Иван Шопов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ivan-shopov/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Jan 2023 10:19:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Иван Шопов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ivan-shopov/ 32 32 Во конкуренција на 104 раскази од 42 автори за наградата „Алеко“ во Бугарија победник е македонскиот писател Иван Шопов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-konkurentsija-na-104-raskazi-od-42-avtori-za-nagradata-aleko-vo-bugarija-pobednik-e-makedonskiot-pisatel-ivan-shopov/ Mon, 16 Jan 2023 10:19:27 +0000 https://republika.mk/?p=597403

Македонскиот писател Иван Шопов е годинашниот победник на Меѓународниот конкурс за хумористичен расказ „Алеко“ за 2022 година.

На конкурсот пристигнаа 104 раскази на 42 автори од 21 земја, a жири комисијата во состав Јордан Ефтимов, Михаил Вешим и Румен и Белчев за најдобар го избра расказот на Шопов „Географски откритија“.

„Алеко“ е меѓународен конкурс кој се одржува во Бугарија од 1966 година до денес, со краток прекин на почетокот на 1990-тите години. Организатори на конкурсот се Општина Свиштов, Меѓународната фондација „Алеко Константинов“ и хумористичниот весник „Стршел“.

Наградата беше врачена на 13 јануари, роденденот на бугарскиот писател Алеко Константинов, на свечена церемонија во Свиштов, во рамки на одбележувањето на 160-годишнината од раѓањето на Константинов.

Иван Шопов (1987, Скопје) дипломирал Општа и компаративна книжевност на факултетот „Блаже Конески“ во Скопје.

Ги објавил збирката раскази „Азбука и залутани записи“ (2010), за која ја добил наградата „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис, збирката песни во проза „Меше на годината“ (2012), збирката раскази „091 – антиразгледници од Скопје“ (2018), збирката сатирични текстови „Хрониките на Арслан Новинарски“ (2018) и мини-книгата „Осум наративни прошетки со фиќо или што научив за пишувањето од Застава 750“ (2019). Пишува и поезија и хаику.

Расказите и песните му се преведени на англиски, романски, чешки, српски, хрватски, германски, словенечки и бугарски јазик.

 

The post Во конкуренција на 104 раскази од 42 автори за наградата „Алеко“ во Бугарија победник е македонскиот писател Иван Шопов appeared first on Република.

]]>

Македонскиот писател Иван Шопов е годинашниот победник на Меѓународниот конкурс за хумористичен расказ „Алеко“ за 2022 година. На конкурсот пристигнаа 104 раскази на 42 автори од 21 земја, a жири комисијата во состав Јордан Ефтимов, Михаил Вешим и Румен и Белчев за најдобар го избра расказот на Шопов „Географски откритија“. „Алеко“ е меѓународен конкурс кој се одржува во Бугарија од 1966 година до денес, со краток прекин на почетокот на 1990-тите години. Организатори на конкурсот се Општина Свиштов, Меѓународната фондација „Алеко Константинов“ и хумористичниот весник „Стршел“. Наградата беше врачена на 13 јануари, роденденот на бугарскиот писател Алеко Константинов, на свечена церемонија во Свиштов, во рамки на одбележувањето на 160-годишнината од раѓањето на Константинов. Иван Шопов (1987, Скопје) дипломирал Општа и компаративна книжевност на факултетот „Блаже Конески“ во Скопје. Ги објавил збирката раскази „Азбука и залутани записи“ (2010), за која ја добил наградата „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис, збирката песни во проза „Меше на годината“ (2012), збирката раскази „091 – антиразгледници од Скопје“ (2018), збирката сатирични текстови „Хрониките на Арслан Новинарски“ (2018) и мини-книгата „Осум наративни прошетки со фиќо или што научив за пишувањето од Застава 750“ (2019). Пишува и поезија и хаику. Расказите и песните му се преведени на англиски, романски, чешки, српски, хрватски, германски, словенечки и бугарски јазик.  

The post Во конкуренција на 104 раскази од 42 автори за наградата „Алеко“ во Бугарија победник е македонскиот писател Иван Шопов appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата „Залутани записи“ од Иван Шопов во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-knigata-zalutani-zapisi-od-ivan-shopov-vo-sofija/ Thu, 21 Apr 2022 06:54:17 +0000 https://republika.mk/?p=491511

Денеска во КИЦ на Македонија во Софија, со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи промоцијата на бугарското издание на книгата од македонскиот писател Иван Шопов со наслов „Залутани записи“. Книгата излегува како издание на Издателство „Ерго“ во превод на бугарски јазик од Тања Попова.

За книгата ќе говорат Мартин Христов од издателство „Ерго“, Тања Попова и бугарскиот писател и сценарист Михаил Вешим.

Во „Залутани записи“ се собрани кратки раскази и есеи од македонскиот сатиричар Иван Шопов. Тие се духовит сеизмограф на нашето време, хроника која не тера да се насмевнеме, но често таа насмевка има горчлив вкус. На централно место во книгата се поставени малите луѓе и страничните појави и настани, кои не можат да се сретнат во учебниците по историја и туристичките брошури.

Михаил Вешим: Кратките парчиња проза на македонскиот писател Иван Шопов се како делови од сложувалка – ако ги наредиш правилно, се добива една апсурдна слика – дијагноза на нашиот заеднички Балкански синдром, опишан порано и од Станислав Стратиев.

Иван Шопов (1987, Скопje) дипломира на Факултетот „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, со насока „Општа и компаративна книжевност“. Долгогодишен редактор во издателство „Темплум“ и на интернет порталот Okno.mk. Автор е на зборникот раскази „Азбука и залутани записи“ (2010), за кој ја добива наградата „Новите!“ за најдобра дебитантска проза; стиховите во проза „Меше на годината“ (2012); зборникот раскази „091 – антиразгледници од Скопје“ (2018); зборник сатира „ Хрониките на Арслан Новинарски“ (2018); миникнигата „Осум наративни прошетки со фиќо или што научив за пишувањето од застава 750“ (2019) и „Скопје: изгубените чевли на градот“ (2020). Пишува и поезија и хаику. Неговите раскази и стихотворби се преведени на англиски, романски, чешки, српски, хрватски, германски, словенечки и бугарски јазик.

 

The post Промоција на книгата „Залутани записи“ од Иван Шопов во Софија appeared first on Република.

]]>

Денеска во КИЦ на Македонија во Софија, со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи промоцијата на бугарското издание на книгата од македонскиот писател Иван Шопов со наслов „Залутани записи“. Книгата излегува како издание на Издателство „Ерго“ во превод на бугарски јазик од Тања Попова. За книгата ќе говорат Мартин Христов од издателство „Ерго“, Тања Попова и бугарскиот писател и сценарист Михаил Вешим. Во „Залутани записи“ се собрани кратки раскази и есеи од македонскиот сатиричар Иван Шопов. Тие се духовит сеизмограф на нашето време, хроника која не тера да се насмевнеме, но често таа насмевка има горчлив вкус. На централно место во книгата се поставени малите луѓе и страничните појави и настани, кои не можат да се сретнат во учебниците по историја и туристичките брошури. Михаил Вешим: Кратките парчиња проза на македонскиот писател Иван Шопов се како делови од сложувалка – ако ги наредиш правилно, се добива една апсурдна слика – дијагноза на нашиот заеднички Балкански синдром, опишан порано и од Станислав Стратиев. Иван Шопов (1987, Скопje) дипломира на Факултетот „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, со насока „Општа и компаративна книжевност“. Долгогодишен редактор во издателство „Темплум“ и на интернет порталот Okno.mk. Автор е на зборникот раскази „Азбука и залутани записи“ (2010), за кој ја добива наградата „Новите!“ за најдобра дебитантска проза; стиховите во проза „Меше на годината“ (2012); зборникот раскази „091 – антиразгледници од Скопје“ (2018); зборник сатира „ Хрониките на Арслан Новинарски“ (2018); миникнигата „Осум наративни прошетки со фиќо или што научив за пишувањето од застава 750“ (2019) и „Скопје: изгубените чевли на градот“ (2020). Пишува и поезија и хаику. Неговите раскази и стихотворби се преведени на англиски, романски, чешки, српски, хрватски, германски, словенечки и бугарски јазик.  

The post Промоција на книгата „Залутани записи“ од Иван Шопов во Софија appeared first on Република.

]]>