избори сад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izbori-sad/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Nov 2022 07:56:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png избори сад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izbori-sad/ 32 32 Републиканците во Претставничкиот дом, тесна трка за Сенатот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/republikancite-vo-pretstavnichkiot-dom-tesna-trka-za-senatot/ Wed, 09 Nov 2022 07:56:53 +0000 https://republika.mk/?p=571694

Со затворањето на гласачките места во Алјаска, заврши долгата изборна ноќ во САД, во која гласачите од 50 сојузни држави и шест временски зони го дадоа својот глас на меѓуизборите за да ги изберат своите претставници во Претставничкиот дом и во Сенатот.

Победата на Републиканците во Конгресот е речиси извесна, додека трката за Сенатот продолжува, но се чини дека Демократите ќе ја задржат контролата.

По затворањето на гласачките места, според досегашните проекции демократите имаат 168 места (изгубиле четири во однос на минатите избори, додека републиканци добиле четири конгресмени и засега имаат 194 во Претставничкиот дом од 435 места. За контрола над Долниот дом на Конгресот неопходни се 218 пратенички места.

Досега мнозинство во Претставничкиот дом имаа Демократите, кои имаа 222 претставници наспроти 213 републиканци. Сепак, дури и во пресрет на изборите, анкетите укажуваа на веројатен пораз на демократите во борбата за Долниот дом.

Што се однесува на Сенатот, таму трката е неизвесна, но според Скај Њуз, се чини дека Демократите ќе ја задржат контролата која досега ја имаа. Досега во Сенатот имаше 50 демократски и 50 републикански претставници, но благодарејќи на гласот на потпретседателката Камала Харис демократите ја имаа контролата. Сегашните проекции покажуваат дека кандидатот на Демократите Џон Фетерман ќе го освои местото во Сенатот во Пенсилванија, победувајќи го својот републикански конкурент д-р Мехмет Оз, што аналитичарите го оценуваат како исклучително значајно во трката за мнозинство. Досега Републиканците го имаа ова место, во лицето на Патрик Туни, но тој не се кандидираше за реизбор. Според Си-Ен-Ен засега демократите имаат 47, а републиканците 46 места.

Клучната битка се води во Џорџија помеѓу демократот Рафаел Ворнок и поранешната ѕвезда на американскиот фудбал, републиканецот Хершел Вокер.

The post Републиканците во Претставничкиот дом, тесна трка за Сенатот appeared first on Република.

]]>

Со затворањето на гласачките места во Алјаска, заврши долгата изборна ноќ во САД, во која гласачите од 50 сојузни држави и шест временски зони го дадоа својот глас на меѓуизборите за да ги изберат своите претставници во Претставничкиот дом и во Сенатот. Победата на Републиканците во Конгресот е речиси извесна, додека трката за Сенатот продолжува, но се чини дека Демократите ќе ја задржат контролата. По затворањето на гласачките места, според досегашните проекции демократите имаат 168 места (изгубиле четири во однос на минатите избори, додека републиканци добиле четири конгресмени и засега имаат 194 во Претставничкиот дом од 435 места. За контрола над Долниот дом на Конгресот неопходни се 218 пратенички места. Досега мнозинство во Претставничкиот дом имаа Демократите, кои имаа 222 претставници наспроти 213 републиканци. Сепак, дури и во пресрет на изборите, анкетите укажуваа на веројатен пораз на демократите во борбата за Долниот дом. Што се однесува на Сенатот, таму трката е неизвесна, но според Скај Њуз, се чини дека Демократите ќе ја задржат контролата која досега ја имаа. Досега во Сенатот имаше 50 демократски и 50 републикански претставници, но благодарејќи на гласот на потпретседателката Камала Харис демократите ја имаа контролата. Сегашните проекции покажуваат дека кандидатот на Демократите Џон Фетерман ќе го освои местото во Сенатот во Пенсилванија, победувајќи го својот републикански конкурент д-р Мехмет Оз, што аналитичарите го оценуваат како исклучително значајно во трката за мнозинство. Досега Републиканците го имаа ова место, во лицето на Патрик Туни, но тој не се кандидираше за реизбор. Според Си-Ен-Ен засега демократите имаат 47, а републиканците 46 места. Клучната битка се води во Џорџија помеѓу демократот Рафаел Ворнок и поранешната ѕвезда на американскиот фудбал, републиканецот Хершел Вокер.

The post Републиканците во Претставничкиот дом, тесна трка за Сенатот appeared first on Република.

]]>
Избори САД: Проблеми со машините за броење гласови во Аризона https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izbori-sad-problemi-so-mashinite-za-broenje-glasovi-vo-arizona/ Wed, 09 Nov 2022 07:16:42 +0000 https://republika.mk/?p=571664

Проблемите со десетици електронски машини за броење гласови во Аризона беа искоритени во вторник од страна на поранешниот републикански претседател Доналд Трамп и неговите поддржувачи, тврдејќи дека тоа е доказ за изборна измама извршена од демократите.

Само неколку часа пред изборите, официјален претставник на округот Марикопа им изјави на новинарите дека околу 20 отсто од електронските машини за броење гласови во најнаселениот округ во државата не функционираат и дека се ангажирани техничари да ги поправат.

Додаде дека и покрај проблемите ќе се пребројат сите гласови. Тој ги нарече грешките „разочарувачки“ и предвиде дека „теоретичарите на заговор како Трамп ќе го експлоатираат проблемот“.

Официјални лица од округот Марикопа рекоа дека проблемот влијаел на околу 60 машини, на четвртина од избирачките места во округот Марикопа, и дека до 14 часот, осум часа по почетокот на гласањето, 17 биле поправени со промена на поставките на печатачот.

Републиканската кандидатка за гувернер Кери Лејк, која ги повтори тврдењата на Трамп за украдените претседателски избори во 2020 година, исто така, посочи на несфатливиот проблем со машините за броеање на гласовите, испраќајќи „предупредување до гласачите“ на Twitter

Лејк подоцна им кажа на новинарите дека не наишла на никакви проблеми кога гласала во, како што рече, левичарски дел од градот.

„Бевме во право што дојдовме да гласаме во либерална област. Мора да го решат овој проблем“, рече Лејк.

Трамп, Лејк и други бараат да се стави крај на електронските машини за гласање, гласање само на денот на изборите и користење само хартиени гласачки ливчиња и рачно броење, процес за кој нивните политички противници велат дека одзема време, скап е и наводно многу помалку прецизен од машината за броење.

Во 2020 година, Бајден тесно ја освои Аризона со само 12.000 гласови. Во земјата доминираа тврдењата на Трамп и неговите поддржувачи дека претседателските избори пред две години биле наместени на негова штета. Сите главни републикански кандидати во Аризона оваа година ги прогласуваат претседателските избори за неважечки, вклучително и Лејк.

Неисправноста на машините ја поттикна недовербата кај многу републикански гласачи во Аризона кои веруваат дека тоа е измама, особено откако Трамп ја објави изјавата на неговата платформа Truth Social.

„Од Аризона пристигнуваат извештаи дека гласачките машини не работат правилно во областите со републиканци/конзервативци“, рече Трамп, додавајќи: „Повторно одиме? Народот нема да дозволи!!“

Трамп гласаше на Флорида и рече дека очекува победа на републиканците. „Мислам дека ќе имаме одлична ноќ“, рече тој.

Првите гласачки места се затвораат во 18 часот по локално време во делови на Индијана и Кентаки.

The post Избори САД: Проблеми со машините за броење гласови во Аризона appeared first on Република.

]]>

Проблемите со десетици електронски машини за броење гласови во Аризона беа искоритени во вторник од страна на поранешниот републикански претседател Доналд Трамп и неговите поддржувачи, тврдејќи дека тоа е доказ за изборна измама извршена од демократите. Само неколку часа пред изборите, официјален претставник на округот Марикопа им изјави на новинарите дека околу 20 отсто од електронските машини за броење гласови во најнаселениот округ во државата не функционираат и дека се ангажирани техничари да ги поправат. Додаде дека и покрај проблемите ќе се пребројат сите гласови. Тој ги нарече грешките „разочарувачки“ и предвиде дека „теоретичарите на заговор како Трамп ќе го експлоатираат проблемот“. Официјални лица од округот Марикопа рекоа дека проблемот влијаел на околу 60 машини, на четвртина од избирачките места во округот Марикопа, и дека до 14 часот, осум часа по почетокот на гласањето, 17 биле поправени со промена на поставките на печатачот. Републиканската кандидатка за гувернер Кери Лејк, која ги повтори тврдењата на Трамп за украдените претседателски избори во 2020 година, исто така, посочи на несфатливиот проблем со машините за броеање на гласовите, испраќајќи „предупредување до гласачите“ на Twitter Лејк подоцна им кажа на новинарите дека не наишла на никакви проблеми кога гласала во, како што рече, левичарски дел од градот. „Бевме во право што дојдовме да гласаме во либерална област. Мора да го решат овој проблем“, рече Лејк. Трамп, Лејк и други бараат да се стави крај на електронските машини за гласање, гласање само на денот на изборите и користење само хартиени гласачки ливчиња и рачно броење, процес за кој нивните политички противници велат дека одзема време, скап е и наводно многу помалку прецизен од машината за броење. Во 2020 година, Бајден тесно ја освои Аризона со само 12.000 гласови. Во земјата доминираа тврдењата на Трамп и неговите поддржувачи дека претседателските избори пред две години биле наместени на негова штета. Сите главни републикански кандидати во Аризона оваа година ги прогласуваат претседателските избори за неважечки, вклучително и Лејк. Неисправноста на машините ја поттикна недовербата кај многу републикански гласачи во Аризона кои веруваат дека тоа е измама, особено откако Трамп ја објави изјавата на неговата платформа Truth Social. „Од Аризона пристигнуваат извештаи дека гласачките машини не работат правилно во областите со републиканци/конзервативци“, рече Трамп, додавајќи: „Повторно одиме? Народот нема да дозволи!!“ Трамп гласаше на Флорида и рече дека очекува победа на републиканците. „Мислам дека ќе имаме одлична ноќ“, рече тој. Првите гласачки места се затвораат во 18 часот по локално време во делови на Индијана и Кентаки.

The post Избори САД: Проблеми со машините за броење гласови во Аризона appeared first on Република.

]]>