Иван Иванов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ivan-ivanov/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Aug 2024 12:08:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Иван Иванов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ivan-ivanov/ 32 32 Иван Иванов побара извинување од СДСМ: Целосна невистина, не сум назначен на позиција во МЕПСО туку сум универзитетски професор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ivan-ivanov-pobara-izvinuvane-od-sdsm-tselosna-nevistina-ne-sum-naznachen-na-pozitsija-vo-mepso-tuku-sum-univerzitetski-profesor/ Thu, 01 Aug 2024 12:08:02 +0000 https://republika.mk/?p=802354

Синот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, Иван Иванов побара извинување од СДСМ по нивната прес-конференција, на која го прозваа дека бил назначен на позиција во МЕПСО, непроверувајќи дека станува збор за друг Иван Иванов.

Ставот на Иван Иванов го пренесуваме во продолжение:

Почитувани,

Во врска со изнесените невистини од страна на кујната за ширење лажни вести на СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија би сакал да посочам на неколку факти.

Најпрвин, не сум назначен за член во одборот на МЕПСО, ниту пак во кој било друг одбор, на која било друга институција. Станува збор за сосема друга личност со исто име и презиме.

Второ, на госпоѓата Кузеска би сакал да и посочам дека покрај тоа што сум дипломиран политолог како што таа посочи на пресот, истовремено сум и доцент и универзитетски професор по политички науки, па би ја поканил на некое од моите предавања, со што можеби би ги подобрила нејзините политички вештини, па можеби во иднина нема да прави вакви аматерски грешки.

Трето, барам извинување од СДСМ на идентичен начин, на прес конференција, онака како што ја изнесоа и лажната вест.

Во спротивно следува тужба.

На истата прес-конференција, СДСМ обвини дека во МЕПСО се вработила и сопругата на Богдан Илиевски, Анастасија Илиевска.

https://republika.mk/vesti/makedonija/anastasija-ilievska-ne-prifakam-pishano-izvinuvane-od-sdsm/

The post Иван Иванов побара извинување од СДСМ: Целосна невистина, не сум назначен на позиција во МЕПСО туку сум универзитетски професор appeared first on Република.

]]>

Синот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, Иван Иванов побара извинување од СДСМ по нивната прес-конференција, на која го прозваа дека бил назначен на позиција во МЕПСО, непроверувајќи дека станува збор за друг Иван Иванов. Ставот на Иван Иванов го пренесуваме во продолжение:
Почитувани, Во врска со изнесените невистини од страна на кујната за ширење лажни вести на СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија би сакал да посочам на неколку факти. Најпрвин, не сум назначен за член во одборот на МЕПСО, ниту пак во кој било друг одбор, на која било друга институција. Станува збор за сосема друга личност со исто име и презиме. Второ, на госпоѓата Кузеска би сакал да и посочам дека покрај тоа што сум дипломиран политолог како што таа посочи на пресот, истовремено сум и доцент и универзитетски професор по политички науки, па би ја поканил на некое од моите предавања, со што можеби би ги подобрила нејзините политички вештини, па можеби во иднина нема да прави вакви аматерски грешки. Трето, барам извинување од СДСМ на идентичен начин, на прес конференција, онака како што ја изнесоа и лажната вест. Во спротивно следува тужба.
На истата прес-конференција, СДСМ обвини дека во МЕПСО се вработила и сопругата на Богдан Илиевски, Анастасија Илиевска. https://republika.mk/vesti/makedonija/anastasija-ilievska-ne-prifakam-pishano-izvinuvane-od-sdsm/

The post Иван Иванов побара извинување од СДСМ: Целосна невистина, не сум назначен на позиција во МЕПСО туку сум универзитетски професор appeared first on Република.

]]>
Изложба „Хор од солисти“ на белградскиот фоторепортер Иван Иванов во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-hor-od-solisti-na-belgradskiot-fotoreporter-ivan-ivanov-vo-mkts/ Mon, 17 Jun 2024 08:53:09 +0000 https://republika.mk/?p=788347

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје вечер ќе биде отворена изложба на фотографии на белградскиот фотограф Иван Иванов насловена „Хор од солисти“. Промотор на изложбата со фотографии од најпознатите артисти од поранешните југословенски простори ќе биде Владимир Галевски.

Иванов целиот работен век го минал како фоторепортер на неделниците „Дуга“ и „Практична жена“ за кои подготвил голем број насловни страници и фоторепортажи од општествено политичкиот живот и културните манифестации и фестивали во поранешна Југославија. Објавувал фотографии во „Политика“, „Ослобоѓење“, „Дело“, во ревиите Екран (Скопје), Студио (Загреб), Стоп ( Љубљана), Полски Екран, Руски Екран...

Со својот фотоапарат во рацете снимал и се што ќе му привлече внимание од секојдневието но со својот фотоапарат ги забележувал возбудливите ревии на Пјер Карден, Живанши, Александар Јоксимовиќ и светските артисти и режисери кои доаѓале на ФЕСТ и БИТЕФ. На фото портретите на Иванов може да се забележи нешто искрено, топло и старинско, нешто што отскокнува од студенилото на дигиталните снимки, наведува МКЦ во најавата за изложбата.

Во 2012 година, Јован Ќирилов, филозов, писател, театролог и директор на БИТЕФ, во Галеријата на Академијата на уметности на Србија во Белград , ја отворил неговата самостојната изложба „Некад и сад“.

Изложбата ќе трае до 30 јуни.

 

 

The post Изложба „Хор од солисти“ на белградскиот фоторепортер Иван Иванов во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје вечер ќе биде отворена изложба на фотографии на белградскиот фотограф Иван Иванов насловена „Хор од солисти“. Промотор на изложбата со фотографии од најпознатите артисти од поранешните југословенски простори ќе биде Владимир Галевски. Иванов целиот работен век го минал како фоторепортер на неделниците „Дуга“ и „Практична жена“ за кои подготвил голем број насловни страници и фоторепортажи од општествено политичкиот живот и културните манифестации и фестивали во поранешна Југославија. Објавувал фотографии во „Политика“, „Ослобоѓење“, „Дело“, во ревиите Екран (Скопје), Студио (Загреб), Стоп ( Љубљана), Полски Екран, Руски Екран...
Со својот фотоапарат во рацете снимал и се што ќе му привлече внимание од секојдневието но со својот фотоапарат ги забележувал возбудливите ревии на Пјер Карден, Живанши, Александар Јоксимовиќ и светските артисти и режисери кои доаѓале на ФЕСТ и БИТЕФ. На фото портретите на Иванов може да се забележи нешто искрено, топло и старинско, нешто што отскокнува од студенилото на дигиталните снимки, наведува МКЦ во најавата за изложбата.
Во 2012 година, Јован Ќирилов, филозов, писател, театролог и директор на БИТЕФ, во Галеријата на Академијата на уметности на Србија во Белград , ја отворил неговата самостојната изложба „Некад и сад“. Изложбата ќе трае до 30 јуни.    

The post Изложба „Хор од солисти“ на белградскиот фоторепортер Иван Иванов во МКЦ appeared first on Република.

]]>
Македонци, запомнете го вашето потекло и не се одрекувајте од него! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonci-zapomnete-go-vasheto-poteklo-i-ne-se-odrekuvajte-od-nego/ Thu, 23 Jun 2022 17:43:18 +0000 https://republika.mk/?p=519047

Македонци,
Нашата мила татковина Македонија некогаш беше една од најславните земји. Македонците ги поставија основите на уметноста на војувањето, со нивните победоносни фаланги и просветлувањето на Аристотел, го цивилизираа човештвото и Азија. А сега нашата татковина, толку славна во минатото, сега е на прагот на уништувањето, благодарение на нашите грешки и негрижа.
Туѓи и сомнителни народи сакаат да ја освојат нашата татковина и да го уништат нашиот народ, кој, блескајќи со таква светлина, никогаш нема да биде уништен.
Нашата мајка Македонија стана како вдовица, осамотена и напуштена од нејзините синови. Не го вее знамето што го вееше победоносната македонска војска. Денеска е само географски поим. Како некој да се обидува да ја прикрие нејзината победоносна природа со прекривката на заборавот.
Гробот ѝ го ископаа натрапници кои сноват низ нашата земја и ја троват со смртоносни отрови. Тие натрапници се гробарите на нашата велика и славна татковина, тие се договараат како да ја распарчат и да ја препуштат на победничките војски на Австро-Унгарија.
Ако еден јарем се замени со друг, обновувањето на Македонија ќе стане невозможно и нашиот народ ќе биде збришан. Овој момент е клучен за Македонија; ова е прашање на живот или смрт.
…Во таква беспомошна состојба, сета во солзи, нашата мила Македонија, нашата драга татковина ве вика: вие, мои верни чеда, вие наследници на Аристотел и Александар Велики, вие во чии вени тече Македонска крв, не ме оставајте да умрам, помогнете ми!
Голем срам ќе биде за вас, вистински Македонци, ако останете неми сведоци на мојот погреб. Не, не, еве ги моите грозни раскрвавени рани, еве ги моите тешки пранги: скршете ги, расковете ги, зацелете ги моите рани, направете се’ што е во ваша моќ за да се напишат зборовите „Сложна и обединета Македонија“ на знамето што ќе го кренам.
Откога ќе успеете победоносно, избркајте ги убијците од оваа земја кои го веат знамето на раздорот и сеат погубни идеи, делејќи ве, мои чеда, на безбројни народи, па така обединето под знамето на Македонија, како единствен народ, дигнете го високо тоа славно знаме и подгответе се еднодушно да напишете на него:
Да живее македонскиот народ, да живее Македонија!
Тоа е гласот на нашата земја, тоа е нашата слобода - нашето народно наследство. Ако ги прогласите овие зборови, ќе бидете поздравени од слободно мислечките народи и сите благородни срца ќе побрзаат да ви се придружат и да се борат, да ви помогнат да ја добиете светата слобода, која толку векови веќе ви е одземена.
Македонци, запомнете го вашето потекло и не се одрекувајте од него!
Манифест на Привремената Влада на Македонија - Единство
23 март 1881 во Ќустендил
П.С. Замени 1881 со 2022 и замени Австро-Унгарија и таман си е, пишува на Фејсбук, Иван Иванов.

The post Македонци, запомнете го вашето потекло и не се одрекувајте од него! appeared first on Република.

]]>

Македонци, Нашата мила татковина Македонија некогаш беше една од најславните земји. Македонците ги поставија основите на уметноста на војувањето, со нивните победоносни фаланги и просветлувањето на Аристотел, го цивилизираа човештвото и Азија. А сега нашата татковина, толку славна во минатото, сега е на прагот на уништувањето, благодарение на нашите грешки и негрижа. Туѓи и сомнителни народи сакаат да ја освојат нашата татковина и да го уништат нашиот народ, кој, блескајќи со таква светлина, никогаш нема да биде уништен. Нашата мајка Македонија стана како вдовица, осамотена и напуштена од нејзините синови. Не го вее знамето што го вееше победоносната македонска војска. Денеска е само географски поим. Како некој да се обидува да ја прикрие нејзината победоносна природа со прекривката на заборавот. Гробот ѝ го ископаа натрапници кои сноват низ нашата земја и ја троват со смртоносни отрови. Тие натрапници се гробарите на нашата велика и славна татковина, тие се договараат како да ја распарчат и да ја препуштат на победничките војски на Австро-Унгарија. Ако еден јарем се замени со друг, обновувањето на Македонија ќе стане невозможно и нашиот народ ќе биде збришан. Овој момент е клучен за Македонија; ова е прашање на живот или смрт. …Во таква беспомошна состојба, сета во солзи, нашата мила Македонија, нашата драга татковина ве вика: вие, мои верни чеда, вие наследници на Аристотел и Александар Велики, вие во чии вени тече Македонска крв, не ме оставајте да умрам, помогнете ми! Голем срам ќе биде за вас, вистински Македонци, ако останете неми сведоци на мојот погреб. Не, не, еве ги моите грозни раскрвавени рани, еве ги моите тешки пранги: скршете ги, расковете ги, зацелете ги моите рани, направете се’ што е во ваша моќ за да се напишат зборовите „Сложна и обединета Македонија“ на знамето што ќе го кренам. Откога ќе успеете победоносно, избркајте ги убијците од оваа земја кои го веат знамето на раздорот и сеат погубни идеи, делејќи ве, мои чеда, на безбројни народи, па така обединето под знамето на Македонија, како единствен народ, дигнете го високо тоа славно знаме и подгответе се еднодушно да напишете на него: Да живее македонскиот народ, да живее Македонија! Тоа е гласот на нашата земја, тоа е нашата слобода - нашето народно наследство. Ако ги прогласите овие зборови, ќе бидете поздравени од слободно мислечките народи и сите благородни срца ќе побрзаат да ви се придружат и да се борат, да ви помогнат да ја добиете светата слобода, која толку векови веќе ви е одземена. Македонци, запомнете го вашето потекло и не се одрекувајте од него! Манифест на Привремената Влада на Македонија - Единство 23 март 1881 во Ќустендил П.С. Замени 1881 со 2022 и замени Австро-Унгарија и таман си е, пишува на Фејсбук, Иван Иванов.

The post Македонци, запомнете го вашето потекло и не се одрекувајте од него! appeared first on Република.

]]>
Иван Иванов, за првпат сподели фотографија од синот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ivan-ivanov-za-prvpat-spodeli-fotografija-od-sinot/ Sat, 07 May 2022 13:14:09 +0000 https://republika.mk/?p=499051

Иван Иванов, синот единец на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, неодамна ја промовираше својата збирка поезија „Невино време“. Тој во емисијата „Бекстејџ“ раскажа се’ за книгата, но и други детали од животот.

Но, тоа не единствената причина поради која Бекстејџ го покани на разговор. Иван тогаш раскажа дека се свршил со својата девојка, тој претходно се објави во медиумите откако тој се пофали и на Фесјбук. Убавата вест тој ја потврди во емисијата но не го откри го идентитетот на избраничката.

Видете, во ова невино време, мене ми влезе личност која ми го облагороди моето време, некако си се надополнивме. Си знаев дека тоа е тоа, не можеби првиот ден, меѓутоа на почетоците, кога ја започнувавме нашата врска знаев дека тоа ќе биде тоа.

А како сум се чувствувал, ќе прочитате во наредната збирка која ќе биде инспирирана од тоа“, рече Иванов во Бекстејџ и раскажа кога открил дека таа е вистинската.

Видете, тоа не е нешто егзактно кое можеш да си го прерачунаш, според овие и овие параметри, пеперутките не за џабе велат дека не се залудни во стомакот..

И кога ќе ги осетиш тие пеперутки што подоцна можат да прераснат во големи змејови, што ти се случуваат во стомакот. Затоа што стомакот не лаже, дефинитивно. Кога ќе го почувствувате тоа во стомакот, ќе знаете дека станува збор за она вистинското и дека таа е личноста со која сакате да ги испишете една од најубавите приказни во животот“.

Потоа Иван сподели што било тоа со коешто неговата избраничка во освоила. „Со шармот, со насмевката, со нивото на промислување на работите околу себе, со нејзината интелигенција, со нејзината убавина, но пред се’ ме освои со тоа што таа беше онаа вистинската.

Во изминатиов период немаше никаква тенденциоизност, едноставно работите течеа по најприроден пат, и со таа нејзина природа ме освои“, откри синот на Маја и на Ѓорге Иванови. Тој рече дека кога ќе заврши панде мијата, ќе се случи голема, традиционална свадба.

Видете, јас сум растен во такво семејство, сум растел со нана, со баба, со дедо и баби што едноставно ми го всадиле тоа. Едноставно, јас сум горд на нашата македонска традиција, затоа што сметам дека тоа не прави тоа што сме ние.И не сакам да размислувам дека некој се срами од тоа и не сака да испочитува нешто што е обред и адет уште кај нашите стари коишто го почитувале. Затоа сакам да се испочитува тој дел, меѓутоа и оној забавниот, кој што е модерен“, откри Иванов.

Инаку, за неговата избраничка се знае дека се вика Јана. За својата книга, тој рече дека е негово ново интересно патување. Таа книга е хронологија на неговата младост и неговото зреење.

Во ова невино време, мене во животот ми влезе личност која ми го облагодори ова време. Некако си се надополнуваме со Јана и прекрасно ни е.

Пред еден месец, на 4 април, Иван Иванов стана татко, а поранешниот претседател Ѓорге Иванов, дедо. Радосната вест на социјалните мрежи, ја сподели таткото на Јана, сопругата на Иван, Атанас Кочов:

Добредојде Принцу! Прво внуче! Ви благодарам Јана & Иван! Welcome to the World!“, напиша Кочов на својот профил на социјалните мрежи и го означи зетот Иван.

Иван Иванов досега досега немаше споделено, ниту кажано како се снаоѓа во врска со татковството, а приватниот живот на семејството Иванови не е многу познат.

Тие уживаат со првото внуче, па можеби целото внимание му го посветуваат нему. Пред само 1 месец поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов стана татко, а негово внуче беше крстено по својот дедо.

На Ѓурѓовден, дедо и внучето слават именден. Иван Иванов, за првпат сподели фотографија од него, откога стана татко.

На фотографијата се гледа како го шета својот син во количка, а тие се наоѓаат помеѓу зелената оаза во нашиот градски парк, каде во позадина се вее македонското знаме.

,,Св. Георги – Ѓурѓовден, прв именден! За многу години”, напиша синот на поранешниот претседател.

The post Иван Иванов, за првпат сподели фотографија од синот appeared first on Република.

]]>

Иван Иванов, синот единец на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, неодамна ја промовираше својата збирка поезија „Невино време“. Тој во емисијата „Бекстејџ“ раскажа се’ за книгата, но и други детали од животот. Но, тоа не единствената причина поради која Бекстејџ го покани на разговор. Иван тогаш раскажа дека се свршил со својата девојка, тој претходно се објави во медиумите откако тој се пофали и на Фесјбук. Убавата вест тој ја потврди во емисијата но не го откри го идентитетот на избраничката.
Видете, во ова невино време, мене ми влезе личност која ми го облагороди моето време, некако си се надополнивме. Си знаев дека тоа е тоа, не можеби првиот ден, меѓутоа на почетоците, кога ја започнувавме нашата врска знаев дека тоа ќе биде тоа.
А како сум се чувствувал, ќе прочитате во наредната збирка која ќе биде инспирирана од тоа“, рече Иванов во Бекстејџ и раскажа кога открил дека таа е вистинската. Видете, тоа не е нешто егзактно кое можеш да си го прерачунаш, според овие и овие параметри, пеперутките не за џабе велат дека не се залудни во стомакот.. И кога ќе ги осетиш тие пеперутки што подоцна можат да прераснат во големи змејови, што ти се случуваат во стомакот. Затоа што стомакот не лаже, дефинитивно. Кога ќе го почувствувате тоа во стомакот, ќе знаете дека станува збор за она вистинското и дека таа е личноста со која сакате да ги испишете една од најубавите приказни во животот“. Потоа Иван сподели што било тоа со коешто неговата избраничка во освоила. „Со шармот, со насмевката, со нивото на промислување на работите околу себе, со нејзината интелигенција, со нејзината убавина, но пред се’ ме освои со тоа што таа беше онаа вистинската. Во изминатиов период немаше никаква тенденциоизност, едноставно работите течеа по најприроден пат, и со таа нејзина природа ме освои“, откри синот на Маја и на Ѓорге Иванови. Тој рече дека кога ќе заврши панде мијата, ќе се случи голема, традиционална свадба.
Видете, јас сум растен во такво семејство, сум растел со нана, со баба, со дедо и баби што едноставно ми го всадиле тоа. Едноставно, јас сум горд на нашата македонска традиција, затоа што сметам дека тоа не прави тоа што сме ние.И не сакам да размислувам дека некој се срами од тоа и не сака да испочитува нешто што е обред и адет уште кај нашите стари коишто го почитувале. Затоа сакам да се испочитува тој дел, меѓутоа и оној забавниот, кој што е модерен“, откри Иванов.
Инаку, за неговата избраничка се знае дека се вика Јана. За својата книга, тој рече дека е негово ново интересно патување. Таа книга е хронологија на неговата младост и неговото зреење.
Во ова невино време, мене во животот ми влезе личност која ми го облагодори ова време. Некако си се надополнуваме со Јана и прекрасно ни е.
Пред еден месец, на 4 април, Иван Иванов стана татко, а поранешниот претседател Ѓорге Иванов, дедо. Радосната вест на социјалните мрежи, ја сподели таткото на Јана, сопругата на Иван, Атанас Кочов:
Добредојде Принцу! Прво внуче! Ви благодарам Јана & Иван! Welcome to the World!“, напиша Кочов на својот профил на социјалните мрежи и го означи зетот Иван.
Иван Иванов досега досега немаше споделено, ниту кажано како се снаоѓа во врска со татковството, а приватниот живот на семејството Иванови не е многу познат. Тие уживаат со првото внуче, па можеби целото внимание му го посветуваат нему. Пред само 1 месец поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов стана татко, а негово внуче беше крстено по својот дедо. На Ѓурѓовден, дедо и внучето слават именден. Иван Иванов, за првпат сподели фотографија од него, откога стана татко. На фотографијата се гледа како го шета својот син во количка, а тие се наоѓаат помеѓу зелената оаза во нашиот градски парк, каде во позадина се вее македонското знаме. ,,Св. Георги – Ѓурѓовден, прв именден! За многу години”, напиша синот на поранешниот претседател.

The post Иван Иванов, за првпат сподели фотографија од синот appeared first on Република.

]]>
Внукот ќе го носи името на деда си https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/vnukot-kje-go-nosi-imeto-na-deda-si/ Thu, 07 Apr 2022 21:43:52 +0000 https://republika.mk/?p=485042

Иван Иванов, синот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов пред два дена стана татко.

По раѓањето на синот, Иван направи забава на која присуствуваа и бројни познати личности.

Меѓу нив беше и славниот музичар Владимир Четкар кој го откри името на бебето.

Внукот на Ѓорѓе Иванов го доби името на својот дедо.

The post Внукот ќе го носи името на деда си appeared first on Република.

]]>

Иван Иванов, синот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов пред два дена стана татко. По раѓањето на синот, Иван направи забава на која присуствуваа и бројни познати личности. Меѓу нив беше и славниот музичар Владимир Четкар кој го откри името на бебето. Внукот на Ѓорѓе Иванов го доби името на својот дедо.

The post Внукот ќе го носи името на деда си appeared first on Република.

]]>
Пристигна принцот, поранешниот претседател Иванов стана дедо https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/pristigna-princot-poraneshniot-pretsedatel-ivanov-stana-dedo/ Tue, 05 Apr 2022 07:59:01 +0000 https://republika.mk/?p=483408

Синот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, Иван и неговата сопруга Јана станаа родители.

Младата двојка доби син, а убавата вест на социјалните мрежи прв ја сподели таткото на Јана, дедото Атанас.

Тазе дедото на својот профил и напиша: Добредојде Принцу! Прво внуче! Ви благодарам Јана & Иван! Welcome to the World!

Иван и Јана се венчаа во февруари, откако во октомври минатата година се свршија.

Церемонијата беше направена интимно, во потесен круг на роднини и пријатели, а Јана беше во поодмината бременост.

 

The post Пристигна принцот, поранешниот претседател Иванов стана дедо appeared first on Република.

]]>

Синот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, Иван и неговата сопруга Јана станаа родители. Младата двојка доби син, а убавата вест на социјалните мрежи прв ја сподели таткото на Јана, дедото Атанас. Тазе дедото на својот профил и напиша: Добредојде Принцу! Прво внуче! Ви благодарам Јана & Иван! Welcome to the World! Иван и Јана се венчаа во февруари, откако во октомври минатата година се свршија. Церемонијата беше направена интимно, во потесен круг на роднини и пријатели, а Јана беше во поодмината бременост.  

The post Пристигна принцот, поранешниот претседател Иванов стана дедо appeared first on Република.

]]>