издавање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izdavanje/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Sep 2024 09:24:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png издавање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izdavanje/ 32 32 Хрватска со закон ќе забрани издавање станови на еден ден https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hrvatska-so-zakon-ke-zabrani-izdavane-stanovi-na-eden-den/ Mon, 23 Sep 2024 09:24:45 +0000 https://republika.mk/?p=818924

Хрватскиот Сабор в четврток ќе расправа за предлог-законот за управување и одржување на згради, кој предизвика голем интерес во јавноста, а со кој има намера да се ограничи пренамена на станови во туристички апартмани и други форми на краткорочно изнајмување.

На сопствениците кои сакаат да ги пренаменат становите во иднина ќе им треба согласност од 80 отсто од косопствениците на зградата.

Според податоците од надлежните институции, 40 отсто од вкупниот станбен фонд во Хрватска не се користи за домување. Целта е тие околу 908.000 станови да се вратат во првобитната намена, нагласи ресорниот министер Бранко Бачиќ.

Казни се пропишани за сопствениците на станови кои самоволно затвораат балкони, градат настрешници или поставуваат клима уреди на фасадата.

The post Хрватска со закон ќе забрани издавање станови на еден ден appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот Сабор в четврток ќе расправа за предлог-законот за управување и одржување на згради, кој предизвика голем интерес во јавноста, а со кој има намера да се ограничи пренамена на станови во туристички апартмани и други форми на краткорочно изнајмување. На сопствениците кои сакаат да ги пренаменат становите во иднина ќе им треба согласност од 80 отсто од косопствениците на зградата. Според податоците од надлежните институции, 40 отсто од вкупниот станбен фонд во Хрватска не се користи за домување. Целта е тие околу 908.000 станови да се вратат во првобитната намена, нагласи ресорниот министер Бранко Бачиќ. Казни се пропишани за сопствениците на станови кои самоволно затвораат балкони, градат настрешници или поставуваат клима уреди на фасадата.  

The post Хрватска со закон ќе забрани издавање станови на еден ден appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Пасошите и личните документи се издаваат за 15 дена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-pasoshite-i-lichnite-dokumenti-se-izdavaat-za-15-dena/ Mon, 02 Sep 2024 09:41:07 +0000 https://republika.mk/?p=812211

Издавањето на патните исправи и личните документи е под контрола и издавањето е во законскиот рок од 15 дена, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој во ООУ „Стив Наумов“ во Скопје одговараше на новинарско прашање дали е решен проблемот издавањето на документите од страна на МВР.

Можам исто така со задоволство да кажам дека нередот којшто беше пракса за минатата влада на СДСМ и ДУИ во процесот на издавање на патните исправи и личните документи е целосно ставен под контрола и сега во рамките на законските 15 дена граѓаните можат да ги добијат патните документи, патните исправи и другите лични документи. Од информациите коишто ги добивам од МВР некаде околу 1.740 патни исправи се издадени и некаде околу 1.440 лични карти и некаде околу 750.000 возачки дозволи. Така што нема повеќе турканици, нема повеќе неред, нема повеќе понижување на македонските граѓани, рече Мицкоски.

Премиерот забележа дека тоа е уште еден доказ и оти не се сите исти, а оваа Влада се грижи за интересите на граѓаните.

The post Мицкоски: Пасошите и личните документи се издаваат за 15 дена appeared first on Република.

Од понеделник во Скопје готовите лични карти ќе се издаваат во надлежните полициски станици, според место на живеење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-ponedelnik-vo-skopje-gotovite-lichni-karti-ke-se-izdavaat-vo-nadlezhnite-politsiski-stanitsi-spored-mesto-na-zhiveene/ Sat, 09 Mar 2024 09:16:22 +0000 https://republika.mk/?p=752901

Министерството за внатрешни работи соопшти дека почнува со нов начин на издавање лични карти за жителите на Скопје.

Анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на Град Скопје доведе до заклучок дека е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го нема посакуваниот ефект и кај граѓаните и кај полициските службеници кои беа задолжени за достава, стои во соопштението.

МВР информира дека од понеделник, 11 март 2024 година, почнува нов процес за издавање лични карти во просториите на месно надлежните полициските станици, според место на живеење на граѓанинот наведено во личната карта.

Секој граѓанин ќе може да пристапи во кој било период од денот, секој ден од неделата, со цел да си ја подигне готовата лична карта.

The post Од понеделник во Скопје готовите лични карти ќе се издаваат во надлежните полициски станици, според место на живеење appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи соопшти дека почнува со нов начин на издавање лични карти за жителите на Скопје.
Анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на Град Скопје доведе до заклучок дека е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го нема посакуваниот ефект и кај граѓаните и кај полициските службеници кои беа задолжени за достава, стои во соопштението.
МВР информира дека од понеделник, 11 март 2024 година, почнува нов процес за издавање лични карти во просториите на месно надлежните полициските станици, според место на живеење на граѓанинот наведено во личната карта. Секој граѓанин ќе може да пристапи во кој било период од денот, секој ден од неделата, со цел да си ја подигне готовата лична карта.

The post Од понеделник во Скопје готовите лични карти ќе се издаваат во надлежните полициски станици, според место на живеење appeared first on Република.

]]>
Денеска ќе работат шалтерите за издавање документи во МРТВ и Беко https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deneska-ke-rabotat-shalterite-za-izdavane-dokumenti-vo-mrtv-i-beko/ Sat, 03 Feb 2024 07:28:43 +0000 https://republika.mk/?p=739918

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека денеска, сабота (03.02.2024), ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ во Скопје.

Шалтерите ќе работат од 08 до 16 часот.

The post Денеска ќе работат шалтерите за издавање документи во МРТВ и Беко appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека денеска, сабота (03.02.2024), ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ во Скопје. Шалтерите ќе работат од 08 до 16 часот.

The post Денеска ќе работат шалтерите за издавање документи во МРТВ и Беко appeared first on Република.

]]>
Шалтерите за издавање документи во МРТВ и Беко ќе работат и в сабота https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/shalterite-za-izdavane-dokumenti-vo-mrtv-i-beko-ke-rabotat-i-v-sabota/ Fri, 02 Feb 2024 17:18:05 +0000 https://republika.mk/?p=739841

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во сабота (03.02.2024) ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ во Скопје.

Шалтерите ќе работат од 08 до 16 часот.

The post Шалтерите за издавање документи во МРТВ и Беко ќе работат и в сабота appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во сабота (03.02.2024) ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ во Скопје. Шалтерите ќе работат од 08 до 16 часот.

The post Шалтерите за издавање документи во МРТВ и Беко ќе работат и в сабота appeared first on Република.

]]>
Шалтерите за издавање документи ќе работат и утре https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/shalterite-za-izdavane-dokumenti-ke-rabotat-i-utre/ Fri, 22 Dec 2023 19:52:45 +0000 https://republika.mk/?p=725812

Шалтерите за издавање готови документи во МРТВ и Беко ќе работат и во сабота, 23 декември, информира Министерството за внатрешни работи.

Министерството ги известува граѓаните дека утре ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ (од 08 до 20 часот) и Беко (од 08 до 16 часот).

The post Шалтерите за издавање документи ќе работат и утре appeared first on Република.

]]>

Шалтерите за издавање готови документи во МРТВ и Беко ќе работат и во сабота, 23 декември, информира Министерството за внатрешни работи. Министерството ги известува граѓаните дека утре ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ (од 08 до 20 часот) и Беко (од 08 до 16 часот).

The post Шалтерите за издавање документи ќе работат и утре appeared first on Република.

]]>
Непромисленоста на власта со издавањето еврообврзница, ќе ја чинат државава околу 18 милиони евра на име повисока камата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nepromislenosta-na-vlasta-so-izdavaneto-evroobvrznitsa-ke-ja-chinat-drzhavava-okolu-18-milioni-evra-na-ime-povisoka-kamata/ Wed, 08 Mar 2023 09:14:29 +0000 https://republika.mk/?p=617140 Конфузноста и некоординираноста на владините ресори во однос на издавањето на еврообврзницата и иссилената реконструкција на Владата ја чинат државава...

The post Непромисленоста на власта со издавањето еврообврзница, ќе ја чинат државава околу 18 милиони евра на име повисока камата appeared first on Република.

]]>
Конфузноста и некоординираноста на владините ресори во однос на издавањето на еврообврзницата и иссилената реконструкција на Владата ја чинат државава над 10 милиони евра. Според поранешниот министер за финансии, Трајко Славески, кој е и член на ИК на ВМРО ДПМНЕ, дури 18 милиони евра, ја чини Македонија оваа авантура на власта. Според Џевдет Хајредини, исто така поранешен министер за финансии, за ваквиот пропуст за новото задолжување со издадената еврообврзница некој ќе мора да одговара.

Министерството за финансии информираше дека издадената еврообврзница е со рок од 4 години, што значи дека со каматна стапка од 6,96 проценти на годишно нови за позајмените 500 милиони евра треба да се платат вкупно 139,2 милиони евра, или по 34,8 милиони евра годишно. Со ова вкупната камата за сите 9 еврообврзници во вредност од 3,9 милијарди евра (заедно со последнава) изнесува над една милијарда евра.

Вчерашната аукција беше втор обид за издавање еврообврзница, откако пред еден месец беше стопирана затоа што недостигаше потписот на министер за правда кој тие денови веќе поднел оставка. Документот за аукцијата стигна во Министерството за финансии, но Собранието веќе ја констатира оставката на тогашниот министер за правда Никола Тупанчески, чиј потпис беше неопходен за одржување аукција. Овој пропуст ја чини Македонија поголема камата затоа што претходната еврообврзница беше на износ од 600 милиони евра и со камата од 6,25 проценти годишно.

Пресметките покажуваат дека сега ќе плаќаме годишна камата од 34,8 милиони евра, додека по претходните услови за 500 милиони евра годишната камата би била 31,2 милиони. Каматата се плаќа еднаш годишно во рок од 4 години, колку што е рокот за отплата.

Од Министерството за финансии уверуваат дека, иако сегашната камата е повисока, каматниот трошок го испеглале.

Преку аукцијата се обезбедија 500 милиони евра по купонска камата од 6,96 проценти, додека дополнително 100 милиони евра се обезбедуваат од инструментот за макрофинансиска поддршка на Европската комисија по каматна стапка од приближно 3 проценти. Ова значи дека рефинансирањето на еврообврзницата од 2016 година и другите отплати на претходни задолжувања, кои достасуваат и за кои беа наменети овие средства, ќе се изврши според исти каматни трошоци постигнати со претходната аукција, соопшти Министерството за финансии.

За разлика од Министерството за финансии кое тврди дека се е во рамки на планираното, точната пресметка за трошокот, односно штетата на Буџетот од грешката при издавањето на еврообврзницата, поради нејзиното откажување за време на реконструкцијата на Владата и избор на нов министер за правда, што резултираше со зголемување на аукцискиот принос и повисока купонска каматна стапка, ја покажува реалната состојба.

За деветтата еврообврзница, претседателот пак на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во неколку наврати го повика премиерот Димитар Ковачевски на одговорност, но и да каже колкава е штетата за државата од необјавената еврообврзницата од 600 милиони евра. Мицкоски вели дека е нарушен кредибилитетот на државата, нанесен е трошок што ќе го плаќаат граѓаните. За него ова е срам и катастрофа, што практично се пресликува на секое ниво во државата.

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини смета дека „другите задолжувања од други извори, немаат врска со оваа еврообврзница“. Тој во изјава за медиумите вели дека за ова треба и некој да одговара.

Не е вистина дека аукцијата за издавање на деветтата еврообврзница помина успешно, кога се гледа дека каматната стапка е речиси за еден процент повисока. Не е точно и дека интересот на инвеститорите се заснова во нивната доверба во политиките што ги води Владата, зашто се знае дека државите мора да ги вратат долговите. Задолжувањето заради раздолжување, не може ни на среден ни на долг рок да придонесе за поголем раст. За тоа се потребни инвестиции за економски развој. Очекувано беше некој да одговара, зашто од министерот за правда се побара потпис откако тој беше разрешен, со што настана оваа штета – вели  Хајредини.

The post Непромисленоста на власта со издавањето еврообврзница, ќе ја чинат државава околу 18 милиони евра на име повисока камата appeared first on Република.

]]>