избори во Црна Гора Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izbori-vo-crna-gora/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Apr 2023 20:36:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png избори во Црна Гора Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izbori-vo-crna-gora/ 32 32 Додик прв му честиташе на Милатовиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dodik-prv-mu-chestitashe-na-milatovik/ Sun, 02 Apr 2023 20:36:39 +0000 https://republika.mk/?p=626394

Милорад Додик, претседател на РС и СНСД, прв му ја честиташе победата на Јаков Милатовиќ на претседателските избори во Црна Гора.

Додик напиша:

„Му честитам на Јаков Милатовиќ за неговиот избор за претседател на Црна Гора. Се надевам дека ќе ја води Црна Гора на патот на напредокот и просперитетот и дека во духот на добрососедските односи успешно ќе соработуваме за доброто на граѓаните и на Црна Гора и на Република Српска“, беше објавено на Твитер.

Според првичните резултати, Милатовиќ го победи Мило Ѓукановиќ.

The post Додик прв му честиташе на Милатовиќ appeared first on Република.

]]>

Милорад Додик, претседател на РС и СНСД, прв му ја честиташе победата на Јаков Милатовиќ на претседателските избори во Црна Гора. Додик напиша:
„Му честитам на Јаков Милатовиќ за неговиот избор за претседател на Црна Гора. Се надевам дека ќе ја води Црна Гора на патот на напредокот и просперитетот и дека во духот на добрососедските односи успешно ќе соработуваме за доброто на граѓаните и на Црна Гора и на Република Српска“, беше објавено на Твитер.
Според првичните резултати, Милатовиќ го победи Мило Ѓукановиќ.

The post Додик прв му честиташе на Милатовиќ appeared first on Република.

]]>
Милатовиќ убедливо го победи Ѓукановиќ, Црна Гора добива нов претседател https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/milatovik-ubedlivo-go-pobedi-gukanovik-tsrna-gora-dobiva-nov-pretsedatel/ Sun, 02 Apr 2023 19:13:28 +0000 https://republika.mk/?p=626369

Претседателскиот кандидат на Движењето Европа сега, Јаков Милатовиќ, освои 60,1 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора, покажуваат проекциите на Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ) врз основа на 62,7 отсто од преброените гласови.

Кандидатот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) и актуелен претседател, Мило Ѓукановиќ, 39,9 отсто.

Според податоците на ЦЕМИ, излезноста била 71 отсто.

Центарот за демократска транзиција (ЦДТ) објави, според 54,1 отсто преброени гласови, дека Милатовиќ освоил 55,7 отсто од гласовите, а Ѓукановиќ 44,3.

Излезноста на изборите е 71 отсто.

Во првиот круг на изборите пред две недели Мило Ѓукановиќ беше прв со освоени 35,3 отсто од гласовите, а Јаков Милатовиќ доби 28,9 отсто.

Иако овие резултати не се официјални, тие во голема мерка го покажуваат трендот, како што беше пред две недели кога процентите што прв ги објави ЦЕМИ беа речиси идентични со офијалните што ги објави изборната комисија.

The post Милатовиќ убедливо го победи Ѓукановиќ, Црна Гора добива нов претседател appeared first on Република.

]]>

Претседателскиот кандидат на Движењето Европа сега, Јаков Милатовиќ, освои 60,1 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора, покажуваат проекциите на Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ) врз основа на 62,7 отсто од преброените гласови. Кандидатот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) и актуелен претседател, Мило Ѓукановиќ, 39,9 отсто. Според податоците на ЦЕМИ, излезноста била 71 отсто. Центарот за демократска транзиција (ЦДТ) објави, според 54,1 отсто преброени гласови, дека Милатовиќ освоил 55,7 отсто од гласовите, а Ѓукановиќ 44,3. Излезноста на изборите е 71 отсто. Во првиот круг на изборите пред две недели Мило Ѓукановиќ беше прв со освоени 35,3 отсто од гласовите, а Јаков Милатовиќ доби 28,9 отсто. Иако овие резултати не се официјални, тие во голема мерка го покажуваат трендот, како што беше пред две недели кога процентите што прв ги објави ЦЕМИ беа речиси идентични со офијалните што ги објави изборната комисија.

The post Милатовиќ убедливо го победи Ѓукановиќ, Црна Гора добива нов претседател appeared first on Република.

]]>
Затворени избирачките места за претседателските избори во Црна Гора, излезноста 67 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zatvoreni-izbirachkite-mesta-za-pretsedatelskite-izbori-vo-tsrna-gora-izleznosta-67-otsto/ Sun, 02 Apr 2023 18:46:14 +0000 https://republika.mk/?p=626362

Затворени се избирачките места во вториот круг од изборите за претседател на Црна Гора, излезноста до 19 часот се проценува на околу 67 отсто, а ќе следат и првите проценки за изборните резултати, јави МИНА.

Во вториот круг се натпреваруваа актуелниот шеф на државата и кандидат на ДПС Мило Ѓукановиќ и Јаков Милатовиќ, кандидатот на Движењето Европа сега.

Според информациите на ЦДТ и ЦЕМИ, изборите поминале мирно, без поголеми нерегуларности кои би можеле да го загрозат изборниот резултат.

Право на глас имаа над 542.000 граѓани запишани во избирачкиот список.


Извор: МИА

The post Затворени избирачките места за претседателските избори во Црна Гора, излезноста 67 отсто appeared first on Република.

]]>

Затворени се избирачките места во вториот круг од изборите за претседател на Црна Гора, излезноста до 19 часот се проценува на околу 67 отсто, а ќе следат и првите проценки за изборните резултати, јави МИНА. Во вториот круг се натпреваруваа актуелниот шеф на државата и кандидат на ДПС Мило Ѓукановиќ и Јаков Милатовиќ, кандидатот на Движењето Европа сега. Според информациите на ЦДТ и ЦЕМИ, изборите поминале мирно, без поголеми нерегуларности кои би можеле да го загрозат изборниот резултат. Право на глас имаа над 542.000 граѓани запишани во избирачкиот список.
Извор: МИА

The post Затворени избирачките места за претседателските избори во Црна Гора, излезноста 67 отсто appeared first on Република.

]]>
Млад, чесен, без ниту една дамка: Кој е Јаков Милатовиќ што му се спротистави на „вечниот“ Ѓукановиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mlad-chesen-bez-nitu-edna-damka-koj-e-jakov-milatovik-shto-mu-se-sprotistavi-na-vechniot-gukanovik/ Mon, 20 Mar 2023 09:29:44 +0000 https://republika.mk/?p=621471

Црногорскиот политичар и еден од лидерите на Движењето „Европа сега“, Јаков Милатовиќ, во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора оди со околу 29 отсто од гласовите.

Неговиот противкандидат Мило Ѓукановиќ освои 35,3 отсто од гласовите. Милатовиќ е големото изненадување на овие избори и додека за неговиот политички живот се знае и пишува многу, за неговиот приватен живот нема многу информации, но неговата сопруга Милена при самото гласање привлече големо внимание во јавноста.

Милатовиќ гласаше на претседателските избори во Подгорица, а на гласачкото место дојде придружуван од сопругата Милена. Таа воодушеви со својот изглед  во црвен костум и бела кошула.

Таа беше насмеана и им позираше на фоторепортерите заедно со својот сопруг.

Милатовиќ во медиумите е претставен како човек „без дамка во кариерата и животот“, пристоен и семеен човек, кој потекнува од семејство кое само по добро го познаваат и таткото и мајката.

Велат дека е вреден и неуморен, посветен татко на ќерките Сара и Ана и синот Давид, грижлив сопруг.

Според податоците од имотниот лист од 2021 година, Милатовиќ е сопственик на стан од 46 квадрати што го купил. Заедно со сопругата Милена Милатовиќ е косопственик на стан од 68 метри квадратни.

Милатовиќ има 85.000 евра во пензискиот фонд, а 7.000 евра на тековната сметка. Сопругата на Милатовиќ има нешто повеќе од 3.000 евра на тековната сметка, а во декември заработила 909 евра.

Милатовиќ, кој поседува и автомобил Рено Меган од 2012 година, има станбен кредит од 70.500 евра, кој го враќа на месечни рати од 452 евра.

The post Млад, чесен, без ниту една дамка: Кој е Јаков Милатовиќ што му се спротистави на „вечниот“ Ѓукановиќ appeared first on Република.

]]>

Црногорскиот политичар и еден од лидерите на Движењето „Европа сега“, Јаков Милатовиќ, во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора оди со околу 29 отсто од гласовите. Неговиот противкандидат Мило Ѓукановиќ освои 35,3 отсто од гласовите. Милатовиќ е големото изненадување на овие избори и додека за неговиот политички живот се знае и пишува многу, за неговиот приватен живот нема многу информации, но неговата сопруга Милена при самото гласање привлече големо внимание во јавноста. Милатовиќ гласаше на претседателските избори во Подгорица, а на гласачкото место дојде придружуван од сопругата Милена. Таа воодушеви со својот изглед  во црвен костум и бела кошула. Таа беше насмеана и им позираше на фоторепортерите заедно со својот сопруг. Милатовиќ во медиумите е претставен како човек „без дамка во кариерата и животот“, пристоен и семеен човек, кој потекнува од семејство кое само по добро го познаваат и таткото и мајката. Велат дека е вреден и неуморен, посветен татко на ќерките Сара и Ана и синот Давид, грижлив сопруг. Според податоците од имотниот лист од 2021 година, Милатовиќ е сопственик на стан од 46 квадрати што го купил. Заедно со сопругата Милена Милатовиќ е косопственик на стан од 68 метри квадратни. Милатовиќ има 85.000 евра во пензискиот фонд, а 7.000 евра на тековната сметка. Сопругата на Милатовиќ има нешто повеќе од 3.000 евра на тековната сметка, а во декември заработила 909 евра. Милатовиќ, кој поседува и автомобил Рено Меган од 2012 година, има станбен кредит од 70.500 евра, кој го враќа на месечни рати од 452 евра.

The post Млад, чесен, без ниту една дамка: Кој е Јаков Милатовиќ што му се спротистави на „вечниот“ Ѓукановиќ appeared first on Република.

]]>