ивајло калфин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ivajlo-kalfin/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Feb 2023 15:55:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ивајло калфин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ivajlo-kalfin/ 32 32 Софија и Скопје да ја смират ситуацијата и да го сменат однесувањето, порача поранешниот бугарски вицепремиер Калфин https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sofija-i-skopje-da-ja-smirat-situatsijata-i-da-go-smenat-odnesuvaneto-poracha-poraneshniot-bugarski-vitsepremier-kalfin/ Mon, 06 Feb 2023 15:55:42 +0000 https://republika.mk/?p=605575

Ситуацијата во бугарско-македонските односи треба да се промени во двата правца - Бугарија да престане да се заканува и да мафта со прст, а Македонија да престане со провокациите, смета поранешниот бугарски вицепремиер и министер за надворешни работи Ивајло Калфин.

Треба да размислиме како можеме да живееме како соседи, а не како земји во конфликт... Трајно треба да се смени однесувањето од двете страни на границата. Ние не треба постoјaно да мафтаме со прстот и да се закануваме со вето, а од нивна страна постојано да се прават некои провокации, туку да се работи нa решенија за спорните прашања - како да се отворат границите, како луѓето да патуват, да се намалат провокациите,..., изјави Калфин за БНР.

Според него, правата на луѓето треба да бидат во центарот на она што го прави Бугарија. Посочува дека проблем предизвикуваат и иритирачките изјави на некои политичари, но и имињата на бугарските клубови во Македонија.

Изјавите на некои бугарски политичари кои се обидуваат уште малку да си ја продолжат политичката кариера - дека Република Македонија ја нема и не постои, не помагаат. Не треба да се заборави и дека културните клубови во РСМ се именувани по личности кои очигледно спорни и иритирачки за нивната јавност, вели Калфин.

The post Софија и Скопје да ја смират ситуацијата и да го сменат однесувањето, порача поранешниот бугарски вицепремиер Калфин appeared first on Република.

]]>