изјава Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izjava/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 14:28:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png изјава Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izjava/ 32 32 Нема причина девојчињата да не бидат заштитени од насилство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-prichina-devojchinata-da-ne-bidat-zashtiteni-od-nasilstvo/ Tue, 26 Nov 2024 14:28:29 +0000 https://republika.mk/?p=841972

Во текот на 16-те дена активизам против родово базирано насилство, УНИЦЕФ потсетува дека борбата за ставање крај на насилството врз жените е и борба за заштита на девојчињата од некои од најраспространетите повреди на човековите права во светот.

„Сексуалното насилство, детските бракови и сексуалната трговија се форми на родово базирано насилство чии жртви се девојчињата. Тие се јавуваат во секоја земја, во сите сегменти на општеството. Многу луѓе, вклучително и членовите на семејството и заедницата, често погрешно ги разбираат сексуалната злоупотреба и експлоатација на деца. Нивните реакции може да бидат неверување, па дури и обвинување на жртвата, или пак наметнато молчење и непреземање ништо за да го заштитат сторителот или за да ги зачуваат угледот и честа. Кон овој проблем придонесуваат факторите како што се општествените норми со кои на возрасните им се дава контрола врз децата и се поддржуваат патријархалните практики и ставови, но и слабите закони со кои пречесто се обвинуваат жртвите, а се ослободуваат сторителите“, велат од УНИЦЕФ.

Овогодинешната тема на 16-те дена активизам против родово базираното насилство е „Нема оправдување“. Со воспоставено цврсто законодавство, нема причина девојчињата да не бидат заштитени од насилство.

„Македонија направи значителен напредок во донесувањето закони за заштита на девојчињата од родово базирано насилство, во согласност со меѓународните стандарди за човекови права. Законот за правда за деца гарантира заштита на децата-жртви преку мерки за спречување ревиктимизација. Тие опфаќаат повеќе заштитни мерки при сведочење на деца, со цел да се избегне повторна трауматизација поради многубројните и повторени распити. Со овој закон се уредува децата-жртви да уживаат засилена заштита и поддршка од сите институции, тела и поединци во системот за детска правда. Ова е клучно за да се обезбеди жртвите да бараат правда од систем што е подготвен да ја исполни“, се вели во соопштението на УНИЦЕФ.

Кривичниот законик ги штити децата од сите форми на насилство и наметнува строги казни за да ги одврати сторителите. На пример, производство и дистрибуцијата на материјал кој прикажува сексуална злоупотреба на деца се казнува со најмалку пет години затвор. Силувањето дете кое не наполнило 15 години е казниво со најмалку осум години затвор, исто како и трговијата со деца.

Но, цврстото законодавство може да го постигне посакуваното влијание само доколку тоа законодавство ефективно се спроведува.

Во контекст на 16-те дена активизам против родово базираното насилство, УНИЦЕФ ја повикува земјата да инвестира во спроведување на законодавната рамка, вклучувајќи:

Градење на капацитетите на стручните лица од правосудниот систем, вклучително и адвокатите, при работа со деца да применуваат пристап кој е воден од доживеаната траума и кој е сензитивен кон децата.

Децата-жртви на сексуална злоупотреба и експлоатација да имаат посебни права на процесна заштита, пристап до услуги за поддршка и навремени, правични правни лекови при повреда на правата.

Прописно спроведување на Кривичниот законик и Законот за правда за деца и обезбедување средства, насочување и обука за професионалците. Сторителите мора да се идентификуваат, соодветно да се санкционираат и да се спречат да го повторат делото. Не треба да има неказнивост за сторителите. Ова е клучно за постепено да се искоренат сите форми на родово базирано насилство врз девојчињата и момчињата и за да се изгради доверба во системот.

Правосудниот систем да обезбедува брза, ефикасна и ефективна правда. Приоритет треба да се даде на случаите во кои се вклучени деца, а судството треба да овозможува итна постапка во сериозни случаи за да се спречат трајни последици врз децата.

The post Нема причина девојчињата да не бидат заштитени од насилство appeared first on Република.

]]>

Во текот на 16-те дена активизам против родово базирано насилство, УНИЦЕФ потсетува дека борбата за ставање крај на насилството врз жените е и борба за заштита на девојчињата од некои од најраспространетите повреди на човековите права во светот. „Сексуалното насилство, детските бракови и сексуалната трговија се форми на родово базирано насилство чии жртви се девојчињата. Тие се јавуваат во секоја земја, во сите сегменти на општеството. Многу луѓе, вклучително и членовите на семејството и заедницата, често погрешно ги разбираат сексуалната злоупотреба и експлоатација на деца. Нивните реакции може да бидат неверување, па дури и обвинување на жртвата, или пак наметнато молчење и непреземање ништо за да го заштитат сторителот или за да ги зачуваат угледот и честа. Кон овој проблем придонесуваат факторите како што се општествените норми со кои на возрасните им се дава контрола врз децата и се поддржуваат патријархалните практики и ставови, но и слабите закони со кои пречесто се обвинуваат жртвите, а се ослободуваат сторителите“, велат од УНИЦЕФ. Овогодинешната тема на 16-те дена активизам против родово базираното насилство е „Нема оправдување“. Со воспоставено цврсто законодавство, нема причина девојчињата да не бидат заштитени од насилство. „Македонија направи значителен напредок во донесувањето закони за заштита на девојчињата од родово базирано насилство, во согласност со меѓународните стандарди за човекови права. Законот за правда за деца гарантира заштита на децата-жртви преку мерки за спречување ревиктимизација. Тие опфаќаат повеќе заштитни мерки при сведочење на деца, со цел да се избегне повторна трауматизација поради многубројните и повторени распити. Со овој закон се уредува децата-жртви да уживаат засилена заштита и поддршка од сите институции, тела и поединци во системот за детска правда. Ова е клучно за да се обезбеди жртвите да бараат правда од систем што е подготвен да ја исполни“, се вели во соопштението на УНИЦЕФ. Кривичниот законик ги штити децата од сите форми на насилство и наметнува строги казни за да ги одврати сторителите. На пример, производство и дистрибуцијата на материјал кој прикажува сексуална злоупотреба на деца се казнува со најмалку пет години затвор. Силувањето дете кое не наполнило 15 години е казниво со најмалку осум години затвор, исто како и трговијата со деца. Но, цврстото законодавство може да го постигне посакуваното влијание само доколку тоа законодавство ефективно се спроведува. Во контекст на 16-те дена активизам против родово базираното насилство, УНИЦЕФ ја повикува земјата да инвестира во спроведување на законодавната рамка, вклучувајќи: Градење на капацитетите на стручните лица од правосудниот систем, вклучително и адвокатите, при работа со деца да применуваат пристап кој е воден од доживеаната траума и кој е сензитивен кон децата. Децата-жртви на сексуална злоупотреба и експлоатација да имаат посебни права на процесна заштита, пристап до услуги за поддршка и навремени, правични правни лекови при повреда на правата. Прописно спроведување на Кривичниот законик и Законот за правда за деца и обезбедување средства, насочување и обука за професионалците. Сторителите мора да се идентификуваат, соодветно да се санкционираат и да се спречат да го повторат делото. Не треба да има неказнивост за сторителите. Ова е клучно за постепено да се искоренат сите форми на родово базирано насилство врз девојчињата и момчињата и за да се изгради доверба во системот. Правосудниот систем да обезбедува брза, ефикасна и ефективна правда. Приоритет треба да се даде на случаите во кои се вклучени деца, а судството треба да овозможува итна постапка во сериозни случаи за да се спречат трајни последици врз децата.

The post Нема причина девојчињата да не бидат заштитени од насилство appeared first on Република.

]]>
Орбан: Западните земји треба најсериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на новата балистичка ракета https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/orban-zapadnite-zemji-treba-najseriozno-da-ja-sfatat-izjavata-na-putin-za-primenata-na-novata-balistichka-raketa/ Fri, 22 Nov 2024 12:30:48 +0000 https://republika.mk/?p=840814

Западните земји треба најсериозно да ја сфатат изјавата на рускиот претседател Владимир Путин, во која тој зборуваше за украинскиот конфликт и употребата на новата руска балистичка ракета „Орешкин“, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој рече и дека јавната комуникација во различни земји се одвива поинаку, но дека „ако претседателот нешто каже во Русија, тоа не се празни зборови“, објави порталот Portfolio.hu. Тој потсети дека Украина е сосед на Унгарија и дека „не е потребна голема фантазија за да се замисли колку брзи и неочекувани можат да бидат последиците од војна во соседна земја“.

Опасноста е неизбежна. Овие вести говорат за непосредна воена опасност за Унгарија, рече Орбан.

По повод инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Орбан изјави дека „секој што бил војник и чувал стража знае дека ноќта е најтемна пред зори“.

Ќе дојде зората за два месеци, но дотогаш живееме во уште поголем мрак од порано. Следат двата најопасни месеци од војната“, додаде Орбан.

Тој посочи дека очекуваната промена на политиката на Вашингтон неминовно ќе влијае на пристапот на Западна Европа кон украинскиот конфликт. Орбан додаде дека Унгарија ќе дејствува „промислено и смирено“.

The post Орбан: Западните земји треба најсериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на новата балистичка ракета appeared first on Република.

]]>

Западните земји треба најсериозно да ја сфатат изјавата на рускиот претседател Владимир Путин, во која тој зборуваше за украинскиот конфликт и употребата на новата руска балистичка ракета „Орешкин“, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тој рече и дека јавната комуникација во различни земји се одвива поинаку, но дека „ако претседателот нешто каже во Русија, тоа не се празни зборови“, објави порталот Portfolio.hu. Тој потсети дека Украина е сосед на Унгарија и дека „не е потребна голема фантазија за да се замисли колку брзи и неочекувани можат да бидат последиците од војна во соседна земја“.
Опасноста е неизбежна. Овие вести говорат за непосредна воена опасност за Унгарија, рече Орбан.
По повод инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Орбан изјави дека „секој што бил војник и чувал стража знае дека ноќта е најтемна пред зори“.
Ќе дојде зората за два месеци, но дотогаш живееме во уште поголем мрак од порано. Следат двата најопасни месеци од војната“, додаде Орбан.
Тој посочи дека очекуваната промена на политиката на Вашингтон неминовно ќе влијае на пристапот на Западна Европа кон украинскиот конфликт. Орбан додаде дека Унгарија ќе дејствува „промислено и смирено“.  

The post Орбан: Западните земји треба најсериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на новата балистичка ракета appeared first on Република.

]]>
Следете во живо: Изјава на премиерот Христијан Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sledete-vo-zhivo-izjava-na-premierot-hristijan-mitskoski/ Sat, 19 Oct 2024 11:48:13 +0000 https://republika.mk/?p=828807

The post Следете во живо: Изјава на премиерот Христијан Мицкоски appeared first on Република.

]]>

The post Следете во живо: Изјава на премиерот Христијан Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Арсовска се премисли: Најави изјава денеска, но ја закажа за утре https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-se-premisli-najavi-izjava-deneska-no-ja-zakazha-za-utre/ Mon, 19 Aug 2024 17:21:51 +0000 https://republika.mk/?p=808029

Иако ја најави за денеска, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска за утре во 11 часот закажа прес-конференција.

Ќе имаме после изјави во градот, рече Арсовска пред да влезе во Владата на состанокот со премиерот Христијан Мицкоски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/perinski-komunalna-higiena-raboti-po-operativen-plan-ne-i-treba-odluka-na-sovet-za-da-sobira-smet-arsovska-nema-plan-za-reshavane-na-problemite-vo-skopje/

На новинарско прашање дали денеска во Градот ќе биде изјавата, таа одговори потврдно.

Да, денеска во Градот доколку нема заедничка изјава, додаде Арсовска.

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински на прес-конференцијата по состанок истакна дека Владата сега е позагрижена од претходно.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sega-sme-pozagrizheni-otkolku-pred-sostanokot-sostojbata-e-ochajna-izjavi-ministerot-perinski-po-sredbata-so-arsovska/

The post Арсовска се премисли: Најави изјава денеска, но ја закажа за утре appeared first on Република.

]]>

Иако ја најави за денеска, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска за утре во 11 часот закажа прес-конференција.
Ќе имаме после изјави во градот, рече Арсовска пред да влезе во Владата на состанокот со премиерот Христијан Мицкоски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/perinski-komunalna-higiena-raboti-po-operativen-plan-ne-i-treba-odluka-na-sovet-za-da-sobira-smet-arsovska-nema-plan-za-reshavane-na-problemite-vo-skopje/ На новинарско прашање дали денеска во Градот ќе биде изјавата, таа одговори потврдно.
Да, денеска во Градот доколку нема заедничка изјава, додаде Арсовска.
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински на прес-конференцијата по состанок истакна дека Владата сега е позагрижена од претходно. https://republika.mk/vesti/makedonija/sega-sme-pozagrizheni-otkolku-pred-sostanokot-sostojbata-e-ochajna-izjavi-ministerot-perinski-po-sredbata-so-arsovska/

The post Арсовска се премисли: Најави изјава денеска, но ја закажа за утре appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Изјава на премиерот Христијан Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-izjava-na-premierot-hristijan-mitskoski-2/ Tue, 13 Aug 2024 12:45:27 +0000 https://republika.mk/?p=806193

Изјава на премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на надзорот на градежните активности за доградба и надоградба на детската градинка Срничка на објектот Изворче во Општина Аеродром.

Вредноста на проектот, како што информираа од владината прес-служба е околу 120.000.000 денари, заеднички финансиран со средства од Владата и Општина Аеродром, а рокот на изградба е 12 месеци.

Доградениот дел ќе претставува комплетен објект со сите неопходни содржини за згрижување на околу 170 деца од 0 до 6 годишна возраст, се навеедува во владиното соопштение и се додава дека проектот е од исклучително значење за жителите на Општина Аеродром, каде што живеат многу млади семејства со мали дечиња.

The post ВО ЖИВО: Изјава на премиерот Христијан Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Изјава на премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на надзорот на градежните активности за доградба и надоградба на детската градинка Срничка на објектот Изворче во Општина Аеродром. Вредноста на проектот, како што информираа од владината прес-служба е околу 120.000.000 денари, заеднички финансиран со средства од Владата и Општина Аеродром, а рокот на изградба е 12 месеци. Доградениот дел ќе претставува комплетен објект со сите неопходни содржини за згрижување на околу 170 деца од 0 до 6 годишна возраст, се навеедува во владиното соопштение и се додава дека проектот е од исклучително значење за жителите на Општина Аеродром, каде што живеат многу млади семејства со мали дечиња.

The post ВО ЖИВО: Изјава на премиерот Христијан Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Дачиќ: Изјавата на Бујар Османи е дрска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dachik-izjavata-na-bujar-osmani-e-drska/ Mon, 15 Apr 2024 18:43:13 +0000 https://republika.mk/?p=766438

Изјавата на министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи дадена денеска, дека земјава ќе биде еден од коспонзорите на резолуцијата за геноцидот во Сребреница, српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ ја оцени како „дрскост“ и го праша дали сака да поднесе резолуција за геноцидот на Србите во Јасеновац, заедно со Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Тоа е цинизмот што постои на нашите простори, дека е важно да се води антисрпска политика и уште на сето тоа нè повикуваат да учествуваме во тоа. Дали треба да бидеме на страната на нацистите за да бидеме почитувани – рече Дачиќ на ТВ Б92.

Османи денеска во Скопје рече дека Македонија е еден од коспонзорите на резолуцијата со која се бара 11 јули да се прогласи за Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница. Османи ги повика земјите членки на ОН, а особено Србија да ја поддржат таа резолуција.

За резолуцијата за геноцидот во Сребреница, која треба да се најде пред Генералното собрание на ОН на 2 мај, Дачиќ рече дека документот ќе го предложат „најголемите геноцидни земји“.

Зошто нема резолуција за германскиот геноцид врз Србите или турскиот врз Ерменците или врз Србите во Независната Држава Хрватска? – праша Дачиќ, наведувајќи дека „Германија, Холандија и Белгија извршија геноцид врз милиони луѓе во Африка“.

Дачиќ рече дека оние кои го извршиле „злосторството во Сребреница“ треба да одговараат за тоа, но дека за Србија е „неприфатливо муслиманите да се единствените жртви на војната“.

The post Дачиќ: Изјавата на Бујар Османи е дрска appeared first on Република.

]]>

Изјавата на министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи дадена денеска, дека земјава ќе биде еден од коспонзорите на резолуцијата за геноцидот во Сребреница, српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ ја оцени како „дрскост“ и го праша дали сака да поднесе резолуција за геноцидот на Србите во Јасеновац, заедно со Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
Тоа е цинизмот што постои на нашите простори, дека е важно да се води антисрпска политика и уште на сето тоа нè повикуваат да учествуваме во тоа. Дали треба да бидеме на страната на нацистите за да бидеме почитувани – рече Дачиќ на ТВ Б92.
Османи денеска во Скопје рече дека Македонија е еден од коспонзорите на резолуцијата со која се бара 11 јули да се прогласи за Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница. Османи ги повика земјите членки на ОН, а особено Србија да ја поддржат таа резолуција. За резолуцијата за геноцидот во Сребреница, која треба да се најде пред Генералното собрание на ОН на 2 мај, Дачиќ рече дека документот ќе го предложат „најголемите геноцидни земји“.
Зошто нема резолуција за германскиот геноцид врз Србите или турскиот врз Ерменците или врз Србите во Независната Држава Хрватска? – праша Дачиќ, наведувајќи дека „Германија, Холандија и Белгија извршија геноцид врз милиони луѓе во Африка“.
Дачиќ рече дека оние кои го извршиле „злосторството во Сребреница“ треба да одговараат за тоа, но дека за Србија е „неприфатливо муслиманите да се единствените жртви на војната“.  

The post Дачиќ: Изјавата на Бујар Османи е дрска appeared first on Република.

]]>
Џафери за изјавата на Вучиќ: Тоа е пропаганда за да се наштети на Албанците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-za-izjavata-na-vuchik-toa-e-propaganda-za-da-se-nashteti-na-albantsite/ Mon, 12 Feb 2024 11:19:55 +0000 https://republika.mk/?p=743176

Техничкиот премиер Талат Џафери вели дека изјавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ дека Албин Курти сака од власт да го симне Али Ахмети и ДУИ всушност е пропаганда која има за цел да им наштети на Албанците во Македонија.

Божем многу се загрижени за судбината на Али Ахмети и ДУИ, а во суштина се против колективните интереси на Албанците во државата. Но, граѓаните разбираат на што се однесува душегрижноста на оние што ги даваат тие изјави. Во суштнина и децата знаат дека се работи индиректно, односно се инцицира незадоволство кон ДУИ, а во суштина е попречување на она што се проекции за достигнување на оние цели кои се програмски определени како присуството, работата и живеењето на Албанците како колетивен народ тука во Македонија, рече Џафери.

The post Џафери за изјавата на Вучиќ: Тоа е пропаганда за да се наштети на Албанците appeared first on Република.

Првата изјава како премиер на техничка Влада Талат Џафери ја даде на албански јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prvata-izjava-kako-premier-na-tehnichka-vlada-talat-dhaferi-ja-dade-na-albanski-jazik/ Sun, 28 Jan 2024 14:50:27 +0000 https://republika.mk/?p=737811

По свечената изјава на министрите во составот на техничката влада, нејзиниот претседател Талат Џафери даде прва изјава во својство на премиер на албански јазик. Прво говореше на албански, па на македонски јазик. Посочи дека нема што посебно да додаде од она што го кажал во експозето при претставување на програмата и на составот на Владата од собраниската говорница.

Можам уште еднаш да потврдам дека со восхит, со чиста совест и со полна одговорност преземам задача која граѓаните преку нивните претставници ми ја доверија. Останувам доследен дека работата на Владата ќе биде транспарентна, отчетна, одговорна, пред се пред граѓаните и пред нивните претставници, во интерес на добробит на граѓаните и на напредокот на државата, истакна Џафери.

Го коментираше тоа што во заедничката фотографија на техничката Влада по нејзиниото изгласување на 141-вата седница ги нема министрите од ВМРО-ДПМНЕ Панче Тошковски и Ѓоко Велковски, кои во идните 100 дена ќе раководат со министерствата за внатрешни работи и за труд и социјална политика и им порача на граѓаните да не ги загрижува сликата што ќе ја видат без нив.

Бидејќи работата на Владата ќе биде суштинска заедно со нив, затоа што и тие исто како и ние што сме на сликата имаат законска обврска да одговорат на обврската што ја презеле од вас преку оние што гласаа за составот на Владата, но таа обврска е преземена и од тие што не гласаа воопшто, што не беа во салата. Тоа е сликата што сте навикнати да ја гледате и во работата на Собранието – пред камери се зборува едно, а зад камерите после, кога треба да се работи, поинаква е комуникацијата. Затоа не грижете се, бидете спокојни, јас ќе дадам се од себе заедно со тимот кој од ваше име е составен денеска да ги исполни вашите очекувања. Секој кој ќе постапи спротивно, се коси со законот. Во оваа држава има многу закони и прописи што треба да се спроведат, изјави Џафери, обраќајќи им се на граѓаните на албански и на македонски јазик.

Во изјавата го коментираше и излагањето на Левица на седницата, порачувајќи дека „тие што спомнале тужби и пријави“ во двата мандата, а особено во вториот мандат, на своите гласачи и граѓани ќе биде добро да им одговорат колку од тие тужби што ги поднеле, ги добиле односно кој е резултатот од тужбите што ги поднеле.

The post Првата изјава како премиер на техничка Влада Талат Џафери ја даде на албански јазик appeared first on Република.

Изјава на Талат Џафери, премиер на техничката Влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izjava-na-talat-dhaferi-premier-na-tehnichkata-vlada/ Sun, 28 Jan 2024 13:29:49 +0000 https://republika.mk/?p=737781

The post Изјава на Талат Џафери, премиер на техничката Влада appeared first on Република.

]]>

The post Изјава на Талат Џафери, премиер на техничката Влада appeared first on Република.

]]>
Николоски: Спасовски нема кредибилитет да дава идеи за компаниите кои се на црна листа на САД бидејќи неговиот ресор направи голема набавка на ИТ опрема од една таква компанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-spasovski-nema-kredibilitet-da-dava-idei-za-kompaniite-koi-se-na-tsrna-lista-na-sad-bidejki-negoviot-resor-napravi-golema-nabavka-na-it-oprema-od-edna-takva-kompanija/ Sat, 18 Nov 2023 15:19:21 +0000 https://republika.mk/?p=702935

Се сложувам. Мислам дека тоа е нешто за што треба сериозно да се размисли. Еве во првиот дел мислам дека е добра идеа, но исто така треба да се размисли кога се даваат идеи кој е кредибилитетот на луѓето коишто ги даваат тие идеи, вака потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговори на новинарско прашање за коментар околу изјавата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за создавање законска рамка за компаниите кои се наоѓаат на црната листа на САД да не можат да учествуваат на јавните набавки.

Николоски потенцираше дека Спасовски чиј ресор направи голема набавка на ИТ опрема нема никаков кредибилитет да дава вакви идеи.

„Во моментов можеби единствена поголема јавна набавка во Македонија која што е реализирана од компании и лица кои што се на црната листа на САД е реализирана токмо во Министерството за внатрешни работи коешто направи една голема набавка на ИТ опрема од компанијата Инфинити која што е поврзана со семејството Додик коишто се на црната листа на САД и беа на црната листа на САД и компаниите поврзани со Инфинити и семејството во моментот кога се случи оваа јавна набавка. Така што идеите се добри но треба да имате кредибилитет да ги дадете“, потенцираше Николоски.

The post Николоски: Спасовски нема кредибилитет да дава идеи за компаниите кои се на црна листа на САД бидејќи неговиот ресор направи голема набавка на ИТ опрема од една таква компанија appeared first on Република.

]]>

Се сложувам. Мислам дека тоа е нешто за што треба сериозно да се размисли. Еве во првиот дел мислам дека е добра идеа, но исто така треба да се размисли кога се даваат идеи кој е кредибилитетот на луѓето коишто ги даваат тие идеи, вака потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговори на новинарско прашање за коментар околу изјавата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за создавање законска рамка за компаниите кои се наоѓаат на црната листа на САД да не можат да учествуваат на јавните набавки. Николоски потенцираше дека Спасовски чиј ресор направи голема набавка на ИТ опрема нема никаков кредибилитет да дава вакви идеи.
„Во моментов можеби единствена поголема јавна набавка во Македонија која што е реализирана од компании и лица кои што се на црната листа на САД е реализирана токмо во Министерството за внатрешни работи коешто направи една голема набавка на ИТ опрема од компанијата Инфинити која што е поврзана со семејството Додик коишто се на црната листа на САД и беа на црната листа на САД и компаниите поврзани со Инфинити и семејството во моментот кога се случи оваа јавна набавка. Така што идеите се добри но треба да имате кредибилитет да ги дадете“, потенцираше Николоски.
 
The post Николоски: Спасовски нема кредибилитет да дава идеи за компаниите кои се на црна листа на САД бидејќи неговиот ресор направи голема набавка на ИТ опрема од една таква компанија appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Мицкоски по лидерската средба https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-mitskoski-po-liderskata-sredba/ Wed, 07 Jun 2023 10:46:28 +0000 https://republika.mk/?p=648798

Изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по лидерската средба со премиерот Димитар Ковачевски.

The post ВО ЖИВО: Мицкоски по лидерската средба appeared first on Република.

]]>

Изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по лидерската средба со премиерот Димитар Ковачевски.

The post ВО ЖИВО: Мицкоски по лидерската средба appeared first on Република.

]]>
ЛДП најстрого ја осудува скандалозната објава на Касами, Македонија е мултиетничка држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ldp-najstrogo-ja-osuduva-skandaloznata-objava-na-kasami-makedonija-e-multietnichka-drzhava/ Wed, 22 Mar 2023 16:27:31 +0000 https://republika.mk/?p=622544

Во недостаток на идеи и проекти дел од опозициските партии продолжуваат да играат на картата на национализмот и да се обидуваат да ги влошат меѓуетничките односи и да ги разнишаат европските вредности.

Либерално-Демократската партија најостро ја осудува скандалозната објава на лидерот на БЕСА и градоначалник на Тетово, Билал Касами, во која на социјалната мрежа Фејсбук напиша „Добредојдовте во албанскиот главен град во Македонија!“.

Либерално-Демократска партија упатува порака дека Македонија е мултиетничка држава и Тетово е и ќе биде мултикултурен град, а не главен град на Албанците.

Како либерал-демократи секогаш приоритет ќе ни биде почитување и обезбедување еднакви права и можности за сите граѓани на Македонија. 

Симптоматично е што оваа објава доаѓа само неколку недели по барањето за формирање Заедница на албански општини, по теркот на она што се договара за Косово, барање кое дојде од Алтернатива, уште една опозициска партија од албанскиот политички блок.

The post ЛДП најстрого ја осудува скандалозната објава на Касами, Македонија е мултиетничка држава appeared first on Република.

Ковачевски не сакаше да ја коментира изјавата на Ахмети кој ги повика сите партии на Албанците да се обединат за заеднички фронт на Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ne-sakashe-da-ja-komentira-izjavata-na-ahmeti-koj-gi-povika-site-partii-na-albantsite-da-se-obedinat-za-zaednichki-front-na-evropa/ Tue, 21 Mar 2023 15:23:24 +0000 https://republika.mk/?p=622124

Премиерот Димитар Ковачевски денеска не сакаше да ја коментира изјавата на лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, кој ги повика сите партии на Албанците да се обединат за заеднички фронт на Европа. Одговарајќи на новинарско прашање премиерот рече дека не стравува оти бројот на министри Албанци во Владата би се зголемил со евентуален влез и на други партии на Албанците во владејачката коалиција.

Ќе мора да го прашате за коментар господинот Ахмети. Јас не можам да коментирам негови изјави меѓутоа пораката е, како што јас ја гледам, господинот Ахмети, како и јас, како и претседателите на партиите, кои што се во нашата владина коалиција, сме за зачленување на Македонија во ЕУ, рече премиерот на прес-конференција во Владата.

На прашањето дали стравува дека дополнително би се зголемил бројот на министри Албанци во Владата, Ковачевски рече дека не стравува од тоа, бидејќи за него сите луѓе се исти и оти етничката припадност не е професија.

Јас никогаш не сум стравувал по кој било основ во врска со кој било човек. За мене сите луѓе се исти и пред закон и пред критериуми за оценување на нивната професионалност. Јас сум кажал во неколку наврати дека за мене етничка припадност не е професија. Ние имаме исклучително квалитетни луѓе кои што се Македонци, Албанци, Власи, Турци, Срби, Роми, Бошњаци..., сите коишто живеат во нашата држава и сите тие го дале својот придонес за унапредувањето на нашата држава, рече Ковачевски.

Премиерот посочи дека земјата ги доби највисоките комплименти за организирање на разговорите помеѓу Косово и Србија со посредство на ЕУ во саботата и во неделата во Охрид.

Од ниво на држава пред 31 држава, до ниво денес да бидеме земја членка на НАТО, да бидеме земја која преговара со ЕУ, земја која што претседава со ОБСЕ во најтешката година за европскиот континент, земја во која што се депонирани договорите од Берлинскиот процес потпишани помеѓу сите земји членки на ЕУ и она што е исклучително важно и на што треба сите да сме исклучително горди - држава која во минатото по различни држави беше дел од преговори по преговарачки маси во саботата и неделата ние бевме државата на која што и се даде довербата да ги организираме преговорите помеѓу Србија и Косово, нешто што го направивме на најврвно ниво. Сакам да се заблагодарам на сите институции и каде што и од ЕУ и од САД и од претставниците на Косово и на Србија добивме и комплименти и благодарност за сето тоа што го направивме и што организиравме за мирен Балкан и за Балкан кој што се движи кон ЕУ, рече Ковачевски.

The post Ковачевски не сакаше да ја коментира изјавата на Ахмети кој ги повика сите партии на Албанците да се обединат за заеднички фронт на Европа appeared first on Република.

Мицкоски до пратениците од СДСМ: Одважете се, не подлегнувајте на притисоците и не дозволувајте Ахмети, Рама и раководството заради тендери да ја втурнат државата во пекол https://arhiva3.republika.mk/vesti/mitskoski-do-pratenitsite-od-sdsm-odvazhete-se-ne-podlegnuvajte-na-pritisotsite-i-ne-dozvoluvajte-ahmeti-rama-i-rakovodstvoto-zaradi-tenderi-da-ja-vturnat-drzhavata-vo-pekol/ Tue, 14 Feb 2023 14:07:34 +0000 https://republika.mk/?p=608935

Вчера слушавме пратеничка од Алтернатива која јавно на говорница кажа дека за време на ноемвриските настани во 2021 година македонската влада ја составувал Еди Рама и член на семејството на Адем Јашари. Тие ја составиле владата на СДСМ и ДУИ и Ковачевски со ова само потврдува дека е слеп послушник на Али Ахмети и уште пострашно Артан Груби, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Кавадарци одговарајќи на новинарско прашање.

Мицкоски посочи дека СДСМ никогаш не бил во полоша состојба и немал послабо раководство како актуелното кое работи само за провизии од тендери и ги повика пратениците од СДСМ со различен став да се одважат и да не дозволат овие луѓе да ја доведат Македонија во пропаст.

– СДСМ со ова раководство никогаш не бил во полоша состојба, и никогаш немал послабо раководство и тоа е работа на членовите и активистите. Тоа е партија која е присутна на политичката сцена повеќе од 3 децении како наследник на Сојузот на комунисти и има своја традиција и не би било добро овие луѓе кои денеска го водат СДСМ да го згаснат. Апелирам до пратениците на СДСМ и сите оние кои изминатиов период даваа знаци и позиции различни од раководството, свесен сум дека има голем број закани од полукриминални структури управувани од раководството, нека се одважат да не се плашат и нека застанат на патот на двајца тројца од раководството кои ја уништуваат иднината и на Македонија, истакна Мицкоски.

Мицкоски ги повика да не бидат заложници на Али Ахмети, и да не дозволат повторно Еди Рама да ја составува идната влада на Македонија.

Нивен интерес е Македонија да биде слаба и опљачкана, на колена, застанете до нас, подадете рака, немојте да дозволите тие криминалци во раководството на СДСМ кои имаат интерес само да ги поделат провизиите од тендерите да ве втурнат во пеколот кој и го подготвуваат на Македонија.

The post Мицкоски до пратениците од СДСМ: Одважете се, не подлегнувајте на притисоците и не дозволувајте Ахмети, Рама и раководството заради тендери да ја втурнат државата во пекол appeared first on Република.

]]>

Вчера слушавме пратеничка од Алтернатива која јавно на говорница кажа дека за време на ноемвриските настани во 2021 година македонската влада ја составувал Еди Рама и член на семејството на Адем Јашари. Тие ја составиле владата на СДСМ и ДУИ и Ковачевски со ова само потврдува дека е слеп послушник на Али Ахмети и уште пострашно Артан Груби, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Кавадарци одговарајќи на новинарско прашање. Мицкоски посочи дека СДСМ никогаш не бил во полоша состојба и немал послабо раководство како актуелното кое работи само за провизии од тендери и ги повика пратениците од СДСМ со различен став да се одважат и да не дозволат овие луѓе да ја доведат Македонија во пропаст. – СДСМ со ова раководство никогаш не бил во полоша состојба, и никогаш немал послабо раководство и тоа е работа на членовите и активистите. Тоа е партија која е присутна на политичката сцена повеќе од 3 децении како наследник на Сојузот на комунисти и има своја традиција и не би било добро овие луѓе кои денеска го водат СДСМ да го згаснат. Апелирам до пратениците на СДСМ и сите оние кои изминатиов период даваа знаци и позиции различни од раководството, свесен сум дека има голем број закани од полукриминални структури управувани од раководството, нека се одважат да не се плашат и нека застанат на патот на двајца тројца од раководството кои ја уништуваат иднината и на Македонија, истакна Мицкоски. Мицкоски ги повика да не бидат заложници на Али Ахмети, и да не дозволат повторно Еди Рама да ја составува идната влада на Македонија.
Нивен интерес е Македонија да биде слаба и опљачкана, на колена, застанете до нас, подадете рака, немојте да дозволите тие криминалци во раководството на СДСМ кои имаат интерес само да ги поделат провизиите од тендерите да ве втурнат во пеколот кој и го подготвуваат на Македонија.
 
The post Мицкоски до пратениците од СДСМ: Одважете се, не подлегнувајте на притисоците и не дозволувајте Ахмети, Рама и раководството заради тендери да ја втурнат државата во пекол appeared first on Република.

]]>
Во живо: Изјави на министерот Бектеши и директорот на АД ЕСМ Ковачевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-zivo-izjavi-na-ministerot-bekteshi-i-direktorot-na-ad-esm-kovachevski/ Sat, 15 Oct 2022 08:42:14 +0000 https://republika.mk/?p=561386

Изјави на министерот за економија Крешник Бектеши и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски по посета на Топлана Исток каде што ќе го одбележат почетокот на грејната сезона.

The post Во живо: Изјави на министерот Бектеши и директорот на АД ЕСМ Ковачевски appeared first on Република.

Во живо: Изјава на Ковачевски по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zivo-izjava-na-kovachevski-po-sredbata-so-liderot-na-vmro-dpmne-hristijan-mickoski/ Tue, 04 Oct 2022 16:43:17 +0000 https://republika.mk/?p=557354

Изјава на премиерот Димитар Ковачевски по средбата во Владата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

https://www.youtube.com/watch?v=W7y6qRzr3F8

The post Во живо: Изјава на Ковачевски по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Изјава на премиерот Димитар Ковачевски по средбата во Владата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. https://www.youtube.com/watch?v=W7y6qRzr3F8

The post Во живо: Изјава на Ковачевски по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска: Се додека сум јас министер за култура нема да има цензура во ниту еден проект поддржан од Министерството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kostadinovska-stojchevska-se-dodeka-sum-jas-minister-za-kultura-nema-da-ima-cenzura-vo-nitu-eden-proekt-poddrzan-od-ministerstvoto/ Fri, 05 Aug 2022 12:32:48 +0000 https://republika.mk/?p=537140

По реакциите во јавност за мојата изјава во интервју за VOA, чувствувам обврска да објаснам неколку аспекти, напиша на својот фејсбук профил, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

ЦЕНЗУРАТА е одлик на минати општества или минати власти и неа не и е местото во 21век, во земја кандидат за полноправно членство во ЕУ. Цензурата е феномен кој се коси со демократијата и слободата на говор во која денес и тоа како уживаме!

Токму затоа, мојата изјава започнува со зборовите “Слободно нека творат!”

Како министерка, се додека сум јас на тоа место, нема да има цензура во ниту еден проект поддржан од Министерството за култура. Исто така, сакам да сум апсолутно јасна, додека сум јас министерка, нема да има простор да се ограничува или насочува кој било уметник на кој било начин, тоа е против сите мои лични и пред сѐ професионални уверувања.

Доколку изјавата која денес е цел на “слободни” толкувања, повредила чувства, порив, мотив и обиди за творење, жал ми е. Намерата апсолутно не е да се насочува или ограничува, напротив, мојата интенција секогаш била и ќе биде поддршка на слободната мисла и изразување.

И за крај, би сакала да повторам: Слободата на уметникот е огромна. Таа е неприкосновена. Таа слобода НИКОЈ не може да ја ограничи. И тука, никој не треба да има дилеми.

The post Костадиновска-Стојчевска: Се додека сум јас министер за култура нема да има цензура во ниту еден проект поддржан од Министерството appeared first on Република.

]]>

По реакциите во јавност за мојата изјава во интервју за VOA, чувствувам обврска да објаснам неколку аспекти, напиша на својот фејсбук профил, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

ЦЕНЗУРАТА е одлик на минати општества или минати власти и неа не и е местото во 21век, во земја кандидат за полноправно членство во ЕУ. Цензурата е феномен кој се коси со демократијата и слободата на говор во која денес и тоа како уживаме!
Токму затоа, мојата изјава започнува со зборовите “Слободно нека творат!” Како министерка, се додека сум јас на тоа место, нема да има цензура во ниту еден проект поддржан од Министерството за култура. Исто така, сакам да сум апсолутно јасна, додека сум јас министерка, нема да има простор да се ограничува или насочува кој било уметник на кој било начин, тоа е против сите мои лични и пред сѐ професионални уверувања. Доколку изјавата која денес е цел на “слободни” толкувања, повредила чувства, порив, мотив и обиди за творење, жал ми е. Намерата апсолутно не е да се насочува или ограничува, напротив, мојата интенција секогаш била и ќе биде поддршка на слободната мисла и изразување.  

И за крај, би сакала да повторам: Слободата на уметникот е огромна. Таа е неприкосновена. Таа слобода НИКОЈ не може да ја ограничи. И тука, никој не треба да има дилеми.

The post Костадиновска-Стојчевска: Се додека сум јас министер за култура нема да има цензура во ниту еден проект поддржан од Министерството appeared first on Република.

]]>
Ќе ни ја објасни некој македонската еднострана изјава за јазикот што денеска беше доставена во Брисел?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trajkovska-kje-ni-ja-objasni-nekoj-makedonskata-ednostrana-izjava-za-jazikot-shto-deneska-beshe-dostavena-vo-brisel/ Tue, 19 Jul 2022 15:17:47 +0000 https://republika.mk/?p=531141

Ќе ни ја објасни некој македонската еднострана изјава за јазикот што денеска беше доставена во Брисел?!, пишува во својот статус на Фејсбук, Жанета Трајковска.
Сфативме дека не е лекторирана и дека е пишувана од чиновник во Владата, оти според начинот на кој е напишана, термините што се користат, незнаењето правопис и кога се користи голема буква, овој текст не го видел македонист, не го видел лектор, не го видел ниту некој со базично знаење правопис и македонски јазик.
Јас вака ја читам, ве молам поправете ме:
- Македонија доброволно го ограничува постоењето на македонскиот јазик на територија на сегашната држава, игнорирајќи ја историјата на Македонија и поделбата на три дела, како и македонскиот народ што живее во Грција, Бугарија, Албанија...
- Македонија доброволно укажува дека јазикот постои само од 1945 година кога е кодифициран, што не е целосно точно (процесот е почнат на првото заседание на АСНОМ на 2 август, кога македонскиот јазик е прогласен за службен јазик во Македонија), а во текстот никаде не е споменат процесот на создавање на македонскиот јазик пред неговата кодификација, небаре не постоел, освен општи флоскули... Ама нашите баби и дедовци зборувале што?! Како се појавил одеднаш во 1945 година македонскиот јазик? Да не го измислиле партизаните и Коминтерната??
Многу би сакала стручна - вистински стручна дебата на македонисти и авторот на оваа изјава. Би сакала да ни се објасни позицијата на македонската еднострана изјава и нејзините последици, бугарската еднострана изјава, нивната меѓусебна корелација и што е тоа што ние сме потврдиле, односно сме се согласиле да потврдиме и да игнорираме со ова парче хартија.
Мерси!, пишува Трајковска.

The post Ќе ни ја објасни некој македонската еднострана изјава за јазикот што денеска беше доставена во Брисел?! appeared first on Република.

]]>

Ќе ни ја објасни некој македонската еднострана изјава за јазикот што денеска беше доставена во Брисел?!, пишува во својот статус на Фејсбук, Жанета Трајковска. Сфативме дека не е лекторирана и дека е пишувана од чиновник во Владата, оти според начинот на кој е напишана, термините што се користат, незнаењето правопис и кога се користи голема буква, овој текст не го видел македонист, не го видел лектор, не го видел ниту некој со базично знаење правопис и македонски јазик. Јас вака ја читам, ве молам поправете ме: - Македонија доброволно го ограничува постоењето на македонскиот јазик на територија на сегашната држава, игнорирајќи ја историјата на Македонија и поделбата на три дела, како и македонскиот народ што живее во Грција, Бугарија, Албанија... - Македонија доброволно укажува дека јазикот постои само од 1945 година кога е кодифициран, што не е целосно точно (процесот е почнат на првото заседание на АСНОМ на 2 август, кога македонскиот јазик е прогласен за службен јазик во Македонија), а во текстот никаде не е споменат процесот на создавање на македонскиот јазик пред неговата кодификација, небаре не постоел, освен општи флоскули... Ама нашите баби и дедовци зборувале што?! Како се појавил одеднаш во 1945 година македонскиот јазик? Да не го измислиле партизаните и Коминтерната?? Многу би сакала стручна - вистински стручна дебата на македонисти и авторот на оваа изјава. Би сакала да ни се објасни позицијата на македонската еднострана изјава и нејзините последици, бугарската еднострана изјава, нивната меѓусебна корелација и што е тоа што ние сме потврдиле, односно сме се согласиле да потврдиме и да игнорираме со ова парче хартија. Мерси!, пишува Трајковска.

The post Ќе ни ја објасни некој македонската еднострана изјава за јазикот што денеска беше доставена во Брисел?! appeared first on Република.

]]>
Пренџов ја објави изјавата заверена на нотар: Никогаш нема да гласам за да се промени македонскиот Устав https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prendzov-ja-objavi-izjavata-zaverena-na-notar-nikogash-nema-da-glasam-za-da-se-promeni-makedonskiot-ustav/ Sat, 16 Jul 2022 15:22:57 +0000 https://republika.mk/?p=530029

Претеникот Љупчо Пренџов на својата официјална Фејсбук страница ја објави неговата изјава заверена на нотар дека никогаш нема да гласа за промени во македонскиот Устав.

Јас Љупчо Пренџов никогаш нема да гласам за да се промени македонскиот Устав ниту ќе поддржам било каква иницијатива, предлог или заклучок кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава. Оваа моја изјава е цврст доказ и истата е неотповиклива. ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, пишува тој во својата објава.

The post Пренџов ја објави изјавата заверена на нотар: Никогаш нема да гласам за да се промени македонскиот Устав appeared first on Република.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски ја објави нотарската изјава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/potpretsedatelot-na-vmro-dpmne-vlado-misajlovski-ja-objavi-notarskata-izjava/ Sat, 16 Jul 2022 13:34:01 +0000 https://republika.mk/?p=529975

Ништо не е готово, заедно ќе победиме, сите пратеници се обврзуваме со нотарски изјави дека нема да поддржиме уставни измени.
Јас Владо Мисајловски никогаш нема да гласам да се промени македонскиот Устав ниту ќе поддржам било каква иницијатива, предлог или заклучок кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава. Оваа моја изјава е цврст доказ и истата е неотповиклива. ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!, напиша на фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Инаку, пратеникот Бојан Стојаноски прв ја објави својата изјава заверена на нотар.

Јас, Бојан Стојаноски, пратеник во македонското собрание, со мандат добиен од македонските граѓани на парламентарните избори во 2020 година, под полна морална, материјална и кривична одговорност изјавувам дека:

Нема да гласам за промена на македонскиот устав (“Службен весник на Република Македонија” бр. 52/1991) со цел внесување на бугарскиот народ во преамбулата или во било која одредба од истиот, ниту ќе поддржам било каква иницијатива, предлог или заклучок кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава.

Оваа моја изјава е дадена со чиста совест и истата е неотповиклива.
Никогаш, никогаш нема да дозволам тие што ми ја дале довербата, тие што ме познаваат, моите пријатели и семејството да одат со наведната глава.

Ние сме минливи, Македонија е ВЕЧНА !, напиша на фејсбук Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски ја објави нотарската изјава appeared first on Република.

]]>

Ништо не е готово, заедно ќе победиме, сите пратеници се обврзуваме со нотарски изјави дека нема да поддржиме уставни измени. Јас Владо Мисајловски никогаш нема да гласам да се промени македонскиот Устав ниту ќе поддржам било каква иницијатива, предлог или заклучок кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава. Оваа моја изјава е цврст доказ и истата е неотповиклива. ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!, напиша на фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Инаку, пратеникот Бојан Стојаноски прв ја објави својата изјава заверена на нотар.

Јас, Бојан Стојаноски, пратеник во македонското собрание, со мандат добиен од македонските граѓани на парламентарните избори во 2020 година, под полна морална, материјална и кривична одговорност изјавувам дека: Нема да гласам за промена на македонскиот устав (“Службен весник на Република Македонија” бр. 52/1991) со цел внесување на бугарскиот народ во преамбулата или во било која одредба од истиот, ниту ќе поддржам било каква иницијатива, предлог или заклучок кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава. Оваа моја изјава е дадена со чиста совест и истата е неотповиклива. Никогаш, никогаш нема да дозволам тие што ми ја дале довербата, тие што ме познаваат, моите пријатели и семејството да одат со наведната глава. Ние сме минливи, Македонија е ВЕЧНА !, напиша на фејсбук Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски ја објави нотарската изјава appeared first on Република.

]]>