Изабел Ипер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izabel-iper/ За подобро да се разбереме Thu, 09 May 2024 12:39:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Изабел Ипер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/izabel-iper/ 32 32 Изабел Ипер ќе биде претседателка на меѓународното жири на Филмскиот фестивал во Венеција , Златен лав за животно дело за Питер Вир https://arhiva3.republika.mk/scena/film/izabel-iper-ke-bide-pretsedatelka-na-megunarodnoto-zhiri-na-filmskiot-festival-vo-venetsija-zlaten-lav-za-zhivotno-delo-za-piter-vir/ Thu, 09 May 2024 12:39:47 +0000 https://republika.mk/?p=776377

Осумдесет и првото издание на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција ќе се одржи од 28 август до 7 септември. Француската актерка Изабел Ипер ќе биде претседателка на меѓународното жири кое ќе го додели Златниот лав за најдобар филм, како и други официјални награди, соопшти Фестивалот.

Постои долга и убава историја помеѓу Фестивалот и мене. Да се ​​стане привилегиран гледач е чест. Повеќе од кога било, филмот е ветување. Ветувањето дека ќе избегаме, ќе нарушиме, ќе изненадиме, добро ќе го погледнеме светот, обединети во разликите на нашите вкусови и идеи, изјави Изабел Ипер.

Австралискиот режисер и сценарист Питер Вир ќе добие Златен лав за животно дело на Венецискиот филмски фестивал. Вир (79) е режисер на филмовите „Друштвото на мртвите поети“, „Шоуто на Труман“, „Господар и заповедник“, „Година на опасно живеење“.

Филмскиот фестивал во Венеција и неговиот Златен лав се дел од историјатот на нашата професија. Да се биде издвоен како добитник на награда за животно дело како режисер е голема чест, изјави Вир.

The post Изабел Ипер ќе биде претседателка на меѓународното жири на Филмскиот фестивал во Венеција , Златен лав за животно дело за Питер Вир appeared first on Република.

]]>

Изабел Ипер ја доби „Златната мечка“ за животно дело на Берлинале https://arhiva3.republika.mk/scena/film/izabel-iper-ja-dobi-zlatnata-mechka-za-zivotno-delo-na-berlinale/ Wed, 16 Feb 2022 12:07:59 +0000 https://republika.mk/?p=459321

Француската глумица, Изабел Ипер, ја доби почесната „Златна мечка“ за животно дело на Берлинскиот филмски фестивал.

Актерката се вклучи во свеченоста на доделувањето преку видеоврска од нејзиниот дом во Париз, бидејќи мораше да го откаже своето првично планирано патување на Берлиналето поради тоа што е позитивна на корона вирус.

Ипер зад себе има 50-годишна кариера, речиси 150 филмски и ТВ-улоги, како и номинација за „Оскар“ за филмот „Таа“ (2016) и 120 други признанија.

Директорката на фестивалот, Мариет Рисенбек ја опиша 68-годишната глумица како „прилично страсна актерка“, а нејзиниот колега Карло Чатријан изјави дека улогите што ги избира таа се „ликови кои не се двоумат да ризикуваат или да му се спротивстават на мејнстримот“.

Ларс Ајдингер (46), партнер на Изабел во нејзиниот последен филм „За Жоан“, зборуваше за привидната нејзина воздржаност, која, како што истакна тој, „целосно исчезнува во мигот кога таа ќе зачекори пред камерите“.

Филмот на францускиот режисер Лоран Ларивиер беше претставен синоќа како дел од специјалната гала-проекција на овогодишното Берлинале.

The post Изабел Ипер ја доби „Златната мечка“ за животно дело на Берлинале appeared first on Република.

]]>

Француската глумица, Изабел Ипер, ја доби почесната „Златна мечка“ за животно дело на Берлинскиот филмски фестивал. Актерката се вклучи во свеченоста на доделувањето преку видеоврска од нејзиниот дом во Париз, бидејќи мораше да го откаже своето првично планирано патување на Берлиналето поради тоа што е позитивна на корона вирус. Ипер зад себе има 50-годишна кариера, речиси 150 филмски и ТВ-улоги, како и номинација за „Оскар“ за филмот „Таа“ (2016) и 120 други признанија. Директорката на фестивалот, Мариет Рисенбек ја опиша 68-годишната глумица како „прилично страсна актерка“, а нејзиниот колега Карло Чатријан изјави дека улогите што ги избира таа се „ликови кои не се двоумат да ризикуваат или да му се спротивстават на мејнстримот“. Ларс Ајдингер (46), партнер на Изабел во нејзиниот последен филм „За Жоан“, зборуваше за привидната нејзина воздржаност, која, како што истакна тој, „целосно исчезнува во мигот кога таа ќе зачекори пред камерите“. Филмот на францускиот режисер Лоран Ларивиер беше претставен синоќа како дел од специјалната гала-проекција на овогодишното Берлинале.

The post Изабел Ипер ја доби „Златната мечка“ за животно дело на Берлинале appeared first on Република.

]]>
Почесна Златна мечка за Изабел Ипер на Берлиенале https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/pochesna-zlatna-mechka-za-izabel-iper-na-berlienale/ Mon, 24 Jan 2022 08:07:59 +0000 https://republika.mk/?p=448556

Познатата француска актерка Изабел Ипер ќе ја добие почесната Златна мечка за животно дело на претстојниот Берлински филмски фестивал.

Покрај почесната Златна мечка, за време на Берлиналето што ќе се одржи од 10 до 20 февруари ќе биде организирана и ретроспектива на филмови на една од најзначајните француски актерки.

Изабел Ипер, родена 1953 година, во својата богата кариера играше во стотици филмови, меѓу кои „Професор по пијано“ на Михаел Ханеке и „Спаси се кој може“ на Жан-Лук Годар, но и во ТВ продукции, серии…

Добитник е на бројни награди, меѓу кои Бафта, Златен глобус, две награди во Кан, на Венецискиот филмски фестивал, 14 пати била номинирана за најважната француска награда Цезар, а еднаш ја добила.

Наградата на овогодишното Берлинале свечено ќе и биде врачена на 15 февруари.

Седум нејзини филмови ќе бидат прикажани истиот ден.

The post Почесна Златна мечка за Изабел Ипер на Берлиенале appeared first on Република.

]]>

Познатата француска актерка Изабел Ипер ќе ја добие почесната Златна мечка за животно дело на претстојниот Берлински филмски фестивал. Покрај почесната Златна мечка, за време на Берлиналето што ќе се одржи од 10 до 20 февруари ќе биде организирана и ретроспектива на филмови на една од најзначајните француски актерки. Изабел Ипер, родена 1953 година, во својата богата кариера играше во стотици филмови, меѓу кои „Професор по пијано“ на Михаел Ханеке и „Спаси се кој може“ на Жан-Лук Годар, но и во ТВ продукции, серии… Добитник е на бројни награди, меѓу кои Бафта, Златен глобус, две награди во Кан, на Венецискиот филмски фестивал, 14 пати била номинирана за најважната француска награда Цезар, а еднаш ја добила. Наградата на овогодишното Берлинале свечено ќе и биде врачена на 15 февруари. Седум нејзини филмови ќе бидат прикажани истиот ден.

The post Почесна Златна мечка за Изабел Ипер на Берлиенале appeared first on Република.

]]>