изгорен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izgoren/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Feb 2022 16:04:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png изгорен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izgoren/ 32 32 „Метак транс“ чека извештај од германската полиција за изгорениот автобус https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/metak-trans-cheka-izveshtaj-od-germanskata-policija-za-izgoreniot-avtobus/ Tue, 22 Feb 2022 17:43:09 +0000 https://republika.mk/?p=462068

Транспортната компанија „Метак транс“ од виничкото село Градец, чиј автобус настрада во пожар во германскиот град Билефелд, го очекува извештајот од увидот на локалната полиција за да може да преземе понатамошни активности за заштита на своите права.

Автобусот целосно изгоре во петокот вечерта, а сопствениците на компанијата имаат оправдани сомневања дека пожарот бил подметнат.

Неколку дена претходно возилото стоело паркирано на вообичаената локација и дури во саботата наутро, возачот констатирал дека целосно е оштетен. Мојот сопруг веднаш замина во Германија и веќе добивме известување дека тамошната полиција работи на случајот. Очекуваме да се потврдат нашите сомневања дека пожарот е подметнат од македонски граѓани кои извршуваат нелегален превоз на патници, односно користат комбиња и други превозни средства, без да обезбедат лиценци и соодветни дозволи за тоа. Веројатно, нашето легално работење за нив е конкурентно и се обидуваат на овој начин да нè попречат. Јавна тајна е дека има нелегален превоз на македонски граѓани кои работат во странство, при што дивите превозници им го продаваат билетот по иста цена како и ние, но кон државата не плаќаат никакви давачки и го оштетуваат буџетот, истакна за МИА, Јасминка Цонева, која заедно со сопругот Станко ја раководи компанијата „Метак транс“.

Изгорениот автобус бил набавен неодамна, технички бил целосно исправен и од крајот на минатата година со него веќе биле реализирани неколку тури со патници до Германија и назад. Извештајот од германската полиција е неопходен при соодветната постапка за утврдување и наплата на штетата.

Направена ни е директна штета од над 85 илјади евра, колку што чинеа возилото, царината и другите трошоци за набавка. Дополнително, оневозможени сме да ги реализираме планираните тури, па ќе имаме дополнителна загуба. Според законските одредби, автобусот беше пријавен кај овластено осигурително друштво, но за надомест на штетата потребна ни е полициската документација. Веројатно постапката ќе потрае извесен период, со што лицата кои го подметнале пожарот ќе ни го отежнат работењето, но ние ќе продолжиме како и до сега, нагласи Цонева.

Компанијата „Метак транс“ работи повеќе од една деценија со меѓународен транспорт на патници, при што освен за Германија, нејзините автобуси сообраќаат и до Словенија, Италија и други европски држави каде што работат и живеат македонски граѓани.

The post „Метак транс“ чека извештај од германската полиција за изгорениот автобус appeared first on Република.

]]>

Транспортната компанија „Метак транс“ од виничкото село Градец, чиј автобус настрада во пожар во германскиот град Билефелд, го очекува извештајот од увидот на локалната полиција за да може да преземе понатамошни активности за заштита на своите права. Автобусот целосно изгоре во петокот вечерта, а сопствениците на компанијата имаат оправдани сомневања дека пожарот бил подметнат.