Изјум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izjum/ За подобро да се разбереме Sat, 17 Sep 2022 07:26:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Изјум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izjum/ 32 32 Повеќето од ексхумираните тела во Изјум имаат знаци на насилна смрт https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/povekjeto-od-ekshumiranite-tela-vo-izjum-imaat-znaci-na-nasilna-smrt/ Sat, 17 Sep 2022 07:26:35 +0000 https://republika.mk/?p=551633

Знаци на насилна смрт имаат 99 отсто од телата ексхумирани во Изјум, град на истокот на Украина, кој неодамна беше повторно заземен од украинската армија, изјави синоќа регионалниот украински гувернер Олег Синегубов.

„Во Изјум има неколку тела со врзани раце зад грб, а едно лице е закопано со јамка околу вратот. Изгледа тие луѓе биле мачени и егзекутирани“, рече Синегубов преку Телеграм, а со изјавата објави и фотографии од стотина гробови пронајдени во близина на Изјум.

Шефот на украинското тело за човекови права, Дмитро Лубинец, рече дека веројатно има повеќе од 1.000 украински граѓани убиени и мачени на ослободените територии во регионот Харков.

Украина вчера соопшти дека пронашла 450 гробници во Изјум, град североисточно од Харков, кој неодамна беше ослободен од руските сили.

Синегубов рече дека телата на 450 цивили со знаци на насилна смрт и тортура биле закопани на местото што го откриле украинските власти.

Тој додаде дека меѓу ексхумираните тела има и деца и дека на таа локација работат 200 експерти.

„Телата ќе бидат испратени на обдукција за да се утврди точната причина за смртта. Секоја смрт ќе биде предмет на истрага и ќе стане доказ за воените злосторства на Русија пред меѓународните судови“, рече Синегубов.

Тој истакна дека обемот на злосторствата извршени од Русија во Изјум е огромен и го осуди „крвавиот и брутален терор“.

Во контраофанзивата започната на почетокот на септември во тој регион, украинската армија ги врати териториите кои дотогаш беа под окупација на руските војници.

The post Повеќето од ексхумираните тела во Изјум имаат знаци на насилна смрт appeared first on Република.

]]>

Знаци на насилна смрт имаат 99 отсто од телата ексхумирани во Изјум, град на истокот на Украина, кој неодамна беше повторно заземен од украинската армија, изјави синоќа регионалниот украински гувернер Олег Синегубов.
„Во Изјум има неколку тела со врзани раце зад грб, а едно лице е закопано со јамка околу вратот. Изгледа тие луѓе биле мачени и егзекутирани“, рече Синегубов преку Телеграм, а со изјавата објави и фотографии од стотина гробови пронајдени во близина на Изјум.
Шефот на украинското тело за човекови права, Дмитро Лубинец, рече дека веројатно има повеќе од 1.000 украински граѓани убиени и мачени на ослободените територии во регионот Харков. Украина вчера соопшти дека пронашла 450 гробници во Изјум, град североисточно од Харков, кој неодамна беше ослободен од руските сили. Синегубов рече дека телата на 450 цивили со знаци на насилна смрт и тортура биле закопани на местото што го откриле украинските власти. Тој додаде дека меѓу ексхумираните тела има и деца и дека на таа локација работат 200 експерти.
„Телата ќе бидат испратени на обдукција за да се утврди точната причина за смртта. Секоја смрт ќе биде предмет на истрага и ќе стане доказ за воените злосторства на Русија пред меѓународните судови“, рече Синегубов.
Тој истакна дека обемот на злосторствата извршени од Русија во Изјум е огромен и го осуди „крвавиот и брутален терор“. Во контраофанзивата започната на почетокот на септември во тој регион, украинската армија ги врати териториите кои дотогаш беа под окупација на руските војници.

The post Повеќето од ексхумираните тела во Изјум имаат знаци на насилна смрт appeared first on Република.

]]>
Украински цивили отруле руски војници со затруени пити и алкохол https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainski-civili-otrule-ruski-vojnici-so-zatrueni-piti-i-alkohol/ Sun, 03 Apr 2022 18:43:01 +0000 https://republika.mk/?p=482688

Двајца руски војници во близина на Харков починале откако украински цивили ги хранеле со отруени пити, соопшти Украинската одбранбена разузнавачка агенција.

Војниците починале многу брго откако ги изеле печивата што им ги послужиле жителите на Изјум, додека уште 28 војници завршиле на интензивна нега. Истовремено, неколку стотини руски војници „се тешко болни“ затоа што пиеле отровен алкохол што им го понудиле цивили.

Украинските власти на официјалната веб-страница на Министерството за одбрана се пофалија со текстот насловен: „Окупаторите се отруени од локални жители и алкохол“.

Украинците со сите расположливи средства даваат отпор на окупаторите. Според достапните информации, жителите на областа Изјум (регионот Харков) ги „третирале“ Русите од 3-та моторизирана дивизија со затруени пити.

Поради тоа, двајца починале веднаш, додека 28 се префрлени на одделението за интензивна нега. Нивната моментална ситуација се разјаснува - се наведува во објавата.

https://twitter.com/DI_Ukraine/status/1510282985035243525?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1510282985035243525%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3905575%2Fukrajinci-otrovali-ruske-vojnike

Во соопштението се додава и дека „околу 500 припадници на 3-та моторизирана дивизија на Руската Федерација се во болница поради тешко труење со алкохол од непознато потекло“.

Официјален Киев тврди дека руската команда ги третира овие смртни случаи како „неборбени загуби“.

 

The post Украински цивили отруле руски војници со затруени пити и алкохол appeared first on Република.

]]>

Двајца руски војници во близина на Харков починале откако украински цивили ги хранеле со отруени пити, соопшти Украинската одбранбена разузнавачка агенција. Војниците починале многу брго откако ги изеле печивата што им ги послужиле жителите на Изјум, додека уште 28 војници завршиле на интензивна нега. Истовремено, неколку стотини руски војници „се тешко болни“ затоа што пиеле отровен алкохол што им го понудиле цивили. Украинските власти на официјалната веб-страница на Министерството за одбрана се пофалија со текстот насловен: „Окупаторите се отруени од локални жители и алкохол“.
Украинците со сите расположливи средства даваат отпор на окупаторите. Според достапните информации, жителите на областа Изјум (регионот Харков) ги „третирале“ Русите од 3-та моторизирана дивизија со затруени пити. Поради тоа, двајца починале веднаш, додека 28 се префрлени на одделението за интензивна нега. Нивната моментална ситуација се разјаснува - се наведува во објавата.
https://twitter.com/DI_Ukraine/status/1510282985035243525?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1510282985035243525%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3905575%2Fukrajinci-otrovali-ruske-vojnike Во соопштението се додава и дека „околу 500 припадници на 3-та моторизирана дивизија на Руската Федерација се во болница поради тешко труење со алкохол од непознато потекло“. Официјален Киев тврди дека руската команда ги третира овие смртни случаи како „неборбени загуби“.  

The post Украински цивили отруле руски војници со затруени пити и алкохол appeared first on Република.

]]>
Москва тврди дека руските трупи го зазеле украинскиот град Изјум https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/moskva-tvrdi-deka-ruskite-trupi-go-zazele-ukrainskiot-grad-izjum/ Thu, 24 Mar 2022 09:25:49 +0000 https://republika.mk/?p=477551

Руските трупи претпладнево презедоа „целосна контрола“ врз украинскиот град Изјум, изјави во Москва портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков, пренесе ДПА.

Сè уште нема потврда од украинската страна.

Градот во источна Украина беше под опсада со денови. Пред војната имал околу 48.000 жители.

Според руското Министерство за одбрана, во текот на изминатата ноќ се погодени повеќе од 60 украински воени објекти.

Вкупно, 202 украински системи за противракетна одбрана, 257 беспилотни летала и повеќе од 1.500 тенкови и други оклопни борбени возила се уништени од почетокот на војната пред еден месец, соопшти Министерството.

Информацијата не може да се потврди независно.

The post Москва тврди дека руските трупи го зазеле украинскиот град Изјум appeared first on Република.

]]>

Руските трупи претпладнево презедоа „целосна контрола“ врз украинскиот град Изјум, изјави во Москва портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков, пренесе ДПА. Сè уште нема потврда од украинската страна. Градот во источна Украина беше под опсада со денови. Пред војната имал околу 48.000 жители. Според руското Министерство за одбрана, во текот на изминатата ноќ се погодени повеќе од 60 украински воени објекти. Вкупно, 202 украински системи за противракетна одбрана, 257 беспилотни летала и повеќе од 1.500 тенкови и други оклопни борбени возила се уништени од почетокот на војната пред еден месец, соопшти Министерството. Информацијата не може да се потврди независно.

The post Москва тврди дека руските трупи го зазеле украинскиот град Изјум appeared first on Република.

]]>