избирачки одбори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izbirachki-odbori/ За подобро да се разбереме Wed, 08 May 2024 13:37:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png избирачки одбори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izbirachki-odbori/ 32 32 ДИК: Избирачките одбори да ги почитуваат законите и подзаконските акти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dik-izbirachkite-odbori-da-gi-pochituvaat-zakonite-i-podzakonskite-akti/ Wed, 08 May 2024 13:37:20 +0000 https://republika.mk/?p=775576

Државната изборна комисија (ДИК) апелираше избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби и задолжително да ги прашуваат гласачите дали ќе гласаат за претседателски или за парламентарни избори и тоа да го прават кон секој избирач. Потоа, велат од ДИК, на секој гласач треба да му ја објаснат процедурата на гласање. Гласачот, нагласуваат од ДИК, може да се појави на гласачкото место само еднаш и да го оствари своето право на глас.

-Не сакаме да ги исплашиме претседателите на изборните органи, но, доколку не се почитува правото на глас врз основа на Кривичниот законик секој член на изборен орган кој го попречува гласањето или намерно го попречува гласањето на некој друг член ќе се казни со најмалку три години затвор, рече Дитмире Шеху, потпретседателка на ДИК на вонредната прес-конференција појаснувајќи дека причината за нејзиното свикување се информациите кои ги добивале од терен дека дел избирачките одбори не постапувале согласно нивните надлежности кои произлегуваат од Изборниот законик и подзаконски акти на Комисијата.

Таа појасни дека вчера ДИК одржала седница на која на јасен начин покажала кој е начинот на гласање и го презентирала упатството за начинот на гласање и за Парламентарни и за Претседателски избори.

-Од самото упатство, кое исто така, се наоѓа и во самите избирачки места се гледа начинот на кој гласачот треба да гласа, а исто така во тоа упатство е наведено и како гласачот и избирачкиот одбор треба да се однесува, рече Шеху.

Таа појасни дека откако гласачот ќе се изјасни дали ќе гласа за едни или други избори, или пак и за Претседателските и за Парламентарните избори, тој оди на идентификација со биометрискиот уред, па го зема гласачкото ливче и се потишува во избирачкиот список. Потоа го зема гласачкото ливче и нормано гласа сам зад параван.

-Ова се некои насоки што дел од упатствата што ДИК ги има усвоено. Исто така и на вчерашната седница им беше многу добро објаснето на сите избирчаки одбори. Затоа ги замолуваме сите избирачки одбори детално да ги почитуваат законот и сите наши подзаконски акти и да постапуваат врз основа на сите наши напатствија и наши подзаконски акти и согласно закконот, истакна потпретседателката на ДИК.

Шеху додава дека поради ова се однесува на неколку општини, но преку вонредната прес-конференција упатуваат апел до сите изборни органи во другите општини и избирачки места.

-Ова се однесува на неколку општини, неколку избирачки одбори, кај кои реагиравме ние одделно и по нашите реакции веќе гласањето тече нормално и немаме некои други проблеми, истакна потпретседателката на ДИК Шеху.

The post ДИК: Избирачките одбори да ги почитуваат законите и подзаконските акти appeared first on Република.

]]>

Државната изборна комисија (ДИК) апелираше избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби и задолжително да ги прашуваат гласачите дали ќе гласаат за претседателски или за парламентарни избори и тоа да го прават кон секој избирач. Потоа, велат од ДИК, на секој гласач треба да му ја објаснат процедурата на гласање. Гласачот, нагласуваат од ДИК, може да се појави на гласачкото место само еднаш и да го оствари своето право на глас. -Не сакаме да ги исплашиме претседателите на изборните органи, но, доколку не се почитува правото на глас врз основа на Кривичниот законик секој член на изборен орган кој го попречува гласањето или намерно го попречува гласањето на некој друг член ќе се казни со најмалку три години затвор, рече Дитмире Шеху, потпретседателка на ДИК на вонредната прес-конференција појаснувајќи дека причината за нејзиното свикување се информациите кои ги добивале од терен дека дел избирачките одбори не постапувале согласно нивните надлежности кои произлегуваат од Изборниот законик и подзаконски акти на Комисијата. Таа појасни дека вчера ДИК одржала седница на која на јасен начин покажала кој е начинот на гласање и го презентирала упатството за начинот на гласање и за Парламентарни и за Претседателски избори. -Од самото упатство, кое исто така, се наоѓа и во самите избирачки места се гледа начинот на кој гласачот треба да гласа, а исто така во тоа упатство е наведено и како гласачот и избирачкиот одбор треба да се однесува, рече Шеху. Таа појасни дека откако гласачот ќе се изјасни дали ќе гласа за едни или други избори, или пак и за Претседателските и за Парламентарните избори, тој оди на идентификација со биометрискиот уред, па го зема гласачкото ливче и се потишува во избирачкиот список. Потоа го зема гласачкото ливче и нормано гласа сам зад параван. -Ова се некои насоки што дел од упатствата што ДИК ги има усвоено. Исто така и на вчерашната седница им беше многу добро објаснето на сите избирчаки одбори. Затоа ги замолуваме сите избирачки одбори детално да ги почитуваат законот и сите наши подзаконски акти и да постапуваат врз основа на сите наши напатствија и наши подзаконски акти и согласно закконот, истакна потпретседателката на ДИК. Шеху додава дека поради ова се однесува на неколку општини, но преку вонредната прес-конференција упатуваат апел до сите изборни органи во другите општини и избирачки места. -Ова се однесува на неколку општини, неколку избирачки одбори, кај кои реагиравме ние одделно и по нашите реакции веќе гласањето тече нормално и немаме некои други проблеми, истакна потпретседателката на ДИК Шеху.

The post ДИК: Избирачките одбори да ги почитуваат законите и подзаконските акти appeared first on Република.

]]>
Апел на ДИК до избирачките одбори: Почитувајте ги законските одредби! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/apel-na-dik-do-izbirachkite-odbori-pochituvajte-gi-zakonskite-odredbi/ Wed, 08 May 2024 13:24:46 +0000 https://republika.mk/?p=775570

Секој член на избирачки одбор ако не ги почитува законските одредби и го попречува гласањето ќе се казни со затвор до 3 години.

Апелираме до сите членови на избирачките органи да се држат до законските одредби. Имавме пријави од неколку општини, па затоа го упатуваме овој апел и се надеваме дека избирачките органи нема да ги повторат истите грешки. Инаку, гласањето тече како што треба, изјави на вонредната конференција за медиумите Дитмире Шеху, потпретседателка на ДИК.

Актите на ДИК мора да се почитуваат и ќе се преземаат сите соодветни мерки за непочитување на законот и подзаконските акти, рече Шеху.

 

The post Апел на ДИК до избирачките одбори: Почитувајте ги законските одредби! appeared first on Република.

]]>

Секој член на избирачки одбор ако не ги почитува законските одредби и го попречува гласањето ќе се казни со затвор до 3 години.
Апелираме до сите членови на избирачките органи да се држат до законските одредби. Имавме пријави од неколку општини, па затоа го упатуваме овој апел и се надеваме дека избирачките органи нема да ги повторат истите грешки. Инаку, гласањето тече како што треба, изјави на вонредната конференција за медиумите Дитмире Шеху, потпретседателка на ДИК.
Актите на ДИК мора да се почитуваат и ќе се преземаат сите соодветни мерки за непочитување на законот и подзаконските акти, рече Шеху.  

The post Апел на ДИК до избирачките одбори: Почитувајте ги законските одредби! appeared first on Република.

]]>