иванка трамп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ivanka-tramp/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Nov 2022 14:41:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png иванка трамп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ivanka-tramp/ 32 32 Иванка Трамп се повлекува од политичкиот живот, нема да биде со својот татко за време на кампањата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ivanka-tramp-se-povlekuva-od-politichkiot-zivot-nema-da-bide-so-svojot-tatko-za-vreme-na-kampanjata/ Wed, 16 Nov 2022 14:41:33 +0000 https://republika.mk/?p=574589

Иванка Трамп одлучи да се повлече од американската политика и активно да не се приклучува кон обидите на нејзиниот татко да ја врати Белата куќа во 2024 година.

„Решив да им дадам приоритет на моите мали деца и приватниот живот што го создаваме како семејство“, рече Иванка.

Во вторникот Доналд Трамп ја поднесе својата кандидатура за претседателските избори во 2024 година.

Неговото семејство, вклучително и неговата сопруга Меланија и синот Ерик, беа присутни во неговиот замок Мар-а-Лаго на Флорида. Присутен беше дури и сопругот на Иванка, Џаред Кушнер, но Иванка не беше.

Многу го сакам татко ми. Сепак, овој пат го избирам семејството. Не планирам да се занимавам со политика. Иако секогаш ќе го сакам и ќе го поддржувам татко ми, во иднина тоа ќе го правам надвор од политичката арена. Благодарна сум што ја имав честа да му служам на американскиот народ и секогаш ќе бидам горда на многуте достигнувања на нашата администрација, рече Иванка.

Иванка Трамп и нејзиниот сопруг играа клучни улоги во администрацијата на Трамп и беа на удар на јавноста поради многу од нивните ексцеси, делумно поради нивниот претходен живот како дел од елитната социјална сцена на Менхетен, која во голема мера е демократска.

Откако Доналд Трамп загуби од Џо Бајден во 2020 година, Иванка Трамп и нејзиното семејство се преселиле во скапа палата на Флорид, пренесе Телеграф.рс.

The post Иванка Трамп се повлекува од политичкиот живот, нема да биде со својот татко за време на кампањата appeared first on Република.

]]>

Иванка Трамп одлучи да се повлече од американската политика и активно да не се приклучува кон обидите на нејзиниот татко да ја врати Белата куќа во 2024 година. „Решив да им дадам приоритет на моите мали деца и приватниот живот што го создаваме како семејство“, рече Иванка. Во вторникот Доналд Трамп ја поднесе својата кандидатура за претседателските избори во 2024 година. Неговото семејство, вклучително и неговата сопруга Меланија и синот Ерик, беа присутни во неговиот замок Мар-а-Лаго на Флорида. Присутен беше дури и сопругот на Иванка, Џаред Кушнер, но Иванка не беше.
Многу го сакам татко ми. Сепак, овој пат го избирам семејството. Не планирам да се занимавам со политика. Иако секогаш ќе го сакам и ќе го поддржувам татко ми, во иднина тоа ќе го правам надвор од политичката арена. Благодарна сум што ја имав честа да му служам на американскиот народ и секогаш ќе бидам горда на многуте достигнувања на нашата администрација, рече Иванка.
Иванка Трамп и нејзиниот сопруг играа клучни улоги во администрацијата на Трамп и беа на удар на јавноста поради многу од нивните ексцеси, делумно поради нивниот претходен живот како дел од елитната социјална сцена на Менхетен, која во голема мера е демократска. Откако Доналд Трамп загуби од Џо Бајден во 2020 година, Иванка Трамп и нејзиното семејство се преселиле во скапа палата на Флорид, пренесе Телеграф.рс.

The post Иванка Трамп се повлекува од политичкиот живот, нема да биде со својот татко за време на кампањата appeared first on Република.

]]>
И убавата Иванка ќе сведочи за нападот во Капитол Хил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/i-ubavata-ivanka-kje-svedochi-za-napadot-vo-kapitol-hil/ Fri, 21 Jan 2022 07:33:43 +0000 https://republika.mk/?p=447333

Поткомитет на Претставничкиот дом на САД што го истражува насилниот упад во американскиот Конгрес на почетокот на јануари 2021 година побара од Иванка Трамп, ќерката на поранешниот претседател Доналд Трамп, доброволно да соработува во постапките што ги води. Од Иванка Трамп е побарано да присуствува на сослушувањето, кое ќе се одржи на почетокот на февруари, и да даде информации за постапките на нејзиниот татко, вклучително и телефонски разговор со поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс.

Од Пододборот се обидуваат да ги потврдат тврдењата дали Трамп потоа извршил притисок врз Пенс да ги отфрли резултатите од претседателските избори на кои нејзиниот татко беше поразен. Иванка Трамп беше советник на нејзиниот татко додека тој беше американски претседател.

„Сведочењето што го добивме покажува дека персоналот на Белата куќа постојано барал ваша помош во обидот да го убеди претседателот Трамп да реагира на беззаконието и насилството на Капитол Хил“, се наведува во повикот до Иванка Трамп.

Претходно оваа недела беа издадени обврзувачки покани за присуство на судењето на Руди Џулијани и другите членови на правниот тим на Трамп кои поднесоа неосновани приговори за регуларноста на изборните резултати во 2020 година.

The post И убавата Иванка ќе сведочи за нападот во Капитол Хил appeared first on Република.

]]>

Поткомитет на Претставничкиот дом на САД што го истражува насилниот упад во американскиот Конгрес на почетокот на јануари 2021 година побара од Иванка Трамп, ќерката на поранешниот претседател Доналд Трамп, доброволно да соработува во постапките што ги води. Од Иванка Трамп е побарано да присуствува на сослушувањето, кое ќе се одржи на почетокот на февруари, и да даде информации за постапките на нејзиниот татко, вклучително и телефонски разговор со поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс. Од Пододборот се обидуваат да ги потврдат тврдењата дали Трамп потоа извршил притисок врз Пенс да ги отфрли резултатите од претседателските избори на кои нејзиниот татко беше поразен. Иванка Трамп беше советник на нејзиниот татко додека тој беше американски претседател. „Сведочењето што го добивме покажува дека персоналот на Белата куќа постојано барал ваша помош во обидот да го убеди претседателот Трамп да реагира на беззаконието и насилството на Капитол Хил“, се наведува во повикот до Иванка Трамп. Претходно оваа недела беа издадени обврзувачки покани за присуство на судењето на Руди Џулијани и другите членови на правниот тим на Трамп кои поднесоа неосновани приговори за регуларноста на изборните резултати во 2020 година.

The post И убавата Иванка ќе сведочи за нападот во Капитол Хил appeared first on Република.

]]>
Иванка и Доналд Трамп повикани на распит https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ivanka-i-donald-tramp-povikani-na-raspit/ Mon, 03 Jan 2022 19:25:28 +0000 https://republika.mk/?p=440140

Јавната обвинителка на Њујорк повика на испитување уште две од децата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп помладиот и Иванка Трамп, како дел од граѓанската истрага за измама поврзана со бизнисот на Трамп, јави денеска весникот „Њујорк Тајмс“.

Поканите, издадени од канцеларијата на јавната обвинителка Летиција Џејмс, им биле предадени уште на 1 декември, заедно со судската покана до самиот Трамп, пишува весникот, цитирајќи лице запознаено со случајот.

Поранешниот републикански претседател во меѓувреме ја тужеше обвинителката Џејмс за да ја блокира нејзината истрага против неговата компанија, обвинувајќи ја за „политички прогон“ и „лов на вештерки“.

Канцеларијата на Џејмс сака да ги испраша членовите на семејството Трамп како дел од истрагата во која треба да се  утврди дали компанијата „Организацијата Трамп“, манипулирала со проценетите вредности на нејзиниот недвижен имот.

Нејзината истрага е поврзана со кривичната истрага на окружниот обвинител на Менхетен за деловните практики на компанијата на Трамп, вклучително и наводите дека таа ја преувеличила вредноста на дел од нејзиниот недвижен имот за да добие заеми и даночни олеснувања. Џејмс се приклучи на истрагата во мај. Двете истраги се одвоени.

Канцеларијата на јавната обвинителка Џејмс го сослуша Ерик, синот на Трамп, во октомври 2020 година, наведува весникот „Њујорк Тајмс

The post Иванка и Доналд Трамп повикани на распит appeared first on Република.

]]>

Јавната обвинителка на Њујорк повика на испитување уште две од децата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп помладиот и Иванка Трамп, како дел од граѓанската истрага за измама поврзана со бизнисот на Трамп, јави денеска весникот „Њујорк Тајмс“. Поканите, издадени од канцеларијата на јавната обвинителка Летиција Џејмс, им биле предадени уште на 1 декември, заедно со судската покана до самиот Трамп, пишува весникот, цитирајќи лице запознаено со случајот. Поранешниот републикански претседател во меѓувреме ја тужеше обвинителката Џејмс за да ја блокира нејзината истрага против неговата компанија, обвинувајќи ја за „политички прогон“ и „лов на вештерки“. Канцеларијата на Џејмс сака да ги испраша членовите на семејството Трамп како дел од истрагата во која треба да се  утврди дали компанијата „Организацијата Трамп“, манипулирала со проценетите вредности на нејзиниот недвижен имот. Нејзината истрага е поврзана со кривичната истрага на окружниот обвинител на Менхетен за деловните практики на компанијата на Трамп, вклучително и наводите дека таа ја преувеличила вредноста на дел од нејзиниот недвижен имот за да добие заеми и даночни олеснувања. Џејмс се приклучи на истрагата во мај. Двете истраги се одвоени. Канцеларијата на јавната обвинителка Џејмс го сослуша Ерик, синот на Трамп, во октомври 2020 година, наведува весникот „Њујорк Тајмс

The post Иванка и Доналд Трамп повикани на распит appeared first on Република.

]]>