иван Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ivan/ За подобро да се разбереме Mon, 08 Aug 2022 07:50:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png иван Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ivan/ 32 32 Роденденски подарок што никогаш нема да го заборавам:Иван ја раскажа својата приказна еден месец по спасувањето https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/rodendenski-podarok-shto-nikogash-nema-da-go-zaboravam-ivan-ja-raskaza-svojata-prikazna-eden-mesec-po-spasuvanjeto/ Mon, 08 Aug 2022 07:50:27 +0000 https://republika.mk/?p=537839

Скопјанецот Иван (30) кој кој минатиот месец заедно со пријателите исчезна на отворено море од плажата Мити на Халкидики, но беше спасен по 20-тина часа од страна на грчките спасувачки служби ја раскажа својата шокантна приказна за преживувањето и спасувањето. Неговиот пријател, 31-годишниот Мартин Јовановски се` уште не е пронајден и покрај опсежната и секојдневна потрага во која освен грчките служби, беа вклучени и волонтери и пријатели од Македонија.

Вториот ден кога видов дека сите бараат по околните места. Тогаш сфатив дека веројатно нема да ме најдат - вели Иван, опишувајќи низ што поминал и што размислувал во тие тешки часови.

Беше разочарувачки. Поминаа 20 скоро 21 час. Иван излезе како победник… По 20 часа на море сам и беспомошен, кошмарот заврши.

Тоа беше најлошиот роденденски подарок, во смисла на хоророт низ кој помина и кој го опишув за грчката телевизија СКАИ.

Иван овој роденденски подарок никогаш нема да го заборави. Еден месец подоцна, во разговор со новинарот Христос Николаидис го опишува времето на теророт, кога струите го носеле од плажата Мити до Посеиди на Халкидики каде го прославувал својот роденден, 15 наутички милји подалеку, јужно од Касандра.

Во тие моменти противник му е студот и темнината. Иван многу карактеристично го опишува „мирисот на смртта“ кој се чувствува кога во текот на ноќта нема надеж за спасување.

Тоа е исто како и секое друго чувство, вие само ја прифаќате вашата судбина, правите што можете и се концентрате на својот опстанок - рече Иван.

Сето тоа додека една топка не му ја промени судбината…

Да, најдов мала топка, детска топка. Вториот ден беше тоа, само неколку часа по изгрејсонцето, вели Иван за топката, која иако издувана, го одржа во живот додека со часови беше во вода.

Ја најдов топката во морето и допливав кон неа и ја држев со раце. Таа беше малку издувана. Беше разочарувачки. Но, тој не се откажа, продолжи да се бори со брановите, цврсто држејќи се за истата топка што двајца браќа ја загубија во Лемнос 10 дена претходно.

Само благодарам, вистинска благодарност до сите што учествуваа во моето спасување без разлика на нивната улога - изјавува Иван, сеќавајќи се како се чувствувал кога сфатил дека хеликоптерот што лета над него го забележал.

Сега Иван се обидува да го заборави тоа што се случи, но никогаш нема да престане, како што вели, да ги води сопствените битки, објави грчката телевизија.

Кратко по исчезнувањето на 9.јули од морето е извлечен неговиот пријател Васил, а потрагата по Мартин Јовановски официјално, од страна на грчката крајбрежна служба ОФКАТ прекина пред десетина дена, но пријателите не се откажуваат и остануваат да го бараат по бреговите на Халкидики.

The post Роденденски подарок што никогаш нема да го заборавам:Иван ја раскажа својата приказна еден месец по спасувањето appeared first on Република.

]]>

Скопјанецот Иван (30) кој кој минатиот месец заедно со пријателите исчезна на отворено море од плажата Мити на Халкидики, но беше спасен по 20-тина часа од страна на грчките спасувачки служби ја раскажа својата шокантна приказна за преживувањето и спасувањето. Неговиот пријател, 31-годишниот Мартин Јовановски се` уште не е пронајден и покрај опсежната и секојдневна потрага во која освен грчките служби, беа вклучени и волонтери и пријатели од Македонија.
Вториот ден кога видов дека сите бараат по околните места. Тогаш сфатив дека веројатно нема да ме најдат - вели Иван, опишувајќи низ што поминал и што размислувал во тие тешки часови.
Беше разочарувачки. Поминаа 20 скоро 21 час. Иван излезе како победник… По 20 часа на море сам и беспомошен, кошмарот заврши. Тоа беше најлошиот роденденски подарок, во смисла на хоророт низ кој помина и кој го опишув за грчката телевизија СКАИ. Иван овој роденденски подарок никогаш нема да го заборави. Еден месец подоцна, во разговор со новинарот Христос Николаидис го опишува времето на теророт, кога струите го носеле од плажата Мити до Посеиди на Халкидики каде го прославувал својот роденден, 15 наутички милји подалеку, јужно од Касандра. Во тие моменти противник му е студот и темнината. Иван многу карактеристично го опишува „мирисот на смртта“ кој се чувствува кога во текот на ноќта нема надеж за спасување.
Тоа е исто како и секое друго чувство, вие само ја прифаќате вашата судбина, правите што можете и се концентрате на својот опстанок - рече Иван.
Сето тоа додека една топка не му ја промени судбината… Да, најдов мала топка, детска топка. Вториот ден беше тоа, само неколку часа по изгрејсонцето, вели Иван за топката, која иако издувана, го одржа во живот додека со часови беше во вода. Ја најдов топката во морето и допливав кон неа и ја држев со раце. Таа беше малку издувана. Беше разочарувачки. Но, тој не се откажа, продолжи да се бори со брановите, цврсто држејќи се за истата топка што двајца браќа ја загубија во Лемнос 10 дена претходно.
Само благодарам, вистинска благодарност до сите што учествуваа во моето спасување без разлика на нивната улога - изјавува Иван, сеќавајќи се како се чувствувал кога сфатил дека хеликоптерот што лета над него го забележал.
Сега Иван се обидува да го заборави тоа што се случи, но никогаш нема да престане, како што вели, да ги води сопствените битки, објави грчката телевизија. Кратко по исчезнувањето на 9.јули од морето е извлечен неговиот пријател Васил, а потрагата по Мартин Јовановски официјално, од страна на грчката крајбрежна служба ОФКАТ прекина пред десетина дена, но пријателите не се откажуваат и остануваат да го бараат по бреговите на Халкидики.

The post Роденденски подарок што никогаш нема да го заборавам:Иван ја раскажа својата приказна еден месец по спасувањето appeared first on Република.

]]>
Иван си замина од болница: Бев во вода повеќе од 20 часа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ivan-si-zamina-od-bolnica-bev-vo-voda-povekje-od-20-chasa/ Tue, 12 Jul 2022 15:46:07 +0000 https://republika.mk/?p=527629

30-годишниот Иван кој држејќи се за топка беше спасен од Егејското Море на Халкидики, е отпуштен од болницата Папаниколау во Солун, каде што беше хоспитализиран од неделата напладне, јавува грчкa Protothema.

Лекарите велат дека тој е во одлична состојба и може да патува, односно да си оди дома со членовите на семејство.

Според информациите на protothema.gr, неколку часа пред лекарите да го пуштат, бил лекуван поради тешка дехидрација.

Сакам да им се заблагодарам на луѓето кои учествуваа во моето спасување. Посебна благодарност до хеликоптерските екипажи и луѓето на чамците кои ме презедоа, им рече 30-годишниот Иван на новинарите додека ја напушташе болницата Папаниколау.

Тој нагласи дека не бил во вода 18 часа туку повеќе од 20 часа, додека на новинарите им порача дека во следните денови ќе ги повика на разговор.

https://youtu.be/RDAXY_QG8aM

The post Иван си замина од болница: Бев во вода повеќе од 20 часа appeared first on Република.

]]>

30-годишниот Иван кој држејќи се за топка беше спасен од Егејското Море на Халкидики, е отпуштен од болницата Папаниколау во Солун, каде што беше хоспитализиран од неделата напладне, јавува грчкa Protothema. Лекарите велат дека тој е во одлична состојба и може да патува, односно да си оди дома со членовите на семејство. Според информациите на protothema.gr, неколку часа пред лекарите да го пуштат, бил лекуван поради тешка дехидрација.
Сакам да им се заблагодарам на луѓето кои учествуваа во моето спасување. Посебна благодарност до хеликоптерските екипажи и луѓето на чамците кои ме презедоа, им рече 30-годишниот Иван на новинарите додека ја напушташе болницата Папаниколау.
Тој нагласи дека не бил во вода 18 часа туку повеќе од 20 часа, додека на новинарите им порача дека во следните денови ќе ги повика на разговор. https://youtu.be/RDAXY_QG8aM

The post Иван си замина од болница: Бев во вода повеќе од 20 часа appeared first on Република.

]]>
Топката што му го спаси животот на Иван пред десетина дена ја изгубиле две деца кај Лемнос https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/topkata-shto-mu-go-spasi-zivotot-na-ivan-pred-desetina-dena-ja-izgubile-dve-deca-kaj-lemnos/ Mon, 11 Jul 2022 12:50:59 +0000 https://republika.mk/?p=527029

Топката што го спаси 30-годишниот Иван, кој беше 18 часа исчезнат во морето кај Халкидики, стигнала во неговите раце од островот Лемнос, од каде што патувала по водата 10 дена, објавија грчките медиуми.

“Спасот“ во Одисеја на Иван пристигна од Лемнос. Причината за спасувањето на Иван на Халкидики, кој успеал да излезе неповреден по 19 часа авантура на море, благодарение на топката која случајно била пронајдена во водата. Топката што го спаси Иван на Халкидики била изгубена од плажата Евгати во Лемнос, на 30 јуни!, открива voria.gr.

Според нивните сознанија, на оваа плажа со родителите отишле две мали деца, 6-годишниот Танос и 11-годишниот Трифон од Солун. Таму двете деца си играле со топката се додека во одреден момент таа не им паднала и ја одвлекле морските струи. Всушност, пливач кој случајно се нашол на местото на настанот во тој момент се обидел да ја фати, но безуспешно. Нивната мајка ја видела фотографијата со топката на Voria.gr и препознала дека е иста како онаа што нејзините деца ја изгубиле во Лемнос!

Загубата на децата се претвори во божји дар за 30-годишникот кој се најде 19 часа да се бори со брановите среде море. Топката која е од кожа и е со големина на онаа за ракомет, иако била полунадуена, како што пријавил 30-годишникот, успеала да му помогне да го одржи во живот, објави порталот, а пренесува Прототема.

„Имав постојани информации за текот на спасувањето и многу сум среќна поради непречено завршување на авантурата на младиот човек. Продолжуваат истрагите за пронаоѓање на трето исчезнато лице. Се надевам дека третото момче многу брзо ќе биде пронајдено живо. Младиот човек пронашол топка која му го спасила животот додека му помагал кога се уморил. Благодареност на пристаништето, ЕКАБ и Здравствениот дом Касандра, воздухопловните сили, грчката полиција, рибарските чамци на Неа Скиони, 2-те чамци кои пловат во областа, сите спасувачки тимови и волонтерите, напиша на Фејсбук градоначалничката на Касандра Анастасија Чалкиа.

The post Топката што му го спаси животот на Иван пред десетина дена ја изгубиле две деца кај Лемнос appeared first on Република.

]]>

Топката што го спаси 30-годишниот Иван, кој беше 18 часа исчезнат во морето кај Халкидики, стигнала во неговите раце од островот Лемнос, од каде што патувала по водата 10 дена, објавија грчките медиуми. “Спасот“ во Одисеја на Иван пристигна од Лемнос. Причината за спасувањето на Иван на Халкидики, кој успеал да излезе неповреден по 19 часа авантура на море, благодарение на топката која случајно била пронајдена во водата. Топката што го спаси Иван на Халкидики била изгубена од плажата Евгати во Лемнос, на 30 јуни!, открива voria.gr. Според нивните сознанија, на оваа плажа со родителите отишле две мали деца, 6-годишниот Танос и 11-годишниот Трифон од Солун. Таму двете деца си играле со топката се додека во одреден момент таа не им паднала и ја одвлекле морските струи. Всушност, пливач кој случајно се нашол на местото на настанот во тој момент се обидел да ја фати, но безуспешно. Нивната мајка ја видела фотографијата со топката на Voria.gr и препознала дека е иста како онаа што нејзините деца ја изгубиле во Лемнос!
Загубата на децата се претвори во божји дар за 30-годишникот кој се најде 19 часа да се бори со брановите среде море. Топката која е од кожа и е со големина на онаа за ракомет, иако била полунадуена, како што пријавил 30-годишникот, успеала да му помогне да го одржи во живот, објави порталот, а пренесува Прототема.
„Имав постојани информации за текот на спасувањето и многу сум среќна поради непречено завршување на авантурата на младиот човек. Продолжуваат истрагите за пронаоѓање на трето исчезнато лице. Се надевам дека третото момче многу брзо ќе биде пронајдено живо. Младиот човек пронашол топка која му го спасила животот додека му помагал кога се уморил. Благодареност на пристаништето, ЕКАБ и Здравствениот дом Касандра, воздухопловните сили, грчката полиција, рибарските чамци на Неа Скиони, 2-те чамци кои пловат во областа, сите спасувачки тимови и волонтерите, напиша на Фејсбук градоначалничката на Касандра Анастасија Чалкиа.

The post Топката што му го спаси животот на Иван пред десетина дена ја изгубиле две деца кај Лемнос appeared first on Република.

]]>
Исповед на 30 годишниот Иван: Во вода влегол да ги спаси другарите, а потоа помина 20 часа на отворено море https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ispoved-na-30-godishniot-ivan-vo-voda-vlegol-da-gi-spasi-drugarite-a-potoa-pomina-20-chasa-na-otvoreno-more/ Mon, 11 Jul 2022 08:16:02 +0000 https://republika.mk/?p=526855

Тоа што го доживеа на Халкидики потсетува на филм. 30-годишниот Иван пливал цели 20 часа и се држел за топка која случајно ја нашол во морето. 24 часа по спасувањето, тој опишува моменти кои ќе ги памети цел живот…

Она што го доживеа на Халкидики додека не заврши неговото драматично спасување од морето ќе го памети засекогаш. 30-годишниот Иван, кој се нурнал за да ги спаси своите двајца пријатели, струите го однеле и се упатил кон Пелион. За негова среќа пронашол топка која, како што вели за newsit.gr, не била добро надуена. Но, таа беше спас за него, бидејќи можеше да го задржи и да земе здив. Без неа работите би биле уште потешки.

Авантурата на тројцата млади момчиња од Македонија на Халкидики ја шокираше цела Грција. Крајбрежната стража и волонтерски спасувачки тимови дадоа се од себе и двајцата беа пронајдени живи. Потрагата продолжува за пронаоѓање на третото лице.

Спасувањето на 30-годишниот Иван вчера, недела 10.07.2022 година, на Халкидики, ги исполни со радост и неговото семејство кое беше во областа да учествува во потрагата, но и спасувачите кои му пријдоа и го извлекоа жив од морето. Добрата физичка кондиција и топката која ја нашол пред себе во морето биле она што го одржало во живот.

По спасувањето, 30-годишникот е пренесен за прва помош во Здравствениот дом Касандра на Халкидики, а оттаму во болницата Папаниколау во Солун, каде што е и денеска. 30-годишниот Иван, кој е крајно загрижен за судбината на својот трет пријател, зборува за newsit.gr и ги опишува тешките моменти кои ги поминал сите тие часови во морето:

Мојата авантура буквално никогаш не заврши. Мачењето од брановите сè уште се гледа на моето тело, кое само полека пропаѓа од макотрпниот напор што го вложив со мускулите да се задржам. Бескрајното количество солена вода што го испив во морето и дехидрацијата што ја претрпев многу ми отежнуваат. Но, тука е и психолошкиот фактор во целото ова, што всушност е полошо, затоа и не размислувам толку за болката и сето тоа. Првиот повик за помош беше во 16:13 кога влегов во вода и се обидував да му помогнам на мојот пријател да се смири.

Ме најдоа следниот ден веднаш по 12.00 часот. Во морето бев околу 20 часа. Толку часови вознемиреност за мене и моите пријатели. И во исто време се обидувам да се спасам. Топката што ја најдов беше полунадуена и едвај се држев за неа со рака и останав на површината.

Сигурно ми помогна тоа што ја најдов топката, но она што навистина ми го спаси животот беа спасувачките тимови и од се срце им благодарам, заклучува 30-годишникот во сведоштво за newsit.gr.

Потрагата за спасување на 28-годишникот продолжува и денеска на море и на копно и ѝ помагаат два брода на крајбрежната стража, хеликоптер на воздухопловните сили од воздух, како и спасувачи доброволци од OFKATH и Грчкиот спасувачки тим.

The post Исповед на 30 годишниот Иван: Во вода влегол да ги спаси другарите, а потоа помина 20 часа на отворено море appeared first on Република.

]]>

Тоа што го доживеа на Халкидики потсетува на филм. 30-годишниот Иван пливал цели 20 часа и се држел за топка која случајно ја нашол во морето. 24 часа по спасувањето, тој опишува моменти кои ќе ги памети цел живот… Она што го доживеа на Халкидики додека не заврши неговото драматично спасување од морето ќе го памети засекогаш. 30-годишниот Иван, кој се нурнал за да ги спаси своите двајца пријатели, струите го однеле и се упатил кон Пелион. За негова среќа пронашол топка која, како што вели за newsit.gr, не била добро надуена. Но, таа беше спас за него, бидејќи можеше да го задржи и да земе здив. Без неа работите би биле уште потешки. Авантурата на тројцата млади момчиња од Македонија на Халкидики ја шокираше цела Грција. Крајбрежната стража и волонтерски спасувачки тимови дадоа се од себе и двајцата беа пронајдени живи. Потрагата продолжува за пронаоѓање на третото лице. Спасувањето на 30-годишниот Иван вчера, недела 10.07.2022 година, на Халкидики, ги исполни со радост и неговото семејство кое беше во областа да учествува во потрагата, но и спасувачите кои му пријдоа и го извлекоа жив од морето. Добрата физичка кондиција и топката која ја нашол пред себе во морето биле она што го одржало во живот. По спасувањето, 30-годишникот е пренесен за прва помош во Здравствениот дом Касандра на Халкидики, а оттаму во болницата Папаниколау во Солун, каде што е и денеска. 30-годишниот Иван, кој е крајно загрижен за судбината на својот трет пријател, зборува за newsit.gr и ги опишува тешките моменти кои ги поминал сите тие часови во морето: Мојата авантура буквално никогаш не заврши. Мачењето од брановите сè уште се гледа на моето тело, кое само полека пропаѓа од макотрпниот напор што го вложив со мускулите да се задржам. Бескрајното количество солена вода што го испив во морето и дехидрацијата што ја претрпев многу ми отежнуваат. Но, тука е и психолошкиот фактор во целото ова, што всушност е полошо, затоа и не размислувам толку за болката и сето тоа. Првиот повик за помош беше во 16:13 кога влегов во вода и се обидував да му помогнам на мојот пријател да се смири. Ме најдоа следниот ден веднаш по 12.00 часот. Во морето бев околу 20 часа. Толку часови вознемиреност за мене и моите пријатели. И во исто време се обидувам да се спасам. Топката што ја најдов беше полунадуена и едвај се држев за неа со рака и останав на површината. Сигурно ми помогна тоа што ја најдов топката, но она што навистина ми го спаси животот беа спасувачките тимови и од се срце им благодарам, заклучува 30-годишникот во сведоштво за newsit.gr. Потрагата за спасување на 28-годишникот продолжува и денеска на море и на копно и ѝ помагаат два брода на крајбрежната стража, хеликоптер на воздухопловните сили од воздух, како и спасувачи доброволци од OFKATH и Грчкиот спасувачки тим.

The post Исповед на 30 годишниот Иван: Во вода влегол да ги спаси другарите, а потоа помина 20 часа на отворено море appeared first on Република.

]]>
Хрватскиот премиер по третпат стана татко: На синот му даде име кое е многу често во Србија и Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hrvatskiot-premier-po-tretpat-stana-tatko-na-sinot-mu-dade-ime-koe-e-mnogu-chesto-vo-srbija-i-makedonija/ Thu, 31 Mar 2022 07:29:39 +0000 https://republika.mk/?p=481210

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, доцна синоќа стана татко по трет пат. Тој доби син, кој ќе го носи името Иван.

Хрватскиот премиер и неговата сопруга Ана Маслаќ Пленковиќ веќе имаат две деца, ќерката Мила, која има четири години, и синот Марио кој има седум.

Вечерва во болницата Петрова во Загреб е роден Иван Пленковиќ. Пораѓањето помина добро, а гордите родители Ана и Андреј, како и Мила и Марио се пресреќни поради раѓањето во семејството - соопшти синоќа портпаролот на премиерот, Марко Милиќ.

На почетокот на февруари беше објавено дека сопругата на премиерот, Ана е бремена, а семејството на премиерот ретко се појавува во јавноста.

The post Хрватскиот премиер по третпат стана татко: На синот му даде име кое е многу често во Србија и Македонија appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, доцна синоќа стана татко по трет пат. Тој доби син, кој ќе го носи името Иван. Хрватскиот премиер и неговата сопруга Ана Маслаќ Пленковиќ веќе имаат две деца, ќерката Мила, која има четири години, и синот Марио кој има седум.