избор на претседател Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izbor-na-pretsedatel/ За подобро да се разбереме Tue, 11 Jun 2024 20:48:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png избор на претседател Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izbor-na-pretsedatel/ 32 32 Петровска до Деспотовски: Изборот за лидер на СДСМ не треба да го правиме реалити шоу https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-do-despotovski-izborot-za-lider-na-sdsm-ne-treba-da-go-pravime-realiti-shou/ Tue, 11 Jun 2024 20:48:12 +0000 https://republika.mk/?p=786749

Откако денеска кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски повторно ги покани своите противкандидати на јавна дебата со свој коментар се јави Славјанка Петровска.

Таа посочи дека веќе одамна дебатира со членството за прашањата кои се од интерес на партијата, и побара да не се прави шоу од внатрепартиските избори.

– Претседател на СДСМ е премногу сериозна и премногу одговорна позиција за да се сведе на секојдневно лиферување соопштенија и скапо платена пр агенција. Ги повикувам кандидатите и членовите на СДСМ во име на социјалдемократијата да ја заштитиме партијата и изборот за Претседател на СДСМ да не го претвориме во реалити шоу. – вели Славјанка Петровска-кандидат за лидер на СДСМ.

The post Петровска до Деспотовски: Изборот за лидер на СДСМ не треба да го правиме реалити шоу appeared first on Република.

]]>

Откако денеска кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски повторно ги покани своите противкандидати на јавна дебата со свој коментар се јави Славјанка Петровска. Таа посочи дека веќе одамна дебатира со членството за прашањата кои се од интерес на партијата, и побара да не се прави шоу од внатрепартиските избори. – Претседател на СДСМ е премногу сериозна и премногу одговорна позиција за да се сведе на секојдневно лиферување соопштенија и скапо платена пр агенција. Ги повикувам кандидатите и членовите на СДСМ во име на социјалдемократијата да ја заштитиме партијата и изборот за Претседател на СДСМ да не го претвориме во реалити шоу. – вели Славјанка Петровска-кандидат за лидер на СДСМ.

The post Петровска до Деспотовски: Изборот за лидер на СДСМ не треба да го правиме реалити шоу appeared first on Република.

]]>
Писателите денеска ќе одржат редовно изборно Собрание на ДПМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pisatelite-deneska-ke-odrzhat-redovno-izborno-sobranie-na-dpm/ Sat, 01 Jun 2024 08:46:43 +0000 https://republika.mk/?p=783790

Редовното изборно Собрание на Друштвото на писателите на Македонија е закажано за 1 јуни во 11 часот, кога писателите ќе изберат нов Статут, како и Претседател, Управен одбор и Суд на честа.

За функцијата претседател на ДПМ во предвидениот рок, кандидатури доставија петмина членови:  Живко Грозданоски, Весна Дамчевска Илиевска, Јордан Ѓорчев, Мирче Нешовски и Југослав Петровски. Според Статутот, за Претседател ќе биде избран оној кандидат што ќе добие најголем број гласови од присутните активни членови на редовното изборно Собрание.

Актуелниот Управен одбор (Зоран Анчевски потпретседател и членовите: Весна Мојсова-Чепишевска, Лилјана Пандева, Бранко Цветковски, Александра Јуруковска, Марина Мијаковска и Владимир Мартиновски) на состанокот одржан на 27 мај 2024 ги верификуваше и усвои сите пристигнати кандидатури, како и ажурираниот Регистар на активни членови, кој брои 108 члена.

УО ги усвои и предлог-Дневниот ред за Собранието, како и предлог-Деловникот за работа на Собранието.

На состанокот беше донесена и одлука и за промена и измена на Статутот на ДПМ од 2011 година, што би стапил на сила веднаш по усвојувањето од страна на Собранието.

Согласно член 7 алинеја А од актуелниот Статут на ДПМ и пред сè, согласно одлуката донесена од страна на Управниот одбор на ДПМ на 15.4.2024 г., Претседателот на ДПМ сите ангажмани околу редовното изборно Собрание му ги препушта на Потпретседателот на ДПМ и редовното изборно Собрание го отвора Потпретседателот на ДПМ.

УО на ДПМ ги повикува сите свои активни членови да учествуваат на изборното Собрание на 1 јуни со цел да се избере ново раководство, нов Статут на Здружението, т.е. да се обезбеди континуитет на најстарото и најзначајното здржение на писатели во земјата.

 

The post Писателите денеска ќе одржат редовно изборно Собрание на ДПМ appeared first on Република.

]]>

Редовното изборно Собрание на Друштвото на писателите на Македонија е закажано за 1 јуни во 11 часот, кога писателите ќе изберат нов Статут, како и Претседател, Управен одбор и Суд на честа.

За функцијата претседател на ДПМ во предвидениот рок, кандидатури доставија петмина членови:  Живко Грозданоски, Весна Дамчевска Илиевска, Јордан Ѓорчев, Мирче Нешовски и Југослав Петровски. Според Статутот, за Претседател ќе биде избран оној кандидат што ќе добие најголем број гласови од присутните активни членови на редовното изборно Собрание.

Актуелниот Управен одбор (Зоран Анчевски потпретседател и членовите: Весна Мојсова-Чепишевска, Лилјана Пандева, Бранко Цветковски, Александра Јуруковска, Марина Мијаковска и Владимир Мартиновски) на состанокот одржан на 27 мај 2024 ги верификуваше и усвои сите пристигнати кандидатури, како и ажурираниот Регистар на активни членови, кој брои 108 члена.

УО ги усвои и предлог-Дневниот ред за Собранието, како и предлог-Деловникот за работа на Собранието.

На состанокот беше донесена и одлука и за промена и измена на Статутот на ДПМ од 2011 година, што би стапил на сила веднаш по усвојувањето од страна на Собранието.

Согласно член 7 алинеја А од актуелниот Статут на ДПМ и пред сè, согласно одлуката донесена од страна на Управниот одбор на ДПМ на 15.4.2024 г., Претседателот на ДПМ сите ангажмани околу редовното изборно Собрание му ги препушта на Потпретседателот на ДПМ и редовното изборно Собрание го отвора Потпретседателот на ДПМ.

УО на ДПМ ги повикува сите свои активни членови да учествуваат на изборното Собрание на 1 јуни со цел да се избере ново раководство, нов Статут на Здружението, т.е. да се обезбеди континуитет на најстарото и најзначајното здржение на писатели во земјата.

 

The post Писателите денеска ќе одржат редовно изборно Собрание на ДПМ appeared first on Република.

]]>
Адеми: Барањето за избор на претседател на државата во Собранието останува и при составувањето на идната влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ademi-baraneto-za-izbor-na-pretsedatel-na-drzhavata-vo-sobranieto-ostanuva-i-pri-sostavuvaneto-na-idnata-vlada/ Tue, 27 Feb 2024 14:39:34 +0000 https://republika.mk/?p=748984

Потпретседателот и портпарол на Демократската унија за интеграција, Арбр Адеми на денешната прес-конференција, заблагодарувајќи им се на граѓаните, кои се потпишале на кандидатурата на Бујар Османи за претседател на државата, истакна дека барањето на ДУИ претседателот на државата да се бира во Собрание ќе остане и при составувањето на идната влада.

-Ова барање ќе биде и по првиот и вториот круг на претседателските избори, и по парламентарните избори, и при составување на владата. Така што, овие вакви и слични изјави сме ги слушнале и кога сме го промовирале концептот за прв премиер Албанец. Ама тоа се оствари. Ние мислиме дека ова е многу прогресивна идеја водејќи се од причини кои веќе ги наведов. И заштеда на буџетски средства, но и да се спречи заморот на граѓаните од учеството и во собирањето на потписи и во учеството на кампањата за функцијата претседател на држава. Имајќи предвид дека сме парламентарна демократија логично би било претседателот на државата да се избере во Собрание, рече тој.

Ова, посочи тој, ќе овозможи претседател со целосен легимитет, заштеда на над 20 милиони евра во државата, десетици илјади граѓани ќе бидат поштедени од процесот на собирање потписи, сите граѓани исто така ќе бидат поштедени од кампањата и учеството на изборите за протоколарна функција.

Адеми нагласи дека не е прогресивно ако се твреди дека една државна функција е резервирана само за една етничка заедница, а при тоа да не се води сметка за квалитетот.

-Не, не е прогресивно ако велиме дека една државна функција е резервирана само за една етничка заедница, а без да водиме сметка за квалитетот. Често пати има изјави до кога со етнички квоти, нели? Имало изјави кога ќе се фокусираме на квалитет? Ете, најквалитетен претседателски кандидат имаме сега, зошто не би била прогресивна оваа идеја и зошто не би била прогресивна ако претседателот на државата како и во другите парламентарни демократии биде избран во Собранието, а не на непосредни избори имајќи ги предвид и уставните норми, каде што за да имаме успешен претседателски изборен циклус навистина треба големи напори – цензусот на првиот круг и цензусот за успешни претседателски избори на вториот круг, истакна Адеми.

Додаде дека поради тоа уставните измени претходно биле во оваа насока особено за вториот изборен круг – од 50 проценти излезност на 40 проценти излезност. Смета дека доколку претседателот на државата се избира во Собранието ќе се обезбеди општествен консензус, бидејќи таму учествуваат партиите, кои ги избрале граѓаните, а со бадентеровото мнозинство ќе се обезбеди и меѓуетнички консензус.

-Легитимитетот на тој претседател, кој ќе се избира во Собранието со двојно мнозинство и со двотретинско и со бадентерово мнозинство ќе биде многу, многу поголем отколку легитимитетот добиен со 41, 42 отсто од вкупниот број на гласачи во избирачкиот список. Затоа тука ја гледаме прогресивноста на оваа идеја, рече тој.

Адеми потенцира дека Арбен Таравари е разрешен во својата матична партија и смета дека нема кредибилност да се  претставува како личност која е обединувачка во целото општество.

-Најпрвин, г. Таравари е разрешен во својата матична партија и затоа цениме дека нема кредибилитет да претставува личност која е обединувачка во целото општество. Во неговата партија е разрешен и од Централното собрание, но и на Конгрес. Секако тоа се внатрепартиски процеси и нам како друга политичка партија, ДУИ тоа не не засега, но личноста која што не може да обезбеди консензус во својата матична партија не може да обезбеди консензус и пошироко кај целата јавност, така што ние му посакуваме успешен процес на собирање на потписи, Сметаме дека  Бујар Османи е на сосема друго ниво, сосема друг профил на политичар, европски политичар кој достоинствено ја претставувал и ја претставува државата на меѓународно ниво, а за тоа говори и државниот секретар на САД Блинкен и Министерскиот совет на ОБСЕ, кој се организираше во Скопје. Од осамостојувањето до сега немало таков меѓународен настан кој се организираше под покровителството на Бујар Османи, рече Адеми.

На прашањето дали Османи ќе се откаже од министерската функција кога сега официјално влегува во трката за претседател, Адеми истакна дека нема никаква уставна или законска пречка во овој процес тој да биде во функцијата на министер за надворешни работи и да учествува на претседателските избори.

-Претседателските избори се совпаѓаат со парламентарните, така што нема никаква уставна или законска пречка во овој процес, тој да биде во функцијата на министер за надворешни работи, а во меѓувреме да учествува во трката за претседателски избори. Како да бараме сега и од сегашниот претседател Пендаровски да даде оставка за да учествува на претседателските избори, така што тоа нема логика, рече тој.

Адеми соопшти дека измената на Уставот и начинот за избор на претседател ќе бидат главните теми на кои ќе се фокусира ДУИ за време на претседателските и парламентарните избори.

-Нашето главно ветување е измена на Уставот и за начинот за избор на претседател, но и за задоволување или исполнување на обврската која ја имаме во евроинтегративниот процес, а секако дека со тек на времето, веќе е финализирана нашата програма за учество на парламентарните избори, така што пред јавноста како и секогаш, како и сега ги презентираме нашите програми, рече Адеми.

The post Адеми: Барањето за избор на претседател на државата во Собранието останува и при составувањето на идната влада appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот и портпарол на Демократската унија за интеграција, Арбр Адеми на денешната прес-конференција, заблагодарувајќи им се на граѓаните, кои се потпишале на кандидатурата на Бујар Османи за претседател на државата, истакна дека барањето на ДУИ претседателот на државата да се бира во Собрание ќе остане и при составувањето на идната влада. -Ова барање ќе биде и по првиот и вториот круг на претседателските избори, и по парламентарните избори, и при составување на владата. Така што, овие вакви и слични изјави сме ги слушнале и кога сме го промовирале концептот за прв премиер Албанец. Ама тоа се оствари. Ние мислиме дека ова е многу прогресивна идеја водејќи се од причини кои веќе ги наведов. И заштеда на буџетски средства, но и да се спречи заморот на граѓаните од учеството и во собирањето на потписи и во учеството на кампањата за функцијата претседател на држава. Имајќи предвид дека сме парламентарна демократија логично би било претседателот на државата да се избере во Собрание, рече тој. Ова, посочи тој, ќе овозможи претседател со целосен легимитет, заштеда на над 20 милиони евра во државата, десетици илјади граѓани ќе бидат поштедени од процесот на собирање потписи, сите граѓани исто така ќе бидат поштедени од кампањата и учеството на изборите за протоколарна функција. Адеми нагласи дека не е прогресивно ако се твреди дека една државна функција е резервирана само за една етничка заедница, а при тоа да не се води сметка за квалитетот. -Не, не е прогресивно ако велиме дека една државна функција е резервирана само за една етничка заедница, а без да водиме сметка за квалитетот. Често пати има изјави до кога со етнички квоти, нели? Имало изјави кога ќе се фокусираме на квалитет? Ете, најквалитетен претседателски кандидат имаме сега, зошто не би била прогресивна оваа идеја и зошто не би била прогресивна ако претседателот на државата како и во другите парламентарни демократии биде избран во Собранието, а не на непосредни избори имајќи ги предвид и уставните норми, каде што за да имаме успешен претседателски изборен циклус навистина треба големи напори – цензусот на првиот круг и цензусот за успешни претседателски избори на вториот круг, истакна Адеми. Додаде дека поради тоа уставните измени претходно биле во оваа насока особено за вториот изборен круг – од 50 проценти излезност на 40 проценти излезност. Смета дека доколку претседателот на државата се избира во Собранието ќе се обезбеди општествен консензус, бидејќи таму учествуваат партиите, кои ги избрале граѓаните, а со бадентеровото мнозинство ќе се обезбеди и меѓуетнички консензус. -Легитимитетот на тој претседател, кој ќе се избира во Собранието со двојно мнозинство и со двотретинско и со бадентерово мнозинство ќе биде многу, многу поголем отколку легитимитетот добиен со 41, 42 отсто од вкупниот број на гласачи во избирачкиот список. Затоа тука ја гледаме прогресивноста на оваа идеја, рече тој. Адеми потенцира дека Арбен Таравари е разрешен во својата матична партија и смета дека нема кредибилност да се  претставува како личност која е обединувачка во целото општество. -Најпрвин, г. Таравари е разрешен во својата матична партија и затоа цениме дека нема кредибилитет да претставува личност која е обединувачка во целото општество. Во неговата партија е разрешен и од Централното собрание, но и на Конгрес. Секако тоа се внатрепартиски процеси и нам како друга политичка партија, ДУИ тоа не не засега, но личноста која што не може да обезбеди консензус во својата матична партија не може да обезбеди консензус и пошироко кај целата јавност, така што ние му посакуваме успешен процес на собирање на потписи, Сметаме дека  Бујар Османи е на сосема друго ниво, сосема друг профил на политичар, европски политичар кој достоинствено ја претставувал и ја претставува државата на меѓународно ниво, а за тоа говори и државниот секретар на САД Блинкен и Министерскиот совет на ОБСЕ, кој се организираше во Скопје. Од осамостојувањето до сега немало таков меѓународен настан кој се организираше под покровителството на Бујар Османи, рече Адеми. На прашањето дали Османи ќе се откаже од министерската функција кога сега официјално влегува во трката за претседател, Адеми истакна дека нема никаква уставна или законска пречка во овој процес тој да биде во функцијата на министер за надворешни работи и да учествува на претседателските избори. -Претседателските избори се совпаѓаат со парламентарните, така што нема никаква уставна или законска пречка во овој процес, тој да биде во функцијата на министер за надворешни работи, а во меѓувреме да учествува во трката за претседателски избори. Како да бараме сега и од сегашниот претседател Пендаровски да даде оставка за да учествува на претседателските избори, така што тоа нема логика, рече тој. Адеми соопшти дека измената на Уставот и начинот за избор на претседател ќе бидат главните теми на кои ќе се фокусира ДУИ за време на претседателските и парламентарните избори. -Нашето главно ветување е измена на Уставот и за начинот за избор на претседател, но и за задоволување или исполнување на обврската која ја имаме во евроинтегративниот процес, а секако дека со тек на времето, веќе е финализирана нашата програма за учество на парламентарните избори, така што пред јавноста како и секогаш, како и сега ги презентираме нашите програми, рече Адеми.

The post Адеми: Барањето за избор на претседател на државата во Собранието останува и при составувањето на идната влада appeared first on Република.

]]>
Нема кандидатура за претседател! Во Албанија пропадна утрешниот прв круг на гласање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-kandidatura-za-pretsedatel-vo-albanija-propadna-utreshniot-prv-krug-na-glasanje/ Sun, 15 May 2022 17:42:03 +0000 https://republika.mk/?p=502592

Пропадна првиот круг на гласање за нов претседател на Албанија, предвиден за утре попладне, откако претставниците на парламентарните групи не постигнаа договор за консензуален кандидат. Како што јави дописничката на МИА од Тирана, денеска до 16 часот беше крајниот рок за доставување предлог- кандидатури со потписи на 20 пратеници, но официјално не е поднесена ниту една. По утрешната посебна пленарна седница во 17 часот страните ќе ги продолжат разговорите, а вториот круг на гласање треба да се одржи на 23. овој месец.

Демократите бараат аполитички кандидат, додека другите две пратенички групи се против тоа, сметајќи дека тоа е тешко да се реализира.
За избор на шеф на државата Уставот предвидува пет кругови на гласање. Во првите три потребно е кандидатот за претседател да добие поддршка од 84 пратеници од вкупно 140 колку што брои Парламентот. Во следните два, претседател се избира со просто мнозинство, односно 71 глас.
Мандатот на актуелниот претседател, Илир Мета, завршува на 24 јули.

The post Нема кандидатура за претседател! Во Албанија пропадна утрешниот прв круг на гласање appeared first on Република.

]]>

Пропадна првиот круг на гласање за нов претседател на Албанија, предвиден за утре попладне, откако претставниците на парламентарните групи не постигнаа договор за консензуален кандидат. Како што јави дописничката на МИА од Тирана, денеска до 16 часот беше крајниот рок за доставување предлог- кандидатури со потписи на 20 пратеници, но официјално не е поднесена ниту една. По утрешната посебна пленарна седница во 17 часот страните ќе ги продолжат разговорите, а вториот круг на гласање треба да се одржи на 23. овој месец. Демократите бараат аполитички кандидат, додека другите две пратенички групи се против тоа, сметајќи дека тоа е тешко да се реализира. За избор на шеф на државата Уставот предвидува пет кругови на гласање. Во првите три потребно е кандидатот за претседател да добие поддршка од 84 пратеници од вкупно 140 колку што брои Парламентот. Во следните два, претседател се избира со просто мнозинство, односно 71 глас. Мандатот на актуелниот претседател, Илир Мета, завршува на 24 јули.

The post Нема кандидатура за претседател! Во Албанија пропадна утрешниот прв круг на гласање appeared first on Република.

]]>