излевање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izlevanje/ За подобро да се разбереме Fri, 10 May 2024 07:44:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png излевање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izlevanje/ 32 32 ЦУК: Можно излевање на Крива Река по нејзиниот слив, нивото на водостоите е во покачување https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tsuk-mozhno-izlevane-na-kriva-reka-po-nejziniot-sliv-nivoto-na-vodostoite-e-vo-pokachuvane/ Thu, 09 May 2024 20:03:43 +0000 https://republika.mk/?p=776540

Центарот за управување со кризи информира дека од УХМР известуваат дека водостојот на Крива Река на хидролошката станица во Крива Паланка е значително висок. Ако продолжи водостојот да расте можни се излевања на Крива Река по нејзиниот слив, пренесува ТВ 21.

Од УХМР предупредуваат за внимателност при движење покрај сливот на Крива Река.

Истовремено, ЦУК, потсетува за голема внимателност при појавата на локалните нагли метео промени и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења: да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Инаку, според днената хидролошка информација и очекуваната тенденција за водостојот на реките и езерата на УХМР, нивото на водостоите е во покачување.

The post ЦУК: Можно излевање на Крива Река по нејзиниот слив, нивото на водостоите е во покачување appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи информира дека од УХМР известуваат дека водостојот на Крива Река на хидролошката станица во Крива Паланка е значително висок. Ако продолжи водостојот да расте можни се излевања на Крива Река по нејзиниот слив, пренесува ТВ 21. Од УХМР предупредуваат за внимателност при движење покрај сливот на Крива Река. Истовремено, ЦУК, потсетува за голема внимателност при појавата на локалните нагли метео промени и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења: да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. Инаку, според днената хидролошка информација и очекуваната тенденција за водостојот на реките и езерата на УХМР, нивото на водостоите е во покачување.

The post ЦУК: Можно излевање на Крива Река по нејзиниот слив, нивото на водостоите е во покачување appeared first on Република.

]]>
Поплавени најмалку 15 куќи: Вардар се излеа во неколку населени места во Општина Јегуновце https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poplaveni-najmalku-15-kuki-vardar-se-izlea-vo-nekolku-naseleni-mesta-vo-opshtina-jegunovtse/ Sat, 17 Jun 2023 19:48:03 +0000 https://republika.mk/?p=652578

Реката Вардар се излеа и поплави површини во населените места Раотинце, Копанце и Туденце во Општина Јегуновце.

Центарот за управување со кризи известува дека претседателот на месна заедница од село Раотинце во Општина Јегуновце пријавил, на единствениот број за итни ситуации 112 во ЦУК, излевање на Вардар, при што покрај ниви и површина се поплавени и куќи од селото (околу 15).

Водата од реката се прелеала на критичните места кај Копанце и преку месноста „Старо Вардариште“ дошла во атарот на село Раотинце. Ова е второ излевање на водата од Вардар во време од еден месец во овој предел. Инаку, нивото на водата на Вардар во моментот е до максималната кота во коритото, се вели во соопштението на ЦУК.

Градоначалникот на Јегуновце, Димитар Костадиноски потврди дека излевањето на Вардар е причина за поплави, а воедно и посочи дека поплавени се ниви и во Туденце.

The post Поплавени најмалку 15 куќи: Вардар се излеа во неколку населени места во Општина Јегуновце appeared first on Република.

]]>

Реката Вардар се излеа и поплави површини во населените места Раотинце, Копанце и Туденце во Општина Јегуновце. Центарот за управување со кризи известува дека претседателот на месна заедница од село Раотинце во Општина Јегуновце пријавил, на единствениот број за итни ситуации 112 во ЦУК, излевање на Вардар, при што покрај ниви и површина се поплавени и куќи од селото (околу 15).
Водата од реката се прелеала на критичните места кај Копанце и преку месноста „Старо Вардариште“ дошла во атарот на село Раотинце. Ова е второ излевање на водата од Вардар во време од еден месец во овој предел. Инаку, нивото на водата на Вардар во моментот е до максималната кота во коритото, се вели во соопштението на ЦУК.
Градоначалникот на Јегуновце, Димитар Костадиноски потврди дека излевањето на Вардар е причина за поплави, а воедно и посочи дека поплавени се ниви и во Туденце.

The post Поплавени најмалку 15 куќи: Вардар се излеа во неколку населени места во Општина Јегуновце appeared first on Република.

]]>
Се излеа Крива Река, отсечено село Т’лминци, однесени пешачки мостови и поплавени домови во Крива Паланка https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/se-izlea-kriva-reka-otsecheno-selo-t-lmintsi-odneseni-peshachki-mostovi-i-poplaveni-domovi-vo-kriva-palanka/ Fri, 16 Jun 2023 21:18:19 +0000 https://republika.mk/?p=652310

Крива Река и Киселичка Река вечерва се излеаја и предизвика големи штети, однесени се пешачки мостови, поплавени се домови на граѓаните, а селото Т'лминци со над дваесетина жители е отсечено.

Општина Крива Паланка повика на смиреност по новонастанатата состојба и излевањето на долови и делови од Крива Река.

- Се повикуваат на смиреност граѓаните, службите од Општината се на терен, се превземаат сите мерки, целокупната расположлива механизација од општинските служби и од приватни фирми, кои се одѕваа на повикот на градоначалникот, е на терен. Состојбата е под контрола, повикуваме сите граѓани да останат смирени и крајно внимателно да се однесуваат и да постапуваат, особено во реонот по десниот брег на течение на Крива Река, како и во реоните каде што има појава на свлечишта. Да не се користат пешачките мостови, а т.н. „Осички мост" е затворен за сообраќај, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Дојдено е до поголемо излевање на повеќе долови, а надојдените водотеци,  долови и буици предизвикаа излевање на Крива Река.

Службите информираат дека со пумпи се врши испумпување вода во неколку куќи кај местото викано Тополки кај населбата Мизовски Ливади, а кај градскиот базен постои опасност од излевање на реката. Водите на Крива Река однесоа повеќе пешачки мостови кај Пашина Воденица, а т.н. Карчов Мост, спроти градскиот пазар, е залеан во коритото на реката.

Сите служби се мобилизирани, механизација е на терен, а според информациите од Општинскиот кризен штаб, водостојот на реката се намалува, но сѐ што е потребно се работи на терен и формирани се тимови од општината кои се распоредени итно на сите критични локации.

Сите настанати штети, но и состојби од терен со излевање или појава на свлечишта да се пријават кај лицето за контакт од Општина Крива Паланка, Даниела Велковска, на тел. 075 229 000.

Информирани се надлежните институции, Центар за управување со кризи и на терен вечерва се очекува да пристигне директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Невреме со пороен дожд и силен ветер што попладнево го зафати Куманово и Кумановско, предизвика поплавување на улиците во централното кумановско градско подрачје, бидејќи шахтите не ја апсорбираа големата количина на вода, а силниот ветер откорна и неколку дрвја.

- Екипите на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ интервенираа на повеќе локации, ги чистат јавно прометните површини и ги санираат последиците, информираше градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

Во текот на денот ЦУК испрати известување според податоците од УХМР, дека на хидролошката станица на Крива Река во Крива Паланка е забележан висок водостој. -Предупредуваме за можност од излевање во сливот на Крива Река заедно со нејзините помали притоки пред влив во Пчиња. Излевањето може да зафати делови од атарите на населените места, како што се Конопница, Псача, Опила и подолу Клечовце и Стрезовци пред вливот во Пчиња, стоеше во соопштението.

The post Се излеа Крива Река, отсечено село Т’лминци, однесени пешачки мостови и поплавени домови во Крива Паланка appeared first on Република.

]]>

Крива Река и Киселичка Река вечерва се излеаја и предизвика големи штети, однесени се пешачки мостови, поплавени се домови на граѓаните, а селото Т'лминци со над дваесетина жители е отсечено. Општина Крива Паланка повика на смиреност по новонастанатата состојба и излевањето на долови и делови од Крива Река.
- Се повикуваат на смиреност граѓаните, службите од Општината се на терен, се превземаат сите мерки, целокупната расположлива механизација од општинските служби и од приватни фирми, кои се одѕваа на повикот на градоначалникот, е на терен. Состојбата е под контрола, повикуваме сите граѓани да останат смирени и крајно внимателно да се однесуваат и да постапуваат, особено во реонот по десниот брег на течение на Крива Река, како и во реоните каде што има појава на свлечишта. Да не се користат пешачките мостови, а т.н. „Осички мост" е затворен за сообраќај, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.
Дојдено е до поголемо излевање на повеќе долови, а надојдените водотеци,  долови и буици предизвикаа излевање на Крива Река. Службите информираат дека со пумпи се врши испумпување вода во неколку куќи кај местото викано Тополки кај населбата Мизовски Ливади, а кај градскиот базен постои опасност од излевање на реката. Водите на Крива Река однесоа повеќе пешачки мостови кај Пашина Воденица, а т.н. Карчов Мост, спроти градскиот пазар, е залеан во коритото на реката. Сите служби се мобилизирани, механизација е на терен, а според информациите од Општинскиот кризен штаб, водостојот на реката се намалува, но сѐ што е потребно се работи на терен и формирани се тимови од општината кои се распоредени итно на сите критични локации. Сите настанати штети, но и состојби од терен со излевање или појава на свлечишта да се пријават кај лицето за контакт од Општина Крива Паланка, Даниела Велковска, на тел. 075 229 000. Информирани се надлежните институции, Центар за управување со кризи и на терен вечерва се очекува да пристигне директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Невреме со пороен дожд и силен ветер што попладнево го зафати Куманово и Кумановско, предизвика поплавување на улиците во централното кумановско градско подрачје, бидејќи шахтите не ја апсорбираа големата количина на вода, а силниот ветер откорна и неколку дрвја.
- Екипите на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ интервенираа на повеќе локации, ги чистат јавно прометните површини и ги санираат последиците, информираше градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.
Во текот на денот ЦУК испрати известување според податоците од УХМР, дека на хидролошката станица на Крива Река во Крива Паланка е забележан висок водостој. -Предупредуваме за можност од излевање во сливот на Крива Река заедно со нејзините помали притоки пред влив во Пчиња. Излевањето може да зафати делови од атарите на населените места, како што се Конопница, Псача, Опила и подолу Клечовце и Стрезовци пред вливот во Пчиња, стоеше во соопштението.

The post Се излеа Крива Река, отсечено село Т’лминци, однесени пешачки мостови и поплавени домови во Крива Паланка appeared first on Република.

]]>
Надојдена голема вода поради невремето: Oпасност за излевање на патот Кавадарци – Прилеп кај тунелите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nadojdena-golema-voda-poradi-nevremeto-opasnost-za-izlevane-na-patot-kavadartsi-prilep-kaj-tunelite/ Wed, 14 Jun 2023 20:22:23 +0000 https://republika.mk/?p=651504

Надојдена е поголема количина на вода со опасност за излевање на патот Кавадарци - Прилеп кај тунелите, информираат од Центарот за управување со кризи.

РЦУК Кавадарци излезе со вонредна информација. Според информацијата добиена од 112, во 18,21 часот, на регионалниот пат од Кавадарци - Прилеп, кај тунелите, од силното невреме е пријавено надоаѓање на поголема количина на вода, со опасност за излевање. Веднаш беа известени субјектите во СУК и беше стапено во контакт со лицето од ЕЛС Кавадарци, кое извести дека е стапено во контакт со изведувачот на тој патен правец и дека во случај на излевање на реката, во содејство со изведувачите на автопатот – Сино Хидро, ќе интервенираат со нивни машини за да не дојде до излевање и поплавување на патот, се вели во известувањето од Центарот за управување со кризи.

The post Надојдена голема вода поради невремето: Oпасност за излевање на патот Кавадарци – Прилеп кај тунелите appeared first on Република.

Поројните дождови со најголеми последици во прилепската населба Тризла https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/porojnite-dozhdovi-so-najgolemi-posleditsi-vo-prilepskata-naselba-trizla/ Sun, 04 Jun 2023 20:23:55 +0000 https://republika.mk/?p=647756

Поради синоќешното невреме проследено со пороен дожд и грмотевици најгголеми последици и интервенции на надлежните имаше во прилепската населба Тризла и околу каналот на Дабничка Река во оваа населба. Поплавени беа улиците, главно во најголемата улица „Тризла“ вода имаше во неколку домови и подурми, а се испумпуваше во куќите околу каналот на Дабничка река. Вода навлезе и во подрумот на џамијата во населбата каде се испумпуваше. Според податоците за 24 часа до 8 часот изутрината во прилеп наврна најмноргу - 23 литри на метар квадратен.

Интервенраа, а денеска ги мијат улиците од кал и наноси, екипите на прилепските комунални претпријатија „Водовод и канализација“ и на „Комуналец“. Прилепската противпожарна единица пак од синоќа интервенираше со 5-6 екипи со вкупно 16 пожарникари.

- Се испумпуваше вода во 6-7 куќи околу каналот на Дабничка река а имавме и три интервенции низ градот од струјни удари, вели команидорт на прилепскјата противпожарна единица Кристијан Момироски.

Поројните дождови за два-три часа истурија многу вода што одамна не е забележано, па реката не можеше да ја прими сета одеднаш, ниту од атмосверската канализација.

- Со часови интервениравме, ноќеска, а денеска ги миевме и чистевме улиците од високите талози на песок, земја, отпад. Помогна населението и секако навремени беа интервенциите на противпожарната единица.. рече на теренот во населбата Тризла Игор Гулабоски, директор на прилепското претпријатие „Водовод и канализација“. На терен излегоа и градските власти.

Жителите од населбата велат дека било страшно, вода насекаде и наноси. Алмир Сулејманоски, жител на населбата Тризла објаснува за поплавувањетѕо на подрумот на џамијата.

- Подрумот е многу низок, па нема одводна канализација и се поплави. Пораше водата да се испумпува. Помогна аверниците, интервенираа пожарникарите и јавните комунални претпријатија. Соработката беше навремена, оиизјави Сулејманоски.

Надлежните будно ја следат состојбата со врнежите за да може да интервенираат.

The post Поројните дождови со најголеми последици во прилепската населба Тризла appeared first on Република.

]]>

Поради синоќешното невреме проследено со пороен дожд и грмотевици најгголеми последици и интервенции на надлежните имаше во прилепската населба Тризла и околу каналот на Дабничка Река во оваа населба. Поплавени беа улиците, главно во најголемата улица „Тризла“ вода имаше во неколку домови и подурми, а се испумпуваше во куќите околу каналот на Дабничка река. Вода навлезе и во подрумот на џамијата во населбата каде се испумпуваше. Според податоците за 24 часа до 8 часот изутрината во прилеп наврна најмноргу - 23 литри на метар квадратен. Интервенраа, а денеска ги мијат улиците од кал и наноси, екипите на прилепските комунални претпријатија „Водовод и канализација“ и на „Комуналец“. Прилепската противпожарна единица пак од синоќа интервенираше со 5-6 екипи со вкупно 16 пожарникари. - Се испумпуваше вода во 6-7 куќи околу каналот на Дабничка река а имавме и три интервенции низ градот од струјни удари, вели команидорт на прилепскјата противпожарна единица Кристијан Момироски. Поројните дождови за два-три часа истурија многу вода што одамна не е забележано, па реката не можеше да ја прими сета одеднаш, ниту од атмосверската канализација. - Со часови интервениравме, ноќеска, а денеска ги миевме и чистевме улиците од високите талози на песок, земја, отпад. Помогна населението и секако навремени беа интервенциите на противпожарната единица.. рече на теренот во населбата Тризла Игор Гулабоски, директор на прилепското претпријатие „Водовод и канализација“. На терен излегоа и градските власти. Жителите од населбата велат дека било страшно, вода насекаде и наноси. Алмир Сулејманоски, жител на населбата Тризла објаснува за поплавувањетѕо на подрумот на џамијата. - Подрумот е многу низок, па нема одводна канализација и се поплави. Пораше водата да се испумпува. Помогна аверниците, интервенираа пожарникарите и јавните комунални претпријатија. Соработката беше навремена, оиизјави Сулејманоски. Надлежните будно ја следат состојбата со врнежите за да може да интервенираат.

The post Поројните дождови со најголеми последици во прилепската населба Тризла appeared first on Република.

]]>
Обилни врнежи во Прилеп, реката излеана на некои места https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obilni-vrnezhi-vo-prilep-rekata-izleana-na-nekoi-mesta/ Sun, 04 Jun 2023 09:03:37 +0000 https://republika.mk/?p=647578

Обилни врнежи од дожд вчера попладне го зафатија Прилеп.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека водостојот на реките е зголемен и засега на некои места има излевање на реката од речното корито во Прилеп.

Од страна на раководителот на РЦУК- Прилеп побарано е од ТППЕ Прилеп и ЈП Водовод да има дополнителна дежурна екипа доколку има потреба од дополнителни сили.

The post Обилни врнежи во Прилеп, реката излеана на некои места appeared first on Република.

]]>

Обилни врнежи од дожд вчера попладне го зафатија Прилеп. Од Центарот за управување со кризи информираат дека водостојот на реките е зголемен и засега на некои места има излевање на реката од речното корито во Прилеп. Од страна на раководителот на РЦУК- Прилеп побарано е од ТППЕ Прилеп и ЈП Водовод да има дополнителна дежурна екипа доколку има потреба од дополнителни сили.

The post Обилни врнежи во Прилеп, реката излеана на некои места appeared first on Република.

]]>
Се излеа Вардар кај хотел „Русија“, аеродромци да не го користат кејот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/se-izlea-vardar-kaj-hotel-rusija-aerodromci-da-ne-go-koristat-kejot/ Tue, 18 Jan 2022 07:37:02 +0000 https://republika.mk/?p=446105

Центарот за управување со кризи (ЦУК) синоќа информираше дека реката Вардат е излеана во општина Аеродром. Според ЦУК, нивото на реката Вардар е драстично покачено кај мостот во градба лоциран до хотел „Русија“.

ЦУК веднаш, согласно мапите на процес и процедурите, контактираше со одговорните лица на Град Скопје, Општина Аеродром, МВР и Дирекцијата за заштита и спасување, а и други субјекти од Системот за управување со кризи. Пренесени се веднаш информациите и е побарано од истите веднаш да излезат и да се упатат на терен на местото на настанот за да се направи соодветна проценка за можноста од евентуално поплавување за соодветно да се реагира. Институциите се на терен, а местото и лично го посети и директорот на ЦУК, Ангелов. Истовремено, се повикани и надлежните од фирмата изведувач на проектот, за да се произнесат во однос на потребата од превземање на соодветни мерки за надминување на проблемот ако е потребно и со отстранување на делумните препреки на десната страна од речното корито, како и со дополнителни превентивни активности. Надлежните од Општина Аеродром и од Град Скопје ќе бидат во континуиран контакт со ЦУК со информации за превземените мерки и активности, стои во соопштението.

Од ЦУК велат дека над мостот, конкретно над препреките од десната страна на коритото, зголемениот водостој на реката предизвикува заезерување и е на самата граница на висината на максималната кота на кејот, на потегот од мостот во градба до ПИОМ.

После препреката текот на реката во речното корито е забрзан и бучен, но потоа текот на реката и коритото е во нормална состојба. Информациите што ЦУК ги доби говорат дека денеска при изведување на работни активности на градба на мостот, фирмата изведувач на работите најверојатно за потребите на градбата има попречено дел од речното корито со што директно се влијае на намалување на капацитетот на протокот на водата во речното корито, соопштија од ЦУК.

Градоначалничката на Скопје синоќа информираше дека состојбата е стабилизирана и излеаното речно корито започна да се повлекува.

Повикан е изведувачот при што наложено е на фирмата која изведува градежни активности на тој потег, која има обврска да го одржува коритото каде што гради, да ја следи состојбата на терен и да преземе мерки. Заедно со екипи на градот Скопје е поставено ноќно дежурство, со цел следење на состојбата со речното корито.

Согласно информациите од Регионалниот центар за управување со кризи, поради зголемен испуст на вода од хидро електраната Матка во текот на денешниот ден, заради зголемено производство на електрична енергија, зголемен е и водостојот на речното корито на Вардар, заради што е настанато излевањето.
Градот Скопје ќе ја следи состојбата со водостојот на речното корито на Вардар и во наредниот период, со цел навремено интервенирање и избегнување на поголеми несакани штети.

Апелираме до граѓаните да не го користат минор коритото на Вардар на потегот од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување до мостот во изградба, додека нивото на Вардар не се стабилизира, пишува Арсовска.

The post Се излеа Вардар кај хотел „Русија“, аеродромци да не го користат кејот appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи (ЦУК) синоќа информираше дека реката Вардат е излеана во општина Аеродром. Според ЦУК, нивото на реката Вардар е драстично покачено кај мостот во градба лоциран до хотел „Русија“.
ЦУК веднаш, согласно мапите на процес и процедурите, контактираше со одговорните лица на Град Скопје, Општина Аеродром, МВР и Дирекцијата за заштита и спасување, а и други субјекти од Системот за управување со кризи. Пренесени се веднаш информациите и е побарано од истите веднаш да излезат и да се упатат на терен на местото на настанот за да се направи соодветна проценка за можноста од евентуално поплавување за соодветно да се реагира. Институциите се на терен, а местото и лично го посети и директорот на ЦУК, Ангелов. Истовремено, се повикани и надлежните од фирмата изведувач на проектот, за да се произнесат во однос на потребата од превземање на соодветни мерки за надминување на проблемот ако е потребно и со отстранување на делумните препреки на десната страна од речното корито, како и со дополнителни превентивни активности. Надлежните од Општина Аеродром и од Град Скопје ќе бидат во континуиран контакт со ЦУК со информации за превземените мерки и активности, стои во соопштението.
Од ЦУК велат дека над мостот, конкретно над препреките од десната страна на коритото, зголемениот водостој на реката предизвикува заезерување и е на самата граница на висината на максималната кота на кејот, на потегот од мостот во градба до ПИОМ.
После препреката текот на реката во речното корито е забрзан и бучен, но потоа текот на реката и коритото е во нормална состојба. Информациите што ЦУК ги доби говорат дека денеска при изведување на работни активности на градба на мостот, фирмата изведувач на работите најверојатно за потребите на градбата има попречено дел од речното корито со што директно се влијае на намалување на капацитетот на протокот на водата во речното корито, соопштија од ЦУК.
Градоначалничката на Скопје синоќа информираше дека состојбата е стабилизирана и излеаното речно корито започна да се повлекува.
Повикан е изведувачот при што наложено е на фирмата која изведува градежни активности на тој потег, која има обврска да го одржува коритото каде што гради, да ја следи состојбата на терен и да преземе мерки. Заедно со екипи на градот Скопје е поставено ноќно дежурство, со цел следење на состојбата со речното корито.
Согласно информациите од Регионалниот центар за управување со кризи, поради зголемен испуст на вода од хидро електраната Матка во текот на денешниот ден, заради зголемено производство на електрична енергија, зголемен е и водостојот на речното корито на Вардар, заради што е настанато излевањето. Градот Скопје ќе ја следи состојбата со водостојот на речното корито на Вардар и во наредниот период, со цел навремено интервенирање и избегнување на поголеми несакани штети.