Иван Лесевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ivan-lesevski/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Sep 2023 13:38:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Иван Лесевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ivan-lesevski/ 32 32 Почина поранешниот селектор во алпско скијање Иван Лесевски https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pochina-poraneshniot-selektor-vo-alpsko-skijane-ivan-lesevski/ Fri, 08 Sep 2023 13:38:18 +0000 https://republika.mk/?p=679975

Поранешниот селектор во алпско скијање Иван Лесевски почина денеска на 69 години, соопштија од Скијачката федерација на Македонија.

Тој е роден на 11 јануари 1954 година. Дипломирал на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје. Со повеќе од 40 години активно работење, својот живот го посвети на спортот и ги оствари најдобрите резултати во историјата на македонското скијање.

Во својата долгогодишна кариера, Лесевски беше тренер на јуниорската репрезентација на Југославија, тренер во ски клубот „Работнички“ и тренер на македонската скијачка репрезентација, како и член на раководните структури на Скијачка федерација на Македонија и Сојуз на спортови на Скопје, како и организатор на голем број на спортски настани. Беше учесникк на шест Зимски олимпски игри, како тренер и селектор на алпинците.

За својата работа, делување и успешност, добитник е на многубројни награди: Тренер на годината на град Скопје 2014 година, после остварените успеси на Зимски олимписки игри 2014 во Сочи, 2 пати се закитил со наградата „13 Ноември“ за најдобар тренер, а во 2019 година се стекнува со Награда за животно дело.

Лесевски до последен ден активно работеше и придонесуваше за развојот на скијачките спортови во Македонија.

Скијачка федерација на Македонија изразува сочувство до неговото семејство и искрено жалење за оваа огромна загуба.

 

The post Почина поранешниот селектор во алпско скијање Иван Лесевски appeared first on Република.

]]>

Поранешниот селектор во алпско скијање Иван Лесевски почина денеска на 69 години, соопштија од Скијачката федерација на Македонија. Тој е роден на 11 јануари 1954 година. Дипломирал на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје. Со повеќе од 40 години активно работење, својот живот го посвети на спортот и ги оствари најдобрите резултати во историјата на македонското скијање. Во својата долгогодишна кариера, Лесевски беше тренер на јуниорската репрезентација на Југославија, тренер во ски клубот „Работнички“ и тренер на македонската скијачка репрезентација, како и член на раководните структури на Скијачка федерација на Македонија и Сојуз на спортови на Скопје, како и организатор на голем број на спортски настани. Беше учесникк на шест Зимски олимпски игри, како тренер и селектор на алпинците. За својата работа, делување и успешност, добитник е на многубројни награди: Тренер на годината на град Скопје 2014 година, после остварените успеси на Зимски олимписки игри 2014 во Сочи, 2 пати се закитил со наградата „13 Ноември“ за најдобар тренер, а во 2019 година се стекнува со Награда за животно дело. Лесевски до последен ден активно работеше и придонесуваше за развојот на скијачките спортови во Македонија. Скијачка федерација на Македонија изразува сочувство до неговото семејство и искрено жалење за оваа огромна загуба.  

The post Почина поранешниот селектор во алпско скијање Иван Лесевски appeared first on Република.

]]>