изгорена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izgorena/ За подобро да се разбереме Sun, 13 Feb 2022 09:46:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png изгорена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izgorena/ 32 32 Изгоре куќа во Скопје, пожарот изгаснат https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/izgore-kukja-vo-skopje-pozarot-izgasnat/ Sun, 13 Feb 2022 09:44:37 +0000 https://republika.mk/?p=457759

Куќа на ул. „1737“ во близина на Адвокатската улица во Скопје изгоре во пожар што избувнал ноќеска. Во Пожарна бил пријавен во 3.20 часот и интервенирале 13 пожарникари со шест возила.

Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, за МИА изјави дека пожарот зафатил површина од околу 350 квадратни метри и дека бил во фаза на распламтување низ целиот објект кога пожарникарите дошле да го гасат.

Почнат е од подрумските простории, проширен е на приземје и на катот, рече Томевски, додавајќи дека е изгаснат и во моментов се расчистува локацијата, а бидејќи се работи за стар објект, изграден од дрво, на терен е сè уште противпожарна екипа.

Сопствениците на опожарената куќа ја имаат издадено под кирија и во неа работат  печатница и адвокатски канцеларии. Тие беа на местото на пожарот и се сомневаат дека е подметнат зашто во септември изгорела и соседната куќа, како што велат –  исто така во недела.

The post Изгоре куќа во Скопје, пожарот изгаснат appeared first on Република.

]]>

Куќа на ул. „1737“ во близина на Адвокатската улица во Скопје изгоре во пожар што избувнал ноќеска. Во Пожарна бил пријавен во 3.20 часот и интервенирале 13 пожарникари со шест возила. Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, за МИА изјави дека пожарот зафатил површина од околу 350 квадратни метри и дека бил во фаза на распламтување низ целиот објект кога пожарникарите дошле да го гасат.