измена на Устав Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izmena-na-ustav/ За подобро да се разбереме Sun, 21 Apr 2024 19:24:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png измена на Устав Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izmena-na-ustav/ 32 32 Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jakimovski-e-protiv-ustavni-izmeni-so-tsel-vnesuvane-na-bugarite-vo-ustavot/ Sun, 21 Apr 2024 19:24:16 +0000 https://republika.mk/?p=769051

– Стравот пред сѐ доаѓа од лошите резултати и немање желба да се фатиме со вистинските проблеми, доаѓа од незнаењето и единствена флоскула е „Европа ќе нѐ храни, НАТО ќе нѐ брани“ без да преземеме било каков чекор за подобар живот на граѓаните, а тука пред сѐ мисам на целосната реформа во здравството, образование, администрацијата, не може некој да оди на работа, а да зема плата, истакна претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски на почетокот на денешната дебата меѓу сите седум претседателски кандидати.

Во врска со проширувањето на актуелните надлежности на претседателот Јакимовски кажа:

– Чудно е претседателот да назначува директор на Агенцијата за разузнавање и началник на Генералштаб, но не и на Гувернер на НБРМ, истакна Јакимовски кој нагласи дека така ќе се постигне поголема независност, а по истиот принцип претседателот би требало да назначува, не да предлага и членови на Судскиот совет и Уставниот суд.

Јакимовски нагласи дека е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот на Република Македонија.

– Силата на претседателот мора да извира од граѓаните, а не од партиско-политички пазарења. Функцијата претседател мора да биде стабилна и да не падне дури и кога паѓаат владите, а не кога ќе падне Владата, да падне и Претседателот, истакна Јакимовски во врска со предлогот за бирање на претседателот на државето во Собранието.

The post Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот appeared first on Република.

]]>

– Стравот пред сѐ доаѓа од лошите резултати и немање желба да се фатиме со вистинските проблеми, доаѓа од незнаењето и единствена флоскула е „Европа ќе нѐ храни, НАТО ќе нѐ брани“ без да преземеме било каков чекор за подобар живот на граѓаните, а тука пред сѐ мисам на целосната реформа во здравството, образование, администрацијата, не може некој да оди на работа, а да зема плата, истакна претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски на почетокот на денешната дебата меѓу сите седум претседателски кандидати. Во врска со проширувањето на актуелните надлежности на претседателот Јакимовски кажа: – Чудно е претседателот да назначува директор на Агенцијата за разузнавање и началник на Генералштаб, но не и на Гувернер на НБРМ, истакна Јакимовски кој нагласи дека така ќе се постигне поголема независност, а по истиот принцип претседателот би требало да назначува, не да предлага и членови на Судскиот совет и Уставниот суд. Јакимовски нагласи дека е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот на Република Македонија. – Силата на претседателот мора да извира од граѓаните, а не од партиско-политички пазарења. Функцијата претседател мора да биде стабилна и да не падне дури и кога паѓаат владите, а не кога ќе падне Владата, да падне и Претседателот, истакна Јакимовски во врска со предлогот за бирање на претседателот на државето во Собранието.

The post Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот appeared first on Република.

]]>