изборен систем Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izboren-sistem/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Mar 2022 21:29:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png изборен систем Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izboren-sistem/ 32 32 Џафери: Секоја промена на изборниот систем мора да биде со консензус https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzaferi-sekoja-promena-na-izborniot-sistem-mora-da-bide-so-konsenzus/ Tue, 22 Mar 2022 20:44:09 +0000 https://republika.mk/?p=476873

Секоја промена на изборниот систем мора да биде со консензус. Никому нема да му служи ако оди по принципот на надгласување или условување. Тоа е ултиматум. Собранието не смее да работи под ултиматум, мора да има консензус, изјави вечерва претседателот на Собранието Талат Џафери во дебатната емисија „Објектив“ на МРТВ1.

Не е проблемот во изборниот систем. Зошто не излегуваат сами политичките партии и да се мери секој колку поддршка има. Не е проблемот во шесте изборни единици, проблемот е во поддршката. Една коалиција, друга, трета и на крај за една година се распаѓаат скоро сите коалиции, рече Џафери.

Според него, треба да се води дебата за бројот на изборни единици за да се слушнат аргументите и потоа, како што рече, да може да се има евентуално консензус.

Консензусот не значи сите да добиваат се, консензусот е сите да попуштат малку, да отстапат по нешто, инаку се друго е ултиматум или диктат, рече Џафери.

За изборот на уставните судии, Џафери рече дека тоа е надлежност на Комисијата за прашања на изборите и именувањата која треба да свика седница. Заклучокот од седницата потоа оди на пленарна седница каде се отвара дебата, а за да се избере еден кандидат за уставен судија, тој мора да има поддршка од минимум 61 пратеник.

Во однос на Деловникот за работа на Собранието, Џафери смета дека издржано е да има опција за одржување на онлајн седници, но само во исклучителни случаи како што беше оној со пандемијата. Она што треба да се промени е и тоа што сега не е пропишано колку реплики може да имаат пратениците на собраниските комисии. Тоа, вели Џафери, е инструмент којшто сега се злоупотребува.

 

The post Џафери: Секоја промена на изборниот систем мора да биде со консензус appeared first on Република.

]]>

Секоја промена на изборниот систем мора да биде со консензус. Никому нема да му служи ако оди по принципот на надгласување или условување. Тоа е ултиматум. Собранието не смее да работи под ултиматум, мора да има консензус, изјави вечерва претседателот на Собранието Талат Џафери во дебатната емисија „Објектив“ на МРТВ1.
Не е проблемот во изборниот систем. Зошто не излегуваат сами политичките партии и да се мери секој колку поддршка има. Не е проблемот во шесте изборни единици, проблемот е во поддршката. Една коалиција, друга, трета и на крај за една година се распаѓаат скоро сите коалиции, рече Џафери.
Според него, треба да се води дебата за бројот на изборни единици за да се слушнат аргументите и потоа, како што рече, да може да се има евентуално консензус.
Консензусот не значи сите да добиваат се, консензусот е сите да попуштат малку, да отстапат по нешто, инаку се друго е ултиматум или диктат, рече Џафери.
За изборот на уставните судии, Џафери рече дека тоа е надлежност на Комисијата за прашања на изборите и именувањата која треба да свика седница. Заклучокот од седницата потоа оди на пленарна седница каде се отвара дебата, а за да се избере еден кандидат за уставен судија, тој мора да има поддршка од минимум 61 пратеник. Во однос на Деловникот за работа на Собранието, Џафери смета дека издржано е да има опција за одржување на онлајн седници, но само во исклучителни случаи како што беше оној со пандемијата. Она што треба да се промени е и тоа што сега не е пропишано колку реплики може да имаат пратениците на собраниските комисии. Тоа, вели Џафери, е инструмент којшто сега се злоупотребува.  

The post Џафери: Секоја промена на изборниот систем мора да биде со консензус appeared first on Република.

]]>