Иван Стоилковиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ivan-stoilkovikj/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 13:36:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Иван Стоилковиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ivan-stoilkovikj/ 32 32 Стоилковиќ не е на меѓувладината седница во Косово поради неодложни обврски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovik-ne-e-na-meguvladinata-sednitsa-vo-kosovo-poradi-neodlozhni-obvrski/ Mon, 18 Nov 2024 13:36:27 +0000 https://republika.mk/?p=839204

Министерот за политички систем и односи со заедниците, вицепремиерот Иван Стоилковиќ денеска не учествува на заедничката седница на владите на Македонија и Косово во Приштина. Во владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски се сите министри од македонската влада, освен Стоилковиќ.

Иако првата асоцијација за отсуството на Стоилковиќ се ставовите кои тој и неговата Демократска партија на Србите во Македонија ги имаат спрема Косово, сепак, како што објаснуваат од неговиот кабинет за „Република“, тоа не е случај денеска.

Министерот Стоилковиќ денеска е со целосно исполнет ден и единствената причина што не е дел од македонската делегација е поради претходно договорени неодложни обврски, велат од неговиот кабинет.

The post Стоилковиќ не е на меѓувладината седница во Косово поради неодложни обврски appeared first on Република.

]]>

Министерот за политички систем и односи со заедниците, вицепремиерот Иван Стоилковиќ денеска не учествува на заедничката седница на владите на Македонија и Косово во Приштина. Во владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски се сите министри од македонската влада, освен Стоилковиќ. Иако првата асоцијација за отсуството на Стоилковиќ се ставовите кои тој и неговата Демократска партија на Србите во Македонија ги имаат спрема Косово, сепак, како што објаснуваат од неговиот кабинет за „Република“, тоа не е случај денеска.
Министерот Стоилковиќ денеска е со целосно исполнет ден и единствената причина што не е дел од македонската делегација е поради претходно договорени неодложни обврски, велат од неговиот кабинет.

The post Стоилковиќ не е на меѓувладината седница во Косово поради неодложни обврски appeared first on Република.

]]>
Стоилковиќ: Првите сто дена затекнав министерство во хаос и административен криминал, што допреле исушиле https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovik-prvite-sto-dena-zateknav-ministerstvo-vo-haos-i-administrativen-kriminal-shto-doprele-isushile/ Wed, 02 Oct 2024 06:46:10 +0000 https://republika.mk/?p=821552

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ го сподели своето искуство во првите сто дена од Владата:

1. Наместо нормално преземање на работите, по изборот на Владата, следеше „дочек на нож“ на одреден дел од јавноста, кои со лажни обвиненија се обидуваа да ја сокријат омразата, но сум научил на лошо и не ми беше тешко. Непримопредавање на Министерството од стариот министер и очекуваниот крш во Министерството, кое го затекнав во поприлично хаотична состојба, без програма и основни документи за работа, исто така, го одбележаа моето влегување во Министерството, а веќе денес со сета одговорност можам да соопштам дека е воспоставен ред во Министерството.

2. По увидот во Министерството, слободно можам да заклучам дека претходната власт кон државата се однесувала по системот „пољубац смрти”, што допреле осушиле, така што граѓаните со право очекуваат одговорност. Јас сум еден од најгласните заговорници да се санкционира, пред сè, адмистративниот криминал кој го затекнав.

3. Што се однесува до односот на јавноста, можам слободно да кажам дека најголемиот број на навреди, омаловажувања и монструозни квалификации ги доживеав во изминатите сто дена. Но, на платениците на поранешниот министер и хејтерите, во овој случај антисрпски, никогаш не сум обрнувал посебно внимание. Исто така, за она што е сработено доживеав и критики и пофалби, што на некој начин е и нормално, бидејќи граѓаните секогаш очекуваат повеќе. Дали ќе биде повеќе или не, не зависи само од мене, но секако ќе биде со полн ангажман.

4. Како заменик претседател на Владата го искористив своето влијание за отворена поддршка од Србија за некои од клучните проекти за понатамошен развој на Македонија, кои ќе бидат крунисани со потпишување на меѓудржавни договори веќе идната недела при посетата на српскиот премиер на Македонија.

5. Користам прилика посебно да се заблагодарам на шефот на мојот кабинет Јелена Таст, и на Александра Тимковска задолжена за односи со јавност, кои уште од првиот ден на влегување во Министерството беа со мене и кои без било каква накнада два месеца по ред работеа со мене и дел од вработените во Министерството и учествуваа во консолидација на затекнатата состојба.

6. Како дел од Владиниот кабинет им се заблагодарувам на сите министри за отворената соработка и после сто дена работа можам да порачам дека ми е чест што сум дел од тимот на претседателот Христијан Мицкоски.

The post Стоилковиќ: Првите сто дена затекнав министерство во хаос и административен криминал, што допреле исушиле appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ го сподели своето искуство во првите сто дена од Владата: 1. Наместо нормално преземање на работите, по изборот на Владата, следеше „дочек на нож“ на одреден дел од јавноста, кои со лажни обвиненија се обидуваа да ја сокријат омразата, но сум научил на лошо и не ми беше тешко. Непримопредавање на Министерството од стариот министер и очекуваниот крш во Министерството, кое го затекнав во поприлично хаотична состојба, без програма и основни документи за работа, исто така, го одбележаа моето влегување во Министерството, а веќе денес со сета одговорност можам да соопштам дека е воспоставен ред во Министерството. 2. По увидот во Министерството, слободно можам да заклучам дека претходната власт кон државата се однесувала по системот „пољубац смрти”, што допреле осушиле, така што граѓаните со право очекуваат одговорност. Јас сум еден од најгласните заговорници да се санкционира, пред сè, адмистративниот криминал кој го затекнав. 3. Што се однесува до односот на јавноста, можам слободно да кажам дека најголемиот број на навреди, омаловажувања и монструозни квалификации ги доживеав во изминатите сто дена. Но, на платениците на поранешниот министер и хејтерите, во овој случај антисрпски, никогаш не сум обрнувал посебно внимание. Исто така, за она што е сработено доживеав и критики и пофалби, што на некој начин е и нормално, бидејќи граѓаните секогаш очекуваат повеќе. Дали ќе биде повеќе или не, не зависи само од мене, но секако ќе биде со полн ангажман. 4. Како заменик претседател на Владата го искористив своето влијание за отворена поддршка од Србија за некои од клучните проекти за понатамошен развој на Македонија, кои ќе бидат крунисани со потпишување на меѓудржавни договори веќе идната недела при посетата на српскиот премиер на Македонија. 5. Користам прилика посебно да се заблагодарам на шефот на мојот кабинет Јелена Таст, и на Александра Тимковска задолжена за односи со јавност, кои уште од првиот ден на влегување во Министерството беа со мене и кои без било каква накнада два месеца по ред работеа со мене и дел од вработените во Министерството и учествуваа во консолидација на затекнатата состојба. 6. Како дел од Владиниот кабинет им се заблагодарувам на сите министри за отворената соработка и после сто дена работа можам да порачам дека ми е чест што сум дел од тимот на претседателот Христијан Мицкоски.

The post Стоилковиќ: Првите сто дена затекнав министерство во хаос и административен криминал, што допреле исушиле appeared first on Република.

]]>
Откако постои, претставници на бошњачката заедница првпат поканети во Министерството за односи со заедниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/otkako-postoi-pretstavnitsi-na-boshnachkata-zaednitsa-prvpat-pokaneti-vo-ministerstvoto-za-odnosi-so-zaednitsite/ Fri, 27 Sep 2024 20:35:35 +0000 https://republika.mk/?p=820428

Мораме да го шириме мултиетничкиот дух, ова е идеална можност да се зачуваме, сите живееме овде и затоа во мене, пред се, ќе имате вечен пријател и се надевам на добра соработка“, порачаа од Вицепремиерот и министер за односи со заедниците, Иван Стоилковиќ, кој по повод 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, организираше прием за група просветни работници од земјите кои предаваат на босански јазик.

На средбата присуствуваа и директорот на Управата за унапредување на образованието на јазиците на заедниците Мирослав Тричковиќ и советникот за босански јазик при Управата Исмаил Демировиќ.

Како што соопштија од министерството, средбата се одржа во конструктивна атмосфера, а беа разменети мислења и ставови за актуелните состојби кои се однесуваат на етничките заедници во земјава, со фокус на подобрување на нивната положба и ширење на мултиетничкиот дух.

Вицепремиерот и министер Стоилковиќ упатувајќи пригодна честитка до сите Бошњаци кои живеат во земјава вети дека ќе се потруди во идинина, а согласно средствата со кои ќе располага Министерството за односи меѓу заедниците во Буџетот за 2025 година, и тие, како и сите етнички заедници да имаат рамноправен пристап до нив.

Мораме да го шириме мултиетничкиот дух, ова е идеална можност да се зачуваме, овде живееме сите и затоа во мене, пред сѐ, ќе имате секогаш пријател, рече Стоилковиќ, потенцирајќи оти се надева на добра соработка.

Изразувајќи го огромното задоволство што од постоењето на Министерството ова е прва средба со претставници на бошњачката заедница, просветните работници ветиле дека преку лилјанот како национален симбол на Бошњаците и Правописниот прирачник на босански, хрватски и српски јазик со основи на граматика заеднички ќе се заложат културата на помалите етнички заедници да се издигне на повисоко ниво.

https://republika.mk/vesti/makedonija/prvpat-se-razvea-stoilkovik-postavi-makedonsko-zname-pred-ministerstvoto-za-politichki-sistem/

Соговорниците на крајот од средбата се согласија дека ова е само прв чекор, со единствена цел унапредување на положбата на помалите заедници кон подобри резултати и нови, идни планови, велат од министерството.

The post Откако постои, претставници на бошњачката заедница првпат поканети во Министерството за односи со заедниците appeared first on Република.

]]>

Мораме да го шириме мултиетничкиот дух, ова е идеална можност да се зачуваме, сите живееме овде и затоа во мене, пред се, ќе имате вечен пријател и се надевам на добра соработка“, порачаа од Вицепремиерот и министер за односи со заедниците, Иван Стоилковиќ, кој по повод 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, организираше прием за група просветни работници од земјите кои предаваат на босански јазик.

На средбата присуствуваа и директорот на Управата за унапредување на образованието на јазиците на заедниците Мирослав Тричковиќ и советникот за босански јазик при Управата Исмаил Демировиќ.

Како што соопштија од министерството, средбата се одржа во конструктивна атмосфера, а беа разменети мислења и ставови за актуелните состојби кои се однесуваат на етничките заедници во земјава, со фокус на подобрување на нивната положба и ширење на мултиетничкиот дух.

Вицепремиерот и министер Стоилковиќ упатувајќи пригодна честитка до сите Бошњаци кои живеат во земјава вети дека ќе се потруди во идинина, а согласно средствата со кои ќе располага Министерството за односи меѓу заедниците во Буџетот за 2025 година, и тие, како и сите етнички заедници да имаат рамноправен пристап до нив.
Мораме да го шириме мултиетничкиот дух, ова е идеална можност да се зачуваме, овде живееме сите и затоа во мене, пред сѐ, ќе имате секогаш пријател, рече Стоилковиќ, потенцирајќи оти се надева на добра соработка.
Изразувајќи го огромното задоволство што од постоењето на Министерството ова е прва средба со претставници на бошњачката заедница, просветните работници ветиле дека преку лилјанот како национален симбол на Бошњаците и Правописниот прирачник на босански, хрватски и српски јазик со основи на граматика заеднички ќе се заложат културата на помалите етнички заедници да се издигне на повисоко ниво. https://republika.mk/vesti/makedonija/prvpat-se-razvea-stoilkovik-postavi-makedonsko-zname-pred-ministerstvoto-za-politichki-sistem/
Соговорниците на крајот од средбата се согласија дека ова е само прв чекор, со единствена цел унапредување на положбата на помалите заедници кон подобри резултати и нови, идни планови, велат од министерството.

The post Откако постои, претставници на бошњачката заедница првпат поканети во Министерството за односи со заедниците appeared first on Република.

]]>
Првпат се развеа: Стоилковиќ постави македонско знаме пред Министерството за политички систем https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prvpat-se-razvea-stoilkovik-postavi-makedonsko-zname-pred-ministerstvoto-za-politichki-sistem/ Fri, 27 Sep 2024 08:46:21 +0000 https://republika.mk/?p=820133

Министерот за политички систем и односи со заедниците и вицепремиер Иван Стоилковиќ, кој воедно е и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, побара од службите во Владата да биде доставен јарбол и македонско знаме, со што за првпат пред оваа институција во центарот на Скопје, е поставено знамето на Македонија.

Пред министерството, со кое раководеше поранешниот прв вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби, од неговото формирање немаше остакнат симбол на Македонија.

The post Првпат се развеа: Стоилковиќ постави македонско знаме пред Министерството за политички систем appeared first on Република.

]]>

Министерот за политички систем и односи со заедниците и вицепремиер Иван Стоилковиќ, кој воедно е и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, побара од службите во Владата да биде доставен јарбол и македонско знаме, со што за првпат пред оваа институција во центарот на Скопје, е поставено знамето на Македонија. Пред министерството, со кое раководеше поранешниот прв вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби, од неговото формирање немаше остакнат симбол на Македонија.

The post Првпат се развеа: Стоилковиќ постави македонско знаме пред Министерството за политички систем appeared first on Република.

]]>
Стоилковиќ-Ле Риголер: Стратешки проекти за зајакнување на суверенитетот на земјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovik-le-rigoler-strateshki-proekti-za-zajaknuvane-na-suverenitetot-na-zemjata/ Wed, 18 Sep 2024 19:54:01 +0000 https://republika.mk/?p=817589

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Франција, Кристоф ле Риголер. На средбата, како што соопштија од кабинетот на вицепремиерот било потенцирано дека имплементацијата на стратешките проекти подразбира зајакнување на суверенитетот на земјата, но и на ЕУ, особено заради интеграција на регионот во целина.

На средбата биле разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, со фокус на билатералните односи меѓу двете земји, како и зајакнување на соработката во полето на меѓуетничките односи.

-Двајцата соговорници се согласија дека имплементацијата на стратешките проекти подразбира зајакнување на суверенитетот на земјата, но и на ЕУ, особено заради интеграција на регионот во целина, како и дека добрата соработка меѓу владините институции е клучна за одржување на стабилноста и просперитетот, соопштија од кабинетот на вицепремиерот и министер за односи со заедниците, Иван Стоилковиќ.

Тој на новоименуваниот амбасадор Ле Риголер му посакал успешна дипломатска работа во земјава и воедно изразил благодарност за континуираната поддршка од Франција, особено во процесот на евроинтеграциите на Македонија и за заложбите за промоција на заедничките вредности, како што се еднаквоста, почитувањето на различностите и мултикултурниот дијалог.

Амбасадорот Ле Риголер истакнал дека Франција ќе продолжи да ја поддржува земјата на патот кон Европската Унија, но и во имплементацијата на стратешки проекти, нагласувајќи го значењето на заедничките иницијативи за унапредување на толеранцијата и соживотот меѓу различните заедници.

The post Стоилковиќ-Ле Риголер: Стратешки проекти за зајакнување на суверенитетот на земјата appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Франција, Кристоф ле Риголер. На средбата, како што соопштија од кабинетот на вицепремиерот било потенцирано дека имплементацијата на стратешките проекти подразбира зајакнување на суверенитетот на земјата, но и на ЕУ, особено заради интеграција на регионот во целина. На средбата биле разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, со фокус на билатералните односи меѓу двете земји, како и зајакнување на соработката во полето на меѓуетничките односи.
-Двајцата соговорници се согласија дека имплементацијата на стратешките проекти подразбира зајакнување на суверенитетот на земјата, но и на ЕУ, особено заради интеграција на регионот во целина, како и дека добрата соработка меѓу владините институции е клучна за одржување на стабилноста и просперитетот, соопштија од кабинетот на вицепремиерот и министер за односи со заедниците, Иван Стоилковиќ.
Тој на новоименуваниот амбасадор Ле Риголер му посакал успешна дипломатска работа во земјава и воедно изразил благодарност за континуираната поддршка од Франција, особено во процесот на евроинтеграциите на Македонија и за заложбите за промоција на заедничките вредности, како што се еднаквоста, почитувањето на различностите и мултикултурниот дијалог. Амбасадорот Ле Риголер истакнал дека Франција ќе продолжи да ја поддржува земјата на патот кон Европската Унија, но и во имплементацијата на стратешки проекти, нагласувајќи го значењето на заедничките иницијативи за унапредување на толеранцијата и соживотот меѓу различните заедници.

The post Стоилковиќ-Ле Риголер: Стратешки проекти за зајакнување на суверенитетот на земјата appeared first on Република.

]]>
Железничкиот Коридор 10 меѓу Белград и Скопје приоритет во односите меѓу Србија и Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zheleznichkiot-koridor-10-megu-belgrad-i-skopje-prioritet-vo-odnosite-megu-srbija-i-makedonija/ Thu, 05 Sep 2024 06:15:18 +0000 https://republika.mk/?p=813294

Српскиот премиер Милош Вучевиќ синоќа во Белград ја прими и водеше разговори со македонската делегација предводена од заменик претседателот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

На средбата е разговарано за политичката и економската соработка меѓу двете држави, а теми биле и Отворен Балкан и железничкото поврзување на Белград со Скопје со брз воз.

-Ми претставува огромно задоволство што денешната работна посета на претседателот на Владата на Република Србија Милош Вучевиќ освен што го отслика нивото на одличните билатерални односи меѓу македонската и српската држава беше и одлична прилика за дефинирање на следните заеднички чекори  и активности. Во фокус на разговорите беше можноста за претставување и учество на македонското стопанство при реализацијата на ЕКСПО 2027 година, како и иницијативата за одржување меѓувладини седници меѓу македонската и српската Влада, кои би требало да трасираат нови можности за подобрување на билатералната соработка, како и можности за заедничка соработка со трети пазари. Со премиерот Вучевиќ зборувавме и за интензивирање и унапредување на активностите поврзани со процесот Опен Балкан.  Согласни сме дека со интензивирање на економската соработка придонесуваме за регионален мир и стабилност. Во рамки на оваа работна средба која воедно е и подготовка за посетата на претседателот на Владата на Република Србија Вучевиќ на покана од претседателот на македонската Влада Христијан Мицкоски, планирана за крајот на септември, предвидени се уште неколку работни состаноци кои верувам дека ќе бидат исто толку продуктивни колку и денешнате средби и, пред сѐ, ќе придонесат за продлабочување на пријателските односи меѓу двете земји, изјави вицепремиерот Стоилковиќ на прес-конференцијата.

Тој се осврна и на темата за изграда на Коридорот 10 меѓу Белград и Скопје.

-Бидејќи тендерот во македонските железници се завршува во текот на оваа недела, ќе можеме да го реализираме она што го ветивме, а тоа е конечно локомотивите да почнат да сообраќаат и да може Коридорот 10 да функционира. Овој коридор во македонски железници подолго врме е во лоша состојба, но новата влада и министерот Николовски посветуваат повеќе внимание за овој коридор од останатите коридори и Мaкeдонија има намера да се приклучи кон изградба на брзата пруга, период кој ќе трае наредните 5- 6 години, да се поврзе Солун преку Скопје и Ниш, Белград, Будимпешта и Австрија, рече Стоилковиќ.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ посочи дека двете држави имаат многу заеднички нешта, дека нема отворени прашања меѓу двете земји и дека наше е да ги подобриме овие односи, да работиме на зајакнување на Западен Балкан и влез во ЕУ, за да не останеме „слепо црево“ и заборавени во оваа геополитичка поделба.

Вучевиќ смета дека мора да бидеме вреднувани согласно сите реформи и потсети дека Македонија имала тешки реформи, што е нешто што треба да се вреднува.

-Треба да формираме мешовита комисија за економска соработка. Разговарав со министерот Момировиќ тоа да се забрза, не чека потпишување на меморандум за интерконекторот за снабдување со гас, Србија сака да има диверзификација на енергентите. Треба да работиме и на единствен софтвер за луѓето да не се задржуваат на граничните премини, да нема метеж. Заинтересирани сме за соработка за она што е Отврен Балкан, ќе имаме новости за ЦЕФТА, а најважно е да се зачува мирот на Западен Балкан, тоа ни треба на сите, рече Вучевиќ.

Српскиот премиер уште еднаш упати честитки до новата влада на Македонија, истакнувајќи дека таа ќе биде достојна за одговорност пред граѓаните. Посочи дека не памети Србин да бил член на македонската влада.

-Затоа сме му благодарни на македонскиот премиер Мицкоски и го чекаме во Белград. Среќен сум поради продолжувањето на соработката меѓу двете земји, рече Вучевиќ.

The post Железничкиот Коридор 10 меѓу Белград и Скопје приоритет во односите меѓу Србија и Македонија appeared first on Република.

]]>

Српскиот премиер Милош Вучевиќ синоќа во Белград ја прими и водеше разговори со македонската делегација предводена од заменик претседателот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. На средбата е разговарано за политичката и економската соработка меѓу двете држави, а теми биле и Отворен Балкан и железничкото поврзување на Белград со Скопје со брз воз.
-Ми претставува огромно задоволство што денешната работна посета на претседателот на Владата на Република Србија Милош Вучевиќ освен што го отслика нивото на одличните билатерални односи меѓу македонската и српската држава беше и одлична прилика за дефинирање на следните заеднички чекори  и активности. Во фокус на разговорите беше можноста за претставување и учество на македонското стопанство при реализацијата на ЕКСПО 2027 година, како и иницијативата за одржување меѓувладини седници меѓу македонската и српската Влада, кои би требало да трасираат нови можности за подобрување на билатералната соработка, како и можности за заедничка соработка со трети пазари. Со премиерот Вучевиќ зборувавме и за интензивирање и унапредување на активностите поврзани со процесот Опен Балкан.  Согласни сме дека со интензивирање на економската соработка придонесуваме за регионален мир и стабилност. Во рамки на оваа работна средба која воедно е и подготовка за посетата на претседателот на Владата на Република Србија Вучевиќ на покана од претседателот на македонската Влада Христијан Мицкоски, планирана за крајот на септември, предвидени се уште неколку работни состаноци кои верувам дека ќе бидат исто толку продуктивни колку и денешнате средби и, пред сѐ, ќе придонесат за продлабочување на пријателските односи меѓу двете земји, изјави вицепремиерот Стоилковиќ на прес-конференцијата.
Тој се осврна и на темата за изграда на Коридорот 10 меѓу Белград и Скопје.
-Бидејќи тендерот во македонските железници се завршува во текот на оваа недела, ќе можеме да го реализираме она што го ветивме, а тоа е конечно локомотивите да почнат да сообраќаат и да може Коридорот 10 да функционира. Овој коридор во македонски железници подолго врме е во лоша состојба, но новата влада и министерот Николовски посветуваат повеќе внимание за овој коридор од останатите коридори и Мaкeдонија има намера да се приклучи кон изградба на брзата пруга, период кој ќе трае наредните 5- 6 години, да се поврзе Солун преку Скопје и Ниш, Белград, Будимпешта и Австрија, рече Стоилковиќ.
Српскиот премиер Милош Вучевиќ посочи дека двете држави имаат многу заеднички нешта, дека нема отворени прашања меѓу двете земји и дека наше е да ги подобриме овие односи, да работиме на зајакнување на Западен Балкан и влез во ЕУ, за да не останеме „слепо црево“ и заборавени во оваа геополитичка поделба. Вучевиќ смета дека мора да бидеме вреднувани согласно сите реформи и потсети дека Македонија имала тешки реформи, што е нешто што треба да се вреднува. -Треба да формираме мешовита комисија за економска соработка. Разговарав со министерот Момировиќ тоа да се забрза, не чека потпишување на меморандум за интерконекторот за снабдување со гас, Србија сака да има диверзификација на енергентите. Треба да работиме и на единствен софтвер за луѓето да не се задржуваат на граничните премини, да нема метеж. Заинтересирани сме за соработка за она што е Отврен Балкан, ќе имаме новости за ЦЕФТА, а најважно е да се зачува мирот на Западен Балкан, тоа ни треба на сите, рече Вучевиќ. Српскиот премиер уште еднаш упати честитки до новата влада на Македонија, истакнувајќи дека таа ќе биде достојна за одговорност пред граѓаните. Посочи дека не памети Србин да бил член на македонската влада.
-Затоа сме му благодарни на македонскиот премиер Мицкоски и го чекаме во Белград. Среќен сум поради продолжувањето на соработката меѓу двете земји, рече Вучевиќ.

The post Железничкиот Коридор 10 меѓу Белград и Скопје приоритет во односите меѓу Србија и Македонија appeared first on Република.

]]>
Министерството било снимано преку далечински уреди, имало упад во системот откако Стоилковиќ стана министер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-bilo-snimano-preku-dalechinski-uredi-imalo-upad-vo-sistemot-otkako-stoilkovik-stana-minister/ Mon, 29 Jul 2024 19:14:26 +0000 https://republika.mk/?p=801422

Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, доставил извештај до Управата за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, од далечинското следење на видео-надзорот во Министерството, кој бил поставен од страна на неговиот претходник Артан Груби.

Стоилковиќ во гостување на „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, посочи дека по направена проверка во Министерството, не можело да се утврди кој е надлежен, ниту кој го контролира видео-надзорот.

Како заменик претседател на Владата имам соодветни и безбедносни мерки околу мене и луѓето кои се грижат за таа работа направија проверки контра-тероризам и сакаа да утврдат кој е надлежен за видео-надзорот во Министерството и кој го контролира, но немаше ниту еден одговор на тоа прашање, затоа јас се обратив до фирмата која го сервисирала, односно монтирала видео-надзорот, рече Стоилковиќ.

Нагласи дека фирмата „Мак аларм“ извршила увид во Министерството, по што доставила извештај во кој се наведува дека е овозможен пристап за далечинско следење на уредите за снимање.

Ја повикавме фирмата за која мојот претходник тврди дека таква фирма не постои, таа фирма се вика „Мак аларм“, да изврши увид во Министерството од надвор и од внатре и после извршениот увид таа фирма доставува извештај во кој вели дека е овозможен пристап за далечинско следење на уредите за снимање на видео-надзорот, нагласи Стоилковиќ.

Според Стоилковиќ, направен бил упад во системот за снимање откако тој бил назначен за министер.

Јас го прашав надлежното лице од „Мак аларм“ што значи тоа. Вчера во толку и толку часот од таа и таа „IP“ адреса е извршен упад во системот. Ја замолив фирмата да ми достави соодветен извештај за тоа што го констатирале во системот и тој увид да ми го достават мене за да можам да го проследам понатаму. Лицето рече дека тоа се десетина илјади страници, му кажав „немојте толку, дајте барем стотина страници за да можам да го документирам предметот“. Дадов докази и ќе барам одговор од надлежните институции. Се распрашав во меѓувреме, велат дека „IP“ адресите ако не се посебно компјутерски заштитени или немаат некоја друга крипто заштита се лесни за наоѓање и многу лесно може да се констатира од каде бил вршен упадот во Министерството, рече Стоилковиќ.

Во врска бројот на вработени во Министерството, Стоилковиќ кажа дека има 296 вработени, но преку К-5 Програмата биле прераспределени 184 вработени, додека 12 биле примени.

Прашан дали во Министерството за односи меѓу заедниците има правична застапеност на сите заедници во државата, Стоилковиќ вели Министерството речиси да е „еднонационално“, но и покрај тоа, вели, со истите луѓе досега успеал да сработи голем број на предмети.

Министерството скоро да е „еднонационално“, но она што е битно за јавноста е дека во изминатите денови со тие исти луѓе успеав да сработам голем број на предмети, системот мора да функционира без разлика кој го сервисира, посочи Стоилковиќ.

За иницијативата на „Вреди“ за формирање албанска академија, министерот вели станува збор за „гола политичка импровизација“, бидејќи, како што кажа, Македонската академија на науките и уметностите е основана согласно закон и мошне тешко би можело да се промени тоа законско решение.

Невозможно е да има паралелизам. Ако некој се колне во Европската Унија и постојано на јавноста и презентира приказни за ЕУ, а ваму ни воведува паралелизам во Академијата, како што ДУИ и СДСМ претходно направија со државната администрација, запослувајќи партиски војници и правејќи милиони злоуптореби на системот на вработување, тогаш оценката на Европската комисија дека државната администрација е во катастрофална состијба треба утре да ни се одрази кога станува збор за Македонската академија на науки и уметности? Ако дојде време да ги делиме научниците по национална основа мисалм дека „многу далеку ќе стигнеме“, нагласи Стоилковиќ.

The post Министерството било снимано преку далечински уреди, имало упад во системот откако Стоилковиќ стана министер appeared first on Република.

]]>

Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, доставил извештај до Управата за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, од далечинското следење на видео-надзорот во Министерството, кој бил поставен од страна на неговиот претходник Артан Груби. Стоилковиќ во гостување на „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, посочи дека по направена проверка во Министерството, не можело да се утврди кој е надлежен, ниту кој го контролира видео-надзорот.
Како заменик претседател на Владата имам соодветни и безбедносни мерки околу мене и луѓето кои се грижат за таа работа направија проверки контра-тероризам и сакаа да утврдат кој е надлежен за видео-надзорот во Министерството и кој го контролира, но немаше ниту еден одговор на тоа прашање, затоа јас се обратив до фирмата која го сервисирала, односно монтирала видео-надзорот, рече Стоилковиќ.
Нагласи дека фирмата „Мак аларм“ извршила увид во Министерството, по што доставила извештај во кој се наведува дека е овозможен пристап за далечинско следење на уредите за снимање.
Ја повикавме фирмата за која мојот претходник тврди дека таква фирма не постои, таа фирма се вика „Мак аларм“, да изврши увид во Министерството од надвор и од внатре и после извршениот увид таа фирма доставува извештај во кој вели дека е овозможен пристап за далечинско следење на уредите за снимање на видео-надзорот, нагласи Стоилковиќ.
Според Стоилковиќ, направен бил упад во системот за снимање откако тој бил назначен за министер.
Јас го прашав надлежното лице од „Мак аларм“ што значи тоа. Вчера во толку и толку часот од таа и таа „IP“ адреса е извршен упад во системот. Ја замолив фирмата да ми достави соодветен извештај за тоа што го констатирале во системот и тој увид да ми го достават мене за да можам да го проследам понатаму. Лицето рече дека тоа се десетина илјади страници, му кажав „немојте толку, дајте барем стотина страници за да можам да го документирам предметот“. Дадов докази и ќе барам одговор од надлежните институции. Се распрашав во меѓувреме, велат дека „IP“ адресите ако не се посебно компјутерски заштитени или немаат некоја друга крипто заштита се лесни за наоѓање и многу лесно може да се констатира од каде бил вршен упадот во Министерството, рече Стоилковиќ.
Во врска бројот на вработени во Министерството, Стоилковиќ кажа дека има 296 вработени, но преку К-5 Програмата биле прераспределени 184 вработени, додека 12 биле примени. Прашан дали во Министерството за односи меѓу заедниците има правична застапеност на сите заедници во државата, Стоилковиќ вели Министерството речиси да е „еднонационално“, но и покрај тоа, вели, со истите луѓе досега успеал да сработи голем број на предмети.
Министерството скоро да е „еднонационално“, но она што е битно за јавноста е дека во изминатите денови со тие исти луѓе успеав да сработам голем број на предмети, системот мора да функционира без разлика кој го сервисира, посочи Стоилковиќ.
За иницијативата на „Вреди“ за формирање албанска академија, министерот вели станува збор за „гола политичка импровизација“, бидејќи, како што кажа, Македонската академија на науките и уметностите е основана согласно закон и мошне тешко би можело да се промени тоа законско решение.
Невозможно е да има паралелизам. Ако некој се колне во Европската Унија и постојано на јавноста и презентира приказни за ЕУ, а ваму ни воведува паралелизам во Академијата, како што ДУИ и СДСМ претходно направија со државната администрација, запослувајќи партиски војници и правејќи милиони злоуптореби на системот на вработување, тогаш оценката на Европската комисија дека државната администрација е во катастрофална состијба треба утре да ни се одрази кога станува збор за Македонската академија на науки и уметности? Ако дојде време да ги делиме научниците по национална основа мисалм дека „многу далеку ќе стигнеме“, нагласи Стоилковиќ.

The post Министерството било снимано преку далечински уреди, имало упад во системот откако Стоилковиќ стана министер appeared first on Република.

]]>
Башким и Ветон и илјадници други „Македонци“ кои Груби ги вработувал во неговото министерство, па ги префрлал низ институции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bashkim-i-veton-i-iljadnitsi-drugi-makedontsi-koi-grubi-gi-vrabotuval-vo-negovoto-ministerstvo-pa-gi-prefrlal-niz-institutsii/ Mon, 15 Jul 2024 18:41:12 +0000 https://republika.mk/?p=797160

Принципот на правична застапеност воопшто не важел во Министерството за политички систем, што доскоро беше превдодено од Артан Груби, открива новиот министер Иван Стоилковиќ, кој во интервју за „Канал 5“ ги покажува списоците на кои се гледа дека иако над 90% од вработените се Албанци, дел од нив се декларирале како Македонци за вештачки да се намали процентот.

Од вкупно 294 вработени само 5-мина се Македонци, покажува увидот. 99 луѓе се декларирале како Македонци иако очигледно се од албанска националност. 184 лица кои не доаѓале на работа, ќе бидат дислоцирани од министерството до крајот на годината, истакна меѓудругото министерот Стоилковиќ.

Тој најави и посебна ревизија на сите кои биле вработени првично преку ова министерство, а потоа биле распределувани по останатите институции.

Целиот разговор тука

The post Башким и Ветон и илјадници други „Македонци“ кои Груби ги вработувал во неговото министерство, па ги префрлал низ институции appeared first on Република.

]]>

Принципот на правична застапеност воопшто не важел во Министерството за политички систем, што доскоро беше превдодено од Артан Груби, открива новиот министер Иван Стоилковиќ, кој во интервју за „Канал 5“ ги покажува списоците на кои се гледа дека иако над 90% од вработените се Албанци, дел од нив се декларирале како Македонци за вештачки да се намали процентот.
Од вкупно 294 вработени само 5-мина се Македонци, покажува увидот. 99 луѓе се декларирале како Македонци иако очигледно се од албанска националност. 184 лица кои не доаѓале на работа, ќе бидат дислоцирани од министерството до крајот на годината, истакна меѓудругото министерот Стоилковиќ.
Тој најави и посебна ревизија на сите кои биле вработени првично преку ова министерство, а потоа биле распределувани по останатите институции. Целиот разговор тука

The post Башким и Ветон и илјадници други „Македонци“ кои Груби ги вработувал во неговото министерство, па ги префрлал низ институции appeared first on Република.

]]>
Стоилковиќ: Ќе работиме на продолжување на брзата пруга од македонската граница со Србија до Солун https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stoilkovik-ke-rabotime-na-prodolzhuvane-na-brzata-pruga-od-makedonskata-granitsa-so-srbija-do-solun/ Thu, 27 Jun 2024 13:24:40 +0000 https://republika.mk/?p=791316

Вицепремиерот Иван Стоилковиќ го даде своето прво интервју за српската Прва ТВ откако стапи на новата функција од кабинетот во Министерството за односи со заедниците. Во разговорот рече дека е прв министер Србин во една македонска влада од 1944 и дека не е човек на Владимир Путин, како што некои кругови тоа го тврдат во Македонија.

Јас сум Србин. Како може да бидем нечии човек? Јас цел живот сум се посветил да му служам на сопствениот народ во Македонија. Се борам за нивните права но сакам да бидам и лојален граѓанин на Македонија, вели новиот министер за односи со заедниците.

Вели дека прва активност што ќе ја направи е да го ангажира институтот за социолошко правни работи да направи студија за односите на националните заедници,а рече дека во неговиот делокруг на работење ќе има и економски активности.

Ќе работам на продолжување на изградбата на брзата пруга од македонската граница до Солун. Тоа е голема работа. Идејата е да ги собереме сите добри српски искуства кои ѝ се неопходни на Македонија. Неопходен ни е и Отворен Балкан. Тој е од голем интерес за македонската економија. Во таа смисла морам да му се заблагодарам на српскиот претседател Александар Вучиќ кој препозна дека тоа што јас го работам, што го работат Србите во Македонија е позитивно, како за Србите, така и за регионалната соработка, истакна Стоилковиќ во интервјуто.

The post Стоилковиќ: Ќе работиме на продолжување на брзата пруга од македонската граница со Србија до Солун appeared first on Република.

Стоиљковиќ: Ставањето на Бугарите во Уставот е како вишна врз шлагот на тортата, a под шлагот е ставена мина која треба полесно да ја проголтаме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovik-stavaneto-na-bugarite-vo-ustavot-e-kako-vishna-vrz-shlagot-na-tortata-a-pod-shlagot-e-stavena-mina-koja-treba-polesno-da-ja-progoltame/ Fri, 24 Mar 2023 13:21:01 +0000 https://republika.mk/?p=623239

Пратеникот на Демократската партија на Србите Иван Стоиљковиќ во интервјуто за „Република“ ,притисокот врз Македонија за ставање на Бугарите во Уставот го опишува како „вишна врз шлагот на тортата а под шлагот е ставена мина и ние треба полесно да ја проголтаме“.

https://www.youtube.com/watch?v=rM4CBMxXUgE&t=796s

Овде не станува збор за ставање на Бугарите во Уставот туку за документите кои станаа дел на преговарачката рамка.Ако ги избришеме сите делови на преговарачката рамка утре може да ги ставиме Бугарите во Уставот, нема никаков проблем-објаснува пратеникот за „Република“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovik-albanskite-partii-ke-se-naredat-kako-popchina-pred-vratata-na-vmro-dpmne-i-ke-baraat-da-bidat-del-od-novata-vlada/

The post Стоиљковиќ: Ставањето на Бугарите во Уставот е како вишна врз шлагот на тортата, a под шлагот е ставена мина која треба полесно да ја проголтаме appeared first on Република.

]]>

Пратеникот на Демократската партија на Србите Иван Стоиљковиќ во интервјуто за „Република“ ,притисокот врз Македонија за ставање на Бугарите во Уставот го опишува како „вишна врз шлагот на тортата а под шлагот е ставена мина и ние треба полесно да ја проголтаме“. https://www.youtube.com/watch?v=rM4CBMxXUgE&t=796s
Овде не станува збор за ставање на Бугарите во Уставот туку за документите кои станаа дел на преговарачката рамка.Ако ги избришеме сите делови на преговарачката рамка утре може да ги ставиме Бугарите во Уставот, нема никаков проблем-објаснува пратеникот за „Република“.
  https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovik-albanskite-partii-ke-se-naredat-kako-popchina-pred-vratata-na-vmro-dpmne-i-ke-baraat-da-bidat-del-od-novata-vlada/
 
The post Стоиљковиќ: Ставањето на Бугарите во Уставот е како вишна врз шлагот на тортата, a под шлагот е ставена мина која треба полесно да ја проголтаме appeared first on Република.

]]>
Стоилковиќ: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со сигурност нема да гласаат за уставни измени, а има и неколку пратеника од владејачкото мнозинство што нема да гласаат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovik-vmro-dpmne-i-koalitsijata-so-sigurnost-nema-da-glasaat-za-ustavni-izmeni-a-ima-i-nekolku-pratenika-od-vladejachkoto-mnozinstvo-shto-nema-da-glasaat/ Thu, 09 Feb 2023 20:53:49 +0000 https://republika.mk/?p=607123

Од владејачкото мнозинство да имаат 80 пратеника тие ќе ја достават до Собранието иницијативата за промена на Уставот. Но, немаат, значи далеку се од 80 пратеника“, истакна Иван Стоилковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија и пратеник во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Стоилковиќ додаде дека од толку што е способна власта говорат и анкетите последниов период. Последната анкета на „Брима – Галуп“ укажува дека околу 72% од граѓаните во Македонија мислат дека државата се движи во погрешна насока.

„Такво едно неодговорно однесување од власта, мислам јас искрен да бидам немам видено за овие 20-тина години. Едноставно не знаат што работат и кај тераат“, нагласи Стоилковиќ.

Стоилковиќ уште еднаш во емисијата „Само интервју“ потенцираше дека неколку пратеници од владејачкото мнозинство нема да гласаат за уставни измени.

„Какви 80 пратеника, па неколку од нив нема ниту да гласаат. Она што можам со сигурност пред македонската јавност да кажам дека има сериозна кохезија во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ постои по ова прашање за уставни измени. И нема теоретски шанси ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да гласа за уставни измени. Дури можам да ви кажам дека има неколку пратеника од другата страна кои нема да поддржат уставни промени“, укажа Стоилковиќ.

Во текот на емисијата Стоилковиќ говореше за можното влегување на Алијанса во власта. Според него некоја од албанските партии требаше да остане во опозиција.

„Не станува збор за албанскиот политички фактор, јасно е дека се штака на ДУИ, така функционираат и така ќе завршат на следните избори. Тоа е сосема јасно. Но, тоа што сериозно загрижува унисониот однос на албанските политички партии кон било што се случува во Македонија. И тој унисон пристап на албанските партии ќе се одрази на наредните избори каде што мислам дека македонскиот блок ќе издвојува поприлично голема победа“, укажа Стоилковиќ.

„Шест месеци пред изборите јас ќе влегувам во Влада, зошто? Знаете каде е Алтернатива по влегувањето во Влада? Никаде. По испитување на јавно мислење скоро бележи нула“, појасни тој.

The post Стоилковиќ: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со сигурност нема да гласаат за уставни измени, а има и неколку пратеника од владејачкото мнозинство што нема да гласаат appeared first on Република.

]]>

Од владејачкото мнозинство да имаат 80 пратеника тие ќе ја достават до Собранието иницијативата за промена на Уставот. Но, немаат, значи далеку се од 80 пратеника“, истакна Иван Стоилковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија и пратеник во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија. Стоилковиќ додаде дека од толку што е способна власта говорат и анкетите последниов период. Последната анкета на „Брима – Галуп“ укажува дека околу 72% од граѓаните во Македонија мислат дека државата се движи во погрешна насока. „Такво едно неодговорно однесување од власта, мислам јас искрен да бидам немам видено за овие 20-тина години. Едноставно не знаат што работат и кај тераат“, нагласи Стоилковиќ. Стоилковиќ уште еднаш во емисијата „Само интервју“ потенцираше дека неколку пратеници од владејачкото мнозинство нема да гласаат за уставни измени. „Какви 80 пратеника, па неколку од нив нема ниту да гласаат. Она што можам со сигурност пред македонската јавност да кажам дека има сериозна кохезија во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ постои по ова прашање за уставни измени. И нема теоретски шанси ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да гласа за уставни измени. Дури можам да ви кажам дека има неколку пратеника од другата страна кои нема да поддржат уставни промени“, укажа Стоилковиќ. Во текот на емисијата Стоилковиќ говореше за можното влегување на Алијанса во власта. Според него некоја од албанските партии требаше да остане во опозиција. „Не станува збор за албанскиот политички фактор, јасно е дека се штака на ДУИ, така функционираат и така ќе завршат на следните избори. Тоа е сосема јасно. Но, тоа што сериозно загрижува унисониот однос на албанските политички партии кон било што се случува во Македонија. И тој унисон пристап на албанските партии ќе се одрази на наредните избори каде што мислам дека македонскиот блок ќе издвојува поприлично голема победа“, укажа Стоилковиќ. „Шест месеци пред изборите јас ќе влегувам во Влада, зошто? Знаете каде е Алтернатива по влегувањето во Влада? Никаде. По испитување на јавно мислење скоро бележи нула“, појасни тој.

The post Стоилковиќ: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со сигурност нема да гласаат за уставни измени, а има и неколку пратеника од владејачкото мнозинство што нема да гласаат appeared first on Република.

]]>
Стоилковиќ: Не бидете корисни идиоти во жестоката кампања против опозицијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovikj-ne-bidete-korisni-idioti-vo-zestokata-kampanja-protiv-opozicijata/ Wed, 07 Sep 2022 08:27:08 +0000 https://republika.mk/?p=548173

„Преспанскиот договор е само врв на ледениот брег, договорот со Бугарија ќе произведе потешки и посериозни последици и ќе доведе до состојба на современ етноцид на македонскиот народ, македонскиот јазик и македонската држава.“ Така говорев кон крајот на 2017 и почетокот на 2018 година, потсетува Иван Стоилковиќ, претседател на ДПСМ и пратеник од коалицијата „Обнова на Македонија“.

Вели, иако уште од тогаш предупредував какво зло носи за македонската држава и народ Договорот со Бугарија, се надевам дека на никој нема да му падне памет да ми спори дека и после толку време имам право не само на сатисфакција, туку и чувство на кредибилитет пред македонската јавност да соопштам дека не само лично, туку и со одлука на партијските органи апсолутно ќе ја подржиме иницијативата да се организира референдум ЗА ПОНИШТУВАЊЕ на Договорот со Бугарија.

1.Жал ми е што веднаш може да приметам дека еден дел од тогашните истомисленици, не сум сигурен која „мака” ги натерала да ја променат страната, но можеби е добро што е така, затоа што продадените души мора кога тогаш како г.... да испливаат на површина и не е добро со истите да сме во исто друштво.
2. Оние што тврдат дека е глупаво прашањето за распишувањето на референдумот без оглед на нивното образование би требало да знаат дека подобро е Собранието да распише референдум за закон кој е донесен во Собранието (Закон за ратификација на договорот со Бугарија) отколку за било која друга импровизација која би се однесувала на акти кои не ги донело Собранието.
3. Референдумот е препорачлив затоа што ќе ја узбурка вештачки креираната жабокречина во политичкиот живот и ќе внесе нова енергија кај се повеќе зомбираното граѓанство.
4. Испитувањата на јавното мислење кои говорат дека од осум Македонци само еден би ги прифатил последиците предизвикани од договорот со Бугарија се императив за опозицијата да поентира стопроцентно, од сите аспекти.
5. Опозицијата треба да биде власт за да може да го поништи договорот со Бугарија, иако истата веќе тоа и го потенцираше во неколку наврати, а со референдумот дефинитивно истото и го превзема како обврска.
6. Можеби би било најдобро бидејки некако и референдумските рокови кореспондираат со можни вонредни избори истите да се случат истовремено, бидејки на тој начин најдобро ќе биде отсликана вољата на македонските граѓани визави Договорот со Бугарија и неговите последици.
7. Иницијативата и пристапот на опозицијата во однос на формулацијата на референдумското прашање кој значи конечно напуштање на негативистичкоит пристат кон проблемите со кои се соочува државата и граѓаните и отворање на позитивистичкиот пристап, замена на НЕ со ДА ќе се преточи во отворање на нова надеж за македонските граѓани.
8. На референдумот граѓаните ќе имаат прашање кое не е манипулативно и подложно на толкувања, што значи чесен пристап кон граѓаните, но во исто време и можност за едноставен и разбирлив одговор, а со тоа и разбирање на последиците од нивното изјаснување.
9. Да ги потсетам оние кои однапред почнаа кампања против референдумот, оваа се однесува на оние кои бараат влакно во јајцето, дека може да им се случи да најдат неколку влакна, но истите на крајот ќе може да им послужат само да “преду вуну, драгоме за гуњу”.
10. И на крајот, не бидете корисни идиоти во жестоката кампања, која почна уште пред референдумот, против опозицијата и нејзиниот предводник Христијан Мицковски, таквата кампања само укажува дека нема договор на Мицковски со мафијашките структури за нивна амнестија, вели тој.

The post Стоилковиќ: Не бидете корисни идиоти во жестоката кампања против опозицијата appeared first on Република.

]]>

„Преспанскиот договор е само врв на ледениот брег, договорот со Бугарија ќе произведе потешки и посериозни последици и ќе доведе до состојба на современ етноцид на македонскиот народ, македонскиот јазик и македонската држава.“ Така говорев кон крајот на 2017 и почетокот на 2018 година, потсетува Иван Стоилковиќ, претседател на ДПСМ и пратеник од коалицијата „Обнова на Македонија“. Вели, иако уште од тогаш предупредував какво зло носи за македонската држава и народ Договорот со Бугарија, се надевам дека на никој нема да му падне памет да ми спори дека и после толку време имам право не само на сатисфакција, туку и чувство на кредибилитет пред македонската јавност да соопштам дека не само лично, туку и со одлука на партијските органи апсолутно ќе ја подржиме иницијативата да се организира референдум ЗА ПОНИШТУВАЊЕ на Договорот со Бугарија.
1.Жал ми е што веднаш може да приметам дека еден дел од тогашните истомисленици, не сум сигурен која „мака” ги натерала да ја променат страната, но можеби е добро што е така, затоа што продадените души мора кога тогаш како г.... да испливаат на површина и не е добро со истите да сме во исто друштво. 2. Оние што тврдат дека е глупаво прашањето за распишувањето на референдумот без оглед на нивното образование би требало да знаат дека подобро е Собранието да распише референдум за закон кој е донесен во Собранието (Закон за ратификација на договорот со Бугарија) отколку за било која друга импровизација која би се однесувала на акти кои не ги донело Собранието. 3. Референдумот е препорачлив затоа што ќе ја узбурка вештачки креираната жабокречина во политичкиот живот и ќе внесе нова енергија кај се повеќе зомбираното граѓанство. 4. Испитувањата на јавното мислење кои говорат дека од осум Македонци само еден би ги прифатил последиците предизвикани од договорот со Бугарија се императив за опозицијата да поентира стопроцентно, од сите аспекти. 5. Опозицијата треба да биде власт за да може да го поништи договорот со Бугарија, иако истата веќе тоа и го потенцираше во неколку наврати, а со референдумот дефинитивно истото и го превзема како обврска. 6. Можеби би било најдобро бидејки некако и референдумските рокови кореспондираат со можни вонредни избори истите да се случат истовремено, бидејки на тој начин најдобро ќе биде отсликана вољата на македонските граѓани визави Договорот со Бугарија и неговите последици. 7. Иницијативата и пристапот на опозицијата во однос на формулацијата на референдумското прашање кој значи конечно напуштање на негативистичкоит пристат кон проблемите со кои се соочува државата и граѓаните и отворање на позитивистичкиот пристап, замена на НЕ со ДА ќе се преточи во отворање на нова надеж за македонските граѓани. 8. На референдумот граѓаните ќе имаат прашање кое не е манипулативно и подложно на толкувања, што значи чесен пристап кон граѓаните, но во исто време и можност за едноставен и разбирлив одговор, а со тоа и разбирање на последиците од нивното изјаснување. 9. Да ги потсетам оние кои однапред почнаа кампања против референдумот, оваа се однесува на оние кои бараат влакно во јајцето, дека може да им се случи да најдат неколку влакна, но истите на крајот ќе може да им послужат само да “преду вуну, драгоме за гуњу”. 10. И на крајот, не бидете корисни идиоти во жестоката кампања, која почна уште пред референдумот, против опозицијата и нејзиниот предводник Христијан Мицковски, таквата кампања само укажува дека нема договор на Мицковски со мафијашките структури за нивна амнестија, вели тој.

The post Стоилковиќ: Не бидете корисни идиоти во жестоката кампања против опозицијата appeared first on Република.

]]>
Стоилковиќ: Историјата се повторува, станавте администратори на Бугарија во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovikj-istorijata-se-povtoruva-stanavte-administratori-na-bugarija-vo-makedonija/ Sat, 16 Jul 2022 11:25:39 +0000 https://republika.mk/?p=529852

Да тврди некој дека почетокот на преговорите и сето ова што се случува во изминативе денови нема врска со идентитетски прашања во најмала рака е невкусно, а не само што е невкусно туку и ја навредува елементарната човечка интелигенција. Главниот проблем со почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ се идентитетските прашања и тие најдиректно се однесуваат на македонскиот народ, истакна Иван Стоилковиќ, претседател на ДПСМ и пратеник од коалицијата „Обнова на Македонија“ на денешната собраниска седница.

Стоилковиќ додаде дека секој кој што има намера да тврди спротивно од тоа дека предлогот не се однесува на идентитетските прашања очигледно многу лаже, многу манипулира.

Јас би сакал да ја тргнам завесата и да ви претставам неколку работи кои што се случуваат во Македонија секогаш кога се отвораат некои прашања и под големата галама секогаш одат некои помали прашања кои прават сериозна штета. Ќе ве потсетам вас и ќе ги потсетам овде присутните екселенции дека Рамковниот договор САД, а не само САД туку ЕУ го прогласија како еден од документите кој што е мошне важен и клучен можеби за стабилноста на Република Македонија. Епа почитувани, ако е тоа така, ќе ве потсетам дека Рамковниот договор во себе содржи три механизма на меѓунационалниот мир, политичката стабилност и довербата во Македонија. И сега ќе ве потсетам што се случи со тие три механизма во изминатиот период, првиот механизам беше Комитетот за односи помеѓу заедниците, сакате да ве потсетам дека Комитетот за односи меѓу заедниците кој што беше преставен како втор дом во Собранието на Република Македонија повеќе не функционира. Комитетот се претвори во сериозно трговска електористичка агенција која ги шета пратениците низ Македонија. Дали сте свесни за тоа? Мислам дека сте информирани? Вториот инструмент за политичка стабилизација на состојбите во Македонија беше т.н. бадентерово мнозинство со кое нели припадниците на помалите етнички заедници и припадниците на албанскиот народ во Македонија не треба да бидат прегласувани кога станува збор за нивните националните права. Со ова што денеска се случува бадентеровото мнозинство ја изгуби својата смисла и содржина затоа што истото во овој момент не се однесува за припадниците на македонскиот народ туку сосема спротивно. И третата работа која е исто така еден контролен механизам кога станува збор за Рамковниот договор тоа е препораките дека сето што се случува во државата треба да биде резултат и да се однесува и да води кон враќање на доверба не само помеѓу политичките партии туку и помеѓу граѓаните и севкупната јавност во Република Македонија. Е, дали ова ја враќа довербата или дали ова е тоа што ја стабилизира политичката состојба во државата, запраша пратеникот.

Тој посочи дека власта го нарушува уставниот поредок и сето она што е гаранција за политичката стабилност во Македонија.

The post Стоилковиќ: Историјата се повторува, станавте администратори на Бугарија во Македонија appeared first on Република.

Стоилковиќ: Пола век беше ерес да се декларираш како Србин во Македонија, а сега е ерес да си Македонец во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovikj-pola-vek-beshe-eres-da-se-deklarirash-kako-srbin-vo-makedonija-a-sega-e-eres-da-si-makedonec-vo-makedonija/ Fri, 08 Jul 2022 08:07:09 +0000 https://republika.mk/?p=525778

Сѐ беше јасно на потпишувањето на Договорот од Преспа, по што следуваше децидна изјава на грчкото МНР дека, меѓу другото, граѓаните на Македонија не треба ни да сонуваат како Македонци да влезат во ЕУ. И токму на тој бран бугарската држава ги впрегна сите свои капацитети во непромисленото бугаризирање на буквално сѐ македонско, и суштински - сѐ што основаа македонските патриоти главно во т.н. омаловажено „српско време“, па македонските комунисти бесрамно им го украдоа и потоа во рамките на Југославија го изградија како нивно наследство, сурово постапувајќи со нив, но и со нас Србите, до тој степен што за половина век беше најцрната ерес да се декларираш како Србин во Македонија, пишува во колумната за српскиот портал Факти, Иван Стоилковиќ, пратеник и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија.

Сега се чини дека е дојдено време најцрна ерес да се биде Македонец во Македонија, а процесот го водат македонските квислинзи и никој друг, комунистички манијаци, Албанци, кои во својата борба за остварување на севкупните албански национални интереси немаат милост ниту за Македонците, а камоли за нас Србите или некој друг во Македонија...

...Поддржувачите на европската интеграција ја оправдуваат секоја отстапка за Бугарија, со спинот дека ќе биде добро за земјата ако македонскиот проблем се внесе во ЕУ, очигледно не разбирајќи дека овие услови оневозможуваат тој проблем некогаш да го премине прагот на ЕУ.

...Македонската дипломатија не е дорасната на предизвикот со кој се соочува земјава, па влегоа во процес на подготовка на пристапните преговори спротивно на сите утврдени принципи и наместо билатерален пристап, добија пакет.

Процесот беше внесен во пакет со Албанија. Дури во оваа фаза се виде подметнувањето, па сега без разлика на парламентарното мнозинство, кое е прилично несигурно, процесот на прифаќање на бугаризацијата се одвива без никакви проблеми со оглед на фактот дека сите претставници на албанските партии сесрдно го поддржуваат овој процес, прифаќајќи го францускиот предлог Албанија ги почнува преговорите со ЕУ, но не и Македонија. Зошто?

Затоа што Македонија прво мора да влезе во процесот на уставни измени, да ги вклучи Бугарите во македонскиот Устав, формулацијата не е позната, но со оглед на коментарите - најверојатно ќе биде некој повисок статус.

Процесот на уставни измени според македонскиот устав трае од пет до шест месеци, а за негова промена е потребно двотретинско мнозинство, кое за парламентарното мнозинство останува недостижно и со помош на сите пратеници Албанци...

Во овој момент, постојат две можни насоки на развој.

Првата, властите формално да го прифатат францускиот предлог, отворајќи му го патот за преговори на Албанија и без спроведување на домашен терен, сепак да не ги започне пристапните преговори, со што дополнително ќе го налути македонскиот народ.

И втората, под масовен притисок на јавноста и демонстрации, рушење на македонската Влада и распишување вонредни парламентарни избори.

Опозицијата, на крилата на масовното народно незадоволство, го зголемува притисокот да го отфрли францускиот предлог и да бара нова шанса во некои нови разговори со ЕУ.

Власта, како и секоја октроирана влада, го прифаќа диктатот, иако знае дека на идните избори - кога и да се случат, ќе следи дебакл и процес на „пасокизација“ или судбина на Демократската партија на Борис Тадиќ...

The post Стоилковиќ: Пола век беше ерес да се декларираш како Србин во Македонија, а сега е ерес да си Македонец во Македонија appeared first on Република.

]]>

Сѐ беше јасно на потпишувањето на Договорот од Преспа, по што следуваше децидна изјава на грчкото МНР дека, меѓу другото, граѓаните на Македонија не треба ни да сонуваат како Македонци да влезат во ЕУ. И токму на тој бран бугарската држава ги впрегна сите свои капацитети во непромисленото бугаризирање на буквално сѐ македонско, и суштински - сѐ што основаа македонските патриоти главно во т.н. омаловажено „српско време“, па македонските комунисти бесрамно им го украдоа и потоа во рамките на Југославија го изградија како нивно наследство, сурово постапувајќи со нив, но и со нас Србите, до тој степен што за половина век беше најцрната ерес да се декларираш како Србин во Македонија, пишува во колумната за српскиот портал Факти, Иван Стоилковиќ, пратеник и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија. Сега се чини дека е дојдено време најцрна ерес да се биде Македонец во Македонија, а процесот го водат македонските квислинзи и никој друг, комунистички манијаци, Албанци, кои во својата борба за остварување на севкупните албански национални интереси немаат милост ниту за Македонците, а камоли за нас Србите или некој друг во Македонија... ...Поддржувачите на европската интеграција ја оправдуваат секоја отстапка за Бугарија, со спинот дека ќе биде добро за земјата ако македонскиот проблем се внесе во ЕУ, очигледно не разбирајќи дека овие услови оневозможуваат тој проблем некогаш да го премине прагот на ЕУ. ...Македонската дипломатија не е дорасната на предизвикот со кој се соочува земјава, па влегоа во процес на подготовка на пристапните преговори спротивно на сите утврдени принципи и наместо билатерален пристап, добија пакет. Процесот беше внесен во пакет со Албанија. Дури во оваа фаза се виде подметнувањето, па сега без разлика на парламентарното мнозинство, кое е прилично несигурно, процесот на прифаќање на бугаризацијата се одвива без никакви проблеми со оглед на фактот дека сите претставници на албанските партии сесрдно го поддржуваат овој процес, прифаќајќи го францускиот предлог Албанија ги почнува преговорите со ЕУ, но не и Македонија. Зошто? Затоа што Македонија прво мора да влезе во процесот на уставни измени, да ги вклучи Бугарите во македонскиот Устав, формулацијата не е позната, но со оглед на коментарите - најверојатно ќе биде некој повисок статус. Процесот на уставни измени според македонскиот устав трае од пет до шест месеци, а за негова промена е потребно двотретинско мнозинство, кое за парламентарното мнозинство останува недостижно и со помош на сите пратеници Албанци... Во овој момент, постојат две можни насоки на развој. Првата, властите формално да го прифатат францускиот предлог, отворајќи му го патот за преговори на Албанија и без спроведување на домашен терен, сепак да не ги започне пристапните преговори, со што дополнително ќе го налути македонскиот народ. И втората, под масовен притисок на јавноста и демонстрации, рушење на македонската Влада и распишување вонредни парламентарни избори. Опозицијата, на крилата на масовното народно незадоволство, го зголемува притисокот да го отфрли францускиот предлог и да бара нова шанса во некои нови разговори со ЕУ. Власта, како и секоја октроирана влада, го прифаќа диктатот, иако знае дека на идните избори - кога и да се случат, ќе следи дебакл и процес на „пасокизација“ или судбина на Демократската партија на Борис Тадиќ...  

The post Стоилковиќ: Пола век беше ерес да се декларираш како Србин во Македонија, а сега е ерес да си Македонец во Македонија appeared first on Република.

]]>
Стоилковиќ: Власта да каже каде исчезна една третина од српската заедница во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovikj-vlasta-da-kaze-kade-ischezna-edna-tretina-od-srpskata-zaednica-vo-makedonija/ Tue, 05 Apr 2022 09:28:56 +0000 https://republika.mk/?p=483499

Власта мора да даде објаснување за резултатите од пописот, а штом нема објаснување тоа отвора сомнеж дека се работи за некаков вид на инженеринг, бидејќи бројките не содејствуваат со реалноста, вели Иван Стоиlковиќ пратеник и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија за „Што не е јасно“ во Алфа.

Тој вели дека она што сериозно загрижува и нема објаснување е како бројката на припадниците на српската заедница е за третина и повеќе намалена односно од 36.000 на минатиот попис на 23.000 сега.

Кај нас во партијата има 7.000 поединечни пристапници, секоја кампања како политичка партија посетуваме од 6 до 8.000 српски семејства, а што е со припадниците на српската заедница кои членуваат во другите српски партии, со тие во ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и другите партии? Само по себе се наметнува дека бројките не содејствуваат со реалноста, рече тој.

Стоиlковиќ истакна дека исчезнување на една третина од некоја национална заедница е невозможен, а државата треба сериозно да се запраша каде е таа една третина.

Ние сме граѓани на Македонија и државата е должна да ни го даде тој одговор. Од пописот зависи степенот на остварување на правата. Така е наметнато со Охридскиот рамковен договор кој е составен дел од Уставот. Затоа е потребна контрола, нагласи Стоиlковиќ.

The post Стоилковиќ: Власта да каже каде исчезна една третина од српската заедница во Македонија appeared first on Република.

]]>

Власта мора да даде објаснување за резултатите од пописот, а штом нема објаснување тоа отвора сомнеж дека се работи за некаков вид на инженеринг, бидејќи бројките не содејствуваат со реалноста, вели Иван Стоиlковиќ пратеник и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија за „Што не е јасно“ во Алфа. Тој вели дека она што сериозно загрижува и нема објаснување е како бројката на припадниците на српската заедница е за третина и повеќе намалена односно од 36.000 на минатиот попис на 23.000 сега.