Издавачки центар ТРИ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izdavachki-tsentar-tri/ За подобро да се разбереме Thu, 04 May 2023 15:04:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Издавачки центар ТРИ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izdavachki-tsentar-tri/ 32 32 Румена Бужаровска е новото големо име во „Три“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/rumena-buzharovska-e-novoto-golemo-ime-vo-tri/ Thu, 04 May 2023 15:04:59 +0000 https://republika.mk/?p=636895

Румена Бужаровска, женскиот глас што надалеку се слуша. Така ја најавуваат од издавачкиот центар „Три“ Бужаровска, една од најпреведуваните авторки, која е ново име во „Три“.

Со големо задоволство и возбуда трите збирки раскази „Осмица“ (ново издание во кое има и од раните раскази од „Чкртки“), „Мојот маж“ и „Не одам никаде“ овој Саем на книгата пристигаат во издание на „Три“ . Нивната промоција на нашиот штанд ќе се одржи на 8 мај во 18 часот, соопштија од издавачката куќа.

Овие збирки направија најголем пробив на македонската современа книжевност надвор од нашите граници благодарение на нејзиниот исклучителен талент, читлив и привлечен стил со кој успева дури и најсекојдневните теми да допрат до бездната на човечката душа натрупана со проблемите од нашето општество, и со оние универзалните.

Освен промоцијата на новите изданија на збирките раскази од Бужаровска од „Три“ на Сеамот на книга кој почна денеска и ќе трае до 10 мај, најавуваат театарска изведба на „Мала книга на стапици“ од Горан Стефановски, средба со Венко Андоновски, Винка Саздова или Јагода Михајловска-Георгиева, новата книга од д-р Александар Митов и биографијата на Велимир Џаровски - Џаро.

The post Румена Бужаровска е новото големо име во „Три“ appeared first on Република.

]]>

Румена Бужаровска, женскиот глас што надалеку се слуша. Така ја најавуваат од издавачкиот центар „Три“ Бужаровска, една од најпреведуваните авторки, која е ново име во „Три“.
Со големо задоволство и возбуда трите збирки раскази „Осмица“ (ново издание во кое има и од раните раскази од „Чкртки“), „Мојот маж“ и „Не одам никаде“ овој Саем на книгата пристигаат во издание на „Три“ . Нивната промоција на нашиот штанд ќе се одржи на 8 мај во 18 часот, соопштија од издавачката куќа.
Овие збирки направија најголем пробив на македонската современа книжевност надвор од нашите граници благодарение на нејзиниот исклучителен талент, читлив и привлечен стил со кој успева дури и најсекојдневните теми да допрат до бездната на човечката душа натрупана со проблемите од нашето општество, и со оние универзалните. Освен промоцијата на новите изданија на збирките раскази од Бужаровска од „Три“ на Сеамот на книга кој почна денеска и ќе трае до 10 мај, најавуваат театарска изведба на „Мала книга на стапици“ од Горан Стефановски, средба со Венко Андоновски, Винка Саздова или Јагода Михајловска-Георгиева, новата книга од д-р Александар Митов и биографијата на Велимир Џаровски - Џаро.

The post Румена Бужаровска е новото големо име во „Три“ appeared first on Република.

]]>