изборен поткуп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izboren-potkup/ За подобро да се разбереме Sat, 04 May 2024 12:25:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png изборен поткуп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izboren-potkup/ 32 32 Петрова: Дописот на Битиќи до одредени компании со кој бара поддршка, претставува класичен изборен поткуп и влијание врз слободната воља на гласачите! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrova-dopisot-na-bitiki-do-odredeni-kompanii-so-koj-bara-poddrshka-pretstavuva-klasichen-izboren-potkup-i-vlijanie-vrz-slobodnata-vola-na-glasachite/ Sat, 04 May 2024 12:25:16 +0000 https://republika.mk/?p=774136

УШТЕ ЕДНА ПОТВРДА ЗА НАРУШЕНАТА ДОВЕРБА ВО КОРИСТЕЊЕТО НА БУЏЕТСКИТЕ СРЕДСТВА

Фатмир Битиќи, лице кое сеуште е на јавна функција – вицепремиер за економски прашања, упатил допис до одредени компании, со кој бара поддршка и глас за себе како кандидат за пратеник и за неговата политичка партија СДСМ, а се повикува на доделената финансиска помош (доделена од средства од Буџетот, од народните пари!) и ветува продолжување на финансиската помош во зголемен износ.

Со ова, компаниите кои примиле финансиска помош се ставени во позиција дека треба “за возврат” на финансиската помош да дадат глас на изборите. Ова е класичен изборен поткуп и влијание врз слободната воља на гласачите.

Со вакви дејствија за нечесни цели поврзани со изборите, се потврдува и уште повеќе се поткопува нарушената јавна доверба во користењето на буџетските средства. Дали (не)дадениот глас на избори бил и ќе биде “услов” за (не)доделување финансиска помош во некои случаи?, вели во својата објава Петрова.

The post Петрова: Дописот на Битиќи до одредени компании со кој бара поддршка, претставува класичен изборен поткуп и влијание врз слободната воља на гласачите! appeared first on Република.

]]>

УШТЕ ЕДНА ПОТВРДА ЗА НАРУШЕНАТА ДОВЕРБА ВО КОРИСТЕЊЕТО НА БУЏЕТСКИТЕ СРЕДСТВА Фатмир Битиќи, лице кое сеуште е на јавна функција – вицепремиер за економски прашања, упатил допис до одредени компании, со кој бара поддршка и глас за себе како кандидат за пратеник и за неговата политичка партија СДСМ, а се повикува на доделената финансиска помош (доделена од средства од Буџетот, од народните пари!) и ветува продолжување на финансиската помош во зголемен износ. Со ова, компаниите кои примиле финансиска помош се ставени во позиција дека треба “за возврат” на финансиската помош да дадат глас на изборите. Ова е класичен изборен поткуп и влијание врз слободната воља на гласачите. Со вакви дејствија за нечесни цели поврзани со изборите, се потврдува и уште повеќе се поткопува нарушената јавна доверба во користењето на буџетските средства. Дали (не)дадениот глас на избори бил и ќе биде “услов” за (не)доделување финансиска помош во некои случаи?, вели во својата објава Петрова.

The post Петрова: Дописот на Битиќи до одредени компании со кој бара поддршка, претставува класичен изборен поткуп и влијание врз слободната воља на гласачите! appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Очекувам ДУИ повторно да прави изборни нерегуларности, истураат и многу кеш во предизборието, затоа ја повикувам меѓународната заедница будно да го следи процесот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ochekuvam-dui-povtorno-da-pravi-izborni-neregularnosti-isturaat-i-mnogu-kesh-vo-predizborieto-zatoa-ja-povikuvam-megunarodnata-zaednitsa-budno-da-go-sledi-protsesot/ Sat, 04 May 2024 11:08:09 +0000 https://republika.mk/?p=774075

Ако ме прашувате за изборните нерегуларности кои што беа случај во првиот изборен круг, а за кои причина беше Демократската унија за интеграција, јас очекувам такво нешто да се случи и во вториот круг. Ние до претставниците на меѓународната заедница, до ОБСЕ и ОДИХР доставивме список на избирачки места каде што во определен временски интервал, гласањето е во просек помалку од една минута, што наведува на тоа дека таму имаме бројни нерегуларности. Односно, да бидам попрецизен, полнење на кутии и на тие избирачки места, чудно но вистинито, фингер принт, односно терминалите за отчитување на отисок од прстот, не работеле во тој период, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запрашан дали очекува ДУИ повторно во вториот круг претседателски и прв парламентарни избори да прави изборни нерегуларности.

Додаде дека очекува нешто слично да се случува и во вториот круг, но и дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено и дека за тоа е информирано и министерството за внатрешни работи со цел на определените избирачки места да го зголеми бројот на безбедносните сили.

„Го информирав и министерството за внатрешни работи да ги засили своите сили таму, припадниците на МВР да вршат мониторинг на процесот на гласање во тие избирачки места. Генерално станува збор за избирачки места во скопски Сарај, Липково, Арачиново и така натаму. Треба македонската јавност и граѓаните на Македонија, дека ДУИ преку своите политики не ги освојува гласачите, туку таа буквално, под притисок и со мерки и средства кои што се недозволени во демократијата, ги добива гласовите. Така што, слободно можете оној резултат од првиот круг на Европеецот Османи да го поделите со два и ќе ја добиете реалната поддршка на Демократската унија за интеграција која што повеќе од 20 години на два начина добива гласови. Најпрвин со епската манипулација и повикување на 2001, а паралелно со тоа местење тендери и втората е преку притисок, закани, уцени и поткуп“, рече Мицкоски.

Мицкоски упати и повик до меѓународната заедница будно да го следи процесот и да не го факторизираат криминалот на ДУИ кои што истураат огромни количини на кеш пари, кои сакаат да бидат дел од власта за на исти начин да ги наплатат и повторно ги вратат тие количини на кеш.

„Тука ја повикувам и меѓународната заедница да не го факторизира криминалот на ДУИ, бидејќи тие сега истураат огромни количини кеш, ги знаеме и менувачниците каде се истураат тие огромни количини кеш, а потоа на тој начин сакаат да бидат дел од владата за да се наплатат и повторно ги вратат тие количини на кеш. Така што, уште еднаш апелирам и до меѓународната заедница будно да го следи процесот, бидејќи ова што се случува изминативе денови и ова што очекуваме да се случува во следниве денови, ги поминува, би рекол, условите во определени места да одржување избори во многу по неискусни демократии од македонската. И навистина ова што се случува е катастрофално за демократијата, во определени средини. Можам да кажам дека високи функционери, дури и членови на владата го прават ова придружувани од припадници на министерството за внатрешни работи кои што се легитимираат кога ќе бидат фатени еклатантно, односно во процесот кога се случуваат овие притисоци и поткупи“, истакна Мицкоски.

The post Мицкоски: Очекувам ДУИ повторно да прави изборни нерегуларности, истураат и многу кеш во предизборието, затоа ја повикувам меѓународната заедница будно да го следи процесот appeared first on Република.

]]>

Ако ме прашувате за изборните нерегуларности кои што беа случај во првиот изборен круг, а за кои причина беше Демократската унија за интеграција, јас очекувам такво нешто да се случи и во вториот круг. Ние до претставниците на меѓународната заедница, до ОБСЕ и ОДИХР доставивме список на избирачки места каде што во определен временски интервал, гласањето е во просек помалку од една минута, што наведува на тоа дека таму имаме бројни нерегуларности. Односно, да бидам попрецизен, полнење на кутии и на тие избирачки места, чудно но вистинито, фингер принт, односно терминалите за отчитување на отисок од прстот, не работеле во тој период, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запрашан дали очекува ДУИ повторно во вториот круг претседателски и прв парламентарни избори да прави изборни нерегуларности.
Додаде дека очекува нешто слично да се случува и во вториот круг, но и дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено и дека за тоа е информирано и министерството за внатрешни работи со цел на определените избирачки места да го зголеми бројот на безбедносните сили. „Го информирав и министерството за внатрешни работи да ги засили своите сили таму, припадниците на МВР да вршат мониторинг на процесот на гласање во тие избирачки места. Генерално станува збор за избирачки места во скопски Сарај, Липково, Арачиново и така натаму. Треба македонската јавност и граѓаните на Македонија, дека ДУИ преку своите политики не ги освојува гласачите, туку таа буквално, под притисок и со мерки и средства кои што се недозволени во демократијата, ги добива гласовите. Така што, слободно можете оној резултат од првиот круг на Европеецот Османи да го поделите со два и ќе ја добиете реалната поддршка на Демократската унија за интеграција која што повеќе од 20 години на два начина добива гласови. Најпрвин со епската манипулација и повикување на 2001, а паралелно со тоа местење тендери и втората е преку притисок, закани, уцени и поткуп“, рече Мицкоски. Мицкоски упати и повик до меѓународната заедница будно да го следи процесот и да не го факторизираат криминалот на ДУИ кои што истураат огромни количини на кеш пари, кои сакаат да бидат дел од власта за на исти начин да ги наплатат и повторно ги вратат тие количини на кеш. „Тука ја повикувам и меѓународната заедница да не го факторизира криминалот на ДУИ, бидејќи тие сега истураат огромни количини кеш, ги знаеме и менувачниците каде се истураат тие огромни количини кеш, а потоа на тој начин сакаат да бидат дел од владата за да се наплатат и повторно ги вратат тие количини на кеш. Така што, уште еднаш апелирам и до меѓународната заедница будно да го следи процесот, бидејќи ова што се случува изминативе денови и ова што очекуваме да се случува во следниве денови, ги поминува, би рекол, условите во определени места да одржување избори во многу по неискусни демократии од македонската. И навистина ова што се случува е катастрофално за демократијата, во определени средини. Можам да кажам дека високи функционери, дури и членови на владата го прават ова придружувани од припадници на министерството за внатрешни работи кои што се легитимираат кога ќе бидат фатени еклатантно, односно во процесот кога се случуваат овие притисоци и поткупи“, истакна Мицкоски.

The post Мицкоски: Очекувам ДУИ повторно да прави изборни нерегуларности, истураат и многу кеш во предизборието, затоа ја повикувам меѓународната заедница будно да го следи процесот appeared first on Република.

]]>
Чулев: Во СДС и во ДУИ веќе се прават планови и тајминзи за преземање на конкретни активности за изборен поткуп и изборни манипулации https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chulev-vo-sds-i-vo-dui-veke-se-pravat-planovi-i-tajminzi-za-prezemane-na-konkretni-aktivnosti-za-izboren-potkup-i-izborni-manipulatsii/ Thu, 14 Dec 2023 18:43:29 +0000 https://republika.mk/?p=723072

Во денешната емисија „За или против“ на Алфа ТВ гостуваше Наќе Чулев кој што во однос на техничката влада истакна дека поради најслабиот рејтинг на СДС во историјата тие и ДУИ се спремни да извршат најголем историски поткуп на следните избори и токму поради тоа неопходно е според него учество на опозицијата во техничката влада поради спречување на изборен поткуп и изборни манипулации.

„Да, во рамки на партијата се водат дискусии на оваа тема меѓутоа официјален состанок на ИК на оваа тема уште нема, се очекува во наредниот период во најбрз рок да има состанок на ИК каде што една од точките ќе биде и учеството на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада, така да тогаш ќе биде и јавноста информирана за официјалниот став на ВМРО-ДПМНЕ по ова прашање.Сакам да ја информирам јавноста за мојот личен став и целокупното искуство што го имав како министер за внатрешни работи во техничката влада вклучително и за предизвиците со кои би се соочил изборниот процес во отсуство на претставници на ВМРО-ДПМНЕ во таа техничка влада“ нагласи Чулев.

Чулев кажа дека се надева дека рокот на оваа техничка влада нема да биде пролонгиран и дека изборите ќе бидат реализирани во тајмингот кој што е договорен претходно.

„Имено како што знаете ова ќе биде трета техничка влада, првата беше 2016 година која што својот мандат го заврши после речиси година и пол 2017, втората од јануари 2020 до средина на јули исто 2020, беше пролонгиран и рокот на првата и рокот на втората техничка влада, се надеваме дека рокот на оваа техничка влада нема да биде пролонгиран и дека изборите ќе бидат реализирани во тајмингот кој што е договорен претходно. Техничката влада вклучува учество на 2 министри од опозицијата и тројца заменици министри и тоа министри за внатрешни работи, министер за труд и социјална политика и заменици министри во министерството за информатичко општество и администрација, во финансии и министерството за земјоделство. Како и да е сметам дека ова ќе биде последна техничка влада поготово заради тоа што ВМРО-ДПМНЕ сигурно ќе предложи повторно одредена иницијатива за укинување на техничката влада“ истакна Чулев.

Чулев потенцираше дека СДС и ДУИ се спремни за најголем историски поткуп на следните избори.

„Во ситуација кога СДС историски гледано од 1991 се наоѓа во најголемата криза со најнизок историски рејтинг и поддршка од граѓаните вклучително кога голем број на функционери на ДУИ и СДС се инволвирани во огромни корупциски скандали и афери и кога се загрозени со кривично правно процесуирање доколку дојде до промена на власта а тие се сигурни дека ВМРО-ДПМНЕ нема да калкулира и нема воопшто да прави пазар во смисла на процесуирање на функционери ко исе огрешиле пред законот тие се спремни да извршат најголем поткуп во историјата на Македонија“ кажа Чулев.

Чулев кажа и дека има сознанија дека во рамки на состаноците кои се организираат во СДС и во ДУИ веќе се прават планови и се прават тајминзи за превземање на конкретни активности во смисла на изборен поткуп и изборни манипулации, како институционален така и индивидуално ниво.

„Мојот став по ова прашање е дека ВМРО-ДПМНЕ треба да учествува во техничката влада. Прво поради спречување на изборен поткуп, изборни нерегуларности и изборни манипулации. Нашите сознанија зборуваат дека во рамки на состаноците кои се организираат во СДС и во ДУИ веќе се прават планови и се прават тајминзи за превземање на конкретни активности во смисла на изборен поткуп и изборни манипулации, како институционален така и индивидуално она диво давање на пари. Се детектираат лица преку кои тоа ќе се прави средини, и тн“ кажа Чулев.

The post Чулев: Во СДС и во ДУИ веќе се прават планови и тајминзи за преземање на конкретни активности за изборен поткуп и изборни манипулации appeared first on Република.

]]>

Во денешната емисија „За или против“ на Алфа ТВ гостуваше Наќе Чулев кој што во однос на техничката влада истакна дека поради најслабиот рејтинг на СДС во историјата тие и ДУИ се спремни да извршат најголем историски поткуп на следните избори и токму поради тоа неопходно е според него учество на опозицијата во техничката влада поради спречување на изборен поткуп и изборни манипулации. „Да, во рамки на партијата се водат дискусии на оваа тема меѓутоа официјален состанок на ИК на оваа тема уште нема, се очекува во наредниот период во најбрз рок да има состанок на ИК каде што една од точките ќе биде и учеството на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада, така да тогаш ќе биде и јавноста информирана за официјалниот став на ВМРО-ДПМНЕ по ова прашање.Сакам да ја информирам јавноста за мојот личен став и целокупното искуство што го имав како министер за внатрешни работи во техничката влада вклучително и за предизвиците со кои би се соочил изборниот процес во отсуство на претставници на ВМРО-ДПМНЕ во таа техничка влада“ нагласи Чулев. Чулев кажа дека се надева дека рокот на оваа техничка влада нема да биде пролонгиран и дека изборите ќе бидат реализирани во тајмингот кој што е договорен претходно. „Имено како што знаете ова ќе биде трета техничка влада, првата беше 2016 година која што својот мандат го заврши после речиси година и пол 2017, втората од јануари 2020 до средина на јули исто 2020, беше пролонгиран и рокот на првата и рокот на втората техничка влада, се надеваме дека рокот на оваа техничка влада нема да биде пролонгиран и дека изборите ќе бидат реализирани во тајмингот кој што е договорен претходно. Техничката влада вклучува учество на 2 министри од опозицијата и тројца заменици министри и тоа министри за внатрешни работи, министер за труд и социјална политика и заменици министри во министерството за информатичко општество и администрација, во финансии и министерството за земјоделство. Како и да е сметам дека ова ќе биде последна техничка влада поготово заради тоа што ВМРО-ДПМНЕ сигурно ќе предложи повторно одредена иницијатива за укинување на техничката влада“ истакна Чулев. Чулев потенцираше дека СДС и ДУИ се спремни за најголем историски поткуп на следните избори. „Во ситуација кога СДС историски гледано од 1991 се наоѓа во најголемата криза со најнизок историски рејтинг и поддршка од граѓаните вклучително кога голем број на функционери на ДУИ и СДС се инволвирани во огромни корупциски скандали и афери и кога се загрозени со кривично правно процесуирање доколку дојде до промена на власта а тие се сигурни дека ВМРО-ДПМНЕ нема да калкулира и нема воопшто да прави пазар во смисла на процесуирање на функционери ко исе огрешиле пред законот тие се спремни да извршат најголем поткуп во историјата на Македонија“ кажа Чулев. Чулев кажа и дека има сознанија дека во рамки на состаноците кои се организираат во СДС и во ДУИ веќе се прават планови и се прават тајминзи за превземање на конкретни активности во смисла на изборен поткуп и изборни манипулации, како институционален така и индивидуално ниво. „Мојот став по ова прашање е дека ВМРО-ДПМНЕ треба да учествува во техничката влада. Прво поради спречување на изборен поткуп, изборни нерегуларности и изборни манипулации. Нашите сознанија зборуваат дека во рамки на состаноците кои се организираат во СДС и во ДУИ веќе се прават планови и се прават тајминзи за превземање на конкретни активности во смисла на изборен поткуп и изборни манипулации, како институционален така и индивидуално она диво давање на пари. Се детектираат лица преку кои тоа ќе се прави средини, и тн“ кажа Чулев.

The post Чулев: Во СДС и во ДУИ веќе се прават планови и тајминзи за преземање на конкретни активности за изборен поткуп и изборни манипулации appeared first on Република.

]]>
Митева: Мерките на СДС и ДУИ – тие цареви на хонорарите, за народот 1000 денари изборен поткуп https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miteva-merkite-na-sds-i-dui-tie-tsarevi-na-honorarite-za-narodot-1000-denari-izboren-potkup/ Fri, 01 Dec 2023 11:57:43 +0000 https://republika.mk/?p=718326

Предизборниот поткуп кој го планираат СДС и ДУИ е очаен потег, ништо не ги спасува од пораз. Додека сметките на функционерите на СДС и ДУИ од месец за месец се зголемуваат, на народот му продаваат евтини приказни за наводни антикризни мерки во вредност од 1000 денари, вели Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Математиката е едноставна, но разликата голема и срамна, а изгледа вака: Ковачевски со предвиденото покачување зема 812.800 денари повеќе на годишно ниво. Тоа се 13.500 евра повеќе. Пендаровски зема 14.400 евра повеќе со покачувањето, исто толку зема и Талат Џафери. Тоа се над 40.000 евра или тоа се пари со кои може да се купи едно ново болничко возило. Вака некако изгледа бизарната политика на СДС и ДУИ – тие цареви на хонорарите, народот заробен во сиромаштија.

Таканаречените антикризни мерки не го решаваат проблемот, официјалните податоци потврдуваат дека 600.000 луѓе живеат со 150 денари на ден, тоа е секој 3-ти Македонец. Но, власта и на маката на народот ја гледа како сопствената корист и сака ова да го злоупотреби.

Овој потег на СДС и ДУИ е понижување за граѓаните, додека тие си делат милионски тендери и безмилосно трошат народни пари, на народот му подаваат помош од 1000 денари.

Ако СДС и ДУИ се надеваат дека граѓаните имаат кратка меморија, еве прилика да ги потсетиме: во 2020-тата година и 2021 година говореа дека потрошиле околу милијарда и 150 милиони од државниот Буџет да помогнат на стопанството и на граѓаните, а лагата им пропадна кога Државен завод за ревизија следната година констатираше дека помошта од страна на државата кон граѓаните и стопанството била само околу 280 милиони.

Залуден е обидот на власта “со иста фора втор пат”. Треба да се свесни дека на нивното време за брзо доаѓа крај, граѓаните по промената на владата ќе добијат вистински реформи кои ќе им го подобрат животниот стандард, додава Митева.

https://www.youtube.com/watch?v=wU8IWjUeztk

The post Митева: Мерките на СДС и ДУИ – тие цареви на хонорарите, за народот 1000 денари изборен поткуп appeared first on Република.

]]>

Предизборниот поткуп кој го планираат СДС и ДУИ е очаен потег, ништо не ги спасува од пораз. Додека сметките на функционерите на СДС и ДУИ од месец за месец се зголемуваат, на народот му продаваат евтини приказни за наводни антикризни мерки во вредност од 1000 денари, вели Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. -Математиката е едноставна, но разликата голема и срамна, а изгледа вака: Ковачевски со предвиденото покачување зема 812.800 денари повеќе на годишно ниво. Тоа се 13.500 евра повеќе. Пендаровски зема 14.400 евра повеќе со покачувањето, исто толку зема и Талат Џафери. Тоа се над 40.000 евра или тоа се пари со кои може да се купи едно ново болничко возило. Вака некако изгледа бизарната политика на СДС и ДУИ – тие цареви на хонорарите, народот заробен во сиромаштија. Таканаречените антикризни мерки не го решаваат проблемот, официјалните податоци потврдуваат дека 600.000 луѓе живеат со 150 денари на ден, тоа е секој 3-ти Македонец. Но, власта и на маката на народот ја гледа како сопствената корист и сака ова да го злоупотреби. Овој потег на СДС и ДУИ е понижување за граѓаните, додека тие си делат милионски тендери и безмилосно трошат народни пари, на народот му подаваат помош од 1000 денари. Ако СДС и ДУИ се надеваат дека граѓаните имаат кратка меморија, еве прилика да ги потсетиме: во 2020-тата година и 2021 година говореа дека потрошиле околу милијарда и 150 милиони од државниот Буџет да помогнат на стопанството и на граѓаните, а лагата им пропадна кога Државен завод за ревизија следната година констатираше дека помошта од страна на државата кон граѓаните и стопанството била само околу 280 милиони. Залуден е обидот на власта “со иста фора втор пат”. Треба да се свесни дека на нивното време за брзо доаѓа крај, граѓаните по промената на владата ќе добијат вистински реформи кои ќе им го подобрат животниот стандард, додава Митева. https://www.youtube.com/watch?v=wU8IWjUeztk

The post Митева: Мерките на СДС и ДУИ – тие цареви на хонорарите, за народот 1000 денари изборен поткуп appeared first on Република.

]]>