изгризан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izgrizan/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Dec 2023 09:05:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png изгризан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izgrizan/ 32 32 Трагедија на гостиварска фарма, син го пронашол таткото мртов целосно изгризан од животни https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tragedija-na-gostivarska-farma-sin-go-pronashol-tatkoto-mrtov-tselosno-izgrizan-od-zhivotni/ Sun, 24 Dec 2023 15:07:57 +0000 https://republika.mk/?p=726184

Повозрасен жител на гостиварското село Форино бил пронајден мртов со рани нанесени од животни во близина на добиточната фарма во атарот на селото Форино.

Од СВР Тетово информираат дека телото го пронашол неговиот син Р.Е. (48) вчера попладне во близина на штала која ја користел.

Според пријавата, Џ.Е. (83) бил паднат на земја и имал повеќе рани по телото, најверојатно нанесени од животни.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар, а по насоки од Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција, наведуваат од СВР Тетово.

The post Трагедија на гостиварска фарма, син го пронашол таткото мртов целосно изгризан од животни appeared first on Република.

]]>

Повозрасен жител на гостиварското село Форино бил пронајден мртов со рани нанесени од животни во близина на добиточната фарма во атарот на селото Форино. Од СВР Тетово информираат дека телото го пронашол неговиот син Р.Е. (48) вчера попладне во близина на штала која ја користел. Според пријавата, Џ.Е. (83) бил паднат на земја и имал повеќе рани по телото, најверојатно нанесени од животни.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар, а по насоки од Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција, наведуваат од СВР Тетово.

The post Трагедија на гостиварска фарма, син го пронашол таткото мртов целосно изгризан од животни appeared first on Република.

]]>
По четири години агонија и болки, почина мажот кому мачка му го гризна прстот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/po-chetiri-godini-agonija-i-bolki-pochina-mazot-komu-machka-mu-go-grizna-prstot/ Thu, 15 Dec 2022 11:46:17 +0000 https://republika.mk/?p=585901

Данец, кому пред четири години мачка му го гризнала прстот, починал откако се заразил со бактерија која „јаде човечко месо“.

Хенрик Кригбаум Плетнер вдомил мачка и нејзините мачиња од засолниште во 2018 година, а едно од нив го каснало за показалецот. За неколку часа, неговата рака мнгоу отекла. Се јавил на лекар, но му рекле да почека до следниот ден. На крајот завршил во болница каде останал цел месец при што морал да направи 15 операции.

Четири месеци по последната операција, неговиот прст сè уште не функционирал како што треба и лекарите решиле да му го ампутираат.

И покрај тоа, здравјето на 33-годишникот почнало да се влошува, а неговата мајка за локалните медиуми изјавила дека имунитетот му е ослабен, развил пневмонија, гихт и дијабетес.

Мачката го гризна низ крвениот сад и бактериите му се шират низ крвта, објасни таа.

Инфекциите на ткивата по каснување од мачки често се предизвикани од бактеријата Pasteurella multocida. Во одредени случаи, ова може да доведе до ретка бактериска инфекција наречена некротизирачки фасциитис, која може да биде фатална.

Семејството на Плетнер соопшти дека тој починал во октомври, но дека решиле да го објават во јавност сега за да ги предупредат другите сериозно да ги сфатат каснувањата од мачки.

Знаевме дека е лошо, но не знаевме дека е толку сериозно болен. Одете на лекар веднаш, немојте да мислите „тоа е само мачка“. Не преземајте ризици, рече неговата вдовица Дезире.

The post По четири години агонија и болки, почина мажот кому мачка му го гризна прстот appeared first on Република.

]]>

Данец, кому пред четири години мачка му го гризнала прстот, починал откако се заразил со бактерија која „јаде човечко месо“. Хенрик Кригбаум Плетнер вдомил мачка и нејзините мачиња од засолниште во 2018 година, а едно од нив го каснало за показалецот. За неколку часа, неговата рака мнгоу отекла. Се јавил на лекар, но му рекле да почека до следниот ден. На крајот завршил во болница каде останал цел месец при што морал да направи 15 операции. Четири месеци по последната операција, неговиот прст сè уште не функционирал како што треба и лекарите решиле да му го ампутираат. И покрај тоа, здравјето на 33-годишникот почнало да се влошува, а неговата мајка за локалните медиуми изјавила дека имунитетот му е ослабен, развил пневмонија, гихт и дијабетес.
Мачката го гризна низ крвениот сад и бактериите му се шират низ крвта, објасни таа.
Инфекциите на ткивата по каснување од мачки често се предизвикани од бактеријата Pasteurella multocida. Во одредени случаи, ова може да доведе до ретка бактериска инфекција наречена некротизирачки фасциитис, која може да биде фатална. Семејството на Плетнер соопшти дека тој починал во октомври, но дека решиле да го објават во јавност сега за да ги предупредат другите сериозно да ги сфатат каснувањата од мачки. Знаевме дека е лошо, но не знаевме дека е толку сериозно болен. Одете на лекар веднаш, немојте да мислите „тоа е само мачка“. Не преземајте ризици, рече неговата вдовица Дезире.

The post По четири години агонија и болки, почина мажот кому мачка му го гризна прстот appeared first on Република.

]]>