изгореница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izgorenica/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Sep 2023 17:04:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png изгореница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izgorenica/ 32 32 Девојче добило повреди под окото и по телото и скршена клучната коска додека било во градинка, родителите откриле кога ја земале дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/devojche-dobilo-povredi-pod-okoto-i-po-teloto-i-skrshena-kluchnata-koska-dodeka-bilo-vo-gradinka-roditelite-otkrile-koga-ja-zemale-doma/ Sat, 23 Sep 2023 16:33:36 +0000 https://republika.mk/?p=684453

Родител пријавил во СВР Скопје дека неговата малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда во градинка на подрачје на Шуто Оризари.

Таткото на 11-месечното бебе тврди дека тоа било тешко повредено во градинката 8 Април во Шуто Оризари. Тој вели дека бебето било само два ипол часа во градинката и за тој период добило видливи повреди под десното око, гребнатини по телото и скршена му била клучната коска. За повредите сметаа дека се виновни двете негувателки кои не го информирале навремено семејството. Кога мајката го однела бебето дома забележала дека тоа плаче без престан. Првично сметала дека тоа е така бидејќи бебето овој месец почнало да оди во градинка и се уште му е фаза на адаптација, но подоцна ги забележала видливите повреди по телото и по одговори се упатила во градинката.

Негувателките тврдеа дека е нормално за бебето да е вознемирено затоа што му растеле заби. Таа нервоза кај бебето била причина за самото да се повреди, вели за „Телма“, Имер Салиу, татко на бебето.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа во 19:50 часот во СВР Скопје, И.С.(28) од Скопје пријавил дека во текот на денот во детска градинка на подрачје на Шуто Оризари неговата малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Според пријавеното, неговата сопруга ја однела нивната ќерка во градинката околу 08:00 часот и, бидејќи е во период на адаптација, ја зела во 10:00 часот. Исто така, според пријавеното, кога го донела дома и почнала да го пресоблекува, девојчето не престанувало да плаче, по што го однеле во Ургентниот центар, каде што лекар ја констатирал повредата, се наведува во соопштение на Министерството за внатрешни работи.

The post Девојче добило повреди под окото и по телото и скршена клучната коска додека било во градинка, родителите откриле кога ја земале дома appeared first on Република.

]]>

Родител пријавил во СВР Скопје дека неговата малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда во градинка на подрачје на Шуто Оризари. Таткото на 11-месечното бебе тврди дека тоа било тешко повредено во градинката 8 Април во Шуто Оризари. Тој вели дека бебето било само два ипол часа во градинката и за тој период добило видливи повреди под десното око, гребнатини по телото и скршена му била клучната коска. За повредите сметаа дека се виновни двете негувателки кои не го информирале навремено семејството. Кога мајката го однела бебето дома забележала дека тоа плаче без престан. Првично сметала дека тоа е така бидејќи бебето овој месец почнало да оди во градинка и се уште му е фаза на адаптација, но подоцна ги забележала видливите повреди по телото и по одговори се упатила во градинката.
Негувателките тврдеа дека е нормално за бебето да е вознемирено затоа што му растеле заби. Таа нервоза кај бебето била причина за самото да се повреди, вели за „Телма“, Имер Салиу, татко на бебето.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Синоќа во 19:50 часот во СВР Скопје, И.С.(28) од Скопје пријавил дека во текот на денот во детска градинка на подрачје на Шуто Оризари неговата малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Според пријавеното, неговата сопруга ја однела нивната ќерка во градинката околу 08:00 часот и, бидејќи е во период на адаптација, ја зела во 10:00 часот. Исто така, според пријавеното, кога го донела дома и почнала да го пресоблекува, девојчето не престанувало да плаче, по што го однеле во Ургентниот центар, каде што лекар ја констатирал повредата, се наведува во соопштение на Министерството за внатрешни работи.

The post Девојче добило повреди под окото и по телото и скршена клучната коска додека било во градинка, родителите откриле кога ја земале дома appeared first on Република.

]]>
Грција ги предупреди капачите да не влегуваат во вода: Објавена мапа каде се има појавено опасната вилетова медуза https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/predupreduvanje-do-kapachite-da-ne-vleguvaat-vo-voda-grcija-objavi-mapa-kade-se-ima-pojaveno-opasnata-viletova-meduza/ Mon, 20 Jun 2022 13:57:40 +0000 https://republika.mk/?p=517678

Во грчките води, во Егејското и Јонското море, има инвазија на виолетова медуза „Pelagia noctiluca“, а експертите го обвинуваат порастот на температурата на морето, како и претераниот риболов. Виолетовите медузи, во голем број се забележани во централното и северното Егејско Море, во Саронскиот Залив во близина на Атина, како и на неколку острови во Јонското Море.

Сепак, проблемот не е само грчки, бидејќи го зафаќа целото Средоземно Море – пишува „Keep Talking Greece“.

Грчката опсерваторија за биодиверзитет (Biodiversity Biodiversity) објави мапа на која се прикажани областите и плажите каде што се наоѓаат медузи. Картата постојано се ажурира, а корисниците можат да додадат во листата на плажи каде што виделе медузи.

Виолетовата медуза е еден од најопасните видови на Медитеранот поради силниот невротоксин што го има, а се пренесува со убоди.

Изгорениците на овие медузи се многу болни. Доколку имате контактот со нив, бидејќи се појавуваат во јата, може да покрие повеќе од половина од телото, а тогаш е неопходна хоспитализација. Тие ослободуваат невротоксини, па на кожата се појавуваат отоци, болни изгореници и осип, а оние со преосетливост може да имаат и срцеви проблеми, тахикардија, пад на притисокот, силни главоболки, дијареја, бронхоспазам, гушење и повраќање.

Сега нивната појава е честа поради промената на климатските услови и зголемувањето на температурата на морето, а претходно била забележана во интервали од 10-ина години.

Засега, предупредувањето за појавата на виолетова медуза се однесува на туристи кои летуваат или планираат да летуваат на Кефалонија, Закинтос, Крф, Пелопонез, но и да ги посетат Паксос и Антипаксос. Локалните медиуми на големо пишуваат дека се забележани и на плажите во Атина. Се предупредуваат капачите да не влегуваат во водата.

Не очекувавме дека летово ќе има толку многу виолетови медузи кои минатото лето беа локализирани само во помали делови од Егејското Море, за летово да се прошират на целото Средоземно Море и Јонското Море. Ја следиме ситуацијата и чекаме да видиме што ќе се случи на Јадранското Море - вели за ТВ Скај Христос Таклис, морски биолог и менаџер на грчката опсерваторија за биодиверзитет.

Тој објаснува дека медузите од Италија пристигнале во потрага по потопла вода, бидејќи се хранат со планктони. Овој вид медуза досега беше присутен во Медитеранот, главно во близина на шпанскиот и италијанскиот брег.

Како да го третирате каснувањето?

Кога ќе ве изгори медуза, која било од нив, прво треба да ја отстраните ако остане на кожата и веднаш со кружни движења изгореното место добро да го истријте на брегот со песок за да ги извадите остатоците од медузата. Потоа добро исплакнете со морска вода, па нанесете ја кремата од грчкиот лек „fenystil“. Повторете го нанесувањето на кремот. Може да се земе и антихистаминска таблета.

Местото на изгореницата треба да се завитка цврсто со завој и во никој случај не смее на него да се нанесува оцет, свежа вода, алкохол или амонијак.

Доколку имате други проблеми освен чешање и печење, веднаш посетете лекар.

The post Грција ги предупреди капачите да не влегуваат во вода: Објавена мапа каде се има појавено опасната вилетова медуза appeared first on Република.

]]>

Во грчките води, во Егејското и Јонското море, има инвазија на виолетова медуза „Pelagia noctiluca“, а експертите го обвинуваат порастот на температурата на морето, како и претераниот риболов. Виолетовите медузи, во голем број се забележани во централното и северното Егејско Море, во Саронскиот Залив во близина на Атина, како и на неколку острови во Јонското Море. Сепак, проблемот не е само грчки, бидејќи го зафаќа целото Средоземно Море – пишува „Keep Talking Greece“. Грчката опсерваторија за биодиверзитет (Biodiversity Biodiversity) објави мапа на која се прикажани областите и плажите каде што се наоѓаат медузи. Картата постојано се ажурира, а корисниците можат да додадат во листата на плажи каде што виделе медузи. Виолетовата медуза е еден од најопасните видови на Медитеранот поради силниот невротоксин што го има, а се пренесува со убоди. Изгорениците на овие медузи се многу болни. Доколку имате контактот со нив, бидејќи се појавуваат во јата, може да покрие повеќе од половина од телото, а тогаш е неопходна хоспитализација. Тие ослободуваат невротоксини, па на кожата се појавуваат отоци, болни изгореници и осип, а оние со преосетливост може да имаат и срцеви проблеми, тахикардија, пад на притисокот, силни главоболки, дијареја, бронхоспазам, гушење и повраќање.
Сега нивната појава е честа поради промената на климатските услови и зголемувањето на температурата на морето, а претходно била забележана во интервали од 10-ина години. Засега, предупредувањето за појавата на виолетова медуза се однесува на туристи кои летуваат или планираат да летуваат на Кефалонија, Закинтос, Крф, Пелопонез, но и да ги посетат Паксос и Антипаксос. Локалните медиуми на големо пишуваат дека се забележани и на плажите во Атина. Се предупредуваат капачите да не влегуваат во водата.
Не очекувавме дека летово ќе има толку многу виолетови медузи кои минатото лето беа локализирани само во помали делови од Егејското Море, за летово да се прошират на целото Средоземно Море и Јонското Море. Ја следиме ситуацијата и чекаме да видиме што ќе се случи на Јадранското Море - вели за ТВ Скај Христос Таклис, морски биолог и менаџер на грчката опсерваторија за биодиверзитет.
Тој објаснува дека медузите од Италија пристигнале во потрага по потопла вода, бидејќи се хранат со планктони. Овој вид медуза досега беше присутен во Медитеранот, главно во близина на шпанскиот и италијанскиот брег.

Како да го третирате каснувањето?

Кога ќе ве изгори медуза, која било од нив, прво треба да ја отстраните ако остане на кожата и веднаш со кружни движења изгореното место добро да го истријте на брегот со песок за да ги извадите остатоците од медузата. Потоа добро исплакнете со морска вода, па нанесете ја кремата од грчкиот лек „fenystil“. Повторете го нанесувањето на кремот. Може да се земе и антихистаминска таблета. Местото на изгореницата треба да се завитка цврсто со завој и во никој случај не смее на него да се нанесува оцет, свежа вода, алкохол или амонијак. Доколку имате други проблеми освен чешање и печење, веднаш посетете лекар.

The post Грција ги предупреди капачите да не влегуваат во вода: Објавена мапа каде се има појавено опасната вилетова медуза appeared first on Република.

]]>