измама Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izmama/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Feb 2024 20:55:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png измама Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izmama/ 32 32 Тинејџер од Кавадарци во теретана сликал банкарски картички од сограѓани, па им крадел од сметките https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tinejdher-od-kavadartsi-vo-teretana-slikal-bankarski-kartichki-od-sogragani-pa-im-kradel-od-smetkite/ Tue, 13 Feb 2024 20:55:21 +0000 https://republika.mk/?p=743792

Момче од Кавадарци сликало банкарски картички од сограѓани па им крадело од сметките, информираат од СВР Велес.

Оттаму соопштија дека ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци поднесе писмено известување за 17-годишник од Кавадарци, поради постоење на основи на сомнение за сторени две кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“, казниво по член 251 од Кривичниот законик.

Имено, на 23.01 2024 во соблекувална на сала за вежбање во Кавадарци ги сликал банкарските картички на 45-годишник од Кавадарци, по што во својот дом извршил повеќе трансакции и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 8.948 денари. Исто така, на 26.01.2024 на истиот начин оштетил и 42-годишен жител на Кавадарци и со повеќе направени трансакции, се стекнал со противправна имотна корист од 3.300 денари, појаснија од СВР Велес.

The post Тинејџер од Кавадарци во теретана сликал банкарски картички од сограѓани, па им крадел од сметките appeared first on Република.

]]>

Момче од Кавадарци сликало банкарски картички од сограѓани па им крадело од сметките, информираат од СВР Велес. Оттаму соопштија дека ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци поднесе писмено известување за 17-годишник од Кавадарци, поради постоење на основи на сомнение за сторени две кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“, казниво по член 251 од Кривичниот законик.
Имено, на 23.01 2024 во соблекувална на сала за вежбање во Кавадарци ги сликал банкарските картички на 45-годишник од Кавадарци, по што во својот дом извршил повеќе трансакции и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 8.948 денари. Исто така, на 26.01.2024 на истиот начин оштетил и 42-годишен жител на Кавадарци и со повеќе направени трансакции, се стекнал со противправна имотна корист од 3.300 денари, појаснија од СВР Велес.

The post Тинејџер од Кавадарци во теретана сликал банкарски картички од сограѓани, па им крадел од сметките appeared first on Република.

]]>
Се претставил како директор на банка, заминал со 180.000 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-pretstavil-kako-direktor-na-banka-zaminal-so-180-000-evra/ Wed, 07 Feb 2024 18:49:54 +0000 https://republika.mk/?p=741471

Сѐ уште непознат измамник успеал да ги убеди вработените во банка во јужногерманскиот град Швандорф да му префрлат пари така што им се јавил на телефон и се претставил како директор на таа институција. Така, деновиве се случил брз трансфер на преку 180.000 евра на странски сметки.

Банката ги исплатила парите пред нивниот сметководител да го забележи невообичаениот пренос на пари и да го прекине натамошното префрлање средства. Одговорниот вработен се јавил во банката најбргу што можел, па полицијата го презела случајот. Истрагата за измамата е во тек.

Банката успеала да врати дел од парите. Според сегашната состојба, претрпената штета е петцифрена сума, соопшти полицијата, што значи дека таа веројатно е помала од 100.000 евра.

Надлежните во банката додадоа дека за телефонски платни налози, повикувачот мора да биде проверен за автентификација „врз основа на неколку строги критериуми“. Тие се дефинирани на таков начин што „само сопственикот на сметката може правилно да ги репродуцира во целост“. Во овој случај, сепак, јавувачот бил добро информиран за тие подробности, се наведува во соопштението.

Со цел поголема безбедност во платежните трансакции, банката соопшти ќе се воведе нов начин на проверка на телефонската автентикација преку апликација за мобилен телефон.

The post Се претставил како директор на банка, заминал со 180.000 евра appeared first on Република.

]]>

Сѐ уште непознат измамник успеал да ги убеди вработените во банка во јужногерманскиот град Швандорф да му префрлат пари така што им се јавил на телефон и се претставил како директор на таа институција. Така, деновиве се случил брз трансфер на преку 180.000 евра на странски сметки. Банката ги исплатила парите пред нивниот сметководител да го забележи невообичаениот пренос на пари и да го прекине натамошното префрлање средства. Одговорниот вработен се јавил во банката најбргу што можел, па полицијата го презела случајот. Истрагата за измамата е во тек. Банката успеала да врати дел од парите. Според сегашната состојба, претрпената штета е петцифрена сума, соопшти полицијата, што значи дека таа веројатно е помала од 100.000 евра. Надлежните во банката додадоа дека за телефонски платни налози, повикувачот мора да биде проверен за автентификација „врз основа на неколку строги критериуми“. Тие се дефинирани на таков начин што „само сопственикот на сметката може правилно да ги репродуцира во целост“. Во овој случај, сепак, јавувачот бил добро информиран за тие подробности, се наведува во соопштението. Со цел поголема безбедност во платежните трансакции, банката соопшти ќе се воведе нов начин на проверка на телефонската автентикација преку апликација за мобилен телефон.

The post Се претставил како директор на банка, заминал со 180.000 евра appeared first on Република.

]]>
Турци измамени во Гостивар, им се претставиле како полицајци и им одзеле пари https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/turtsi-izmameni-vo-gostivar-im-se-pretstavile-kako-politsajtsi-i-im-odzele-pari/ Fri, 02 Feb 2024 11:08:59 +0000 https://republika.mk/?p=739682

Вчеравечер во 20 часот и 20 минути во СВР Тетово, С.А.(23) и Б.Г.(29) од Република Турција, со времен престој во Гостивар, пријавиле дека околу 5 часот и 30 минути во близина на мостот на Вардар во Гостивар, две лица, кои со возило им го пресекле патот, лажно им се претставиле дека се полициски службеници и им одзеле пари.

Од СВР Тетово велат дкеа се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

The post Турци измамени во Гостивар, им се претставиле како полицајци и им одзеле пари appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во 20 часот и 20 минути во СВР Тетово, С.А.(23) и Б.Г.(29) од Република Турција, со времен престој во Гостивар, пријавиле дека околу 5 часот и 30 минути во близина на мостот на Вардар во Гостивар, две лица, кои со возило им го пресекле патот, лажно им се претставиле дека се полициски службеници и им одзеле пари. Од СВР Тетово велат дкеа се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

The post Турци измамени во Гостивар, им се претставиле како полицајци и им одзеле пари appeared first on Република.

]]>
Џабе и платил: Кочанчанка измамила тетовец дека ќе му обезбеди бугарски документи https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dhabe-i-platil-kochanchanka-izmamila-tetovets-deka-ke-mu-obezbedi-bugarski-dokumenti/ Tue, 23 Jan 2024 18:03:01 +0000 https://republika.mk/?p=736076

На 22.01.2023 во 12.00 часот во СВР Тетово, 25-годишен жител на тетовско село пријавил дека во 2022 година женско лице од Кочани, со кое претходно стапил во контакт, му ветило дека ќе му обезбеди бугарски документи, а за возврат тој и платил одреден паричен надомест.

Меѓутоа, досега ниту ги добил документите, ниту му биле вратени парите.

Се работи на расчистување на случајот.

The post Џабе и платил: Кочанчанка измамила тетовец дека ќе му обезбеди бугарски документи appeared first on Република.

]]>

На 22.01.2023 во 12.00 часот во СВР Тетово, 25-годишен жител на тетовско село пријавил дека во 2022 година женско лице од Кочани, со кое претходно стапил во контакт, му ветило дека ќе му обезбеди бугарски документи, а за возврат тој и платил одреден паричен надомест. Меѓутоа, досега ниту ги добил документите, ниту му биле вратени парите. Се работи на расчистување на случајот.

The post Џабе и платил: Кочанчанка измамила тетовец дека ќе му обезбеди бугарски документи appeared first on Република.

]]>
Неколкупати му платила по 270 евра: Излажал возрасна жена дека е од странска банка и сака да и помогне да добие евтин кредит https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nekolkupati-mu-platila-po-270-evra-izlazhal-vozrasna-zhena-deka-e-od-stranska-banka-i-saka-da-i-pomogne-da-dobie-evtin-kredit/ Tue, 23 Jan 2024 17:33:18 +0000 https://republika.mk/?p=736068

На 22.01.2024 во 09.20 часот во Полициската станица Кавадарци, 57-годишна жена од Кавадарци пријавила дека била измамена од едно лице.

Според пријавеното, лицето се претставило како претставник на странска банка со претставништво на Балканот и се договориле да ѝ помогне да добие кредит со ниска каматна стапка.

Како што е пријавено, таа во текот на месецот во неколку наврати уплатила по 270 евра за наводната услуга, но тој барал да префрли уште пари, а не добила ништо и сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Неколкупати му платила по 270 евра: Излажал возрасна жена дека е од странска банка и сака да и помогне да добие евтин кредит appeared first on Република.

]]>

На 22.01.2024 во 09.20 часот во Полициската станица Кавадарци, 57-годишна жена од Кавадарци пријавила дека била измамена од едно лице. Според пријавеното, лицето се претставило како претставник на странска банка со претставништво на Балканот и се договориле да ѝ помогне да добие кредит со ниска каматна стапка. Како што е пријавено, таа во текот на месецот во неколку наврати уплатила по 270 евра за наводната услуга, но тој барал да префрли уште пари, а не добила ништо и сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Неколкупати му платила по 270 евра: Излажал возрасна жена дека е од странска банка и сака да и помогне да добие евтин кредит appeared first on Република.

]]>
Наивен жител на гостиварско село и поверувал на тетовка дека за 2.400 евра ќе добие виза https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/naiven-zhitel-na-gostivarsko-selo-i-poveruval-na-tetovka-deka-za-2-400-evra-ke-dobie-viza/ Fri, 19 Jan 2024 10:58:17 +0000 https://republika.mk/?p=734453

СВР Тетово поднесе кривична пријава против тетовката А.А., на возраст од 43 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Пријавената, во текот на август 2023 година, претставувајќи се како вработена во амбасада, на 47-годишник од гостиварско село, му ветила дека ќе му овозможи добивање на виза, но, за да ја почне постапката, било потребно најпрво да ѝ плати 2.400 евра. Оштетениот ги дал паричните средства, но, до пријавувањето на настанот, тој не добил виза, појаснуваат од МВР

The post Наивен жител на гостиварско село и поверувал на тетовка дека за 2.400 евра ќе добие виза appeared first on Република.

]]>

СВР Тетово поднесе кривична пријава против тетовката А.А., на возраст од 43 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Пријавената, во текот на август 2023 година, претставувајќи се како вработена во амбасада, на 47-годишник од гостиварско село, му ветила дека ќе му овозможи добивање на виза, но, за да ја почне постапката, било потребно најпрво да ѝ плати 2.400 евра. Оштетениот ги дал паричните средства, но, до пријавувањето на настанот, тој не добил виза, појаснуваат од МВР

The post Наивен жител на гостиварско село и поверувал на тетовка дека за 2.400 евра ќе добие виза appeared first on Република.

]]>
Преку лажни СМС пораки ги празнат сметките на граѓаните по 500 до 600 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/preku-lazhni-sms-poraki-gi-praznat-smetkite-na-graganite-po-500-do-600-evra/ Mon, 08 Jan 2024 15:38:30 +0000 https://republika.mk/?p=730888

Пристигнува СМС порака дека имате пратка која подлежи на царина и откако ќе платите 2 евра Македонски пошти ќе ви ја испрати повторно. Оваа порака стотици граѓани ја добија за време на празниците, а наместо две евра, сајбер измамниците ги празнеа банкарските сметки на македонските граѓани по 500 или 600 евра. Оние кои побрзо реагирале ги блокирале нивните сметки, па наместо празна сметка имаа блокирана.

Цел на измамата бев и јас и бидејќи очекувам пратка, инстинктивно ги дадов податоците, без да проверам. Сепак, нешто ми беше сомнително и по неколку чекирања, сфатив дека се работи за измама. Се јавив во техничка поддршка на мојата банка за да ја блокирам картичката и за среќа, кај мене помина само со тоа. Но, од банката потврдија дека многу граѓани денеска на овој начин биле измамени и им биле украдени суми од 500 до 600 евра. Затоа, ако добиете СМС со ваква содржина, едноставно - ИГНОРИРАЈТЕ ЈА.- се дел од реакциите на граѓаните на фејсбук.

СМС пораката напишана на кирилица, ве води на линк кој наводно ја отвара страната на Македонски пошти. Но уште на првиот чекор може да се забележи дека станува збор за измама, бидејќи на страната не може ниту да одите на мени ниту на официјалната страна на Македонски пошти. Потоа ви ги бара личните податоци, кои најчесто се злоупотребуваат, а на крај и трансакциската сметка за наводниот агент да го достави вашиот пакет откако ќе платите 1.99 евра.

Голем број граѓани подлегнаа на измамата, бидејќи речиси секој втор македонец нарачува преку интернет, а сајбер измамниците ги одбираат токму празниците кога и банките не работат па потешко се добива техничка поддршка.

Префиксот на бројот од кој се испраќа пораката е +33 кој е повикувачки број за Франција.

Од МВР го известиле ОЈО за случајот.

Имаме добиено пријави за овој случај и во врска со тое е испратено известување до ОЈО односно се преземаат мерки за расчистување на случајот. Покрај тоа постојано апелираме до граѓаните да бидат внимателни и да не наседнуваат на вакви измами, односно никако да не ги испраќаат своите лични податоци преку интернет, велат од МВР.

Речиси сите банки испратија соопштенија за нивните корисници доколку ги внеле податоците и нивните трансакциски сметки, веднаш да ги блокираат картичките и да се јават на нивните контакт центри.


Извор: Сител

The post Преку лажни СМС пораки ги празнат сметките на граѓаните по 500 до 600 евра appeared first on Република.

]]>

Пристигнува СМС порака дека имате пратка која подлежи на царина и откако ќе платите 2 евра Македонски пошти ќе ви ја испрати повторно. Оваа порака стотици граѓани ја добија за време на празниците, а наместо две евра, сајбер измамниците ги празнеа банкарските сметки на македонските граѓани по 500 или 600 евра. Оние кои побрзо реагирале ги блокирале нивните сметки, па наместо празна сметка имаа блокирана. Цел на измамата бев и јас и бидејќи очекувам пратка, инстинктивно ги дадов податоците, без да проверам. Сепак, нешто ми беше сомнително и по неколку чекирања, сфатив дека се работи за измама. Се јавив во техничка поддршка на мојата банка за да ја блокирам картичката и за среќа, кај мене помина само со тоа. Но, од банката потврдија дека многу граѓани денеска на овој начин биле измамени и им биле украдени суми од 500 до 600 евра. Затоа, ако добиете СМС со ваква содржина, едноставно - ИГНОРИРАЈТЕ ЈА.- се дел од реакциите на граѓаните на фејсбук. СМС пораката напишана на кирилица, ве води на линк кој наводно ја отвара страната на Македонски пошти. Но уште на првиот чекор може да се забележи дека станува збор за измама, бидејќи на страната не може ниту да одите на мени ниту на официјалната страна на Македонски пошти. Потоа ви ги бара личните податоци, кои најчесто се злоупотребуваат, а на крај и трансакциската сметка за наводниот агент да го достави вашиот пакет откако ќе платите 1.99 евра. Голем број граѓани подлегнаа на измамата, бидејќи речиси секој втор македонец нарачува преку интернет, а сајбер измамниците ги одбираат токму празниците кога и банките не работат па потешко се добива техничка поддршка. Префиксот на бројот од кој се испраќа пораката е +33 кој е повикувачки број за Франција. Од МВР го известиле ОЈО за случајот. Имаме добиено пријави за овој случај и во врска со тое е испратено известување до ОЈО односно се преземаат мерки за расчистување на случајот. Покрај тоа постојано апелираме до граѓаните да бидат внимателни и да не наседнуваат на вакви измами, односно никако да не ги испраќаат своите лични податоци преку интернет, велат од МВР. Речиси сите банки испратија соопштенија за нивните корисници доколку ги внеле податоците и нивните трансакциски сметки, веднаш да ги блокираат картичките и да се јават на нивните контакт центри.
Извор: Сител

The post Преку лажни СМС пораки ги празнат сметките на граѓаните по 500 до 600 евра appeared first on Република.

]]>
Измамничка им ги собрала парите, а не им обезбедила бугарски пасоши https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/izmamnichka-im-gi-sobrala-parite-a-ne-im-obezbedila-bugarski-pasoshi/ Wed, 27 Dec 2023 10:31:18 +0000 https://republika.mk/?p=727043

Триесет и осумгодишниот тетовец, вчера во 14 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавил дека минатата година стапил во контакт со женско лице од Кочани, кое му ветило дека за одреден паричен надоместок ќе му обезбеди бугарски документи. Но, до пријавувањето лицето не му ги обезбедило документите, ниту му ги вратило добиените 29.300 денари.

Истото лице, поради сомнение за иста измама вчера било пријавено и од 36-годишен жител на тетовско Глоѓи, кој за таа цел и платил 25.800 денари.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случаите, велат од СВР Тетово.

The post Измамничка им ги собрала парите, а не им обезбедила бугарски пасоши appeared first on Република.

]]>

Триесет и осумгодишниот тетовец, вчера во 14 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавил дека минатата година стапил во контакт со женско лице од Кочани, кое му ветило дека за одреден паричен надоместок ќе му обезбеди бугарски документи. Но, до пријавувањето лицето не му ги обезбедило документите, ниту му ги вратило добиените 29.300 денари. Истото лице, поради сомнение за иста измама вчера било пријавено и од 36-годишен жител на тетовско Глоѓи, кој за таа цел и платил 25.800 денари. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случаите, велат од СВР Тетово.

The post Измамничка им ги собрала парите, а не им обезбедила бугарски пасоши appeared first on Република.

]]>
73-годишен велешанец измамен од девојката, му ги собрала парите и си заминала https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/73-godishen-veleshanets-izmamen-od-devojkata-mu-gi-sobrala-parite-i-si-zaminala/ Fri, 22 Dec 2023 16:37:31 +0000 https://republika.mk/?p=725770

На 21 декември во 10.40 часот во Полициската станица Велес, 73-годишен велешанец пријавил дека бил измамен од И.„Н“ од Кавадарци.

Според пријавеното, пред неколку дена тие се договориле да живеат заедно во неговиот дом во Велес, по што ѝ дал парични средства да ги чува, по што таа ги зела парите и неговата платежна картичка и си заминала.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

The post 73-годишен велешанец измамен од девојката, му ги собрала парите и си заминала appeared first on Република.

]]>

На 21 декември во 10.40 часот во Полициската станица Велес, 73-годишен велешанец пријавил дека бил измамен од И.„Н“ од Кавадарци. Според пријавеното, пред неколку дена тие се договориле да живеат заедно во неговиот дом во Велес, по што ѝ дал парични средства да ги чува, по што таа ги зела парите и неговата платежна картичка и си заминала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post 73-годишен велешанец измамен од девојката, му ги собрала парите и си заминала appeared first on Република.

]]>
52-годишник од Црна Гора измамен во Карпош, му побарале 500 евра во замена за дијаманти https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/52-godishnik-od-tsrna-gora-izmamen-vo-karposh-mu-pobarale-500-evra-vo-zamena-za-dijamanti/ Tue, 12 Dec 2023 17:48:34 +0000 https://republika.mk/?p=722281

Вчера попладне, во 12.30 часот во СВР Скопје, 52-годишник од Црна Гора пријавил дека околу 10.30 часот на паркинг простор во близина на здравствена установа на подрачјето на Карпош бил измамен од две лица, извести МВР.

Според пријавеното, двете лица му се доближиле и му кажале дека направиле сообраќајна незгода и дека бараат од него да им биде преведувач, бидејќи едниот од нив не знаел албански јазик, по што побарале и да им покаже како изгледаат евра. Како што е пријавено, тие му побарале 500 евра во замена за дијаманти за да може едното лице да му плати на другото, а откако им ги дал парите едно од лицата заминало со изговор дека ќе оди во банка да извади пари, а другото да ги тргне возилата, соопшти МВР.

Исто така, според пријавеното, откако не се вратиле тој сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post 52-годишник од Црна Гора измамен во Карпош, му побарале 500 евра во замена за дијаманти appeared first on Република.

]]>

Вчера попладне, во 12.30 часот во СВР Скопје, 52-годишник од Црна Гора пријавил дека околу 10.30 часот на паркинг простор во близина на здравствена установа на подрачјето на Карпош бил измамен од две лица, извести МВР. Според пријавеното, двете лица му се доближиле и му кажале дека направиле сообраќајна незгода и дека бараат од него да им биде преведувач, бидејќи едниот од нив не знаел албански јазик, по што побарале и да им покаже како изгледаат евра. Како што е пријавено, тие му побарале 500 евра во замена за дијаманти за да може едното лице да му плати на другото, а откако им ги дал парите едно од лицата заминало со изговор дека ќе оди во банка да извади пари, а другото да ги тргне возилата, соопшти МВР. Исто така, според пријавеното, откако не се вратиле тој сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post 52-годишник од Црна Гора измамен во Карпош, му побарале 500 евра во замена за дијаманти appeared first on Република.

]]>
Дала 10.000 евра зошто ја излажале дека ќерка ѝ направила сообраќајка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dala-10-000-evra-zoshto-ja-izlazhale-deka-kerka-napravila-soobrakajka/ Mon, 11 Dec 2023 13:07:57 +0000 https://republika.mk/?p=721771

Повозрасна кумановка била измамена за 10.000 евра, откако измамник ја излажал дека ќерка ѝ имала сообраќајна незгода во соседна Србија, соопшти денеска СВР Куманово. Таа му дала пари за наводната операција на ќерка ѝ пред влезната капија од дворот.

Осумдесет и тригодишната жена, вчера во 18: 30 часот пријавила во СВР Куманово, дека била измамена за сума 10.000 евра.

Според пријавеното, најпрвин вчера ѝ се јавило лице што и кажало дека нејзината ќерка имала сообраќајна незгода во Република Србија и била потребна одредена сума на пари за да се изврши операција и дека наскоро ќе ѝ се јави лекарот да се договорат за износот на операцијата. Како што е пријавено, набргу се јавило лицето и откако се договориле ги оставила парите пред влезната капија во нејзиниот двор. Исто така, според пријавеното, откако се слушнала со нејзината ќерка, која и кажала дека е добра, сфатила дека е измамена, наведува СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

The post Дала 10.000 евра зошто ја излажале дека ќерка ѝ направила сообраќајка appeared first on Република.

]]>

Повозрасна кумановка била измамена за 10.000 евра, откако измамник ја излажал дека ќерка ѝ имала сообраќајна незгода во соседна Србија, соопшти денеска СВР Куманово. Таа му дала пари за наводната операција на ќерка ѝ пред влезната капија од дворот. Осумдесет и тригодишната жена, вчера во 18: 30 часот пријавила во СВР Куманово, дека била измамена за сума 10.000 евра.
Според пријавеното, најпрвин вчера ѝ се јавило лице што и кажало дека нејзината ќерка имала сообраќајна незгода во Република Србија и била потребна одредена сума на пари за да се изврши операција и дека наскоро ќе ѝ се јави лекарот да се договорат за износот на операцијата. Како што е пријавено, набргу се јавило лицето и откако се договориле ги оставила парите пред влезната капија во нејзиниот двор. Исто така, според пријавеното, откако се слушнала со нејзината ќерка, која и кажала дека е добра, сфатила дека е измамена, наведува СВР Куманово.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

The post Дала 10.000 евра зошто ја излажале дека ќерка ѝ направила сообраќајка appeared first on Република.

]]>
Платила за на синот да му најдат работа во Германија, скопјанка измамена од „посредник за работа во странство“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/platila-za-na-sinot-da-mu-najdat-rabota-vo-germanija-skopjanka-izmamena-od-posrednik-za-rabota-vo-stranstvo/ Tue, 21 Nov 2023 16:02:27 +0000 https://republika.mk/?p=714867

На 20.11.2023 во 15:00 часот во СВР Скопје, 53-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од лице, кое се претставило како посредник за работа во странство.

Според пријавеното, тие стапиле во контакт преку социјалната мрежа Фејсбук и ѝ ветило дека ќе пронајде работа за нејзиниот син во Сојузна Република Германија. Како што е пријавено, во периодот од 12.10.2023 до 10.11.2023 на лицето, на различни банкарски сметки, му уплатила вкупно 13.516 денари за обезбедување на потребните документи.

Откако лицето ѝ побарало дополнителни 3.000 денари за обезбедување нови документи, таа сфатила дека е измамена и ја прекинала комуникацијата со него.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Платила за на синот да му најдат работа во Германија, скопјанка измамена од „посредник за работа во странство“ appeared first on Република.

]]>

На 20.11.2023 во 15:00 часот во СВР Скопје, 53-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од лице, кое се претставило како посредник за работа во странство. Според пријавеното, тие стапиле во контакт преку социјалната мрежа Фејсбук и ѝ ветило дека ќе пронајде работа за нејзиниот син во Сојузна Република Германија. Како што е пријавено, во периодот од 12.10.2023 до 10.11.2023 на лицето, на различни банкарски сметки, му уплатила вкупно 13.516 денари за обезбедување на потребните документи. Откако лицето ѝ побарало дополнителни 3.000 денари за обезбедување нови документи, таа сфатила дека е измамена и ја прекинала комуникацијата со него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Платила за на синот да му најдат работа во Германија, скопјанка измамена од „посредник за работа во странство“ appeared first on Република.

]]>
Поранешен вработен во МВР мамел граѓани дека ќе изврши отуѓување на државно земјиште на Општина Бутел https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/poraneshen-vraboten-vo-mvr-mamel-gragani-deka-ke-izvrshi-otuguvane-na-drzhavno-zemjishte-na-opshtina-butel/ Sat, 11 Nov 2023 15:37:55 +0000 https://republika.mk/?p=700566

Од Општина Бутел информираат дека градоначалникот Дарко Костовски поседува информации дека лицето Николче К. (поранешен вработен во МВР на РМ) со лажни документи и фалсификувани потписи успеал да измами неколку лица, со гаранција дека ќе изврши отуѓување на државно земјиште на територија на Општина Бутел.

Како што информираат, некои од измамените граѓани веќе имаат поднесено пријава со соодветни докази до ОЈО за да се оформи предмет, по што пријавата е одбиена од ОЈО.

Градоначалникот Дарко Костовски јавно упатува барање до Основното јавно обвинителство Скопје, по допрен глас да отвори истрага за овие сериозни и основани сомненија за криминал. Доколку се утврди прекршување на законите и извршени криминални активности, сторителот да биде соодветно казнет, се наведува во соопштението.

Градоначалникот упатува апел до сите граѓани, веднаш да пријават до надлежните институции, доколку се жртви на измама од ова лице.

The post Поранешен вработен во МВР мамел граѓани дека ќе изврши отуѓување на државно земјиште на Општина Бутел appeared first on Република.

]]>

Од Општина Бутел информираат дека градоначалникот Дарко Костовски поседува информации дека лицето Николче К. (поранешен вработен во МВР на РМ) со лажни документи и фалсификувани потписи успеал да измами неколку лица, со гаранција дека ќе изврши отуѓување на државно земјиште на територија на Општина Бутел. Како што информираат, некои од измамените граѓани веќе имаат поднесено пријава со соодветни докази до ОЈО за да се оформи предмет, по што пријавата е одбиена од ОЈО.
Градоначалникот Дарко Костовски јавно упатува барање до Основното јавно обвинителство Скопје, по допрен глас да отвори истрага за овие сериозни и основани сомненија за криминал. Доколку се утврди прекршување на законите и извршени криминални активности, сторителот да биде соодветно казнет, се наведува во соопштението.
Градоначалникот упатува апел до сите граѓани, веднаш да пријават до надлежните институции, доколку се жртви на измама од ова лице.

The post Поранешен вработен во МВР мамел граѓани дека ќе изврши отуѓување на државно земјиште на Општина Бутел appeared first on Република.

]]>
Гостиварец полесен за 2.000 евра по измама од „бизнисмен“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/gostivarets-polesen-za-2-000-evra-po-izmama-od-biznismen/ Wed, 08 Nov 2023 11:00:17 +0000 https://republika.mk/?p=699469

Вчера во СВР Тетово 56-годишен гостиварец пријавил дека бил измамен од лице од Скопје кое му се претставило како бизнисмен и му понудило производи во вредност од 2000 евра.

Откако телефонски се договориле, пријавителот преку такси возило му ги испратил парите, но производите не му биле доставени, по што увидел дека е измамен, соопштија од СВР Тетово, од каде велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Гостиварец полесен за 2.000 евра по измама од „бизнисмен“ appeared first on Република.

]]>

Вчера во СВР Тетово 56-годишен гостиварец пријавил дека бил измамен од лице од Скопје кое му се претставило како бизнисмен и му понудило производи во вредност од 2000 евра. Откако телефонски се договориле, пријавителот преку такси возило му ги испратил парите, но производите не му биле доставени, по што увидел дека е измамен, соопштија од СВР Тетово, од каде велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Гостиварец полесен за 2.000 евра по измама од „бизнисмен“ appeared first on Република.

]]>
Полицаец во Арачиново шест месеци не одел на работа, но земал 4.000 евра плата, колега лажел дека доаѓа во канцеларија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/politsaets-vo-arachinovo-shest-mesetsi-ne-odel-na-rabota-no-zemal-4-000-evra-plata-kolega-lazhel-deka-doaga-vo-kantselarija/ Tue, 03 Oct 2023 21:05:46 +0000 https://republika.mk/?p=687559

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, доставил кривична пријава против А.А., вработен ПО Арачиново при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 ст.1 од КЗ на РСМ.

Од МВР соопштија дека пријавениот, во својство на полициски службеник, злоупотребувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи ги границите на своите службени овластувања, му овозможил на полицискиот службеник И.Џ. да се стекне со противправна имотна корист во износ од 229.985 денари за исплатена бруто плата и 14.422 денари по основ на придонеси за бенифиции, на начин што во период од 03.11.2022 до 02.05.2023 година до надлежните служби при МВР доставувал лажни списи со евидентирани работни часови за исплата на плата без да приложи извештаи за привремена спреченост за работа за работникот И.Џ., кој не доаѓал на работа, со што му овозможил противправно да се стекне со горенаведениот паричен износ, а со истиот износ го оштетил буџетот на МВР.

Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска постапка и привремено отстранување на работникот од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

The post Полицаец во Арачиново шест месеци не одел на работа, но земал 4.000 евра плата, колега лажел дека доаѓа во канцеларија appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, доставил кривична пријава против А.А., вработен ПО Арачиново при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 ст.1 од КЗ на РСМ. Од МВР соопштија дека пријавениот, во својство на полициски службеник, злоупотребувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи ги границите на своите службени овластувања, му овозможил на полицискиот службеник И.Џ. да се стекне со противправна имотна корист во износ од 229.985 денари за исплатена бруто плата и 14.422 денари по основ на придонеси за бенифиции, на начин што во период од 03.11.2022 до 02.05.2023 година до надлежните служби при МВР доставувал лажни списи со евидентирани работни часови за исплата на плата без да приложи извештаи за привремена спреченост за работа за работникот И.Џ., кој не доаѓал на работа, со што му овозможил противправно да се стекне со горенаведениот паричен износ, а со истиот износ го оштетил буџетот на МВР. Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска постапка и привремено отстранување на работникот од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

The post Полицаец во Арачиново шест месеци не одел на работа, но земал 4.000 евра плата, колега лажел дека доаѓа во канцеларија appeared first on Република.

]]>
МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни електронски „судски покани“ во име на директорот на БЈБ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-predupreduva-ne-nasednuvajte-na-lazhni-elektronski-sudski-pokani-vo-ime-na-direktorot-na-bjb/ Thu, 28 Sep 2023 09:04:48 +0000 https://republika.mk/?p=685937

Деновиве во МВР пристигнаа пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, во која во вид на наводна покана за суд, примачот на пораката се известува дека е предмет на правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено, како детска порнографија, педофилија, егзибиционизам… Притоа, примачот на пораката се повикува да се регистрира преку мејл и да ги даде неговите лични податоци.
МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, односно од БЈБ. Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на граѓаните со цел нивна понатамошна злоупотреба. Судските покани не се испраќаат преку мејл, а и доколку внимателно се прочитаат овие пораки, видливо е дека станува збор за измама.
Затоа, апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, да не се контактира испраќачот и никако да не се споделуваат личните податоци кои ги бараат измамниците. Исто така, предупредуваме да не отворате линкови и датотеки кои се испратени во прилог на електронска порака која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер.
Воедно, информираме дека ваквите обиди за измама се со меѓународен предзнак, имајќи предвид дека електронски пораки со слична содржина, а со иста цел – злоупотреба на лични податоци, во изминатиот период беа испраќани и на граѓани во земјите од регионот, велат од МВР.

The post МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни електронски „судски покани“ во име на директорот на БЈБ appeared first on Република.

]]>

Деновиве во МВР пристигнаа пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, во која во вид на наводна покана за суд, примачот на пораката се известува дека е предмет на правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено, како детска порнографија, педофилија, егзибиционизам… Притоа, примачот на пораката се повикува да се регистрира преку мејл и да ги даде неговите лични податоци. МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, односно од БЈБ. Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на граѓаните со цел нивна понатамошна злоупотреба. Судските покани не се испраќаат преку мејл, а и доколку внимателно се прочитаат овие пораки, видливо е дека станува збор за измама. Затоа, апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, да не се контактира испраќачот и никако да не се споделуваат личните податоци кои ги бараат измамниците. Исто така, предупредуваме да не отворате линкови и датотеки кои се испратени во прилог на електронска порака која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер. Воедно, информираме дека ваквите обиди за измама се со меѓународен предзнак, имајќи предвид дека електронски пораки со слична содржина, а со иста цел – злоупотреба на лични податоци, во изминатиот период беа испраќани и на граѓани во земјите од регионот, велат од МВР.

The post МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни електронски „судски покани“ во име на директорот на БЈБ appeared first on Република.

]]>
Во Тирана уапсен Јужнокореец меѓународно баран за измама од 28 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-tirana-uapsen-juzhnokoreets-megunarodno-baran-za-izmama-od-28-milioni-evra/ Mon, 21 Aug 2023 20:17:58 +0000 https://republika.mk/?p=674351

Шеесет и едногодишен маж од Јужна Кореја, меѓународно баран за измама со големи финансиски вредности, е уапсен во близина на меѓународниот аеродром во Тирана.

Стефан Моргенштерн, обвинет за создавање пирамидални шеми на меѓународно ниво, во близина на аеродромот ја чекал сопругата која доаѓала во Тирана од Дубаи. Тој е обвинет дека заедно со други лица преку пирамидални шеми проневерил 28 милиони евра, стои во полициското соопштение.

Според полицијата во периодот од 27 март 2016 до 7 ноември 2020 година биле измамени 2.156 лица, со вкупна парична загуба од 40.703.930.904 КРВ (јужнокорејска валута) или околу 28 милиони евра.

Не е познато кога тој пристигнал во Албанија.

The post Во Тирана уапсен Јужнокореец меѓународно баран за измама од 28 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Шеесет и едногодишен маж од Јужна Кореја, меѓународно баран за измама со големи финансиски вредности, е уапсен во близина на меѓународниот аеродром во Тирана. Стефан Моргенштерн, обвинет за создавање пирамидални шеми на меѓународно ниво, во близина на аеродромот ја чекал сопругата која доаѓала во Тирана од Дубаи. Тој е обвинет дека заедно со други лица преку пирамидални шеми проневерил 28 милиони евра, стои во полициското соопштение. Според полицијата во периодот од 27 март 2016 до 7 ноември 2020 година биле измамени 2.156 лица, со вкупна парична загуба од 40.703.930.904 КРВ (јужнокорејска валута) или околу 28 милиони евра. Не е познато кога тој пристигнал во Албанија.

The post Во Тирана уапсен Јужнокореец меѓународно баран за измама од 28 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Измамничка собрала над 1.000 евра – лажела дека парите ѝ се за лекување на децата и за факултет https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/izmamnichka-sobrala-nad-1-000-evra-lazhela-deka-parite-se-za-lekuvane-na-detsata-i-za-fakultet/ Wed, 09 Aug 2023 15:10:59 +0000 https://republika.mk/?p=670473

Полицијата од Кочани поднесе кривична пријава против Х.Д.(40) од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „измама“.

- Пријавената, во текот на 2022 година во три наврати довела во заблуда три лица да ѝ дадат пари во вкупен износ од 1.200 евра, изјавувајќи лажно дека ѝ се потребни за лекување на нејзините деца и за запишување на факултет, велат од МВР.

The post Измамничка собрала над 1.000 евра – лажела дека парите ѝ се за лекување на децата и за факултет appeared first on Република.

]]>

Полицијата од Кочани поднесе кривична пријава против Х.Д.(40) од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „измама“.
- Пријавената, во текот на 2022 година во три наврати довела во заблуда три лица да ѝ дадат пари во вкупен износ од 1.200 евра, изјавувајќи лажно дека ѝ се потребни за лекување на нејзините деца и за запишување на факултет, велат од МВР.

The post Измамничка собрала над 1.000 евра – лажела дека парите ѝ се за лекување на децата и за факултет appeared first on Република.

]]>
Платил 14.000 евра за да му монтираат лифт во зградата: Останал без парите, а лифт не видел https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/platil-14-000-evra-za-da-mu-montiraat-lift-vo-zgradata-ostanal-bez-parite-a-lift-ne-videl/ Thu, 27 Jul 2023 16:21:32 +0000 https://republika.mk/?p=665983

На 26.07.2023 во 12.00 часот во СВР Тетово, 45-годишен жител на гостиварско село пријавил дека бил измамен од лице од Скопје за сума од 14.000 евра.

Според пријавеното, во текот на 2022 година тој се договорил со лицето, претставник на фирма од Скопје, да монтира лифт во неговата зграда, по што на 02.07.2022 склучиле и договор. Како што е пријавено, до денот на пријавување тој на лицето со потврда му платил 14.000 евра за да почне со извршување на работите, додека другиот дел по завршување на работите, но лицето одбивало да ги изврши договорените работи.

Се преземаат сите мерки и активности за расчистување на случајот.

The post Платил 14.000 евра за да му монтираат лифт во зградата: Останал без парите, а лифт не видел appeared first on Република.

]]>

На 26.07.2023 во 12.00 часот во СВР Тетово, 45-годишен жител на гостиварско село пријавил дека бил измамен од лице од Скопје за сума од 14.000 евра. Според пријавеното, во текот на 2022 година тој се договорил со лицето, претставник на фирма од Скопје, да монтира лифт во неговата зграда, по што на 02.07.2022 склучиле и договор. Како што е пријавено, до денот на пријавување тој на лицето со потврда му платил 14.000 евра за да почне со извршување на работите, додека другиот дел по завршување на работите, но лицето одбивало да ги изврши договорените работи. Се преземаат сите мерки и активности за расчистување на случајот.

The post Платил 14.000 евра за да му монтираат лифт во зградата: Останал без парите, а лифт не видел appeared first on Република.

]]>
За лични документи наплаќала на рака зошто пос-терминалот „не работел“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/za-lichni-dokumenti-naplakala-na-raka-zoshto-pos-terminalot-ne-rabotel/ Mon, 17 Jul 2023 15:22:09 +0000 https://republika.mk/?p=662392

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното јавно обвинителство денеска поднесе кривична пријава против Н.Л., вработена во Отсек за управни работи Штип за Виница, осомничена дека сторила кривично дело „проневера во служба“ по член 354 став 5 вв став 1 и 2 вв чл.45 од Кривичниот законик.

Н.Л. во својство на службено лице кое врши работи од јавен интерес, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, во периодот од јануари - мај 2023 година, во повеќе наврати присвоила пари доверени во службата, така што барала од граѓаните - баратели на услуги за издавање на лични документи, да ѝ дадат пари на рака при поднесување на барање за издавање патна исправа и лична карта, под изговор дека можноста за плаќање на пос - терминалот со платежна картичка во моментот не е во функција. Притоа, таа го искористувала нивното непознавање на законските прописи во МВР, а доверените пари си ги присвојувала, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 600.000 денари, на штета на буџетот на РСМ, се појаснува во денешното соопштение од МВР.

Воедно, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе покрене постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а вработената ќе биде суспендирана од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

The post За лични документи наплаќала на рака зошто пос-терминалот „не работел“ appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното јавно обвинителство денеска поднесе кривична пријава против Н.Л., вработена во Отсек за управни работи Штип за Виница, осомничена дека сторила кривично дело „проневера во служба“ по член 354 став 5 вв став 1 и 2 вв чл.45 од Кривичниот законик.
Н.Л. во својство на службено лице кое врши работи од јавен интерес, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, во периодот од јануари - мај 2023 година, во повеќе наврати присвоила пари доверени во службата, така што барала од граѓаните - баратели на услуги за издавање на лични документи, да ѝ дадат пари на рака при поднесување на барање за издавање патна исправа и лична карта, под изговор дека можноста за плаќање на пос - терминалот со платежна картичка во моментот не е во функција. Притоа, таа го искористувала нивното непознавање на законските прописи во МВР, а доверените пари си ги присвојувала, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 600.000 денари, на штета на буџетот на РСМ, се појаснува во денешното соопштение од МВР.
Воедно, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе покрене постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а вработената ќе биде суспендирана од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

The post За лични документи наплаќала на рака зошто пос-терминалот „не работел“ appeared first on Република.

]]>