Иван Гешев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ivan-geshev/ За подобро да се разбереме Mon, 15 May 2023 08:37:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Иван Гешев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ivan-geshev/ 32 32 Главниот обвинител на Бугарија нема намера да поднесе оставка https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/glavniot-obvinitel-na-bugarija-nema-namera-da-podnese-ostavka/ Mon, 15 May 2023 08:37:22 +0000 https://republika.mk/?p=640886

Главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев на брифинг во Судската палата изјави дека нема да поднесе оставка.

Сум работел само и само за Бугарија и безбедноста на бугарските граѓани. Можеби грешев, можеби кажав нешто немерено, но се беше во интерес на народот - рече Гешев.

Тој истакна дека по пристигнувањето од САД бил повикан да поднесе оставка.

Се спомна моето семејство и дека ако не го сторам тоа, некој ќе го притисне копчето Ентер со некои работи, со некои видеа и затоа подобро бидам внимателен, бидејќи животот продолжува - рече Гешев.

Главниот обвинител рече дека пред еден месец добил понуда да стане амбасадор во Израел или Турција и да има политичка кариера.

Гешев изјави дека ја подготвил оставката, но демонстративно ја искинал и ја фрлил на подот на денешната прес-конференција. Тоа се случува неколку денови откако кандидатката на ГЕРБ-СДС за премиер Марија Габриел, а потоа и шест членови од Високиот судски совет побараа негова предвремена смена.

The post Главниот обвинител на Бугарија нема намера да поднесе оставка appeared first on Република.

]]>

Главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев на брифинг во Судската палата изјави дека нема да поднесе оставка.
Сум работел само и само за Бугарија и безбедноста на бугарските граѓани. Можеби грешев, можеби кажав нешто немерено, но се беше во интерес на народот - рече Гешев.
Тој истакна дека по пристигнувањето од САД бил повикан да поднесе оставка.
Се спомна моето семејство и дека ако не го сторам тоа, некој ќе го притисне копчето Ентер со некои работи, со некои видеа и затоа подобро бидам внимателен, бидејќи животот продолжува - рече Гешев.
Главниот обвинител рече дека пред еден месец добил понуда да стане амбасадор во Израел или Турција и да има политичка кариера. Гешев изјави дека ја подготвил оставката, но демонстративно ја искинал и ја фрлил на подот на денешната прес-конференција. Тоа се случува неколку денови откако кандидатката на ГЕРБ-СДС за премиер Марија Габриел, а потоа и шест членови од Високиот судски совет побараа негова предвремена смена.

The post Главниот обвинител на Бугарија нема намера да поднесе оставка appeared first on Република.

]]>
Бугарија: Инцидентот со конвојот на државниот обвинител квалификуван како обид за атентат https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarija-intsidentot-so-konvojot-na-drzhavniot-obvinitel-kvalifikuvan-kako-obid-za-atentat/ Mon, 01 May 2023 18:59:48 +0000 https://republika.mk/?p=635859

Бугарскиот државен обвинител Иван Гешев во понеделникот утрото мина неповреден во експлозија на бомба на автопатот Софија – Самоков по кој минувал неговиот штитен конвој возила, а властите инцидентот го квалификуваат како обид за атентат.

„Државниот обвинител Иван Гешев беше цел на обид за атентат, тоа не беше само обично заплашување“, изјави за новинарите неговиот помошник обвинител Борислав Сарафов.

Властите претходно потврдија дека заштитениот конвој возила во кој бил и автомобилот со Гешев околу 11,40 часот по локално време се движел кон Софија, кога меѓу две села во близина на Самоков одекнала експлозија крај автопатот дошло до експлозија.

Според истрагата, пламените јазици од експлозијата биле високи 4-5 метри, а на коловозот бил формиран кратер со длабочина од 30 до 40 сантиметри и пречник од 3 метри. Како што претходно објави полицијата, бомбата експлодирала пред едно возило во конвојот, а притоа е повреден припадник на обезбедувањето на обвинителот.

„Бомбата не содржеше само експлозив во еквивалент на три килограма ТНТ, туку и гелери. Станува збор за атентат кој го подготвиле професионалци и кој е очигледно добро изведен“, додаде за новинарите заменикот на државниот обвинител Сарафов.

Гешев и неговото семејство, кои биле во блиндиран автомобил кој бил сменет непосредно пред патот, ја избегнале експлозијата по чиста случајност, оцени Сарафов.

Бугарското државно обвинителство отвори истрага за чин на тероризам. Примероци од бомбата предадени се на детална анализа.

„Сѐ е во ред, добро што ги сменив автомобилите во последен момент. Инаку… добро што не убија некого. Загрижен сум за децата, тие многу се исплашија“, рекол во првата изјава по инцидентот Гешев за порталот Epicentar.bg

Десетици илјади Бугари во 2020 година со месеци протестираа против силно раширената корупција во општеството и особено во врвите на власта, кога на власт беше владата на Бојко Борисов. Демонстрантите тогаш воедно бараа и оставка на Иван Гешев со обвинувања дека обвинителството ништо не презема против корупцијата.

Самиот Гешев со години во бугарското општество е доживуван како контроверзна личност, Неговиот мандат трае до 2026 година, а обвинуван е дека ги штити личностите на високи позиции и оти ги попречува истрагите за можни корупциски дела.

По големите протести Бугарија влезе во периодот на политичка нестабилност, со парламентарни избори кои не даваат јасен победник и неможност да се формира влада со цврсто парламентарно мнозинство. На почетокот од април се одржаа петтите избори во последните две години, кои повторно не дадоа јасно мнозинство, па можеби уште ова лето Бугарите ќе мора да излезат повторно на избирачките места.

The post Бугарија: Инцидентот со конвојот на државниот обвинител квалификуван како обид за атентат appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот државен обвинител Иван Гешев во понеделникот утрото мина неповреден во експлозија на бомба на автопатот Софија – Самоков по кој минувал неговиот штитен конвој возила, а властите инцидентот го квалификуваат како обид за атентат.
„Државниот обвинител Иван Гешев беше цел на обид за атентат, тоа не беше само обично заплашување“, изјави за новинарите неговиот помошник обвинител Борислав Сарафов.
Властите претходно потврдија дека заштитениот конвој возила во кој бил и автомобилот со Гешев околу 11,40 часот по локално време се движел кон Софија, кога меѓу две села во близина на Самоков одекнала експлозија крај автопатот дошло до експлозија. Според истрагата, пламените јазици од експлозијата биле високи 4-5 метри, а на коловозот бил формиран кратер со длабочина од 30 до 40 сантиметри и пречник од 3 метри. Како што претходно објави полицијата, бомбата експлодирала пред едно возило во конвојот, а притоа е повреден припадник на обезбедувањето на обвинителот.
„Бомбата не содржеше само експлозив во еквивалент на три килограма ТНТ, туку и гелери. Станува збор за атентат кој го подготвиле професионалци и кој е очигледно добро изведен“, додаде за новинарите заменикот на државниот обвинител Сарафов.
Гешев и неговото семејство, кои биле во блиндиран автомобил кој бил сменет непосредно пред патот, ја избегнале експлозијата по чиста случајност, оцени Сарафов. Бугарското државно обвинителство отвори истрага за чин на тероризам. Примероци од бомбата предадени се на детална анализа.
„Сѐ е во ред, добро што ги сменив автомобилите во последен момент. Инаку… добро што не убија некого. Загрижен сум за децата, тие многу се исплашија“, рекол во првата изјава по инцидентот Гешев за порталот Epicentar.bg
Десетици илјади Бугари во 2020 година со месеци протестираа против силно раширената корупција во општеството и особено во врвите на власта, кога на власт беше владата на Бојко Борисов. Демонстрантите тогаш воедно бараа и оставка на Иван Гешев со обвинувања дека обвинителството ништо не презема против корупцијата. Самиот Гешев со години во бугарското општество е доживуван како контроверзна личност, Неговиот мандат трае до 2026 година, а обвинуван е дека ги штити личностите на високи позиции и оти ги попречува истрагите за можни корупциски дела. По големите протести Бугарија влезе во периодот на политичка нестабилност, со парламентарни избори кои не даваат јасен победник и неможност да се формира влада со цврсто парламентарно мнозинство. На почетокот од април се одржаа петтите избори во последните две години, кои повторно не дадоа јасно мнозинство, па можеби уште ова лето Бугарите ќе мора да излезат повторно на избирачките места.

The post Бугарија: Инцидентот со конвојот на државниот обвинител квалификуван како обид за атентат appeared first on Република.

]]>
Не успеа обидот за смена на бугарскиот јавен обвинител Гешев https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ne-uspea-obidot-za-smena-na-bugarskiot-javen-obvinitel-geshev/ Fri, 08 Jul 2022 07:26:56 +0000 https://republika.mk/?p=525729

Пленумот на Врховниот судски совет на Бугарија вчера не изгласа смена на главниот обвинител Иван Гешев, јави дописникот на МИА од Софија.

По 1,5 дебата за останување на Гешев на функцијата гласаа 16 члена, а против се изјаснија двајца.

Првпат во Бугарија имаше обид за отповикување на главен обвинител. Смена на Гешев беше побарана по 2,5 години од неговиот седумгодишен мандат.

Првиот што ја почна оваа постапка беше поранешниот в.д. министер за правда Јанаки Стоилов. Во меѓувреме, министерката за правда Надежда Јорданова изнесе многу обвинувања против Гешев.

За поддршка на главниот обвинител на Бугарија гласаа претставниците на обвинителскиот колегиум и дел од членовите на судската квота, што се дел од монолитното мнозинство во Врховниот судски совет.

Причина за барањето за смена на главниот обвинител Гешев од функцијата беше неговата наредба за објавување информации за одредени постапки од јавен интерес.

The post Не успеа обидот за смена на бугарскиот јавен обвинител Гешев appeared first on Република.

]]>

Пленумот на Врховниот судски совет на Бугарија вчера не изгласа смена на главниот обвинител Иван Гешев, јави дописникот на МИА од Софија. По 1,5 дебата за останување на Гешев на функцијата гласаа 16 члена, а против се изјаснија двајца. Првпат во Бугарија имаше обид за отповикување на главен обвинител. Смена на Гешев беше побарана по 2,5 години од неговиот седумгодишен мандат. Првиот што ја почна оваа постапка беше поранешниот в.д. министер за правда Јанаки Стоилов. Во меѓувреме, министерката за правда Надежда Јорданова изнесе многу обвинувања против Гешев. За поддршка на главниот обвинител на Бугарија гласаа претставниците на обвинителскиот колегиум и дел од членовите на судската квота, што се дел од монолитното мнозинство во Врховниот судски совет. Причина за барањето за смена на главниот обвинител Гешев од функцијата беше неговата наредба за објавување информации за одредени постапки од јавен интерес.

The post Не успеа обидот за смена на бугарскиот јавен обвинител Гешев appeared first on Република.

]]>