излекуван Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izlekuvan/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Jul 2022 08:47:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png излекуван Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izlekuvan/ 32 32 Со пресадување коскена срцевина: Во САД регистриран четврти пациент излечен од ХИВ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/so-presaduvanje-koskena-srcevina-vo-sad-registriran-chetvrti-pacient-izlechen-od-hiv/ Sat, 30 Jul 2022 15:28:08 +0000 https://republika.mk/?p=534978

Американски лекари соопштија дека човек кој живее со ХИВ од 1980-тите е излекуван од болеста. Ова е четврти ваков познат случај ветот.

На 66-годишниот пациент му била трансплантирана коскена срцевина за лекување на леукемија од донатор кој е природно отпорен на вирусот. Мажот, кој не сакал да биде идентификуван, престанал да ги зема лековите за ХИВ.

Тој изјавил дека е исклучително благодарен што вирусот повеќе не е во неговото тело, пренесува „Би-Би-Си“. Човекот е познат како пациент „Град на надежта“, по болницата во која се лекувал во Дуарте, Калифорнија.

Вирусот на хумана имунодефициенција (ХИВ) го оштетува имунолошкиот систем на телото. Toa може да доведе до СИДА (синдром на стекната имунодефициенција), а телото се бори против инфекцијата.

Кога ми беше дијагностициран ХИВ во 1988 година, како и многу други, мислев дека тоа е смртна казна. Никогаш не мислев дека ќе го доживеам денот кога повеќе нема да имам ХИВ - изјавил излечениот маж.

Сепак, тој не примал терапија поради ХИВ, затоа што на 63-годишна возраст се разболел од леукемија. Медицинскиот тим што го лекувал одлучил дека му е потребна трансплантација на коскена срцевина за да ги замени неговите канцерогени крвни зрнца. Случајно, донаторот на коскена срцевина бил отпорен на ХИВ.

Вирусот на ХИВ навлегува во белите крвни зрнца на телото користејќи микроскопски врати – протеин наречен ЦЦР5. Сепак, некои луѓе, вклучително и донаторот, имаат ЦЦР5 мутации кои го спречуваат ХИВ.

Првиот човек излекуван од ХИВ беше Тимоти Реј Браун, попознат како „Берлинскиот пациент“. Тој беше излекуван во 2011 година.

The post Со пресадување коскена срцевина: Во САД регистриран четврти пациент излечен од ХИВ appeared first on Република.

]]>

Американски лекари соопштија дека човек кој живее со ХИВ од 1980-тите е излекуван од болеста. Ова е четврти ваков познат случај ветот. На 66-годишниот пациент му била трансплантирана коскена срцевина за лекување на леукемија од донатор кој е природно отпорен на вирусот. Мажот, кој не сакал да биде идентификуван, престанал да ги зема лековите за ХИВ. Тој изјавил дека е исклучително благодарен што вирусот повеќе не е во неговото тело, пренесува „Би-Би-Си“. Човекот е познат како пациент „Град на надежта“, по болницата во која се лекувал во Дуарте, Калифорнија. Вирусот на хумана имунодефициенција (ХИВ) го оштетува имунолошкиот систем на телото. Toa може да доведе до СИДА (синдром на стекната имунодефициенција), а телото се бори против инфекцијата.
Кога ми беше дијагностициран ХИВ во 1988 година, како и многу други, мислев дека тоа е смртна казна. Никогаш не мислев дека ќе го доживеам денот кога повеќе нема да имам ХИВ - изјавил излечениот маж.
Сепак, тој не примал терапија поради ХИВ, затоа што на 63-годишна возраст се разболел од леукемија. Медицинскиот тим што го лекувал одлучил дека му е потребна трансплантација на коскена срцевина за да ги замени неговите канцерогени крвни зрнца. Случајно, донаторот на коскена срцевина бил отпорен на ХИВ. Вирусот на ХИВ навлегува во белите крвни зрнца на телото користејќи микроскопски врати – протеин наречен ЦЦР5. Сепак, некои луѓе, вклучително и донаторот, имаат ЦЦР5 мутации кои го спречуваат ХИВ. Првиот човек излекуван од ХИВ беше Тимоти Реј Браун, попознат како „Берлинскиот пациент“. Тој беше излекуван во 2011 година.

The post Со пресадување коскена срцевина: Во САД регистриран четврти пациент излечен од ХИВ appeared first on Република.

]]>