измамници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izmamnici/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 13:12:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png измамници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izmamnici/ 32 32 Држете се што подалеку од овие хороскопски знаци https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/drzhete-se-shto-podaleku-od-ovie-horoskopski-znatsi/ Thu, 10 Oct 2024 19:10:53 +0000 https://republika.mk/?p=824743

Некои хороскопски знаци можат да дејствуваат повеќе од другитe. Тие сигурно подготвиле најмногу разочарувања за вас.

Овие три знаци според астролозите се најголемите измамници:

Стрелец

Стрелецот може да изгледа како совршен пријател, но бидете внимателни. Тие дури можат да исчезнат од вашиот живот преку ноќ – без објаснување. Тие се желни за авантура и брзо се досадуваат од сè.

Близнаци

Тие знаат како да се преправаат дека се грижат за вас дури и ако не го прават тоа. Факт е дека тие се грижат само за себе. Пријателите често ги менуваат. Тие не негуваат многу трајни пријателства. Не сакаат кога некој ќе се соочи со нив.

Терезија

Терезиите сакаат да бидат сакани од сите. И тие со задоволство се гледаат во секое општество. Меѓутоа, ако сте пријател на секого, не сте пријател на никого. Тие ги запоставуваат долгогодишните пријатели поради луѓето кoи штотуку ги запознале.

The post Држете се што подалеку од овие хороскопски знаци appeared first on Република.

]]>

Некои хороскопски знаци можат да дејствуваат повеќе од другитe. Тие сигурно подготвиле најмногу разочарувања за вас. Овие три знаци според астролозите се најголемите измамници: Стрелец Стрелецот може да изгледа како совршен пријател, но бидете внимателни. Тие дури можат да исчезнат од вашиот живот преку ноќ – без објаснување. Тие се желни за авантура и брзо се досадуваат од сè. Близнаци Тие знаат како да се преправаат дека се грижат за вас дури и ако не го прават тоа. Факт е дека тие се грижат само за себе. Пријателите често ги менуваат. Тие не негуваат многу трајни пријателства. Не сакаат кога некој ќе се соочи со нив. Терезија Терезиите сакаат да бидат сакани од сите. И тие со задоволство се гледаат во секое општество. Меѓутоа, ако сте пријател на секого, не сте пријател на никого. Тие ги запоставуваат долгогодишните пријатели поради луѓето кoи штотуку ги запознале.

The post Држете се што подалеку од овие хороскопски знаци appeared first on Република.

]]>
Им платила 100.000 денари на лажни полицајци: Фатени уште двајца измамници https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/im-platila-100-000-denari-na-lazhni-politsajtsi-fateni-ushte-dvajtsa-izmamnitsi/ Tue, 04 Jun 2024 10:51:19 +0000 https://republika.mk/?p=784622

Во неделата во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.Ф.(52) од Куманово, додека вчера на Граничен премин Табановце бил задржан С.Ш.(57) од Штип, соопшти МВР.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zemaat-pari-za-da-prikrijat-soobrakajka-bugarka-i-ohriganets-mamele-postari-litsa-niz-makedonija/

Тие се сомничат дека на 01.06.2024 измамиле 79 - годишна жена од Куманово за сума од 100.000 денари. Тие ѝ се јавиле на телефон и претставувајќи се како вработени во полиција и ги побарале парите за да помогнат нејзината ќерка да не оди во затвор за наводна сообраќајна несреќа во која учествувала, а во која настрадало дете.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

The post Им платила 100.000 денари на лажни полицајци: Фатени уште двајца измамници appeared first on Република.

]]>

Во неделата во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.Ф.(52) од Куманово, додека вчера на Граничен премин Табановце бил задржан С.Ш.(57) од Штип, соопшти МВР. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zemaat-pari-za-da-prikrijat-soobrakajka-bugarka-i-ohriganets-mamele-postari-litsa-niz-makedonija/ Тие се сомничат дека на 01.06.2024 измамиле 79 - годишна жена од Куманово за сума од 100.000 денари. Тие ѝ се јавиле на телефон и претставувајќи се како вработени во полиција и ги побарале парите за да помогнат нејзината ќерка да не оди во затвор за наводна сообраќајна несреќа во која учествувала, а во која настрадало дете. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

The post Им платила 100.000 денари на лажни полицајци: Фатени уште двајца измамници appeared first on Република.

]]>
Внимавајте: Со лажни легитимации од „Свети Спас“ измамници бараат пари за деца со хендикеп https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vnimavajte-so-lazhni-legitimatsii-od-sveti-spas-izmamnitsi-baraat-pari-za-detsa-so-hendikep/ Tue, 26 Mar 2024 15:02:44 +0000 https://republika.mk/?p=759011

Организирана група измамници оди од врата на врата во домовите на луѓето низ скопските населби, претставувајќи се како да се членови од хуманитарната организација „Свети Спас“. За претстојниот христијански празник Велигден тие бараат финансиска помош, наводно за „хендикепирани дечиња“. Од организацијата предупредуваат граѓаните да не им веруваат на лицата кои ги користат овие беџови со нивното име.

Овака изгледаат лажните беџови кои што ги користат измамниците (нормално без наш печат), а личноста на сликата е член на организираната група.
Наводно личноста којашто е главна на организираната група е извесна Габриела Станојковска и наводно имале канцеларија негде кај Универзална сала.
Благодарност до поддржувачот којашто ни ги даде овие информации, велат од „Свети Спас“.

Измамниците се пријавени во полиција.

The post Внимавајте: Со лажни легитимации од „Свети Спас“ измамници бараат пари за деца со хендикеп appeared first on Република.

]]>

Организирана група измамници оди од врата на врата во домовите на луѓето низ скопските населби, претставувајќи се како да се членови од хуманитарната организација „Свети Спас“. За претстојниот христијански празник Велигден тие бараат финансиска помош, наводно за „хендикепирани дечиња“. Од организацијата предупредуваат граѓаните да не им веруваат на лицата кои ги користат овие беџови со нивното име.
Овака изгледаат лажните беџови кои што ги користат измамниците (нормално без наш печат), а личноста на сликата е член на организираната група. Наводно личноста којашто е главна на организираната група е извесна Габриела Станојковска и наводно имале канцеларија негде кај Универзална сала. Благодарност до поддржувачот којашто ни ги даде овие информации, велат од „Свети Спас“.
Измамниците се пријавени во полиција.

The post Внимавајте: Со лажни легитимации од „Свети Спас“ измамници бараат пари за деца со хендикеп appeared first on Република.

]]>
Користеле роднини и пријатели, па со години мамеле и краделе гостиварчани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/koristele-rodnini-i-prijateli-pa-so-godini-mamele-i-kradele-gostivarchani/ Thu, 16 Jun 2022 10:07:53 +0000 https://republika.mk/?p=515892

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесени се кривични пријави против четири лица од Скопје и Тетово поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „измама”.

Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар целосно расветли вкупно 15 измами и до Основното јавно обвинителство Гостивар вчера (15 јуни) поднесе кривична пријава против: Б.А.(35) од Скопје и тројца тетовци Р.М.(37), Б.М.(31) и Ш.Ш.(35), поради основи на сомнение дека сториле кривично дело “измама”, казниво по член 247 став 1 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Како што посочуваат од МВР, четворицата пријавени, од кои двајца веќе издржуваат затворски казни, се сомничат дека во 2020, 2021 и 2022 година со лажно прикажување и со прикривање факти довеле во заблуда повеќе лица во Гостивар.

Организаторите на овие измами за реализација на истите користеле и други лица, најчесто роднини или блиски на оштетените, а за да бидат поубедливи во нивните измислени приказни и на тој начин противправно да дојдат до различни суми на парични средства, се наведува во соопштението на МВР.

The post Користеле роднини и пријатели, па со години мамеле и краделе гостиварчани appeared first on Република.

Измамници од Дебар 12 години мамеле пензионерка, ја „олесниле“ за 13.000 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/izmamnici-od-debar-12-godini-mamele-penzionerka-ja-olesnile-za-13-000-evra/ Mon, 18 Apr 2022 15:33:59 +0000 https://republika.mk/?p=490162

Двајца жители на Дебар во текот на 12 години неколкупати измамиле повозрасна сограѓанка, на која исто така ѝ ги злоупотребиле личните податоци, за на нејзино име да земаат кредити, соопшти полицијата.

„ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.Ц.(39) и Ќ.Ц.(46), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама” и „злоупотреба на лични податоци”. Пријавените сопружници, во периодот од 2010 до 2022 година, свесно и со умисла, во неколку наврати довеле во заблуда повозрасна жителка од Дебар која, од една банка и 2 финансиски друштва, подигнала кредити и како заем им ги дала на пријавените кои и ветиле дека парите ќе и ги враќале на рати. Пријавените, исто така, ги злоупотребиле личните податоци од личната карта на оштетената и од нејзината е-маил адреса до едно финансиско друштво поднеле онлајн апликација за добивање брз кредит, по што парите ги подигнале од нејзината трансакциска сметка, се вели во полициското соопштение.

Со тоа, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 777.000 денари, додаваат од МВР.

The post Измамници од Дебар 12 години мамеле пензионерка, ја „олесниле“ за 13.000 евра appeared first on Република.