Иван Демерџиев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ivan-demerdziev/ За подобро да се разбереме Thu, 09 Feb 2023 12:31:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Иван Демерџиев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ivan-demerdziev/ 32 32 Ќе се шета со телохранители: Пендиков добива бугарско обезбедување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-se-sheta-so-telohraniteli-pendikov-dobiva-bugarsko-obezbeduvane/ Thu, 09 Feb 2023 12:30:53 +0000 https://republika.mk/?p=606856

Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев се сретна со секретарот на бугарскиот клуб, македонскиот државјанин Христијан Пендиков, кој беше нападнат во Охрид. Тој се обврзал да го обезбедува Пендиков за да му ја гарантира безбедноста.

Министерот Демерџиев беше дециден дека ќе продолжи будно да го следи случајот со нападот на Пендиков.

„Ги дадов сите податоци на интернет адресите од кои се испратени заканите и ќе инсистираме да се преземат мерки“, рече и министерот за внатрешни работи на средбата.

The post Ќе се шета со телохранители: Пендиков добива бугарско обезбедување appeared first on Република.

]]>

Нова навреда од Бугарија, испраќаат три генератори на границите за системот веќе да не паѓал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nova-navreda-od-bugarija-isprakaat-tri-generatori-na-granitsite-za-sistemot-veke-da-ne-pagal/ Mon, 06 Feb 2023 14:36:37 +0000 https://republika.mk/?p=605543

Бугарија денеска испраќа три генератори за електрична енергија на три гранични пункта со Република Македонија, изјави бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев.

Трите генератроти Демерџиев ги најави во саботата за време на престојот во Скопје по повод одбележувањето 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, а по информациите дека бугарски граѓани не можат да ја поминат границата зашто е паднат системот за проверка на лични документи поради прекин во напојувањето со струја.

По минатотонеделниот состанок со наговиот македонски колега Оливер Спасовски, Демерџиев најави дека е можно до крајот на неделава да има нови средби со претставници на македонските власти, овој пат во Делчево, а не во Скопје.

Во изјава за новинарите во Софија, тој рече дека дијалогот со Македонија продолжува, нагласувајќи оти „насилството и провокациите треба да прекинат бидејќи раѓаат ново насилство и провокации, и тој маѓепсан круг мора да се прекине“.

Сакам македонската страна да разбере дека патот до добрососедските односи и патот кон Европа е преку дела, а не со зборови. Кога тоа ќе се случи, односите меѓу двете земји ќе влезат во насока во која би сакале и која сме должни да ја обезбедиме, рече Демерџиев.

Според него, не му бил даден ниту еден доказ дека на 4 февруари на граница имало луѓе кои имале радикално однесување.

Нормално е луѓето да реагираат кога ќе видат дека се обработуваат возилата кои влегуваа во Бугарија, но во другата насока не, рече Демерџиев.

Според него, немало причина да се спречуваат луѓето кои сакале да дојдата во Скопје за „да положат цвеќе“.

The post Нова навреда од Бугарија, испраќаат три генератори на границите за системот веќе да не паѓал appeared first on Република.

]]>

Бугарија денеска испраќа три генератори за електрична енергија на три гранични пункта со Република Македонија, изјави бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев. Трите генератроти Демерџиев ги најави во саботата за време на престојот во Скопје по повод одбележувањето 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, а по информациите дека бугарски граѓани не можат да ја поминат границата зашто е паднат системот за проверка на лични документи поради прекин во напојувањето со струја. По минатотонеделниот состанок со наговиот македонски колега Оливер Спасовски, Демерџиев најави дека е можно до крајот на неделава да има нови средби со претставници на македонските власти, овој пат во Делчево, а не во Скопје. Во изјава за новинарите во Софија, тој рече дека дијалогот со Македонија продолжува, нагласувајќи оти „насилството и провокациите треба да прекинат бидејќи раѓаат ново насилство и провокации, и тој маѓепсан круг мора да се прекине“.
Сакам македонската страна да разбере дека патот до добрососедските односи и патот кон Европа е преку дела, а не со зборови. Кога тоа ќе се случи, односите меѓу двете земји ќе влезат во насока во која би сакале и која сме должни да ја обезбедиме, рече Демерџиев.
Според него, не му бил даден ниту еден доказ дека на 4 февруари на граница имало луѓе кои имале радикално однесување.
Нормално е луѓето да реагираат кога ќе видат дека се обработуваат возилата кои влегуваа во Бугарија, но во другата насока не, рече Демерџиев.
Според него, немало причина да се спречуваат луѓето кои сакале да дојдата во Скопје за „да положат цвеќе“.

The post Нова навреда од Бугарија, испраќаат три генератори на границите за системот веќе да не паѓал appeared first on Република.

]]>
Лично Демерџиев им забранил на Џамбаски и Костадинов да дојдат во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/lichno-demerdhiev-im-zabranil-na-dhambaski-i-kostadinov-da-dojdat-vo-skopje/ Sat, 04 Feb 2023 16:39:28 +0000 https://republika.mk/?p=604847

Бугарскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи кој ја предводеше бугарската делегација на одбележувањето на 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев изрази очекување дека следната година заеднички со неговиот македонски колега Оливер Спасовски ќе положат цвеќе на гробот на великанот во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Нам ни беше даден термин од 13 часот и 30 минути, дојдовме и направивме се што беше договорено. Му предложив на министерот Спасовски да положиме цвеќе заедно бидејќи мислев дека тоа е правилниот начин затоа што мислам дека апостолот Гоце Делчев заслужува токму такво чествување и се надевам дека на следното чествување тоа и ќе се случи, вели Демерџиев.  

Прашан за засилените безбедносни мерки под кои се одвиваше чествувањето на раѓањето на Делчев, тој оцени дека нема потреба од како што вели, вакви драконски мерки.

[caption id="attachment_604848" align="alignnone" width="640"] (фото: МИА)[/caption]

Јас не мислам дека такви безбедносни мерки се неопходни затоа што односите меѓу нашите два народа не бараат вакви драконски мерки на кои што сведочиме. Всушност безбедноста треба да означува сите кои што сакаат да дојдат слободно да можат мирно да оддадат почит на Гоце Делчев. За жал, има податоци дека поголем број бугарски граѓани беа спречени на граница тоа да го направат. Заемното почитување какво што ние го декларираме кон народот на Македонија е тоа што добив уверување да им се даде можност на сите да дојдат и да изразат почит на апостолот Гоце Делчев, рече Демерџиев.

Во однос на тоа колку бугарски граѓани биле вратени од граница, првиот бугарски полицаец изјави дека во моментов нема информација колкав е нивниот број, но добил информација од министерот Спасовски дека дошло до пад на системот за контрола на патници на граничните премини. За да нема такви проблеми во иднина, најави дека три генератори уште во понеделник ќе му бидат донирани на македонското МВР.

Тие ќе бидат дадени точно за тие три гранични премини за да нема такви проблеми во иднина, Но за жал, разбрав дека проблемите продолжиле и по рачната обработка на докумените. Таквото однесување е неприфатливо. Тоа не соодветствува на заложбите на нашите два народа и нема потреба од вакви, би ги нарекол провокации, рече Демерџиев.

Според него, патот напред е кон обединета Европа.

Ние треба да го најдеме патот напред, патот кон обединета Европа. Обединета Евопа претпочита стабилност, заемна доверба и почит. Ние политичарите на двете земји сме должни, да изградиме таква заемна доверба и почит каква што има меѓу народите на двете држави, вели Демерџиев.

За тоа дали на граница дошле европратеникот Ангел Џамбаски и пратеникот и претседател на „Преродба“ Костадин Костадинов кои предизвикаа инцидент во Скопје за време на чествувањето на споменот на Мара Бунева, Демерџиев рече дека и двајцата не се стигнати до границата.

Разговорав со нив и изричито ги замолив да останат во Бугарија, додаде тој.

Ние не смееме да правиме провокации. Дојдени сме да оддадеме почит, а не да создаваме провокации и тензии. Според мене тоа е правилниот пат. Не смееме да подлегнеме на провокации. Целта на тие провокации е да не разделат. Ние немаме причина да се разделуваме. Ние сме соседи, народи кои традиционално се почитуваат и тоа така треба и да продолжи, истакна бугарскиот министер за внатрешни работи.  

Во однос на листата на бугарски државјани на кои денеска им бил забранет влез, а за која претходно Демерџиев рече дека е мошне мала и дали постои можнот за реципроцитет за македонски државјани, нагласи дека Бугарија е држава, која го почитува редот. 

Кога дојдоа граѓани на Република Македонија на чествување во Благоевград беа пуштени сите да положат цвеќе на спомениците во местата коишто сакаа да ги посетат и јас очекувам реципрочно точно такво однесување од властите на Република Македонија. Очекувам од секој бугарски граѓанин што ќе пристигне да положи цвеќе и да се врати без да има какви било интервенции врз нив, рече тој.

Во врска со тоа како ги коментира изјавите на некои бугарски политичари, дека „Македонија е Бугарија“, тој рече дека Бугарија е првата држава која ја признала Република Македонија и нагласи дека тој нема намера да коментира такви шпекулации.

За нас е јасно дека Република Северна  Македонија е самостојна држава и јас како претставник на бугарската држава се однесувам со целосна почит кон македонската држава и македонскиот народ, рече Демерџиев. 

The post Лично Демерџиев им забранил на Џамбаски и Костадинов да дојдат во Скопје appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи кој ја предводеше бугарската делегација на одбележувањето на 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев изрази очекување дека следната година заеднички со неговиот македонски колега Оливер Спасовски ќе положат цвеќе на гробот на великанот во црквата „Свети Спас“ во Скопје.
Нам ни беше даден термин од 13 часот и 30 минути, дојдовме и направивме се што беше договорено. Му предложив на министерот Спасовски да положиме цвеќе заедно бидејќи мислев дека тоа е правилниот начин затоа што мислам дека апостолот Гоце Делчев заслужува токму такво чествување и се надевам дека на следното чествување тоа и ќе се случи, вели Демерџиев.  
Прашан за засилените безбедносни мерки под кои се одвиваше чествувањето на раѓањето на Делчев, тој оцени дека нема потреба од како што вели, вакви драконски мерки. [caption id="attachment_604848" align="alignnone" width="640"] (фото: МИА)[/caption]
Јас не мислам дека такви безбедносни мерки се неопходни затоа што односите меѓу нашите два народа не бараат вакви драконски мерки на кои што сведочиме. Всушност безбедноста треба да означува сите кои што сакаат да дојдат слободно да можат мирно да оддадат почит на Гоце Делчев. За жал, има податоци дека поголем број бугарски граѓани беа спречени на граница тоа да го направат. Заемното почитување какво што ние го декларираме кон народот на Македонија е тоа што добив уверување да им се даде можност на сите да дојдат и да изразат почит на апостолот Гоце Делчев, рече Демерџиев.
Во однос на тоа колку бугарски граѓани биле вратени од граница, првиот бугарски полицаец изјави дека во моментов нема информација колкав е нивниот број, но добил информација од министерот Спасовски дека дошло до пад на системот за контрола на патници на граничните премини. За да нема такви проблеми во иднина, најави дека три генератори уште во понеделник ќе му бидат донирани на македонското МВР.
Тие ќе бидат дадени точно за тие три гранични премини за да нема такви проблеми во иднина, Но за жал, разбрав дека проблемите продолжиле и по рачната обработка на докумените. Таквото однесување е неприфатливо. Тоа не соодветствува на заложбите на нашите два народа и нема потреба од вакви, би ги нарекол провокации, рече Демерџиев.
Според него, патот напред е кон обединета Европа.
Ние треба да го најдеме патот напред, патот кон обединета Европа. Обединета Евопа претпочита стабилност, заемна доверба и почит. Ние политичарите на двете земји сме должни, да изградиме таква заемна доверба и почит каква што има меѓу народите на двете држави, вели Демерџиев.
За тоа дали на граница дошле европратеникот Ангел Џамбаски и пратеникот и претседател на „Преродба“ Костадин Костадинов кои предизвикаа инцидент во Скопје за време на чествувањето на споменот на Мара Бунева, Демерџиев рече дека и двајцата не се стигнати до границата.
Разговорав со нив и изричито ги замолив да останат во Бугарија, додаде тој.
Ние не смееме да правиме провокации. Дојдени сме да оддадеме почит, а не да создаваме провокации и тензии. Според мене тоа е правилниот пат. Не смееме да подлегнеме на провокации. Целта на тие провокации е да не разделат. Ние немаме причина да се разделуваме. Ние сме соседи, народи кои традиционално се почитуваат и тоа така треба и да продолжи, истакна бугарскиот министер за внатрешни работи.  
Во однос на листата на бугарски државјани на кои денеска им бил забранет влез, а за која претходно Демерџиев рече дека е мошне мала и дали постои можнот за реципроцитет за македонски државјани, нагласи дека Бугарија е држава, која го почитува редот. 
Кога дојдоа граѓани на Република Македонија на чествување во Благоевград беа пуштени сите да положат цвеќе на спомениците во местата коишто сакаа да ги посетат и јас очекувам реципрочно точно такво однесување од властите на Република Македонија. Очекувам од секој бугарски граѓанин што ќе пристигне да положи цвеќе и да се врати без да има какви било интервенции врз нив, рече тој.
Во врска со тоа како ги коментира изјавите на некои бугарски политичари, дека „Македонија е Бугарија“, тој рече дека Бугарија е првата држава која ја признала Република Македонија и нагласи дека тој нема намера да коментира такви шпекулации.
За нас е јасно дека Република Северна  Македонија е самостојна држава и јас како претставник на бугарската држава се однесувам со целосна почит кон македонската држава и македонскиот народ, рече Демерџиев. 

The post Лично Демерџиев им забранил на Џамбаски и Костадинов да дојдат во Скопје appeared first on Република.

]]>
Демерџиев: Околу 100 до 150 бугарски државјани се очекува да пристигнат во Скопје за одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/demerdhiev-okolu-100-do-150-bugarski-drzhavjani-se-ochekuva-da-pristignat-vo-skopje-za-odbelezhuvaneto-na-raganeto-na-gotse-delchev/ Sat, 04 Feb 2023 09:00:46 +0000 https://republika.mk/?p=604638

Околу сто до 150 бугарски државјани се очекува да пристигнат во Скопје на одбележување на раѓањето на Гоце Делчев, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, Како што јави БТА, тој очекува дека ќе бидат исполнат ветувањата на властите во земјава дека без никакви проблеми ќе бидат пуштени бугарските државјани, кои сакаат да дојдат во Скопје.

Во бугарската делегација, која ќе положи цвеќе на гробот на Делчев денеска на одбележувањерто во црквата „Свети Спас“ се и министерот за здравство на Бугарија, Асен Меџидиев и заменик-министерот за внатрешни работи Венцислав Катинов.

Има податоци дека се запрени бугарски граѓани, не знам колку се точно. На крајот на денот ќе имам информација и колку се оправдани мотивите за тоа, изјави Демерџиев.

Тој додаде дека има листа со бугарски државјани, на кои нема да им биде дозволен влез, но како што посочи таа листа не е голема.

Целосна информација во однос на пропуштањето на бугарските државјани на границата и во каков степен тоа одговара на преземените ангажмани од страна на властите во Македонија ќе има кон крајот на денот, рече Демерџиев.

Тој планира да ги почека оние Бугари, кои сакаат да положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев, за да можат заедно со нив да ја одбележи годишнината од раѓањето на Делчев.

Гоце Делчев е личност, која и припаѓа на историјата и не може почитта кон таква личност да се изразува со насилство. Почитта се изразува со уважување. Насилството ги урива мостовите и ако сакаме да бидеме дел од Европа, треба да градиме, а не да уриваме, нагласи Демерџиев и ги повика политичарите да не подлежат на никакви провокации.

The post Демерџиев: Околу 100 до 150 бугарски државјани се очекува да пристигнат во Скопје за одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Околу сто до 150 бугарски државјани се очекува да пристигнат во Скопје на одбележување на раѓањето на Гоце Делчев, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, Како што јави БТА, тој очекува дека ќе бидат исполнат ветувањата на властите во земјава дека без никакви проблеми ќе бидат пуштени бугарските државјани, кои сакаат да дојдат во Скопје. Во бугарската делегација, која ќе положи цвеќе на гробот на Делчев денеска на одбележувањерто во црквата „Свети Спас“ се и министерот за здравство на Бугарија, Асен Меџидиев и заменик-министерот за внатрешни работи Венцислав Катинов.
Има податоци дека се запрени бугарски граѓани, не знам колку се точно. На крајот на денот ќе имам информација и колку се оправдани мотивите за тоа, изјави Демерџиев.
Тој додаде дека има листа со бугарски државјани, на кои нема да им биде дозволен влез, но како што посочи таа листа не е голема.
Целосна информација во однос на пропуштањето на бугарските државјани на границата и во каков степен тоа одговара на преземените ангажмани од страна на властите во Македонија ќе има кон крајот на денот, рече Демерџиев.
Тој планира да ги почека оние Бугари, кои сакаат да положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев, за да можат заедно со нив да ја одбележи годишнината од раѓањето на Делчев.
Гоце Делчев е личност, која и припаѓа на историјата и не може почитта кон таква личност да се изразува со насилство. Почитта се изразува со уважување. Насилството ги урива мостовите и ако сакаме да бидеме дел од Европа, треба да градиме, а не да уриваме, нагласи Демерџиев и ги повика политичарите да не подлежат на никакви провокации.

The post Демерџиев: Околу 100 до 150 бугарски државјани се очекува да пристигнат во Скопје за одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
Демерџиев: Лично ќе ги чекам Бугарите во Скопје, заедно да положиме цвеќе https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/demerdhiev-lichno-ke-gi-chekam-bugarite-vo-skopje-zaedno-da-polozhime-tsveke/ Sat, 04 Feb 2023 08:19:38 +0000 https://republika.mk/?p=604586

Бугарската делегација лично ќе ги чека Бугарите во Скопје да се соберат и „заедно да принесеме цвеќе на гробот на Гоце Делчев“, рече утрово бугарскиот вицепремиер задолжен за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев

Демерџиев се надева дека од македонска страна се создадени такви безбедносни мерки како во Благоевград, за сите што сакаат да имаат пристап до богослужбата.

Има стража, создадени се безбедносни мерки, допрва ќе дознаеме дали сите што сакаат ќе бидат без проблем примени на споменикот на Гоце Делчев. Има информации за запирање на бугарски државјани на граница, но тие не се толку многу. Има и список на лица на кои им е забранет влез во РСМ, потврди Демерџиев, наведува утринава news.bg.

The post Демерџиев: Лично ќе ги чекам Бугарите во Скопје, заедно да положиме цвеќе appeared first on Република.

]]>

Бугарската делегација лично ќе ги чека Бугарите во Скопје да се соберат и „заедно да принесеме цвеќе на гробот на Гоце Делчев“, рече утрово бугарскиот вицепремиер задолжен за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев Демерџиев се надева дека од македонска страна се создадени такви безбедносни мерки како во Благоевград, за сите што сакаат да имаат пристап до богослужбата. Има стража, создадени се безбедносни мерки, допрва ќе дознаеме дали сите што сакаат ќе бидат без проблем примени на споменикот на Гоце Делчев. Има информации за запирање на бугарски државјани на граница, но тие не се толку многу. Има и список на лица на кои им е забранет влез во РСМ, потврди Демерџиев, наведува утринава news.bg.

The post Демерџиев: Лично ќе ги чекам Бугарите во Скопје, заедно да положиме цвеќе appeared first on Република.

]]>
Пораки пред 4 февруари: Чествувањето на Гоце Делчев да биде мирно и достоинствено, Скопје и Софија да ја смират реториката https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poraki-pred-4-fevruari-chestvuvaneto-na-gotse-delchev-da-bide-mirno-i-dostoinstveno-skopje-i-sofija-da-ja-smirat-retorikata/ Tue, 31 Jan 2023 07:20:53 +0000 https://republika.mk/?p=602798

Откако премиерот Димитар Ковачевски во петокот со својот бугарски колега Галаб Донев во телефонски разговор се заложија за мирно и безбедно чествување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари, вчера во посета на земјава беше бугарскиот министер за надворешни работи Иван Демерџиев кој со својот македонски колега Оливер Спасовски по нивната заедничка средба порачаа дека нема да се дозволи никаков инцидент на одбележувањето што треба да се одржи в сабота и оти во тој правец македонската полиција ги презема сите потребни мерки. Во меѓувреме, САД ги повикаа Бугарија и Македонија да ја деескалираат својата реторика и брзо да ги решат билатералните спорови.

Ова за Гласот на Америка го соопштиле од Стејт департментот, одговарајќи на прашањето како ја коментираат одлуката на Бугарија да го повлече бугарскиот амбасадор од Скопје.

Иднината на Македонија е во ЕУ. САД продолжуваат да ја поддржуваат целосната евроатлантска интеграција на земјата, се вели во изјавата од Стејт департментот.

Бугарија минатата недела го повлече амбасадорот по нападот на секретарот на бугарскиот клуб „Борис Трети” во Охрид.

[caption id="attachment_517046" align="alignnone" width="640"] (фото: МИА)[/caption]

Шефот на бугарската дипломатија Николај Милков тогаш најави дека нивниот амбасадор ќе остане во Софија се додека, како што рече, не биде регистриран напредок во однос на третманот на македонските граѓани со бугарска самосвест во Македонија.

Од македонското МНР, пак, синоќа за МИА потврдија дека бугарскиот амбасадор, сепак, се враќа на своите дипломатски должности во Скопје во полн капацитет.

Во моментов, како што вели премиерот Ковачевски, нема најава за официјална посета на делегација од Бугарија за чествувањето на раѓањето на Гоце Делчев, но, посочува оти се уште има време до сабота.

Според него провокации на поединци, кои имаат име и презиме и кои се санкционирани согласно законите во нашата држава не можат да бидат основа и не можат да претставуваат основ да се смета дека цела наша држава или нашите институции имаат таков однос.

Ние сме држава која на највисоко ниво го има издигнато остварувањето на правата на граѓани коишто се самоопределуваат на друг начин од Македонците, кои сме најбројни во државата. За тоа имаме институции, за тоа имаме уставно уредување, за тоа имаме низа на закони какви што закони нема ниту една земја во Европа. Тоа е нешто на што можеме да бидеме горди, изјави вчера Ковачевски по завршувањето на првиот панел од конференцијата „Година на нови можности”.

Од друга страна, како што посочи тој, постојат политичари во Бугарија кои со национализам и со популизам сакаат да добијат глас повеќе за наредните избори во Бугарија, а, според него тоа слично се случува и кај нас кога сме во избори. Но, тие, како што потенцира, не може да бидат основата за градење на односи меѓу двете држави.

На ниво на односи меѓу две страни потребна е деескалација од двете страни и добро е што изјавата која што доаѓа од официјална Софија е дека тие сакаат деескалација, рече Ковачевски, додавајќи дека ние како држава ќе направиме се за 4 февруари да биде одбележан на достоинствен начин без можност за провокации.

Тој порача дека граѓаните можат да бидат мирни, достоинствено да го чествуваат роденденот на херојот и великанот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев.

Во однос на тензиите, Ковачевски рече дека се предизвикани од поединци и од групи кои се против европскиот пат на Македонија и против интеграција на регионот во ЕУ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ne-otkriva-dali-bugarska-delegatsija-ke-dojde-na-grobot-na-gotse-delchev/

Министрите за внатрешни работи на Македонија и Бугарија Оливер Спасовски и Иван Демерџиев вчера од Скопје порачаа дека нема да се дозволи никаков инцидент на чествувањето и оти во тој правец македонската полиција ги презема сите потребни мерки.

Ова е во услови на малку зголемени тензии, различни најави за нарушување на јавниот ред и мир. Сакаме да упатиме јасна порака дека нема да биде дозволен никаков инцидент. Македонската полиција ги презема сите неопходни мерки и активности и апсолутно не смее да се дозволи инцидент, односно ќе се обезбеди чествување како што доликува на нашиот великан Гоце Делчев, изјави министерот Спасовски по средбата со бугарскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев.

Дека ќе се работи на обезбедувањето мирно и спокојно чествување на Гоце Делчев по средбата потврди и Демерџиев.

Ги добив сите информации од колегата Спасовски дека се ќе биде обезбедено, дека ќе бидат преземени апсолутно сите мерки за безбедно одвивање на настанот. И јас исто така го уверив дека луѓето кои ќе дојдат на чествувањето во никој случај нема да дозволам да предизвикаат какви било провокации или да дојде до несакани настани. Постигнавме согласност дека се ќе биде во најголем ред за одвивање на овој настан и да не дозволиме некои луѓе да се обидат да го распалат огинот, каде што го нема. Целта е да се одржи чествување на еден великан Гоце Делчев, а не да биде центар и место каде што ќе настанат радикални појави, изјави Демерџиев по средбата со неговиот македонски колега во Скопје.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски синоќа изјави дека партијата е за достоинствено одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Очекувам на 4 февруари да има една достоинствена манифестација, достоинствено одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, рече Николоски.

За претстојното чествување на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, а со цел одбележувањето да помине во мирна и пријателска атмосфера, задолжено е Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност во координација со соодветните служби во Република Бугарија да ги обезбедат сите услови за достоинствено чествување на овој голем ден.

The post Пораки пред 4 февруари: Чествувањето на Гоце Делчев да биде мирно и достоинствено, Скопје и Софија да ја смират реториката appeared first on Република.

]]>

Откако премиерот Димитар Ковачевски во петокот со својот бугарски колега Галаб Донев во телефонски разговор се заложија за мирно и безбедно чествување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари, вчера во посета на земјава беше бугарскиот министер за надворешни работи Иван Демерџиев кој со својот македонски колега Оливер Спасовски по нивната заедничка средба порачаа дека нема да се дозволи никаков инцидент на одбележувањето што треба да се одржи в сабота и оти во тој правец македонската полиција ги презема сите потребни мерки. Во меѓувреме, САД ги повикаа Бугарија и Македонија да ја деескалираат својата реторика и брзо да ги решат билатералните спорови. Ова за Гласот на Америка го соопштиле од Стејт департментот, одговарајќи на прашањето како ја коментираат одлуката на Бугарија да го повлече бугарскиот амбасадор од Скопје.
Иднината на Македонија е во ЕУ. САД продолжуваат да ја поддржуваат целосната евроатлантска интеграција на земјата, се вели во изјавата од Стејт департментот.
Бугарија минатата недела го повлече амбасадорот по нападот на секретарот на бугарскиот клуб „Борис Трети” во Охрид. [caption id="attachment_517046" align="alignnone" width="640"] (фото: МИА)[/caption] Шефот на бугарската дипломатија Николај Милков тогаш најави дека нивниот амбасадор ќе остане во Софија се додека, како што рече, не биде регистриран напредок во однос на третманот на македонските граѓани со бугарска самосвест во Македонија. Од македонското МНР, пак, синоќа за МИА потврдија дека бугарскиот амбасадор, сепак, се враќа на своите дипломатски должности во Скопје во полн капацитет. Во моментов, како што вели премиерот Ковачевски, нема најава за официјална посета на делегација од Бугарија за чествувањето на раѓањето на Гоце Делчев, но, посочува оти се уште има време до сабота. Според него провокации на поединци, кои имаат име и презиме и кои се санкционирани согласно законите во нашата држава не можат да бидат основа и не можат да претставуваат основ да се смета дека цела наша држава или нашите институции имаат таков однос.
Ние сме држава која на највисоко ниво го има издигнато остварувањето на правата на граѓани коишто се самоопределуваат на друг начин од Македонците, кои сме најбројни во државата. За тоа имаме институции, за тоа имаме уставно уредување, за тоа имаме низа на закони какви што закони нема ниту една земја во Европа. Тоа е нешто на што можеме да бидеме горди, изјави вчера Ковачевски по завршувањето на првиот панел од конференцијата „Година на нови можности”.
Од друга страна, како што посочи тој, постојат политичари во Бугарија кои со национализам и со популизам сакаат да добијат глас повеќе за наредните избори во Бугарија, а, според него тоа слично се случува и кај нас кога сме во избори. Но, тие, како што потенцира, не може да бидат основата за градење на односи меѓу двете држави.
На ниво на односи меѓу две страни потребна е деескалација од двете страни и добро е што изјавата која што доаѓа од официјална Софија е дека тие сакаат деескалација, рече Ковачевски, додавајќи дека ние како држава ќе направиме се за 4 февруари да биде одбележан на достоинствен начин без можност за провокации.
Тој порача дека граѓаните можат да бидат мирни, достоинствено да го чествуваат роденденот на херојот и великанот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев. Во однос на тензиите, Ковачевски рече дека се предизвикани од поединци и од групи кои се против европскиот пат на Македонија и против интеграција на регионот во ЕУ. https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ne-otkriva-dali-bugarska-delegatsija-ke-dojde-na-grobot-na-gotse-delchev/ Министрите за внатрешни работи на Македонија и Бугарија Оливер Спасовски и Иван Демерџиев вчера од Скопје порачаа дека нема да се дозволи никаков инцидент на чествувањето и оти во тој правец македонската полиција ги презема сите потребни мерки.
Ова е во услови на малку зголемени тензии, различни најави за нарушување на јавниот ред и мир. Сакаме да упатиме јасна порака дека нема да биде дозволен никаков инцидент. Македонската полиција ги презема сите неопходни мерки и активности и апсолутно не смее да се дозволи инцидент, односно ќе се обезбеди чествување како што доликува на нашиот великан Гоце Делчев, изјави министерот Спасовски по средбата со бугарскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев.
Дека ќе се работи на обезбедувањето мирно и спокојно чествување на Гоце Делчев по средбата потврди и Демерџиев.
Ги добив сите информации од колегата Спасовски дека се ќе биде обезбедено, дека ќе бидат преземени апсолутно сите мерки за безбедно одвивање на настанот. И јас исто така го уверив дека луѓето кои ќе дојдат на чествувањето во никој случај нема да дозволам да предизвикаат какви било провокации или да дојде до несакани настани. Постигнавме согласност дека се ќе биде во најголем ред за одвивање на овој настан и да не дозволиме некои луѓе да се обидат да го распалат огинот, каде што го нема. Целта е да се одржи чествување на еден великан Гоце Делчев, а не да биде центар и место каде што ќе настанат радикални појави, изјави Демерџиев по средбата со неговиот македонски колега во Скопје.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски синоќа изјави дека партијата е за достоинствено одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Очекувам на 4 февруари да има една достоинствена манифестација, достоинствено одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, рече Николоски.
За претстојното чествување на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, а со цел одбележувањето да помине во мирна и пријателска атмосфера, задолжено е Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност во координација со соодветните служби во Република Бугарија да ги обезбедат сите услови за достоинствено чествување на овој голем ден.

The post Пораки пред 4 февруари: Чествувањето на Гоце Делчев да биде мирно и достоинствено, Скопје и Софија да ја смират реториката appeared first on Република.

]]>
Бугарскиот и македонскиот министер за внатрешни ќе договараат тактика за 4 февруари да помине без инциденти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-i-makedonskiot-minister-za-vnatreshni-ke-dogovaraat-taktika-za-4-fevruari-da-pomine-bez-intsidenti/ Mon, 30 Jan 2023 07:12:00 +0000 https://republika.mk/?p=602419

Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев со придружна делегација, денеска, ќе престојува во работна посета на Македонија во рамки на која ќе се сретне со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На средбата се очекува да се разговара за активностите што треба да се преземат по повод претстојното чествување на 4 февруари – денот на роденденот на Гоце Делчев.

И бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков вчера во интервју за Бугарската национална телевизија потврди дека денеска во Скопје ќе допатуваат министерот Демерџиев и директорот на ДАНС Пламен Тончев и дека ќе се разговара за конкретните чекори што треба да се преземат по повод чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Како што соопшти МВР, изјави не се предвидени, а на крајот од официјалната средба ќе биде објавено соопштение за медиумите.

Посетата на Дерменџиев беше најавена во петокот, по телефонскиот разговор на премиерите на Бугарија и на Македонија, Галаб Донев и Димитар Ковачевски, посветен на актуелните случувања во односите меѓу двете земји. Прес-службите на двете Влади соопштија дека двајцата премиери разговарале за потребата претстојните празнувања на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, да се одвиваат мирно и непречено.

The post Бугарскиот и македонскиот министер за внатрешни ќе договараат тактика за 4 февруари да помине без инциденти appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев со придружна делегација, денеска, ќе престојува во работна посета на Македонија во рамки на која ќе се сретне со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. На средбата се очекува да се разговара за активностите што треба да се преземат по повод претстојното чествување на 4 февруари – денот на роденденот на Гоце Делчев. И бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков вчера во интервју за Бугарската национална телевизија потврди дека денеска во Скопје ќе допатуваат министерот Демерџиев и директорот на ДАНС Пламен Тончев и дека ќе се разговара за конкретните чекори што треба да се преземат по повод чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Како што соопшти МВР, изјави не се предвидени, а на крајот од официјалната средба ќе биде објавено соопштение за медиумите. Посетата на Дерменџиев беше најавена во петокот, по телефонскиот разговор на премиерите на Бугарија и на Македонија, Галаб Донев и Димитар Ковачевски, посветен на актуелните случувања во односите меѓу двете земји. Прес-службите на двете Влади соопштија дека двајцата премиери разговарале за потребата претстојните празнувања на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, да се одвиваат мирно и непречено.

The post Бугарскиот и македонскиот министер за внатрешни ќе договараат тактика за 4 февруари да помине без инциденти appeared first on Република.

]]>
Во Бугарија доаѓаат шестпати повеќе мигранти отколку лани https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-bugarija-doagjaat-shestpati-povekje-migranti-otkolku-lani/ Fri, 26 Aug 2022 08:01:32 +0000 https://republika.mk/?p=544277

Бугарскиот министер за внатрешни работи, Иван Демерџиев, соопшти дека за шест пати е зголемен мигрантскиот протисок врз државата, пред се поради акциите во Сирија.

Поради тековните воени операции во Сирија, мигрантските текови се интензивираат и создаваат сериозни проблеми за Турција, а дел од вкупниот број мигранти се упатуваат кон Бугарија и Грција - изјави Демерџиев за БТВ.

Според податоците што ги презентираше министерот, притисокот е зголемен за повеќе од 6 пати во однос на минатата година.

На граничната линија дневно застануваме по околу 1.000 луѓе - истакна Демерџиев.

Министерот потсети дека веќе во првите денови од преземањето на функцијата ја проверил границата, добил извештај дека состојбата е тешка, но тврди дека е под контрола.

Армијата активно се вклучи во заштитата на границите. Покрај опрема, ќе го користиме и нивниот дрон, а на теренот в сабота и понеделник ќе им се придружат уште 100 лица - изјави Демерџиев.

Двајца бугарски полицајци вчера загинаа откако во нивното патролно возило удри автобус што пренесувал илегални имигранти.

Има податоци дека полицајци се вклучени во пуштање мигранти преку граница и со овие податоци работиме од вчера… Ќе бараме помош од Европа, очекуваме притисокот под кој сега се наоѓаме да се засили во септември и октомври - изјави бугарскиот министер.

The post Во Бугарија доаѓаат шестпати повеќе мигранти отколку лани appeared first on Република.