избрани дела Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izbrani-dela/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Nov 2024 09:59:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png избрани дела Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izbrani-dela/ 32 32 Нов превод на латински јазик во „Или-Или“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nov-prevod-na-latinski-jazik-vo-ili-ili/ Thu, 28 Nov 2024 09:59:11 +0000 https://republika.mk/?p=842660

Oд печат излезе нов превод од латински јазик во едицијата „Арго“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ. Се работи за книгата „Избрани дела“ од Публиј Корнелиј Такит, која ги содржи делата „Агрикола“, „Германија“ и „Дијалогот на говорниците“, во превод од латински на македонски јази на Весна Димовска-Јањатова и Војислав Саракински. Излегувањето на книгата финансиски е поддржано од Министерството за култура.

„Агрикола“ или „За животот и карактерот на Агрикола“ е посмртно пофално слово напишано во чест на истакнатиот римски политичар и војсководец Агрикола од страна на неговиот зет Конелиј Такит – говорник, историограф, политичар, сенатор и угледен аристократ од периодот на принципатот и нововоспоставената монархија. Возвишувајќи ги војничките вештини и моралните доблести на Агрикола, како позадина во рамката на панегиричната слика, ненаметливо, но сепак убедливо Такит вметнува и политички мотиви и историско-етнографскиот опис на Британија, па ова возбудливо четиво се претвора во пофалба на римската чест и доблест.

„Германија“ или „За потеклото и местоположбата на Германите“ според повеќе критериуми се вклопува во етнографската книжевна традиција и претставува географско-етнолошка монографија за етногенезата, антрополошките особености и психофизичките типови на германските племиња, веродостојни описи на климата и условите за живот, но и пофалба на нивната скромност, храброст и решителност да се одбранат од освојувачките напади на римската војска. Контрапункт на овие карактеристики на Германите се негативните појави во римското општество коишто Такит ги критикува, но истовремено ги величи римската воена моќ, државничка организираност и цивилизаторска супериорност.

„Дијалогот за говорниците“, пак, низ дискусиите на познатите говорници за причините за пропаѓањето на римското говорништво го критикува принципатот како уредување што ги гуши слободите, вклучително и слободата на ораторите, па монархијата ја изедначува со тиранија, го критикува апсолутизмот на Домитијан и ги открива надежите во доаѓањето на новата власт на Трајан.

Публиј Корнелиј Такит (55/57 – 117 г.) бил римски историограф, сенатор и консул. Тој е автор е на делата Агрикола, Германија, Дијалог за говорниците, Анали и Истории.

The post Нов превод на латински јазик во „Или-Или“ appeared first on Република.

]]>

Oд печат излезе нов превод од латински јазик во едицијата „Арго“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ. Се работи за книгата „Избрани дела“ од Публиј Корнелиј Такит, која ги содржи делата „Агрикола“, „Германија“ и „Дијалогот на говорниците“, во превод од латински на македонски јази на Весна Димовска-Јањатова и Војислав Саракински. Излегувањето на книгата финансиски е поддржано од Министерството за култура. „Агрикола“ или „За животот и карактерот на Агрикола“ е посмртно пофално слово напишано во чест на истакнатиот римски политичар и војсководец Агрикола од страна на неговиот зет Конелиј Такит – говорник, историограф, политичар, сенатор и угледен аристократ од периодот на принципатот и нововоспоставената монархија. Возвишувајќи ги војничките вештини и моралните доблести на Агрикола, како позадина во рамката на панегиричната слика, ненаметливо, но сепак убедливо Такит вметнува и политички мотиви и историско-етнографскиот опис на Британија, па ова возбудливо четиво се претвора во пофалба на римската чест и доблест. „Германија“ или „За потеклото и местоположбата на Германите“ според повеќе критериуми се вклопува во етнографската книжевна традиција и претставува географско-етнолошка монографија за етногенезата, антрополошките особености и психофизичките типови на германските племиња, веродостојни описи на климата и условите за живот, но и пофалба на нивната скромност, храброст и решителност да се одбранат од освојувачките напади на римската војска. Контрапункт на овие карактеристики на Германите се негативните појави во римското општество коишто Такит ги критикува, но истовремено ги величи римската воена моќ, државничка организираност и цивилизаторска супериорност. „Дијалогот за говорниците“, пак, низ дискусиите на познатите говорници за причините за пропаѓањето на римското говорништво го критикува принципатот како уредување што ги гуши слободите, вклучително и слободата на ораторите, па монархијата ја изедначува со тиранија, го критикува апсолутизмот на Домитијан и ги открива надежите во доаѓањето на новата власт на Трајан. Публиј Корнелиј Такит (55/57 – 117 г.) бил римски историограф, сенатор и консул. Тој е автор е на делата Агрикола, Германија, Дијалог за говорниците, Анали и Истории.

The post Нов превод на латински јазик во „Или-Или“ appeared first on Република.

]]>
Избрани дела во пет тома на Блаже Миневски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izbrani-dela-vo-pet-toma-na-blaze-minevski/ Wed, 04 May 2022 07:44:13 +0000 https://republika.mk/?p=497254

По повод шеесетгодишнината од раѓањето на познатиот македонски писател Блаже
Миневски, „Матица македонска“ од Скопје објави избрани дела во пет томови од неговиот бoгат
раскажувачки и романсиерски опус. Во првиот том насловен „Да речиме уште една“ се публикувани расказите, а во останатите четири тома романите „Нишан“, „Свирци“, „Мемоарите на една млечка“, „Требаше да се сликаме пред да се замразиме“ „Мрежата на Мамли“ и „Фантомско стапало“.

Книгите се проследени со толкувања од Јустина Млецак, Митко Маџунков, Венко Андоновски, Марија Проскурнина, Оливера Ќорвезироска, Ефтим Клетников, Стефан Влахов-Мицов, Марија Ѓорѓиева Димова, Душан Стојковиќ, Јордан Плевнеш и други.
Во расказите на Миневски ништо не е како во стварноста иако сè е преземно од неа. Како
своевиден дестилат на вековната усна македонска народна раскажувачка традиција, неговата проза минува низ специфичен хумор, но и низ горчината на животот, движејќи се од реалност кон фикција, од запис преку репортажа и фељтон до омајна проза.
Како и другите книжевни дела, „Нишан“ е повеќеслојна, поетска и оригинална проза, блескав,
интертекстуален роман. Секој што бара потврда за високиот квалитет на современата европска
литература, мора да го прочита овој извонреден роман на Миневски“,пишува Јустина Млецак во својот есеј за полското издание на „Нишан“.
Романот „Свирци“ е исклучителен роман совршено вкотвен во незаштитениот простор меѓу
балканскиот магичен реализам, раскажувачкиот сјај на постмодернизмот и алегорискиот наративен претек, преслик и пресек на „сега и овде“.,пишува Оливера Ќервезироска во поговорот за овој роман.
Романот „Требаше да се сликаме пред да се замразиме“ е напишан со супериорна, мајсторска
леснотија и стилска сугестивност. Приказната за суровиот свет, Миневски ја раскажува низ една
набабрена, барокна, сатирична нарација од првата до последната страница. Раскажувањето е убедливо и сугестивно, а реалноста е болно објективна, изведена и развиена со една литерарно инвентивна и крајно изострена, веристичка опсервација, со која силно се нагласува апсурдот на егзистенцијата во ова време без добрини, констатира Ефтим Клетников.
Според Митко Маџунков, „Фантомско стапало“ е роман што се чита со голема возбуда и естетска
радост како врвно дело на мајстор за поетски слики, животна убедливост и документарност,а романот.
„Мрежата на Мамли“ е уште еден бесценет наратив на Блаже Миневски кој влијае врз иднината на македонската литература а посебно врз иднината на романот како жанр, констатира Венко Андоновски.

Блаже Миневски е автор на девет романи, седум драми и три книги раскази.
Романите на Миневски се преведени на англиски, руски, ерменски, бугарски, словенечки, арапски, кинески, српски, полски и италијански јазик, а со свои раскази е застапен во речиси сите антологии на кратката проза објавени последните триесетина година во Македонија и надвор од неа.
Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и на наградите „Роман на годината“, „Стале Попов“ и
„Рациново признание“.

The post Избрани дела во пет тома на Блаже Миневски appeared first on Република.

]]>

По повод шеесетгодишнината од раѓањето на познатиот македонски писател Блаже Миневски, „Матица македонска“ од Скопје објави избрани дела во пет томови од неговиот бoгат раскажувачки и романсиерски опус. Во првиот том насловен „Да речиме уште една“ се публикувани расказите, а во останатите четири тома романите „Нишан“, „Свирци“, „Мемоарите на една млечка“, „Требаше да се сликаме пред да се замразиме“ „Мрежата на Мамли“ и „Фантомско стапало“. Книгите се проследени со толкувања од Јустина Млецак, Митко Маџунков, Венко Андоновски, Марија Проскурнина, Оливера Ќорвезироска, Ефтим Клетников, Стефан Влахов-Мицов, Марија Ѓорѓиева Димова, Душан Стојковиќ, Јордан Плевнеш и други. Во расказите на Миневски ништо не е како во стварноста иако сè е преземно од неа. Како своевиден дестилат на вековната усна македонска народна раскажувачка традиција, неговата проза минува низ специфичен хумор, но и низ горчината на животот, движејќи се од реалност кон фикција, од запис преку репортажа и фељтон до омајна проза. Како и другите книжевни дела, „Нишан“ е повеќеслојна, поетска и оригинална проза, блескав, интертекстуален роман. Секој што бара потврда за високиот квалитет на современата европска литература, мора да го прочита овој извонреден роман на Миневски“,пишува Јустина Млецак во својот есеј за полското издание на „Нишан“. Романот „Свирци“ е исклучителен роман совршено вкотвен во незаштитениот простор меѓу балканскиот магичен реализам, раскажувачкиот сјај на постмодернизмот и алегорискиот наративен претек, преслик и пресек на „сега и овде“.,пишува Оливера Ќервезироска во поговорот за овој роман. Романот „Требаше да се сликаме пред да се замразиме“ е напишан со супериорна, мајсторска леснотија и стилска сугестивност. Приказната за суровиот свет, Миневски ја раскажува низ една набабрена, барокна, сатирична нарација од првата до последната страница. Раскажувањето е убедливо и сугестивно, а реалноста е болно објективна, изведена и развиена со една литерарно инвентивна и крајно изострена, веристичка опсервација, со која силно се нагласува апсурдот на егзистенцијата во ова време без добрини, констатира Ефтим Клетников. Според Митко Маџунков, „Фантомско стапало“ е роман што се чита со голема возбуда и естетска радост како врвно дело на мајстор за поетски слики, животна убедливост и документарност,а романот. „Мрежата на Мамли“ е уште еден бесценет наратив на Блаже Миневски кој влијае врз иднината на македонската литература а посебно врз иднината на романот како жанр, констатира Венко Андоновски. Блаже Миневски е автор на девет романи, седум драми и три книги раскази. Романите на Миневски се преведени на англиски, руски, ерменски, бугарски, словенечки, арапски, кинески, српски, полски и италијански јазик, а со свои раскази е застапен во речиси сите антологии на кратката проза објавени последните триесетина година во Македонија и надвор од неа. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и на наградите „Роман на годината“, „Стале Попов“ и „Рациново признание“.

The post Избрани дела во пет тома на Блаже Миневски appeared first on Република.

]]>