изборен модел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izboren-model/ За подобро да се разбереме Mon, 17 Apr 2023 08:36:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png изборен модел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izboren-model/ 32 32 Македонија е една од државите со најголем број пратеници во Европа по глава на жител https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-e-edna-od-drzhavite-so-najgolem-broj-pratenitsi-vo-evropa-po-glava-na-zhitel/ Mon, 17 Apr 2023 08:36:10 +0000 https://republika.mk/?p=631358

Во земјава неколку години наназад се покренува прашањето за измена на Изборниот законик, пред се во делот на промена на бројот на изборни единици, односно сведување на територијата на земјава од шест на една изборна единица. Главни „заговорници“ на ваквата идеја се помалите политички партии, кои сметаат дека на тој начин ќе им се зголемат шансите за нивно самостојно претставување во Собранието, ќе се изедначи „тежината“ на секој глас и ќе се обезбеди поголема пропорционална застапеност на партиите согласно бројот на освоени гласови на изборите.

Но, истражувањето „Македонија на европската изборна мапа: Колку е порпорционален македонскиот изборен модел?“ на политикологот Кристијан Фидановски и раководителката на Центарот за парламентарна поддршка и демократизација во рамки на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС), Влора Речица, промовирано пред десетина дена, покажува дека актуелниот изборен модел во земјава е меѓу најпропоционалните во Европа, односно еден од моделите којшто овозможува да има повеќе партии во Собранието, што го прави релативно поповолен токму за помалите партии.

Според Фидановски, кој е докторант по семејни, социјални и пронаталитетски политики на универзитетот Оксфорд и автор на десетици академски трудови и колумни од областа на домашната и меѓународната политика, комуникологијата, јавното здравје и демографијата, темата за изборниот модел е исклучително важна, но истовремено се работи и за една техничка тема, која што понекогаш е тешко да и се претстави за пошироката јавност.

- Станува збор за тема за којашто многу се пишува во политичките науки и тема за која што понекогаш има нови сознанија врз основа на изборните реформи во најразлични држави и тема која сметам дека многу често е упростувана во нашата јавност. И тоа всушност беше онаа појдовна точка што ја имавме со Влора и со Институтот кога одлучивме да ја изработиме оваа студија, вели Фидановски.

Тој потенцира дека она што најмногу му пречи кога се говори за темата за изборниот модел е тоа што се зборува само за една изборна единица.

Тоа се тие три збора што се користат и под тие три збора всушност се опфаќа целокупната тема за изборните реформи – значи една изборна единици или бројот на изборни единици се третира како синоним за изборен модел. Изборниот модел е всушност нешто многу пошироко, а изборниот систем во целина е нешто уште пошироко, потенцира Фидановски.

Според него, изборниот модел изискува од аналитичарите и политичките чинители да разгледуваат повеќе параметри, затоа им било важно да ја прикажат состојбата во Европа, бидејќи многу често во дебатата за ова прашање во земјава фокусот се става на тоа која партија колку пратеници би имала во одредени конфигурации, а се пропушта големата слика поврзана со оваа тема.

Во истражувањето се заклучува дека земјава се одликува со значителна натпросечна пропорционалност според три клучни елементи на изборните модели: големината на изборните единици, изборниот праг и бројот на пратеници. Единствен исклучок од ваквата висока пропорционалност е употребата на Д’Онтовата изборна формула, која важи за најмалку соодветно репрезентативна меѓу пропорционалните изборни модели, но која во исто време е и најчесто користена во Европа.

Со оглед на исклучително високата пропорционалност на актуелниот изборен модел, оваа студија проблематизира со дел од аргументацијата на поборниците за изборни реформи кон (уште) повисока пропорционалност. Во согласност со постоечките сознанија во политичките науки за негативните страни на високо пропорционалните изборни модели, посочуваме дека евентуалното воведување на (уште) попропорционален изборен модел би можело сериозно да го загрози формирањето и стабилноста на извршната власт, на тој начин (дополнително) ослабувајќи ја македонската демократија, заклучуваат авторите на истражувањето.

Речица, која е магистер по компаративна политика на Лондонската школа за економија и
политички науки (ЛСЕ) и која работела на повеќе истражувања за парламентите и парламентарната демократија, институционалното градење, популизмот и процесите на демократизација во новите демократии, вели дека една од главни премиси кога ја почнале анализата им била што би значело промената на изборниот модел за демократизацијата на државата.

Не се фокусиравме на тоа кои партии колку мандати ќе добијат, затоа што би навлегле во друга тематика, туку се фокусиравме на тоа што би значело промената на изборниот модел за процесот на демократизација на државата, вели Речица.

Според Речица, токму затоа се фокусирале на промената на изборниот модел во една изборна единица, за што веќе е покрената иницијатива во Собранието, а во фаза е и формирање работна група во Министерството за правда со задача токму посветена на промената на Изборниот законик.

Пропорционалност – однос на освоените гласови со добиените пратенички места

По дефиниција изборниот модел претставува збир на правила што го регулираат односот меѓу распределбата на гласови во одреден изборен циклус и распределбата на политичка моќ што треба да произлезе од тој циклус. Помеѓу низата вакви правила, но и видови изборни циклуси во кои тие можат да се применат, за целите на студијата авторите се ограничиле на анализа на парламентарните изборни циклуси преку четири клучни елементи: број и големина на изборните единици, изборната формула, изборниот праг и број на пратеници. Токму овие елементи го одредуваат степенот на пропорционалност на моделот, односно во колкава мера распределбата на освоените гласови е соодветна на поделбата на пратенички мандати во Собранието.

Иако, изборниот модел вообичаено се третира како надворешен фактор врз политичкиот живот во една држава, сепак тој има значителен ефект врз неколку негови параметри, пред се врз партискиот системи, формирањето на влади и нивната стабилност и излезноста на изборите.

Во однос на партискиот систем, пропорционалните изборни модели вообичаено резултираат со поголем број партии, што им нуди на граѓаните поразновиден избор, додека мнозинските модели имаат тенденција де факто да создадат двопартиски систем, нерамномерно преточувајќи ги гласовите на граѓаните во пратенички места и фаворизирајќи ги поголемите партии.

Но, мнозинскиот модел, од друга страна, по правило, води до полесно обезбедување парламентарно мнозинство и формирање стабилна влада, за разлика од пропорционалниот, каде коалициските влади се речиси неизбежност или се формираат т.н. малцински влади, чие опстојување зависи од опозициските партии. На тоа се надоврзува и прашањето за стабилноста на формираните влади, иако, мора да се напомене, дека коалициските влади не се секогаш и помалку ефикасни или помалку стабилни.

Но, анализите покажуваат и дека пропорционалниот изборен модел, по правило, резултира со поголема излезност на избори. Една проценка, како што се наведува во студијата, заснована на истражување во посткомунистичките земји, укажува дека зголемувањето на процентот на пратенички места избрани со пропорционален изборен модел за 10 проценти, резултира со зголемување на излезноста и до 20 проценти.

Фидановски потенцира дека ако ја погледнеме основната дефиниција на зборот демократија – „демос“ и „кратија“, ќе забележиме дека станува збор за застапеност на волјата на народот – демосот и доброто владеење – кратија, па затоа добриот изборен модел мора да биде компромис меѓу овие две нешта.

Под застапеност подразбираме што поголемо почитување на преференциите на граѓаните при управување со државата, односно што подиректно преточување на распределбата на гласовите на избори во пратенички места, односно попрецизно следење на народната волја. Доколку тоа преточување е подиректно, тоа ќе резултира со поголем број партии во Собранието, што звучи супер – повеќе демократија, повеќе партии. Но, тоа не е секогаш така, бидејќи што повеќе партии, значи и пошироки владејачки коалиции, поголеми идеолошки и програмски компромиси, што понекогаш доведува „опашката да го движи кучето“, односно помалите партии добиваат диспропорционална моќ, стануваат „кинг мејкери“, што не секогаш нужно ја претставува волјата на граѓаните, потенцира Фидановски.

Според него, затоа покрај поголемата застапеност на партии, важен е и вториот дел од „сложувалката демократија“ – доброто владеење. Тој потенцира дека поголемата застапеност може да доведе и до подобро владеење, но во политичките науки често пати се утврдува дека попропорционалните изборни модели знаат често пати да резултираат со тешко формирање влади.

Сите овие феномени не се добри за демократијата и за доброто владеење, затоа е многу важно во сите разговори за изборниот модел да се води сметка за интеракцијата на застапеноста и доброто владеење. Мојот впечаток е, можеби грешам, дека во нашиот дискурс многу поприсутна е застапеноста, без да се земаат предвид потенцијалните ефекти врз доброто владеење, заклучува Фидановски.

Политичките науки сугерираат дека секоја земја треба да одбере онаков изборен модел каков што ќе одговара на нејзиниот специфичен контекст, при што ќе се потруди сепак да воспостави некаква рамнотежа помеѓу застапеноста на гласачите и стабилното владеење.

Пропорционалноста и изборните модели

Истражувањето „Македонија на европската изборна мапа: Колку е порпорционален македонскиот изборен модел?“, кое се базира на четири елементи на еден изборен модел - број и големина на изборните единици, изборната формула, изборниот праг и број на пратеници, е спроведено со анализа на 32 европски држави - сите членки на ЕУ, без Грција и Унгарија (чии изборен модел не дозволува едноставна класификација), шесте земји од Западниот Балкан и Велика Британија, како држава со eдна од најдолгите парламентарни традиции во Европа.

Во однос на одредувањето на бројот и големината на изборните единици, основна заложба е да се создаде директна врска помеѓу гласачите и пратениците од географската област од која се избрани да ја претставуваат. Избори според пропорционален систем во една изборна единица, по дефиниција, претставува најпропорционален можен модел, бидејќи распределбата на гласови во целост би соодветствувала на распределбата на пратенички места, а секое зголемување на бројот на изборни единици би значело помала пропорционалност.

Во претставничка демократија се очекува законодавците да ги застапуваат интересите на изборната единица што ги избрала, па со цел зачувување на таа врска, се препорачува изборните единици да не бидат преголеми за да се минимизира растојанието помеѓу гласачите и нивните претставници, но и за да се избегне преголем број партии во Парламентот, што би можело да го загрози формирањето влада, а и нејзината стабилност и ефикасност. Од друга страна, секое зголемување на бројот на изборни единици значи помалку пропорционален модел, намалувајќи им ги шансите на помалите партии за парламентарна застапеност, се посочува во анализата.

Во однос на големината на изборните единици, во европските земји кои користат пропорционален модел има прилично малку варијации. Од една страна се Германија, каде има изборна единица во која се избираат само два пратеника, Австрија, Босна и Херцеговина и Ирска со по четири или Малта со пет, на друга страна се Данска со 18 пратеници во една изборна единица, Македонија и Летонија со по 20 и Литванија со 35 пратенички мандати, а на самиот крај држави во кој сите пратеници се избираат во единствена изборна единица - Србија, Словачка, Косово и Црна Гора.

Речица посочува дека кога ќе ја споредиме нашата земја со останатите 31 држава опфатени со анализата, се наоѓаме на делба на шестото место заедно со Летонија. Таа нагласува дека европските земји во просек имаат изборни единици во кои се избираат од 4 до 15 пратеници, со што нашата држава со 20 пратеници во една изборна единица има натпросечно големи изборни единици во споредба со остатокот од Европа.

- Тоа покренува прашање дали имаме потреба од зголемување на бројот на изборни единици? Дали имаме потреба да одиме кон една изборна единица и да ја изгубиме врската пратеник-граѓанин, што би требало да се гради. Една од поголемите позитивни страни на тоа што имаме 20 пратеници во една изборна единица, е токму пратениците да градат подиректна и посилна врска со граѓаните и подобро да ги претставуваат нивните интереси, вели Речица.

Според неа, земјава „стои добро“ со моделот со шест изборни единици и промената кон една изборна единица не би придонело за значително подобрување на врската пратеник-избирач.

Изборната формула е математички израз кој го одредува преточувањето на гласови во пратенички места во склоп на секоја изборна единица. Најчесто користената изборна формула во Европа при пропорционални модели, што се применува и кај нас, е Д’Онтова. Но, покрај неа постојат и редица други, како Хар, Хагенбах-Бишоф, Сент-Лаги, Империјали..., кои важат за „порепрезентативни“, кои им даваат поголеми шанси на помалите партии и не ги фаворизираа поголемите, како што е случајот со Д’Онтовиот модел, кој ваѓи за еден од најмалку пропорционалните.

Во секој случај, важно е да не се заборави дека изборната формула е релативно мал фактор за севкупната пропорционалност на изборниот модел. Разликата во пропорционалност помеѓу, на пример, држава која ја користи формулата на Сент-Лаги и држава која се определила за Д’Онтовата формула би била незначителна (максимум неколку пратенички места), доколку сите останати елементи од нивните изборни модели би биле исти, се посочува во анализата.

Фидановски потенцира дека Д’Онтовата формула со своите количници важи за порестриктивен метод за распределба на пратеничките места и им оди во полза на поголемите партии на сметка на помалите.

Со тоа многу гласови, условно кажано, остануваат „проарчени“, додава Фидановски.

Според него, Македонија е некаде кон средината, но во втората половина на табелата според анализата на изборните формули, на делба на позицијата со 15 други држави, а единствени порестриктивни од земјава се оние држави кои имаат мнозински или комбинирани мнозинско-пропоционални модели, како Франција, Велика Британија и Полска.

Изборниот праг го претставува минималниот број на гласови дефиниран на ниво на изборни единици потребен за освојување на едно пратеничко место при пропорционален систем. Прагот може да бидат регулиран со закон на одреден процент (два, три, пет...), но може да претставува и ефективен или природен праг во зависност од бројот на пратеници што се избираат или од конкретниот модел. Повисоките изборни прагови ја намалуваат пропорционалноста, бидејќи ја зголемуваат веројатноста партиите со помал број гласови да не успеат да учествуваат во распределбата на пратенички мандати.

Од висината на изборниот праг во голема мера зависи пропорционалноста на изборните модели, особено кога тој е поставен на релативно високо рамниште, оневозможувајќи им влез во парламентот на помалите партии.

Најголемиот број држави во Европа имаат низок изборен праг или немаат праг во нивните изборни модели. Сепак, најчестиот изборен праг во примерокот, кој го забележуваме во 11 држави, е прилично висок (5 отсто). Дополнително, во државите кои немаат воведено изборен праг во нивното изборно законодавство има скриен или т.н. природен праг, кој најмногу зависи од бројот и големината на изборните единици и изборната формула, посочуваат авторите на анализата.

Политиколозите честопати ја користат т.н. Липхартова формула за да го пресметаат „ефективниот изборен праг“, кој произлегува од големината на изборните единици. На пример, во Ирска, иако не постои формален изборен праг, постои ефективен праг од 8 до 12 проценти, бидејќи секоја изборна единица дава помеѓу три и пет пратенички места, додека во Малта постои ефективен праг од 12 отсто поради големината на изборните единица од пет пратеници. Со други зборови, што помала е изборната единица, толку е поголем природниот ефективен изборен праг.

Речица наведува дека тоа што земјава нема изборен праг веќе ја става на врвот во споредба со останатите 31 земја опфатена со анализата. Според неа, немањето изборен праг им дава поголеми шанси на помалите партии да се вклучат во борбата за освојување пратенички места. Сепак, таа потенцира дека постојниот модел во земјава има ефективен изборен праг кој се движи од три до четири проценти по изборна единица, а не на национално ниво, што сепак се покажува дека не е ограничување за помалите политички партии да влезат во Собранието.

Наша препорака е да не се воведува формален изборен праг и би било убаво да го намалиме ефективниот изборен праг, иако и сегашниот не е лоша пракса и не го доведува во прашање влегувањето на малите партии во Собранието. Тој, исто така, може да служи и како филтер за да се спречи влез во Собранието на партии со порадикални погледи, додава Речица.

И Парламентарното собрание на Советот на Европа препорачува за парламентарни избори да постои праг што нема да биде поголем од три отсто, со цел да не се исклучуваат мали партии од законодавниот дом.

Генерално, воведувањето изборен праг значително ги намалува шансите на малите партии за влез во Собранието. Како што покажува анализата на Националниот демократски институт (НДИ), воведувањето на изборен праг во Македонија би резултирало со голем број „загубени“ гласови за малите партии, што пак би довело до помала застапеност во законодавниот дом на интересите на различни групи во општеството, се додава во истражувањето, во кое се посочува дека најголем дел од државите се имаат одлучено да избегнуваат формален изборен праг.

Според авторите на истражувањето дури и доколку го споредиме ефективниот праг со формалните прагови што постојат во некои држави, Македонија повторно се наоѓа помеѓу попропорционалните држави во Европа од аспект на изборниот праг.

Оттука, актуелниот изборен праг во Македонија не може да се смета за силен аргумент во полза на промена на изборниот модел кон поголема пропорционалност, се потенцира во истражувањето.

Бројот на пратеници зависи од големината на населението на државата, односно држави со помал број жители вообичаено имаат и помал број пратеници, но карактеристично е тоа што кај земјите со помалубројно население, по правило, има поголем број на пратеници по глава на жител.

Во однос на бројот на пратеници постои значителна разновидност во земјите опфатени во анализата. Така, Малта, Црна Гора и Луксембург имаат барем десет пати поголем број пратеници на 100,000 жители, во однос на Италија, Обединето Кралство, Германија, Франција, Холандија и Шпанија.

Некои позначителни регионални трендови не можат да се издвојат, но она што отскокнува е дека помалите држави најчесто имаат поголем број пратеници на 100.000 жители, додека речиси сите поголеми држави се во втората половина на листата и секоја од шесте држави со најмногу пратеници на 100.000 жители, освен Холандија, се со барем 47 милиони жители. Македонија има натпросечен број пратеници (6,4 на 100.000 жители), што ја надминува просечната вредност низ примерокот (4) за преку 50 отсто и ја сместува нашата држава на делба на шестото место во примерокот. Дополнително, сите пет држави кои се наоѓаат пред Македонија (Mалта, Црна Гора, Луксембург, Естонија и Кипар) имаат помалубројно население од нашето, се наведува во анализата.

Од друга страна, држави со слична големина на населението како нашата - Албанија и Словенија, имаат значително помалку пратеници на 100,000 жители. Словенија, на пример, со своите 80 пратеници при население од 2,1 милион жители има една третина помалку пратеници од Македонија.

Ова покажува дека не само што Македонија е една од државите со најголем број пратеници во Европа по глава на жител, туку и дека ваквиот број отскокнува дури и во однос на повеќето држави со слична големина на население, се додава во истражувањето.

Македонија со најпропорционален изборен модел меѓу европските земји со над еден милион жители

Од анализата произлегува дека актуелниот изборен модел во земјава е еден од најпропорционалните во Европа и по ова класификација нашата држава се наоѓа на делба на второто место меѓу анализираните 32 европски држави. Уште една потврда за високото ниво на пропорционалност на македонскиот изборен модел е фактот што земјава нема потпросечен ранг, односно потпросечно ниво на пропорционалност, по ниту еден од четирите разгледувани параметри, имајќи предвид дека дури и за изборната формула е на делба на 15-тото место.

Притоа, единствената севкупно повисоко рангирана држава од Македонија е Малта, и тоа само поради исклучително високиот број пратеници на 100.000 жители, што се должи на фактот дека оваа држава е една од најмалите во аналитичкиот примерок. Доколку се земат предвид само државите со население од барем еден милион жители, што би го исклучило и Луксембург, Македонија всушност го има најпропорционалниот изборен модел во Европа. Од друга страна, силната врска помеѓу големината на населението на државите и пропорционалноста на нивните изборни модели (сите тринаесет највисоко рангирани држави имаат население помало од 10 милиони жители) делумно упатува на заклучок дека би било посоодветно да се споредува Македонија само со други мали држави, а не со целиот континент. Сепак, во аналитичкиот примерок има и држави со споредлива големина на население како Македонија, а со драстично помалку пропорционален изборен модел, се наведува во истражувањето.

Според авторите на анализата, земјава има генерално попропорционален модел од сите четири држави во Европа со една изборна единица (Црна Гора, Косово, Србија и Словачка), што е уште еден показател дека јавната дебата за изборни реформи што вообичаено се изедначува со расправа за „една изборна единица“, е погрешно именувана, a честопати и погрешно водена.

Нивото на пропорционалност на еден изборен модел се должи на голем број фактори, вклучувајќи ги и четирите параметри кои ги зедовме предвид во оваа студија, при што бројот на изборни единици е само еден (и тоа очигледно не нужно одлучувачки) таков фактор, се заклучува во истражувањето.

Ова беше посочено и во неодамнешната студија, во која авторите извршија симулација на распределбата на пратенички места врз основа на изборните резултати од 2020 година при различни изборни модели. Според оваа симулација, со една изборна единица, но во комбинација со изборен праг на национално ниво од 5 отсто (најчестиот изборен праг во Европа), носи помалку пратенички места за помалите партии отколку постоечкиот изборен модел со шест изборни единици без формален праг.

Во анализата на МИА за реформата на изборниот систем направивме споредба на распределба на мандатите според Д’Онтовиот и Сент-Лагиевиот методот, кој генерално се смета за попропорционален, врз основа на резултатите од парламентарните избори во 2020 година:

Авторите на анализата на ИДСЦС посочуваат дека ваквиот заклучок дополнително ја ослабнува аргументацијата за изборни реформи, бидејќи ги соочува нивните поборници со две заемно исклучиви опции, од кои обете делуваат помалку пожелни од статусот-кво, иако од сосема различни причини.

Фидановски констатира дека државите што имаат една изборна единица сепак вкупно се порестриктивни од Македонија, бидејќи се вкупно нивниот изборен модел со сите параметри, најчесто, придонесува кон помал број на партии во Собранието, односно ги прави работите потешки за помалите партии.

- Доколку се воведе една изборна единица без изборен праг (а без промена на изборната формула и бројот на пратеници), Македонија ќе стане уште поголема аномалија на европската изборна мапа, отстапувајќи уште позначително од просечното ниво на пропорционалност на изборните модели и сериозно загрозувајќи го формирањето и стабилноста на идните владејачки гарнитури. Доколку, пак, се воведе една изборна единица, но со изборен праг (и/или со промена на уште еден од преостанатите два параметри во насока на помала пропорционалност), тогаш би добиле изборен модел кој во голем дел од случаите не би ја засилил парламентарната застапеност на помалите партии, со тоа поништувајќи го единствениот аргумент за промена на изборниот модел во таа насока. Истовремено, во последното сценарио би можела да се влоши и регионалната рамнотежа помеѓу пратениците, со оглед дека при една изборна единица сите пратеници од одредена партија би биле дел од една (централизирана) изборна листа, се потенцира во анализата.

Оттука, авторите на студијата упатуваат на огромна претпазливост во понатамошната јавна дебата и при какви било законодавни чекори кон промена на изборниот модел кон повисоко ниво на пропорционалност, посочувајќи дека негативната врска помеѓу високото ниво на пропорционалност од една страна и формирањето на владејачки гарнитури и нивната стабилност од друга страна, очигледно ги има обесхрабрено повеќето европски држави од воведување изборни модели со повисоко ниво на пропорционалност од македонскиот.

- Кај нас, потешкотиите со кои се имаме соочувано во минатото при формирањето на влади (дури и со сегашниот изборен модел), сложеноста на партискиот систем во кој и натаму доминираат етноцентрични партии и фреквентноста на предвремените парламентарни избори, упатуваат на уште поголеми ризици од евентуалното дополнително зголемување на пропорционалноста на изборниот модел. На крајот, клучно е да се согледа дека изборниот модел, без оглед на неговата структура, не може да биде магично стапче за забрзување на демократизацијата на државата, вклучително и за надминување на маѓепсаниот круг на (де факто) двопартискиот систем уште од осамостојувањето. Постојат низа структурни фактори, главно во однос на длабоката (и дихотомна) општествена поларизација по најразлични основи, кои веројатно ќе продолжат да придонесуваат кон доминација на две(те) најголеми партии без оглед на изборниот модел. Во комбинација со високото ниво на клиентелизам и низок степен на политичка култура, заклучуваме дека постојат многу покрупни пречки за поразновиден партиски систем во Македонија од изборниот модел, чија дополнителна пропорционализација, пак, би можела да има други сериозни негативни последици за македонската демократија, заклучуваат авторите на анализата „Македонија на европската изборна мапа: Колку е попропорционален македонскиот изборен модел?“.

Според Речица, при дискусијата за изборните модели мора да се води сметка за целокупниот процес на демократизација на нашата држава и да не се фокусираме на тоа на која партија најмногу и одговара некоја формула.

Треба да гледаме како каква било промена ќе влијае кон консолидирање на нашите институции и напредокот на реформскиот процес. Повеќе партии се согласуваат за неколку промени, а некои имаат радикално поинаков став, но мислам дека можеме да дојдеме до заедничка точка која е добра за сите граѓани, потенцира Речица.

На крајот на минатиот месец истече рокот кој Министерството за правда им го даде на политичките партии за номинирање на нивни претставници во работната група за подготовка на нов Изборен законик. Министерот за правда Кренар Лога на брифинг со новинарите изјави дека на земјава и е потребен нов Изборен законик, но доколку не биде постигнат договор за тоа, приоритет ќе биде прилагодување на законот согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР дадени по последните избори во земјава.

Речица нагласува дека има уште многу што да се истражува и особено вреди да се истражуваат сите компоненти одделно, пред се воведувањето една изборна единица и што тоа би значело за земјата.

На политичките претставници, бидејќи тие ја водат дебатата за било какви реформи, би сакала да им порачам дека, прво, веќе имаме патоказ од ОБСЕ што треба да се направи кога е во прашање изборната реформа, посебно за застапеноста на жените, бидејќи на последните локални избори имаме катастрофална родова застапениот. Потоа, за вклучување на лицата со попреченост, што го потврди и Европскиот суд за човекови права, а имаме проблем и со избирачкиот список и сите тие се посочени во извештајот на ОБСЕ, порача Речица.

Таа посочува дека веќе се вршат промени на Изборниот законик, тоа треба да се направи во текот на оваа година, затоа што следната година е изборна и треба на време да завршиме со реформите за да влеземе во изборниот циклус со веќе консолидирани изборни правила.

Според неа, ако зборуваме за реформа на изборниот модел, треба да бидеме многу попретпазливи и политичките партии да имаат јасен аргумент зошто застапуваат одреден политички став и секако во тој процес да бидат вклучени и експерти кои подолго време ги проучуваат изборните модели и можат да дадат свој придонес за да дојдеме до решение кое ќе биде најдобро за демократијата во државата.

Кога зборуваме за реформи на изборниот модел, можеби прва точка со која би требало да почнеме треба да бидат отворените избори листи, а понатаму да зборуваме за една изборна единица и другите параметри – изборен праг, број на пратеници, изборна формула... И тоа да биде подолга и поструктурирана дискусија и со вклучување на сите засегнати страни, заклучува Речица.

The post Македонија е една од државите со најголем број пратеници во Европа по глава на жител appeared first on Република.

]]>

Во земјава неколку години наназад се покренува прашањето за измена на Изборниот законик, пред се во делот на промена на бројот на изборни единици, односно сведување на територијата на земјава од шест на една изборна единица. Главни „заговорници“ на ваквата идеја се помалите политички партии, кои сметаат дека на тој начин ќе им се зголемат шансите за нивно самостојно претставување во Собранието, ќе се изедначи „тежината“ на секој глас и ќе се обезбеди поголема пропорционална застапеност на партиите согласно бројот на освоени гласови на изборите. Но, истражувањето „Македонија на европската изборна мапа: Колку е порпорционален македонскиот изборен модел?“ на политикологот Кристијан Фидановски и раководителката на Центарот за парламентарна поддршка и демократизација во рамки на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС), Влора Речица, промовирано пред десетина дена, покажува дека актуелниот изборен модел во земјава е меѓу најпропоционалните во Европа, односно еден од моделите којшто овозможува да има повеќе партии во Собранието, што го прави релативно поповолен токму за помалите партии. Според Фидановски, кој е докторант по семејни, социјални и пронаталитетски политики на универзитетот Оксфорд и автор на десетици академски трудови и колумни од областа на домашната и меѓународната политика, комуникологијата, јавното здравје и демографијата, темата за изборниот модел е исклучително важна, но истовремено се работи и за една техничка тема, која што понекогаш е тешко да и се претстави за пошироката јавност.
- Станува збор за тема за којашто многу се пишува во политичките науки и тема за која што понекогаш има нови сознанија врз основа на изборните реформи во најразлични држави и тема која сметам дека многу често е упростувана во нашата јавност. И тоа всушност беше онаа појдовна точка што ја имавме со Влора и со Институтот кога одлучивме да ја изработиме оваа студија, вели Фидановски.
Тој потенцира дека она што најмногу му пречи кога се говори за темата за изборниот модел е тоа што се зборува само за една изборна единица.
Тоа се тие три збора што се користат и под тие три збора всушност се опфаќа целокупната тема за изборните реформи – значи една изборна единици или бројот на изборни единици се третира како синоним за изборен модел. Изборниот модел е всушност нешто многу пошироко, а изборниот систем во целина е нешто уште пошироко, потенцира Фидановски.
Според него, изборниот модел изискува од аналитичарите и политичките чинители да разгледуваат повеќе параметри, затоа им било важно да ја прикажат состојбата во Европа, бидејќи многу често во дебатата за ова прашање во земјава фокусот се става на тоа која партија колку пратеници би имала во одредени конфигурации, а се пропушта големата слика поврзана со оваа тема. Во истражувањето се заклучува дека земјава се одликува со значителна натпросечна пропорционалност според три клучни елементи на изборните модели: големината на изборните единици, изборниот праг и бројот на пратеници. Единствен исклучок од ваквата висока пропорционалност е употребата на Д’Онтовата изборна формула, која важи за најмалку соодветно репрезентативна меѓу пропорционалните изборни модели, но која во исто време е и најчесто користена во Европа.
Со оглед на исклучително високата пропорционалност на актуелниот изборен модел, оваа студија проблематизира со дел од аргументацијата на поборниците за изборни реформи кон (уште) повисока пропорционалност. Во согласност со постоечките сознанија во политичките науки за негативните страни на високо пропорционалните изборни модели, посочуваме дека евентуалното воведување на (уште) попропорционален изборен модел би можело сериозно да го загрози формирањето и стабилноста на извршната власт, на тој начин (дополнително) ослабувајќи ја македонската демократија, заклучуваат авторите на истражувањето.
Речица, која е магистер по компаративна политика на Лондонската школа за економија и политички науки (ЛСЕ) и која работела на повеќе истражувања за парламентите и парламентарната демократија, институционалното градење, популизмот и процесите на демократизација во новите демократии, вели дека една од главни премиси кога ја почнале анализата им била што би значело промената на изборниот модел за демократизацијата на државата.
Не се фокусиравме на тоа кои партии колку мандати ќе добијат, затоа што би навлегле во друга тематика, туку се фокусиравме на тоа што би значело промената на изборниот модел за процесот на демократизација на државата, вели Речица.
Според Речица, токму затоа се фокусирале на промената на изборниот модел во една изборна единица, за што веќе е покрената иницијатива во Собранието, а во фаза е и формирање работна група во Министерството за правда со задача токму посветена на промената на Изборниот законик. Пропорционалност – однос на освоените гласови со добиените пратенички места По дефиниција изборниот модел претставува збир на правила што го регулираат односот меѓу распределбата на гласови во одреден изборен циклус и распределбата на политичка моќ што треба да произлезе од тој циклус. Помеѓу низата вакви правила, но и видови изборни циклуси во кои тие можат да се применат, за целите на студијата авторите се ограничиле на анализа на парламентарните изборни циклуси преку четири клучни елементи: број и големина на изборните единици, изборната формула, изборниот праг и број на пратеници. Токму овие елементи го одредуваат степенот на пропорционалност на моделот, односно во колкава мера распределбата на освоените гласови е соодветна на поделбата на пратенички мандати во Собранието. Иако, изборниот модел вообичаено се третира како надворешен фактор врз политичкиот живот во една држава, сепак тој има значителен ефект врз неколку негови параметри, пред се врз партискиот системи, формирањето на влади и нивната стабилност и излезноста на изборите. Во однос на партискиот систем, пропорционалните изборни модели вообичаено резултираат со поголем број партии, што им нуди на граѓаните поразновиден избор, додека мнозинските модели имаат тенденција де факто да создадат двопартиски систем, нерамномерно преточувајќи ги гласовите на граѓаните во пратенички места и фаворизирајќи ги поголемите партии. Но, мнозинскиот модел, од друга страна, по правило, води до полесно обезбедување парламентарно мнозинство и формирање стабилна влада, за разлика од пропорционалниот, каде коалициските влади се речиси неизбежност или се формираат т.н. малцински влади, чие опстојување зависи од опозициските партии. На тоа се надоврзува и прашањето за стабилноста на формираните влади, иако, мора да се напомене, дека коалициските влади не се секогаш и помалку ефикасни или помалку стабилни. Но, анализите покажуваат и дека пропорционалниот изборен модел, по правило, резултира со поголема излезност на избори. Една проценка, како што се наведува во студијата, заснована на истражување во посткомунистичките земји, укажува дека зголемувањето на процентот на пратенички места избрани со пропорционален изборен модел за 10 проценти, резултира со зголемување на излезноста и до 20 проценти. Фидановски потенцира дека ако ја погледнеме основната дефиниција на зборот демократија – „демос“ и „кратија“, ќе забележиме дека станува збор за застапеност на волјата на народот – демосот и доброто владеење – кратија, па затоа добриот изборен модел мора да биде компромис меѓу овие две нешта.
Под застапеност подразбираме што поголемо почитување на преференциите на граѓаните при управување со државата, односно што подиректно преточување на распределбата на гласовите на избори во пратенички места, односно попрецизно следење на народната волја. Доколку тоа преточување е подиректно, тоа ќе резултира со поголем број партии во Собранието, што звучи супер – повеќе демократија, повеќе партии. Но, тоа не е секогаш така, бидејќи што повеќе партии, значи и пошироки владејачки коалиции, поголеми идеолошки и програмски компромиси, што понекогаш доведува „опашката да го движи кучето“, односно помалите партии добиваат диспропорционална моќ, стануваат „кинг мејкери“, што не секогаш нужно ја претставува волјата на граѓаните, потенцира Фидановски.
Според него, затоа покрај поголемата застапеност на партии, важен е и вториот дел од „сложувалката демократија“ – доброто владеење. Тој потенцира дека поголемата застапеност може да доведе и до подобро владеење, но во политичките науки често пати се утврдува дека попропорционалните изборни модели знаат често пати да резултираат со тешко формирање влади.
Сите овие феномени не се добри за демократијата и за доброто владеење, затоа е многу важно во сите разговори за изборниот модел да се води сметка за интеракцијата на застапеноста и доброто владеење. Мојот впечаток е, можеби грешам, дека во нашиот дискурс многу поприсутна е застапеноста, без да се земаат предвид потенцијалните ефекти врз доброто владеење, заклучува Фидановски.
Политичките науки сугерираат дека секоја земја треба да одбере онаков изборен модел каков што ќе одговара на нејзиниот специфичен контекст, при што ќе се потруди сепак да воспостави некаква рамнотежа помеѓу застапеноста на гласачите и стабилното владеење. Пропорционалноста и изборните модели Истражувањето „Македонија на европската изборна мапа: Колку е порпорционален македонскиот изборен модел?“, кое се базира на четири елементи на еден изборен модел - број и големина на изборните единици, изборната формула, изборниот праг и број на пратеници, е спроведено со анализа на 32 европски држави - сите членки на ЕУ, без Грција и Унгарија (чии изборен модел не дозволува едноставна класификација), шесте земји од Западниот Балкан и Велика Британија, како држава со eдна од најдолгите парламентарни традиции во Европа. Во однос на одредувањето на бројот и големината на изборните единици, основна заложба е да се создаде директна врска помеѓу гласачите и пратениците од географската област од која се избрани да ја претставуваат. Избори според пропорционален систем во една изборна единица, по дефиниција, претставува најпропорционален можен модел, бидејќи распределбата на гласови во целост би соодветствувала на распределбата на пратенички места, а секое зголемување на бројот на изборни единици би значело помала пропорционалност.
Во претставничка демократија се очекува законодавците да ги застапуваат интересите на изборната единица што ги избрала, па со цел зачувување на таа врска, се препорачува изборните единици да не бидат преголеми за да се минимизира растојанието помеѓу гласачите и нивните претставници, но и за да се избегне преголем број партии во Парламентот, што би можело да го загрози формирањето влада, а и нејзината стабилност и ефикасност. Од друга страна, секое зголемување на бројот на изборни единици значи помалку пропорционален модел, намалувајќи им ги шансите на помалите партии за парламентарна застапеност, се посочува во анализата.
Во однос на големината на изборните единици, во европските земји кои користат пропорционален модел има прилично малку варијации. Од една страна се Германија, каде има изборна единица во која се избираат само два пратеника, Австрија, Босна и Херцеговина и Ирска со по четири или Малта со пет, на друга страна се Данска со 18 пратеници во една изборна единица, Македонија и Летонија со по 20 и Литванија со 35 пратенички мандати, а на самиот крај држави во кој сите пратеници се избираат во единствена изборна единица - Србија, Словачка, Косово и Црна Гора. Речица посочува дека кога ќе ја споредиме нашата земја со останатите 31 држава опфатени со анализата, се наоѓаме на делба на шестото место заедно со Летонија. Таа нагласува дека европските земји во просек имаат изборни единици во кои се избираат од 4 до 15 пратеници, со што нашата држава со 20 пратеници во една изборна единица има натпросечно големи изборни единици во споредба со остатокот од Европа. - Тоа покренува прашање дали имаме потреба од зголемување на бројот на изборни единици? Дали имаме потреба да одиме кон една изборна единица и да ја изгубиме врската пратеник-граѓанин, што би требало да се гради. Една од поголемите позитивни страни на тоа што имаме 20 пратеници во една изборна единица, е токму пратениците да градат подиректна и посилна врска со граѓаните и подобро да ги претставуваат нивните интереси, вели Речица. Според неа, земјава „стои добро“ со моделот со шест изборни единици и промената кон една изборна единица не би придонело за значително подобрување на врската пратеник-избирач. Изборната формула е математички израз кој го одредува преточувањето на гласови во пратенички места во склоп на секоја изборна единица. Најчесто користената изборна формула во Европа при пропорционални модели, што се применува и кај нас, е Д’Онтова. Но, покрај неа постојат и редица други, како Хар, Хагенбах-Бишоф, Сент-Лаги, Империјали..., кои важат за „порепрезентативни“, кои им даваат поголеми шанси на помалите партии и не ги фаворизираа поголемите, како што е случајот со Д’Онтовиот модел, кој ваѓи за еден од најмалку пропорционалните.
Во секој случај, важно е да не се заборави дека изборната формула е релативно мал фактор за севкупната пропорционалност на изборниот модел. Разликата во пропорционалност помеѓу, на пример, држава која ја користи формулата на Сент-Лаги и држава која се определила за Д’Онтовата формула би била незначителна (максимум неколку пратенички места), доколку сите останати елементи од нивните изборни модели би биле исти, се посочува во анализата.
Фидановски потенцира дека Д’Онтовата формула со своите количници важи за порестриктивен метод за распределба на пратеничките места и им оди во полза на поголемите партии на сметка на помалите.
Со тоа многу гласови, условно кажано, остануваат „проарчени“, додава Фидановски.
Според него, Македонија е некаде кон средината, но во втората половина на табелата според анализата на изборните формули, на делба на позицијата со 15 други држави, а единствени порестриктивни од земјава се оние држави кои имаат мнозински или комбинирани мнозинско-пропоционални модели, како Франција, Велика Британија и Полска. Изборниот праг го претставува минималниот број на гласови дефиниран на ниво на изборни единици потребен за освојување на едно пратеничко место при пропорционален систем. Прагот може да бидат регулиран со закон на одреден процент (два, три, пет...), но може да претставува и ефективен или природен праг во зависност од бројот на пратеници што се избираат или од конкретниот модел. Повисоките изборни прагови ја намалуваат пропорционалноста, бидејќи ја зголемуваат веројатноста партиите со помал број гласови да не успеат да учествуваат во распределбата на пратенички мандати. Од висината на изборниот праг во голема мера зависи пропорционалноста на изборните модели, особено кога тој е поставен на релативно високо рамниште, оневозможувајќи им влез во парламентот на помалите партии.
Најголемиот број држави во Европа имаат низок изборен праг или немаат праг во нивните изборни модели. Сепак, најчестиот изборен праг во примерокот, кој го забележуваме во 11 држави, е прилично висок (5 отсто). Дополнително, во државите кои немаат воведено изборен праг во нивното изборно законодавство има скриен или т.н. природен праг, кој најмногу зависи од бројот и големината на изборните единици и изборната формула, посочуваат авторите на анализата.
Политиколозите честопати ја користат т.н. Липхартова формула за да го пресметаат „ефективниот изборен праг“, кој произлегува од големината на изборните единици. На пример, во Ирска, иако не постои формален изборен праг, постои ефективен праг од 8 до 12 проценти, бидејќи секоја изборна единица дава помеѓу три и пет пратенички места, додека во Малта постои ефективен праг од 12 отсто поради големината на изборните единица од пет пратеници. Со други зборови, што помала е изборната единица, толку е поголем природниот ефективен изборен праг. Речица наведува дека тоа што земјава нема изборен праг веќе ја става на врвот во споредба со останатите 31 земја опфатена со анализата. Според неа, немањето изборен праг им дава поголеми шанси на помалите партии да се вклучат во борбата за освојување пратенички места. Сепак, таа потенцира дека постојниот модел во земјава има ефективен изборен праг кој се движи од три до четири проценти по изборна единица, а не на национално ниво, што сепак се покажува дека не е ограничување за помалите политички партии да влезат во Собранието.
Наша препорака е да не се воведува формален изборен праг и би било убаво да го намалиме ефективниот изборен праг, иако и сегашниот не е лоша пракса и не го доведува во прашање влегувањето на малите партии во Собранието. Тој, исто така, може да служи и како филтер за да се спречи влез во Собранието на партии со порадикални погледи, додава Речица.
И Парламентарното собрание на Советот на Европа препорачува за парламентарни избори да постои праг што нема да биде поголем од три отсто, со цел да не се исклучуваат мали партии од законодавниот дом.
Генерално, воведувањето изборен праг значително ги намалува шансите на малите партии за влез во Собранието. Како што покажува анализата на Националниот демократски институт (НДИ), воведувањето на изборен праг во Македонија би резултирало со голем број „загубени“ гласови за малите партии, што пак би довело до помала застапеност во законодавниот дом на интересите на различни групи во општеството, се додава во истражувањето, во кое се посочува дека најголем дел од државите се имаат одлучено да избегнуваат формален изборен праг.
Според авторите на истражувањето дури и доколку го споредиме ефективниот праг со формалните прагови што постојат во некои држави, Македонија повторно се наоѓа помеѓу попропорционалните држави во Европа од аспект на изборниот праг.
Оттука, актуелниот изборен праг во Македонија не може да се смета за силен аргумент во полза на промена на изборниот модел кон поголема пропорционалност, се потенцира во истражувањето.
Бројот на пратеници зависи од големината на населението на државата, односно држави со помал број жители вообичаено имаат и помал број пратеници, но карактеристично е тоа што кај земјите со помалубројно население, по правило, има поголем број на пратеници по глава на жител. Во однос на бројот на пратеници постои значителна разновидност во земјите опфатени во анализата. Така, Малта, Црна Гора и Луксембург имаат барем десет пати поголем број пратеници на 100,000 жители, во однос на Италија, Обединето Кралство, Германија, Франција, Холандија и Шпанија.
Некои позначителни регионални трендови не можат да се издвојат, но она што отскокнува е дека помалите држави најчесто имаат поголем број пратеници на 100.000 жители, додека речиси сите поголеми држави се во втората половина на листата и секоја од шесте држави со најмногу пратеници на 100.000 жители, освен Холандија, се со барем 47 милиони жители. Македонија има натпросечен број пратеници (6,4 на 100.000 жители), што ја надминува просечната вредност низ примерокот (4) за преку 50 отсто и ја сместува нашата држава на делба на шестото место во примерокот. Дополнително, сите пет држави кои се наоѓаат пред Македонија (Mалта, Црна Гора, Луксембург, Естонија и Кипар) имаат помалубројно население од нашето, се наведува во анализата.
Од друга страна, држави со слична големина на населението како нашата - Албанија и Словенија, имаат значително помалку пратеници на 100,000 жители. Словенија, на пример, со своите 80 пратеници при население од 2,1 милион жители има една третина помалку пратеници од Македонија.
Ова покажува дека не само што Македонија е една од државите со најголем број пратеници во Европа по глава на жител, туку и дека ваквиот број отскокнува дури и во однос на повеќето држави со слична големина на население, се додава во истражувањето.
Македонија со најпропорционален изборен модел меѓу европските земји со над еден милион жители Од анализата произлегува дека актуелниот изборен модел во земјава е еден од најпропорционалните во Европа и по ова класификација нашата држава се наоѓа на делба на второто место меѓу анализираните 32 европски држави. Уште една потврда за високото ниво на пропорционалност на македонскиот изборен модел е фактот што земјава нема потпросечен ранг, односно потпросечно ниво на пропорционалност, по ниту еден од четирите разгледувани параметри, имајќи предвид дека дури и за изборната формула е на делба на 15-тото место.
Притоа, единствената севкупно повисоко рангирана држава од Македонија е Малта, и тоа само поради исклучително високиот број пратеници на 100.000 жители, што се должи на фактот дека оваа држава е една од најмалите во аналитичкиот примерок. Доколку се земат предвид само државите со население од барем еден милион жители, што би го исклучило и Луксембург, Македонија всушност го има најпропорционалниот изборен модел во Европа. Од друга страна, силната врска помеѓу големината на населението на државите и пропорционалноста на нивните изборни модели (сите тринаесет највисоко рангирани држави имаат население помало од 10 милиони жители) делумно упатува на заклучок дека би било посоодветно да се споредува Македонија само со други мали држави, а не со целиот континент. Сепак, во аналитичкиот примерок има и држави со споредлива големина на население како Македонија, а со драстично помалку пропорционален изборен модел, се наведува во истражувањето.
Според авторите на анализата, земјава има генерално попропорционален модел од сите четири држави во Европа со една изборна единица (Црна Гора, Косово, Србија и Словачка), што е уште еден показател дека јавната дебата за изборни реформи што вообичаено се изедначува со расправа за „една изборна единица“, е погрешно именувана, a честопати и погрешно водена.
Нивото на пропорционалност на еден изборен модел се должи на голем број фактори, вклучувајќи ги и четирите параметри кои ги зедовме предвид во оваа студија, при што бројот на изборни единици е само еден (и тоа очигледно не нужно одлучувачки) таков фактор, се заклучува во истражувањето.
Ова беше посочено и во неодамнешната студија, во која авторите извршија симулација на распределбата на пратенички места врз основа на изборните резултати од 2020 година при различни изборни модели. Според оваа симулација, со една изборна единица, но во комбинација со изборен праг на национално ниво од 5 отсто (најчестиот изборен праг во Европа), носи помалку пратенички места за помалите партии отколку постоечкиот изборен модел со шест изборни единици без формален праг. Во анализата на МИА за реформата на изборниот систем направивме споредба на распределба на мандатите според Д’Онтовиот и Сент-Лагиевиот методот, кој генерално се смета за попропорционален, врз основа на резултатите од парламентарните избори во 2020 година: Авторите на анализата на ИДСЦС посочуваат дека ваквиот заклучок дополнително ја ослабнува аргументацијата за изборни реформи, бидејќи ги соочува нивните поборници со две заемно исклучиви опции, од кои обете делуваат помалку пожелни од статусот-кво, иако од сосема различни причини. Фидановски констатира дека државите што имаат една изборна единица сепак вкупно се порестриктивни од Македонија, бидејќи се вкупно нивниот изборен модел со сите параметри, најчесто, придонесува кон помал број на партии во Собранието, односно ги прави работите потешки за помалите партии. - Доколку се воведе една изборна единица без изборен праг (а без промена на изборната формула и бројот на пратеници), Македонија ќе стане уште поголема аномалија на европската изборна мапа, отстапувајќи уште позначително од просечното ниво на пропорционалност на изборните модели и сериозно загрозувајќи го формирањето и стабилноста на идните владејачки гарнитури. Доколку, пак, се воведе една изборна единица, но со изборен праг (и/или со промена на уште еден од преостанатите два параметри во насока на помала пропорционалност), тогаш би добиле изборен модел кој во голем дел од случаите не би ја засилил парламентарната застапеност на помалите партии, со тоа поништувајќи го единствениот аргумент за промена на изборниот модел во таа насока. Истовремено, во последното сценарио би можела да се влоши и регионалната рамнотежа помеѓу пратениците, со оглед дека при една изборна единица сите пратеници од одредена партија би биле дел од една (централизирана) изборна листа, се потенцира во анализата. Оттука, авторите на студијата упатуваат на огромна претпазливост во понатамошната јавна дебата и при какви било законодавни чекори кон промена на изборниот модел кон повисоко ниво на пропорционалност, посочувајќи дека негативната врска помеѓу високото ниво на пропорционалност од една страна и формирањето на владејачки гарнитури и нивната стабилност од друга страна, очигледно ги има обесхрабрено повеќето европски држави од воведување изборни модели со повисоко ниво на пропорционалност од македонскиот. - Кај нас, потешкотиите со кои се имаме соочувано во минатото при формирањето на влади (дури и со сегашниот изборен модел), сложеноста на партискиот систем во кој и натаму доминираат етноцентрични партии и фреквентноста на предвремените парламентарни избори, упатуваат на уште поголеми ризици од евентуалното дополнително зголемување на пропорционалноста на изборниот модел. На крајот, клучно е да се согледа дека изборниот модел, без оглед на неговата структура, не може да биде магично стапче за забрзување на демократизацијата на државата, вклучително и за надминување на маѓепсаниот круг на (де факто) двопартискиот систем уште од осамостојувањето. Постојат низа структурни фактори, главно во однос на длабоката (и дихотомна) општествена поларизација по најразлични основи, кои веројатно ќе продолжат да придонесуваат кон доминација на две(те) најголеми партии без оглед на изборниот модел. Во комбинација со високото ниво на клиентелизам и низок степен на политичка култура, заклучуваме дека постојат многу покрупни пречки за поразновиден партиски систем во Македонија од изборниот модел, чија дополнителна пропорционализација, пак, би можела да има други сериозни негативни последици за македонската демократија, заклучуваат авторите на анализата „Македонија на европската изборна мапа: Колку е попропорционален македонскиот изборен модел?“. Според Речица, при дискусијата за изборните модели мора да се води сметка за целокупниот процес на демократизација на нашата држава и да не се фокусираме на тоа на која партија најмногу и одговара некоја формула.
Треба да гледаме како каква било промена ќе влијае кон консолидирање на нашите институции и напредокот на реформскиот процес. Повеќе партии се согласуваат за неколку промени, а некои имаат радикално поинаков став, но мислам дека можеме да дојдеме до заедничка точка која е добра за сите граѓани, потенцира Речица.
На крајот на минатиот месец истече рокот кој Министерството за правда им го даде на политичките партии за номинирање на нивни претставници во работната група за подготовка на нов Изборен законик. Министерот за правда Кренар Лога на брифинг со новинарите изјави дека на земјава и е потребен нов Изборен законик, но доколку не биде постигнат договор за тоа, приоритет ќе биде прилагодување на законот согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР дадени по последните избори во земјава. Речица нагласува дека има уште многу што да се истражува и особено вреди да се истражуваат сите компоненти одделно, пред се воведувањето една изборна единица и што тоа би значело за земјата.
На политичките претставници, бидејќи тие ја водат дебатата за било какви реформи, би сакала да им порачам дека, прво, веќе имаме патоказ од ОБСЕ што треба да се направи кога е во прашање изборната реформа, посебно за застапеноста на жените, бидејќи на последните локални избори имаме катастрофална родова застапениот. Потоа, за вклучување на лицата со попреченост, што го потврди и Европскиот суд за човекови права, а имаме проблем и со избирачкиот список и сите тие се посочени во извештајот на ОБСЕ, порача Речица.
Таа посочува дека веќе се вршат промени на Изборниот законик, тоа треба да се направи во текот на оваа година, затоа што следната година е изборна и треба на време да завршиме со реформите за да влеземе во изборниот циклус со веќе консолидирани изборни правила. Според неа, ако зборуваме за реформа на изборниот модел, треба да бидеме многу попретпазливи и политичките партии да имаат јасен аргумент зошто застапуваат одреден политички став и секако во тој процес да бидат вклучени и експерти кои подолго време ги проучуваат изборните модели и можат да дадат свој придонес за да дојдеме до решение кое ќе биде најдобро за демократијата во државата.
Кога зборуваме за реформи на изборниот модел, можеби прва точка со која би требало да почнеме треба да бидат отворените избори листи, а понатаму да зборуваме за една изборна единица и другите параметри – изборен праг, број на пратеници, изборна формула... И тоа да биде подолга и поструктурирана дискусија и со вклучување на сите засегнати страни, заклучува Речица.

The post Македонија е една од државите со најголем број пратеници во Европа по глава на жител appeared first on Република.

]]>
Албанските партии не поддржуваат модел со една изборна едница: Беса е за три, АА за осум https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/albanskite-partii-ne-poddrzuvaat-model-so-edna-izborna-ednica-besa-e-za-tri-aa-za-osum/ Wed, 02 Feb 2022 15:08:27 +0000 https://republika.mk/?p=453115

По неколкуте средби на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со помалите партии од власта од кои добија поддршка за измените на Изборниот законик, Беса е првата од албанската опозиција која се изјасни против промена на изборниот модел. Пратеникот Фадил Зендели по средбата со ВМРО-ДПМНЕ кажа дека тие се залагаат за три изборни единици, а за сите измени што ќе се прават според нив мора да има консензус од сите партии. Подготвени се да зборуваат за отворени изборни листи.

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски и покрај разликите со БЕСА околу бројот на изборните единици, важно е што побрзо да почне собраниската расправа за законот за промена на изборниот модел кој помалите партии го поднесоа уште лани во март, а останува да се дефинира изборниот праг.

Во обид да добијат поддршка за измените во Изборниот законик, Милошоски за утре најави средба и со Алијанса за Албанците кои исто така се против и наместо една бараат осум изборни единици, а не ја исклучува можноста пратениците од ВМРО-ДПМНЕ следниве денови да се сретнат и со ДУИ, кои досега немаат јасен став, но претходно се залагаа да остане сегашниот изборен модел.

Недостатоци во моделот со една изборна единица гледа и белгискиот експерт Питер Ванхојте, кој беше ангажиран во преговори за Пржинскиот договор и добро ја познава работата на македонскиот парламент. Тој во изјава за „Независен“ вели дека е против идејата за промена на изборниот модел, бидејќи со една единствена изборна единица мнозинството од граѓаните повеќе нема да бидат претставени во парламентот и на таков начин ќе се создаде мнозинство пратеници од Скопје. Според Ванхојте важно е пратениците да ја претставуваат изборната единица и областа каде што се избрани.

Алијанса на Албанците се залага за 8 изборни единици колку што има економски зони, додека ДУИ и Беса сметаат дека доколку се променат изборните правила, тогаш најприфатливо решение би било три изборни единици.

Малите партии потписнички на измените бараат да се отвори комисиска расправа во наредните 15 дена. За висината на изборниот праг ќе се земат предвид компаративните искуства од земјите членки на ЕУ и ќе се утврди кој модел е најсоодветен за нашата држава.

СДСМ се сомнева во вистинските намери на ВМРО ДПМНЕ и останува на тврдењето дека за промена на изборните правила потребен е консензус на четирите најголеми политички партии што во моментов го нема.

И од Владата се на став дека за ова прашање треба да се формираат работни групи кои ќе го дадат конечниот збор и дефинираат изборниот модел.

Разговорите ќе продолжат и утре.

The post Албанските партии не поддржуваат модел со една изборна едница: Беса е за три, АА за осум appeared first on Република.

]]>

По неколкуте средби на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со помалите партии од власта од кои добија поддршка за измените на Изборниот законик, Беса е првата од албанската опозиција која се изјасни против промена на изборниот модел. Пратеникот Фадил Зендели по средбата со ВМРО-ДПМНЕ кажа дека тие се залагаат за три изборни единици, а за сите измени што ќе се прават според нив мора да има консензус од сите партии. Подготвени се да зборуваат за отворени изборни листи. Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски и покрај разликите со БЕСА околу бројот на изборните единици, важно е што побрзо да почне собраниската расправа за законот за промена на изборниот модел кој помалите партии го поднесоа уште лани во март, а останува да се дефинира изборниот праг. Во обид да добијат поддршка за измените во Изборниот законик, Милошоски за утре најави средба и со Алијанса за Албанците кои исто така се против и наместо една бараат осум изборни единици, а не ја исклучува можноста пратениците од ВМРО-ДПМНЕ следниве денови да се сретнат и со ДУИ, кои досега немаат јасен став, но претходно се залагаа да остане сегашниот изборен модел. Недостатоци во моделот со една изборна единица гледа и белгискиот експерт Питер Ванхојте, кој беше ангажиран во преговори за Пржинскиот договор и добро ја познава работата на македонскиот парламент. Тој во изјава за „Независен“ вели дека е против идејата за промена на изборниот модел, бидејќи со една единствена изборна единица мнозинството од граѓаните повеќе нема да бидат претставени во парламентот и на таков начин ќе се создаде мнозинство пратеници од Скопје. Според Ванхојте важно е пратениците да ја претставуваат изборната единица и областа каде што се избрани. Алијанса на Албанците се залага за 8 изборни единици колку што има економски зони, додека ДУИ и Беса сметаат дека доколку се променат изборните правила, тогаш најприфатливо решение би било три изборни единици. Малите партии потписнички на измените бараат да се отвори комисиска расправа во наредните 15 дена. За висината на изборниот праг ќе се земат предвид компаративните искуства од земјите членки на ЕУ и ќе се утврди кој модел е најсоодветен за нашата држава. СДСМ се сомнева во вистинските намери на ВМРО ДПМНЕ и останува на тврдењето дека за промена на изборните правила потребен е консензус на четирите најголеми политички партии што во моментов го нема. И од Владата се на став дека за ова прашање треба да се формираат работни групи кои ќе го дадат конечниот збор и дефинираат изборниот модел. Разговорите ќе продолжат и утре.

The post Албанските партии не поддржуваат модел со една изборна едница: Беса е за три, АА за осум appeared first on Република.

]]>
Муцунски: Важно да имаме јасни и правила и квалитетен систем за спроведување на избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mucunski-vazno-da-imame-jasni-i-pravila-i-kvaliteten-sistem-za-sproveduvanje-na-izbori/ Tue, 01 Feb 2022 09:45:33 +0000 https://republika.mk/?p=452285

Во однос на реформите за избори кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, потпретседателот Тимчо Муцунски вели дека станува збор за сеопфатна реформа на изборниот процес, создавање на пофер правила, но и процес кој ќе биде пофункционален за демократијата во Македонија, и за повеќе за нема проблеми кои се влечат постојано од избори во избори.

Промени кои ќе значат 90 пратеници во Собранието наместо 120. Ние правиме исчекор и се согласуваме за моделот една изборна единица.  ВМРО-ДПМНЕ не стравува од една изборна единица земајќи ја предвид актуелната политичка клима, за нас е важно да имаме јасни и правила и квалитетен систем за спроведување на избори, а не постојано од изборен процес до изборен процес да ги влечеме истите забелешки кои од меѓународни организации и кои забелешки го нарушуваат изборниот процес, рече Муцунски.

The post Муцунски: Важно да имаме јасни и правила и квалитетен систем за спроведување на избори appeared first on Република.