Иван Јорданов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ivan-jordanov/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Mar 2024 14:32:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Иван Јорданов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ivan-jordanov/ 32 32 Пуштена во употреба високонапонска трафостаница во Штип https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pushtena-vo-upotreba-visokonaponska-trafostanitsa-vo-shtip/ Thu, 28 Mar 2024 13:49:57 +0000 https://republika.mk/?p=759827

Со пуштање во употреба на новата трафостаница „Штип 1“ се поттикнува локалниот развој во штипскиот регион. На официјалниот старт со работа на трафостаницата присуствуваа претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Волфганг Маиер и градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов.

Задоволувањето на потребите на нашите корисници и сигурноста во снабдувањето се секогаш клучни фактори во креирањето на долгорочните цели на компанијата. Среќни сме што им овозможуваме на граѓаните на Штип уште поквалитетно снабдување со електрична енергија и ги поддржуваме нивните идеи за производство на електрична енергија од обновливи извори, изјави претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Волфганг Маиер.

Во рамките на посетата беше разговарано за можностите за дополнителни инвестиции во дистрибутивната мрежа, а во интерес на локалниот развој.

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов изрази благодарност до компанијата и најави дека соработката меѓу општината и компанијата ќе продолжи и во иднина.

Со одлична соработка достигнавме уште една значајна цел која контуинирано ќе служи за доброто на граѓаните. Со ова значително се подобрува квалитетот на живот, но и условите за водење бизнис и за инвестирање во зелена енергија што е во согласност со нашата Стратегија за енергетска ефикасност, а со која е предвидено употребата на обновлива енергија да се зголеми за 20%  до 2026 година, изјави Јорданов.

Последната надградба на трафостаницата „Штип 1“ им овозможува на постоечките корисници на штипскиот регион сигурно и квалитетно снабдување со електрична енергија и покрај приклучувањето во дистрибутивната мрежа на идните потрошувачи и потенцијалните производители од обновлива енергија. Оваа обемна инвестиција вредна 2 милиони евра директно го поттикнува и поддржува економскиот развој на околината на Штип, земајќи ја превид забрзаната динамика и зголемената заинтересираност на граѓаните за изградба на производствени капацитети од обновливи извори на енергија.

The post Пуштена во употреба високонапонска трафостаница во Штип appeared first on Република.

]]>

Со пуштање во употреба на новата трафостаница „Штип 1“ се поттикнува локалниот развој во штипскиот регион. На официјалниот старт со работа на трафостаницата присуствуваа претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Волфганг Маиер и градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов.
Задоволувањето на потребите на нашите корисници и сигурноста во снабдувањето се секогаш клучни фактори во креирањето на долгорочните цели на компанијата. Среќни сме што им овозможуваме на граѓаните на Штип уште поквалитетно снабдување со електрична енергија и ги поддржуваме нивните идеи за производство на електрична енергија од обновливи извори, изјави претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Волфганг Маиер.
Во рамките на посетата беше разговарано за можностите за дополнителни инвестиции во дистрибутивната мрежа, а во интерес на локалниот развој.   Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов изрази благодарност до компанијата и најави дека соработката меѓу општината и компанијата ќе продолжи и во иднина.
Со одлична соработка достигнавме уште една значајна цел која контуинирано ќе служи за доброто на граѓаните. Со ова значително се подобрува квалитетот на живот, но и условите за водење бизнис и за инвестирање во зелена енергија што е во согласност со нашата Стратегија за енергетска ефикасност, а со која е предвидено употребата на обновлива енергија да се зголеми за 20%  до 2026 година, изјави Јорданов.
Последната надградба на трафостаницата „Штип 1“ им овозможува на постоечките корисници на штипскиот регион сигурно и квалитетно снабдување со електрична енергија и покрај приклучувањето во дистрибутивната мрежа на идните потрошувачи и потенцијалните производители од обновлива енергија. Оваа обемна инвестиција вредна 2 милиони евра директно го поттикнува и поддржува економскиот развој на околината на Штип, земајќи ја превид забрзаната динамика и зголемената заинтересираност на граѓаните за изградба на производствени капацитети од обновливи извори на енергија.

The post Пуштена во употреба високонапонска трафостаница во Штип appeared first on Република.

]]>
Јорданов: Важно е на парламентарните избори да победи ВМРО-ДПМНЕ за да се реализираат проектите кои што се неопходни за Штип https://arhiva3.republika.mk/vesti/jordanov-vazhno-e-na-parlamentarnite-izbori-da-pobedi-vmro-dpmne-za-da-se-realiziraat-proektite-koi-shto-se-neophodni-za-shtip/ Sat, 14 Oct 2023 17:28:32 +0000 https://republika.mk/?p=691281

„Ви благодарам на сите граѓани што сите овие години сте заедно со нас за да се избориме за подобра иднина. Јас оваа вечер нема да го коментирам Социјалдемократскиот сојуз затоа што вие најдобро ги гледате. Исто така нема да ги коментирам изминатите две години затоа што ќе бидам субјективен“, истакна Иван Јорданов, градоначалник на општина Штип при средба со граѓаните во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Тој посочи дека граѓаните најдобро знаат во која насока се движи општината. Но, важно е да се спомене дека наредните неколку месеци се клучни за иднината на македонските граѓани.

„Оваа вечер ќе ве повикам ајде заедно да ја вратиме довербата на граѓаните на Штип и на граѓаните на Република Македонија. Ајде од овде да испорачаме порака дека наредните месеци ќе се крои иднината на Република Македонија. Затоа што важно е да централната власт заедно со локалната власт го кренат Штип, заедно да ги изградиме булеварите, градинките, водоводните мрежи, она кое што заеднички го ветуваме и она кое што секојдневно го работиме“, рече Јорданов.

Јорданов додаде дека важно е да на наредните избори победи ВМРО-ДПМНЕ и Владата на ВМРО-ДПМНЕ да ги изгради проектите кои што се неопходни на Штип и штипјани.

The post Јорданов: Важно е на парламентарните избори да победи ВМРО-ДПМНЕ за да се реализираат проектите кои што се неопходни за Штип appeared first on Република.

]]>

„Ви благодарам на сите граѓани што сите овие години сте заедно со нас за да се избориме за подобра иднина. Јас оваа вечер нема да го коментирам Социјалдемократскиот сојуз затоа што вие најдобро ги гледате. Исто така нема да ги коментирам изминатите две години затоа што ќе бидам субјективен“, истакна Иван Јорданов, градоначалник на општина Штип при средба со граѓаните во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.
Тој посочи дека граѓаните најдобро знаат во која насока се движи општината. Но, важно е да се спомене дека наредните неколку месеци се клучни за иднината на македонските граѓани. „Оваа вечер ќе ве повикам ајде заедно да ја вратиме довербата на граѓаните на Штип и на граѓаните на Република Македонија. Ајде од овде да испорачаме порака дека наредните месеци ќе се крои иднината на Република Македонија. Затоа што важно е да централната власт заедно со локалната власт го кренат Штип, заедно да ги изградиме булеварите, градинките, водоводните мрежи, она кое што заеднички го ветуваме и она кое што секојдневно го работиме“, рече Јорданов. Јорданов додаде дека важно е да на наредните избори победи ВМРО-ДПМНЕ и Владата на ВМРО-ДПМНЕ да ги изгради проектите кои што се неопходни на Штип и штипјани.

The post Јорданов: Важно е на парламентарните избори да победи ВМРО-ДПМНЕ за да се реализираат проектите кои што се неопходни за Штип appeared first on Република.

]]>
Јорданов: Власта го кочи развојот на Општина Штип, но и покрај тоа за година ипол реализиравме повеќе од СДСM за четири години https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jordanov-vlasta-go-kochi-razvojot-na-opshtina-shtip-no-i-pokraj-toa-za-godina-ipol-realiziravme-poveke-od-sdsm-za-chetiri-godini/ Tue, 04 Jul 2023 18:01:09 +0000 https://republika.mk/?p=658139

Власта го кочи развојот на Општината, само заради тоа што градоначалникот е од друга политичка партија, но и покрај се за година ипол реализиравме повеќе проекти и по број и по финансиски обем од прерходните градоначалници на СДС за цел четиригодишен мандат“, изјави Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на Телевизија Алфа.

Тој додаде дека нема никаква причина да не добие Општина Штип можност за издавање општинска обврзница бидејќи Општина Штип е ликвидна општина со добиена потврда од министерството за финансии.

„Општина Штип е првата општина која побара да издаде општинска обврзница и со средствата од општинската обврзница да инвестира директно во капитални инвестиции кои ќе генерираат вредност“, кажа Јорданов.

Тој е дециден дека во сите општини и градови кога се инвестира во нови капитални проекти се бара финансирање на истите со општински обврзници

„Директен пример дека се двојат општините е неиздавањето на општинска обврзница а во исто време на нас како локална самоуправа ни е ускратено основното право на финансирање а во исто време на други општини од редовите на владејачката партија им се доделуваат средства директно од буџетот за реализација на проектите и тоа е онаа неправда која ни дава мотив повеќе да продолжиме“, изјави Јорданов.

Тој потенцираше дека се кочи развојот на еден град заради тоа што градоначалникот е од одредена политичка партија и се казнуваат граѓаните.

„Со обврзницата планиравме да исполниме неколку проекти како обиколницата која е потребна за поврзување на едниот и другиот излез со градот, Булеварот „Партизанска“ да се продолжи и да се поврзат најголемите населби. Друг проект како приоритет од енергетската криза е поставување турбина во главниот цевковод на Исар за производство на 24/7 часовно производство на електрична енергија“, вели Јорданов.

The post Јорданов: Власта го кочи развојот на Општина Штип, но и покрај тоа за година ипол реализиравме повеќе од СДСM за четири години appeared first on Република.

]]>

Власта го кочи развојот на Општината, само заради тоа што градоначалникот е од друга политичка партија, но и покрај се за година ипол реализиравме повеќе проекти и по број и по финансиски обем од прерходните градоначалници на СДС за цел четиригодишен мандат“, изјави Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на Телевизија Алфа. Тој додаде дека нема никаква причина да не добие Општина Штип можност за издавање општинска обврзница бидејќи Општина Штип е ликвидна општина со добиена потврда од министерството за финансии. „Општина Штип е првата општина која побара да издаде општинска обврзница и со средствата од општинската обврзница да инвестира директно во капитални инвестиции кои ќе генерираат вредност“, кажа Јорданов.
Тој е дециден дека во сите општини и градови кога се инвестира во нови капитални проекти се бара финансирање на истите со општински обврзници
„Директен пример дека се двојат општините е неиздавањето на општинска обврзница а во исто време на нас како локална самоуправа ни е ускратено основното право на финансирање а во исто време на други општини од редовите на владејачката партија им се доделуваат средства директно од буџетот за реализација на проектите и тоа е онаа неправда која ни дава мотив повеќе да продолжиме“, изјави Јорданов.
Тој потенцираше дека се кочи развојот на еден град заради тоа што градоначалникот е од одредена политичка партија и се казнуваат граѓаните.
„Со обврзницата планиравме да исполниме неколку проекти како обиколницата која е потребна за поврзување на едниот и другиот излез со градот, Булеварот „Партизанска“ да се продолжи и да се поврзат најголемите населби. Друг проект како приоритет од енергетската криза е поставување турбина во главниот цевковод на Исар за производство на 24/7 часовно производство на електрична енергија“, вели Јорданов.

The post Јорданов: Власта го кочи развојот на Општина Штип, но и покрај тоа за година ипол реализиравме повеќе од СДСM за четири години appeared first on Република.

]]>
Му требала баш најскапата метларка: Кривична пријава за поранешниот директор на ЈП „Исар“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mu-trebala-bash-najskapata-metlarka-krivichna-prijava-za-poraneshniot-direktor-na-jp-isar/ Fri, 30 Jun 2023 20:58:52 +0000 https://republika.mk/?p=657022

Штипскиот градоначалник Иван Јорданов поднесе кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Исар“, поради основано сомнение дека сторил кричвично дело, злоупотреба на службената положба и овластување. Имено, во време кога комуналното претпријатие се „давело“ во долгови од 5 милиони евра, тогашниот директор набавил возило метларка во вредност од 90.000 евра, кое според тврдењето на градоначалникот, не е во функција.

- Имаме основано сомнение дека е извршено влијание, затоа што станува збор за иста техничка спецификација на компанијата која што ја произведува метларката со техничката спецификација по која што е распишана јавната набавка и тендерот. Затоа, имало очигледно ограничувачки услови за ниту една друга фирма не се пријави на тендерот, а метларката е набавена по енормно висока цена, компаративно со пазарната цена на ваков тип на метларки - изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Јорданов најави нови кривични пријави и за останати локални функционери, поради основани сомненија за сторени кривични дела кој ги утврдил Ревизорот, чиј извештај е доставен до локалната самоуправа.

Извор: Сител

The post Му требала баш најскапата метларка: Кривична пријава за поранешниот директор на ЈП „Исар“ appeared first on Република.

Јорданов: Во Општина Штип се решаваат проблеми кои години наназад не биле третирани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jordanov-vo-opshtina-shtip-se-reshavaat-problemi-koi-godini-nanazad-ne-bile-tretirani/ Thu, 11 May 2023 16:55:41 +0000 https://republika.mk/?p=639853

„Кога ја затековме општината со долг на ЈП „Исар“ од 5 милиони евра и со оперативен буџет на општината од 310 милиони денари, за една ипол година вративме повеќе од 1,5 милиони евра средства кои биле како долг на јавното комунално претпријатие кон министерството за финансии, но исто така го зголемивме и оперативниот буџет на 490 милиони денари оваа година“, истакна градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов на денешната трибина насловена „Современи образовни политики“ во Општина Штип.

Јорданов истакна дека за да може да се реализира развојна компонента на општината најдовме алтернатива и начин на финансирање на нови капитални проекти кои ние ќе ги испроектираме кои ќе генерираат развој на нашиот град.

„Зошто е битна општинската обврзница? Ние наназад години, години сме немале развојна компонента на градот, што значи тоа? Освен одржување на тековни улици ние немаме развојна компонента да видиме нов булевар, нова трасирана улица, развој на градот, нова населба, нова содржина, спортска сала, кино и слично“ , вели Јорданов.

Тој додаде дека она кое што е приоритетно е најпрво да ги нотираме проблемите и следствено на нашите расположливи средства да пробаме да ги решиме.

„Навистина во овие изминати месеци секојдневно разговараме со нашите сограѓани за проблемите со кои се среќаваат. Практично овие месеци решаваме проблеми кои години наназад не биле третирани, дискутирани и комуницирани. Затоа пред се на средбите кои ги организираме, теренските посети и разговорите со нашите сограѓани сме насочени на нотирање на комунални проблеми, но исто така и на проблеми со кои тие секојдневно се соочуваат“, кажа Јорданов.

Јорданов истакна дека дел од овие проблеми навистина е жално што чекале со години за да бидат решени.

„Кога се среќаваме со граѓаните велат дека после 6 години добро што дојде некој да не посети, да не праша како живееме и со какви проблеми се соочуваме. Само кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, било да е централна или локална власт граѓаните се комуницираат и Се решаваат одредени проблеми“, посочи Јорданов.

Тој заклучи дека изминатите неколку месеци се работи на одржување на тековна инфраструктура. Тоа значи дека се реконструираат улици кои повеќе од 30-40 години не биле реконструирани , односно не биле одржувани.

The post Јорданов: Во Општина Штип се решаваат проблеми кои години наназад не биле третирани appeared first on Република.

]]>

„Кога ја затековме општината со долг на ЈП „Исар“ од 5 милиони евра и со оперативен буџет на општината од 310 милиони денари, за една ипол година вративме повеќе од 1,5 милиони евра средства кои биле како долг на јавното комунално претпријатие кон министерството за финансии, но исто така го зголемивме и оперативниот буџет на 490 милиони денари оваа година“, истакна градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов на денешната трибина насловена „Современи образовни политики“ во Општина Штип. Јорданов истакна дека за да може да се реализира развојна компонента на општината најдовме алтернатива и начин на финансирање на нови капитални проекти кои ние ќе ги испроектираме кои ќе генерираат развој на нашиот град.
„Зошто е битна општинската обврзница? Ние наназад години, години сме немале развојна компонента на градот, што значи тоа? Освен одржување на тековни улици ние немаме развојна компонента да видиме нов булевар, нова трасирана улица, развој на градот, нова населба, нова содржина, спортска сала, кино и слично“ , вели Јорданов.
Тој додаде дека она кое што е приоритетно е најпрво да ги нотираме проблемите и следствено на нашите расположливи средства да пробаме да ги решиме.
„Навистина во овие изминати месеци секојдневно разговараме со нашите сограѓани за проблемите со кои се среќаваат. Практично овие месеци решаваме проблеми кои години наназад не биле третирани, дискутирани и комуницирани. Затоа пред се на средбите кои ги организираме, теренските посети и разговорите со нашите сограѓани сме насочени на нотирање на комунални проблеми, но исто така и на проблеми со кои тие секојдневно се соочуваат“, кажа Јорданов.
Јорданов истакна дека дел од овие проблеми навистина е жално што чекале со години за да бидат решени.
„Кога се среќаваме со граѓаните велат дека после 6 години добро што дојде некој да не посети, да не праша како живееме и со какви проблеми се соочуваме. Само кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, било да е централна или локална власт граѓаните се комуницираат и Се решаваат одредени проблеми“, посочи Јорданов.
Тој заклучи дека изминатите неколку месеци се работи на одржување на тековна инфраструктура. Тоа значи дека се реконструираат улици кои повеќе од 30-40 години не биле реконструирани , односно не биле одржувани.

The post Јорданов: Во Општина Штип се решаваат проблеми кои години наназад не биле третирани appeared first on Република.

]]>
Штипскиот градоначалник Јорданов во посета на Сплит https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shtipskiot-gradonachalnik-jordanov-vo-poseta-na-split/ Sat, 06 May 2023 14:09:20 +0000 https://republika.mk/?p=637733

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов е во работна посета на Сплит, Република Хрватска. Тој денеска на својот фејбук профил информираше дека на покана на градоначалникот на Сплит, Ивица Пуљак по повод Денот на градот Сплит, присуствувал на свечен ручек со Претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.

Штип и Сплит како збратимени градови продолжуваат да негуваат и развиваат соработка во повеќе општествени области. Заеднички разменивме мислења и искуства за тоа како во иднина успешно да ги развиваме и унапредуваме нашите општини со цел подобрување на животот на нашите сограѓани, вели Јорданов.

The post Штипскиот градоначалник Јорданов во посета на Сплит appeared first on Република.

Штипскиот градоначалник добил закани по живот од вработен во општината https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/shtipskiot-gradonachalnik-dobil-zakani-po-zhivot-od-vraboten-vo-opshtinata-2/ Wed, 22 Mar 2023 12:41:03 +0000 https://republika.mk/?p=622422

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов добил закана по живот од вработен во Општината. Инцидентот се случил во текот на вчерашниот ден. Сторителот е познат на полицијата. Јорданов денеска пред новинарите потврди дека вчера инцидентот го пријавил во полиција.

Не би сакал да навлегувам во деталите, за да не влијаам во постапката. Верувам во институциите на системот, сето она што е пријавено СВР-Штип го има веќе како детали. Станува збор за вработено лице во Општина Штип, кое во минатото е познато на полицијата по вакви случки. Така што оставам на институциите на системот да ја утврдат состојбата, вели Јорданов.

Прашан дали освен вчера и завчера имало инцидентот во неговиот кабинет, Јорданов со одговор дека деталите ги има СВР-Штип. Инаку на штипската јавност вработениот во општинската администрација и е познат по тоа што пред неколку години исто така се има заканувано на еден од градоначалниците на Општина Штип. Во текот на денот се очекуваат детали за инцидентот од страна на СВР-Штип.

The post Штипскиот градоначалник добил закани по живот од вработен во општината appeared first on Република.

Штипскиот градоначалник добил закани по живот од вработен во општината https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shtipskiot-gradonachalnik-dobil-zakani-po-zhivot-od-vraboten-vo-opshtinata/ Wed, 22 Mar 2023 12:34:43 +0000 https://republika.mk/?p=622425

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов добил закана по живот од вработен во Општината. Инцидентот се случил во текот на вчерашниот ден. Сторителот е познат на полицијата. Јорданов денеска пред новинарите потврди дека вчера инцидентот го пријавил во полиција.

Не би сакал да навлегувам во деталите, за да не влијаам во постапката. Верувам во институциите на системот, сето она што е пријавено СВР-Штип го има веќе како детали. Станува збор за вработено лице во Општина Штип, кое во минатото е познато на полицијата по вакви случки. Така што оставам на институциите на системот да ја утврдат состојбата, вели Јорданов.

Прашан дали освен вчера и завчера имало инцидентот во неговиот кабинет, Јорданов со одговор дека деталите ги има СВР-Штип.

Инаку на штипската јавност вработениот во општинската администрација и е познат по тоа што пред неколку години исто така се има заканувано на еден од градоначалниците на Општина Штип.

Во текот на денот се очекуваат детали за инцидентот од страна на СВР-Штип.

The post Штипскиот градоначалник добил закани по живот од вработен во општината appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов добил закана по живот од вработен во Општината. Инцидентот се случил во текот на вчерашниот ден. Сторителот е познат на полицијата. Јорданов денеска пред новинарите потврди дека вчера инцидентот го пријавил во полиција.
Не би сакал да навлегувам во деталите, за да не влијаам во постапката. Верувам во институциите на системот, сето она што е пријавено СВР-Штип го има веќе како детали. Станува збор за вработено лице во Општина Штип, кое во минатото е познато на полицијата по вакви случки. Така што оставам на институциите на системот да ја утврдат состојбата, вели Јорданов.
Прашан дали освен вчера и завчера имало инцидентот во неговиот кабинет, Јорданов со одговор дека деталите ги има СВР-Штип. Инаку на штипската јавност вработениот во општинската администрација и е познат по тоа што пред неколку години исто така се има заканувано на еден од градоначалниците на Општина Штип. Во текот на денот се очекуваат детали за инцидентот од страна на СВР-Штип.

The post Штипскиот градоначалник добил закани по живот од вработен во општината appeared first on Република.

]]>
Министерството за култура сака да го згасне „Макфест“, реагира градоначалникот на Штип https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ministerstvoto-za-kultura-saka-da-go-zgasne-makfest-reagira-gradonachalnikot-na-shtip/ Mon, 13 Feb 2023 13:04:17 +0000 https://republika.mk/?p=608436

Министерството за култура од годишниот буџет за тековната година за фестивалот за забавни мелодии издвои само 6.500 евра. Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека втора година по ред Министерствoто за култура е со намера да го згасне и уништи најреномираниот фестивал за забавни мелодии „Макфест“.

Според Јорданов, оваа одлука е понижување за македонската естрада, штипјани, како и за целата македонската јавност.

Буџетот, кој што е предвиден од страна на Министерството за култура за манифестации и настани оваа година е во износ од 760 милиони денари, а за „Макфест“, најпопуларниот и единствениот македонски фестивал, се предвидени срамни 400.000 денари, вели Јорданов.

Тој на прес-конференцијата истакна дека во име на транспарентноста, наведува само неколку примери, каде ќе се одлеат парите на македонските граѓани во тековната година.

За „Лира фест 2023“ се одвоени повеќе од милион денари. За „Шкупи фест“ се одвоени повеќе од еден милион денари, но за „Макфест“ помалку од 400.000 денари. Овие средства нема да ги примаме, ќе ги вратиме и можат слободно да ги пренаменат за друг настан што оваа година сакаат да го финансираат, додаде Јорданов.

Посочи дека организацијата на фестивалот „Макфест“ чини околу шест милиони денари, колку што и во минатото ресорното министерство одвојуваше средства.

Општината и годинава од сопствениот буџет, со помош на општествено одговорни компании и спонзори ќе обезбеди финансии за да не дозволи да згасне брендот на градот Штип и на македонската забавна мелодија, рече Јорданов.

The post Министерството за култура сака да го згасне „Макфест“, реагира градоначалникот на Штип appeared first on Република.

]]>

Министерството за култура од годишниот буџет за тековната година за фестивалот за забавни мелодии издвои само 6.500 евра. Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека втора година по ред Министерствoто за култура е со намера да го згасне и уништи најреномираниот фестивал за забавни мелодии „Макфест“. Според Јорданов, оваа одлука е понижување за македонската естрада, штипјани, како и за целата македонската јавност.
Буџетот, кој што е предвиден од страна на Министерството за култура за манифестации и настани оваа година е во износ од 760 милиони денари, а за „Макфест“, најпопуларниот и единствениот македонски фестивал, се предвидени срамни 400.000 денари, вели Јорданов.
Тој на прес-конференцијата истакна дека во име на транспарентноста, наведува само неколку примери, каде ќе се одлеат парите на македонските граѓани во тековната година.
За „Лира фест 2023“ се одвоени повеќе од милион денари. За „Шкупи фест“ се одвоени повеќе од еден милион денари, но за „Макфест“ помалку од 400.000 денари. Овие средства нема да ги примаме, ќе ги вратиме и можат слободно да ги пренаменат за друг настан што оваа година сакаат да го финансираат, додаде Јорданов.
Посочи дека организацијата на фестивалот „Макфест“ чини околу шест милиони денари, колку што и во минатото ресорното министерство одвојуваше средства.
Општината и годинава од сопствениот буџет, со помош на општествено одговорни компании и спонзори ќе обезбеди финансии за да не дозволи да згасне брендот на градот Штип и на македонската забавна мелодија, рече Јорданов.

The post Министерството за култура сака да го згасне „Макфест“, реагира градоначалникот на Штип appeared first on Република.

]]>
Штип ќе добие јавен градски превоз, најави градоначалникот Иван Јорданов https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shtip-ke-dobie-javen-gradski-prevoz-najavi-gradonachalnikot-ivan-jordanov/ Mon, 06 Feb 2023 10:45:07 +0000 https://republika.mk/?p=605372

Иван Јорданов, градоначалник на Штип во своето гостување во „Утрински печат“ зборуваше за решавање на сообраќајниот метеж каде најави неколку проекти за решавање на овој проблем.

Започнавме со одредени проекти поврзани со решавањето на сообраќајниот метеж. Паркинг местата кои што се бараат исто така се наш приоритет. Започнавме со проширување на двете главни сообраќајнци во централното градско подрачје со цел да се зголеми паркинг просторот во централното градско подрачје. Исто така во следна фаза како проект е конзолите на река Отиња и катните гаражи кои што очекувам да бидат веќе започнати со градба се со цел да дојде до намалување на сообраќајниот метеж, рече Јорданов.

Градоначалникот Јорданов во текот на своето гостување се пофали и со тоа што после 20 години градот Штип ќе добие јавен градски превоз каде првично ќе бидат набавени 6 автобуси.

Во насока на ова очекувам следниот месец да се распише тендер за набавка на 6 нови автобуси и конечно да се воспостави јавен градски превоз во општина Штип. Јавното претпријатие кое што опстојува до сега и функционира доби дејност на претходната седница на советот за управување со јавниот градски превоз. Веќе сме во постапка на тендерирање на 6 нови автобуси кои што ќе се обраќаат на 6 линии во 8 периоди од денот кои што ќе ги опфаќаат најголем дел од населбите во град Штип. Примарно подалечните населби во време кога имаме зголемени такси услуги, кога имаме инфлација и кога имаме зголемена цена на нафтата сметам дека е крајно време да во Штип се воспостави овој јавен градски превоз кој ќе допринесе и до намалување на сообраќајниот метеж, додаде Јорданов.

The post Штип ќе добие јавен градски превоз, најави градоначалникот Иван Јорданов appeared first on Република.

Јорданов: Со граѓаните го креираме буџетот за 2023 година во Штип, суштинска потреба е промена на водоводната мрежа и воведување на јавен градски превоз https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jordanov-so-gragjanite-go-kreirame-budzetot-za-2023-godina-vo-shtip-sushtinska-potreba-e-promena-na-vodovodnata-mreza-i-voveduvanje-na-javen-gradski-prevoz/ Sun, 04 Dec 2022 14:53:24 +0000 https://republika.mk/?p=581370

Градоначалник на Општина Штип, Иван Јорданов, истакна дека во изминатите денови веќе почнал со одржување средби со неговите сограѓани преку урбаните заедници.

Направивме неколку состаноци каде што имавме можност да слушнеме предлози, идеи проблеми со кои што се соочуваат нашите сограѓани, а овој и наредниот викенд продолжуваме со отворени викенди каде што ги повикуваме сите наши сограѓани да дојдат и да дадат свој предлог идеја, проект, во просториите на општина Штип од 11 до 14 часот.

Целта е преку заедничка комуникација со нашите сограѓани да ги осознаеме суштинските потреби за креирање на буџетот за 2023 година, вели Јорданов.

Тој истакнува дека се надева оти за најголем дел од предлозите и од проблемите со кои се соочуваат граѓаните, општината ќе најде финансиски средства да ги реализира тие проекти и да ги реши проблемите.

Навистина има одлични предлози, ќе напоменам само неколку дека суштинска потреба на Штип е да се изврши промена на водоводната и канализациона мрежа во одредени делови од градот каде што имаме најзастарена подземна инсталација. Исто така дефинитивно потреба да се воспостави јавен градски превоз кој што планираме веќе во буџетот за 2023 година да биде вметнат овој проект. Другите проекти се исто така решавање на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје, повеќе паркинг места, реконструкција на неколку значајни улици и се на се сметам дека граѓаните се секогаш во право и секогаш се тие кои што се најповикани да ги кажат своите предлози и идеи.

Се надевам дека овој и наредниот викенд интересот кај граѓаните ќе биде на едно задоволително ниво за да имаме јасна слика и навигација кои проекти треба да се реализираат, порачува Јорданов.

https://www.youtube.com/watch?v=AkO0wWyAnvQ

The post Јорданов: Со граѓаните го креираме буџетот за 2023 година во Штип, суштинска потреба е промена на водоводната мрежа и воведување на јавен градски превоз appeared first on Република.

]]>

Градоначалник на Општина Штип, Иван Јорданов, истакна дека во изминатите денови веќе почнал со одржување средби со неговите сограѓани преку урбаните заедници.
Направивме неколку состаноци каде што имавме можност да слушнеме предлози, идеи проблеми со кои што се соочуваат нашите сограѓани, а овој и наредниот викенд продолжуваме со отворени викенди каде што ги повикуваме сите наши сограѓани да дојдат и да дадат свој предлог идеја, проект, во просториите на општина Штип од 11 до 14 часот.   Целта е преку заедничка комуникација со нашите сограѓани да ги осознаеме суштинските потреби за креирање на буџетот за 2023 година, вели Јорданов.
Тој истакнува дека се надева оти за најголем дел од предлозите и од проблемите со кои се соочуваат граѓаните, општината ќе најде финансиски средства да ги реализира тие проекти и да ги реши проблемите.
Навистина има одлични предлози, ќе напоменам само неколку дека суштинска потреба на Штип е да се изврши промена на водоводната и канализациона мрежа во одредени делови од градот каде што имаме најзастарена подземна инсталација. Исто така дефинитивно потреба да се воспостави јавен градски превоз кој што планираме веќе во буџетот за 2023 година да биде вметнат овој проект. Другите проекти се исто така решавање на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје, повеќе паркинг места, реконструкција на неколку значајни улици и се на се сметам дека граѓаните се секогаш во право и секогаш се тие кои што се најповикани да ги кажат своите предлози и идеи.   Се надевам дека овој и наредниот викенд интересот кај граѓаните ќе биде на едно задоволително ниво за да имаме јасна слика и навигација кои проекти треба да се реализираат, порачува Јорданов.
https://www.youtube.com/watch?v=AkO0wWyAnvQ

The post Јорданов: Со граѓаните го креираме буџетот за 2023 година во Штип, суштинска потреба е промена на водоводната мрежа и воведување на јавен градски превоз appeared first on Република.

]]>
Јорданов: Преседан и срам е што Владата и Ковачевски намерно ја кочат одлуката за обрзницата за Штип https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jordanov-presedan-i-sram-e-shto-vladata-i-kovachevski-namerno-ja-kochat-odlukata-za-obrznicata-za-shtip/ Wed, 30 Nov 2022 11:17:06 +0000 https://republika.mk/?p=580001

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, на денешната прес-конференција го сподели проблемот кој што неговата општина го има со премиерот Димитар Ковачевски и Владата, како што посочи, за скратеното право за финансирање на одредени капитални проекти кои што требаше да се финансираат преку издавањето на една наменска обврзница.

Јорданов посочи дека Општина Штип е првата општина која што во изминатите неколку месеци во време на енергетска и финансиска криза одлучи да издаде наменска општинска обврзница се со цел да се реализираат неколку капитални проекти во време на ваква финансиска и енергетска криза.

Ги проследивме сите потребни одлуки, ги добивме сите потребни согласности од страна на релевантните институции и Министерство за финансии, го вративме долгот кој што претходно општината го имаше кон Министерството за финансии. И она кое што требаше да биде техничка одлука да се проследи на седница на Влада за нас е проблем, затоа што веќе две последователни седници на Влада точката на која што треба да се донесе одлуката за издавање на обврзницата од страна на Владата се отстранува од дневен ред без објективни причини се со цел да се ускрати можноста и правото за развој на општината и изградба на одредени капитални инвестиции.

Ова е преседан, ова е срам за една држава која се декларира дека се стреми кон европските вредности затоа што сите европски општини издаваат обврзници за развој на истите. Општина Штип по примерот на европските општини одлучи да го направи ова, но дефинитивно имаме политички причини поради кои сме ускратени во правото и во можноста да исфинансираме капитални проекти.

Очекувам да преовлада разумот, го повикувам премиерот да на следна седница на Влада ја стави точката за конечно да се издаде општинската обврзница и со тоа да се реализираат предвидените капитални проекти.

Во спротивно дефинитивно ова ќе значи опструкција и кочење на развојот на општина Штип и казна на граѓаните на општина Штип само затоа што имаат градоначалник и советници кои што се од друга политичка партија, од онаа која што е владината коалиција и премиерот, порача Јорданов.

https://youtu.be/dQLb6rGTyh8

The post Јорданов: Преседан и срам е што Владата и Ковачевски намерно ја кочат одлуката за обрзницата за Штип appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, на денешната прес-конференција го сподели проблемот кој што неговата општина го има со премиерот Димитар Ковачевски и Владата, како што посочи, за скратеното право за финансирање на одредени капитални проекти кои што требаше да се финансираат преку издавањето на една наменска обврзница. Јорданов посочи дека Општина Штип е првата општина која што во изминатите неколку месеци во време на енергетска и финансиска криза одлучи да издаде наменска општинска обврзница се со цел да се реализираат неколку капитални проекти во време на ваква финансиска и енергетска криза.
Ги проследивме сите потребни одлуки, ги добивме сите потребни согласности од страна на релевантните институции и Министерство за финансии, го вративме долгот кој што претходно општината го имаше кон Министерството за финансии. И она кое што требаше да биде техничка одлука да се проследи на седница на Влада за нас е проблем, затоа што веќе две последователни седници на Влада точката на која што треба да се донесе одлуката за издавање на обврзницата од страна на Владата се отстранува од дневен ред без објективни причини се со цел да се ускрати можноста и правото за развој на општината и изградба на одредени капитални инвестиции. Ова е преседан, ова е срам за една држава која се декларира дека се стреми кон европските вредности затоа што сите европски општини издаваат обврзници за развој на истите. Општина Штип по примерот на европските општини одлучи да го направи ова, но дефинитивно имаме политички причини поради кои сме ускратени во правото и во можноста да исфинансираме капитални проекти. Очекувам да преовлада разумот, го повикувам премиерот да на следна седница на Влада ја стави точката за конечно да се издаде општинската обврзница и со тоа да се реализираат предвидените капитални проекти. Во спротивно дефинитивно ова ќе значи опструкција и кочење на развојот на општина Штип и казна на граѓаните на општина Штип само затоа што имаат градоначалник и советници кои што се од друга политичка партија, од онаа која што е владината коалиција и премиерот, порача Јорданов.
https://youtu.be/dQLb6rGTyh8

The post Јорданов: Преседан и срам е што Владата и Ковачевски намерно ја кочат одлуката за обрзницата за Штип appeared first on Република.

]]>
Иван Јорданов: Нема да се наплаќа за влез во Штип за „Макфест“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ivan-jordanov-nema-da-se-naplakja-za-vlez-vo-shtip-za-makfest/ Fri, 21 Oct 2022 08:39:22 +0000 https://republika.mk/?p=563935

Иван Јорданов, градоначалникот на Штип, денеска во утринската емисија на МТВ рече дека општината за време на одрживањето на музичката манифестација „Макфест“, на програмата денес и утре, нема да ја повтори истата грешка како за „Штипската пастрмалијада“ и да им наплаќа влез на сите возила кои се регистрирани надвор од градот.

Пред еден месец на кружната сообраќајница на влезот во Штип од правец на Скопје и Кочани, службите за паркинзи на ЈП „Стипион“ ги стопираа возилата кои немаат штипска регистрација и бараа да платат 80 денари за паркирање ако одат на „Штипската пастрмалијада“.

Знам дека тоа се прошири како една антиреклама за градот, но тоа се случи поради проблеми со наплатата на паркингот. Штипјани се познати како гостопримливи домаќини, рече Јорданов во денешната утринска емеисија.

The post Иван Јорданов: Нема да се наплаќа за влез во Штип за „Макфест“ appeared first on Република.

]]>

Иван Јорданов, градоначалникот на Штип, денеска во утринската емисија на МТВ рече дека општината за време на одрживањето на музичката манифестација „Макфест“, на програмата денес и утре, нема да ја повтори истата грешка како за „Штипската пастрмалијада“ и да им наплаќа влез на сите возила кои се регистрирани надвор од градот. Пред еден месец на кружната сообраќајница на влезот во Штип од правец на Скопје и Кочани, службите за паркинзи на ЈП „Стипион“ ги стопираа возилата кои немаат штипска регистрација и бараа да платат 80 денари за паркирање ако одат на „Штипската пастрмалијада“.
Знам дека тоа се прошири како една антиреклама за градот, но тоа се случи поради проблеми со наплатата на паркингот. Штипјани се познати како гостопримливи домаќини, рече Јорданов во денешната утринска емеисија.
 
The post Иван Јорданов: Нема да се наплаќа за влез во Штип за „Макфест“ appeared first on Република.

]]>
„Макфест“ ќе се одржи без поддршка од Министерството за култура, Штип им ги врати парите откако понудија премалку https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/makfest-kje-se-odrzi-bez-poddrshka-od-ministerstvoto-za-kultura-shtip-im-gi-vrati-parite-otkako-ponudija-premalku/ Mon, 17 Oct 2022 13:55:08 +0000 https://republika.mk/?p=562135

Триесет и седмото издание на фестивалот за забавни мелодии „Макфест“ ќе се одржи овој петок и сабота, но овој пат целосно финансиран од Општина Штип. Од општинскиот буџет се обезбедени 5 милиони денари, а уште еден милион од бизнис секторот.

Локалната самоуправа реши во свој раце да ја превземе цела организација, откако од Министерството за култура добија неполни 400.000 денари, кои градоначалникот Иван Јорданов ги одби.

Самото тоа што е единствен по својот карактер и на него имаат настапувано безброј познати балкански музички имиња, ни дава обврска да најдеме, да обезбедиме средства, да скратиме на непродуктивните трошоци коишто ги имаме во буџетот на општината и државата. Повторно ќе кажам, на сè може да кратиме, но не смееме на образование, култура и инфраструктурни проекти, изјави Јорданов на прес-конференцијата.

Од Министерството за култура тогаш се правдаа, дека ваквата одлука е донесена бидејќи фестивалот е рангиран во трета категорија. Сепак за организаторите е важно кој ги поставува критериумите за рангирањето .

Се она што промовира македонска уметност и музика не може да биде рангирано во трета категорија. А што е тогаш прва, што е втора категорија? Поготово Макфест, што преставува македонски Сан Ремо, изјави Роберт Саздов, уметнички директор на овогодинешниот „Макфест“.

The post „Макфест“ ќе се одржи без поддршка од Министерството за култура, Штип им ги врати парите откако понудија премалку appeared first on Република.

]]>

Триесет и седмото издание на фестивалот за забавни мелодии „Макфест“ ќе се одржи овој петок и сабота, но овој пат целосно финансиран од Општина Штип. Од општинскиот буџет се обезбедени 5 милиони денари, а уште еден милион од бизнис секторот. Локалната самоуправа реши во свој раце да ја превземе цела организација, откако од Министерството за култура добија неполни 400.000 денари, кои градоначалникот Иван Јорданов ги одби.
Самото тоа што е единствен по својот карактер и на него имаат настапувано безброј познати балкански музички имиња, ни дава обврска да најдеме, да обезбедиме средства, да скратиме на непродуктивните трошоци коишто ги имаме во буџетот на општината и државата. Повторно ќе кажам, на сè може да кратиме, но не смееме на образование, култура и инфраструктурни проекти, изјави Јорданов на прес-конференцијата.
Од Министерството за култура тогаш се правдаа, дека ваквата одлука е донесена бидејќи фестивалот е рангиран во трета категорија. Сепак за организаторите е важно кој ги поставува критериумите за рангирањето .
Се она што промовира македонска уметност и музика не може да биде рангирано во трета категорија. А што е тогаш прва, што е втора категорија? Поготово Макфест, што преставува македонски Сан Ремо, изјави Роберт Саздов, уметнички директор на овогодинешниот „Макфест“.
 
The post „Макфест“ ќе се одржи без поддршка од Министерството за култура, Штип им ги врати парите откако понудија премалку appeared first on Република.

]]>
Јорданов: Нема да има рестрикции за затоплување во штипските училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jordanov-nema-da-ima-restrikcii-za-zatopluvanje-vo-shtipskite-uchilishta/ Sun, 16 Oct 2022 13:40:34 +0000 https://republika.mk/?p=561726

Во штипските училишта нема да има реатрикции во текот на грејната сезона. Обезбедени се доволно количини енергенси и грејната сезона во училиштата, градинките и другите институции кои се под локално ниво, може да почне, изјави градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

За да се обезбедат доволно средства за затоплување и осветлување, тој посочува дека ставките за непродуктивни трошоци се замрзнати.

Нема да има промена во временскиот период за затоплување на овие институции, туку со намалувањето на другите непродуктивни трошоци обезбедивме доволно средства за набавка на енергенсите и нафта за затоплување на овие институции кои се под локалната самоуправа, вели Јорданов.

Според него, позитивен сигнал е тоа што и училиштата, како и јавните претпријатија се предвидува бидат ставени на регулиран пазар, односно нема да користат индустриска струја. Ова не значи дека ќе се намалат сметките, туку ќе може да се планираат предвреме, објаснува Јорданов.

Добро е тоа што ЈП „Исар” од наредниот месец ќе биде на регулиран пазар, па ќе може да ги предвидеме трошоците за електрична енергија. Ќе може да ги предвидиме средствата коишто Општина Штип ќе ги префрла како субвенција на јавното претпријатие за истото да остане во функција и да биде сервис на граѓаните. Огромни се трошоците што ги даваме за покривање на обврските од минатото, за плаќање на камати, но и за електрична енергија, додаде Јорданов.

Училиштата и јавните претпријатија да се стават на регулиран пазар, е барање кое градоначалниците откако почна кризата, кое неколкупати го упатија до власта. Високите сметки за електрична енергија во некои комунални претпријатија достигнаа двоцифрени милиониски суми и го проголтаа целиот месечен приход.

The post Јорданов: Нема да има рестрикции за затоплување во штипските училишта appeared first on Република.

]]>

Во штипските училишта нема да има реатрикции во текот на грејната сезона. Обезбедени се доволно количини енергенси и грејната сезона во училиштата, градинките и другите институции кои се под локално ниво, може да почне, изјави градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. За да се обезбедат доволно средства за затоплување и осветлување, тој посочува дека ставките за непродуктивни трошоци се замрзнати.
Нема да има промена во временскиот период за затоплување на овие институции, туку со намалувањето на другите непродуктивни трошоци обезбедивме доволно средства за набавка на енергенсите и нафта за затоплување на овие институции кои се под локалната самоуправа, вели Јорданов.
Според него, позитивен сигнал е тоа што и училиштата, како и јавните претпријатија се предвидува бидат ставени на регулиран пазар, односно нема да користат индустриска струја. Ова не значи дека ќе се намалат сметките, туку ќе може да се планираат предвреме, објаснува Јорданов.
Добро е тоа што ЈП „Исар” од наредниот месец ќе биде на регулиран пазар, па ќе може да ги предвидеме трошоците за електрична енергија. Ќе може да ги предвидиме средствата коишто Општина Штип ќе ги префрла како субвенција на јавното претпријатие за истото да остане во функција и да биде сервис на граѓаните. Огромни се трошоците што ги даваме за покривање на обврските од минатото, за плаќање на камати, но и за електрична енергија, додаде Јорданов.
Училиштата и јавните претпријатија да се стават на регулиран пазар, е барање кое градоначалниците откако почна кризата, кое неколкупати го упатија до власта. Високите сметки за електрична енергија во некои комунални претпријатија достигнаа двоцифрени милиониски суми и го проголтаа целиот месечен приход.

The post Јорданов: Нема да има рестрикции за затоплување во штипските училишта appeared first on Република.

]]>
Јорданов: Власта се правдаше дека болницата во Штип не се гради оти има судски спор, сега спор нема, зошто не почне да се гради https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jordanov-vlasta-se-pravdashe-deka-bolnicata-vo-shtip-ne-se-gradi-oti-ima-sudski-spor-sega-spor-nema-zoshto-ne-pochne-da-se-gradi/ Thu, 06 Oct 2022 20:44:08 +0000 https://republika.mk/?p=558156

Имаме суштинска потреба во цел исток не само во општина Штип да се доизгради клиничката болница која беше започната в 2016 година и за година дена е изградено ова што денес стои. Со доаѓањето на оваа власт во новата зграда не се случува ништо, а главна причина и изговор им е дека таму има судски спор помеѓу фирмата изведувач од Грција и Бетон Штип како подизведувач. Сега спор нема, нека почне да се гради, изјави градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, за „Што не е јасно“ на Алфа.

Кога дојдов како градоначалник, и покрај тоа што не е моја обврска и надлежност сметам дека ова е од суштинско значење како што и универзитетот е двигател на економијата во Штип, клиничката болница која дава услуга на целиот исток е исто така од суштинска потреба на градот. Сметав дека треба да искомуницирам со овие компании и благодарение на разбирливоста на една од компаниите успеавме да направиме спогодба и да се откочи процесот, рече Јорданов.

Тој додаде дека досега владините претставници кога биле прашани одговорот им е дека не е проблем финансирањето, туку судскиот спор, а сега нема таков, но не се гради.

Еве сега е тргнат судскиот спор. Утре ќе има средба со министерот за здравство кога ќе почне ќе продолжи да се гради болницата, затоа што нема повеќе пречка, еве нека почне да се прави болницата. Надминати се временските рокови за изградба на штета на граѓаните од истокот, се одлеваат кадри во кои е вложувано со години, затоа што болницата не е само ѕидовите туку и кадрите и персоналот. Сметам дека треба да се направи исчекор, рече Јорданов.

Во врска со кризата и трошоците Јорданов посочи дека кога државата ги оптеретуваа компаниите со зголемени давачки и даноци компаниите и со трошоци кои се оставени на слободниот пазар и тие не може никој да ги испланира, во најмала рака сите тие компании се неконкурентни на компаниите, не само од Европа туку и регионот.

Тоа е еден синџир на поврзаност и доколку ги уништите компаниите и ако граѓаните не земаат плата, бадијала ќе биде субвенција која ќе ја давате на граѓанството. Компаниите треба да бидат субвенционирани да бидат конкурентни на пазарот. Тоа не се случува, општините и компаниите плаќаат највисока електрична енергија во регионот и Европа и прашање на време е кога истите ќе ја преселат инвестицијата во соседна држава, а вработените ќе останат без плата, нагласи Јорданов.

Додаде дека ако се уништени компаниите, тогаш општините ќе не можат да наплати данок, а исто и државата.

Ќе има невработеност, намалени приходи затоа што ќе нема кој да плати данок и тогаш и да воведувате мерки ќе е касно. Ќе ни се случи банкрот на државата и прашање на време е. Алармот е вклучен, жалам што никој не смогна сили да се седне на маса и да ја надминеме оваа криза. Оваа зима ќе биде најтешката од осамостојувањето, изјави Јорданов.

Јорданов посочи и дека како нова локална власт и покрај кризата и опструкциите од власта успева да сработи повеќе од 4 години од минатата локална власт.

Како нова локална власт се соочивме малку порано со енергетската криза од компаниите кои пред месец-два излегоа на слободниот пазар, а општина Штип уште од јануари се соочи со зголемени сметки за електрична енергија кои беа 5 до 6 пати повисоки од сметките кои доспевале во тие месеци претходната година. Во јануари месец ЈП Исар кое е под општина Штип имале сметка за електрична енергија од 19 милиони денари, а вкупниот приход по основ на наплата на сметки е 18 милиони денари. Што значи по основ само на електрична енергија има повисок трошок, а каде се платите на вработените репроматеријалите и сето она што го има како трошок на месечна основа. Сето ова моравме ние како општини да го субвенционираме, да дадеме милион евра да можат да ја покријат оваа загуба од електрична енергија за да продолжи да функционира на респиратор ЈП Исар. Алармиравме уште тогаш до владини претставници, рече Јорданов.

Тој посочи дека власта наместо да помага во криза таа селективно се однесува кон општините и решава да ја казни општина Штип но и граѓаните со зголемени давачки за нешто што некој друг го направил и не сносил одговорност.

Карактеристично за Штип е тоа што пред 20 години бил подигнат кредит од страна на јавното претпријатие а гарант е општината. Кредитот бил потрошен и откако биле искористени средствата обврската за сервисирање никој не ја преземал. Каматната стапка нараснала и неколку пати ја зголемила главнината од кредитот. Основната е 70 милиони денари, и 200 милиони денари нарасната камата затоа што 20 години не бил враќан кредитот и селективно бидејќи централната власт е различна од локалната од првиот ден ми стигна известување дека доколку не се плати рата ќе добиеме блокада на сметка, рече тој.

Јорданов додаде дека во сите вакви околности на енергетска криза, зголемени трошоци, репроматеријали, селективно власта наметнува и ги казнува граѓаните сега за нешто што изминативе 20 години никој не плаќал и не носи одговорност.

The post Јорданов: Власта се правдаше дека болницата во Штип не се гради оти има судски спор, сега спор нема, зошто не почне да се гради appeared first on Република.

]]>

Имаме суштинска потреба во цел исток не само во општина Штип да се доизгради клиничката болница која беше започната в 2016 година и за година дена е изградено ова што денес стои. Со доаѓањето на оваа власт во новата зграда не се случува ништо, а главна причина и изговор им е дека таму има судски спор помеѓу фирмата изведувач од Грција и Бетон Штип како подизведувач. Сега спор нема, нека почне да се гради, изјави градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, за „Што не е јасно“ на Алфа.
Кога дојдов како градоначалник, и покрај тоа што не е моја обврска и надлежност сметам дека ова е од суштинско значење како што и универзитетот е двигател на економијата во Штип, клиничката болница која дава услуга на целиот исток е исто така од суштинска потреба на градот. Сметав дека треба да искомуницирам со овие компании и благодарение на разбирливоста на една од компаниите успеавме да направиме спогодба и да се откочи процесот, рече Јорданов.
Тој додаде дека досега владините претставници кога биле прашани одговорот им е дека не е проблем финансирањето, туку судскиот спор, а сега нема таков, но не се гради.
Еве сега е тргнат судскиот спор. Утре ќе има средба со министерот за здравство кога ќе почне ќе продолжи да се гради болницата, затоа што нема повеќе пречка, еве нека почне да се прави болницата. Надминати се временските рокови за изградба на штета на граѓаните од истокот, се одлеваат кадри во кои е вложувано со години, затоа што болницата не е само ѕидовите туку и кадрите и персоналот. Сметам дека треба да се направи исчекор, рече Јорданов.
Во врска со кризата и трошоците Јорданов посочи дека кога државата ги оптеретуваа компаниите со зголемени давачки и даноци компаниите и со трошоци кои се оставени на слободниот пазар и тие не може никој да ги испланира, во најмала рака сите тие компании се неконкурентни на компаниите, не само од Европа туку и регионот.
Тоа е еден синџир на поврзаност и доколку ги уништите компаниите и ако граѓаните не земаат плата, бадијала ќе биде субвенција која ќе ја давате на граѓанството. Компаниите треба да бидат субвенционирани да бидат конкурентни на пазарот. Тоа не се случува, општините и компаниите плаќаат највисока електрична енергија во регионот и Европа и прашање на време е кога истите ќе ја преселат инвестицијата во соседна држава, а вработените ќе останат без плата, нагласи Јорданов.
Додаде дека ако се уништени компаниите, тогаш општините ќе не можат да наплати данок, а исто и државата.
Ќе има невработеност, намалени приходи затоа што ќе нема кој да плати данок и тогаш и да воведувате мерки ќе е касно. Ќе ни се случи банкрот на државата и прашање на време е. Алармот е вклучен, жалам што никој не смогна сили да се седне на маса и да ја надминеме оваа криза. Оваа зима ќе биде најтешката од осамостојувањето, изјави Јорданов.
Јорданов посочи и дека како нова локална власт и покрај кризата и опструкциите од власта успева да сработи повеќе од 4 години од минатата локална власт. Како нова локална власт се соочивме малку порано со енергетската криза од компаниите кои пред месец-два излегоа на слободниот пазар, а општина Штип уште од јануари се соочи со зголемени сметки за електрична енергија кои беа 5 до 6 пати повисоки од сметките кои доспевале во тие месеци претходната година. Во јануари месец ЈП Исар кое е под општина Штип имале сметка за електрична енергија од 19 милиони денари, а вкупниот приход по основ на наплата на сметки е 18 милиони денари. Што значи по основ само на електрична енергија има повисок трошок, а каде се платите на вработените репроматеријалите и сето она што го има како трошок на месечна основа. Сето ова моравме ние како општини да го субвенционираме, да дадеме милион евра да можат да ја покријат оваа загуба од електрична енергија за да продолжи да функционира на респиратор ЈП Исар. Алармиравме уште тогаш до владини претставници, рече Јорданов. Тој посочи дека власта наместо да помага во криза таа селективно се однесува кон општините и решава да ја казни општина Штип но и граѓаните со зголемени давачки за нешто што некој друг го направил и не сносил одговорност.
Карактеристично за Штип е тоа што пред 20 години бил подигнат кредит од страна на јавното претпријатие а гарант е општината. Кредитот бил потрошен и откако биле искористени средствата обврската за сервисирање никој не ја преземал. Каматната стапка нараснала и неколку пати ја зголемила главнината од кредитот. Основната е 70 милиони денари, и 200 милиони денари нарасната камата затоа што 20 години не бил враќан кредитот и селективно бидејќи централната власт е различна од локалната од првиот ден ми стигна известување дека доколку не се плати рата ќе добиеме блокада на сметка, рече тој.
Јорданов додаде дека во сите вакви околности на енергетска криза, зголемени трошоци, репроматеријали, селективно власта наметнува и ги казнува граѓаните сега за нешто што изминативе 20 години никој не плаќал и не носи одговорност.

The post Јорданов: Власта се правдаше дека болницата во Штип не се гради оти има судски спор, сега спор нема, зошто не почне да се гради appeared first on Република.

]]>
Јорданов: Мора да има промени, луѓето ќе останат на улица, ќе има социјални немири https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jordanov-mora-da-ima-promeni-lugjeto-kje-ostanat-na-ulica-kje-ima-socijalni-nemiri/ Mon, 26 Sep 2022 20:57:18 +0000 https://republika.mk/?p=554458

Објективно во Македонија се потребни промени и на политичката сцена, реформирање на најголем дел од партиите коишто се во владината коалиција затоа што ова што се случува во изминатите неколку години, верувајте сите ние го чувствуваме, ако причината за која што ВМРО-ДПМНЕ замина во опозиција беше дека треба да се реформира, дека треба да дојде нова генерација на политичари повеќе од јасно е дека тоа треба да се случи во владината коалиција затоа што ја гледаме секојдневицата, поскапени цени, беспарица, а сето тоа се рефлектира од управувањето и партиципирањето на власта. Затоа нема што да додадам општо познато е дека Македонија е заробена држава од корупција и криминал, парите на граѓаните нетранспарентно се трошат во време на ваква криза најмалку е потребно реформа барем во владејачката структура, изјави Иван Јорданов градоначалник на Штип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во 24 анализа на Телевизија 24.

Дополнително околу моменталната економска и енергетска криза тој посочи дека слаба е комуникацијата со Владата која во овие моменти според Јорданов треба да биде многу честа и потреба е координација помеѓу сите градоначалници и претставници од општините со владини претставници.

Веќе ќе почне да доспеваат сметките за струја во сите институции, вклучувајќи ги и јавните претпријатија и има општини каде, ако не се донесе побрзо одлука, веќе се со блокирани сметки, имаат долгови кои ги враќаат а се од периодот кога немало енергетска криза. Ние враќаме кредити од минатото и имале доспеано и зголемено неколку кратко трошоци. Институциите треба да влезат под регулиран пазар за да имаат предвидлив трошок. Колку и да штедиме, имавме состојба кога сметката за струја беше 19 милиони денари, а приходот од наплата на вода и ѓубрарина е 17 милиони. Ќе дојде денот кога луѓето ќе останат на улица, ќе ни се случат социјални немири, вели Јорданов.

The post Јорданов: Мора да има промени, луѓето ќе останат на улица, ќе има социјални немири appeared first on Република.

]]>

Објективно во Македонија се потребни промени и на политичката сцена, реформирање на најголем дел од партиите коишто се во владината коалиција затоа што ова што се случува во изминатите неколку години, верувајте сите ние го чувствуваме, ако причината за која што ВМРО-ДПМНЕ замина во опозиција беше дека треба да се реформира, дека треба да дојде нова генерација на политичари повеќе од јасно е дека тоа треба да се случи во владината коалиција затоа што ја гледаме секојдневицата, поскапени цени, беспарица, а сето тоа се рефлектира од управувањето и партиципирањето на власта. Затоа нема што да додадам општо познато е дека Македонија е заробена држава од корупција и криминал, парите на граѓаните нетранспарентно се трошат во време на ваква криза најмалку е потребно реформа барем во владејачката структура, изјави Иван Јорданов градоначалник на Штип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во 24 анализа на Телевизија 24. Дополнително околу моменталната економска и енергетска криза тој посочи дека слаба е комуникацијата со Владата која во овие моменти според Јорданов треба да биде многу честа и потреба е координација помеѓу сите градоначалници и претставници од општините со владини претставници. Веќе ќе почне да доспеваат сметките за струја во сите институции, вклучувајќи ги и јавните претпријатија и има општини каде, ако не се донесе побрзо одлука, веќе се со блокирани сметки, имаат долгови кои ги враќаат а се од периодот кога немало енергетска криза. Ние враќаме кредити од минатото и имале доспеано и зголемено неколку кратко трошоци. Институциите треба да влезат под регулиран пазар за да имаат предвидлив трошок. Колку и да штедиме, имавме состојба кога сметката за струја беше 19 милиони денари, а приходот од наплата на вода и ѓубрарина е 17 милиони. Ќе дојде денот кога луѓето ќе останат на улица, ќе ни се случат социјални немири, вели Јорданов.

The post Јорданов: Мора да има промени, луѓето ќе останат на улица, ќе има социјални немири appeared first on Република.

]]>
Јорданов: Го решивме уличното осветлување без да гасиме светилки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jordanov-go-reshivme-ulichnoto-osvetluvanje-bez-da-gasime-svetilki/ Mon, 26 Sep 2022 18:18:10 +0000 https://republika.mk/?p=554419

Најголем дел од финансиските средства кои што ги прибираме како основ на даноци и такси, кои граѓаните ги плаќаат во општинската каса ќе бидат пренасочени за она кое што е наша примарна цел а тоа е обезбедување на чиста вода за пиење, да се одвива образовниот, наставниот процес, да се згрижуваат децата во градинките и да ја одржуваме комуналната хигиена, вели Иван Јорданов градоначалник на Општина Штип во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема на Ваша страна“ на телевизија Телма говорејќи дека сето ова е последица на високите сметки за електрична енергија кои ги добиваат како општина.

Јорданов посочи дека во време на енергетска криза Општина Штип го решила проблемот со уличното осветлување без да има проблем за граѓаните.

Проблемот со високите сметки за уличното осветлување во Штип го решивме со јавно приватно партнерство со економски оператор кој што има обврска да ја плаќа електричната енергија за улично осветлување по основ на комуналната такса која што ја плаќаат граѓаните, а ние како општина ја прибираме, со тоа што истиот економски оператор има обврска да ги сервисира светилките и да ги замени со штедливи. Тоа веќе е направено, така што во однос на уличното осветлување го решивме проблемот и можам да кажам дека сме една од ретките општини кои што во овој момент немаме проблем со високите сметки за уличното осветлување, потенцираше тој.

Како пример во јануари сметката на струја на комуналното јавно претпријатие кое што има обврска да дистрибуира чиста вода за пиење и да го чисти сметот и ѓубрето од улиците во Штип достигна 19 милиони денари, а вкупниот приход  на јавното комунално претпријатие е 17 милиони денари. Кога вие имате по само еден основ повисок трошок немате како да ги менаџирате за да ги покриете трошоците. И додека го решивме овој проблем времено, се префрливме на друг водоснабдителен систем на хидросистемот Злетовица и да ги исклучиме пумпите коишто беа генератор на трошење на електрична енергија помина 3 месеци со екстремно голем и сметки за струја, кои што акумулираа долг кој што веќе го враќаме. Сакам да кажам дека се соочивме во јануари месец со тој проблем да трошоците се поголеми од приходите кои што ги прибираме. Така што јавното комунално претпријатие ја намали цената на електричната енергија на 6 милиони денари, но и тоа е премногу компаративно со годините наназад, нагласи Јорданов.

Јорданов смета дека јавните претпријатија и училиштата треба да влезат на регулиран пазар, бидејќи вака оставени сами на себе на слободен пазар не знаат да каде може да оди цената на електричната енергија и со самото тоа не можат да ги планираат трошоците.

Во време на криза мора да ги решаваме проблемите, но за целосно да се насочиме кон успешно функционирање мораме заеднички да излобираме преку ЗЕЛС, сите овие јавни институции јавни претпријатија, училишта да влезат на регулиран пазар, за да имаме планирање на трошоците, бидејќи вака оставени сами на себе на слободен пазар ние не знаеме до каде ќе оди цената на електричната енергија на светските берзи и немаме планирање на трошоците, вели Јорданов.

The post Јорданов: Го решивме уличното осветлување без да гасиме светилки appeared first on Република.

Во Штип се вложува половина милион евра во капитални инвестиции, Јорданов и покрај кризата најавува помодерен и поубав град https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-shtip-se-vlozuva-polovina-milion-evra-vo-kapitalni-investicii-jordanov-i-pokraj-krizata-najavuva-pomoderen-i-poubav-grad/ Fri, 16 Sep 2022 11:17:49 +0000 https://republika.mk/?p=551394

Денес заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и со координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски, и со советниците, директорите на институциите под локална самоуправа, заедно со граѓаните сме овде да направиме увид на неколку локации каде што во моментов се одвиваат градежни активности, истакна Иван Јорданов, градоначалник на општина Штип.

-Се наоѓаме на новата велосипедска патека, практично која што ја ветивме пред изборите дека ќе ја прошириме постоечката пешачка патека со велосипедска патека долж кејот на реката Брегалница. И одовде ќе се упатиме на други локации, на улицата „Ванчо Китанов“ каде што ќе се започне активност за асфалтирање, во населбата Сењак, исто така ќе се направи увид на паркот кој што е во изведба во населбата Дузлак. Исто така ќе го посетиме централното градско подрачје каде што моментално се работи на конзоли на кејот на река Отиња и на спортското игралиште на улица „Личка“ во населба Кадидаре.

Сакам да напоменам дека на сите овие локации моментално се работи, вредноста на капиталните инвестиции во кои што се вложува е некаде половина милион евра, 30 милиони денари. Во овој момент продолжуваме во капитални инвестиции, потенцира Јорданов и додава:

И исто така сакам да истакнам дека и покрај тоа што цените на материјалите со кои што се одвиваат овие градежни активности и се неколкукратно покачени, и покрај тоа што имаме намалени приходи , а зголемени трошоци, и покрај тоа што живееме во криза и враќаме долгови на претходни локални власти кои што ги генерирале тие долгови кога немало криза, успеваме да направиме и се трудиме да направиме капитални инвестиции со кои што ќе го направиме Штип поубав за живеење, а затоа што тоа е наш мотив, наша желба да оставиме нешто позитивно зад себе.

Јас се надевам дека и покрај сите предизвици, криза во која што живееме, ќе успееме заеднички затоа што имаме желба да оставиме и да изградиме помодерен и поубав Штип за сите наши сограѓани“.

The post Во Штип се вложува половина милион евра во капитални инвестиции, Јорданов и покрај кризата најавува помодерен и поубав град appeared first on Република.

]]>

Денес заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и со координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски, и со советниците, директорите на институциите под локална самоуправа, заедно со граѓаните сме овде да направиме увид на неколку локации каде што во моментов се одвиваат градежни активности, истакна Иван Јорданов, градоначалник на општина Штип.
-Се наоѓаме на новата велосипедска патека, практично која што ја ветивме пред изборите дека ќе ја прошириме постоечката пешачка патека со велосипедска патека долж кејот на реката Брегалница. И одовде ќе се упатиме на други локации, на улицата „Ванчо Китанов“ каде што ќе се започне активност за асфалтирање, во населбата Сењак, исто така ќе се направи увид на паркот кој што е во изведба во населбата Дузлак. Исто така ќе го посетиме централното градско подрачје каде што моментално се работи на конзоли на кејот на река Отиња и на спортското игралиште на улица „Личка“ во населба Кадидаре.
Сакам да напоменам дека на сите овие локации моментално се работи, вредноста на капиталните инвестиции во кои што се вложува е некаде половина милион евра, 30 милиони денари. Во овој момент продолжуваме во капитални инвестиции, потенцира Јорданов и додава:
И исто така сакам да истакнам дека и покрај тоа што цените на материјалите со кои што се одвиваат овие градежни активности и се неколкукратно покачени, и покрај тоа што имаме намалени приходи , а зголемени трошоци, и покрај тоа што живееме во криза и враќаме долгови на претходни локални власти кои што ги генерирале тие долгови кога немало криза, успеваме да направиме и се трудиме да направиме капитални инвестиции со кои што ќе го направиме Штип поубав за живеење, а затоа што тоа е наш мотив, наша желба да оставиме нешто позитивно зад себе. Јас се надевам дека и покрај сите предизвици, криза во која што живееме, ќе успееме заеднички затоа што имаме желба да оставиме и да изградиме помодерен и поубав Штип за сите наши сограѓани“.  

The post Во Штип се вложува половина милион евра во капитални инвестиции, Јорданов и покрај кризата најавува помодерен и поубав град appeared first on Република.

]]>
Јорданов: Референдум за раскинување на договорот со Бугарија, кој создаде јаз и нетрпеливост помеѓу народите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jordanov-referendum-za-raskinuvanje-na-dogovorot-so-bugarija-koj-sozdade-jaz-i-netrpelivost-pomegju-narodite/ Tue, 06 Sep 2022 16:08:49 +0000 https://republika.mk/?p=548049

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, на социјалните мрежи искажа поддршка за референдумот против асимилација и бугаризација, што го најави ВМРО-ДПМНЕ.

Договорот со Бугарија наместо да ги унапреди меѓусебните односи во областа на економијата, инфраструктурата, образованието, социјалната заштита, здравството, туризмот и сите други области за кои декларативно се согласни двете страни потписнички на истиот, создаде длабок јаз и нетрпеливост меѓу двата пријателски народи.

А, штом народот не се согласува со одлуките на власта, со активно граѓанско учество, сам донесува одлуки со кои ја трасира својата иднина.

Неопходен е референдум со задолжителна примена на исходот од него, затоа што секоја нормална власт, мора да биде слуга, гарант и извршител на волјата на граѓаните! - порачува Јорданов.

The post Јорданов: Референдум за раскинување на договорот со Бугарија, кој создаде јаз и нетрпеливост помеѓу народите appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, на социјалните мрежи искажа поддршка за референдумот против асимилација и бугаризација, што го најави ВМРО-ДПМНЕ.
Договорот со Бугарија наместо да ги унапреди меѓусебните односи во областа на економијата, инфраструктурата, образованието, социјалната заштита, здравството, туризмот и сите други области за кои декларативно се согласни двете страни потписнички на истиот, создаде длабок јаз и нетрпеливост меѓу двата пријателски народи.   А, штом народот не се согласува со одлуките на власта, со активно граѓанско учество, сам донесува одлуки со кои ја трасира својата иднина.   Неопходен е референдум со задолжителна примена на исходот од него, затоа што секоја нормална власт, мора да биде слуга, гарант и извршител на волјата на граѓаните! - порачува Јорданов.