници од СДСМ, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА, Алтернатива, Левица и Демократски сојуз.

Правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ во текот на следните денови ќе го анализира новиот предлог закон за јавно обвинителство, а во текот на следната недела се очекува да биде договорен термин за средба

ВМРО-ДПМНЕ не делегира свој претставник во работната група. Пратеникот од оваа партија Антонио Милошоски вчера рече дека тие прифаќаат изборен модел со една изборна единица и ја повика власта да излезе со решение, по што најави дека опозициската партија ќе се вклучи во утврдување на конечниот текст на изборниот законик.

-Доколку власта не е подготвена за суштински измени за поголема демократизација на изборниот модел, а измените се однесуваат само на некои технички, важни, но сепак технички забелешки дадени од ОБСЕ и од ОДИХР ги поддржуваме, немаме ништо против, но не би учествувале во тој процес само за да му дадеме политички легитимитет без да имаме суштинско подобрување на изборниот модел, рече Милошоски.

Во работната група покрај претставници на партиите ќе има и членови од МВР, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за информатичко општество и администрација, МОСТ, Цивил, Полио плус, УВМК, Државен завод за статистика, Централен регистар, Управен суд, Државна изборна комисија, Национален демократски институт, Здружение на новинари на Македонија и од Самостојниот синдикат на новинари на Македонија.

The post Конститутивна седница на работната група за изборни реформи appeared first on Република.

]]>

Во Клубот на пратениците денеска ќе се одржи конститутивна седница на работната група за изборни реформи формирана од Министерството за правда, која ќе треба да ги имплементира препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а паралелно да работи и на нов Изборен законик. Претседателот на работната група, адвокат и поранешен претседател на Државната изборна комисија Александар Новаковски минатата недела за МИА изјави дека приоритетите за работа треба да ги утврдат сите членови заедно.
- Приоритетите кои се ќе треба да ги утврдиме заедно сите. Јас само ќе ја предводам таа работна група, транспарентно мислам да се работи, за да се дојде до одредени усогласувања, прво со забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, кои се провлекуваа низ изборни циклуси и многу се исти, но секако не се превземаат навреме промени за да се усогласат. Исто така таму има и една забелешка во која се бара да се размисли и да се направи нов изборен законик, вели Новаковски.
Тој нагласува дека работата ќе ја извршува најодговорно и транспаретно, но и дека во оваа група ќе делува само како експерт. Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) соопшти дека драстично го намалила бројот на набљудувачи кои ќе ги следат претседателските избори во САД поради пандемијата со новиот Од Канцеларијата на ОБСЕ во Скопје во пишана изјава за МИА изразија задоволство што, како што посочуваат, изгледа дека постои консензус меѓу сите политички чинители во земјата за потребата и подготвеноста за вклучување на техничките препораки на ОБСЕ/ОДИХР.
- Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) е посветена на демократски, фер и инклузивни избори, и ние континуирано ја поддржуваме Македонија во подобрувањето на законодавната рамка и во зајакнувањето на капацитетите на Државната изборна комисија и другите релевантни институции. Мисијата на ОБСЕ во Скопје е задоволна што изгледа дека постои консензус меѓу сите политички чинители во земјата за потребата и подготвеноста за вклучување на техничките препораки на ОБСЕ/ОДИХР насочени кон создавање изборен систем во согласност со меѓународните стандарди. ОБСЕ останува посветена на обезбедување релевантна поддршка во тековниот процес, се наведува во писмената изјава за МИА од Канцеларијата на ОБСЕ во Скопје.
Забелешките на ОБСЕ/ОДИХР се влезени и во Извештајот за напредокот на земјата на Европската комисија. Од Министерството за правда соопштија дека процесот на работа за реформи на изборното законодавство е инклузивен и во него се вклучени претставници на политички партии, невладини организации, синдикати, министерства и надлежни органи за спроведување на изборниот процес. Во работната група има претставници од СДСМ, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА, Алтернатива, Левица и Демократски сојуз. Правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ во текот на следните денови ќе го анализира новиот предлог закон за јавно обвинителство, а во текот на следната недела се очекува да биде договорен термин за средба ВМРО-ДПМНЕ не делегира свој претставник во работната група. Пратеникот од оваа партија Антонио Милошоски вчера рече дека тие прифаќаат изборен модел со една изборна единица и ја повика власта да излезе со решение, по што најави дека опозициската партија ќе се вклучи во утврдување на конечниот текст на изборниот законик.
-Доколку власта не е подготвена за суштински измени за поголема демократизација на изборниот модел, а измените се однесуваат само на некои технички, важни, но сепак технички забелешки дадени од ОБСЕ и од ОДИХР ги поддржуваме, немаме ништо против, но не би учествувале во тој процес само за да му дадеме политички легитимитет без да имаме суштинско подобрување на изборниот модел, рече Милошоски.
Во работната група покрај претставници на партиите ќе има и членови од МВР, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за информатичко општество и администрација, МОСТ, Цивил, Полио плус, УВМК, Државен завод за статистика, Централен регистар, Управен суд, Државна изборна комисија, Национален демократски институт, Здружение на новинари на Македонија и од Самостојниот синдикат на новинари на Македонија.

The post Конститутивна седница на работната група за изборни реформи appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ не одговори на повикот на Министерството за правда за учество во работната група за нов Изборен законик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-ne-odgovori-na-povikot-na-ministerstvoto-za-pravda-za-uchestvo-vo-rabotnata-grupa-za-nov-izboren-zakonik/ Mon, 03 Apr 2023 16:40:14 +0000 https://republika.mk/?p=626815

До Министерството за правда до попладнево не е пристигнат никаков одговор од ВМРО-ДПМНЕ на повикот за нивно учество во работната група за подготовка на нов Изборен законик.

- Ве информираме дека и покрај испратениот допис до ВМРО ДПМНЕ да предложат свој претставник во работната група за подготовка на нов Изборен законик како и поканата претседателот на работната група да биде нивен предлог, досега до Министерството за правда нема пристигнато никаков одговор, ниту позитивен ниту негативен. За ова се известени сите меѓународни фактори и организации, се наведува во соопштението на Министерството за правда.

Од Министерството посочуваат дека Работната група која ќе треба да го подготви новиот Изборен законик ќе се формира во најкус можен рок.

- Министерството за правда смета дека во нејзината работа треба  да учествува и ВМРО-ДПМНЕ, се додава во соопштението.

Министерот за правда Кренар Лога минатата среда по средбата со неговата австриска колешка Алма Задиќ изјави дека останува рокот до 31 март (петок), што и го даде на ВМРО-ДПМНЕ да предложи свој претставник во работната група измените на Изборниот законик.

- Да почекаме до петок, рече Лога во одговор на новинарско прашање дали работната група за промена на Изборниот законик ќе почне да работи и без најголемата опозициска партија, доколку таа не предложи свој претставник во неа.

The post ВМРО-ДПМНЕ не одговори на повикот на Министерството за правда за учество во работната група за нов Изборен законик appeared first on Република.

Подготовката на Изборен законик нема да пропадне, убеден сум дека ВМРО-ДПМНЕ и Беса ќе номнираат претставници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/podgotovkata-na-izboren-zakonik-nema-da-propadne-ubeden-sum-deka-vmro-dpmne-i-besa-kje-nomniraat-pretstavnici/ Thu, 02 Jun 2022 06:06:08 +0000 https://republika.mk/?p=509963

Министерството за правда продолжува да ја реализира сопствената замисла за носење на нов Изборен законик во кој ќе бидат содржани правилата на изборната игра, за изборниот процес кога и да се случува, рече вечерва министерот за правда Никола Тупанвевски.

Тој, во гостувањето во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24 посочи дека најголемиот дел од политичките партии номинирале свои претставници во работната група составена во Министерството за правда за носење на нов Изборен законик, освен две – ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА. Рокот за номинирање претставници истече вчера, а министерот Тупанчевски имал и неформални разговори со лидерите на овие две партии.

Тупанчевски е оптимист дека двете партии ќе номинираат претставник, бидејќи, како што рече, тоа е најдобриот начин да ги артикулираат сопствените ставови, а претставниците во работната група ќе се обидат да го најдат најоптималното решение за македонски околности.

Ќе разговарам со лидерите, затоа што таа е првична идеја, но идејата ќе биде и реализирана затоа што веќе е разговарано со неколку луѓе коишто би требало да ја предводат таа работна група, а ќе бидат од непартискиот блок, рече Тупанчевски, посочувајќи дека станува збор за експерти, непартиски луѓе чија потесна специјалност ќе биде изборно право и изборни системи.

Тој додаде дека разговарал со неколку луѓе и верува дека за кратко време ќе биде конституирана групата.

The post Подготовката на Изборен законик нема да пропадне, убеден сум дека ВМРО-ДПМНЕ и Беса ќе номнираат претставници appeared first on Република.

]]>

Министерството за правда продолжува да ја реализира сопствената замисла за носење на нов Изборен законик во кој ќе бидат содржани правилата на изборната игра, за изборниот процес кога и да се случува, рече вечерва министерот за правда Никола Тупанвевски. Тој, во гостувањето во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24 посочи дека најголемиот дел од политичките партии номинирале свои претставници во работната група составена во Министерството за правда за носење на нов Изборен законик, освен две – ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА. Рокот за номинирање претставници истече вчера, а министерот Тупанчевски имал и неформални разговори со лидерите на овие две партии. Тупанчевски е оптимист дека двете партии ќе номинираат претставник, бидејќи, како што рече, тоа е најдобриот начин да ги артикулираат сопствените ставови, а претставниците во работната група ќе се обидат да го најдат најоптималното решение за македонски околности.