ивз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ivz/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 10:17:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ивз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ivz/ 32 32 Ахмети и ИВЗ против музеј на местото на Свети Ѓорги и Јени џамија во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-i-ivz-protiv-muzej-na-mestoto-na-sveti-gorgi-i-jeni-dhamija-vo-bitola/ Fri, 22 Nov 2024 10:17:30 +0000 https://republika.mk/?p=840746

ДУИ и ИВЗ се огласија со реакции изразувајќи ја нивната „длабока загриженост’ откако Националната установа Завод и Музеј Битола синоќа во градот на конзулите го отвори Музејот на христијанското и исламското културно наследство во Јени џамијата, под која беа откриени и темели на црквата „Св. Ѓорѓи“.

Тоа е и еден од проектите со кои НУ Завод и Музеј Битола го одбележува својот јубилеј – 90 години од формирањето.

Директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска, на вечерашното отворање потенцира дека Музејот на христијанско и исламско културно наследство е спој на она што сите треба да го прават во секојдневниот живот – да се спојат преку љубовта, преку молитвата, преку соживотот.

„Јени џамијата и црквата „Св. Ѓорги“ од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство. Сите ние како луѓе сме верници без оглед на тоа на кој јазик го молиме Бога, без оглед на тоа со кој збор го ословуваме Бог, дали како Алах или како Господ Исус Христос… Всушност сите ние веруваме и како верници треба да бидеме љубов. Под напливот на глобалистичките трендови со кои што некој се обидува да не раздели и да посее семе на омраза, ние треба да застанеме и да кажеме – не, ширејќи љубов“, посочила директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи при синоќешното отворање на Музејот на христијанско и исламско културно наследство во Битола.

Јени Џамијата се наоѓа во центарот на Битола, на десната страна на реката Драгор, покрај некогашниот Пекмез пазар. Првите археолошки ископување во Јени џамијата кои почнаа во 2003 година во рамките на проектот на „Убикација на средновековна Битола”, покажаа дека таа крие темели на три цркви кои датираат од 7, 11 и 13 век, меѓу кои и некогаш најголемата црква во Битола, „Св. Ѓорѓи“. При ископувањата биле пронајдени два печата, еден сребрен со ликот на Свети Ѓорѓи и друг со ликот на со ликот на Мајката Божја, а за највреден пронајдок се смета пекторалниот медалјон врз кого се изгравирани позлатени фигури на светци.

The post Ахмети и ИВЗ против музеј на местото на Свети Ѓорги и Јени џамија во Битола appeared first on Република.

]]>

ДУИ и ИВЗ се огласија со реакции изразувајќи ја нивната „длабока загриженост’ откако Националната установа Завод и Музеј Битола синоќа во градот на конзулите го отвори Музејот на христијанското и исламското културно наследство во Јени џамијата, под која беа откриени и темели на црквата „Св. Ѓорѓи“. Тоа е и еден од проектите со кои НУ Завод и Музеј Битола го одбележува својот јубилеј – 90 години од формирањето. Директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска, на вечерашното отворање потенцира дека Музејот на христијанско и исламско културно наследство е спој на она што сите треба да го прават во секојдневниот живот – да се спојат преку љубовта, преку молитвата, преку соживотот.
„Јени џамијата и црквата „Св. Ѓорги“ од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство. Сите ние како луѓе сме верници без оглед на тоа на кој јазик го молиме Бога, без оглед на тоа со кој збор го ословуваме Бог, дали како Алах или како Господ Исус Христос… Всушност сите ние веруваме и како верници треба да бидеме љубов. Под напливот на глобалистичките трендови со кои што некој се обидува да не раздели и да посее семе на омраза, ние треба да застанеме и да кажеме – не, ширејќи љубов“, посочила директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи при синоќешното отворање на Музејот на христијанско и исламско културно наследство во Битола.
Јени Џамијата се наоѓа во центарот на Битола, на десната страна на реката Драгор, покрај некогашниот Пекмез пазар. Првите археолошки ископување во Јени џамијата кои почнаа во 2003 година во рамките на проектот на „Убикација на средновековна Битола”, покажаа дека таа крие темели на три цркви кои датираат од 7, 11 и 13 век, меѓу кои и некогаш најголемата црква во Битола, „Св. Ѓорѓи“. При ископувањата биле пронајдени два печата, еден сребрен со ликот на Свети Ѓорѓи и друг со ликот на со ликот на Мајката Божја, а за највреден пронајдок се смета пекторалниот медалјон врз кого се изгравирани позлатени фигури на светци.

The post Ахмети и ИВЗ против музеј на местото на Свети Ѓорги и Јени џамија во Битола appeared first on Република.

]]>
Поглаварот на ИВЗ испрати порака за мир, милост и благослов по повод Курбан Бајрам https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poglavarot-na-ivz-isprati-poraka-za-mir-milost-i-blagoslov-po-povod-kurban-bajram/ Sun, 16 Jun 2024 08:49:58 +0000 https://republika.mk/?p=788046

Муслиманскиот свет денеска го слави верскиот празник Курбан бајрам. Празникот се слави во текот на четири дена.

Поглаварот на Исламската верска зедница Реис ул улема ефенди Шаќир Фетаху упати порака по повод празникот Курбан бајрам. Фетаху во пораката вели дека празникот Курбан бајрам со сите негови вредности и морални елементи го покажува концептот на воздигнување на општествата и нè учи дека нема големи дела без големи жртви.

„Курбан бајрам, празник кој вклучува три важни настани кои го одведоа светот и човештвото на вистинскиот пат: Во овие денови заврши објавувањето на Чесниот Куран, со кој еднаш засекогаш беа дадени божествените концепти за Алах, човекот и општеството. Во овие денови се извршува петтиот услов – хаџ во благородната Мека, во Каба, Арафат, Мина, Муздалифа и многу други обврски. Верниците на исламот ширум светот ја извршуваат обврската за колење курбан инспирирајќи се од Ибрахим а.с. и Мухаммед а.с. Сите овие божествени заповеди од Големиот Алах му даваат висока вредност на големиот празник Курбан бајрам. Оваа голема прослава на Курбан бајрам му зборува на современиот човек дека, покрај развојот во различни сфери, треба да им се врати на душата, моралот, здравото семејство, благородното општество кое ќе придонесе за зближување меѓу народите, за помагање меѓу луѓето, за запирање на убиствата, војните, масакрите, геноцидите и избегнување на опасните аномалии во општеството кои го уништуваат човечкиот морал“ – посочува Фетаху.

Тој во пораката упатува честитки до граѓаните од муслиманска вероисповед со желба за мир, милост и благослов.

Имам особена чест, во име на ИВЗ и Република Македонија, на сите верници во земјата и во странство, да им упатам најсрдечни честитки по повод големиот празник Курбан бајрам, молејќи се на Семоќниот Алах да ја прифати нашата молитва, нашата садака, нашата жртва, а особено му се молиме на Алах да го прифати Аџилакот на сите аџии од наша земја кои се молат моментално на светите места. Честитки и нека е благословен празникот Курбан бајрам. Мир, милост и благослов на Големиот Алах нека биде врз вас, вели во видео пораката поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху.

Првиот ден на Курбан бајрам, денеска, е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во државава.

Според традицијата, празникот Курбан бајрам се слави во текот на четири дена и курбанот, жртвеното животно, купено со алал пари се коле со мисла да се простат гревовите.

Еден дел од месото на курбанот се остава на домаќините, еден дел им се раздава на сиромашните и соседите, а еден дел се одвојува за гостите кои ќе дојдат на посета за време на Бајрам. За време на Курбан бајрам се посетуваат возрасните, роднините, пријателите и соседите, се помируваат скараните, на децата им се подаруваат пари и бонбони и се посетуваат гробовите на починатите.

The post Поглаварот на ИВЗ испрати порака за мир, милост и благослов по повод Курбан Бајрам appeared first on Република.

]]>

Муслиманскиот свет денеска го слави верскиот празник Курбан бајрам. Празникот се слави во текот на четири дена. Поглаварот на Исламската верска зедница Реис ул улема ефенди Шаќир Фетаху упати порака по повод празникот Курбан бајрам. Фетаху во пораката вели дека празникот Курбан бајрам со сите негови вредности и морални елементи го покажува концептот на воздигнување на општествата и нè учи дека нема големи дела без големи жртви.
„Курбан бајрам, празник кој вклучува три важни настани кои го одведоа светот и човештвото на вистинскиот пат: Во овие денови заврши објавувањето на Чесниот Куран, со кој еднаш засекогаш беа дадени божествените концепти за Алах, човекот и општеството. Во овие денови се извршува петтиот услов – хаџ во благородната Мека, во Каба, Арафат, Мина, Муздалифа и многу други обврски. Верниците на исламот ширум светот ја извршуваат обврската за колење курбан инспирирајќи се од Ибрахим а.с. и Мухаммед а.с. Сите овие божествени заповеди од Големиот Алах му даваат висока вредност на големиот празник Курбан бајрам. Оваа голема прослава на Курбан бајрам му зборува на современиот човек дека, покрај развојот во различни сфери, треба да им се врати на душата, моралот, здравото семејство, благородното општество кое ќе придонесе за зближување меѓу народите, за помагање меѓу луѓето, за запирање на убиствата, војните, масакрите, геноцидите и избегнување на опасните аномалии во општеството кои го уништуваат човечкиот морал“ – посочува Фетаху.
Тој во пораката упатува честитки до граѓаните од муслиманска вероисповед со желба за мир, милост и благослов.
Имам особена чест, во име на ИВЗ и Република Македонија, на сите верници во земјата и во странство, да им упатам најсрдечни честитки по повод големиот празник Курбан бајрам, молејќи се на Семоќниот Алах да ја прифати нашата молитва, нашата садака, нашата жртва, а особено му се молиме на Алах да го прифати Аџилакот на сите аџии од наша земја кои се молат моментално на светите места. Честитки и нека е благословен празникот Курбан бајрам. Мир, милост и благослов на Големиот Алах нека биде врз вас, вели во видео пораката поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху.
Првиот ден на Курбан бајрам, денеска, е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во државава. Според традицијата, празникот Курбан бајрам се слави во текот на четири дена и курбанот, жртвеното животно, купено со алал пари се коле со мисла да се простат гревовите. Еден дел од месото на курбанот се остава на домаќините, еден дел им се раздава на сиромашните и соседите, а еден дел се одвојува за гостите кои ќе дојдат на посета за време на Бајрам. За време на Курбан бајрам се посетуваат возрасните, роднините, пријателите и соседите, се помируваат скараните, на децата им се подаруваат пари и бонбони и се посетуваат гробовите на починатите.  

The post Поглаварот на ИВЗ испрати порака за мир, милост и благослов по повод Курбан Бајрам appeared first on Република.

]]>
Новиот тетовски муфтија не може да влезе во канцеларијата на ИВЗ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/noviot-tetovski-muftija-ne-mozhe-da-vleze-vo-kantselarijata-na-ivz/ Wed, 31 Jan 2024 17:18:01 +0000 https://republika.mk/?p=739118

Продолжуваат тензиите во тетовското муфтиство. Новиот муфтија избран од ИВЗ, Селвер Џемаили, денеска се обиде да влезе во канцелариите на муфтиството, но наиде на затворени врати и отпор од досегашниот муфтија Ќани Несими.

По тензиите, пред муфтиството се појави и полицијата, барајќи од граѓаните да се разотидат, а земаа изјави и од Џемаили и од Несими.

Судирите во тетовското муфтиство почнаа откако Ријасетот во Скопје одлучи да го разреши муфтијата Ќани Несими.

Според ИВЗ, Несими поднел жалба во Управниот суд, но му била одбиена. Сепак и покрај тоа Несими продолжил да ја извршува функцијата.

Во соопштението на ИВЗ се вели:

Разрешувањето на Ќани Несими е направено поради неговата деструктивна активност.
– Од моментот кога ги загуби изборите на 9 ноември 2020 година со резултат 18 спрема 3, не успеа да го надмине разочарувањето од поразот и веднаш почна да се дистанцира со највисоките тела на ИВЗ;
– Непријавувањето и немањето координација со највисоките органи за прашања од областа на денационализацијата на имоти, резултираше со губење на неколку објекти во Арабати Теќе и 12.000 метри квадратни како и фонтаната кои во катастарот се веќе запишани на име на Тетекс;
– Јавното навредување на највисоките органи со најпогрдни зборови и тешките неаргументирани клевети го кршат Уставот на ИВЗ и неговите нормативи;

Несими, од друга страна, го обвинува ИВЗ дека го разрешиле противуставно и затоа не ја прифаќа одлуката.

„Муфтиството на ИВЗ, огранок Тетово, едногласно донесува одлука со која не ја признава и не ја прифаќа незаконската и неуставна одлука за именување на т.н. в.д. муфтија.“

Пред неколку дена, ИВЗ му го одзеде и правото за потпишување на муфтијата на Тетово. Според информациите на Алсат од ИВЗ, се очекува случајот наскоро да биде решен.

The post Новиот тетовски муфтија не може да влезе во канцеларијата на ИВЗ appeared first on Република.

]]>

Продолжуваат тензиите во тетовското муфтиство. Новиот муфтија избран од ИВЗ, Селвер Џемаили, денеска се обиде да влезе во канцелариите на муфтиството, но наиде на затворени врати и отпор од досегашниот муфтија Ќани Несими. По тензиите, пред муфтиството се појави и полицијата, барајќи од граѓаните да се разотидат, а земаа изјави и од Џемаили и од Несими. Судирите во тетовското муфтиство почнаа откако Ријасетот во Скопје одлучи да го разреши муфтијата Ќани Несими. Според ИВЗ, Несими поднел жалба во Управниот суд, но му била одбиена. Сепак и покрај тоа Несими продолжил да ја извршува функцијата. Во соопштението на ИВЗ се вели: Разрешувањето на Ќани Несими е направено поради неговата деструктивна активност. – Од моментот кога ги загуби изборите на 9 ноември 2020 година со резултат 18 спрема 3, не успеа да го надмине разочарувањето од поразот и веднаш почна да се дистанцира со највисоките тела на ИВЗ; – Непријавувањето и немањето координација со највисоките органи за прашања од областа на денационализацијата на имоти, резултираше со губење на неколку објекти во Арабати Теќе и 12.000 метри квадратни како и фонтаната кои во катастарот се веќе запишани на име на Тетекс; – Јавното навредување на највисоките органи со најпогрдни зборови и тешките неаргументирани клевети го кршат Уставот на ИВЗ и неговите нормативи; Несими, од друга страна, го обвинува ИВЗ дека го разрешиле противуставно и затоа не ја прифаќа одлуката. „Муфтиството на ИВЗ, огранок Тетово, едногласно донесува одлука со која не ја признава и не ја прифаќа незаконската и неуставна одлука за именување на т.н. в.д. муфтија.“ Пред неколку дена, ИВЗ му го одзеде и правото за потпишување на муфтијата на Тетово. Според информациите на Алсат од ИВЗ, се очекува случајот наскоро да биде решен.

The post Новиот тетовски муфтија не може да влезе во канцеларијата на ИВЗ appeared first on Република.

]]>
Се искараа муфтиите во Тетово, се побара помош и од полицијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-iskaraa-muftiite-vo-tetovo-se-pobara-pomosh-i-od-politsijata/ Wed, 31 Jan 2024 14:19:26 +0000 https://republika.mk/?p=739063

Новоназначениот вршител на должност муфтија од страна на Исламската верска заедница (ИВЗ) за тетовскиот регион Селвер Џемаили во полиција пријавил дека бил попречуван да почне со работа. Тој пријавил во полиција дека не можел да пристапи до канцелариите во Муфтиството и порано.

Денеска (31јануари) во 7 часот и 30 минути Џ.С. (52) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека Џ.С. и Ш.Ш. ги заклучиле вратите од објектот на ИВЗ во Тетово и му оневозможиле како в.д. муфтија да влезе и да ги извршува работните задачи, иако поседувал решение од Исламската верска заедница изготвено на 8.11.2023 година. Истото се случувало подолго време, а во спречувањето биле инволвирани и лица ангажирани како обезбедувачи во ИВЗ. Веднаш по пријавувањето на случајот, на местото се испратени полициски службеници за да се спречи евентуално нарушување на јавниот ред. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, информира СВР Тетово.

Исламската верска заедница на Република Македонија објави соопштение за овој случај во кое посочи дека досегашниот муфтија е разрешен и мора да ги напушти канцелариите, а како в.д. е назначен Селвер Џемаили.

На 9 ноември, Ќани Несими е разрешен од функцијата муфтија на Тетовското муфтиство со едногласна одлука на Ријасетот, а истовремено од тој момент тој нема право да ги користи печатите на муфтиството, ниту да се појавува во јавноста како муфтија. Неговото име како муфтија е избришано и од Централниот регистар и на негово место стои вршителот на должноста назначен од страна на Ријасетот на ИВЗ на РСМ, д-р Селвер Џемаили, се вели во соопштението на ИВЗ објавено на социјалната мрежа Фејсбук.

Од ИВЗ бараме од надлежните институции да ја решат настанатата ситуација согласно нормативните акти.

The post Се искараа муфтиите во Тетово, се побара помош и од полицијата appeared first on Република.

Грковска му е благодарна на Хан за искрената и постојана поддршка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ivz-e-protiv-zakonite-za-rodova-ednakvost-i-za-matichna-evidentsija/ Thu, 29 Jun 2023 14:10:21 +0000 https://republika.mk/?p=656467

Со средбата со Јоханес Хан, Комесар за буџет и администрација, се заокружи работната посета на Брисел на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска. 

Таа го информираше за надлежностите на Кабинетот за политики за добро владеење, кој за првпат се воведе во актуелната влада, како и за реформските процеси кои ги координира.

Како докажан пријател на Македонија, Хан се интересираше за актуелните случувања  околу усвојувањето на уставните измени, што е клучен чекор за продолжување на евроинтегративниот процес на земјата. 

Вицепремиерката Грковска истакна дека сите вклучени страни треба да придонесат за промена на наративот околу ова прашање, кое не треба да се користи за популизам и јакнење на национализмот и евроскептицизмот во земјата и регионот.

Во оваа прилика, вицепремиерката Грковска упати благодарност до еврокомесарот Хан за неговата отворена и континуирана поддршка во пристапувањето кон Европската унија, како и за обезбедувањето макрофинансиска поддршка за нашата држава, како особено важна во справувањето со ефектите од економската криза.

The post Грковска му е благодарна на Хан за искрената и постојана поддршка appeared first on Република.

]]>

Со средбата со Јоханес Хан, Комесар за буџет и администрација, се заокружи работната посета на Брисел на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.  Таа го информираше за надлежностите на Кабинетот за политики за добро владеење, кој за првпат се воведе во актуелната влада, како и за реформските процеси кои ги координира. Како докажан пријател на Македонија, Хан се интересираше за актуелните случувања  околу усвојувањето на уставните измени, што е клучен чекор за продолжување на евроинтегративниот процес на земјата.  Вицепремиерката Грковска истакна дека сите вклучени страни треба да придонесат за промена на наративот околу ова прашање, кое не треба да се користи за популизам и јакнење на национализмот и евроскептицизмот во земјата и регионот. Во оваа прилика, вицепремиерката Грковска упати благодарност до еврокомесарот Хан за неговата отворена и континуирана поддршка во пристапувањето кон Европската унија, како и за обезбедувањето макрофинансиска поддршка за нашата држава, како особено важна во справувањето со ефектите од економската криза.

The post Грковска му е благодарна на Хан за искрената и постојана поддршка appeared first on Република.

]]>
ИВЗ е против законите за родова еднаквост и за матична евиденција, но нема да оди на протестот на МПЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ivz-e-protiv-zakonite-za-rodova-ednakvost-i-za-matichna-evidentsija-no-nema-da-odi-na-protestot-na-mpts/ Thu, 29 Jun 2023 13:08:57 +0000 https://republika.mk/?p=656463

Исламската верска заедница соопшти дека е против донесување на законите за родова еднаквост и за матична евиденција и оти нејзиниот став во однос на спорните закони за кои се отвори дебата во јавноста, е „пред се заштита на традиционалните семејни вредности, и по структура и по морал“.

ИВЗ, како што се наведува, и порано излезе со став дека ја поддржува одлуката на сите поглавари на верските заедници во земјава, која дојде како резултат на заедничката средба од 7 мај годинава, при што беше истакнато дека законите за кои станува збор се спротивни на религиозните принципи и тие нема да бидат поддржани.

Заштитата на семејството и човечкиот ген е основен принцип од кој не можеме да се оградиме, бидејќи тоа е сржта на здравото општество. Историски гледано, во минатото, во моментов и во иднина, ИВЗ секогаш ќе застане во одбрана на националните, верски, морални и духовни вредности, бидејќи заштитата на овие вредности е верска обврска за заштита на човечкото општество. Секоја иницијатива, која било идеја или правен принцип што е во спротивност со човековата природа е неприфатлива за ИВЗ. Според информациите со кои располагаме, спорните закони во Собранието се повлечени од понатамошни процедури и за ова и честитаме на Владата за преземањето на таквиот чекор, се наведува во соопштението од ИВЗ.

Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска организира сенароден собир во знак на протест поради односот на власта кон нивното барање за повлекување од собраниска процедура на предлог законите за матична евиденција и за родова еднаквост, бидејќи ги сметаат за сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка – семејството.

https://republika.mk/vesti/skopje/deneska-senaroden-sobir-protiv-zakonite-za-rodova-ednakvost-i-za-matichna-evidentsija-vo-organizatsija-na-mpts-oa/

The post ИВЗ е против законите за родова еднаквост и за матична евиденција, но нема да оди на протестот на МПЦ appeared first on Република.

]]>

Исламската верска заедница соопшти дека е против донесување на законите за родова еднаквост и за матична евиденција и оти нејзиниот став во однос на спорните закони за кои се отвори дебата во јавноста, е „пред се заштита на традиционалните семејни вредности, и по структура и по морал“. ИВЗ, како што се наведува, и порано излезе со став дека ја поддржува одлуката на сите поглавари на верските заедници во земјава, која дојде како резултат на заедничката средба од 7 мај годинава, при што беше истакнато дека законите за кои станува збор се спротивни на религиозните принципи и тие нема да бидат поддржани.
Заштитата на семејството и човечкиот ген е основен принцип од кој не можеме да се оградиме, бидејќи тоа е сржта на здравото општество. Историски гледано, во минатото, во моментов и во иднина, ИВЗ секогаш ќе застане во одбрана на националните, верски, морални и духовни вредности, бидејќи заштитата на овие вредности е верска обврска за заштита на човечкото општество. Секоја иницијатива, која било идеја или правен принцип што е во спротивност со човековата природа е неприфатлива за ИВЗ. Според информациите со кои располагаме, спорните закони во Собранието се повлечени од понатамошни процедури и за ова и честитаме на Владата за преземањето на таквиот чекор, се наведува во соопштението од ИВЗ.
Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска организира сенароден собир во знак на протест поради односот на власта кон нивното барање за повлекување од собраниска процедура на предлог законите за матична евиденција и за родова еднаквост, бидејќи ги сметаат за сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка – семејството. https://republika.mk/vesti/skopje/deneska-senaroden-sobir-protiv-zakonite-za-rodova-ednakvost-i-za-matichna-evidentsija-vo-organizatsija-na-mpts-oa/

The post ИВЗ е против законите за родова еднаквост и за матична евиденција, но нема да оди на протестот на МПЦ appeared first on Република.

]]>
Претстојат ли нови триења во ИВЗ?! Се чини зафатена е од затишје пред бура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretstojat-li-novi-triena-vo-ivz-se-chini-zafatena-e-od-zatishje-pred-bura/ Wed, 10 May 2023 19:50:08 +0000 https://republika.mk/?p=639458

Исламската верска заедница како една од значајните институции во земјата која што го артикулира духовниот и општествениот живот на верниците од муслиманска вероисповед, за жал, по контроверзиите и мачните сцени се чинеше дека конечно оваа институција влезе во еден спокоен период откако кон крајот на ноември 2020 гостиварскиот муфтија Шаќир Фетаху, беше избран за претседател на оваа значајна општествена институција, По одржаните избори, Фетаху порача „денеска е голем ден за сите муслимани во земјата и за нејзините граѓани“.

„ИВЗ на Република Македонија денеска победи. Сите победивме. Победи духовното, моралното, човечкото и конструктивното. Од денеска ни е дадена доверба со голема одговорност да го претставиме исламот и неговите изворни вредности и традиционалниот дух. Со цел оваа опција да го претстави духот на Аллаховиот збор, мирот, толеранцијата и соработката, со сите да биде конструктивен и креативен субјект во нашето општество и пошироко, нашето патување ќе биде знаење, консултација, транспарентност и во служба кон секој верник и граѓанин на ова општество. Ќе изградиме современа заедница која успешно ќе одговори на предизвиците на современото време“, рече Фетаху во обраќањето.

Меѓутоа, за жал, се чини дека периодот на спокојно работењето на заедницата е повторно пред предизвик. Имено, се појавија одредени написи а некои прашања и до он-лин медиуми, пристигнаа од читатели верници кои поставуваат прашања за начинот на функционирање на Исламската верска заедница. Причините за тоа засега не се познати.

По неколку новинарски обиди по електронска пошта да добиеме одговор на поставени прашања во очекување на одговори во интерес на читателите и, секако, во интерес на благосостојбата на заедницата, со цел да се расчистат дилемите кај читателите или евентуалните недоразбирања, преку електронска пошта ги испрати прашањата до ИВЗ, и телефонски контактираше со претставниците на институцијата. Но и по неколку недели, одговорите изостанаа.

Едно од прашањата е упатено до Реисот, Шаќир Фетаху, и се однесува на неговото наводно „силно полициско обезбедување“, односно интересот е причината за тоа: дали станува збор за закани кон личноста на Реисот, и познато ли е од кого се тие и од каков карактер. Заинтересираните граѓани, додаваат и според позицијата во ИВЗ, на г-дин Фетаху не му следува службено полициско обезбедување, а исто така прашуваат дали за тоа е известен Ријасетот на ИВЗ, и зашто несе информират верниците и јавноста кои се причините.

Натаму, се наведува дека според статусот на ИВЗ, Ријасетот кој е статутарно и уставно највисок орган на ИВЗ, во членот 36 од уставот е предвидено да се одржуваат редовни седмици најмалку еднаш месечно. Но, како што се истакнува во дописот, „во однос кон Вас имало обвинувања за самоволие при водење на институцијата и тврдење дека за целата 2021 година биле одржани само 3 (три) седници, а изминатата 2022 година само 2 (две) седници на Ријасетот“. При што се губи кредибилитетот и добиениот легитимитет на поглаварот.

Понатаму има забелешки и се истакнува дека според правилникот за финансиско работење на ИВЗ, па на Реисот наведуваат дека „не му се дозволува да потпишува платен налог на износ од над 10.000 (десет илјади) евра“, па се поставува прашањето дали во оваа смисла има забелешки.
Се наведува и дека во април годинава Реисот г-дин Фетаху навршува 64 години, со што се исполнува условите за заминување во пензија, па се поставува прашањето кога ќе ја одржи последната седница по којашто ќе се повлече од функцијата?! Нашите извори потенцираат дека во ИВЗ во моментов „постои голем суфицит од кадар и нема незаменливи, како и дека за евентуално продолжување на мандатот на поглаварот Фетаху потребна е поддршка од мнозинството на членовите на Ријасетот“. Па оттаму се поставува прашањето дали по крајот на месецов ќе се повлече од функцијата, и дали тоа може да води кон полемики и недоразбирањата и тензии во самата ИВЗ и да дојде до несакани ситуации.

Инаку, според отворени извори, г-дин Шаќир Фетаху е роден во април 1959 година во гостиварското село Чегране. Средното училиште го завршил во 1980 година во медресата (верското училиште) „Алаудин“ во Приштина, а потоа студиите ги продолжил на Факултетот за исламски науки во Сараево, Босна и Херцеговина, каде што успешно ги завршил во 1984 година. А од таму пак флертуваат информации за наводно регрутирање како соработник на УДБА за што актуелниот Реис шаќир фетаху и ИВЗ никогаш овие гласини неги демантирале.

Дописот, исто така, содржи тврдење чија веродостојност баравме да биде коментирана. Имено, во јавноста наводно циркулирал неофицијална информација дека спрема Реисот ќе биде наводно подготвена кривична пријава во Основното јавно обвинителство (ОЈО Скопје), за наводна злоупотреба на службената положба и овластувања. Притоа се конкретизира дека во октомври 2021 година биле одржани избори за членови на Собранието на ИВЗ како правно-финансиски орган на ИВЗ, а дури во ноември 2022 година било дозволено свикување конститутивна седница на собранието и на која спротивно на уставот и правилникот за работа на собранието претседавал член на Ријасетот на ИВЗ, зашто според нив цела година не им било дозволено свикување на седница на собранието, Тоа подразбира дека целата мината 2022 година, ценат заинтересираните, Вие сте дејствувале самоволни и во поглед на финансиите. Исто така се прашуваат до каде е зборот на Реисот Фетаху дека одма по неговиот избор 2020 дека ќе донесете 7 милиона евра од арапски емирати донација за нормално функционирање на ИВЗ, ова јавно го искажал пред сите членови на Ријасетот, како и прашањето каде се близу 4 милиони евра што владата на Заев и ги има дадено на ИВЗ по однос на денационализација.

На крајот, постојат и информации за чести патувања на генералниот секретар Ирсал Јакупи во Бугарија со службено возило на Исламската верска заедница. Оттаму се бара одговор на прашањето кои се причините и целите на тие патувања, дали се од службен или приватен карактер, како и за идентитетот на сопатникот за кој се тврди дека не е вработен во ИВЗ.

Читателите поставуваат прашање до г. Фетаху дали воопшто има контрола и налози каде се упатуваат и се движат службените возила сопственост на ИВЗ и кој ги управува.

Со цел јавноста да биде правилно информирана, за исклучување на сите дилеми, а, во прв ред, избегнување на нови тензии во самата заедница очекувавме одговори, кои што, за жал, изостанаа. Сепак, целокупната домашна јавност е заинтересирана за задржување на спокојот меѓу верниците и пошироко во општеството, и се надеваме дека актуелното водство на ИВЗ ќе успее да ги надмине евентуалните недоразбирања со цел да се продолжи мирното функционирање на институцијата.

Серјожа Неделковски, новинар

The post Претстојат ли нови триења во ИВЗ?! Се чини зафатена е од затишје пред бура appeared first on Република.

]]>

Исламската верска заедница како една од значајните институции во земјата која што го артикулира духовниот и општествениот живот на верниците од муслиманска вероисповед, за жал, по контроверзиите и мачните сцени се чинеше дека конечно оваа институција влезе во еден спокоен период откако кон крајот на ноември 2020 гостиварскиот муфтија Шаќир Фетаху, беше избран за претседател на оваа значајна општествена институција, По одржаните избори, Фетаху порача „денеска е голем ден за сите муслимани во земјата и за нејзините граѓани“.
„ИВЗ на Република Македонија денеска победи. Сите победивме. Победи духовното, моралното, човечкото и конструктивното. Од денеска ни е дадена доверба со голема одговорност да го претставиме исламот и неговите изворни вредности и традиционалниот дух. Со цел оваа опција да го претстави духот на Аллаховиот збор, мирот, толеранцијата и соработката, со сите да биде конструктивен и креативен субјект во нашето општество и пошироко, нашето патување ќе биде знаење, консултација, транспарентност и во служба кон секој верник и граѓанин на ова општество. Ќе изградиме современа заедница која успешно ќе одговори на предизвиците на современото време“, рече Фетаху во обраќањето.
Меѓутоа, за жал, се чини дека периодот на спокојно работењето на заедницата е повторно пред предизвик. Имено, се појавија одредени написи а некои прашања и до он-лин медиуми, пристигнаа од читатели верници кои поставуваат прашања за начинот на функционирање на Исламската верска заедница. Причините за тоа засега не се познати. По неколку новинарски обиди по електронска пошта да добиеме одговор на поставени прашања во очекување на одговори во интерес на читателите и, секако, во интерес на благосостојбата на заедницата, со цел да се расчистат дилемите кај читателите или евентуалните недоразбирања, преку електронска пошта ги испрати прашањата до ИВЗ, и телефонски контактираше со претставниците на институцијата. Но и по неколку недели, одговорите изостанаа. Едно од прашањата е упатено до Реисот, Шаќир Фетаху, и се однесува на неговото наводно „силно полициско обезбедување“, односно интересот е причината за тоа: дали станува збор за закани кон личноста на Реисот, и познато ли е од кого се тие и од каков карактер. Заинтересираните граѓани, додаваат и според позицијата во ИВЗ, на г-дин Фетаху не му следува службено полициско обезбедување, а исто така прашуваат дали за тоа е известен Ријасетот на ИВЗ, и зашто несе информират верниците и јавноста кои се причините. Натаму, се наведува дека според статусот на ИВЗ, Ријасетот кој е статутарно и уставно највисок орган на ИВЗ, во членот 36 од уставот е предвидено да се одржуваат редовни седмици најмалку еднаш месечно. Но, како што се истакнува во дописот, „во однос кон Вас имало обвинувања за самоволие при водење на институцијата и тврдење дека за целата 2021 година биле одржани само 3 (три) седници, а изминатата 2022 година само 2 (две) седници на Ријасетот“. При што се губи кредибилитетот и добиениот легитимитет на поглаварот. Понатаму има забелешки и се истакнува дека според правилникот за финансиско работење на ИВЗ, па на Реисот наведуваат дека „не му се дозволува да потпишува платен налог на износ од над 10.000 (десет илјади) евра“, па се поставува прашањето дали во оваа смисла има забелешки. Се наведува и дека во април годинава Реисот г-дин Фетаху навршува 64 години, со што се исполнува условите за заминување во пензија, па се поставува прашањето кога ќе ја одржи последната седница по којашто ќе се повлече од функцијата?! Нашите извори потенцираат дека во ИВЗ во моментов „постои голем суфицит од кадар и нема незаменливи, како и дека за евентуално продолжување на мандатот на поглаварот Фетаху потребна е поддршка од мнозинството на членовите на Ријасетот“. Па оттаму се поставува прашањето дали по крајот на месецов ќе се повлече од функцијата, и дали тоа може да води кон полемики и недоразбирањата и тензии во самата ИВЗ и да дојде до несакани ситуации. Инаку, според отворени извори, г-дин Шаќир Фетаху е роден во април 1959 година во гостиварското село Чегране. Средното училиште го завршил во 1980 година во медресата (верското училиште) „Алаудин“ во Приштина, а потоа студиите ги продолжил на Факултетот за исламски науки во Сараево, Босна и Херцеговина, каде што успешно ги завршил во 1984 година. А од таму пак флертуваат информации за наводно регрутирање како соработник на УДБА за што актуелниот Реис шаќир фетаху и ИВЗ никогаш овие гласини неги демантирале. Дописот, исто така, содржи тврдење чија веродостојност баравме да биде коментирана. Имено, во јавноста наводно циркулирал неофицијална информација дека спрема Реисот ќе биде наводно подготвена кривична пријава во Основното јавно обвинителство (ОЈО Скопје), за наводна злоупотреба на службената положба и овластувања. Притоа се конкретизира дека во октомври 2021 година биле одржани избори за членови на Собранието на ИВЗ како правно-финансиски орган на ИВЗ, а дури во ноември 2022 година било дозволено свикување конститутивна седница на собранието и на која спротивно на уставот и правилникот за работа на собранието претседавал член на Ријасетот на ИВЗ, зашто според нив цела година не им било дозволено свикување на седница на собранието, Тоа подразбира дека целата мината 2022 година, ценат заинтересираните, Вие сте дејствувале самоволни и во поглед на финансиите. Исто така се прашуваат до каде е зборот на Реисот Фетаху дека одма по неговиот избор 2020 дека ќе донесете 7 милиона евра од арапски емирати донација за нормално функционирање на ИВЗ, ова јавно го искажал пред сите членови на Ријасетот, како и прашањето каде се близу 4 милиони евра што владата на Заев и ги има дадено на ИВЗ по однос на денационализација. На крајот, постојат и информации за чести патувања на генералниот секретар Ирсал Јакупи во Бугарија со службено возило на Исламската верска заедница. Оттаму се бара одговор на прашањето кои се причините и целите на тие патувања, дали се од службен или приватен карактер, како и за идентитетот на сопатникот за кој се тврди дека не е вработен во ИВЗ. Читателите поставуваат прашање до г. Фетаху дали воопшто има контрола и налози каде се упатуваат и се движат службените возила сопственост на ИВЗ и кој ги управува. Со цел јавноста да биде правилно информирана, за исклучување на сите дилеми, а, во прв ред, избегнување на нови тензии во самата заедница очекувавме одговори, кои што, за жал, изостанаа. Сепак, целокупната домашна јавност е заинтересирана за задржување на спокојот меѓу верниците и пошироко во општеството, и се надеваме дека актуелното водство на ИВЗ ќе успее да ги надмине евентуалните недоразбирања со цел да се продолжи мирното функционирање на институцијата. Серјожа Неделковски, новинар

The post Претстојат ли нови триења во ИВЗ?! Се чини зафатена е од затишје пред бура appeared first on Република.

]]>
На Мавровско Езеро ќе се гради џамија!? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-mavrovsko-ezero-kje-se-gradi-dzamija/ Mon, 19 Dec 2022 09:59:58 +0000 https://republika.mk/?p=587519

Државно земјиште околу Мавровското Eзеро со површина од 2600 м2 преку ноќ стана сопственост на Исламската верска заедница која планира да гради верски објект. ИВЗ, со одлука на Општина Маврово и Ростуше и со помош на Министерството за транспорт и врски, за багателна цена го доби најактрактивниот дел од крајбрежјето на Мавровско Eзеро, што ќе придонесе за негова нова еколошка катастрофа, дознава партијата „Левица“.

Членови на ИВЗ, со помош на нивни роднини во Катастарот на Гостивар, преку трето лице кое се јавува како посредник од неодамна станаа сопственици на супер атрактивното земјиште.

Ова се гледа од документите до кои дојде политичката партија Левица.

Според нашите информации добиени од жители на Oпштина Маврово и Ростуше, а по извршениот увид во документите од Катастар, јасно се гледа дека ИВЗ фигурира како нов сопственик на парцели во месностите Каменци и Лесков Дол, со површина од околу 2600м2.

Парцелите се наоѓаат во заштитениот појас околу Мавровското Езеро, кадешто не е дозволена никаква градба. Министерството за транспорт и врски уште во март 2021 година му наложи на старо-новиот градоначалник на Општина Маврово Ростуше да го раскине договорот со купувачот на парцела – Незир Сулејмани, инаку сопственик на фирмата „Кораб Мермери.”

Се поставува прашањето – зошто на ИВЗ ѝ се потребни парцели во заштитено подрачје и што друго планира да гради во заштитените зони?

Изградба на било каков објект од поголем размер, толку блиску до брегот на езерото би довело до низа штетни влијанија врз квалитетот на водата на езерото и неговата фауна.

Ова е уште еден корумпиран скандал на владата на СДС и ДУИ, после поништеното Решение за уривање на вилите на хотелот „Радика”. Ова решение беше донесено минатата година, од страна на второстепена комисија на Владата за инспекциски надзор, а по поднесена жалба на инвеститорот на „Радика ресорт“, во сопственост на косовскиот државјанин Шериф Рамука.

Јасно е дека корупцијата и деградирањето на правната држава, преку распарчување на државен имот, е главна одлика на владеењето на неспособните кадри на СДС и ДУИ.

The post На Мавровско Езеро ќе се гради џамија!? appeared first on Република.

]]>

Државно земјиште околу Мавровското Eзеро со површина од 2600 м2 преку ноќ стана сопственост на Исламската верска заедница која планира да гради верски објект. ИВЗ, со одлука на Општина Маврово и Ростуше и со помош на Министерството за транспорт и врски, за багателна цена го доби најактрактивниот дел од крајбрежјето на Мавровско Eзеро, што ќе придонесе за негова нова еколошка катастрофа, дознава партијата „Левица“. Членови на ИВЗ, со помош на нивни роднини во Катастарот на Гостивар, преку трето лице кое се јавува како посредник од неодамна станаа сопственици на супер атрактивното земјиште. Ова се гледа од документите до кои дојде политичката партија Левица. Според нашите информации добиени од жители на Oпштина Маврово и Ростуше, а по извршениот увид во документите од Катастар, јасно се гледа дека ИВЗ фигурира како нов сопственик на парцели во месностите Каменци и Лесков Дол, со површина од околу 2600м2.
Парцелите се наоѓаат во заштитениот појас околу Мавровското Езеро, кадешто не е дозволена никаква градба. Министерството за транспорт и врски уште во март 2021 година му наложи на старо-новиот градоначалник на Општина Маврово Ростуше да го раскине договорот со купувачот на парцела – Незир Сулејмани, инаку сопственик на фирмата „Кораб Мермери.”
Се поставува прашањето – зошто на ИВЗ ѝ се потребни парцели во заштитено подрачје и што друго планира да гради во заштитените зони? Изградба на било каков објект од поголем размер, толку блиску до брегот на езерото би довело до низа штетни влијанија врз квалитетот на водата на езерото и неговата фауна. Ова е уште еден корумпиран скандал на владата на СДС и ДУИ, после поништеното Решение за уривање на вилите на хотелот „Радика”. Ова решение беше донесено минатата година, од страна на второстепена комисија на Владата за инспекциски надзор, а по поднесена жалба на инвеститорот на „Радика ресорт“, во сопственост на косовскиот државјанин Шериф Рамука. Јасно е дека корупцијата и деградирањето на правната држава, преку распарчување на државен имот, е главна одлика на владеењето на неспособните кадри на СДС и ДУИ.

The post На Мавровско Езеро ќе се гради џамија!? appeared first on Република.

]]>
Ковачевски ќе го признава и средното училиште на ИВЗ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-kje-go-priznava-i-srednoto-uchilishte-na-ivz/ Thu, 27 Oct 2022 16:01:47 +0000 https://republika.mk/?p=566500

Не постои конфликт помеѓу пратеници од СДСМ и ДУИ по однос на прашањето за признавање на дипломите на средното верско училиште „Иса бег“ за упис на македонските универзитети, рече премиерот Димитар Ковачевски во одговор на прашање на пратеникот Халил Снопче од Алијанса за Албанците дали и кога на матурантите од медресата ќе им биде овозможено да го продолжат високото образование во земјава.

-Владата многу сериозно работи на ова прашање зашто тоа не е отворено денес туку е од пред пет години. Тоа средно училиште е дел од Исламската верска заедница, но ние разговараме и со сите други верски заедници. Во моментов, Министерството за образование е во контакт и со ИВЗ, исто така и со МПЦ, бидејќи  секогаш сме имале усогласен став помеѓу сите верски заедници во државата по сите прашања, и така ќе треба да биде и по ова. Практично, тоа се институции кои се основачи на овие средни училишта, рече Ковачевски на седницата за пратенички прашања.

Проблемот не е едностран, додаде премиерот, затоа што се работи за компатибилноста на наставните програми со подоцнежното високо образование во државава, за број на ученици и за финансирање. Работна група, како што рече, работи на изнаоѓање решение и го покани и пратеникот Снопче, а тој прифати, да биде дел од неа.

-Со оглед на тоа што има ученици кои учат не само во тоа училиште туку и во другите верски училишта, ќе мора да се најде решение со кое тие ќе можат на најсоодветен начин да го продолжат своето образование од средно во високо, и тоа да биде направено со консензус, како и за сите прашања во државава во делот на верските заедници, додаде Ковачевски.

Пратеникот Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ праша за контролите на производители на канабис и што е најдено од надлежната комисија, затоа што, според него, „цела Македонија стана рај за криминал со канабис и марихуана“.

Заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски одговори дека се согласува оти приоритет на секоја држава треба да и се друштвата/фирмите што го регулираат прометот и производството на канабис и психотропни супстанции.

-Бидејќи сум член на комисијата за човечки ресурси како заменик-министер, можам да кажам дека пред две недели од комисијата имаше предлог за одземање лиценца за една од фирмите поради утврдени одредени неправилности. Се надеваме дека ќе продолжиме по вистинскиот пат и секоја неправилност треба да биде санкционирана, рече Рендевски

The post Ковачевски ќе го признава и средното училиште на ИВЗ appeared first on Република.

]]>

Не постои конфликт помеѓу пратеници од СДСМ и ДУИ по однос на прашањето за признавање на дипломите на средното верско училиште „Иса бег“ за упис на македонските универзитети, рече премиерот Димитар Ковачевски во одговор на прашање на пратеникот Халил Снопче од Алијанса за Албанците дали и кога на матурантите од медресата ќе им биде овозможено да го продолжат високото образование во земјава.
-Владата многу сериозно работи на ова прашање зашто тоа не е отворено денес туку е од пред пет години. Тоа средно училиште е дел од Исламската верска заедница, но ние разговараме и со сите други верски заедници. Во моментов, Министерството за образование е во контакт и со ИВЗ, исто така и со МПЦ, бидејќи  секогаш сме имале усогласен став помеѓу сите верски заедници во државата по сите прашања, и така ќе треба да биде и по ова. Практично, тоа се институции кои се основачи на овие средни училишта, рече Ковачевски на седницата за пратенички прашања.
Проблемот не е едностран, додаде премиерот, затоа што се работи за компатибилноста на наставните програми со подоцнежното високо образование во државава, за број на ученици и за финансирање. Работна група, како што рече, работи на изнаоѓање решение и го покани и пратеникот Снопче, а тој прифати, да биде дел од неа. -Со оглед на тоа што има ученици кои учат не само во тоа училиште туку и во другите верски училишта, ќе мора да се најде решение со кое тие ќе можат на најсоодветен начин да го продолжат своето образование од средно во високо, и тоа да биде направено со консензус, како и за сите прашања во државава во делот на верските заедници, додаде Ковачевски. Пратеникот Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ праша за контролите на производители на канабис и што е најдено од надлежната комисија, затоа што, според него, „цела Македонија стана рај за криминал со канабис и марихуана“. Заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски одговори дека се согласува оти приоритет на секоја држава треба да и се друштвата/фирмите што го регулираат прометот и производството на канабис и психотропни супстанции. -Бидејќи сум член на комисијата за човечки ресурси како заменик-министер, можам да кажам дека пред две недели од комисијата имаше предлог за одземање лиценца за една од фирмите поради утврдени одредени неправилности. Се надеваме дека ќе продолжиме по вистинскиот пат и секоја неправилност треба да биде санкционирана, рече Рендевски

The post Ковачевски ќе го признава и средното училиште на ИВЗ appeared first on Република.

]]>
Министерот за економија ќе бара од МПЦ и ИВЗ да апелираат за штедење струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-ekonomija-kje-bara-od-mpc-i-ivz-da-apeliraat-za-shtedenje-struja/ Mon, 19 Sep 2022 13:30:22 +0000 https://republika.mk/?p=552284

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска побара поддршка од поглаварот на Исламската верска заедница (ИЗВ), реисот Шаќир Фетаху за почитување на мерките за штедење на струја од страна на ИВЗ и нејзините верници. Тој најави дека ќе разговара и со Македонската православна црква за поддршка во активностите за справување со енергетската криза. Целта е да се намали потрошувачката и да се ослободат повеќе количества на струја за индустријата.

– Голема поддршка ќе биде секоја порака што ќе излезе од страна на ИВЗ, а тоа ќе се сподели преку џамиите до сите верници, било да се тоа Албанци, Турци… Тоа е многу важно заради тоа што секое штедење го помага семејниот буџет, воедно ги помага и институциите во делот да се намалат трошоците, а и потребите во делот на потрошувачката заради тоа што имаме одредена потрошувачка која е на регулиран, а другата на слободниот пазар, за да се ослободат количества со кои може да се помогне на индустријата која креира работни места и на таков начин приходите во нашите семејства да не се скратат, рече Бектеши.

Фетаху од своја страна апелираше до сите граѓани во овие тешки моменти да бидат свесни за улогата и придонесот што може да го имаат. Тој најави дека веднаш ќе преземат мерки како да ја рационализираат потрошувачката на струја, иако, како што нагласи, внимаваат во тој дел.

– Имаме над 700 објекти, 13 муфтивства , со сите ќе разговараме како да се придонесе во ова, а и јас како поглавар на ИВЗ секој петок ќе бидеме заедно со моите соработници и верниците ќе зборуваме на оваа тема и за излез од кризата, изјави Фетаху.

Како што информираше Бектеши, неговиот тим денеска разговара со МПЦ за да е одреди термин за средба на оваа тема, а очекува таа да се реализира неделава

The post Министерот за економија ќе бара од МПЦ и ИВЗ да апелираат за штедење струја appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска побара поддршка од поглаварот на Исламската верска заедница (ИЗВ), реисот Шаќир Фетаху за почитување на мерките за штедење на струја од страна на ИВЗ и нејзините верници. Тој најави дека ќе разговара и со Македонската православна црква за поддршка во активностите за справување со енергетската криза. Целта е да се намали потрошувачката и да се ослободат повеќе количества на струја за индустријата.
– Голема поддршка ќе биде секоја порака што ќе излезе од страна на ИВЗ, а тоа ќе се сподели преку џамиите до сите верници, било да се тоа Албанци, Турци… Тоа е многу важно заради тоа што секое штедење го помага семејниот буџет, воедно ги помага и институциите во делот да се намалат трошоците, а и потребите во делот на потрошувачката заради тоа што имаме одредена потрошувачка која е на регулиран, а другата на слободниот пазар, за да се ослободат количества со кои може да се помогне на индустријата која креира работни места и на таков начин приходите во нашите семејства да не се скратат, рече Бектеши.
Фетаху од своја страна апелираше до сите граѓани во овие тешки моменти да бидат свесни за улогата и придонесот што може да го имаат. Тој најави дека веднаш ќе преземат мерки како да ја рационализираат потрошувачката на струја, иако, како што нагласи, внимаваат во тој дел. – Имаме над 700 објекти, 13 муфтивства , со сите ќе разговараме како да се придонесе во ова, а и јас како поглавар на ИВЗ секој петок ќе бидеме заедно со моите соработници и верниците ќе зборуваме на оваа тема и за излез од кризата, изјави Фетаху. Како што информираше Бектеши, неговиот тим денеска разговара со МПЦ за да е одреди термин за средба на оваа тема, а очекува таа да се реализира неделава

The post Министерот за економија ќе бара од МПЦ и ИВЗ да апелираат за штедење струја appeared first on Република.

]]>
Поглаварот на ИВЗ по средбата со Бектеши: Познати сме по малата потрошувачка на струја во џамиите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/poglavarot-na-ivz-po-sredbata-so-bekteshi-poznati-sme-po-malata-potroshuvachka-na-struja-vo-dzamiite/ Mon, 19 Sep 2022 12:47:14 +0000 https://republika.mk/?p=552257

Првиот човек на Исламската верска заедница Шаќир Фетаху на заедничката прес-конференција со министерот за економија Крешник Бектеши рече дека ќе се апелира до џамијата да заштеди што повеќе електрична енергија. Фетаху најави дека џамиите трошат многу малку струја.

„ИВЗ нема многу проблем со рационално трошење енергија затоа што секогаш сме користеле струја во нашите објекти на многу рационален начин бидејќи сите наши објекти се финансирани од самите верници и ИВЗ со своите муфтии и поглаварите на џамиите се многу внимателни во потрошувачката на струја. Значи меѓу населението сме познати по многу мала потрошувачка на струја, ја имаме и оваа верска, институционална и социјална обврска“, изјави Шаќир Фетаху, претседател на БФИ.

The post Поглаварот на ИВЗ по средбата со Бектеши: Познати сме по малата потрошувачка на струја во џамиите appeared first on Република.

Поглаварот на ИВЗ во бајрамската порака повика на солидарност и мир https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poglavarot-na-ivz-vo-bajramskata-poraka-povika-na-solidarnost-i-mir/ Fri, 08 Jul 2022 15:41:02 +0000 https://republika.mk/?p=526047

Поглаварот на Исламската верска заедница Шаќир Фетаи во бајрамската порака повика на солидарност и мир. Тој рече дека празникот симболизира меѓусебно почитување и подавање рака кон сиромашните.

„Во името на ИВЗ на РСМ и во мое лично име на сите верници во земјата и странство каде и да живеат и дејствуваат, ги изразувам нашите честитки молејќи се на Семоќниот Алах да ги прифати нашите молитви, нашите жртви, хаџот од аџиите кои го извршуваат, како и сите наши молитви направени во овие благословени денови. Ова нека биде прослава на нашата радост, меѓусебна почит, зближување со другите, зголемување на радоста и задоволството на скромните, на оние кои имаат тешкотии во животот, простувањето, мирот и солидарноста и зближувањето со Семоќниот Алах.“, рече поглаварот на ИВЗ Шаќир Фетаи.

The post Поглаварот на ИВЗ во бајрамската порака повика на солидарност и мир appeared first on Република.

Апелација потврди дека Исламска селефиска заедница е легално регистрирана, молитви се одржуваат во Чаир https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/apelacija-potvrdi-deka-islamska-selefiska-zaednica-e-legalno-registrirana-molitvi-se-odrzuvaat-vo-chair/ Tue, 14 Jun 2022 14:33:35 +0000 https://republika.mk/?p=515138

Одлуката на граѓанскиот суд од Скопје да ја впише Исламската селафистичка заедница Дар ел Хадис во регистарот на верски заедници наиде на осуда од Исламската верска заедница и од многу верници, пишува 360 степени, следејќи ја приказната една година. Гласно реагираа ИВЗ, но и тогашниот премиер Зоран Заев.

Овој чин е срамен и е многу штетен за единството на муслиманите во Македонија и е обид за паралелизам на уставната институција Исламска верска заедница, изјавил Евзал Синани – шеф на кабинет на поглаварот на ИВЗ.

Информиран сум од министерот за правда дека одреден наш суд има направено регистрација на ваква заедница којашто од безбедносен аспект за државата е проблем, кажа тогашниот премиер Заев.

Една година подоцна, пишува 360 степени, во простории во една од кулите на улицата Џон Кенеди во Чаир неколку месеци нормално си работи исламската селефиска заедница Дар Ел Хадис.

Немаше потреба затоа што се беше според правилата и законите, ние не се спротивставивме на ниту едно прашање, ниту навредивме некого, ниту некому му се мешавме во неговиот опсег, туку го остваривме нашето право да го организираме верскиот живот како што кажав претходно, врз основа на нашите верувања кои се засноваат на книгата на Алах во Куранот и сунетот на пророкот, вели Џемал Јакупи од новоформираната исламска заедница.

Причината што Дар Ел Хадис функционира непречено е што ИВЗ неодамна го загуби судскиот спор против нив и пред Апелацискиот суд.

Целиот текст тука

The post Апелација потврди дека Исламска селефиска заедница е легално регистрирана, молитви се одржуваат во Чаир appeared first on Република.

]]>

Одлуката на граѓанскиот суд од Скопје да ја впише Исламската селафистичка заедница Дар ел Хадис во регистарот на верски заедници наиде на осуда од Исламската верска заедница и од многу верници, пишува 360 степени, следејќи ја приказната една година. Гласно реагираа ИВЗ, но и тогашниот премиер Зоран Заев.
Овој чин е срамен и е многу штетен за единството на муслиманите во Македонија и е обид за паралелизам на уставната институција Исламска верска заедница, изјавил Евзал Синани – шеф на кабинет на поглаварот на ИВЗ. Информиран сум од министерот за правда дека одреден наш суд има направено регистрација на ваква заедница којашто од безбедносен аспект за државата е проблем, кажа тогашниот премиер Заев.
Една година подоцна, пишува 360 степени, во простории во една од кулите на улицата Џон Кенеди во Чаир неколку месеци нормално си работи исламската селефиска заедница Дар Ел Хадис.
Немаше потреба затоа што се беше според правилата и законите, ние не се спротивставивме на ниту едно прашање, ниту навредивме некого, ниту некому му се мешавме во неговиот опсег, туку го остваривме нашето право да го организираме верскиот живот како што кажав претходно, врз основа на нашите верувања кои се засноваат на книгата на Алах во Куранот и сунетот на пророкот, вели Џемал Јакупи од новоформираната исламска заедница.
Причината што Дар Ел Хадис функционира непречено е што ИВЗ неодамна го загуби судскиот спор против нив и пред Апелацискиот суд.
Целиот текст тука

The post Апелација потврди дека Исламска селефиска заедница е легално регистрирана, молитви се одржуваат во Чаир appeared first on Република.

]]>
МПЦ: Нема да служиме заедничка молитива со ИВЗ и Католичката црква за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mpc-nema-da-sluzime-zaednichka-molitiva-so-ivz-i-katolichkata-crkva-za-ukraina/ Sat, 30 Apr 2022 18:57:54 +0000 https://republika.mk/?p=495841

Македонската православна црква појаснува дека утре нема да има заеднички молитви со Католичката и Исламскката верска заедница туку дека  секоја верска заедница ќе има молитива во своите храмови.

Исто така напоменуваат дека овој чин не е во организација на здружението “Лесја Украинка”, туку по нивен предлог којшто беше најштедро прифатен од страна на верските заедници.

Со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, на 1 мај 2022 година, во градските и приградските храмови на Македонската Православна Црква, веднаш по светата Литургија ќе биде отслужен Молебен за мир во Украина и воопшто во светот.Го повикуваме верниот народ да се придружи на оваа заедничка молитва за мир, благосостојба и хармонија-се наведува во соопштението на МПЦ.

The post МПЦ: Нема да служиме заедничка молитива со ИВЗ и Католичката црква за Украина appeared first on Република.

]]>

Македонската православна црква појаснува дека утре нема да има заеднички молитви со Католичката и Исламскката верска заедница туку дека  секоја верска заедница ќе има молитива во своите храмови. Исто така напоменуваат дека овој чин не е во организација на здружението “Лесја Украинка”, туку по нивен предлог којшто беше најштедро прифатен од страна на верските заедници.
Со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, на 1 мај 2022 година, во градските и приградските храмови на Македонската Православна Црква, веднаш по светата Литургија ќе биде отслужен Молебен за мир во Украина и воопшто во светот.Го повикуваме верниот народ да се придружи на оваа заедничка молитва за мир, благосостојба и хармонија-се наведува во соопштението на МПЦ.

The post МПЦ: Нема да служиме заедничка молитива со ИВЗ и Католичката црква за Украина appeared first on Република.

]]>
МПЦ, ИВЗ и Католичката црква утре ќе одржат молитва за жртвите во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mpc-ivz-i-katolichkata-crkva-utre-kje-odrzat-molitva-za-zrtvite-vo-ukraina/ Sat, 30 Apr 2022 13:51:14 +0000 https://republika.mk/?p=495711

Во организација на Здружението на Украинците во Македонија, „Лесја Украинка“ утре во Соборниот храм , Македонската православна црква, Исламската верска заедница, како и Католичката црква ќе се одржат молитви за жртвите од војната во Украина.

– Во војната во Украина веќе загинаа илјадници луѓе од различна националност и верска припадност,крвопролевањето секоја минута продолжува. Поради тоа здружението на Украинци во Македонија „Лесја Украинка“, со дозвола на верските заедници во земјата, ги повикува верниците од различна вероисповед да се придружат кон организираните религиски обреди со молитви за мир во Украина и во целиот свет“, се наведува во соопштението.

The post МПЦ, ИВЗ и Католичката црква утре ќе одржат молитва за жртвите во Украина appeared first on Република.