измами Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izmami/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Nov 2024 18:35:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png измами Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izmami/ 32 32 МВР предупредува на зголемен број на измами со криптовалути https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-predupreduva-na-zgolemen-broj-na-izmami-so-kriptovaluti/ Sun, 24 Nov 2024 18:35:01 +0000 https://republika.mk/?p=841370

Во последниот период се почести се измамите поврзани со наводни инвестиции со криптовалути, преку кои граѓаните стануваат жртви на сајбер криминал. И Министерството за внатрешни работи и банките во земјава предупредуваат на внимателност при користењето на дигиталните банкарски услуги. Од банките посебно предупредуваат да се избегнува инсталирање на непознат софтвер од трети лица на уредите кои се користат за електронско банкарство, како и посебно да се внимава при онлајн трансакции, односно советуваат да се префрлуваат средства само на сметки кои им се познати. Од МВР за Алсат велат дека во изминатиот период веќе имаат добиено и неколку пријави од граѓани за ваков тип на измами.

“Секторот за компјутерски криминал има добиено околу десетина пријави. Се работи за лица кои нудат услуги за тргување со криптовалути. Овие лица се рекламираат со лажни профили или спонзорирани реклами, често ветувајќи висока заработка и брзи добивки, со што успеваат да ги привлечат жртвите кои бараат начин да инвестираат”, велат од МВР.

Дел од граѓаните со кои разговаравме се свесни дека инвестирањето во криптовалути претставува ризик за потенцијално да бидат предмет на измама.

“Јас персонално не, не сум ризикувал да инвестирам во тие платформи, но знам некои кои инвестирале, но загубија многу”, рече еден граѓанин.

„Не сум инвестирал, не сум добро запознаен со криптовалутите, така да не можам многу да коментирам„, рече еден граѓанин.

„Да, да јас се интересирам за тоа, но треба да бидеме внимателни и внимателно да постапуваме со тие работи„, додаде друг.

Експертите за сајбер безбедност велат дека најчесто измамите се случуваат поради отворање на небезбедни страници или небезбедни берзи за инвестирање со криптовалути, а иако не постои посебен уред за заштита, сепак постојат начини како може да проверите дали вашето вложување е безбедно.

Небезбедните веб-страници може да ги препознаете така што почнуваат со http, го немаат https протоколот, S е протоколот за заштита, исто така тоа важи и за берзите. Доколку берзата е на http тоа значи дека е некоја интерна и има комуникација што не е обезбедена преку тој интернет протокол. Покрај овој начин на заштита, граѓаните се советуваат и да не отвораат сомнителни линкови и документи што не доаѓаат од познати и проверени извори, бидејќи истите може да водат кон страници каде повторно можат да бидат предмет на измама.

Извор: Алсат

The post МВР предупредува на зголемен број на измами со криптовалути appeared first on Република.

]]>

Во последниот период се почести се измамите поврзани со наводни инвестиции со криптовалути, преку кои граѓаните стануваат жртви на сајбер криминал. И Министерството за внатрешни работи и банките во земјава предупредуваат на внимателност при користењето на дигиталните банкарски услуги. Од банките посебно предупредуваат да се избегнува инсталирање на непознат софтвер од трети лица на уредите кои се користат за електронско банкарство, како и посебно да се внимава при онлајн трансакции, односно советуваат да се префрлуваат средства само на сметки кои им се познати. Од МВР за Алсат велат дека во изминатиот период веќе имаат добиено и неколку пријави од граѓани за ваков тип на измами.
“Секторот за компјутерски криминал има добиено околу десетина пријави. Се работи за лица кои нудат услуги за тргување со криптовалути. Овие лица се рекламираат со лажни профили или спонзорирани реклами, често ветувајќи висока заработка и брзи добивки, со што успеваат да ги привлечат жртвите кои бараат начин да инвестираат”, велат од МВР.
Дел од граѓаните со кои разговаравме се свесни дека инвестирањето во криптовалути претставува ризик за потенцијално да бидат предмет на измама.
“Јас персонално не, не сум ризикувал да инвестирам во тие платформи, но знам некои кои инвестирале, но загубија многу”, рече еден граѓанин.
„Не сум инвестирал, не сум добро запознаен со криптовалутите, така да не можам многу да коментирам„, рече еден граѓанин. „Да, да јас се интересирам за тоа, но треба да бидеме внимателни и внимателно да постапуваме со тие работи„, додаде друг. Експертите за сајбер безбедност велат дека најчесто измамите се случуваат поради отворање на небезбедни страници или небезбедни берзи за инвестирање со криптовалути, а иако не постои посебен уред за заштита, сепак постојат начини како може да проверите дали вашето вложување е безбедно. Небезбедните веб-страници може да ги препознаете така што почнуваат со http, го немаат https протоколот, S е протоколот за заштита, исто така тоа важи и за берзите. Доколку берзата е на http тоа значи дека е некоја интерна и има комуникација што не е обезбедена преку тој интернет протокол. Покрај овој начин на заштита, граѓаните се советуваат и да не отвораат сомнителни линкови и документи што не доаѓаат од познати и проверени извори, бидејќи истите може да водат кон страници каде повторно можат да бидат предмет на измама. Извор: Алсат

The post МВР предупредува на зголемен број на измами со криптовалути appeared first on Република.

]]>
Андоновски: Граѓаните да бидат многу внимателни при е-купувањето и веднаш да пријавуваат измами https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/andonovski-graganite-da-bidat-mnogu-vnimatelni-pri-e-kupuvaneto-i-vednash-da-prijavuvaat-izmami/ Tue, 12 Nov 2024 10:10:20 +0000 https://republika.mk/?p=836682

Граѓаните да бидат многу внимателни, да проверуваат по неколку пати на е-платформите дали е вистински производот што се продава и да се консултираат со луѓе на кои им веруваат, лекари, фармацевти,..., за да бидат сигури дека тоа што го купуваат е сигурно за употреба, апелира денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Одговорајќи на новинарски прашања во врска со честите измами на интернет, Андоновски напомена дека е многу важно во вакви случаи граѓаните веднаш да пријават за институциите брзо да интервенираат.

Интернет измамите, како што рече министерот, се феномен со кој се соочуваат сите држави, а со оглед дека станува збор за независnи платформи како фејсбук, инстаграм и тик-ток врз кои земјите немаат регулаторна контрола, мора да се најдат хибридни или „странични“ начини за справување.

-Многу е значајно луѓето кои се злоупотребени да пријавуваат, но и лицата, модерно наречени инфлуенсери, доктори , јавни личности,..., кога ќе забележат дека нивниот идентитет е украден или злоупотребен, тоа да го пријавуваат за да можеме веднаш да реагираме. Постои сега и нов феномен на инстаграм со формирање лажни профили на јавни личности. Тоа е нешто со кое сите се соочуваме, но брзото реагирање кон државните институции и кон платформите, овозможува тие профили да се симнат многу брзо. Интернет измамите се феномен со кој се соочуваат и граѓаните во Македонија, но и во целата Европската унија. Остануваме отворени за граѓаните да пријавуваат кога ова ќе се случи, но многу повеќе треба да работиме на градење вештина за препознавање и во таа насока е и центарот за побезбеден интернет на кој работиме и кој ќе биде ресурс за граѓаните, особено за помладите, да можат да препознаваат ваков тип измами на интернет, истакна Андоновски пред почетокот на регионална конференција за е-трговија.

The post Андоновски: Граѓаните да бидат многу внимателни при е-купувањето и веднаш да пријавуваат измами appeared first on Република.

]]>

Граѓаните да бидат многу внимателни, да проверуваат по неколку пати на е-платформите дали е вистински производот што се продава и да се консултираат со луѓе на кои им веруваат, лекари, фармацевти,..., за да бидат сигури дека тоа што го купуваат е сигурно за употреба, апелира денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Одговорајќи на новинарски прашања во врска со честите измами на интернет, Андоновски напомена дека е многу важно во вакви случаи граѓаните веднаш да пријават за институциите брзо да интервенираат. Интернет измамите, како што рече министерот, се феномен со кој се соочуваат сите држави, а со оглед дека станува збор за независnи платформи како фејсбук, инстаграм и тик-ток врз кои земјите немаат регулаторна контрола, мора да се најдат хибридни или „странични“ начини за справување. -Многу е значајно луѓето кои се злоупотребени да пријавуваат, но и лицата, модерно наречени инфлуенсери, доктори , јавни личности,..., кога ќе забележат дека нивниот идентитет е украден или злоупотребен, тоа да го пријавуваат за да можеме веднаш да реагираме. Постои сега и нов феномен на инстаграм со формирање лажни профили на јавни личности. Тоа е нешто со кое сите се соочуваме, но брзото реагирање кон државните институции и кон платформите, овозможува тие профили да се симнат многу брзо. Интернет измамите се феномен со кој се соочуваат и граѓаните во Македонија, но и во целата Европската унија. Остануваме отворени за граѓаните да пријавуваат кога ова ќе се случи, но многу повеќе треба да работиме на градење вештина за препознавање и во таа насока е и центарот за побезбеден интернет на кој работиме и кој ќе биде ресурс за граѓаните, особено за помладите, да можат да препознаваат ваков тип измами на интернет, истакна Андоновски пред почетокот на регионална конференција за е-трговија.

The post Андоновски: Граѓаните да бидат многу внимателни при е-купувањето и веднаш да пријавуваат измами appeared first on Република.

]]>
МВР алармира за лажни профили: Чувајте се од измами поврзани со „Конти“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-alarmira-za-lazhni-profili-chuvajte-se-od-izmami-povrzani-so-konti/ Sat, 12 Oct 2024 11:30:26 +0000 https://republika.mk/?p=825866

Ве информираме дека во периодов зачестена е појавата на лажни профили на социјалните мрежи кои се преставуваат во име на Интерпол или Министерството за внатрешни работи или во име на компании кои нудат некаков вид на помош, посредување па дури и враќање на парични средства на лица кој своите средства ги изгубиле во лажни онлајн инвестиции како што беше „Конти“ и други слични на него; информираат од МВР.

Во однос на горенаведеното сакаме како Министерство за внатрешни работи да информираме а воедно и да предупредиме дека се работи за класични интернет измами или таканаречени Phishing измами чија цел е прибирање на лични податоци со цел понатамошно нивно користење во криминални деанија, како и злоупотреба на нивните платежни картици со цел стекнување на финансиска корист.

Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквиот вид на измами и да бидат многу внимателни каде ги оставаат своите лични податоци како и податоците од своите платежни картици. Исто така напоменуваме дека Министерството за внатрешни работи има свои канали на комуникација, односно сите линкови кои се поврзани со нашето министерство можете да ги најдете на официјалната на страна на министерството за внатрешни работи, односно www.mvr.gov.mk.

The post МВР алармира за лажни профили: Чувајте се од измами поврзани со „Конти“ appeared first on Република.

]]>

Ве информираме дека во периодов зачестена е појавата на лажни профили на социјалните мрежи кои се преставуваат во име на Интерпол или Министерството за внатрешни работи или во име на компании кои нудат некаков вид на помош, посредување па дури и враќање на парични средства на лица кој своите средства ги изгубиле во лажни онлајн инвестиции како што беше „Конти“ и други слични на него; информираат од МВР. Во однос на горенаведеното сакаме како Министерство за внатрешни работи да информираме а воедно и да предупредиме дека се работи за класични интернет измами или таканаречени Phishing измами чија цел е прибирање на лични податоци со цел понатамошно нивно користење во криминални деанија, како и злоупотреба на нивните платежни картици со цел стекнување на финансиска корист. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквиот вид на измами и да бидат многу внимателни каде ги оставаат своите лични податоци како и податоците од своите платежни картици. Исто така напоменуваме дека Министерството за внатрешни работи има свои канали на комуникација, односно сите линкови кои се поврзани со нашето министерство можете да ги најдете на официјалната на страна на министерството за внатрешни работи, односно www.mvr.gov.mk.

The post МВР алармира за лажни профили: Чувајте се од измами поврзани со „Конти“ appeared first on Република.

]]>
Внимавајте: Не отворајте „избришани интервјуа“ од македонски портали, измама е! https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vnimavajte-ne-otvorajte-izbrishani-intervjua-od-makedonski-portali-izmama-e/ Fri, 12 Jul 2024 09:56:26 +0000 https://republika.mk/?p=796101

Секторот за Компјутерски криминал алармира за зачестена појава каде што непознати лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни е-маил адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до веб страни и сервиси преку која се ветува лесна заработка со тргување на лажни берзи за криптовалути.

Кампањата започнува со објави на Фејсбук и Инстаграм кои се прикажани како информации од познати македонски портали.

Во објавите се наведува дека се „избришани интервјуа затоа што централната банка не сака да ја знаете оваа тајна“ и спомнуваат познати личности од нашата држава, дури и објавуваат фотографии од истите со цел поголема легитимност на објавата, каде што е наведено дека може да се стекнете со значителни парични средства со тргување на крипто валути, а сè што треба да направите е да се посети дадениот УРЛ линк.

УРЛ линкот односно врската води до веб-локација која претставува платформа за тргување со крипто валути, но нема официјални детали за регистрација на компанија, нема информации за јурисдикцијата или нешто што покажува како да се поврзете со правното лице на кое ќе му ги доверите парите. Регистрацијата е тривијална, не е потребна лозинка. Влегувате веднаш и од вас се бара да префрлите пари односно да купите криптовалути. Тие се законски покриени бидејќи на нивната страница имаат оградување дека го прифаќате ризикот од губење средства при тргување, алармираат од МВР.

Потенцираат дека не постои начин да се знае дали ова е вистинска платформа за тргување, но сите показатели укажуваат на многу сомнителна операција.

Моментално оваа кампања е доста распространета на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм ширум Европа и се прилагодува по земја, односно се користат имиња на познати личности за поголема легитимност на истата. Постојат стотици лажни сајтови, лажни објави кои тврдат дека се платформи за тргување со крипто валути, велат од МВР.

Почетната објава има форма на имитирање на порталот Кајгана (официјален сајт https://kajgana.com/ ), на линк кој води до страница на страницата minishouts.com .

Објавата тврди дека е „избришано“ интервју во кое се тврди дека ја знае тајната за заработка со крипто тргување. Страницата има еден куп наводни сведоштва, односно коментари на објавите од ботови кои објавуваат дека заработиле многу пари користејќи ја платофмата, и има дури и слика од банка што покажува дека сето ова е точно и сите заработуваат многу пари, но сликата на изводот од банката е лоша изработка и го носи логото на Централна банка (Централната банка не издава изводи од банка на физички лица). Оваа страница има еден куп фотографии од познати личности од Македонија, кои наводно заработуваат многу пари од тргување. Исто така, ве поканува да се регистрирате. Страницата овозможува регистрација со случајни податоци, нема никаква верификација ниту лозинка додека легитимните платформи за тргување сè уште се бара да извршат процес „Запознајте го вашиот клиент“ (KYC) - што е наложено од финансиските системи за да идентификуваат потенцијално перење пари.

Секторот за компјутерски криминал апелира граѓаните и правните субјекти да не отвараат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да превземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност.

The post Внимавајте: Не отворајте „избришани интервјуа“ од македонски портали, измама е! appeared first on Република.

]]>

Секторот за Компјутерски криминал алармира за зачестена појава каде што непознати лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни е-маил адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до веб страни и сервиси преку која се ветува лесна заработка со тргување на лажни берзи за криптовалути. Кампањата започнува со објави на Фејсбук и Инстаграм кои се прикажани како информации од познати македонски портали. Во објавите се наведува дека се „избришани интервјуа затоа што централната банка не сака да ја знаете оваа тајна“ и спомнуваат познати личности од нашата држава, дури и објавуваат фотографии од истите со цел поголема легитимност на објавата, каде што е наведено дека може да се стекнете со значителни парични средства со тргување на крипто валути, а сè што треба да направите е да се посети дадениот УРЛ линк.
УРЛ линкот односно врската води до веб-локација која претставува платформа за тргување со крипто валути, но нема официјални детали за регистрација на компанија, нема информации за јурисдикцијата или нешто што покажува како да се поврзете со правното лице на кое ќе му ги доверите парите. Регистрацијата е тривијална, не е потребна лозинка. Влегувате веднаш и од вас се бара да префрлите пари односно да купите криптовалути. Тие се законски покриени бидејќи на нивната страница имаат оградување дека го прифаќате ризикот од губење средства при тргување, алармираат од МВР.
Потенцираат дека не постои начин да се знае дали ова е вистинска платформа за тргување, но сите показатели укажуваат на многу сомнителна операција.
Моментално оваа кампања е доста распространета на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм ширум Европа и се прилагодува по земја, односно се користат имиња на познати личности за поголема легитимност на истата. Постојат стотици лажни сајтови, лажни објави кои тврдат дека се платформи за тргување со крипто валути, велат од МВР.
Почетната објава има форма на имитирање на порталот Кајгана (официјален сајт https://kajgana.com/ ), на линк кој води до страница на страницата minishouts.com .
Објавата тврди дека е „избришано“ интервју во кое се тврди дека ја знае тајната за заработка со крипто тргување. Страницата има еден куп наводни сведоштва, односно коментари на објавите од ботови кои објавуваат дека заработиле многу пари користејќи ја платофмата, и има дури и слика од банка што покажува дека сето ова е точно и сите заработуваат многу пари, но сликата на изводот од банката е лоша изработка и го носи логото на Централна банка (Централната банка не издава изводи од банка на физички лица). Оваа страница има еден куп фотографии од познати личности од Македонија, кои наводно заработуваат многу пари од тргување. Исто така, ве поканува да се регистрирате. Страницата овозможува регистрација со случајни податоци, нема никаква верификација ниту лозинка додека легитимните платформи за тргување сè уште се бара да извршат процес „Запознајте го вашиот клиент“ (KYC) - што е наложено од финансиските системи за да идентификуваат потенцијално перење пари.
Секторот за компјутерски криминал апелира граѓаните и правните субјекти да не отвараат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да превземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност.

The post Внимавајте: Не отворајте „избришани интервјуа“ од македонски портали, измама е! appeared first on Република.

]]>
Не договарајте трговски или угостителски услуги преку интернет, апелира СВР Тетово по зголемениот број на измами https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ne-dogovarajte-trgovski-ili-ugostitelski-uslugi-preku-internet-apelira-svr-tetovo-po-zgolemeniot-broj-na-izmami/ Tue, 12 Mar 2024 13:53:16 +0000 https://republika.mk/?p=754056

Секторот за внатрешни работи Тетово со апел и предупредување до граѓаните од тетовско-гостиварското подрачје да бидат докрај внимателни кога стапуваат во телефонски или непосредни контакти со непознати лица, за деловни или други цели.

СВР Тетово посебно укажува да се избегнуваат е-контактите и нарачките на угостителски или трговски услуги, кои во најголем број се лажни и завршуваат со измама, а која претставува кривично дело казниво по член 247 од Кривичниот законик.

Во изминатите два и пол месеци годинава на ова подрачје вкупно пријавени се 11 измами (ТЕ-9 и ГВ-2), кои претежно се целосно расветлени, а сторителите се откриени, односно идентификувани и кои се и ќе бидат заокружени со соодветни поднесоци, велат од СВР Тетово.

The post Не договарајте трговски или угостителски услуги преку интернет, апелира СВР Тетово по зголемениот број на измами appeared first on Република.

]]>

Секторот за внатрешни работи Тетово со апел и предупредување до граѓаните од тетовско-гостиварското подрачје да бидат докрај внимателни кога стапуваат во телефонски или непосредни контакти со непознати лица, за деловни или други цели. СВР Тетово посебно укажува да се избегнуваат е-контактите и нарачките на угостителски или трговски услуги, кои во најголем број се лажни и завршуваат со измама, а која претставува кривично дело казниво по член 247 од Кривичниот законик.
Во изминатите два и пол месеци годинава на ова подрачје вкупно пријавени се 11 измами (ТЕ-9 и ГВ-2), кои претежно се целосно расветлени, а сторителите се откриени, односно идентификувани и кои се и ќе бидат заокружени со соодветни поднесоци, велат од СВР Тетово.

The post Не договарајте трговски или угостителски услуги преку интернет, апелира СВР Тетово по зголемениот број на измами appeared first on Република.

]]>
Предупредување од Финансиските друштва: Злоупотребите се од блиски луѓе, внимавајте кому давате пинови, лозинки, картички и трансакциски сметки https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/predupreduvane-od-finansiskite-drushtva-zloupotrebite-se-od-bliski-luge-vnimavajte-komu-davate-pinovi-lozinki-kartichki-i-transaktsiski-smetki/ Tue, 24 Oct 2023 11:21:18 +0000 https://republika.mk/?p=694515

Ажурирајте ги навреме личните податоци и пазете каде ги споделувате, не откривајте лозинки и други информации за вашите сметки, внимавајте каде ја приложувате личната карта, пријавете ако ја изгубите и бидете свесни за вашите права. Ова се само некои од препораките на кампањата за финансиска едукација на населението што ја организираат финансиските друштва. Кампањата почнува денеска и освен на зголемување на свеста на граѓаните за заштита на личните податоци, се однесува и на одговорното кредитирање.

Како што беше речено на прес-конференција во Стопанска комора, злоупотреби на личните податоци има и тие се случуваат најчесто од блиски луѓе во кругот на семејството. Сепак, бројот на злоупотреби минатата година бил многу мал во однос на исплатените кредити од финансиските друштва.

Според претседателот на Групацијата на финансиски друштва при Стопанската комора, Никола Јошевски, најчестите измами се од блиски луѓе, луѓето најчесто земаат средства од финансиските друштва кога им е тоа итно и најпотребно. Притоа, 10-15 отсто од средствата кои се подигнуваат се за лекување.

Не секој може да има ваша лична карта, ваша трансакциска сметка или пин од вашата картичка. Затоа, злоупотребата најчесто се случува од блиски луѓе и иако е мал бројот на злоупотреби, се работи всушност за луѓе со свои идеи и желби, луѓе кои се разочаруваат во системот зашто како „гром од ведро небо“ се соочуваат со проблем од типот – треба да враќаат пари кои никогаш не ги виделе. Колку и да е мал тој број, да се потрудиме да го сведеме на минимум. Затоа ја покренуваме оваа кампања. Јавноста не е целосно и точно информирана за активностите на финансиските друштва, а незнаењето реперкуира со носење погрешни одлуки. Оттука, планираме серија обуки и едукативни настани за да имаат корист не само нашите клиенти, туку и за да ги исправиме искривените перцепции што ги има пошироката јавност за нашата работа и за нашата улога во финансискиот еко систем - рече Јошевски.

Тој најави едукација и обуки и за вработените во финансиските друштва со цел, како што истакна, засилување на мерките за заштита и одговорно кредитирање на клиентите.

Финансиските друштва во земјава зафаќаат до два отсто од вкупната актива на финансискиот систем, а вработуваат околу 1 300 млади луѓе и оваа година ќе платат над 10 милиони евра даноци кон државата.

Изминатата деценија е евидентна експанзијата на финансиските друштва. Зголемен е нивниот број, а во пораст се и бројот на издадени кредити, како и износот на новосклучените договори. Според Народната банка, заклучно со 30 јуни 2023 година, вкупната кредитна изложеност на граѓаните и фирмите во земјава била седум милијарди евра, а изложеноста кон финансиските друштва 140 милиони евра или само два отсто од вкупната кредитна изложеност - информира Антонета Манова Ставреска од Стопанската комора.

Комората најави серија прес-конференции за кампањата за поголема финансиска едукација на населението.

The post Предупредување од Финансиските друштва: Злоупотребите се од блиски луѓе, внимавајте кому давате пинови, лозинки, картички и трансакциски сметки appeared first on Република.

]]>

Ажурирајте ги навреме личните податоци и пазете каде ги споделувате, не откривајте лозинки и други информации за вашите сметки, внимавајте каде ја приложувате личната карта, пријавете ако ја изгубите и бидете свесни за вашите права. Ова се само некои од препораките на кампањата за финансиска едукација на населението што ја организираат финансиските друштва. Кампањата почнува денеска и освен на зголемување на свеста на граѓаните за заштита на личните податоци, се однесува и на одговорното кредитирање. Како што беше речено на прес-конференција во Стопанска комора, злоупотреби на личните податоци има и тие се случуваат најчесто од блиски луѓе во кругот на семејството. Сепак, бројот на злоупотреби минатата година бил многу мал во однос на исплатените кредити од финансиските друштва. Според претседателот на Групацијата на финансиски друштва при Стопанската комора, Никола Јошевски, најчестите измами се од блиски луѓе, луѓето најчесто земаат средства од финансиските друштва кога им е тоа итно и најпотребно. Притоа, 10-15 отсто од средствата кои се подигнуваат се за лекување.
Не секој може да има ваша лична карта, ваша трансакциска сметка или пин од вашата картичка. Затоа, злоупотребата најчесто се случува од блиски луѓе и иако е мал бројот на злоупотреби, се работи всушност за луѓе со свои идеи и желби, луѓе кои се разочаруваат во системот зашто како „гром од ведро небо“ се соочуваат со проблем од типот – треба да враќаат пари кои никогаш не ги виделе. Колку и да е мал тој број, да се потрудиме да го сведеме на минимум. Затоа ја покренуваме оваа кампања. Јавноста не е целосно и точно информирана за активностите на финансиските друштва, а незнаењето реперкуира со носење погрешни одлуки. Оттука, планираме серија обуки и едукативни настани за да имаат корист не само нашите клиенти, туку и за да ги исправиме искривените перцепции што ги има пошироката јавност за нашата работа и за нашата улога во финансискиот еко систем - рече Јошевски.
Тој најави едукација и обуки и за вработените во финансиските друштва со цел, како што истакна, засилување на мерките за заштита и одговорно кредитирање на клиентите. Финансиските друштва во земјава зафаќаат до два отсто од вкупната актива на финансискиот систем, а вработуваат околу 1 300 млади луѓе и оваа година ќе платат над 10 милиони евра даноци кон државата.
Изминатата деценија е евидентна експанзијата на финансиските друштва. Зголемен е нивниот број, а во пораст се и бројот на издадени кредити, како и износот на новосклучените договори. Според Народната банка, заклучно со 30 јуни 2023 година, вкупната кредитна изложеност на граѓаните и фирмите во земјава била седум милијарди евра, а изложеноста кон финансиските друштва 140 милиони евра или само два отсто од вкупната кредитна изложеност - информира Антонета Манова Ставреска од Стопанската комора.
Комората најави серија прес-конференции за кампањата за поголема финансиска едукација на населението.

The post Предупредување од Финансиските друштва: Злоупотребите се од блиски луѓе, внимавајте кому давате пинови, лозинки, картички и трансакциски сметки appeared first on Република.

]]>
Интернетот „врие“ од лажни наградни игри, граѓаните да бидат внимателни со кого споделуваат лични податоци, апелира МВР https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/internetot-vrie-od-lazhni-nagradni-igri-graganite-da-bidat-vnimatelni-so-kogo-spodeluvaat-lichni-podatotsi-apelira-mvr/ Fri, 21 Jul 2023 07:01:14 +0000 https://republika.mk/?p=663750

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи во изминатиот период констатираше зголемена појава на пријави за лажни наградни игри на интернет, преку користење на социјалните мрежи, особено преку социјалната мрежа Фејсбук, преку отворање на лажни профили именувани по некоја позната компанија од земјата со долгогодишно постоење, со цел неовластено прибавување на лични податоци од граѓаните.

При отворањето на лажните профили се користат логото и брендот на компанијата, со објава дека поради одреден повод (наводен роденден на компанијата и слично) се организира наградна игра со разни подароци за среќните добитници, како на пример вредносни ваучери, мобилни телефони и други наводни награди.

Притоа од граѓаните, за да учествуваат во овие наградни игри кои се лажни, од се бара да извршат допаѓање „like“ на страната и на конкретната објава, во коментар да напишат „учествувам“, како и да извршат нејзино споделување, со цел што повеќе да се рашири лажната наградна игра. Потоа од креаторите на овие лажни наградни игри им се испраќа порака на граѓаните дека се добитници на награда, а за нејзино подигање потребно е да ги дадат своите лични податоци, да испратат слика од нивната лична карта (од двете страни), како и фотографија од имателот на личната карта.

Оттаму, Министерството за внатрешни работи во интерес на заштита на граѓаните, на нивните лични податоци и можните злоупотреби и последици што можат да произлезат, апелира до јавноста за посебна внимателност при споделување на лични податоци на други лица, особено преку интернет.

Воедно, апелираме до граѓаните со особено внимание и одговорно да постапуваат со своите лични податоци, да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може да им се утврди вистинскиот идентитет, велат од МВР.

The post Интернетот „врие“ од лажни наградни игри, граѓаните да бидат внимателни со кого споделуваат лични податоци, апелира МВР appeared first on Република.

]]>

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи во изминатиот период констатираше зголемена појава на пријави за лажни наградни игри на интернет, преку користење на социјалните мрежи, особено преку социјалната мрежа Фејсбук, преку отворање на лажни профили именувани по некоја позната компанија од земјата со долгогодишно постоење, со цел неовластено прибавување на лични податоци од граѓаните. При отворањето на лажните профили се користат логото и брендот на компанијата, со објава дека поради одреден повод (наводен роденден на компанијата и слично) се организира наградна игра со разни подароци за среќните добитници, како на пример вредносни ваучери, мобилни телефони и други наводни награди. Притоа од граѓаните, за да учествуваат во овие наградни игри кои се лажни, од се бара да извршат допаѓање „like“ на страната и на конкретната објава, во коментар да напишат „учествувам“, како и да извршат нејзино споделување, со цел што повеќе да се рашири лажната наградна игра. Потоа од креаторите на овие лажни наградни игри им се испраќа порака на граѓаните дека се добитници на награда, а за нејзино подигање потребно е да ги дадат своите лични податоци, да испратат слика од нивната лична карта (од двете страни), како и фотографија од имателот на личната карта. Оттаму, Министерството за внатрешни работи во интерес на заштита на граѓаните, на нивните лични податоци и можните злоупотреби и последици што можат да произлезат, апелира до јавноста за посебна внимателност при споделување на лични податоци на други лица, особено преку интернет. Воедно, апелираме до граѓаните со особено внимание и одговорно да постапуваат со своите лични податоци, да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може да им се утврди вистинскиот идентитет, велат од МВР.

The post Интернетот „врие“ од лажни наградни игри, граѓаните да бидат внимателни со кого споделуваат лични податоци, апелира МВР appeared first on Република.

]]>
Ревизорите открија многу измами со ЕУ фондовите и „грешки“ при распределбата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/revizorite-otkrija-mnogu-izmami-so-eu-fondovite-i-greshki-pri-raspredelbata/ Thu, 13 Oct 2022 08:52:04 +0000 https://republika.mk/?p=560446

Повеќе од пет милијарди евра од фондовите на ЕУ минатата година биле потрошени ненаменски, соопштија синоќа ревизорите на Унијата, истакнувајќи дека националните власти често грешеле во распредалбата на средствата, но истовремено посочувајќи и на зголемен број случаи на сомневања за измами.

Европскиот суд на ревизори (ЕЦА) што е одговорен за проценка на буџетот на Европската унија, во својот годишен извештај процени дека во просек три отсто од минатогодишните 181,5 милијарди евра расходи биле нерегуларни, што е зголемување во однос на претходниот кога на нерегуларности отпаѓаа 2,7 проценти.

Нивото на грешка кај високоризичните трошоци беше се позастапено, се посочува во ревизорскиот извештај што генерално дава „неповолно мислење“ за минатогодишните трошоци на 27-члениот блок земји.

Според ревизорите, грешките главно се предизвикани од проблемите што ги имаа националните власти при примената на сложените правила и критериуми за избор на корисниците на средствата. „Тоа не потпаѓа под измама или трошење средства“, велат тие.

Сепак, тие идентификуваа 15 случаи на потенцијална измама, значително повеќе отколку шесте претходната година.

Мислењата на ревизорот не водат кон директни последици, но може да поттикнат истраги за случаи по сомневање за измама, а на властите им останува да ги искористат за подобрување на начинот на определените средства наредните години.

Националните и локалните власти во 27-те земји-членки на ЕУ се одговорни за трошење на поголемиот дел од фондовите на ЕУ.

The post Ревизорите открија многу измами со ЕУ фондовите и „грешки“ при распределбата appeared first on Република.

]]>

Повеќе од пет милијарди евра од фондовите на ЕУ минатата година биле потрошени ненаменски, соопштија синоќа ревизорите на Унијата, истакнувајќи дека националните власти често грешеле во распредалбата на средствата, но истовремено посочувајќи и на зголемен број случаи на сомневања за измами. Европскиот суд на ревизори (ЕЦА) што е одговорен за проценка на буџетот на Европската унија, во својот годишен извештај процени дека во просек три отсто од минатогодишните 181,5 милијарди евра расходи биле нерегуларни, што е зголемување во однос на претходниот кога на нерегуларности отпаѓаа 2,7 проценти.
Нивото на грешка кај високоризичните трошоци беше се позастапено, се посочува во ревизорскиот извештај што генерално дава „неповолно мислење“ за минатогодишните трошоци на 27-члениот блок земји.
Според ревизорите, грешките главно се предизвикани од проблемите што ги имаа националните власти при примената на сложените правила и критериуми за избор на корисниците на средствата. „Тоа не потпаѓа под измама или трошење средства“, велат тие. Сепак, тие идентификуваа 15 случаи на потенцијална измама, значително повеќе отколку шесте претходната година. Мислењата на ревизорот не водат кон директни последици, но може да поттикнат истраги за случаи по сомневање за измама, а на властите им останува да ги искористат за подобрување на начинот на определените средства наредните години. Националните и локалните власти во 27-те земји-членки на ЕУ се одговорни за трошење на поголемиот дел од фондовите на ЕУ.

The post Ревизорите открија многу измами со ЕУ фондовите и „грешки“ при распределбата appeared first on Република.

]]>
Измамите на социјалните мрежи се во пораст https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/izmamite-na-socijalnite-mrezi-se-vo-porast/ Sat, 29 Jan 2022 07:47:54 +0000 https://republika.mk/?p=450985

Само лани, според американската Федерална трговска комисија – ФТЦ, повеќе од 95.000 луѓе изгубиле вкупно 770 милиони долари поради измамниците. Тоа е повеќе од двојно повеќе од 258 милиони долари украдени во 2020 година.

Во извештајот на ФТЦ не е наведено зошто имало толку високо зголемување во 2021. Исто така, има огромен пораст и на измамите поврзани со лажни „влогови во криптовалути” – 285 милиони долари отишле на овие измами, речиси една третина од вкупниот износ. А, во пораст се и „романтичните” измами и оние поврзани со купување преку интернет.

„Измамите обично започнуваат кога на корисникот му се јавува навидум пријателска личност, по што следи пријатен разговор, а потоа барање пари. Повеќе од една третина од луѓето кои биле измамени од ‘интернет-романси’ во 2021 година тврдат дека сѐ започнало на Фејсбук и Инстаграм”, соопштува ФТЦ.

Фејсбук и Инстаграм се единствените платформи наведени во извештајот.

„Создадовме повеќе корисни ресурси за борба против ваквите измами и злоупотреби. Одиме и подалеку од исекување и бришење профили, страници и реклами. Преземаме правни мерки против одговорните и секогаш ги охрабруваме луѓето да пријават такво однесување кога ќе го забележат тоа”, се вели во соопштението на Мета.

На корисниците им се препорачува „да ги заклучуваат” своите профили и да внимаваат во случај на барања за сметки за пари, особено кога станува збор за криптовалути или подарок-ваучери.

The post Измамите на социјалните мрежи се во пораст appeared first on Република.

]]>

Само лани, според американската Федерална трговска комисија – ФТЦ, повеќе од 95.000 луѓе изгубиле вкупно 770 милиони долари поради измамниците. Тоа е повеќе од двојно повеќе од 258 милиони долари украдени во 2020 година. Во извештајот на ФТЦ не е наведено зошто имало толку високо зголемување во 2021. Исто така, има огромен пораст и на измамите поврзани со лажни „влогови во криптовалути” – 285 милиони долари отишле на овие измами, речиси една третина од вкупниот износ. А, во пораст се и „романтичните” измами и оние поврзани со купување преку интернет.