избори германија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izbori-germanija/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 19:55:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png избори германија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izbori-germanija/ 32 32 Анкета: Од испитаниците 39 отсто би сакале Писториус да биде канцелар, 25 отсто го поддржале Мерц, а 13 отсто Шолц https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/anketa-od-ispitanitsite-39-otsto-bi-sakale-pistorius-da-bide-kantselar-25-otsto-go-poddrzhale-merts-a-13-otsto-sholts/ Thu, 14 Nov 2024 19:55:04 +0000 https://republika.mk/?p=837851

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус во последната анкета го надмина не само актуелниот премиер Олаф Шолц, туку и лидерот на опозицијата Фридрих Мерц во однос на поддршката за функцијата канцелар. Анкетата ја спроведе Институтот за истражување на јавното мислење „Форса“, пишува „Билд“.

Како што се наведува, 39 отсто од испитаниците би сакале Писториус да биде канцелар, а лидерот на опозициската Христијанско-демократска унија Мерц го поддржале 25 отсто од нив, пренесува „Билд“.

Меѓу поддржувачите на ЦДУ/ЦСУ, Писториус ужива поддршка од 22 отсто од анкетираните.

Меѓу приврзаниците на Социјалдемократската партија на Германија, 58 отсто од испитаниците би сакале да го видат актуелниот министер за одбрана како кандидат за канцелар, додека 30 отсто го поддржуваат Шолц.

Само 13 отсто од сите гласачи со право на глас сметаат дека Шолц треба да биде кандидат на неговата партија за канцелар на претстојните избори.


(МИА)

The post Анкета: Од испитаниците 39 отсто би сакале Писториус да биде канцелар, 25 отсто го поддржале Мерц, а 13 отсто Шолц appeared first on Република.

]]>

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус во последната анкета го надмина не само актуелниот премиер Олаф Шолц, туку и лидерот на опозицијата Фридрих Мерц во однос на поддршката за функцијата канцелар. Анкетата ја спроведе Институтот за истражување на јавното мислење „Форса“, пишува „Билд“. Како што се наведува, 39 отсто од испитаниците би сакале Писториус да биде канцелар, а лидерот на опозициската Христијанско-демократска унија Мерц го поддржале 25 отсто од нив, пренесува „Билд“. Меѓу поддржувачите на ЦДУ/ЦСУ, Писториус ужива поддршка од 22 отсто од анкетираните. Меѓу приврзаниците на Социјалдемократската партија на Германија, 58 отсто од испитаниците би сакале да го видат актуелниот министер за одбрана како кандидат за канцелар, додека 30 отсто го поддржуваат Шолц. Само 13 отсто од сите гласачи со право на глас сметаат дека Шолц треба да биде кандидат на неговата партија за канцелар на претстојните избори.
(МИА)

The post Анкета: Од испитаниците 39 отсто би сакале Писториус да биде канцелар, 25 отсто го поддржале Мерц, а 13 отсто Шолц appeared first on Република.

]]>
Социјалдемократите го задржаа мнозинството во Долна Саксонија, успех и на десничарската „Алтернатива за Германија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/socijaldemokratite-go-zadrzaa-mnozinstvoto-vo-dolna-saksonija-uspeh-i-na-desnicharskata-alternativa-za-germanija/ Mon, 10 Oct 2022 06:49:34 +0000 https://republika.mk/?p=559231

На вчерашните избори во германската сојузна покраина Долна Саксонија, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) остана најсилната партија во локалниот парламент, додека десничарската Алтернатива за Германија (АфД) двојно го зголеми бројот освоени гласови.

Според првичните резултати, СПД доби 33,3 отсто од гласовите, што е за 3,6 отсто помалку од изборите пред пет години.

Поранешниот коалициски партнер на СПД во Долна Саксонија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), освои 27,9 отсто од гласовите, што е за 5,7 отсто помалку од последните избори.

Зелените, кои се со СПД во коалициската Влада на федерално ниво, го подобрија својот резултат на 13,8 отсто од гласовите што е за 5,1 отсто повеќе во споредба со последните избори.

АфД со 11,6 отсто повеќе од двојно го зголеми бројот на гласови во однос на последните избори кога освои 5,4 отсто од гласовите.

Либерално-демократската партија (ФДП) успеа да го мине петпроцентниот изборен праг, додека партијата Левица и овојпат не успеа да влезе во парламентот на Долна Саксонија.

Излезноста од 60 отсто беше за околу три отсто помала од пред пет години.

Аналитичарите успехот на АфД го поврзуваат со незадоволството кај дел на гласачите во однос на мерките што сојузната Влада ги донесе за ублажување на финансискиот товар наметнат од инфлацијата.

На резултатот влијаело и незадоволството кај дел на гласачите поради големиот број бегалци што доаѓаат во земјата, пред се оние од Украина. Така 33 проценти од испитаниците сметаат дека е добро што АфД сакаат намалување на приливот на бегалци, а 18 отсто изјавуваат дека ги поддржуваат барањата на АфД за намалување на санкциите против Русија.

Според истите анкети, прашањето околу снабдувањето со енергенси и задржување на благосостојбата одиграло пресудна улога.

Останува отворено прашњето дали Стефан Вели од СПД што веќе десет години е на чело на Долна Саксонија ќе ја продолжи коалицијата со ЦДУ или ќе работи на формирање влада со Зелените, како што најавуваше во текот на предизборната кампања.

Долна Саксонија со околу осум милиони жители е четврта по бројност сојузна покраина, со изразено развиени индустрија и земјоделство. а

The post Социјалдемократите го задржаа мнозинството во Долна Саксонија, успех и на десничарската „Алтернатива за Германија“ appeared first on Република.

]]>

На вчерашните избори во германската сојузна покраина Долна Саксонија, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) остана најсилната партија во локалниот парламент, додека десничарската Алтернатива за Германија (АфД) двојно го зголеми бројот освоени гласови. Според првичните резултати, СПД доби 33,3 отсто од гласовите, што е за 3,6 отсто помалку од изборите пред пет години. Поранешниот коалициски партнер на СПД во Долна Саксонија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), освои 27,9 отсто од гласовите, што е за 5,7 отсто помалку од последните избори. Зелените, кои се со СПД во коалициската Влада на федерално ниво, го подобрија својот резултат на 13,8 отсто од гласовите што е за 5,1 отсто повеќе во споредба со последните избори. АфД со 11,6 отсто повеќе од двојно го зголеми бројот на гласови во однос на последните избори кога освои 5,4 отсто од гласовите. Либерално-демократската партија (ФДП) успеа да го мине петпроцентниот изборен праг, додека партијата Левица и овојпат не успеа да влезе во парламентот на Долна Саксонија. Излезноста од 60 отсто беше за околу три отсто помала од пред пет години. Аналитичарите успехот на АфД го поврзуваат со незадоволството кај дел на гласачите во однос на мерките што сојузната Влада ги донесе за ублажување на финансискиот товар наметнат од инфлацијата. На резултатот влијаело и незадоволството кај дел на гласачите поради големиот број бегалци што доаѓаат во земјата, пред се оние од Украина. Така 33 проценти од испитаниците сметаат дека е добро што АфД сакаат намалување на приливот на бегалци, а 18 отсто изјавуваат дека ги поддржуваат барањата на АфД за намалување на санкциите против Русија. Според истите анкети, прашањето околу снабдувањето со енергенси и задржување на благосостојбата одиграло пресудна улога. Останува отворено прашњето дали Стефан Вели од СПД што веќе десет години е на чело на Долна Саксонија ќе ја продолжи коалицијата со ЦДУ или ќе работи на формирање влада со Зелените, како што најавуваше во текот на предизборната кампања. Долна Саксонија со околу осум милиони жители е четврта по бројност сојузна покраина, со изразено развиени индустрија и земјоделство. а

The post Социјалдемократите го задржаа мнозинството во Долна Саксонија, успех и на десничарската „Алтернатива за Германија“ appeared first on Република.

]]>