изложби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izlozbi/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Jul 2023 07:41:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png изложби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izlozbi/ 32 32 МКЦ не заборава: Концерти, изложби, книжевен времеплов, проекција на „Скопје ремикс“ по повод 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mkts-ne-zaborava-kontserti-izlozhbi-knizheven-vremeplov-proektsija-na-skopje-remiks-po-povod-60-godini-od-katastrofalniot-zemjotres-vo-skopje/ Wed, 26 Jul 2023 07:41:59 +0000 https://republika.mk/?p=665382

ЈУ Младински културен центар и оваа година на 26 јули 2023 организира настан по повод годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје во далечната 1963 година.

Самата институција е дел од проектот за возобнова на градот како донација од тогашните народи на Алжир и Советскиот Сојуз. Со тоа ЈУ Младински културен центар чувствува должност и потреба од потенцирање на важноста на светската солидарност кон Скопје, со што градот повторно доби нова шанса да стане културна и хумана метропола.

Во рамките на програмските активности за 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес МКЦ предвидува реализација на повеќе програмски активности.

Предвиден е настап на скопскиот музички состав „Педро хорисонте“, младиот прогресивен бенд „Луфтанза“ и на етногрупата „Баклава“, која воедно ќе го промовира и своето најново издание со наслов „За Скопје со љубов“. Почетокот на концертите е предвиден да почне во 21 часот во паркот зад МКЦ, со бесплатен влез. На истата локација, во 20 часот, е предвиден настан со наслов „Зелениот дворец“: книжевен времеплов базиран на наградениот романот „Зелениот дворец“ од авторот Дејан Сибовски-Сибо, добитник на наградата „Пегаз“.

Во Галеријата на МКЦ е предвидена изложба на фотографии на Ристо Костовски, со наслов „Попатни одблесоци“. Ристо Костовски е роден 1954 година и активно се занимава со фотографија повеќе од 20 години, а последните 5 години го следи жанрот на таканаречената улична фотографија.

Во Галеријата 2 на МКЦ е предвидена изложба на фотографии од збирките разгледници издадени од МАРХ Македонска архитектура, од авторот на проектот Филип Конески, со наслов „Бетонско Скопје“. Изложбата е поддржана и од Град Скопје и од Министерството за култура.

По крајот на музичкиот дел, во паркот зад МКЦ е предвидена проекција на култното остварување СКОПЈЕ РЕМИКС (2012), омнибусот што ги обедини режисерите Вардан Тозија, Даријан Пејовски, Јане Алтипармаков, Саша Станишиќ, Синиша Евтимов, Борјан Зафировски, Огнен Димитровски, Бојан Трифуновски, Ѓорче Ставрески, Срѓан Јаниќиевиќ. Проекцијата е предвидена да почне точно на полноќ во паркот зад МКЦ.

Предвидена е и детска ликовна работилница со наслов „Моето Скопје: илустрирајќи го градот од соништата“ со Доротеј Нешовски во 18 часот на истата локација во паркот зад МКЦ, која е отворена за сите најмлади посетители.

Настанот е финансиски поддржан од програмата на Град Скопје за годишни културни настани во ЈУ МКЦ.

The post МКЦ не заборава: Концерти, изложби, книжевен времеплов, проекција на „Скопје ремикс“ по повод 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје appeared first on Република.

]]>

ЈУ Младински културен центар и оваа година на 26 јули 2023 организира настан по повод годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје во далечната 1963 година. Самата институција е дел од проектот за возобнова на градот како донација од тогашните народи на Алжир и Советскиот Сојуз. Со тоа ЈУ Младински културен центар чувствува должност и потреба од потенцирање на важноста на светската солидарност кон Скопје, со што градот повторно доби нова шанса да стане културна и хумана метропола. Во рамките на програмските активности за 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес МКЦ предвидува реализација на повеќе програмски активности. Предвиден е настап на скопскиот музички состав „Педро хорисонте“, младиот прогресивен бенд „Луфтанза“ и на етногрупата „Баклава“, која воедно ќе го промовира и своето најново издание со наслов „За Скопје со љубов“. Почетокот на концертите е предвиден да почне во 21 часот во паркот зад МКЦ, со бесплатен влез. На истата локација, во 20 часот, е предвиден настан со наслов „Зелениот дворец“: книжевен времеплов базиран на наградениот романот „Зелениот дворец“ од авторот Дејан Сибовски-Сибо, добитник на наградата „Пегаз“. Во Галеријата на МКЦ е предвидена изложба на фотографии на Ристо Костовски, со наслов „Попатни одблесоци“. Ристо Костовски е роден 1954 година и активно се занимава со фотографија повеќе од 20 години, а последните 5 години го следи жанрот на таканаречената улична фотографија. Во Галеријата 2 на МКЦ е предвидена изложба на фотографии од збирките разгледници издадени од МАРХ Македонска архитектура, од авторот на проектот Филип Конески, со наслов „Бетонско Скопје“. Изложбата е поддржана и од Град Скопје и од Министерството за култура. По крајот на музичкиот дел, во паркот зад МКЦ е предвидена проекција на култното остварување СКОПЈЕ РЕМИКС (2012), омнибусот што ги обедини режисерите Вардан Тозија, Даријан Пејовски, Јане Алтипармаков, Саша Станишиќ, Синиша Евтимов, Борјан Зафировски, Огнен Димитровски, Бојан Трифуновски, Ѓорче Ставрески, Срѓан Јаниќиевиќ. Проекцијата е предвидена да почне точно на полноќ во паркот зад МКЦ. Предвидена е и детска ликовна работилница со наслов „Моето Скопје: илустрирајќи го градот од соништата“ со Доротеј Нешовски во 18 часот на истата локација во паркот зад МКЦ, која е отворена за сите најмлади посетители. Настанот е финансиски поддржан од програмата на Град Скопје за годишни културни настани во ЈУ МКЦ.

The post МКЦ не заборава: Концерти, изложби, книжевен времеплов, проекција на „Скопје ремикс“ по повод 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје appeared first on Република.

]]>
Со голем музички хепенинг заврши 22. издание на Битола Отворен Град https://arhiva3.republika.mk/vesti/so-golem-muzichki-hepening-zavrshi-22-izdanie-na-bitola-otvoren-grad/ Mon, 26 Jun 2023 17:48:26 +0000 https://republika.mk/?p=655441

Уметноста и музиката на новата генерација млади луѓе, но и социјалните промени, беа во фокусот на Битола отворен град кој изминатата недела го трансформираше градот во отворена сцена за бројни музички настани и неколку арт перформанси.

 

Овој наш настан, кој влезе во третата деценија, беспрекорно умее да се носи со новите генерации и новото време. Да ги спојува уметноста, музиката и општествениот ангажман, обезбедувајќи платформа за младите таленти да се изразат себеси додека поттикнуваат позитивни промени. Од трансформација на говорот на омраза во улична уметност до наелектризирани музички изведби, овогодинешниот фестивал испорача извонредно искуство за илјадната публика која не следеше во сите фестивалски денови„-истакнуваат од МКЦ Битола кој е организатор на овој фестивал.

 

Една од истакнатите работилници на фестивалот се фокусираше на трансформативната моќ на уличната уметност. Водени од вешти уметници и педагози, волонтерите учеа како да ги повратат јавните простори со трансформирање на пораките на омраза во уметнички дела што предизвикуваат размислување. Овој заеднички напор не само што го разубавува градот туку и испрати и моќна порака за единство и толеранција.

МКЦ Битола, отсекогаш бил и сцена за демо бендовите, кои на овој фестивал ги правеле првите чекори. Така оваа година на Битола Отворен град настапија, три нови млади локални бендови, за кои допрва ќе се слуша: Everest, Tsar Von Time и Sinful Glare.

Од изложба во дворот на МКЦ, лоциран во старото градско јадро на Битола на млади талентирани личности до славење на зајдисонцето по битолската калдрма во Старата чаршија, пред првата знаковна кафетерија во Македонија Улаф сте, се одвиваа дневните активности на учесниците на фестивалот, но и уживање за бројната публика. А една од вечерите беше посветена на електронската музика на која настапија домашни ДЏ како локална поддршка за гостинот од Барселона, Joe Diem.

Фестивалот Битола Отворен Град, викендот заврши со големиот музички хепенинг на кој настапија домашниот хеви метал бенд LUCENT кој испорача незаборавен настап пред своите верни фанови, гостите ARUMBO од Шпанија/Белгија, кои со румба и џез варијации ја пренесоа бројната публика низ некои нови музички сфери. И, конечно, белградскиот REPETITOR , трио кое ужива почит на глобално ниво, заработувајќи и шанса да биде предгрупа на европските турнеи на Arcade Fire ја ослободи својата сирова енергија на заразен гаражен рокенрол со пост-панк примеси, оставајќи ја публиката да копнее по повеќе.

Уметност, музика и социјален ангажман, останува кохезија на креативните сили младинскиот арт фестивал Битола Отворен Град, кој верува во новите генерации и нивниот општествен ангажман. Фестивалот останува да биде платформа за младите луѓе да се изразат креативно, истовремено поттикнувајќи дебати кои би  поттикнале позитивни промени, преку работилници, перформанси и инклузивни настани, славејќи ја различноста, единството и огромниот потенцијал на младите луѓе да обликуваат подобра иднина.

The post Со голем музички хепенинг заврши 22. издание на Битола Отворен Град appeared first on Република.

]]>

Уметноста и музиката на новата генерација млади луѓе, но и социјалните промени, беа во фокусот на Битола отворен град кој изминатата недела го трансформираше градот во отворена сцена за бројни музички настани и неколку арт перформанси.  
Овој наш настан, кој влезе во третата деценија, беспрекорно умее да се носи со новите генерации и новото време. Да ги спојува уметноста, музиката и општествениот ангажман, обезбедувајќи платформа за младите таленти да се изразат себеси додека поттикнуваат позитивни промени. Од трансформација на говорот на омраза во улична уметност до наелектризирани музички изведби, овогодинешниот фестивал испорача извонредно искуство за илјадната публика која не следеше во сите фестивалски денови„-истакнуваат од МКЦ Битола кој е организатор на овој фестивал.
  Една од истакнатите работилници на фестивалот се фокусираше на трансформативната моќ на уличната уметност. Водени од вешти уметници и педагози, волонтерите учеа како да ги повратат јавните простори со трансформирање на пораките на омраза во уметнички дела што предизвикуваат размислување. Овој заеднички напор не само што го разубавува градот туку и испрати и моќна порака за единство и толеранција. МКЦ Битола, отсекогаш бил и сцена за демо бендовите, кои на овој фестивал ги правеле првите чекори. Така оваа година на Битола Отворен град настапија, три нови млади локални бендови, за кои допрва ќе се слуша: Everest, Tsar Von Time и Sinful Glare. Од изложба во дворот на МКЦ, лоциран во старото градско јадро на Битола на млади талентирани личности до славење на зајдисонцето по битолската калдрма во Старата чаршија, пред првата знаковна кафетерија во Македонија Улаф сте, се одвиваа дневните активности на учесниците на фестивалот, но и уживање за бројната публика. А една од вечерите беше посветена на електронската музика на која настапија домашни ДЏ како локална поддршка за гостинот од Барселона, Joe Diem. Фестивалот Битола Отворен Град, викендот заврши со големиот музички хепенинг на кој настапија домашниот хеви метал бенд LUCENT кој испорача незаборавен настап пред своите верни фанови, гостите ARUMBO од Шпанија/Белгија, кои со румба и џез варијации ја пренесоа бројната публика низ некои нови музички сфери. И, конечно, белградскиот REPETITOR , трио кое ужива почит на глобално ниво, заработувајќи и шанса да биде предгрупа на европските турнеи на Arcade Fire ја ослободи својата сирова енергија на заразен гаражен рокенрол со пост-панк примеси, оставајќи ја публиката да копнее по повеќе. Уметност, музика и социјален ангажман, останува кохезија на креативните сили младинскиот арт фестивал Битола Отворен Град, кој верува во новите генерации и нивниот општествен ангажман. Фестивалот останува да биде платформа за младите луѓе да се изразат креативно, истовремено поттикнувајќи дебати кои би  поттикнале позитивни промени, преку работилници, перформанси и инклузивни настани, славејќи ја различноста, единството и огромниот потенцијал на младите луѓе да обликуваат подобра иднина.

The post Со голем музички хепенинг заврши 22. издание на Битола Отворен Град appeared first on Република.

]]>