избори во србија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izbori-vo-srbija/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Jun 2024 18:16:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png избори во србија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izbori-vo-srbija/ 32 32 Во Ниш опозицијата во борба за зачувување на „изборната воља на граѓаните“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-nish-opozitsijata-vo-borba-za-zachuvuvane-na-izbornata-vola-na-graganite/ Mon, 03 Jun 2024 18:16:35 +0000 https://republika.mk/?p=784480

По локалните избори во Србија и големата победа на СНС, најнеизвесен исход од гласањето е во градот Ниш, каде според прелиминарните резултати на Цесид и Ипсос, СНС не однесе победа и има освено 29 одборници од потребните 31, а според ГИК освоила 30 пратеници, јави дописникот на МИА од Белград.

ГИК на Ниш денес соопшти дека, според првичните изборни резултати, листата „Александар Вучиќ - Ниш утре“ добила 30 мандати во градскиот парламент, листата на Руската странка еден мандат, а сите листи на опозицијата вкупно 30. По соопштување на овие резултати, одборникот на Руската странка реши да се приклучи на коалицијата на СНС-СПС во овој град, со што напредњаците со 31 одборник во Ниш прогласија победа.

Откако Градската изборна комисија (ГИК) во Ниш и додели нов мандат на СНС, претставници на коалицијата „Го бираме Ниш - Ѓорѓе Станковиќ“ поднесоа барање за увид во изборниот материјал за одборници на градот Ниш.

Пред просториите на ГИК во Ниш се и претставници на опозицијата, а таму пристигнала и полиција. Најавија дека следните чекори ќе ги објават дури откако ќе добијат увид во гласачките материјали.

Според информациите на Нова.рс, во Ниш се очекува доаѓање и на опозициските лидери, меѓу кои е и претседателот Мирослав Алексиќ од Народното движење на Србија.

Потпретседателот на Демократската партија (ДС), Срѓан Миливојевиќ, изјави дека победата во Ниш „ќе мора да се брани на улица“.

Се чини дека Александар Вучиќ ја повикува цела Србија да ја одбрани победата на опозицијата во Ниш. Ќе мора победата на слободата да ја браниме на улиците на Ниш, напиша Миливојевиќ на социјалната мрежа Х.

Саво Манојловиќ од движењето Крени-промени изјави дека опозицијата победила во Ниш и во Нов Белград и дека власта ги „штелува“ резултатите од изборите.

Властите се обидуваат да ја украдат победата на граѓаните во Ниш и Нов Белград. Крени-промени е подготвен да ја брани волјата на граѓаните. Ќе ги поддржиме понатамошните чекори на д-р Милиќ и другите опозициски листи во Ниш, меѓу кои е и нишката екипа Крени-промени. Го чекаме местото и времето. И се за Ниш. Ќе јавувиме и за Нов Белград, напиша Саво Манојловиќ на социјалната мрежа Х.

Копретседателот на Зелено-левиот фронт, Радомир Лазовиќ, денеска изјави дека претставниците на таа партија во Ниш ќе се борат заедно со граѓаните за зачувување на изборната волја изразена на локалните избори во недела - за промената навистина да започне од југ.

The post Во Ниш опозицијата во борба за зачувување на „изборната воља на граѓаните“ appeared first on Република.

]]>

По локалните избори во Србија и големата победа на СНС, најнеизвесен исход од гласањето е во градот Ниш, каде според прелиминарните резултати на Цесид и Ипсос, СНС не однесе победа и има освено 29 одборници од потребните 31, а според ГИК освоила 30 пратеници, јави дописникот на МИА од Белград. ГИК на Ниш денес соопшти дека, според првичните изборни резултати, листата „Александар Вучиќ - Ниш утре“ добила 30 мандати во градскиот парламент, листата на Руската странка еден мандат, а сите листи на опозицијата вкупно 30. По соопштување на овие резултати, одборникот на Руската странка реши да се приклучи на коалицијата на СНС-СПС во овој град, со што напредњаците со 31 одборник во Ниш прогласија победа. Откако Градската изборна комисија (ГИК) во Ниш и додели нов мандат на СНС, претставници на коалицијата „Го бираме Ниш - Ѓорѓе Станковиќ“ поднесоа барање за увид во изборниот материјал за одборници на градот Ниш. Пред просториите на ГИК во Ниш се и претставници на опозицијата, а таму пристигнала и полиција. Најавија дека следните чекори ќе ги објават дури откако ќе добијат увид во гласачките материјали. Според информациите на Нова.рс, во Ниш се очекува доаѓање и на опозициските лидери, меѓу кои е и претседателот Мирослав Алексиќ од Народното движење на Србија. Потпретседателот на Демократската партија (ДС), Срѓан Миливојевиќ, изјави дека победата во Ниш „ќе мора да се брани на улица“.
Се чини дека Александар Вучиќ ја повикува цела Србија да ја одбрани победата на опозицијата во Ниш. Ќе мора победата на слободата да ја браниме на улиците на Ниш, напиша Миливојевиќ на социјалната мрежа Х.
Саво Манојловиќ од движењето Крени-промени изјави дека опозицијата победила во Ниш и во Нов Белград и дека власта ги „штелува“ резултатите од изборите.
Властите се обидуваат да ја украдат победата на граѓаните во Ниш и Нов Белград. Крени-промени е подготвен да ја брани волјата на граѓаните. Ќе ги поддржиме понатамошните чекори на д-р Милиќ и другите опозициски листи во Ниш, меѓу кои е и нишката екипа Крени-промени. Го чекаме местото и времето. И се за Ниш. Ќе јавувиме и за Нов Белград, напиша Саво Манојловиќ на социјалната мрежа Х.
Копретседателот на Зелено-левиот фронт, Радомир Лазовиќ, денеска изјави дека претставниците на таа партија во Ниш ќе се борат заедно со граѓаните за зачувување на изборната волја изразена на локалните избори во недела - за промената навистина да започне од југ.

The post Во Ниш опозицијата во борба за зачувување на „изборната воља на граѓаните“ appeared first on Република.

]]>
Вучиќ не исклучува нови избори во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-ne-iskluchuva-novi-izbori-vo-belgrad/ Sun, 24 Dec 2023 19:16:54 +0000 https://republika.mk/?p=726245

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека единствено од институциите на земјата зависи дали и кои избори ќе се повторат, со оценка дека гласањето на 17 декември поминало во демократска атмосфера и било „најмирното во модерната историја“.

Вучиќ на денешната прес-конференцијата ги отфрли критиките за регуларноста на изборите, изнесени од домашните и странските набљудувачи и лидерите на најголемата опозициска коалиција „Србија против насилството“.

Претседателот на Србија рече и дека е „многу среќен“ што Републичката изборна комисија (РИК) ги задолжила Министерството за внатрешни работи и Министерството за државна управа и локална самоуправа да ги „проверат по име“ сите за кои се тврди дека бидете фантомски гласачи.

„Во МВР проверуваа сè и од 496 повици (пријави) што пристигнаа, сите биле уредно запишани во избирачкиот список. Чисти како солза“, рече Вучиќ.

Тој тврди дека од тој број, 487 лица биле запишани во избирачкиот список „пред многу, многу години“, а останатиот број биле запишани во 2022 година.

https://republika.mk/vesti/balkan/listata-narechena-srbija-bez-naslilstvo-se-obide-nasilno-da-vleze-vo-gradskoto-sobranie-na-belgrad/

Вучиќ „им честиташе на граѓаните на Србија за демократскиот процес“ и изјави дека е горд што изборите и предизборната кампања поминаа без физички инциденти.

- Институциите ќе ја имаат нашата поддршка да ја вршат својата работа согласно демократските норми и тоа е сè, рече Вучиќ, зборувајќи за можностите дали ќе се повторат изборите.

Кога станува збор за изборите во главниот град на Србија, Белград, Вучиќ рече дека изборите ќе се повторат само доколку не се обезбеди мнозинство, бидејќи ниту владејачката партија ниту опозицискиот блок „Србија против насилството“ немаат доволно советници самостојно да го формираат градска влада.

Вучиќ најави и дека новиот состав на српскиот парламент ќе биде конституиран во јануари 2024 година, а очекува владата да биде формирана на крајот на февруари

The post Вучиќ не исклучува нови избори во Белград appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека единствено од институциите на земјата зависи дали и кои избори ќе се повторат, со оценка дека гласањето на 17 декември поминало во демократска атмосфера и било „најмирното во модерната историја“. Вучиќ на денешната прес-конференцијата ги отфрли критиките за регуларноста на изборите, изнесени од домашните и странските набљудувачи и лидерите на најголемата опозициска коалиција „Србија против насилството“. Претседателот на Србија рече и дека е „многу среќен“ што Републичката изборна комисија (РИК) ги задолжила Министерството за внатрешни работи и Министерството за државна управа и локална самоуправа да ги „проверат по име“ сите за кои се тврди дека бидете фантомски гласачи. „Во МВР проверуваа сè и од 496 повици (пријави) што пристигнаа, сите биле уредно запишани во избирачкиот список. Чисти како солза“, рече Вучиќ. Тој тврди дека од тој број, 487 лица биле запишани во избирачкиот список „пред многу, многу години“, а останатиот број биле запишани во 2022 година. https://republika.mk/vesti/balkan/listata-narechena-srbija-bez-naslilstvo-se-obide-nasilno-da-vleze-vo-gradskoto-sobranie-na-belgrad/ Вучиќ „им честиташе на граѓаните на Србија за демократскиот процес“ и изјави дека е горд што изборите и предизборната кампања поминаа без физички инциденти.
- Институциите ќе ја имаат нашата поддршка да ја вршат својата работа согласно демократските норми и тоа е сè, рече Вучиќ, зборувајќи за можностите дали ќе се повторат изборите.
Кога станува збор за изборите во главниот град на Србија, Белград, Вучиќ рече дека изборите ќе се повторат само доколку не се обезбеди мнозинство, бидејќи ниту владејачката партија ниту опозицискиот блок „Србија против насилството“ немаат доволно советници самостојно да го формираат градска влада. Вучиќ најави и дека новиот состав на српскиот парламент ќе биде конституиран во јануари 2024 година, а очекува владата да биде формирана на крајот на февруари

The post Вучиќ не исклучува нови избори во Белград appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: На институциите на Србија е да одлучат дали ќе се повторат изборите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-na-institutsiite-na-srbija-e-da-odluchat-dali-ke-se-povtorat-izborite/ Sun, 24 Dec 2023 17:50:31 +0000 https://republika.mk/?p=726221

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека единствено од институциите на земјата зависи дали и кои избори ќе се повторат, со оценка дека гласањето на 17 декември поминало во демократска атмосфера и било „најмирното во модерната историја“.

Вучиќ на денешната прес-конференцијата ги отфрли критиките за регуларноста на изборите, изнесени од домашните и странските набљудувачи и лидерите на најголемата опозициска коалиција „Србија против насилството“.

Претседателот на Србија рече и дека е „многу среќен“ што Републичката изборна комисија (РИК) ги задолжила Министерството за внатрешни работи и Министерството за државна управа и локална самоуправа да ги „проверат по име“ сите за кои се тврди дека бидете фантомски гласачи.

Во МВР проверуваа сè и од 496 повици (пријави) што пристигнаа, сите биле уредно запишани во избирачкиот список. Чисти како солза, рече Вучиќ.

Тој тврди дека од тој број, 487 лица биле запишани во избирачкиот список „пред многу, многу години“, а останатиот број биле запишани во 2022 година.

Вучиќ „им честиташе на граѓаните на Србија за демократскиот процес“ и изјави дека е горд што изборите и предизборната кампања поминаа без физички инциденти.

Институциите ќе ја имаат нашата поддршка да ја вршат својата работа согласно демократските норми и тоа е сè, рече Вучиќ, зборувајќи за можностите дали ќе се повторат изборите.

Кога станува збор за изборите во главниот град на Србија, Белград, Вучиќ рече дека изборите ќе се повторат само доколку не се обезбеди мнозинство, бидејќи ниту владејачката партија ниту опозицискиот блок „Србија против насилството“ немаат доволно советници самостојно да го формираат градска влада.

Вучиќ најави и дека новиот состав на српскиот парламент ќе биде конституиран во јануари 2024 година, а очекува владата да биде формирана на крајот на февруари.

The post Вучиќ: На институциите на Србија е да одлучат дали ќе се повторат изборите appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека единствено од институциите на земјата зависи дали и кои избори ќе се повторат, со оценка дека гласањето на 17 декември поминало во демократска атмосфера и било „најмирното во модерната историја“. Вучиќ на денешната прес-конференцијата ги отфрли критиките за регуларноста на изборите, изнесени од домашните и странските набљудувачи и лидерите на најголемата опозициска коалиција „Србија против насилството“. Претседателот на Србија рече и дека е „многу среќен“ што Републичката изборна комисија (РИК) ги задолжила Министерството за внатрешни работи и Министерството за државна управа и локална самоуправа да ги „проверат по име“ сите за кои се тврди дека бидете фантомски гласачи.
Во МВР проверуваа сè и од 496 повици (пријави) што пристигнаа, сите биле уредно запишани во избирачкиот список. Чисти како солза, рече Вучиќ.
Тој тврди дека од тој број, 487 лица биле запишани во избирачкиот список „пред многу, многу години“, а останатиот број биле запишани во 2022 година. Вучиќ „им честиташе на граѓаните на Србија за демократскиот процес“ и изјави дека е горд што изборите и предизборната кампања поминаа без физички инциденти.
Институциите ќе ја имаат нашата поддршка да ја вршат својата работа согласно демократските норми и тоа е сè, рече Вучиќ, зборувајќи за можностите дали ќе се повторат изборите.
Кога станува збор за изборите во главниот град на Србија, Белград, Вучиќ рече дека изборите ќе се повторат само доколку не се обезбеди мнозинство, бидејќи ниту владејачката партија ниту опозицискиот блок „Србија против насилството“ немаат доволно советници самостојно да го формираат градска влада. Вучиќ најави и дека новиот состав на српскиот парламент ќе биде конституиран во јануари 2024 година, а очекува владата да биде формирана на крајот на февруари.

The post Вучиќ: На институциите на Србија е да одлучат дали ќе се повторат изборите appeared first on Република.

]]>
На 30 декември ќе се прегласува на 28 избирачки места во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/na-30-dekemvri-ke-se-preglasuva-na-28-izbirachki-mesta-vo-srbija/ Wed, 20 Dec 2023 18:23:15 +0000 https://republika.mk/?p=725012

Во центарот на Белград, пред седиштето на Републичката изборна комисија (РИК), почна нов протест организиран од коалицијата „Србија против насилството“, кој бара поништување на изборите во Белград.
Толпата со свирежи го изразува своето незадоволство од работата на РИК и според нив, изборните нерегуларности.

Пред седиштето на РИК поставена е метална ограда со државни знамиња и голем транспарент „Против изборна кражба“.

Се очекува да им се обратат и претставниците на коалицијата „Србија против насилството“.

Републичката изборна комисија денеска донесе одлука за спроведување на прегласување на 28 избирачки места во Србија на 30 декември годинава. На седницата е констатирано дека на местата каде што се повторуваат избори има вкупно 12.240 гласачи.

Гласањето за избор на пратеници ќе се повтори на избирачките места каде е утврдено дека не може да се утврдат резултатите од гласањето и каде е поништено гласањето на изборите за пратеници одржани на 17 декември.

The post На 30 декември ќе се прегласува на 28 избирачки места во Србија appeared first on Република.

]]>

Во центарот на Белград, пред седиштето на Републичката изборна комисија (РИК), почна нов протест организиран од коалицијата „Србија против насилството“, кој бара поништување на изборите во Белград. Толпата со свирежи го изразува своето незадоволство од работата на РИК и според нив, изборните нерегуларности. Пред седиштето на РИК поставена е метална ограда со државни знамиња и голем транспарент „Против изборна кражба“. Се очекува да им се обратат и претставниците на коалицијата „Србија против насилството“. Републичката изборна комисија денеска донесе одлука за спроведување на прегласување на 28 избирачки места во Србија на 30 декември годинава. На седницата е констатирано дека на местата каде што се повторуваат избори има вкупно 12.240 гласачи. Гласањето за избор на пратеници ќе се повтори на избирачките места каде е утврдено дека не може да се утврдат резултатите од гласањето и каде е поништено гласањето на изборите за пратеници одржани на 17 декември.

The post На 30 декември ќе се прегласува на 28 избирачки места во Србија appeared first on Република.

]]>
Карлеуша: Ме навредуваа додека чекав да гласам https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/karleusha-me-navreduvaa-dodeka-chekav-da-glasam/ Tue, 19 Dec 2023 08:22:50 +0000 https://republika.mk/?p=724427

Во Србија се одржаа вонредни парламентарни избори, а своето право на глас го искористија бројни познати личности. Една од нив беше и пејачката Јелена Карлеуша, која го привлече целото внимание кога се појави пред нејзиното гласачко место во училиште во Белград.

Ја извршив мојата граѓанска должност. Малку истрпив навреди од координаторот, но претпоставувам дека тоа е цената кога си јавна личност. Стоев во редот и затоа не знам што направив за да го заслужам. Наместо да се обидат да воведат некаков ред, за да не стоиме сите во такви гужви, особено постарите и инвалидите, тие се занимаваа со навредите кон мене. Ама добро, немав коментар и толку, откри таа пред српските новинарски екипи.

Потенцираше дека е многу важно да го искористите вашето право на глас:

Најважно, апсолутно најважно. Затоа што се работи за иднината на нашата земја, за нас, за нашите деца и треба да ги избереме најдобрите, рече Карлеуша.

The post Карлеуша: Ме навредуваа додека чекав да гласам appeared first on Република.

Вучиќ: И во Белград листата Србија не смее да запре несомнено освои најмногу гласови https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-i-vo-belgrad-listata-srbija-ne-smee-da-zapre-nesomneno-osvoi-najmnogu-glasovi/ Sun, 17 Dec 2023 21:38:51 +0000 https://republika.mk/?p=724082

-Почитувани граѓани на Србија, ќе ве информираме, за да не ве мачиме, повеќе за правецот и политиката на Србија. Секако, ќе ги споменам и прелиминарните резултати за Белград. А во Белград листата „Србија не смее да запре“ несомнено освои најмногу гласови – рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вечерашната прес-конференција.

Тој во своето обраќање истакна дека на изборите за покраинското собрание на Војводина, кое има 120 пратеници, листата „Србија не смее да застане“ освоила апсолутно мнозинство.

- Од 120 пратеници, листата Србија не смее да запре ќе има меѓу 67 и 69 пратеници. На второто место се најде листата Србија против насилство, со 28 спрема 29, што значи двојно повеќе гласови и пратеници. Третопласирана е СВМ со 9 мандати, СПС со 7 мандати, НАДА со 6 мандати и некоја руска партија со 1 мандат во Војводина - рече претседателот Вучиќ.

- Што се однесува до Србија, на примерок од 76 отсто, така што е можно да се смени за плус-минус 1 отсто. Србија не смее да застане на 46,5 отсто, СПН на 23,5, имаме некаде двојно повеќе на ниво на Србија. СПС 6,5 отсто, НАДА 4,9 отсто, Несторовиќ 4,7 отсто и СВМ 1,9 отсто – рече тој.

Листата „Србија не смее да запре“ сигурно ќе има повеќе од 127 мандати, рече претседателот.

– Една листа, Србија не смее да запре, ќе има апсолутно мнозинство во парламентот – рече тој, на што беше поздравен со долги аплаузи, објави српски Курир.

The post Вучиќ: И во Белград листата Србија не смее да запре несомнено освои најмногу гласови appeared first on Република.

]]>

-Почитувани граѓани на Србија, ќе ве информираме, за да не ве мачиме, повеќе за правецот и политиката на Србија. Секако, ќе ги споменам и прелиминарните резултати за Белград. А во Белград листата „Србија не смее да запре“ несомнено освои најмногу гласови – рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вечерашната прес-конференција.
Тој во своето обраќање истакна дека на изборите за покраинското собрание на Војводина, кое има 120 пратеници, листата „Србија не смее да застане“ освоила апсолутно мнозинство.
- Од 120 пратеници, листата Србија не смее да запре ќе има меѓу 67 и 69 пратеници. На второто место се најде листата Србија против насилство, со 28 спрема 29, што значи двојно повеќе гласови и пратеници. Третопласирана е СВМ со 9 мандати, СПС со 7 мандати, НАДА со 6 мандати и некоја руска партија со 1 мандат во Војводина - рече претседателот Вучиќ.
- Што се однесува до Србија, на примерок од 76 отсто, така што е можно да се смени за плус-минус 1 отсто. Србија не смее да застане на 46,5 отсто, СПН на 23,5, имаме некаде двојно повеќе на ниво на Србија. СПС 6,5 отсто, НАДА 4,9 отсто, Несторовиќ 4,7 отсто и СВМ 1,9 отсто – рече тој. Листата „Србија не смее да запре“ сигурно ќе има повеќе од 127 мандати, рече претседателот.
– Една листа, Србија не смее да запре, ќе има апсолутно мнозинство во парламентот – рече тој, на што беше поздравен со долги аплаузи, објави српски Курир.

The post Вучиќ: И во Белград листата Србија не смее да запре несомнено освои најмногу гласови appeared first on Република.

]]>
ЦЕСИД/ИПСО ги објави првите неофицијални резултати – листата на Вучиќ освои 129 мандати https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tsesid-ipso-gi-objavi-prvite-neofitsijalni-rezultati-listata-na-vuchik-osvoi-129-mandati/ Sun, 17 Dec 2023 21:01:23 +0000 https://republika.mk/?p=724073

ЦЕСИД/ИПСО ги објави првите неофицијални резултати на вондредните избори во Србија. Врз основа на 65,1 отсто од обработените примероци ЦеСИД/ИПСОС, листата на Александар Вучиќ – Србија не смее да запре освои 46,6 отсто од гласовите или 129 мандати.

На второ место е „Србија против насилство“ со 23 отсто или 63 мандати.

Третата позиција ја зазема коалицијата на СПС со 6,9 отсто или 19 мандати.

Коалицијата НАДА освои 4,9 отсто или 13 мандати.

Според овие проекции, листата на д-р Бранимир Несторовиќ „ Ние гласот на народот“ го поминува цензусот со 4,8 отсто од гласовите, односно 13 мандати.

The post ЦЕСИД/ИПСО ги објави првите неофицијални резултати – листата на Вучиќ освои 129 мандати appeared first on Република.

]]>

ЦЕСИД/ИПСО ги објави првите неофицијални резултати на вондредните избори во Србија. Врз основа на 65,1 отсто од обработените примероци ЦеСИД/ИПСОС, листата на Александар Вучиќ – Србија не смее да запре освои 46,6 отсто од гласовите или 129 мандати. На второ место е „Србија против насилство“ со 23 отсто или 63 мандати. Третата позиција ја зазема коалицијата на СПС со 6,9 отсто или 19 мандати. Коалицијата НАДА освои 4,9 отсто или 13 мандати. Според овие проекции, листата на д-р Бранимир Несторовиќ „ Ние гласот на народот“ го поминува цензусот со 4,8 отсто од гласовите, односно 13 мандати.

The post ЦЕСИД/ИПСО ги објави првите неофицијални резултати – листата на Вучиќ освои 129 мандати appeared first on Република.

]]>
Партијата на Вучиќ освои 95% од гласовите во Куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/partijata-na-vuchik-osvoi-95-od-glasovite-vo-kumanovo/ Sun, 17 Dec 2023 20:48:49 +0000 https://republika.mk/?p=724070

Според прелиминарните резултати листата „Србија не сме да стане“ предводена од претеседателот на Србија, Александар Вучиќ освоила 95% од гласовите на гласачкото место во Куманово, каде гласа спрската дијаспора.

Сличен резултат оваа листа постигнала и во Босна и Хецеговина, додека во гласачкото место во Вашингтон, САД, листата на Вучиќ. освоила 56,74% д гласовите а втора е опцијата „Србија против насилство“.

The post Партијата на Вучиќ освои 95% од гласовите во Куманово appeared first on Република.

]]>

Според прелиминарните резултати листата „Србија не сме да стане“ предводена од претеседателот на Србија, Александар Вучиќ освоила 95% од гласовите на гласачкото место во Куманово, каде гласа спрската дијаспора. Сличен резултат оваа листа постигнала и во Босна и Хецеговина, додека во гласачкото место во Вашингтон, САД, листата на Вучиќ. освоила 56,74% д гласовите а втора е опцијата „Србија против насилство“.

The post Партијата на Вучиќ освои 95% од гласовите во Куманово appeared first on Република.

]]>
Ана Брнабиќ прогласи победа: Добредојдовте на прес конференцијата на победничката партија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ana-brnabik-proglasi-pobeda-dobredojdovte-na-pres-konferentsijata-na-pobednichkata-partija/ Sun, 17 Dec 2023 20:46:49 +0000 https://republika.mk/?p=724067

„Добредојдовте на прес конференцијата на победничката партија“, вака премиерката на Србија, Ана Брнабиќ го започна обраќањето, на повеќе од еден час од затворањето на изборните места на денешните вонредни парламентарни и локални избори.

„Според обработени 50% од избирачките места, листата на СНС има 47,1 проценти од вкупниот број гласови„ истакна Брнабиќ и објасни дека според досега изброените гласови тие имаат повеќе од 125 пратенички места во парламентот.

Според податоците на СНС, листата „Србија против насилство“ има околу 23 проценти од гласовите.

Таа како невистини и инсинуации ги прогласи информациите поврзани со нерегуларностите во изборниот процес и изборниот ден кои ги ширеле проопозициските медиуми.

Во однос на резултатите за градоначалник на Белград, Брнабиќ истакна дека изјавите на опозицијата за наводна победа се неточни и во текот на вечерта ќе споделат повеќе информации.

Таа се заблагодари на претседателот Александар Вучиќ за борбата во највалканите избори досега и фактот дека тој дозволил да се искористи неговото име за победа на изборите.

The post Ана Брнабиќ прогласи победа: Добредојдовте на прес конференцијата на победничката партија appeared first on Република.

]]>

„Добредојдовте на прес конференцијата на победничката партија“, вака премиерката на Србија, Ана Брнабиќ го започна обраќањето, на повеќе од еден час од затворањето на изборните места на денешните вонредни парламентарни и локални избори.
„Според обработени 50% од избирачките места, листата на СНС има 47,1 проценти од вкупниот број гласови„ истакна Брнабиќ и објасни дека според досега изброените гласови тие имаат повеќе од 125 пратенички места во парламентот.
Според податоците на СНС, листата „Србија против насилство“ има околу 23 проценти од гласовите. Таа како невистини и инсинуации ги прогласи информациите поврзани со нерегуларностите во изборниот процес и изборниот ден кои ги ширеле проопозициските медиуми. Во однос на резултатите за градоначалник на Белград, Брнабиќ истакна дека изјавите на опозицијата за наводна победа се неточни и во текот на вечерта ќе споделат повеќе информации. Таа се заблагодари на претседателот Александар Вучиќ за борбата во највалканите избори досега и фактот дека тој дозволил да се искористи неговото име за победа на изборите.

The post Ана Брнабиќ прогласи победа: Добредојдовте на прес конференцијата на победничката партија appeared first on Република.

]]>
Вучиќ се огласи: Резултатите ќе бидат подобри од проценките https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-se-oglasi-rezultatite-ke-bidat-podobri-od-protsenkite/ Sun, 17 Dec 2023 20:09:32 +0000 https://republika.mk/?p=724060

Резултатите ќе бидат подобри од проценките, изјави српскиот претседател и член на СНС Александар Вучиќ за новинарите во изборниот штаб на СНС.

– Не можам да кажам ништо за Белград, бидејќи во Белград не е преброено ниту едно гласачко ливче – рече Вучиќ во краткото обраќање.

Изборите во 2023 година се одржуваат нешто повеќе од една и пол година по претходните парламентарни, градски и претседателски избори, кои се одржаа на 3 април 2022 година. Според податоците на Републичката изборна комисија (РЕК), конечниот број на избирачи со право на глас на парламентарните избори е 6.500.666.

The post Вучиќ се огласи: Резултатите ќе бидат подобри од проценките appeared first on Република.

Затворени избирачки места во Србија, гласањето го одбележаа и наводи за нерегуларности https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zatvoreni-izbirachki-mesta-vo-srbija-glasaneto-go-odbelezhaa-i-navodi-za-neregularnosti/ Sun, 17 Dec 2023 19:50:33 +0000 https://republika.mk/?p=724057

Избирачките места во Србија за вонредните парламентарни, покраински и локални избори беа затворени вечерва во 20 часот, а изборниот ден беше одбележан со меѓусебни обвинувања за бројни нерегуларности од страна на учесниците на изборите.

Претставниците на опозициските листи изјавија дека граѓаните на Република Српска со организирани автобуси биле донесени во белградската Штарк Арена, од каде потоа биле однесени на избирачките места каде што гласале. Претставниците на Републичката изборна комисија (РИК) и премиерката Ана Брнабиќ изјавија дека се државјани на Србија, кои се запишани во избирачкиот список.

Коалицијата „Србија против насилство“ на социјалните мрежи објави снимка од средба со претставници на Министерството за внатрешни работи во врска со можна реакција на резултатите, при што еден од присутните „ја пренесе пораката на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека ќе ги признае изборните резултати во Белград доколку победи опозицијата“.

Невладините организации и набљудувачите на изборите констатираа дека се забележани и бројни други нерегуларности, како што е „бугарскиот воз“, водење паралелни листи, можно купување гласови, јави Бета.

Набљудувачи на организацијата Црта биле нападнати во Оџаци на кои непознати лица им ги скршиле стаклата на автомобилот откако забележале наводно вадење на гласачки ливчиња од избирачкото место и однесени во партиските простории.

Републичката изборна комисија соопшти дека до 18 часот гласале 51,93 отсто од граѓаните, од оние со право на глас.

The post Затворени избирачки места во Србија, гласањето го одбележаа и наводи за нерегуларности appeared first on Република.

]]>

Избирачките места во Србија за вонредните парламентарни, покраински и локални избори беа затворени вечерва во 20 часот, а изборниот ден беше одбележан со меѓусебни обвинувања за бројни нерегуларности од страна на учесниците на изборите. Претставниците на опозициските листи изјавија дека граѓаните на Република Српска со организирани автобуси биле донесени во белградската Штарк Арена, од каде потоа биле однесени на избирачките места каде што гласале. Претставниците на Републичката изборна комисија (РИК) и премиерката Ана Брнабиќ изјавија дека се државјани на Србија, кои се запишани во избирачкиот список. Коалицијата „Србија против насилство“ на социјалните мрежи објави снимка од средба со претставници на Министерството за внатрешни работи во врска со можна реакција на резултатите, при што еден од присутните „ја пренесе пораката на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека ќе ги признае изборните резултати во Белград доколку победи опозицијата“.
Невладините организации и набљудувачите на изборите констатираа дека се забележани и бројни други нерегуларности, како што е „бугарскиот воз“, водење паралелни листи, можно купување гласови, јави Бета.
Набљудувачи на организацијата Црта биле нападнати во Оџаци на кои непознати лица им ги скршиле стаклата на автомобилот откако забележале наводно вадење на гласачки ливчиња од избирачкото место и однесени во партиските простории. Републичката изборна комисија соопшти дека до 18 часот гласале 51,93 отсто од граѓаните, од оние со право на глас.

The post Затворени избирачки места во Србија, гласањето го одбележаа и наводи за нерегуларности appeared first on Република.

]]>
Во Србија на полноќ истекува рокот за поднесување изборни листи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-srbija-na-polnok-istekuva-rokot-za-podnesuvane-izborni-listi/ Sun, 26 Nov 2023 21:09:34 +0000 https://republika.mk/?p=716430

Дваесет и петти ден од кампањата за вонредните парламентарни, локални и изборите за градот Белград. Рокот за поднесување изборни листи истекува денеска на полноќ, а во Републичката изборна комисија (РИК) поднесени се 14 изборни листи од кои досега се прогласени 12 листи, јави дописникот на МИА од Белград.

Први кои поднесоа изборна листа е коалицијата на владејачката Српска напредна партија (СНС) на претседателот Александар Вучиќ, која ќе излезе на изборите под слоганот „Александар Вучиќ – Србија“ заедно со коалициските партнери Расим Љајиќ (Социјалдемократска партија на Србија), Милан Кркобабиќ (ПУПС), Милан Стаматовиќ (Здрава Србија) и Ненад Поповиќ (Српска народна партија). Кандидат за градоначалник на Белград од оваа партија ќе биде досегашниот градоначалник Александар Шапиќ.

Социјалистичката партија на Србија на Ивица Дачиќ (СПС) ќе учествува на  изборите со листата е под име  „Ивица Дачиќ – премиер на Србија“ во коалиција со Единствена Србија (ЈС) на Драган Марковиќ Палма и со Зелените на Србија (ЗС), а Тома Фила ќе биде заеднички кандидат за градоначалник на Белград.

„Србија против насилството“ е изборна листа на проевропската опозиција или Партијата за слобода и правда (ССП), Народното движење на Србија, Зелено-левиот фронт/Не го давиме Белград, Срце, Еколошкото востание, Демократската партија (ДС), Движењето на слободни граѓани (ПСГ), партијата Заедно и синдикатот Слога, со Мирослав Алексиќ и Мариника Тепиќ како носители на листата на републичките избори, а Владимир Обрадовиќ е кандидат за градоначалник на Белград.

Социјалдемократската партија (СДС) на поранешниот претседател Борис Тадиќ не успеа да влезе во коалиција со проевропските партии и оди со посебна изборна листа „Добро утро Србијо“, заедно со Саша Радуловиќ од Доста беше (ДЈБ).

На изборите самостојно ќе излезе и Либерално демократската партија (ЛДП) на Чедомир Јовановиќ, со листа „Мораме поинаку“.

Опозициските партии од десницата, Народна партија (НП) на Вук Јеремиќ, Двери, радикалите на Воислав Шешељ, Нов ДСС на Милош Јовановиќ, Заветници, ПОКС, засега не успеа да постигнат договор за заедничка коалиција на овие избори во Србија.

НП на Вук Јеремиќ оди самостојно на изборите со листата „Сигурен избор“, Новата Демократска странка (ДСС) на Милош Јовановиќ и ПОКС – Движењето за обнова на кралството Србија понесоа своја листа под име „Надеж за Србија“, како и Двери на Бошко Обрадовиќ и Заветници на Милица Ѓурѓевиќ Стаменковска кои имаат изборна листа „Национално собирање – Државотворно сила“.

Српската радикална партија на Воислав Шешељ на парламентарните избори оди самостојно со своја изборна листа, додека на локално ниво и на изборите за град Белград се во коалиција со СНС.

The post Во Србија на полноќ истекува рокот за поднесување изборни листи appeared first on Република.

]]>

Дваесет и петти ден од кампањата за вонредните парламентарни, локални и изборите за градот Белград. Рокот за поднесување изборни листи истекува денеска на полноќ, а во Републичката изборна комисија (РИК) поднесени се 14 изборни листи од кои досега се прогласени 12 листи, јави дописникот на МИА од Белград. Први кои поднесоа изборна листа е коалицијата на владејачката Српска напредна партија (СНС) на претседателот Александар Вучиќ, која ќе излезе на изборите под слоганот „Александар Вучиќ – Србија“ заедно со коалициските партнери Расим Љајиќ (Социјалдемократска партија на Србија), Милан Кркобабиќ (ПУПС), Милан Стаматовиќ (Здрава Србија) и Ненад Поповиќ (Српска народна партија). Кандидат за градоначалник на Белград од оваа партија ќе биде досегашниот градоначалник Александар Шапиќ. Социјалистичката партија на Србија на Ивица Дачиќ (СПС) ќе учествува на  изборите со листата е под име  „Ивица Дачиќ – премиер на Србија“ во коалиција со Единствена Србија (ЈС) на Драган Марковиќ Палма и со Зелените на Србија (ЗС), а Тома Фила ќе биде заеднички кандидат за градоначалник на Белград. „Србија против насилството“ е изборна листа на проевропската опозиција или Партијата за слобода и правда (ССП), Народното движење на Србија, Зелено-левиот фронт/Не го давиме Белград, Срце, Еколошкото востание, Демократската партија (ДС), Движењето на слободни граѓани (ПСГ), партијата Заедно и синдикатот Слога, со Мирослав Алексиќ и Мариника Тепиќ како носители на листата на републичките избори, а Владимир Обрадовиќ е кандидат за градоначалник на Белград. Социјалдемократската партија (СДС) на поранешниот претседател Борис Тадиќ не успеа да влезе во коалиција со проевропските партии и оди со посебна изборна листа „Добро утро Србијо“, заедно со Саша Радуловиќ од Доста беше (ДЈБ). На изборите самостојно ќе излезе и Либерално демократската партија (ЛДП) на Чедомир Јовановиќ, со листа „Мораме поинаку“. Опозициските партии од десницата, Народна партија (НП) на Вук Јеремиќ, Двери, радикалите на Воислав Шешељ, Нов ДСС на Милош Јовановиќ, Заветници, ПОКС, засега не успеа да постигнат договор за заедничка коалиција на овие избори во Србија. НП на Вук Јеремиќ оди самостојно на изборите со листата „Сигурен избор“, Новата Демократска странка (ДСС) на Милош Јовановиќ и ПОКС – Движењето за обнова на кралството Србија понесоа своја листа под име „Надеж за Србија“, како и Двери на Бошко Обрадовиќ и Заветници на Милица Ѓурѓевиќ Стаменковска кои имаат изборна листа „Национално собирање – Државотворно сила“. Српската радикална партија на Воислав Шешељ на парламентарните избори оди самостојно со своја изборна листа, додека на локално ниво и на изборите за град Белград се во коалиција со СНС.

The post Во Србија на полноќ истекува рокот за поднесување изборни листи appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Ако победи опозицијата на изборите, јас нема да бидам претседател https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-ako-pobedi-opozitsijata-na-izborite-jas-nema-da-bidam-pretsedatel/ Sun, 12 Nov 2023 15:49:15 +0000 https://republika.mk/?p=700767

Српскиот претседател Александар Вучиќ на предизборниот митинг на Српската напредна партија (СНС) во Смедерево изјави дека, доколку опозицијата победи на изборите, тој повеќе нема да биде претседател.

Ја прифатив честа да бидам носител на оваа изборна листа бидејќи ќе сносам најголема одговорност. Дали навистина мислите дека е можно јас да бидам претседател, а премиерот да биде еден од тие што ја уништија државата? Можно е тие да бидат премиери. Ако победат на изборите ќе им дадам мандат. Но, не сакам повеќе да бидам претседател, бидејќи после тоа не можам ништо да направам за граѓаните на Србија. И сакам луѓето во Србија да го знаат тоа. Да се преправам дека сум претседател за да имам чанта, машна, секретарка и да се чувствувам добро, а на народот да му биде лошо - нема тоа себеси да си го направам. И јас не сакам да бидам претседател, им порача Вучиќ на насобраните на митингот на неговата партија.

Според него, граѓаните не гласаат само за листа на пратеници, туку и за свој претседател.

За или против мене, баш како што тие велат, рече Вучиќ на промоцијата на изборната листата „Александар Вучиќ - Србија не смее да запре“.

Во Србија на 17 декември ќе се одржат вонредни парламентарни, покраински, локални и избори за градот Белград.

The post Вучиќ: Ако победи опозицијата на изборите, јас нема да бидам претседател appeared first on Република.

Во Србија почна поднесувањето изборни листи, познати и изборните коалиции за изборите на 17 декемв https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-srbija-pochna-podnesuvaneto-izborni-listi-poznati-i-izbornite-koalitsii-za-izborite-na-17-dekemv/ Thu, 02 Nov 2023 19:47:44 +0000 https://republika.mk/?p=697583

Во Србија од денеска до 26 ноември почна пријавувањето до Републичката изборна комисија (РИК) на изборните листи за парламентарните, локалните и изборите за град Белград закажани на 17 декември, а познати се и изборните коалиции, јави дописникот на МИА од Белград.

Први кои поднесоа изборна листа е коалицијата на владеачката Српска Напредна Странка (СНС), партијата на претседателот Александар Вучиќ, која ќе излезе на изборите под слоганот „Александар Вучиќ-Србија не смее да застане„ а листата ја поднесе лидерот на СНС Милош Вучевик заедно со коалициските партнери Расим Љајиќ (Социјалдемократска партија на Србија), Милан Кркобабиќ (ПУПС), Милан Стаматовиќ (Здрава Србија) и Ненад Поповиќ (Српска народна партија). Кандидат за градоначалник на Белград од оваа партија ќе биде досегашниот градоначалник Александар Шапиќ.

Во коалција со СНС, како што изјави Воислав Шешељ ќе влезе и Српската радикална партија, но само на локално ниво и на изборите за град Белград, додека на парламентарните избори радикалите ќе одата самостојно.

Социјалистичката партија на Србија на Ивица Дачиќ (СПС) на изборите оди самостојно со своја листа во коалција со Единствена Србија (ЈС) на Драган Марковиќ Палма и со Зелените на Србија (ЗС). Зедничката изборна листа за парламентарните избори ќе има назив „Ивица Дачиќ-премиер на Србија“, а Тома Фила ќе биде заднички кандидат за градоначалник на Белград на оваа изборна коалиција.

Проевропската опозиција или Партијата за слобода и правда (ССП), Народното движење на Србија, Зелено-левиот фронт/Не го давиме Белград, Срце, Еколошкото востание, Демократската партија (ДС), Движењето на слободни граѓани (ПСГ) и партијата Заедно се договорија заеднички да учествуваат на изборите на основа на добрата соработка во парламентот, заедничката организација на протестите „Србија против насилството. Носители на листата на републичките избори ќе бидат Мирослав Алексиќ и Мариника Тепиќ, додека прв на листата ќе биде Радомир Лазовиќ, а на изборите во Белград носители ќе бидат Добрица Веселиновиќ и Владимир Обрадовиќ, кој ќе биде кандидат за градоначалник.

Кон оваа коалиција денес навести дека ќе се прикличи и Социјалдемократската партија на поранешниот претседател Борис Тадиќ.

На изборите ќе излезе и Либерално демократската партија (ЛДП) на Чедомир Јовановиќ, кој поодамна го нема на политичката сцена во Србија.

Опозициските партии од десницата, партијата на Вук Јеремиќ, Двери, Нов ДСС на Милош Јовановиќ, Заветници, ПОКС, засега не успаеа да постигнат договор за заедничка коалиција на овие ибори во Србија или како Нов ДСС и ПОКС ќе излезат со свои коалиции.

The post Во Србија почна поднесувањето изборни листи, познати и изборните коалиции за изборите на 17 декемв appeared first on Република.

]]>

Во Србија од денеска до 26 ноември почна пријавувањето до Републичката изборна комисија (РИК) на изборните листи за парламентарните, локалните и изборите за град Белград закажани на 17 декември, а познати се и изборните коалиции, јави дописникот на МИА од Белград. Први кои поднесоа изборна листа е коалицијата на владеачката Српска Напредна Странка (СНС), партијата на претседателот Александар Вучиќ, која ќе излезе на изборите под слоганот „Александар Вучиќ-Србија не смее да застане„ а листата ја поднесе лидерот на СНС Милош Вучевик заедно со коалициските партнери Расим Љајиќ (Социјалдемократска партија на Србија), Милан Кркобабиќ (ПУПС), Милан Стаматовиќ (Здрава Србија) и Ненад Поповиќ (Српска народна партија). Кандидат за градоначалник на Белград од оваа партија ќе биде досегашниот градоначалник Александар Шапиќ. Во коалција со СНС, како што изјави Воислав Шешељ ќе влезе и Српската радикална партија, но само на локално ниво и на изборите за град Белград, додека на парламентарните избори радикалите ќе одата самостојно. Социјалистичката партија на Србија на Ивица Дачиќ (СПС) на изборите оди самостојно со своја листа во коалција со Единствена Србија (ЈС) на Драган Марковиќ Палма и со Зелените на Србија (ЗС). Зедничката изборна листа за парламентарните избори ќе има назив „Ивица Дачиќ-премиер на Србија“, а Тома Фила ќе биде заднички кандидат за градоначалник на Белград на оваа изборна коалиција. Проевропската опозиција или Партијата за слобода и правда (ССП), Народното движење на Србија, Зелено-левиот фронт/Не го давиме Белград, Срце, Еколошкото востание, Демократската партија (ДС), Движењето на слободни граѓани (ПСГ) и партијата Заедно се договорија заеднички да учествуваат на изборите на основа на добрата соработка во парламентот, заедничката организација на протестите „Србија против насилството. Носители на листата на републичките избори ќе бидат Мирослав Алексиќ и Мариника Тепиќ, додека прв на листата ќе биде Радомир Лазовиќ, а на изборите во Белград носители ќе бидат Добрица Веселиновиќ и Владимир Обрадовиќ, кој ќе биде кандидат за градоначалник. Кон оваа коалиција денес навести дека ќе се прикличи и Социјалдемократската партија на поранешниот претседател Борис Тадиќ. На изборите ќе излезе и Либерално демократската партија (ЛДП) на Чедомир Јовановиќ, кој поодамна го нема на политичката сцена во Србија. Опозициските партии од десницата, партијата на Вук Јеремиќ, Двери, Нов ДСС на Милош Јовановиќ, Заветници, ПОКС, засега не успаеа да постигнат договор за заедничка коалиција на овие ибори во Србија или како Нов ДСС и ПОКС ќе излезат со свои коалиции.

The post Во Србија почна поднесувањето изборни листи, познати и изборните коалиции за изборите на 17 декемв appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Избори на 17 декември https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-izbori-na-17-dekemvri/ Wed, 25 Oct 2023 19:07:09 +0000 https://republika.mk/?p=695023

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва повтори дека изборите ќе се одржат на 17 декември и додаде дека ќе ги распише следната недела.

Зборувам за парламентарните избори за кои сум надлежен, врз основа на образложен предлог на владата. Начинот на кој оди уставната процедура и во согласност со Законот за претседател на Републиката, изјави Вучиќ за РТС.

Тој додаде дека претседателот на Собранието на Србија пред тоа ќе распише избори во повеќе од 60 единици на локалната самоуправа, по што ќе бидат распишани покраински избори

Српскиот претседател изјави во Белград дека утре во Брисел ќе разговара со лидерите на ЕУ, Германија, Франција и Италија за предлогот на „големата петорка“ за формирање Заедница на српски општини (ЗСО).

Петорката (на 21 октомври) даде предлог за начинот на формирање на ЗСО, дадовме одговори и предлози, но детали не можам да ги откријам, подготвени сме да разговараме за тоа, тропаат на отворена врата кога е во прашање Белград, рече Вучиќ.

Тој додаде дека утре во Брисел, на маргините на самитот на Европската унија, ќе има средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак и лидерите на Франција, Германија и Италија, Емануел Макрон, Олаф Шолц и Џорџа Мелони.

Се надевам дека средбата ќе се одржи во атмосфера на компромис и создавање можности за надеж и иднина и за опстанок на српскиот народ на Косово и Метохија. Нема да биде лесно, нема да биде убава средба.

Вучиќ истакна дека Курти денеска изјавил дека го прифатил планот на „Големата петорка“, кој вклучува формирање на ЗСО, „како основа“, а претседателот на Собранието на Косово Глаук Коњуфца веднаш рекол дека ЗСО „ не е тема и нема да биде тема“.

The post Вучиќ: Избори на 17 декември appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва повтори дека изборите ќе се одржат на 17 декември и додаде дека ќе ги распише следната недела.
Зборувам за парламентарните избори за кои сум надлежен, врз основа на образложен предлог на владата. Начинот на кој оди уставната процедура и во согласност со Законот за претседател на Републиката, изјави Вучиќ за РТС.
Тој додаде дека претседателот на Собранието на Србија пред тоа ќе распише избори во повеќе од 60 единици на локалната самоуправа, по што ќе бидат распишани покраински избори Српскиот претседател изјави во Белград дека утре во Брисел ќе разговара со лидерите на ЕУ, Германија, Франција и Италија за предлогот на „големата петорка“ за формирање Заедница на српски општини (ЗСО).
Петорката (на 21 октомври) даде предлог за начинот на формирање на ЗСО, дадовме одговори и предлози, но детали не можам да ги откријам, подготвени сме да разговараме за тоа, тропаат на отворена врата кога е во прашање Белград, рече Вучиќ.
Тој додаде дека утре во Брисел, на маргините на самитот на Европската унија, ќе има средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак и лидерите на Франција, Германија и Италија, Емануел Макрон, Олаф Шолц и Џорџа Мелони.
Се надевам дека средбата ќе се одржи во атмосфера на компромис и создавање можности за надеж и иднина и за опстанок на српскиот народ на Косово и Метохија. Нема да биде лесно, нема да биде убава средба.
Вучиќ истакна дека Курти денеска изјавил дека го прифатил планот на „Големата петорка“, кој вклучува формирање на ЗСО, „како основа“, а претседателот на Собранието на Косово Глаук Коњуфца веднаш рекол дека ЗСО „ не е тема и нема да биде тема“.

The post Вучиќ: Избори на 17 декември appeared first on Република.

]]>
Имате 79 дена да се подготвите за избори, ѝ порача Вучиќ на опозицијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/imate-79-dena-da-se-podgotvite-za-izbori-poracha-vuchik-na-opozitsijata/ Sat, 30 Sep 2023 08:20:51 +0000 https://republika.mk/?p=686543

Најавувајќи ги вонредните парламентарни и локални избори за 17 декември, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека владејачката коалиција сака да ѝ излезе во пресрет на опозицијата и да го исполни нивното барање за одржување избори, но и да се оди на избори заради народот, бидејќи е потребен „чист и јасен мандат во иднина“.

Рековме дека сакаме да ги исполниме барањата на опозицијата за избори, тоа е важен демократски дострел, но сакаме и во иднина да имаме чист мандат и да бидеме суверена држава. Ни треба јасна насока во која сакаме да одиме во иднина. Дали сакаме суверенитет или да бидеме колонија, рече Вучиќ.

Како што вели, нема разлики меѓу опозицијата, а тоа најдобро се видело кога имало конфликт на Косово.

Видовте пред некој ден дека нема апсолутно никаква разлика. Никој не застана во одбрана на својот народ, но за разлика од нив, јас ја разбирам потребата на луѓето да ги бранат своите огништа. Некој мора да разбере зошто таму се тепаат луѓето, зошто се жртвувале, рече Вучиќ.

Претседателот потсетува дека еден ден пред распишувањето на изборите, претставниците на опозицијата порачаа дека тој не смее да учествува на изборите, бидејќи му „забраниле Американците“.

Побараа избори во Белград, а ќе има избори на ниво на Србија. Нека се спремаат, до тогаш имаат 79 дена, рече претседателот на Србија.

Претседателот изјави дека изборите ќе се одржат за 79 дена, односно на 17 декември.

Опозицијата побара избори. Нека се подготват, им остануваат уште 79 дена, рече Вучиќ.

The post Имате 79 дена да се подготвите за избори, ѝ порача Вучиќ на опозицијата appeared first on Република.

Вучиќ најави избори во Србија за три или шест месеци https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-najavi-izbori-vo-srbija-za-tri-ili-shest-mesetsi/ Sun, 20 Aug 2023 15:52:54 +0000 https://republika.mk/?p=673930

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска најави дека изборите во Србија ќе се одржат многу брзо, за три или шест месеци, а најдоцна за шест-седум месеци.

Тој пред новинарите во Будимпешта, каде што е во дводневна посета, изјави дека локалните и покраинските избори се регуларни, а најверојатно ќе се одржат и парламентарни избори.

Вучиќ, коментирајќи ја изјавата на потпретседателката на Партијата за слобода и правда, Мариника Тепиќ, дека владата во Белград веќе паднала „само не го знае тоа“ и дека поради кукавичлук не распишал избори во Белград, нагласи дека „сто пати“ ја прашал опозицијата кога сакале да одржат избори.

Па, ова не е фонтана на желби, да барате избори во Белград, но не и други. Многу брзо ќе има избори. Дали за три или шест месеци, избори сигурно ќе има во следните шест до седум месеци“, нагласи Вучиќ.

The post Вучиќ најави избори во Србија за три или шест месеци appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска најави дека изборите во Србија ќе се одржат многу брзо, за три или шест месеци, а најдоцна за шест-седум месеци. Тој пред новинарите во Будимпешта, каде што е во дводневна посета, изјави дека локалните и покраинските избори се регуларни, а најверојатно ќе се одржат и парламентарни избори. Вучиќ, коментирајќи ја изјавата на потпретседателката на Партијата за слобода и правда, Мариника Тепиќ, дека владата во Белград веќе паднала „само не го знае тоа“ и дека поради кукавичлук не распишал избори во Белград, нагласи дека „сто пати“ ја прашал опозицијата кога сакале да одржат избори. Па, ова не е фонтана на желби, да барате избори во Белград, но не и други. Многу брзо ќе има избори. Дали за три или шест месеци, избори сигурно ќе има во следните шест до седум месеци“, нагласи Вучиќ.

The post Вучиќ најави избори во Србија за три или шест месеци appeared first on Република.

]]>
Српската опозиција бара нови избори во Белград бидејќи на првите загуби https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srpskata-opozicija-bara-novi-izbori-vo-belgrad-bidejkji-na-prvite-zagubi/ Wed, 13 Apr 2022 12:14:54 +0000 https://republika.mk/?p=487914

Одлуката дали во Белград ќе се одржат нови градски избори претседателот на државата и лидер на Српската напредна партија (СНС) Александар Вучиќ ќе ја донесе врз основа на резултатите од анкетата на јавното мислење, односно „по почуствувањето на пулсот на гласачите“ после средбата со претседателот на Партијата на слободата и правдата (ССП) Драган Ѓилас, што треба да се заврши до петок, пишува Данас, јави дописникот на МИА од Белград.

-Бидејќи Вучиќ не е задоволен од резултатите на СНС, како на национално ниво, а особено во Белград, нови испитувања на јавното мислење почнаа да се спроведуваат веќе на вториот ден по изборите, пишува Данас, повикувајќи се на извор близок до СНС.

Како што навел тој извор, „и самиот Вучиќ чекал на закажување на состанокот со Ѓилас, додека не ги добие резултатите од првите анкети“, пренесува Данас, кој потсетува дека Вучиќ треба да одговори на предлогот на Ѓилас за одржување нови избори за градот Белград оваа недела.

-Вучиќ сега сака да види како неговите гласачи ќе ја примат средбата со Ѓилас, како тоа го прима целото јавно мислење, а како гласачите на опозицијата. Врз основа на тоа, тој ќе донесе дополнителни одлуки за белградските изборите, оценува Данас.

Овој весник пишува и дека опозициската Обединета коалиција за победа на Србија официјално се уште постои, но неофицијално се наѕира нејзиниот крај. Можеби крајот нема да следи деновиве, но ќе се случи по повторените избори во Белград, а можеби и порано, кон крајот на оваа недела, кога треба да следи одговорот на Александар Вучиќ на барањето на Драган Ѓилас за распишување нови белградски избори.

-Доколку Вучиќ одговори позитивно на барањето за повторување на изборите, де факто ќе се создаде техничка коалиција на Српската напредна партија и Партијата на слободата и правдата, а тоа ќе значи и крај на коалицијата Обединети за победа Србија, изјави Вук Јеремиќ, лидер на Народната партија, напоменувајќи дека неговата партија нема да учествува во тоа.

Изборните листи на опозициските десничарски партии кои го поминаа цензусот на градските избори во Белград различно говорат за понатамошните постапки поврзани со ситуацијата околу неизвесните изборни резултати во Белград и формирањето на градска власт, додека се согласуваат во тоа дека своите постапки нема да ги одмеруваат во зависност од исходот од состанокот на лидерот на СНС, Александар Вучиќ и лидерот на ССП Драган Ѓилас

The post Српската опозиција бара нови избори во Белград бидејќи на првите загуби appeared first on Република.

]]>

Одлуката дали во Белград ќе се одржат нови градски избори претседателот на државата и лидер на Српската напредна партија (СНС) Александар Вучиќ ќе ја донесе врз основа на резултатите од анкетата на јавното мислење, односно „по почуствувањето на пулсот на гласачите“ после средбата со претседателот на Партијата на слободата и правдата (ССП) Драган Ѓилас, што треба да се заврши до петок, пишува Данас, јави дописникот на МИА од Белград.
-Бидејќи Вучиќ не е задоволен од резултатите на СНС, како на национално ниво, а особено во Белград, нови испитувања на јавното мислење почнаа да се спроведуваат веќе на вториот ден по изборите, пишува Данас, повикувајќи се на извор близок до СНС.
Како што навел тој извор, „и самиот Вучиќ чекал на закажување на состанокот со Ѓилас, додека не ги добие резултатите од првите анкети“, пренесува Данас, кој потсетува дека Вучиќ треба да одговори на предлогот на Ѓилас за одржување нови избори за градот Белград оваа недела.
-Вучиќ сега сака да види како неговите гласачи ќе ја примат средбата со Ѓилас, како тоа го прима целото јавно мислење, а како гласачите на опозицијата. Врз основа на тоа, тој ќе донесе дополнителни одлуки за белградските изборите, оценува Данас.
Овој весник пишува и дека опозициската Обединета коалиција за победа на Србија официјално се уште постои, но неофицијално се наѕира нејзиниот крај. Можеби крајот нема да следи деновиве, но ќе се случи по повторените избори во Белград, а можеби и порано, кон крајот на оваа недела, кога треба да следи одговорот на Александар Вучиќ на барањето на Драган Ѓилас за распишување нови белградски избори. -Доколку Вучиќ одговори позитивно на барањето за повторување на изборите, де факто ќе се создаде техничка коалиција на Српската напредна партија и Партијата на слободата и правдата, а тоа ќе значи и крај на коалицијата Обединети за победа Србија, изјави Вук Јеремиќ, лидер на Народната партија, напоменувајќи дека неговата партија нема да учествува во тоа. Изборните листи на опозициските десничарски партии кои го поминаа цензусот на градските избори во Белград различно говорат за понатамошните постапки поврзани со ситуацијата околу неизвесните изборни резултати во Белград и формирањето на градска власт, додека се согласуваат во тоа дека своите постапки нема да ги одмеруваат во зависност од исходот од состанокот на лидерот на СНС, Александар Вучиќ и лидерот на ССП Драган Ѓилас

The post Српската опозиција бара нови избори во Белград бидејќи на првите загуби appeared first on Република.

]]>
Стејт департмент : САД ги поздравува изборните резултати во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/stejt-department-sad-gi-pozdravuva-izbornite-rezultati-vo-srbija/ Tue, 05 Apr 2022 08:05:31 +0000 https://republika.mk/?p=483429

Соединетите Американски Држави го поздравиja исходот од изборите во Србија, со оценка дека Србија им се придружи на демократиите во целиот свет во осудата на руската војна во Украина, се наведува во одговорот на Стејт департментот за „Гласот на Америка“ .

Констатирано е дека САД се задоволни што повеќе кандидати и партии на претседателските, парламентарните и локалните избори, кои го поддржуваат пристапувањето на Србија во Европската унија, добиле значителна поддршка на изборите, што според Стејт департментот е јасна поддршка за стратешките приоритети на Србија.

Исто така како што пренесува Гласот на Америка, беше посочено дека САД се согласуваат со прелиминарните заклучоци на набљудувачката мисија на ОБСЕ дека гласањето во целина било мирно и дека во голема мера биле почитувани основните слободи и права.

Jа споделуваме загриженоста на мисијата за комбинираното влијание на нееднаков пристап до медиумите, неоправданиот притисок врз вработените во јавниот сектор за поддршка на службениците, значителните финансиски нееднаквости и злоупотребата на државните ресурси што резултираа со нееднакви услови за учесниците, соопшти Стејт департментот.

Во исто време Вашингтон ги повикуваат властите во Белград да ги решат недостатоците што ги утврди мисијата на ОБСЕ, да го поддржат патот на Србија кон ЕУ и со нетрпение очекуваат да се продолжи со напорите за градење продуктивни односи меѓу САД и Србија.

The post Стејт департмент : САД ги поздравува изборните резултати во Србија appeared first on Република.

]]>

Соединетите Американски Држави го поздравиja исходот од изборите во Србија, со оценка дека Србија им се придружи на демократиите во целиот свет во осудата на руската војна во Украина, се наведува во одговорот на Стејт департментот за „Гласот на Америка“ . Констатирано е дека САД се задоволни што повеќе кандидати и партии на претседателските, парламентарните и локалните избори, кои го поддржуваат пристапувањето на Србија во Европската унија, добиле значителна поддршка на изборите, што според Стејт департментот е јасна поддршка за стратешките приоритети на Србија. Исто така како што пренесува Гласот на Америка, беше посочено дека САД се согласуваат со прелиминарните заклучоци на набљудувачката мисија на ОБСЕ дека гласањето во целина било мирно и дека во голема мера биле почитувани основните слободи и права.
Jа споделуваме загриженоста на мисијата за комбинираното влијание на нееднаков пристап до медиумите, неоправданиот притисок врз вработените во јавниот сектор за поддршка на службениците, значителните финансиски нееднаквости и злоупотребата на државните ресурси што резултираа со нееднакви услови за учесниците, соопшти Стејт департментот.
Во исто време Вашингтон ги повикуваат властите во Белград да ги решат недостатоците што ги утврди мисијата на ОБСЕ, да го поддржат патот на Србија кон ЕУ и со нетрпение очекуваат да се продолжи со напорите за градење продуктивни односи меѓу САД и Србија.

The post Стејт департмент : САД ги поздравува изборните резултати во Србија appeared first on Република.

]]>
Русија им честита на Вучиќ и Орбан: Браво Србија! Браво Унгарија! Браво права и суверена Европо! https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rusija-im-chestita-na-vuchikj-i-orban-bravo-srbija-bravo-ungarija-bravo-prava-i-suverena-evropo/ Mon, 04 Apr 2022 10:04:47 +0000 https://republika.mk/?p=483001

Изборите во Србија и во Унгарија го потврдија суверенитетот на тие земји, изјави потпретседателот на Советот на Руската Федерација Константин Косачев. Тој на Телеграм напиша дека вистинските суверени држави на Европа може да се избројат на прстите од едната рака.

Покрај Русија, тоа се Белорусија, Ерменија, Турција и, како што јасно потврдија вчерашните избори, Србија и Унгарија, напиша Косачев на Телеграм, пренесува Танјуг. Според него, на другата страна се Германија, Франција и Италија. Косачев смета дека тоа е резултат на деструктивната повоена политика на САД, која се состои, како што наведе, „во нејзиниот суверенитет под антируските знамиња на НАТО“.

Вучиќ и Орбан победија на изборите

Браво Србија! Браво Унгарија! Браво права и суверена Европа, напиша Косачев.

На претседателските избори одржани вчера во Србија, врз основа на резултатите со обработени 90,71 отсто избирачки места од страна на Републичката изборна комисија, најмногу гласови во моментов има Александар Вучиќ - 59,55 отсто, а врз основа на 91,02 отсто од обработените избирачки места во моментов најмногу, на парламентарните избори околу СНС е собрана коалиција „Заедно можеме се“ - 43,45 отсто, што е околу 122 пратенички места.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа прогласи победа на парламентарните избори, откако партијата Фидес, чиј лидер е тој, освои повеќе од половина од гласовите.

The post Русија им честита на Вучиќ и Орбан: Браво Србија! Браво Унгарија! Браво права и суверена Европо! appeared first on Република.

]]>

Изборите во Србија и во Унгарија го потврдија суверенитетот на тие земји, изјави потпретседателот на Советот на Руската Федерација Константин Косачев. Тој на Телеграм напиша дека вистинските суверени држави на Европа може да се избројат на прстите од едната рака.
Покрај Русија, тоа се Белорусија, Ерменија, Турција и, како што јасно потврдија вчерашните избори, Србија и Унгарија, напиша Косачев на Телеграм, пренесува Танјуг. Според него, на другата страна се Германија, Франција и Италија. Косачев смета дека тоа е резултат на деструктивната повоена политика на САД, која се состои, како што наведе, „во нејзиниот суверенитет под антируските знамиња на НАТО“.
Вучиќ и Орбан победија на изборите
Браво Србија! Браво Унгарија! Браво права и суверена Европа, напиша Косачев.
На претседателските избори одржани вчера во Србија, врз основа на резултатите со обработени 90,71 отсто избирачки места од страна на Републичката изборна комисија, најмногу гласови во моментов има Александар Вучиќ - 59,55 отсто, а врз основа на 91,02 отсто од обработените избирачки места во моментов најмногу, на парламентарните избори околу СНС е собрана коалиција „Заедно можеме се“ - 43,45 отсто, што е околу 122 пратенички места. Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа прогласи победа на парламентарните избори, откако партијата Фидес, чиј лидер е тој, освои повеќе од половина од гласовите.

The post Русија им честита на Вучиќ и Орбан: Браво Србија! Браво Унгарија! Браво права и суверена Европо! appeared first on Република.

]]>