Ивановска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ivanovska/ За подобро да се разбереме Thu, 16 Nov 2023 13:52:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ивановска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ivanovska/ 32 32 Ивановска: Неказнивоста и невладеење на правото во системот е причина за критичкиот извештај на ЕК https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ivanovska-nekaznivosta-i-nevladeene-na-pravoto-vo-sistemot-e-prichina-za-kritichkiot-izveshtaj-na-ek/ Thu, 16 Nov 2023 13:52:08 +0000 https://republika.mk/?p=702197

Неказнивоста и невладеење на правото во системот е причина за критичкиот извештај на Европската комисија, а најмногу промени за да се смени ситуацијата според неа се потребни во правосудството, истакна претседателка на Државна комисија за спречување на корупција (ДКСК) Билјана Ивановска, по одржување на предавање за борбата против корупцијата во ООУ „Гоце Делчев“ – Тетово и во ООУ „Перпарими“ во Речица, по барање на новинарите за нејзина оценка по извештајот на Европската комисија во однос на владеење на правото.

Тоа е извештај во кој ДКСК е позитивно оценета, односно нашата работа е позитивно оценета. Жал ми е што имаме таков извештај, но реално можам да кажам дека 99 отсто од препораките и констaтираните состојби што се ставени во извештајот ние веќе сме ги констатирале и сме дале препораки. Многу ни е мака што домашните институции не се почитуваат сами меѓу себе. Нашите препораки не се почитуваат, препораките од Државен завод за ревизија не се почитуваат. Јас не очекуваме дека можеме да чекориме напред доколку самите не се почитуваат. Ниту закони се почитуваат, ниту препораки, ниту луѓе меѓусебно. Прво што треба да се научиме да почитуваме, истакна Ивановска, по одржувањето на предавање во рамки на едукативната кампања „Бидете херои на чесноста“.

На прашање од новинарите каде е најголемиот проблем за таков негативен извештај за справување со корупцијата и владеење на правото, таа го посочи правосудството.

Правосудниот сектор ако е во ред сите друго брзо ќе се средат. Затоа што тој сектор треба да продуцира казнивост, а ние имаме најголем ризик од корупција покрај политичкото влијание е неказнивоста, односно невладеење на правото. Во отсуство на интегритет во тој сектор ни се случува тоа што го гледаме, рече Ивановска.

На прашањето дали ќе се отвори предмет за можна корупција, по обвинувањата од опозицијата за блиски луѓе до министерот за политички систем и Државната лотарија, Ивановска рече дека работите се во тек.

Треба да се направи анализа во однос на Министерството за политички систем, па после да кажеме што би било понатаму. Најконкретен одговор не би можела да кажам. Имаме ние отворено предмет за министерот на министерството за политички систем но во тек се работат. Истраги за министерството за политички систем има и преку други предмети, ќе видиме колку ќе стигнеме пошто е крај на мандат, рече Ивановска.

The post Ивановска: Неказнивоста и невладеење на правото во системот е причина за критичкиот извештај на ЕК appeared first on Република.

]]>

Ивановска бара навреме да се изберат новите членови на Државната комисија за спречување на корупција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ivanovska-bara-navreme-da-se-izberat-novite-chlenovi-na-drzhavnata-komisija-za-sprechuvane-na-koruptsija/ Sat, 07 Oct 2023 11:28:44 +0000 https://republika.mk/?p=688919

Мандатот на актуелните членови на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) со работа изтекува на  7 февруари 2024 година и согласно законот немаат право на повторен избор, ниту на продолжување на мандатот до изборот на нова Комисија, истакна денеска претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска која одговараше на новинарски прашања на денешната „Текстилијада“ во Штип.

Ивановски посочи дека ова значи дека од наредниот ден, 8 февруари 2024 година треба да почне со работа новата Комисија.

-Согласно Законот три месеци пред истекот на мандатот треба да започне процесот на избор за нови членови на Комисијата и ние тоа го споделивме со Комисијата за избор и именување во Собранието на Република Македонија. Разговаравме со нин и укажавме дека Законот предвидел доволно време три месеци и со време да се почне постапката, за да не дојде во ситуација институцијата да биде без Комисија, вели Ивановска.

Посочи дека ако навреме не изберат нови членови на ДКСК, тоа ќе биде лош сигнал не само за граѓаните и меѓународната заедницата, туку заради тоа што наредната година во земјава ќе има претседателски и парламентарни избори.

-Уште повеќе што наредната година се предвидуваат избори и ако една од главните надлежности на оваа Комисија е следење на изборниот процес и на изборните кампањи и тоа не би било добра порака, ако институцијата остане без Комисија, вели Ивановска.

Прашана колку е задоволна од сработенот на Комисијата во текот на мандатот, Ивановска со став дека постигнале добри резултати.

-Имајќи во предвид дека оваа институција претходно имаше негативни оценки од страна на Европската комисија, доволно е да ги погледнете оценките. Таму се бележи нашиот резултат. Јас лично сум задоволна од аспект на тоа што ние пола мандат го поминавме со непроменети услови на работа, во однос на претходната Комисија, а додовме многу поразлични резултати. Отворивме горливи теми, коишто тежат на ова општество, вели Ивановска.

Таа забележа дека дадени се препораки од нивна страна и како овие проблеми да се надминат, но како што вели ДКСК не е последната институција во системот.

-Напротив после нас има други коишто треба да ја довршат работата и тука системот попушти. Така што од крајните ефекти не можам да бидам задоволна. Меѓутоа повторно ќе кажам, секој е одговорен за тоа што го работи, за тоа што е наша надлежност, наша одговорност, наша работа јас сум задоволна, вели Ивановска.

The post Ивановска бара навреме да се изберат новите членови на Државната комисија за спречување на корупција appeared first on Република.

]]>

Мандатот на актуелните членови на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) со работа изтекува на  7 февруари 2024 година и согласно законот немаат право на повторен избор, ниту на продолжување на мандатот до изборот на нова Комисија, истакна денеска претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска која одговараше на новинарски прашања на денешната „Текстилијада“ во Штип. Ивановски посочи дека ова значи дека од наредниот ден, 8 февруари 2024 година треба да почне со работа новата Комисија. -Согласно Законот три месеци пред истекот на мандатот треба да започне процесот на избор за нови членови на Комисијата и ние тоа го споделивме со Комисијата за избор и именување во Собранието на Република Македонија. Разговаравме со нин и укажавме дека Законот предвидел доволно време три месеци и со време да се почне постапката, за да не дојде во ситуација институцијата да биде без Комисија, вели Ивановска. Посочи дека ако навреме не изберат нови членови на ДКСК, тоа ќе биде лош сигнал не само за граѓаните и меѓународната заедницата, туку заради тоа што наредната година во земјава ќе има претседателски и парламентарни избори. -Уште повеќе што наредната година се предвидуваат избори и ако една од главните надлежности на оваа Комисија е следење на изборниот процес и на изборните кампањи и тоа не би било добра порака, ако институцијата остане без Комисија, вели Ивановска. Прашана колку е задоволна од сработенот на Комисијата во текот на мандатот, Ивановска со став дека постигнале добри резултати. -Имајќи во предвид дека оваа институција претходно имаше негативни оценки од страна на Европската комисија, доволно е да ги погледнете оценките. Таму се бележи нашиот резултат. Јас лично сум задоволна од аспект на тоа што ние пола мандат го поминавме со непроменети услови на работа, во однос на претходната Комисија, а додовме многу поразлични резултати. Отворивме горливи теми, коишто тежат на ова општество, вели Ивановска. Таа забележа дека дадени се препораки од нивна страна и како овие проблеми да се надминат, но како што вели ДКСК не е последната институција во системот. -Напротив после нас има други коишто треба да ја довршат работата и тука системот попушти. Така што од крајните ефекти не можам да бидам задоволна. Меѓутоа повторно ќе кажам, секој е одговорен за тоа што го работи, за тоа што е наша надлежност, наша одговорност, наша работа јас сум задоволна, вели Ивановска.

The post Ивановска бара навреме да се изберат новите членови на Државната комисија за спречување на корупција appeared first on Република.

]]>
Богоев – Ивановска: Борбата против корупција значи поголеми приливи во Буџетот и подобри услуги за граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bogoev-ivanovska-borbata-protiv-koruptsija-znachi-pogolemi-prilivi-vo-budhetot-i-podobri-uslugi-za-graganite/ Thu, 06 Jul 2023 17:11:09 +0000 https://republika.mk/?p=658732

Борбата против корупција ќе обезбеди поголеми приливи на јавни приходи и подобрување на услугите кон граѓаните. Ова денеска го истакнал директорот на Царинската управа Стефан Богоев на средбата со претседателката на Државна комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска.

Царинската управа информира дека како поважни мерки кои се спроведуваат во моментов се евидентирање на анкетни листови и изјави за интереси согласно одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси. Дигитализацијата на царинското работење, како што наведуваат, дополнително овозможува поголема контрола на процесите.

Намалувањето на коруптивните појави ќе ја зголеми довербата во институциите, а тоа ќе резултира со намалување на сивата економија и ќе овозможи придобивки на сите нивоа, како за граѓаните, така и за подобро позиционирање на нашата држава во процесот на интеграција кон ЕУ, истакнал Богоев.

The post Богоев – Ивановска: Борбата против корупција значи поголеми приливи во Буџетот и подобри услуги за граѓаните appeared first on Република.

]]>

Борбата против корупција ќе обезбеди поголеми приливи на јавни приходи и подобрување на услугите кон граѓаните. Ова денеска го истакнал директорот на Царинската управа Стефан Богоев на средбата со претседателката на Државна комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска. Царинската управа информира дека како поважни мерки кои се спроведуваат во моментов се евидентирање на анкетни листови и изјави за интереси согласно одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси. Дигитализацијата на царинското работење, како што наведуваат, дополнително овозможува поголема контрола на процесите.
Намалувањето на коруптивните појави ќе ја зголеми довербата во институциите, а тоа ќе резултира со намалување на сивата економија и ќе овозможи придобивки на сите нивоа, како за граѓаните, така и за подобро позиционирање на нашата држава во процесот на интеграција кон ЕУ, истакнал Богоев.

The post Богоев – Ивановска: Борбата против корупција значи поголеми приливи во Буџетот и подобри услуги за граѓаните appeared first on Република.

]]>
Ивановска: ДКСК има забелешки на начинот на кој е избран Абази https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ivanovska-dksk-ima-zabeleshki-na-nachinot-na-koj-e-izbran-abazi/ Wed, 09 Nov 2022 09:58:43 +0000 https://republika.mk/?p=571809

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) има забелешки за начинот на кој се избираше првиот човек во Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), изјави денеска претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска, посочувајќи дека тоа што во јавноста излегоа фотографии на новиот шеф на Обвинителството, Ислам Абази со првите луѓе на ДУИ, остава простор да се верува дека „постоело некакво влијание“.

Да се надеваме дека новиот шеф на Обвинителството ќе застане на патот на криминалот и корупцијата, меѓутоа секако имаме забелешки за начинот на кој се избираше. Отсекогаш се бараат некакви механизми за подобар избор, еве сега се даде шанса сите обвинители на демократски начин да гласаат и тоа е во ред. Од друга страна, по мене, се заборави на критериумите за квалитет на оценките што ги дава Советот на јавни обвинители и на Програмата за работа, а сето тоа се елементи што ќе дадеа појасна слика за кој човек се работи, каква позадина има во својот професионален дел од работата. Така сликата ќе ни беше поцелосна, изјави Ивановска.

Претседателката на ДКСК вели дека не можат да кажат дали некој им наметнал на обвинителите како да гласаат, меѓутоа, како што рече, во отсуство на некои од критериумите се остава простор да помислат дека постоело некакво влијание.

Во отсуство на сите овие работи што ги набројав, останаа сликите со блиски лица во партијата, што остава простор да веруваме дека постоело некакво влијание. Доколку е тој човек со интегритет може да се избори и да докаже дека е тој што ќе го среди Обвинителството. Всушност треба да му дадеме простор на човекот, но сликата до сега не е поволна. Тој треба да вложи многу повеќе енергија за да докаже дека има интегритет и има енергија да се избори со корупцијата, рече Ивановска.

Прашана дали ДКСК ќе реагира на отсуството на критериуми што ги посочи, Ивановска рече дека тие секако прават антикорупциска проверка на легислативата.

Подготвивме и некои забелешки во однос на законот, сега нема што да реагираме бидејќи се е по законот, но ќе реагираме во насока на подобрување на критериумите за избор на јавниот обвинител, на првиот човек во ова обвинителство, бидејќи тоа е клучно. Тоа треба да е пандан на нешто што беше СЈО, нешто што навистина треба да ги спроведе сите предмети кои се донесуваат на висока корупција. Треба нова енергија која ќе биде одлучна, потенцира Ивановска.

The post Ивановска: ДКСК има забелешки на начинот на кој е избран Абази appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ: Ја повикуваме Ивановска да ги обелодени политичарите кои кријат имот пред јавноста, а ЈО да отвори постапка по допрен глас https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-ja-povikuvame-ivanovska-da-gi-obelodeni-politicharite-koi-krijat-imot-pred-javnosta-a-jo-da-otvori-postapka-po-dopren-glas/ Fri, 11 Feb 2022 21:21:48 +0000 https://republika.mk/?p=457385

Првата антикорупционерка потврди дека функционери имаат имот кој не го пријавуваат, ЈО да истражи дали е купен со парите од криминалните тендери.

Билјана Ивановска, претседател на ДКСК вечерва во интервју за една национална телевизија кажа дека знае функционери кои имаат имоти кои не ги пријавуваат, т.е. се врз други лица.

Во изминатиот период имавме бројни скандали и корупциски афери, од кои гледавме како од власта се испумпувани пари преку тендери, набавки се плаќани неколкукратно поскапо од тоа што чинат, изјавата на Ивановска само потврдува дека тие пари завршиле во купување на имот, кои функционерите го кријат

Доколку Билјана Ивановска како прв антикорупционер во државата знае за политичари кои имаат имот, а не го пријавеле, т.е. е запишан врз други лица, таа од позиција на институцијата на чие чело се наоѓа треба веднаш да поднесе кривични пријави против истите и да ги обелодени пред јавност.

Од изјавата се добива впечаток дека Ивановска точно знае кои лица кријат имот. И таа мора да ги обелодени.

Ја повикуваме Ивановска да ги обелодени политичарите кои кријат имот пред јавноста, а ЈО да ја повика Ивановска на разговор и да отвори постапка по допрен глас.

На граѓаните им е преку глава од функционери кои преку ноќ стануваат богати, на сметка на нивните позиции и со злоупотреба на функцијата. Одговорност мора да има.

Интегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ

The post ВМРО-ДПМНЕ: Ја повикуваме Ивановска да ги обелодени политичарите кои кријат имот пред јавноста, а ЈО да отвори постапка по допрен глас appeared first on Република.

]]>

Првата антикорупционерка потврди дека функционери имаат имот кој не го пријавуваат, ЈО да истражи дали е купен со парите од криминалните тендери. Билјана Ивановска, претседател на ДКСК вечерва во интервју за една национална телевизија кажа дека знае функционери кои имаат имоти кои не ги пријавуваат, т.е. се врз други лица. Во изминатиот период имавме бројни скандали и корупциски афери, од кои гледавме како од власта се испумпувани пари преку тендери, набавки се плаќани неколкукратно поскапо од тоа што чинат, изјавата на Ивановска само потврдува дека тие пари завршиле во купување на имот, кои функционерите го кријат Доколку Билјана Ивановска како прв антикорупционер во државата знае за политичари кои имаат имот, а не го пријавеле, т.е. е запишан врз други лица, таа од позиција на институцијата на чие чело се наоѓа треба веднаш да поднесе кривични пријави против истите и да ги обелодени пред јавност. Од изјавата се добива впечаток дека Ивановска точно знае кои лица кријат имот. И таа мора да ги обелодени. Ја повикуваме Ивановска да ги обелодени политичарите кои кријат имот пред јавноста, а ЈО да ја повика Ивановска на разговор и да отвори постапка по допрен глас. На граѓаните им е преку глава од функционери кои преку ноќ стануваат богати, на сметка на нивните позиции и со злоупотреба на функцијата. Одговорност мора да има. Интегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ

The post ВМРО-ДПМНЕ: Ја повикуваме Ивановска да ги обелодени политичарите кои кријат имот пред јавноста, а ЈО да отвори постапка по допрен глас appeared first on Република.

]]>