Иван Додовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ivan-dodovski/ За подобро да се разбереме Sun, 04 Dec 2022 18:35:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Иван Додовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ivan-dodovski/ 32 32 Расказ од Иван Додовски објавен во американското списание „Туркославија“ на Универзитетот во Ајова https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/raskaz-od-ivan-dodovski-objaven-vo-amerikanskoto-spisanie-turkoslavija-na-univerzitetot-vo-ajova/ Sun, 04 Dec 2022 18:35:11 +0000 https://republika.mk/?p=581761

Краткиот расказ „Средување на куќата“ на македонскиот писател Иван Додовски е објавен во првиот број на новото американско специјализирано списание за преводна литература „Туркославија“, кое се издава на англиски јазик во соработка со Универзитетот во Ајова од САД. Преводот е на Вил Фирт.

„Средување на куќата“ е дел од книгата раскази „Големиот куфер“ (издание на „Темплум“, 2005) на Иван Додовски, која доживеа издание на германски јазик и беше претставена на Саемот на книгата во Лајпциг во 2008 година.

Иван Додовски е македонски писател, поет и професор по критичка теорија и литература на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Објавил четири збирки поезија: „Седенка со ликот“ (1991), „Луда луна“ (1995), „Света лудост“ (1999) и „Тревога“ (2020), збирката раскази „Големиот куфер“ (2005) и повеќе академски книжевни и театролошки студии.

Вил Фирт е книжевен преведувач, кој живее и работи во Берлин. Студирал германски, руски и словенски јазици на Националниот универзитет на Австралија во Канбера и завршил постдипломски студии по јужнословенска филологија во Загреб и на Институтот Пушкин во Москва. Преведува од руски, македонски и сите варијанти на српско-хрватскиот јазик на англиски, како и на германски. Превел дела од М. Крлежа, М. Црњански, од современи хрватски и босански автори, како и дела од македонските писатели Петре М. Андреевски, Луан Старова, Румена Бужаровска, Иван Додовски и други.

 

The post Расказ од Иван Додовски објавен во американското списание „Туркославија“ на Универзитетот во Ајова appeared first on Република.

]]>

Краткиот расказ „Средување на куќата“ на македонскиот писател Иван Додовски е објавен во првиот број на новото американско специјализирано списание за преводна литература „Туркославија“, кое се издава на англиски јазик во соработка со Универзитетот во Ајова од САД. Преводот е на Вил Фирт. „Средување на куќата“ е дел од книгата раскази „Големиот куфер“ (издание на „Темплум“, 2005) на Иван Додовски, која доживеа издание на германски јазик и беше претставена на Саемот на книгата во Лајпциг во 2008 година. Иван Додовски е македонски писател, поет и професор по критичка теорија и литература на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Објавил четири збирки поезија: „Седенка со ликот“ (1991), „Луда луна“ (1995), „Света лудост“ (1999) и „Тревога“ (2020), збирката раскази „Големиот куфер“ (2005) и повеќе академски книжевни и театролошки студии. Вил Фирт е книжевен преведувач, кој живее и работи во Берлин. Студирал германски, руски и словенски јазици на Националниот универзитет на Австралија во Канбера и завршил постдипломски студии по јужнословенска филологија во Загреб и на Институтот Пушкин во Москва. Преведува од руски, македонски и сите варијанти на српско-хрватскиот јазик на англиски, како и на германски. Превел дела од М. Крлежа, М. Црњански, од современи хрватски и босански автори, како и дела од македонските писатели Петре М. Андреевски, Луан Старова, Румена Бужаровска, Иван Додовски и други.  

The post Расказ од Иван Додовски објавен во американското списание „Туркославија“ на Универзитетот во Ајова appeared first on Република.

]]>