избори унгарија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izbori-ungarija/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Apr 2022 10:04:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png избори унгарија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izbori-ungarija/ 32 32 Русија им честита на Вучиќ и Орбан: Браво Србија! Браво Унгарија! Браво права и суверена Европо! https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rusija-im-chestita-na-vuchikj-i-orban-bravo-srbija-bravo-ungarija-bravo-prava-i-suverena-evropo/ Mon, 04 Apr 2022 10:04:47 +0000 https://republika.mk/?p=483001

Изборите во Србија и во Унгарија го потврдија суверенитетот на тие земји, изјави потпретседателот на Советот на Руската Федерација Константин Косачев. Тој на Телеграм напиша дека вистинските суверени држави на Европа може да се избројат на прстите од едната рака.

Покрај Русија, тоа се Белорусија, Ерменија, Турција и, како што јасно потврдија вчерашните избори, Србија и Унгарија, напиша Косачев на Телеграм, пренесува Танјуг. Според него, на другата страна се Германија, Франција и Италија. Косачев смета дека тоа е резултат на деструктивната повоена политика на САД, која се состои, како што наведе, „во нејзиниот суверенитет под антируските знамиња на НАТО“.

Вучиќ и Орбан победија на изборите

Браво Србија! Браво Унгарија! Браво права и суверена Европа, напиша Косачев.

На претседателските избори одржани вчера во Србија, врз основа на резултатите со обработени 90,71 отсто избирачки места од страна на Републичката изборна комисија, најмногу гласови во моментов има Александар Вучиќ - 59,55 отсто, а врз основа на 91,02 отсто од обработените избирачки места во моментов најмногу, на парламентарните избори околу СНС е собрана коалиција „Заедно можеме се“ - 43,45 отсто, што е околу 122 пратенички места.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа прогласи победа на парламентарните избори, откако партијата Фидес, чиј лидер е тој, освои повеќе од половина од гласовите.

The post Русија им честита на Вучиќ и Орбан: Браво Србија! Браво Унгарија! Браво права и суверена Европо! appeared first on Република.

]]>

Изборите во Србија и во Унгарија го потврдија суверенитетот на тие земји, изјави потпретседателот на Советот на Руската Федерација Константин Косачев. Тој на Телеграм напиша дека вистинските суверени држави на Европа може да се избројат на прстите од едната рака.
Покрај Русија, тоа се Белорусија, Ерменија, Турција и, како што јасно потврдија вчерашните избори, Србија и Унгарија, напиша Косачев на Телеграм, пренесува Танјуг. Според него, на другата страна се Германија, Франција и Италија. Косачев смета дека тоа е резултат на деструктивната повоена политика на САД, која се состои, како што наведе, „во нејзиниот суверенитет под антируските знамиња на НАТО“.
Вучиќ и Орбан победија на изборите
Браво Србија! Браво Унгарија! Браво права и суверена Европа, напиша Косачев.
На претседателските избори одржани вчера во Србија, врз основа на резултатите со обработени 90,71 отсто избирачки места од страна на Републичката изборна комисија, најмногу гласови во моментов има Александар Вучиќ - 59,55 отсто, а врз основа на 91,02 отсто од обработените избирачки места во моментов најмногу, на парламентарните избори околу СНС е собрана коалиција „Заедно можеме се“ - 43,45 отсто, што е околу 122 пратенички места. Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа прогласи победа на парламентарните избори, откако партијата Фидес, чиј лидер е тој, освои повеќе од половина од гласовите.

The post Русија им честита на Вучиќ и Орбан: Браво Србија! Браво Унгарија! Браво права и суверена Европо! appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Обраќање на Виктор Орбан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-zivo-obrakjanje-na-viktor-orban/ Sun, 03 Apr 2022 20:50:55 +0000 https://republika.mk/?p=482813

The post ВО ЖИВО: Обраќање на Виктор Орбан appeared first on Република.

]]>

The post ВО ЖИВО: Обраќање на Виктор Орбан appeared first on Република.

]]>
Објавени првичните резултати од изборите во Унгарија: Фидес со 134 пратеници во новиот парламент https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/objaveni-prvichnite-rezultati-od-izborite-vo-ungarija-fides-so-134-pratenici-vo-noviot-parlament/ Sun, 03 Apr 2022 20:11:18 +0000 https://republika.mk/?p=482829

Владејачката партија Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан има убедлива предност пред обединетата опозиција, покажуваат првичните резултати од парламентарните избори одржани денеска во Унгарија.

Резултати од 57,64 проценти од обработените избирачки места:

Фидес: 55,75 проценти
Обединети за Унгарија: 32,55 отсто
Движење на нашата татковина: 6,50 отсто

Состав во Парламентот:

Фидес: 134 пратеници
Обединети за Унгарија: 58 пратеници
Движење на нашата татковина: 7 пратеници

Во 19 часот официјално заврши гласањето за парламентарните избори во Унгарија. паг/

The post Објавени првичните резултати од изборите во Унгарија: Фидес со 134 пратеници во новиот парламент appeared first on Република.

]]>

Владејачката партија Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан има убедлива предност пред обединетата опозиција, покажуваат првичните резултати од парламентарните избори одржани денеска во Унгарија. Резултати од 57,64 проценти од обработените избирачки места: Фидес: 55,75 проценти Обединети за Унгарија: 32,55 отсто Движење на нашата татковина: 6,50 отсто Состав во Парламентот: Фидес: 134 пратеници Обединети за Унгарија: 58 пратеници Движење на нашата татковина: 7 пратеници Во 19 часот официјално заврши гласањето за парламентарните избори во Унгарија. паг/

The post Објавени првичните резултати од изборите во Унгарија: Фидес со 134 пратеници во новиот парламент appeared first on Република.

]]>
Орбан: Унгарија избира меѓу војна и мир https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/orban-ungarija-izbira-megju-vojna-i-mir/ Sun, 03 Apr 2022 17:04:27 +0000 https://republika.mk/?p=482705

Унгарскиот премиер Виктор Орбан гласаше на парламентарните избори што денеска се одржуваат во оваа земја.

Тој на избирачкото место во Будимпешта се појави во друштво на сопругата Анико Леваи.

https://republika.mk/vesti/svet/orban-glasashe-vo-budimpeshta-zaedno-so-soprugata/

На лице место беа бројни новинари кои го забележаа доаѓањето на Орбан и моментот кога тој со гласачко ливче отиде на штандот за да ја изврши својата граѓанска должност.

Се уште актуелниот унгарски премиер го очекува четвртиот последователен мандат во оваа изборна трка. Коалицијата на опозициските партии овие избори во Унгарија ги гледа како референдум за иднината на Унгарија на Запад.

Војната и мирот се загрозени на овие избори. Војната е во нашето соседство, меѓу две големи земји и ние мора да останеме надвор од конфликтот, нагласи Орбан пред новинарите откако гласаше на парламентарните избори.

Тој додаде дека е убеден оти нивните противници „не ја чувствуваат тежината или сериозноста“ на ситуацијата и дека можат „да преземат чекори кои би можеле да ја вклучат Унгарија во конфликтот“.

Тоа би било трагично за Унгарија, рече Орбан, додавајќи дека партијата Фидес има за цел да го спречи тоа.

The post Орбан: Унгарија избира меѓу војна и мир appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот премиер Виктор Орбан гласаше на парламентарните избори што денеска се одржуваат во оваа земја. Тој на избирачкото место во Будимпешта се појави во друштво на сопругата Анико Леваи. https://republika.mk/vesti/svet/orban-glasashe-vo-budimpeshta-zaedno-so-soprugata/ На лице место беа бројни новинари кои го забележаа доаѓањето на Орбан и моментот кога тој со гласачко ливче отиде на штандот за да ја изврши својата граѓанска должност. Се уште актуелниот унгарски премиер го очекува четвртиот последователен мандат во оваа изборна трка. Коалицијата на опозициските партии овие избори во Унгарија ги гледа како референдум за иднината на Унгарија на Запад.
Војната и мирот се загрозени на овие избори. Војната е во нашето соседство, меѓу две големи земји и ние мора да останеме надвор од конфликтот, нагласи Орбан пред новинарите откако гласаше на парламентарните избори.
Тој додаде дека е убеден оти нивните противници „не ја чувствуваат тежината или сериозноста“ на ситуацијата и дека можат „да преземат чекори кои би можеле да ја вклучат Унгарија во конфликтот“.
Тоа би било трагично за Унгарија, рече Орбан, додавајќи дека партијата Фидес има за цел да го спречи тоа.

The post Орбан: Унгарија избира меѓу војна и мир appeared first on Република.

]]>
Орбан гласаше во Будимпешта заедно со сопругата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/orban-glasashe-vo-budimpeshta-zaedno-so-soprugata/ Sun, 03 Apr 2022 13:40:10 +0000 https://republika.mk/?p=482620

Унгарскиот премиер Виктор Орбан гласаше на парламентарните избори што денеска се одржуваат во оваа земја, а на избирачкото место во Будимпешта се појави во друштво на сопругата Анико Леваи.

Се уште актуелниот унгарски премиер го очекува четвртиот последователен мандат во оваа изборна трка.

Околу 8,3 милиони Унгарци со право на глас денеска ќе се изјаснат за нов состав на Парламентот.

На владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан ќе и се спротивстави коалиција од шест опозициски партии Обединети за Унгарија предводени од конзервативецот Петер Марки-Зај.

Според анкетите Фидес има минимална предност пред коалицијата Обединети за Унгарија, а според експертите ова се неизвесни избори.

Првпат изборите во Унгарија ќе ги следат 200 меѓународни набљудувачи.

Покрај изборите, денеска се одржува и референдум за ЛГБТ образование во училиштата.

The post Орбан гласаше во Будимпешта заедно со сопругата appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот премиер Виктор Орбан гласаше на парламентарните избори што денеска се одржуваат во оваа земја, а на избирачкото место во Будимпешта се појави во друштво на сопругата Анико Леваи. Се уште актуелниот унгарски премиер го очекува четвртиот последователен мандат во оваа изборна трка. Околу 8,3 милиони Унгарци со право на глас денеска ќе се изјаснат за нов состав на Парламентот. На владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан ќе и се спротивстави коалиција од шест опозициски партии Обединети за Унгарија предводени од конзервативецот Петер Марки-Зај. Според анкетите Фидес има минимална предност пред коалицијата Обединети за Унгарија, а според експертите ова се неизвесни избори. Првпат изборите во Унгарија ќе ги следат 200 меѓународни набљудувачи. Покрај изборите, денеска се одржува и референдум за ЛГБТ образование во училиштата.

The post Орбан гласаше во Будимпешта заедно со сопругата appeared first on Република.

]]>
Унгарија: Ограничени каматните стапки на станбените кредити до јуни https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ungarija-ogranicheni-kamatnite-stapki-na-stanbenite-krediti-do-juni/ Sat, 12 Feb 2022 19:47:20 +0000 https://republika.mk/?p=457681

Во годишното обраќање до нацијата унгарскиот премиер Виктор Орбан вети дека ќе ги продолжи олеснувањата поради растот на цените на енергенсите.

Унгарија за уште три месеци ќе ги замрзне цените на горивата и на основните намирници, рече Орбан во за најновата противинфлациска мерка пред изборите во април.

На парламентарните избори на 3 април обединетата опозицијата составена од либерални партии и десничарската Јобик ќе ѝ се спротивстави на партијата на Орбан Фидес. Истиот ден, Унгарците ќе гласаат на референдум за настава за правата на ЛГБТ во училиштата и забрана на таква содржина во медиумите.

Соочени со раст на цените кои би можеле да ја подигнат инфлацијата на највисоко ниво од 2008 година. Владата на Орбан ги замрзна цените на суровините во февруари, а премиерот во саботата најави продолжување на тие мерки, замрзнување на цените на енергенсите и каматните стапки на станбените кредити.

„Замрзнувањето на цените функционира, ја продолжуваме таа мерка за уште три месеци“, рече тој. Тоа значи дека цената на литар гориво ќе остане непроменета до 15 мај.

Орбан најави и дека растот на цените ќе биде побрз од инфлацијата, па ја критикуваше Европската унија велејќи дека пропаднал планот на Брисел за борба против климатските промени по повисоки цени кои ќе траат со години.

И покрај контролата на цените, унгарските потрошувачки цени пораснаа најмногу во јануари, како и инфлацијата, поради што аналитичарите предвидуваат дека ќе се зголемат и каматните стапки. Затоа Орбан ја ограничи каматната стапка за отплата на станбените кредити до крајот на јуни.

Обраќајќи им се на своите поддржувачи во чаршијата Варкерт, Орбан, кој ја стави мигрантската закана од муслиманските земји високо на својата агенда претставувајќи се себеси како бранител на христијанска Европа, овојпат предупреди дека војната во Украина може да предизвика стотици илјади, па дури и милиони бегалци.

Унгарија работи на мир, рече тој, најавувајќи дека владата има подготвени соодветни сценарија и акциски план во случај на војна.

The post Унгарија: Ограничени каматните стапки на станбените кредити до јуни appeared first on Република.

]]>

Во годишното обраќање до нацијата унгарскиот премиер Виктор Орбан вети дека ќе ги продолжи олеснувањата поради растот на цените на енергенсите.
Унгарија за уште три месеци ќе ги замрзне цените на горивата и на основните намирници, рече Орбан во за најновата противинфлациска мерка пред изборите во април.
На парламентарните избори на 3 април обединетата опозицијата составена од либерални партии и десничарската Јобик ќе ѝ се спротивстави на партијата на Орбан Фидес. Истиот ден, Унгарците ќе гласаат на референдум за настава за правата на ЛГБТ во училиштата и забрана на таква содржина во медиумите. Соочени со раст на цените кои би можеле да ја подигнат инфлацијата на највисоко ниво од 2008 година. Владата на Орбан ги замрзна цените на суровините во февруари, а премиерот во саботата најави продолжување на тие мерки, замрзнување на цените на енергенсите и каматните стапки на станбените кредити.
„Замрзнувањето на цените функционира, ја продолжуваме таа мерка за уште три месеци“, рече тој. Тоа значи дека цената на литар гориво ќе остане непроменета до 15 мај.
Орбан најави и дека растот на цените ќе биде побрз од инфлацијата, па ја критикуваше Европската унија велејќи дека пропаднал планот на Брисел за борба против климатските промени по повисоки цени кои ќе траат со години. И покрај контролата на цените, унгарските потрошувачки цени пораснаа најмногу во јануари, како и инфлацијата, поради што аналитичарите предвидуваат дека ќе се зголемат и каматните стапки. Затоа Орбан ја ограничи каматната стапка за отплата на станбените кредити до крајот на јуни. Обраќајќи им се на своите поддржувачи во чаршијата Варкерт, Орбан, кој ја стави мигрантската закана од муслиманските земји високо на својата агенда претставувајќи се себеси како бранител на христијанска Европа, овојпат предупреди дека војната во Украина може да предизвика стотици илјади, па дури и милиони бегалци.
Унгарија работи на мир, рече тој, најавувајќи дека владата има подготвени соодветни сценарија и акциски план во случај на војна.

The post Унгарија: Ограничени каматните стапки на станбените кредити до јуни appeared first on Република.

]]>
Унгарски институт предупредува дека Брисел се обидува да влијае врз исходот на изборите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ungarski-institut-predupreduva-deka-brisel-se-obiduva-da-vlijae-vrz-ishodot-na-izborite/ Fri, 14 Jan 2022 11:24:12 +0000 https://republika.mk/?p=444544

Во својата нова анализа унгарскиот Центар за фундаментални права предупредува дека политичари од Европската Унија се подготвуваат да влијаат врз исходот на изборите во Унгарија кои ќе се одржат во април. Левичарски политичари од Европа и од САД ја користат ЕУ како средство за притисок врз Унгарија во обид да ја симнат конзервативната партија Фидеш од власт, откако премиерот Виктор Орбан во голем број случаи застана во одбрана на унгарскиот суверенитет против обидите да се примат голем број илегални мигранти во Европа и да се наметне волјата на Брисел врз земјите членки.

Според институтот, овие видови на притисок ќе содржат обиди да се скратат финансиските средства што Унгарија треба да ги добие од ЕУ за справување со последиците од епидемијата на корона вирусот, а со цел вештачки да се предизвика економска криза во земјата во пресрет на изборите. „Веќе е јасно дека Унгарија нема да види ни цент од парите за обнова на економијата до изборите“, пишува во анализата. Воедно, се очекува политичари од ЕУ да продолжат да користат меѓународни судски институции, како што е Европскиот суд на правдата, да ја обвинуваат Унгарија за наводно кршење на владеењето на правото.

Според Центарот за фундаментални права од Будимпешта, исходот на изборите во Унгарија, како и исходот на претседателските избори во Франција кои се одржуваат во приближно исто време, ќе ја определи идната траекторија на развој на Европската Унија.

Од овие избори ќе зависи дали ќе одиме кон федерална Европска Унија со која ќе се владее од Брисел, или кон заедница на суверени, национално ориентирани европски држави, во која ќе се почитува волјата на демократски избраните влади, пишува во анализата.

Центарот посочува дека од 2020 година Европската Комисија го спроведува својот „акциски план за европска демократија“, со кој се обидува да создаде основа за мешање во внатрешните работи на државите членки, меѓу другото и преку оценување на начинот на кој се спроведени изборите во овие држави. „Во 2022 година, ова значи обид на европските бирократи да се прогласат себеси за судии кои ќе решат дали изборите во некоја држава биле спроведени во согласност со 'демократските норми'. Оваа произволна категорија ќе се применува врз земјите членки со кои бирократите од ЕУ не се согласуваат, и ќе се покренуваат казнени постапки за наводно кршење на владењето на правото против нив“, пишува во анализата на унгарскиот центар.

Друг начин за притисок е преку обвинување на „непослушните“ земји членки дека наводно не ја почитувале слободата на изразување и слободата на печатот.

Под превезот на наводна борба против „лажни вести“, Европската Комисија сака да врши проверки на предизборните кампањи и содржината на огласите, со цел да ги забрани тие кои се спротивни на нејзините правила. Комисијата јасно укажува дека сака да постави пристрасни невладини организации како арбитри кои ќе вршат мониторинг врз објавени вести и огласи, се додава во анализата.

The post Унгарски институт предупредува дека Брисел се обидува да влијае врз исходот на изборите appeared first on Република.

]]>

Во својата нова анализа унгарскиот Центар за фундаментални права предупредува дека политичари од Европската Унија се подготвуваат да влијаат врз исходот на изборите во Унгарија кои ќе се одржат во април. Левичарски политичари од Европа и од САД ја користат ЕУ како средство за притисок врз Унгарија во обид да ја симнат конзервативната партија Фидеш од власт, откако премиерот Виктор Орбан во голем број случаи застана во одбрана на унгарскиот суверенитет против обидите да се примат голем број илегални мигранти во Европа и да се наметне волјата на Брисел врз земјите членки. Според институтот, овие видови на притисок ќе содржат обиди да се скратат финансиските средства што Унгарија треба да ги добие од ЕУ за справување со последиците од епидемијата на корона вирусот, а со цел вештачки да се предизвика економска криза во земјата во пресрет на изборите. „Веќе е јасно дека Унгарија нема да види ни цент од парите за обнова на економијата до изборите“, пишува во анализата. Воедно, се очекува политичари од ЕУ да продолжат да користат меѓународни судски институции, како што е Европскиот суд на правдата, да ја обвинуваат Унгарија за наводно кршење на владеењето на правото. Според Центарот за фундаментални права од Будимпешта, исходот на изборите во Унгарија, како и исходот на претседателските избори во Франција кои се одржуваат во приближно исто време, ќе ја определи идната траекторија на развој на Европската Унија.
Од овие избори ќе зависи дали ќе одиме кон федерална Европска Унија со која ќе се владее од Брисел, или кон заедница на суверени, национално ориентирани европски држави, во која ќе се почитува волјата на демократски избраните влади, пишува во анализата.
Центарот посочува дека од 2020 година Европската Комисија го спроведува својот „акциски план за европска демократија“, со кој се обидува да создаде основа за мешање во внатрешните работи на државите членки, меѓу другото и преку оценување на начинот на кој се спроведени изборите во овие држави. „Во 2022 година, ова значи обид на европските бирократи да се прогласат себеси за судии кои ќе решат дали изборите во некоја држава биле спроведени во согласност со 'демократските норми'. Оваа произволна категорија ќе се применува врз земјите членки со кои бирократите од ЕУ не се согласуваат, и ќе се покренуваат казнени постапки за наводно кршење на владењето на правото против нив“, пишува во анализата на унгарскиот центар. Друг начин за притисок е преку обвинување на „непослушните“ земји членки дека наводно не ја почитувале слободата на изразување и слободата на печатот.
Под превезот на наводна борба против „лажни вести“, Европската Комисија сака да врши проверки на предизборните кампањи и содржината на огласите, со цел да ги забрани тие кои се спротивни на нејзините правила. Комисијата јасно укажува дека сака да постави пристрасни невладини организации како арбитри кои ќе вршат мониторинг врз објавени вести и огласи, се додава во анализата.

The post Унгарски институт предупредува дека Брисел се обидува да влијае врз исходот на изборите appeared first on Република.

]]>