изборен молк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izboren-molk/ За подобро да се разбереме Mon, 20 May 2024 15:28:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png изборен молк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izboren-molk/ 32 32 Утре предизборен молк, но само за местата каде се прегласува https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/utre-predizboren-molk-no-samo-za-mestata-kade-se-preglasuva/ Mon, 20 May 2024 15:41:31 +0000 https://republika.mk/?p=780223

Поради повторување на гласањето за Парламентарните избори 2024 во седум гласачки места во Изборните единици 5 и 6, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ги известува националните радиодифузери и радиодифузерите кои емитуваат програма на подрачјето на Охрид, Крушево, Струга, Долнени и Желино дека за нив важат обврските за изборниот молк, кој почнува од ноќеска на полноќ и ќе трае до 19 часот на 22 мај 2024 година.

За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања.

Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

Гласањето ќе се повтори на седум избирачки места во среда во Изборната единица (ИЕ) 5 на избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1194 и 1202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга и 1272 во Општина Охрид, како и во ИЕ 6 на избирачкото место 2101 во Општина Желино. Утре гласаат болните и изменоштените кои веќе се пријавиле за гласање на парламентарните избори, како и затворениците.

The post Утре предизборен молк, но само за местата каде се прегласува appeared first on Република.

]]>

Поради повторување на гласањето за Парламентарните избори 2024 во седум гласачки места во Изборните единици 5 и 6, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ги известува националните радиодифузери и радиодифузерите кои емитуваат програма на подрачјето на Охрид, Крушево, Струга, Долнени и Желино дека за нив важат обврските за изборниот молк, кој почнува од ноќеска на полноќ и ќе трае до 19 часот на 22 мај 2024 година. За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања. Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта. Гласањето ќе се повтори на седум избирачки места во среда во Изборната единица (ИЕ) 5 на избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1194 и 1202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга и 1272 во Општина Охрид, како и во ИЕ 6 на избирачкото место 2101 во Општина Желино. Утре гласаат болните и изменоштените кои веќе се пријавиле за гласање на парламентарните избори, како и затворениците.

The post Утре предизборен молк, но само за местата каде се прегласува appeared first on Република.

]]>
АВМУ: Од вечерва на полноќ почнува изборниот молк, нема вести ни за Парламентарните избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/avmu-od-vecherva-na-polnok-pochnuva-izborniot-molk-nema-vesti-ni-za-parlamentarnite-izbori/ Mon, 22 Apr 2024 11:16:53 +0000 https://republika.mk/?p=769285

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) потсетува дека денеска завршува изборната кампања за првиот круг од Претседателските избори 2024 година, односно од полноќ започнува изборниот молк кој трае до 19 часот на 24 април

За време на молкот, на 23 и на 24 април (до 19 часот), укажува АВМУ, запира медиумското покривање во вестите и во посебните-информативни емисии на учесниците во изборните кампањи и за Претседателските и за Парламентарните избори.

Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето: какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои го откриваат идентитетот на политичките субјекти и/или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во изборна кампања, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта, се вели во денешното соопштение од АВМУ.

Во овој период е дозволено емитување бесплатно политичко претставување и платено политичко рекламирање на учесниците во изборната кампања за Парламентарните избори.

Воедно, во деновите на изборниот молк е дозволено емитување на едукативната рекламна кампања на Државната изборна комисија (ДИК) за Изборите 2024.

Агенцијата, нагласуваат оттаму, очекува сите радиодифузери, почнувајќи од ноќеска на полноќ, да ја прилагодат својата програма за изборниот молк.

The post АВМУ: Од вечерва на полноќ почнува изборниот молк, нема вести ни за Парламентарните избори appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) потсетува дека денеска завршува изборната кампања за првиот круг од Претседателските избори 2024 година, односно од полноќ започнува изборниот молк кој трае до 19 часот на 24 април За време на молкот, на 23 и на 24 април (до 19 часот), укажува АВМУ, запира медиумското покривање во вестите и во посебните-информативни емисии на учесниците во изборните кампањи и за Претседателските и за Парламентарните избори.
Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето: какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои го откриваат идентитетот на политичките субјекти и/или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во изборна кампања, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта, се вели во денешното соопштение од АВМУ.
Во овој период е дозволено емитување бесплатно политичко претставување и платено политичко рекламирање на учесниците во изборната кампања за Парламентарните избори. Воедно, во деновите на изборниот молк е дозволено емитување на едукативната рекламна кампања на Државната изборна комисија (ДИК) за Изборите 2024. Агенцијата, нагласуваат оттаму, очекува сите радиодифузери, почнувајќи од ноќеска на полноќ, да ја прилагодат својата програма за изборниот молк.

The post АВМУ: Од вечерва на полноќ почнува изборниот молк, нема вести ни за Парламентарните избори appeared first on Република.

]]>
Од полноќ почнува молкот за претседателските избори на 24 април https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-polnok-pochnuva-molkot-za-pretsedatelskite-izbori-na-24-april/ Mon, 22 Apr 2024 05:40:57 +0000 https://republika.mk/?p=769106

Последен ден од кампањата за претседателските избори на 24 април. Вечерва на полноќ почнува молкот, што завршува на денот на гласањето во 19 часот. И покрај молкот за претседателските избори, изборната кампања за парламентарните избори на 8 мај ќе се одвива и нема да биде прекината.

Гласачите на седмите парламентарни избори ќе можат да се определат за еден од седуммината кандидати за претседател - петмина мажи и две жени. Кандидирани се актуелниот претседател Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ваковска поддржана од Левица, Максим Димитриевски - ЗНАМ, Стевчо Јакимовска - ГРОМ, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи поддржан од Европскиот фронт.

Карактеристично за овие избори е што тие наместо во недела, ќе се спроведат во среда, ден што Владата го прогласи како неработен. Исто така, овие избори се поклопуваат со изборите за пратеници, а идентификацијата на гласачите повторно ќе биде со апарати за биометриска идентификација.

Вториот круг од претседателските избори, што е извесно дека ќе го има, ќе се поклопи со парламентарните избори на 8 мај, а гласачите кога ќе дојдат на избирачките места пред да ги добијат гласачките ливчиња, ќе треба да се изјаснат дали ќе гласаат за двата избори или не. Доколку не сакаат да гласаат на некој од изборите, нема да можат во текот на денот да се премислат и да се вратат на избирачкото место повторно и да гласаат.

За изборите за претседател во Избирачкиот список се запишани 1.814.317 избирачи. Во изводите од Избирачкиот список за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи, додека во странство во ДКП-та или конзуларни канцеларии ќе гласаат 2.569 избирачи.

Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор, запишани се 2.147 избирачи.

Запишани се и 534 избирачи, кои поднеле пријава за гласање, во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓаат во установи за вон семејно згрижување. Две лица се водат како внатрешно раселени лица.

Дијаспората, затворениците, лицата во старските домови, болните и изнемоштените лица гласаат ден пред изборите односно во вторник на 23 април. Гласањето за претседател почна со членовите на избирачките одбори кои отпатуваа да го спроведат гласањето во дијаспората. Во посебниот извод од Избирачкиот список се запишани 191 избирачи кои треба да го спроведат гласањето во дијапората.

Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии утре, 23 април, од 7 до 19 часот по локално време, врз основа на прифатените 2.571 пријави на наши државјани, гласање треба да се спроведе во Абу Даби каде се пријавени 26 наши државјани за гласање, во Белград-31, Берлин-260, Берн – 186, Бон – 164, Брисел -93, Вашингтон-34, Венеција – 79, Виена – 123, Детроит-34, Загреб-87, Канбера-31, Копехаген-74, Лондон-87, Љубљана-332, Минхен-166, Мелбурн-64, Њујорк-85, Осло-41, Париз-44, Прага-52, Рим-30, Стокхолм-85, Торонто-117, Хаг-65, Чикаго-88, Анкара-18, Варшава-23, Мадрид-18, Пекинг-12 и Софија 22.

Другите наши граѓани кои живеат во странство, своето право на глас можат да го остварат во избирачките места во земјата, согласно адресата во личните документи.

Државната изборна комисија (ДИК) викендов го дистрибуираше недоверливиот и доверливиот материјал, вклучувајќи ги и избирачките ливчиња, до Општинските изборни комисии кои во вторник треба да го достават до Избирачките одбори.

Според најавите, првичните информации за изборните резултати би требало ДИК да ги објави пред полноќ на 24 април.

The post Од полноќ почнува молкот за претседателските избори на 24 април appeared first on Република.

]]>

Последен ден од кампањата за претседателските избори на 24 април. Вечерва на полноќ почнува молкот, што завршува на денот на гласањето во 19 часот. И покрај молкот за претседателските избори, изборната кампања за парламентарните избори на 8 мај ќе се одвива и нема да биде прекината. Гласачите на седмите парламентарни избори ќе можат да се определат за еден од седуммината кандидати за претседател - петмина мажи и две жени. Кандидирани се актуелниот претседател Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ваковска поддржана од Левица, Максим Димитриевски - ЗНАМ, Стевчо Јакимовска - ГРОМ, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи поддржан од Европскиот фронт. Карактеристично за овие избори е што тие наместо во недела, ќе се спроведат во среда, ден што Владата го прогласи како неработен. Исто така, овие избори се поклопуваат со изборите за пратеници, а идентификацијата на гласачите повторно ќе биде со апарати за биометриска идентификација. Вториот круг од претседателските избори, што е извесно дека ќе го има, ќе се поклопи со парламентарните избори на 8 мај, а гласачите кога ќе дојдат на избирачките места пред да ги добијат гласачките ливчиња, ќе треба да се изјаснат дали ќе гласаат за двата избори или не. Доколку не сакаат да гласаат на некој од изборите, нема да можат во текот на денот да се премислат и да се вратат на избирачкото место повторно и да гласаат. За изборите за претседател во Избирачкиот список се запишани 1.814.317 избирачи. Во изводите од Избирачкиот список за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи, додека во странство во ДКП-та или конзуларни канцеларии ќе гласаат 2.569 избирачи. Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор, запишани се 2.147 избирачи. Запишани се и 534 избирачи, кои поднеле пријава за гласање, во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓаат во установи за вон семејно згрижување. Две лица се водат како внатрешно раселени лица. Дијаспората, затворениците, лицата во старските домови, болните и изнемоштените лица гласаат ден пред изборите односно во вторник на 23 април. Гласањето за претседател почна со членовите на избирачките одбори кои отпатуваа да го спроведат гласањето во дијаспората. Во посебниот извод од Избирачкиот список се запишани 191 избирачи кои треба да го спроведат гласањето во дијапората. Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии утре, 23 април, од 7 до 19 часот по локално време, врз основа на прифатените 2.571 пријави на наши државјани, гласање треба да се спроведе во Абу Даби каде се пријавени 26 наши државјани за гласање, во Белград-31, Берлин-260, Берн – 186, Бон – 164, Брисел -93, Вашингтон-34, Венеција – 79, Виена – 123, Детроит-34, Загреб-87, Канбера-31, Копехаген-74, Лондон-87, Љубљана-332, Минхен-166, Мелбурн-64, Њујорк-85, Осло-41, Париз-44, Прага-52, Рим-30, Стокхолм-85, Торонто-117, Хаг-65, Чикаго-88, Анкара-18, Варшава-23, Мадрид-18, Пекинг-12 и Софија 22. Другите наши граѓани кои живеат во странство, своето право на глас можат да го остварат во избирачките места во земјата, согласно адресата во личните документи. Државната изборна комисија (ДИК) викендов го дистрибуираше недоверливиот и доверливиот материјал, вклучувајќи ги и избирачките ливчиња, до Општинските изборни комисии кои во вторник треба да го достават до Избирачките одбори. Според најавите, првичните информации за изборните резултати би требало ДИК да ги објави пред полноќ на 24 април.

The post Од полноќ почнува молкот за претседателските избори на 24 април appeared first on Република.

]]>