иван михајлов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ivan-mihajlov/ За подобро да се разбереме Thu, 16 Mar 2023 13:09:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png иван михајлов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ivan-mihajlov/ 32 32 Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/komisijata-za-upotreba-na-imina-na-lichnosti-dade-negativno-mislene-za-upotreba-na-imeto-ivan-mihajlov/ Thu, 16 Mar 2023 13:09:20 +0000 https://republika.mk/?p=620320

Комисијата за употреба на имиња на личности на денешната седница даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов поднесено од здружението Културен Центар ,,Иван Михајлов’-Битола. Заклучокот од седницата ќе се проследи до министерот за правда кој ќе треба да донесе одлука по претходно добиеното негативно мислење од Комисијата.

Комисијата за употреба на имиња на личности смета дека именувањето на здружението Иван Михајлов е провокација за националните чувства на македонскиот народ имајќи предвид дека се работи за личност блиска со фашистичка идеологија кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ, а истовремено предизвикува нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество.

Комисијата заседаваше во полн состав. Претседател на Комисијата за употреба на имиња на личности е проф.др Сашо Цветковски, дописен член на МАНУ. Нов член е и Евгениј Литовски-кустос, историчар во Министерството за култура.

The post Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов appeared first on Република.

]]>

Комисијата за употреба на имиња на личности на денешната седница даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов поднесено од здружението Културен Центар ,,Иван Михајлов’-Битола. Заклучокот од седницата ќе се проследи до министерот за правда кој ќе треба да донесе одлука по претходно добиеното негативно мислење од Комисијата. Комисијата за употреба на имиња на личности смета дека именувањето на здружението Иван Михајлов е провокација за националните чувства на македонскиот народ имајќи предвид дека се работи за личност блиска со фашистичка идеологија кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ, а истовремено предизвикува нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество. Комисијата заседаваше во полн состав. Претседател на Комисијата за употреба на имиња на личности е проф.др Сашо Цветковски, дописен член на МАНУ. Нов член е и Евгениј Литовски-кустос, историчар во Министерството за култура.

The post Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов appeared first on Република.

]]>
Клубот „Иван Михајлов“ нема да го смени името, правата ќе ги бараме на суд, подготвени се да одат до Стразбур https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/klubot-ivan-mihajlov-nema-da-go-smeni-imeto-pravata-ke-gi-barame-na-sud-podgotveni-se-da-odat-do-strazbur/ Mon, 20 Feb 2023 11:51:36 +0000 https://republika.mk/?p=611032

Културниот центар „Иван Михајлов“ нема да го смени името, тврди претседателот на центарот Љупчо Георгиевски во интервју за „Бг он еир“ во врска со законот донесен во македонскиот Парламент за затворање на здруженијата и клубовите кои нема да ги сменат спорните имиња.

„Ако не избришат од Централниот регистар ќе си ги барам правата на суд. А ако судот во РСМ не ни ги даде правата, ќе ги барам во Европскиот суд за човекови права во Стразбур“, вели Георгиевски.

Притоа се потсетува на случајот со здружението „Радко“ ( Радко е псевдонимот на Иван Михајлов) кое во Македонија беше забрането во 2001 година а Судот во Стразбур одлучи дека името на здружението не е закана за јавниот ред.

Во врска со средбата на министерот Бујар Османи со претставници на македонските Бугари, Георгиевски рече дека оваа прва средба е само еден чекор напред.

– На средбата му кажавме дека ние не сме надворешен проблем на РСМ, ние воопшто не сме проблем, туку сме решението за Република Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Властите досега не разговараа со нас. Ние сме спремни да разговараме со сите кои сакаат средба со нас и очекуваме да не внесат во Уставот. РСМ треба да го почитува францускиот предлог со кој што се согласи, исто како и Договорот со Бугарија, изјави Георгиевски.

Тој додава дцека откако во декември бил повикан на распит во обвинителството, сега има уште една кривична постапка, иницирана од Комисијата за заштита од дискриминација за тоа што не е сменета таблата “Културен клуб Иван Михајлов“.

– По враќањето од Брисел и средбата со еврокомесарот Оливер Вархеји има нова постапка против мене, овојпат за ширење говор на омраза против луѓе кои имале македонско национално чувство. Значи, тие не запираат, туку продолжуваат со обвиненијата против нас. Од една страна министерот Османи не кани на средба за да се намали тензијата и да ги решаваме проблемите, а од друга страна се продолжува со обвиненијата кои утре може да се реализираат со глоба од 15.000 евра, а говорот на омраза може да доведе и до затвор. Ние, македонските Бугари не знаеме како ќе се намали тензијата која ние ја чувствуваме на наша кожа, зашто живееме тука и се плашиме за нашата безбедност, вели Георгиевски.

Тој уште додава дека има здружение „Дело“ во кое има и адвокати кои поднеле 20 жалби за говор на омраза против нив, Бугарите во РСМ, но на тие 20 жалби немало ниту еден одговор.

The post Клубот „Иван Михајлов“ нема да го смени името, правата ќе ги бараме на суд, подготвени се да одат до Стразбур appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ предлага забрана на спорните имиња „Цар Борис“, „Иван Михајлов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-predlaga-zabrana-na-spornite-iminja-car-boris-ivan-mihajlov/ Sun, 16 Oct 2022 19:45:42 +0000 https://republika.mk/?p=561801

Ние предлагаме закон со кој ќе се спречи контроверзни имиња да бидат имиња на здруженија на граѓани, да се злоупотребува правото на граѓаните да се здружуваат. Тоа ќе важи и за веќе регистрираните здруженија во моментов во Македонија, такви има две и во најава е уште едно, изјави вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Тема на денот“ во Дневникот на Сител.

-Ако власта е чесна треба да го стави прва точка на дневен ред во Собранието измените на законот за здруженија и фондации предложени од ВМРО-ДПМНЕ, па после тоа да се гледаат другите точки, рече Николоски.

Тој во интервју за Сител потенцираше дека со овој закон нема да може да ги користат имињата кои ги користат сега како Цар Борис, Цар Фердинанд итн и додаде дека меѓудругото, власта не го испитува потеклото на финансиите и начинот на кој се финансираат овие здруженија.

– Тие не се финансирани ниту од членовите на здруженијата, ниту преку бугарското МНР, туку од една фондација каде главен финансиер и сопственик е еден бугарски тајкун, главно присутен во медицинскиот бизнис, кој хара низ Македонија. Клучното прашање и за Агенцијата за разузнавање, агенција за национална безбедност и финансиско разузнавање е што прават овие три институции и зошто спијат? Основен опис на работа им е заштита на уставноправниот поредок на Македонија, а поголем упад од овие територијални, јазични, културни, народни претензии и оживување на фашизмот, што може да биде друго? Директно се удира во темелите на државата, изјави Николоски.

Ваквата реакција на Николоски доаѓа откако претходно во интервју за бугарските медиуми проф. Ангел Димитров, копретседател на Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски прашања изјави:

-Република Cеверна Македонија во моментов категорично не се однесува како кандидат за членство во ЕУ. За жал од 2019 година наваму гледамо едно враќање на стандардното пропагандно политичко однесување, што не потсетува на почетокот на 90-тите. Во одредена смисла, дури и на втората половина на 1940-тите, кога Бугарија беше прогласена за непријател на комунистичка Југославија и новооснованата Република Македонија. Аргументите кои сега ги гледаме за тоа до кој степен бугарските здруженија во РСМ се законски или не, почнуваат да потсетуваат на духот на законот за Македонската национална чест. Апсурдни се тврдењата дека бугарските клубови ја навредуваа македонската чест“.

Тој додаде:

-Зачуден сум од еден неверојатен парадокс: Ако името на Иван Михајлов се смета за противзаконско и навредливо за националните чувства, тогаш треба да се забрани и партијата ВМРО, бидејќи Иван Михајлов е лидер на таа партија. По 1944 година многу Бугари беа прогонувани и убивани дури и под знакот на „вмровисти“; така што постои двоен парадокс: кога државните органи не можат да направат разграничување меѓу организацијата и нејзиниот водач, – од една страна; и обратно – кога самата организација шпекулира со ова име, употребувајќи го сосема легитимно, но проповедајќи сосема друга идеологија и политички намери.

The post ВМРО-ДПМНЕ предлага забрана на спорните имиња „Цар Борис“, „Иван Михајлов“ appeared first on Република.

Османи: Најостро го осудувам овој вандалски чин со палење на здружението „Иван Михајлов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-najostro-go-osuduvam-ovoj-vandalski-chin-so-palenje-na-zdruzenieto-ivan-mihajlov/ Sat, 04 Jun 2022 13:11:04 +0000 https://republika.mk/?p=511067

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи го осуди актот на палење на здружението „Иван Михајлов“ во Битола.

Најостро го осудувам актот на намерно палење на влезот на здружението „Иван Михајлов“ во Битола. Ваквиот вандалски напад е уште еден доказ дека има многу актери кои се против постигнување на напредок во односите меѓу Македонија и Бугарија и нашата заедничка европска иднина. Ова кривично дело не случајно е направено на денешен ден, кога двете држави ќе остварат дијалог на ниво на министри на надворешни работи со цел за надминување на отворените прашања на патот на европската интеграција на Македонија. Ги повикувам институциите да ги прават сите напорни за откривање на сторителот на овој вандалски чин“, кажа Османи.

The post Османи: Најостро го осудувам овој вандалски чин со палење на здружението „Иван Михајлов“ appeared first on Република.

МВР со детали за инцидентот во културниот центар во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-so-detali-za-incidentot-vo-kulturniot-centar-vo-bitola/ Sat, 04 Jun 2022 11:08:42 +0000 https://republika.mk/?p=511020

МВР се огласи по повод опожарувањето на културниот центар Иван Михајлов во Битола кое се случи утрово.

На 04.06.2022 околу 05 часот Ѓ. Ѓ. (49) од Битола пријавил во СВР Битола дека слушнал кршење на стакло и видел како гори пред влезната врата од објектот на Здружение на граѓани културен центар Иван Михајлов во Битола, лоциран на ул. Рузвелтова по што веднаш пријавил и во Територијалната против пожарна единица Битола, велат од МВР.

Огнот е локализиран од страна на ТППЕ Битола, а увидната екипа на СВР Битола во координација со дежурен јавен обвинител од ОЈО Битола извршила увид и се преземаат соодветни мерки и активности за расчистување на случајот, соопштија од надлежното министерство.

The post МВР со детали за инцидентот во културниот центар во Битола appeared first on Република.

Пендаровски го осуди палењето на културниот центар во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-go-osudi-palenjeto-na-kulturniot-centar-vo-bitola/ Sat, 04 Jun 2022 10:16:11 +0000 https://republika.mk/?p=510996

Претседателот Стево Пендаровски најостро го осуди палењето на влезот во културниот центар на бугарската заедница во Битола. Тој на Твитер напиша дека ваквите чинови се акт на провокација.

Најостро го осудувам палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола. Ваквите чинови се провокација и не одат во прилог на унапредување на односите со Бугарија“, напиша Пендаровски.

Утринава беше запален влезот на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, а Јавното обвинителство веќе издаде наредба за да биде извршен увид и да бидат откриени сторителите.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/izgoreni-vleznata-vrata-i-natpisot-na-bugarskiot-klub-vancho-mihajlov-vo-bitola/

Претходно и Министерството за надворешни работи излезе со реакција осудувајќи го вандалскиот чин во Битола.

The post Пендаровски го осуди палењето на културниот центар во Битола appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски најостро го осуди палењето на влезот во културниот центар на бугарската заедница во Битола. Тој на Твитер напиша дека ваквите чинови се акт на провокација.
Најостро го осудувам палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола. Ваквите чинови се провокација и не одат во прилог на унапредување на односите со Бугарија“, напиша Пендаровски.
Утринава беше запален влезот на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, а Јавното обвинителство веќе издаде наредба за да биде извршен увид и да бидат откриени сторителите. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/izgoreni-vleznata-vrata-i-natpisot-na-bugarskiot-klub-vancho-mihajlov-vo-bitola/ Претходно и Министерството за надворешни работи излезе со реакција осудувајќи го вандалскиот чин во Битола.  

The post Пендаровски го осуди палењето на културниот центар во Битола appeared first on Република.

]]>
Петков и Јотова в сабота во Битола ќе отворaaт нов клуб на КЦ „Иван Михајлов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petkov-i-jotova-v-sabota-vo-bitola-kje-otvoraat-nov-klub-na-kc-ivan-mihajlov/ Thu, 14 Apr 2022 11:36:24 +0000 https://republika.mk/?p=488406

Бугарскиот премиер Кирил Петков, заедно со потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, в сабота, на 16 април ќе ја посетат Битола, во организација на бугарската амбасада во земјава.

Средба на премиерот Димитар Ковачевски или некој владин претставник со бугарската делегација, министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска информираше дека се организира во рамки на новопланираниот далекувод на РЕК Битола што ќе ги поврзува Битола со Елбасан.

Со премиерот Петков договараме да има и официјална средба, но не можам да кажам дали ќе биде премиерот заради здравствената состојба, или некој од министрите на далекуводот Битола – Елбасан, а потоа тие ќе имаат свои ангажмани во Културниот центар во Битола во организација на Амбасадата на Бугарија, изјави Османи, одговрајќи на новинарски прашања на прес-конференција денеска во МНР.

Претходно, бугарските медиуми јавија дека Јотова на покана на Културниот центар „Иван Михајлов“ ќе го отвори новиот клуб на ова здружение во Битола, а на 17 април, таа ќе биде во посета на Охрид, каде што ќе го посети Дневниот центар за деца со аутизам. Проектот е финансиран од бугарската Влада како дел од програмата на бугарското Министерство за надворешни работи „Бугарска помош за развој“

The post Петков и Јотова в сабота во Битола ќе отворaaт нов клуб на КЦ „Иван Михајлов“ appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот премиер Кирил Петков, заедно со потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, в сабота, на 16 април ќе ја посетат Битола, во организација на бугарската амбасада во земјава. Средба на премиерот Димитар Ковачевски или некој владин претставник со бугарската делегација, министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска информираше дека се организира во рамки на новопланираниот далекувод на РЕК Битола што ќе ги поврзува Битола со Елбасан.