изборни нерегуларности Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izborni-neregularnosti/ За подобро да се разбереме Wed, 08 May 2024 08:21:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png изборни нерегуларности Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izborni-neregularnosti/ 32 32 Инцидент во Радуша: Членови на владејачка партија нападнале овластен набљудувач на влезот од селото https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/intsident-vo-radusha-chlenovi-na-vladejachka-partija-napadnale-ovlasten-nabluduvach-na-vlezot-od-seloto/ Wed, 08 May 2024 08:21:33 +0000 https://republika.mk/?p=775291

Изборниот ден минува тензично во албанските средини. Со пцости и закани овластени набљудувачи на изборите се спречени да влезат на избирачките места. Како што дознава Република, инцидентот е забележан во Радуша на избирачко место кое го обезбедува само еден полицаец и не може да воспостави ред.

На член на една политичка партија која учествува на изборите и овластен набљудувач од Сарај, Бошњак по националност, му ги дупнале гумите на автомобилот пред влезот во селото.

Организатори на инцидентот е заменик-директор на затворот во Шутка и внукот на поранешен пратеник на една од владејачките партии.

 

The post Инцидент во Радуша: Членови на владејачка партија нападнале овластен набљудувач на влезот од селото appeared first on Република.

]]>

Изборниот ден минува тензично во албанските средини. Со пцости и закани овластени набљудувачи на изборите се спречени да влезат на избирачките места. Како што дознава Република, инцидентот е забележан во Радуша на избирачко место кое го обезбедува само еден полицаец и не може да воспостави ред. На член на една политичка партија која учествува на изборите и овластен набљудувач од Сарај, Бошњак по националност, му ги дупнале гумите на автомобилот пред влезот во селото. Организатори на инцидентот е заменик-директор на затворот во Шутка и внукот на поранешен пратеник на една од владејачките партии.  

The post Инцидент во Радуша: Членови на владејачка партија нападнале овластен набљудувач на влезот од селото appeared first on Република.

]]>
Пишува „Ако си муслиман, не гласај“: Летоци со повик за бојкот растурени низ Чаир https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pishuva-ako-si-musliman-ne-glasaj-letotsi-so-povik-za-bojkot-rastureni-niz-chair/ Tue, 07 May 2024 19:01:33 +0000 https://republika.mk/?p=775130

На повеќе локации во скопски Чаир денеска се шојави пораката „Не гласај“ – испечатена на летоци или испишана со спреј по ѕидови на објекти и столбови на билборди. Пораката е без да се посочува на кои избори да не се гласа – на парламентарните или на претседателските, пренесе 360 Степени.

На други пишува „Ако си муслиман, не гласај“ и „Плаши се од Алах, не заокружувај друг Господ освен него“.

The post Пишува „Ако си муслиман, не гласај“: Летоци со повик за бојкот растурени низ Чаир appeared first on Република.

]]>

На повеќе локации во скопски Чаир денеска се шојави пораката „Не гласај“ – испечатена на летоци или испишана со спреј по ѕидови на објекти и столбови на билборди. Пораката е без да се посочува на кои избори да не се гласа – на парламентарните или на претседателските, пренесе 360 Степени. На други пишува „Ако си муслиман, не гласај“ и „Плаши се од Алах, не заокружувај друг Господ освен него“.

The post Пишува „Ако си муслиман, не гласај“: Летоци со повик за бојкот растурени низ Чаир appeared first on Република.

]]>
Претрес во домовите на членови на избирачки одбори во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pretresi-vo-ohrid-poradi-fotografirane-izbirachki-spisok-i-glasachki-livchina/ Tue, 07 May 2024 16:36:22 +0000 https://republika.mk/?p=775076

Службеници на СВР - Охрид во текот на вчерашниот ден извршиле претрес во дом и помошни простории на две лица од Охрид, осомничени дека се сторители на кривично дело злоупотреба на лични податоци и прекршоци на Изборниот законик

Според соопштението од СВР - Охрид, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од Претседателските избори одржан на 24 минатиот месец, од судија на претходна постапка обезебедена била наредба за претрес во дом и помошни простории кај М.М.(51) од Охрид и Т.Ц.Т (44) од Охрид, и двајцата членови на избирачки одбор предложени од политичка партија.

При претресот пронајдени биле два мобилни телефони, во кои биле откриени фотографии од избирачки список со лични податоци од гласачи во избирачкиот список, фотографии од гласачки ливчиња со заокружен број испраќани од гласачи како доказ дека го дале својот глас за еден кандидат, а потоа споделени во креирана група за комуникација на мобилна апликација за комуникација.

Според соопштението, со двете лица извршен е разговор во полициска станица.

Дополнително, во текот на денешниот ден повикани се и други лица со цел обезбедување на дополнителни доказни материјали за кривичното дело по член 149 од КЗ "злоупотреба на лични податоци" и прекршок по член 190 став 2 од Изборниот законик.

По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

The post Претрес во домовите на членови на избирачки одбори во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња appeared first on Република.

]]>

Службеници на СВР - Охрид во текот на вчерашниот ден извршиле претрес во дом и помошни простории на две лица од Охрид, осомничени дека се сторители на кривично дело злоупотреба на лични податоци и прекршоци на Изборниот законик Според соопштението од СВР - Охрид, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од Претседателските избори одржан на 24 минатиот месец, од судија на претходна постапка обезебедена била наредба за претрес во дом и помошни простории кај М.М.(51) од Охрид и Т.Ц.Т (44) од Охрид, и двајцата членови на избирачки одбор предложени од политичка партија. При претресот пронајдени биле два мобилни телефони, во кои биле откриени фотографии од избирачки список со лични податоци од гласачи во избирачкиот список, фотографии од гласачки ливчиња со заокружен број испраќани од гласачи како доказ дека го дале својот глас за еден кандидат, а потоа споделени во креирана група за комуникација на мобилна апликација за комуникација. Според соопштението, со двете лица извршен е разговор во полициска станица. Дополнително, во текот на денешниот ден повикани се и други лица со цел обезбедување на дополнителни доказни материјали за кривичното дело по член 149 од КЗ "злоупотреба на лични податоци" и прекршок по член 190 став 2 од Изборниот законик. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

The post Претрес во домовите на членови на избирачки одбори во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња appeared first on Република.

]]>
Антикорупциска формира 45 пријави поврзани со изборите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-formira-45-prijavi-povrzani-so-izborite/ Sun, 05 May 2024 14:24:46 +0000 https://republika.mk/?p=774533

Од распишувањето на изборите Антикорупциска има формирано 45 предмети поврзани со изборна корупција. Најголем дел од нив се однесуваат на постапките поврзани со работни односи, вработувања и отпуштања, а има и случаи на злоупотреба на службени автомобили, предвремено започнување на кампањата и изградби.

Првиот човек на Комисијата за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска во интервју за Радио Слободна Европа вели дека само половина од институциите ја исполниле законската обврска да ги презентираат службените возила на оваа институција. За останатиот дел, Антикорупциска ги известила институциите кои избираат и именуваат функционери бидејќи законот не предвидува санкции.

Од оваа бројка, 45 предмети кои се однесуваат на постоење на сомневање за сторени прекрашување во изборниот процес, офоремни се 21 предмет, односно пријава, кои се однесуваат на постапки од работен однос, сомневање за постоење на врботување, покренување на дисциплински постапки, прекин на работен однос.

Четири предмети се однесуваат за постоење, сомневање за извршени вонредни исплати од страна на државните институции. За одржување на јавни настапи, два предмети.

Во однос на изградба, односно реконструкција на објекти, еден предмет. И во однос на злоупотреба, сомневање за злоупотреба на користење на службено возило, еден предмет. Останатите 12 предмети се однесуваат на активности за предвремено започната изборна кампања, дополнително ангажирање на вработени лица од државни институции за потребите на изборната кампања.

Исто така, ДКСК по сопствена иницијатива оформи два предмети. Едниот предмет се однесува на набавката на хеликоптери за потребите на Министерство за одбрана. Едниот предмет беше оформен за набавка на медицинските возила.

The post Антикорупциска формира 45 пријави поврзани со изборите appeared first on Република.

]]>

Од распишувањето на изборите Антикорупциска има формирано 45 предмети поврзани со изборна корупција. Најголем дел од нив се однесуваат на постапките поврзани со работни односи, вработувања и отпуштања, а има и случаи на злоупотреба на службени автомобили, предвремено започнување на кампањата и изградби. Првиот човек на Комисијата за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска во интервју за Радио Слободна Европа вели дека само половина од институциите ја исполниле законската обврска да ги презентираат службените возила на оваа институција. За останатиот дел, Антикорупциска ги известила институциите кои избираат и именуваат функционери бидејќи законот не предвидува санкции. Од оваа бројка, 45 предмети кои се однесуваат на постоење на сомневање за сторени прекрашување во изборниот процес, офоремни се 21 предмет, односно пријава, кои се однесуваат на постапки од работен однос, сомневање за постоење на врботување, покренување на дисциплински постапки, прекин на работен однос. Четири предмети се однесуваат за постоење, сомневање за извршени вонредни исплати од страна на државните институции. За одржување на јавни настапи, два предмети. Во однос на изградба, односно реконструкција на објекти, еден предмет. И во однос на злоупотреба, сомневање за злоупотреба на користење на службено возило, еден предмет. Останатите 12 предмети се однесуваат на активности за предвремено започната изборна кампања, дополнително ангажирање на вработени лица од државни институции за потребите на изборната кампања. Исто така, ДКСК по сопствена иницијатива оформи два предмети. Едниот предмет се однесува на набавката на хеликоптери за потребите на Министерство за одбрана. Едниот предмет беше оформен за набавка на медицинските возила.

The post Антикорупциска формира 45 пријави поврзани со изборите appeared first on Република.

]]>
МВР: Уште тројца ги сликале гласачките ливчиња, а двајца ги искинале https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mvr-ushte-trojtsa-gi-slikale-glasachkite-livchina-a-dvajtsa-gi-iskinale/ Wed, 24 Apr 2024 17:09:59 +0000 https://republika.mk/?p=770301

Од МВР излегоа со дополнителни информации за регистрирани настани на гласачките места. Според соопштението, во 14 часот е пријавено дека на избирачко место во Штип М.Ш. (23) го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Штип го приведоа Г.Ј. (34) од с. Тработивиште затоа што го фотографирал гласачкото ливче. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Во 15.30 часот е пријавено дека на избирачко место бр. 1680 во с. Сопот Р.А. од с. Сопот го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.

Во 15.40 часот е пријавено дека на избирачко место бр. 2880 во Скопје Р.Х. (72) го скинал гласачкото ливче. Р.Х. е приведен и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Во 15.50 часот е пријавено дека во избирачкото место бр.2783 во Скопје Б. С. (48) го скинала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.

Претходно, од 11 до 14 часот, за време на изборниот процес, пријавени се пет лица кои ги фотографирале гласачките ливчиња, соопшти Министерството за внатрешни работи. Пријавен е С.А. во село Коцалија, Радовиш на избирачко место 1.602. Околу 12 часот, 40-годишниот А.С. на избирачко место 2.683/1 бил затекнат како го фотографира гласачкото ливче.

-Околу 12 часот е пријавено дека и А.И.(48) од Охрид на избирачко место број 1.271 во Охрид го фотографирал гласачкото ливче. А.И. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Во 12:35 часот е пријавено дека на избирачко место бр. 0006 во Берово, Д.Т.(42) го фотографирал гласачкото ливче. Д.Т. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Околу 14 часот е пријавено дека на избирачко место 2.555 во Скопје С.С. го фотографирала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во соопштението од МВР.

The post МВР: Уште тројца ги сликале гласачките ливчиња, а двајца ги искинале appeared first on Република.

]]>

Од МВР излегоа со дополнителни информации за регистрирани настани на гласачките места. Според соопштението, во 14 часот е пријавено дека на избирачко место во Штип М.Ш. (23) го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок. Полициски службеници од СВР Штип го приведоа Г.Ј. (34) од с. Тработивиште затоа што го фотографирал гласачкото ливче. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. Во 15.30 часот е пријавено дека на избирачко место бр. 1680 во с. Сопот Р.А. од с. Сопот го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок. Во 15.40 часот е пријавено дека на избирачко место бр. 2880 во Скопје Р.Х. (72) го скинал гласачкото ливче. Р.Х. е приведен и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. Во 15.50 часот е пријавено дека во избирачкото место бр.2783 во Скопје Б. С. (48) го скинала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок. Претходно, од 11 до 14 часот, за време на изборниот процес, пријавени се пет лица кои ги фотографирале гласачките ливчиња, соопшти Министерството за внатрешни работи. Пријавен е С.А. во село Коцалија, Радовиш на избирачко место 1.602. Околу 12 часот, 40-годишниот А.С. на избирачко место 2.683/1 бил затекнат како го фотографира гласачкото ливче. -Околу 12 часот е пријавено дека и А.И.(48) од Охрид на избирачко место број 1.271 во Охрид го фотографирал гласачкото ливче. А.И. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Во 12:35 часот е пријавено дека на избирачко место бр. 0006 во Берово, Д.Т.(42) го фотографирал гласачкото ливче. Д.Т. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Околу 14 часот е пријавено дека на избирачко место 2.555 во Скопје С.С. го фотографирала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во соопштението од МВР.

The post МВР: Уште тројца ги сликале гласачките ливчиња, а двајца ги искинале appeared first on Република.

]]>
Арсовска: Пред локалните избори во град Скопје се вработиле скоро 100 луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-pred-lokalnite-izbori-vo-grad-skopje-se-vrabotile-skoro-100-lugje/ Fri, 01 Apr 2022 20:23:19 +0000 https://republika.mk/?p=482132

Стотина нови административци биле вработени непосредно пред изборите, информира вечерва скопската градоначалничка Данела Арсовска. Во гостување на ТВ Шења Арсовска ги демнатира невистините на власта дека дека ќе бидат потрошени средства на партиски вработувања.

Претпоставувам дека мислеле на нешто што тие планирале да го направат, но сега не се во можност бидејќи ги изгубија изборите. Неопходно е во градот и во јавните претпријатија да се консолидираат процесите. Ние гледаме дека тие ја зголемиле бројката на вработени за 100 нови, а услугите коишто им се нуделе на граѓаните не биле ништо поквалитетни. Напротив, трошеле пари на кафеани, на непродуктивни трошоци и сега повеќе за тие намени не се трошат парите на граѓаните, изјави градоначалничката на Град Скопје.

Арсовска истакна дека се во тек ревизии на работењето на градот  и на јавните претпријатија во изминатите години и фактичката состојба укажува на сериозни проблеми, истакнувајќи дека претпријатијата се финансиски девастирани.

Сериозни ревизии се во тек, за дел имаме конкретни информации и за истите отпочнавме со информирање на јавноста. Во моментов ги сумираме дел од забелешките коишто ги добивме, но ќе покренуваме и соодветни постапки за нотирани злоупотреби на службената должност и овластувања и се што се правело, а не било во интерес на граѓаните. Има основани сомненија, ја известуваме јавноста и понатаму се доставуваат до надлежните институции коишто би требало да постапат, за истото да не се повторува и во иднина, вели Арсовска.

The post Арсовска: Пред локалните избори во град Скопје се вработиле скоро 100 луѓе appeared first on Република.

]]>

Стотина нови административци биле вработени непосредно пред изборите, информира вечерва скопската градоначалничка Данела Арсовска. Во гостување на ТВ Шења Арсовска ги демнатира невистините на власта дека дека ќе бидат потрошени средства на партиски вработувања.
Претпоставувам дека мислеле на нешто што тие планирале да го направат, но сега не се во можност бидејќи ги изгубија изборите. Неопходно е во градот и во јавните претпријатија да се консолидираат процесите. Ние гледаме дека тие ја зголемиле бројката на вработени за 100 нови, а услугите коишто им се нуделе на граѓаните не биле ништо поквалитетни. Напротив, трошеле пари на кафеани, на непродуктивни трошоци и сега повеќе за тие намени не се трошат парите на граѓаните, изјави градоначалничката на Град Скопје.
Арсовска истакна дека се во тек ревизии на работењето на градот  и на јавните претпријатија во изминатите години и фактичката состојба укажува на сериозни проблеми, истакнувајќи дека претпријатијата се финансиски девастирани.
Сериозни ревизии се во тек, за дел имаме конкретни информации и за истите отпочнавме со информирање на јавноста. Во моментов ги сумираме дел од забелешките коишто ги добивме, но ќе покренуваме и соодветни постапки за нотирани злоупотреби на службената должност и овластувања и се што се правело, а не било во интерес на граѓаните. Има основани сомненија, ја известуваме јавноста и понатаму се доставуваат до надлежните институции коишто би требало да постапат, за истото да не се повторува и во иднина, вели Арсовска.

The post Арсовска: Пред локалните избори во град Скопје се вработиле скоро 100 луѓе appeared first on Република.

]]>