избрка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izbrka/ За подобро да се разбереме Thu, 06 Jul 2023 12:05:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png избрка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izbrka/ 32 32 Кевин Костнер ја избрка сопругата од нивниот дом https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/kevin-kostner-ja-izbrka-soprugata-od-nivniot-dom/ Thu, 06 Jul 2023 12:05:02 +0000 https://republika.mk/?p=658662

Судските власти во САД ѝ наложија на сопругата на Кевин Костнер од која се разведува, Кристин Баумгартнер, да се исели од нивната семејна куќа. Таа треба да се исели од луксузниот дом во Санта Барбара, Калифорнија, до 31 јули, а Судот ја донесе одлуката врз основа на нивниот претходно потпишан предбрачен договор.

Откако Баумгартнер минатиот месец поднесе барање за развод, Костнер поднесе барање за Кристин да се исели од неговиот дом. Тој се повика на предбрачниот договор, според што таа мора да се исели 30 дена по почетокот на бракоразводната постапка.

Нејзините адвокати изјавуваат дека Баумгартнер нема доволно време, ниту пари да најде ново место за живеење до крајот на месецов. Побараа рокот да се помести за 15 август, но Судот ја одби таа жалба.

Поранешната сопруга го обвини Костнер дека се обидел да ги избрка неа и децата од куќата пред да му биде доделена алиментација. Претходно, таа бараше глумецот да ѝ плаќа 248.000 долари месечно за издршка.

The post Кевин Костнер ја избрка сопругата од нивниот дом appeared first on Република.

]]>

Судските власти во САД ѝ наложија на сопругата на Кевин Костнер од која се разведува, Кристин Баумгартнер, да се исели од нивната семејна куќа. Таа треба да се исели од луксузниот дом во Санта Барбара, Калифорнија, до 31 јули, а Судот ја донесе одлуката врз основа на нивниот претходно потпишан предбрачен договор. Откако Баумгартнер минатиот месец поднесе барање за развод, Костнер поднесе барање за Кристин да се исели од неговиот дом. Тој се повика на предбрачниот договор, според што таа мора да се исели 30 дена по почетокот на бракоразводната постапка. Нејзините адвокати изјавуваат дека Баумгартнер нема доволно време, ниту пари да најде ново место за живеење до крајот на месецов. Побараа рокот да се помести за 15 август, но Судот ја одби таа жалба. Поранешната сопруга го обвини Костнер дека се обидел да ги избрка неа и децата од куќата пред да му биде доделена алиментација. Претходно, таа бараше глумецот да ѝ плаќа 248.000 долари месечно за издршка.

The post Кевин Костнер ја избрка сопругата од нивниот дом appeared first on Република.

]]>
ЕХФ го избрка Вардар од Лигата на шампионите! https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/ehf-go-izbrka-vardar-od-ligata-na-shampionite/ Wed, 22 Jun 2022 11:43:44 +0000 https://republika.mk/?p=518443

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја потврди одлуката на Извршниот комитет со која не му се дозволи учество на Вардар во Лигата на шампионите во сезоната 2022/2023 година.

Причина за оваа одлука е несредената финансиска ситуација, која го доведуваше до знак прашалник и настапот на двократниот освојувач на Лигата на шампионите од 2017 и 2019 година минатата сезона во елитата.

Одлуката на Извршниот комитет на ЕХФ следува по период од речиси две години во кој ЕХФ се обидуваше да го реши проблемот со неплаќањата на договорените играчи од страна на клубот и со тоа да го задржи клубот од Скопје на највисоко ниво. Со оглед на тоа што Вардар одлучи активно да го презентира својот став пред медиумите, Европската ракометна федерација одлучи да даде јавен одговор. Овој одговор е директно доставен до клубот во исто време. Европските натпреварувања на клупско ниво имаат многу чувствителна структура и многу зависат од интегритетот на клубовите-учеснички. За да се расчистат сите работи со Вардар, имаше многу писмена комуникација, па дури и лични разговори и јасни рокови беа дадени од страна на ЕХФ. За жал, претставниците на клубот не можеа да ги почитуваат овие датуми и поставија стратегија на одложување или дури и неодговарање. Плаќањата беа направени само делумно, а беа преземени неколку обиди датумите да се одложат во следната сезона. Извршниот комитет на состанокот минатиот петок дојде до едногласен заклучок дека Вардар ниту ги исполнил договорените работи, ниту навремено ги завршил плаќањата и со тоа не ги исполнува критериумите за настап во Европските купови во сезоната 22/23. Депозитот од сметката на ЕХФ веќе беше префрлен на сметката на клубот и дополнително ќе следи трансфер и на преостанатите средства што треба да ги добие клубот. Европската ракометна федерација изрази жалење што беше неопходно да се преземе таков чекор и подвлекува дека тоа не е во интерес на федерацијата, но ситуацијата предизвикана од поранешниот клуб резултираше со дефицити кои не беше едноставно да се покријат преку новиот клуб, стои во соопштението на ЕХФ.

Оваа забрана за Вардар важи во сите европски натпреварувања, што значи дека македонскиот шампион нема да може да биде дел и од останатите европски натпреварувања под капата на ЕХФ.

The post ЕХФ го избрка Вардар од Лигата на шампионите! appeared first on Република.

]]>

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја потврди одлуката на Извршниот комитет со која не му се дозволи учество на Вардар во Лигата на шампионите во сезоната 2022/2023 година. Причина за оваа одлука е несредената финансиска ситуација, која го доведуваше до знак прашалник и настапот на двократниот освојувач на Лигата на шампионите од 2017 и 2019 година минатата сезона во елитата.