Итна помош Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/itna-pomosh/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jul 2024 15:11:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Итна помош Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/itna-pomosh/ 32 32 За една недела Итната помош имала 11 интервенции во автобусите на ЈСП https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/za-edna-nedela-itnata-pomosh-imala-11-interventsii-vo-avtobusite-na-jsp/ Tue, 23 Jul 2024 16:47:42 +0000 https://republika.mk/?p=799601

Нема зборови со кои ќе се опише катастрофалната состојба со која се соочува Јавното сообраќајно претпријатије. Најмногу страдаат граѓаните кои се принудени на 40 степени да чекаат и да се молат да дојде некој автобус, а и кога ќе дојде имаат што да видат. Тој најчесто е преполн со патници кои брзаат да стигнат некаде. Внатре е преполно, и многу топло. Климата во автобусите на ЈСП е само декор, не работи и најчесто е расипана.

Патници за РСЕ сведочат на неподносливите услови во автобусите на ЈСП. Тие се жалат дека на луѓето им се слошува внатре во автобусите при што некој од патниците ќе повика брза помош.

„Вака веќе не се издржува. Клима нема, термините за возниот ред не важат, не знаеш кога има, кога нема автобус. Наместо да дојдат три возила во одреден термин, доаѓа еден, и тој полн. Со месеци нѐ тормозат, а од нас плата земаат“, вели патничката Стојанка М за РСЕ.

Таа била сведок кога пред десетина дена, му се слошило на патник во преполн автобус. Откако присутните го полеале со ладна вода и не успеале да го освестат, возачот бил принуден да застане кај Триумфална капија и чекале да дојде Брза помош.

Од Итната медицинска помош за РСЕ потврдија дека во изминатите две недели, особено кога беше прогласена портокалова фаза (од 12 до 18 јули) имале 11 интервенции во автобуси или на постојки. Но сметаат дека бројката е поголема, затоа што имало и помлади граѓани кои пријавиле колапс или повреда, но можеле да се движат и сами да отидат до лекар, па од итна помош им давале само совети.

The post За една недела Итната помош имала 11 интервенции во автобусите на ЈСП appeared first on Република.

]]>

Нема зборови со кои ќе се опише катастрофалната состојба со која се соочува Јавното сообраќајно претпријатије. Најмногу страдаат граѓаните кои се принудени на 40 степени да чекаат и да се молат да дојде некој автобус, а и кога ќе дојде имаат што да видат. Тој најчесто е преполн со патници кои брзаат да стигнат некаде. Внатре е преполно, и многу топло. Климата во автобусите на ЈСП е само декор, не работи и најчесто е расипана. Патници за РСЕ сведочат на неподносливите услови во автобусите на ЈСП. Тие се жалат дека на луѓето им се слошува внатре во автобусите при што некој од патниците ќе повика брза помош.
„Вака веќе не се издржува. Клима нема, термините за возниот ред не важат, не знаеш кога има, кога нема автобус. Наместо да дојдат три возила во одреден термин, доаѓа еден, и тој полн. Со месеци нѐ тормозат, а од нас плата земаат“, вели патничката Стојанка М за РСЕ. Таа била сведок кога пред десетина дена, му се слошило на патник во преполн автобус. Откако присутните го полеале со ладна вода и не успеале да го освестат, возачот бил принуден да застане кај Триумфална капија и чекале да дојде Брза помош. Од Итната медицинска помош за РСЕ потврдија дека во изминатите две недели, особено кога беше прогласена портокалова фаза (од 12 до 18 јули) имале 11 интервенции во автобуси или на постојки. Но сметаат дека бројката е поголема, затоа што имало и помлади граѓани кои пријавиле колапс или повреда, но можеле да се движат и сами да отидат до лекар, па од итна помош им давале само совети.

The post За една недела Итната помош имала 11 интервенции во автобусите на ЈСП appeared first on Република.

]]>
Отворен број за итни случаи за македонските граѓани кои ќе летуваат во Албанија https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/otvoren-broj-za-itni-sluchai-za-makedonskite-gragani-koi-ke-letuvaat-vo-albanija/ Wed, 01 May 2024 16:21:20 +0000 https://republika.mk/?p=773065

Пред почетокот на главната туристичка сезона во Албанија, а имајќи го предвид фактот дека голем број македонски граѓани летуваат на тамошното крајбрежје, Македонската амбасада во Тирана информира за телефонските броеви, на кои може да се јават во случај на потреба.

И оваа сезона потсетуваме на важните телефонски броеви на кои македонските државјани кои ќе летуваат во земјата ќе може да се јават доколку имаат потреба. Дежурен телефон за итни случаи на македонската амбасада во Тирана: (Global Sos): +355 6890 19198 (+Viber+Whatsapp) амбуланта 127, полиција 129, итна служба 112, се наведува во соопштението на македонската амбасада во Тирана, објавено на Фејсбук страницата на амбасадата.

Македонските туристи се меѓу најбројните, по косовските, кои летните одмори ги минуваат на албанското крајбрежје, пред сè во Валона, Драч и Шенѓин.

Во просек годишно, главно во летната сезона одмараат над 300 илјади македонски граѓани.

The post Отворен број за итни случаи за македонските граѓани кои ќе летуваат во Албанија appeared first on Република.

]]>

Пред почетокот на главната туристичка сезона во Албанија, а имајќи го предвид фактот дека голем број македонски граѓани летуваат на тамошното крајбрежје, Македонската амбасада во Тирана информира за телефонските броеви, на кои може да се јават во случај на потреба.
И оваа сезона потсетуваме на важните телефонски броеви на кои македонските државјани кои ќе летуваат во земјата ќе може да се јават доколку имаат потреба. Дежурен телефон за итни случаи на македонската амбасада во Тирана: (Global Sos): +355 6890 19198 (+Viber+Whatsapp) амбуланта 127, полиција 129, итна служба 112, се наведува во соопштението на македонската амбасада во Тирана, објавено на Фејсбук страницата на амбасадата.
Македонските туристи се меѓу најбројните, по косовските, кои летните одмори ги минуваат на албанското крајбрежје, пред сè во Валона, Драч и Шенѓин. Во просек годишно, главно во летната сезона одмараат над 300 илјади македонски граѓани.

The post Отворен број за итни случаи за македонските граѓани кои ќе летуваат во Албанија appeared first on Република.

]]>
ЕУ ѝ донираше на скопската Итна помош седум амбулантни возила https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/eu-donirashe-na-skopskata-itna-pomosh-sedum-ambulantni-vozila/ Wed, 07 Feb 2024 14:05:33 +0000 https://republika.mk/?p=741538

Седум возила за брза помош доби денеска Службата за итна помош во Скопје, како донација од ЕУ. Станува збор за најнова испорака на помош од ЕУ наменета за помош на здравството во обезбедување подобри услуги за граѓаните.

Евроамбасадорот Дејвид Гир кој денеска присуствуваше на примопредавањето на возилата, посочи дека ова е пример за поддршката која што ја дава ЕУ, а која ќе има влијание на квалитетот на животот на многу пациенти.

Скопје како најголем град има најголема потреба од овие возила. Денешнава донација ќе може да го ублажи недостатокот од ваквите возила. ЕУ активно дава поддршка во сферата на здравството, со цел да се подобрат здравствените услуги во оваа земја. Ние исто така помагаме во системот за трансплантација како и во спроведувањето на Националната стратегија за здравство, а ЕУ исто така ќе помогне и во однос на подобрување на системот за скрининг и рано откривање на рак, како и превентивната програма, рече Гир.

Тој потсети дека од 2021 година, Делегацијата на Европската Унија обезбеди системи за магнетна резонанца и за компјутерска томографија во осум болници низ земјата. Но, како што подвлече, разочаран е од извештајот на државниот ревизор, во кој се наведува дека во просек само 2.800 пациенти ги употребувале овие апарати.

Ние се надеваме дека испораката на овие системи ќе придонесе за обезбедување на витални услуги за граѓаните на оваа земја. Но, морам да признам дека бев разочаран и загрижен од извештајот на државниот ревизор, во кој се вели дека проширувањето на вакви системи за магнетна резонанца и компјутерска томографија во Македонија не резултираше со зголемување на нивна употреба, рече Гир.

Тој додаде дека во просек, системите за магнетна резонанца или компјутерска томографија во земјите членки на ЕУ искористеноста е меѓу четири до девет илјади за еден апарат.

Директорот на Здравствениот дом Виктор Исјаковски денеска за време на примопредавањето на опремата, изрази благодарност и посочи дека овие седум возила ќе бидат од помош на над 700 илјади граѓани.

The post ЕУ ѝ донираше на скопската Итна помош седум амбулантни возила appeared first on Република.

]]>

Седум возила за брза помош доби денеска Службата за итна помош во Скопје, како донација од ЕУ. Станува збор за најнова испорака на помош од ЕУ наменета за помош на здравството во обезбедување подобри услуги за граѓаните. Евроамбасадорот Дејвид Гир кој денеска присуствуваше на примопредавањето на возилата, посочи дека ова е пример за поддршката која што ја дава ЕУ, а која ќе има влијание на квалитетот на животот на многу пациенти.
Скопје како најголем град има најголема потреба од овие возила. Денешнава донација ќе може да го ублажи недостатокот од ваквите возила. ЕУ активно дава поддршка во сферата на здравството, со цел да се подобрат здравствените услуги во оваа земја. Ние исто така помагаме во системот за трансплантација како и во спроведувањето на Националната стратегија за здравство, а ЕУ исто така ќе помогне и во однос на подобрување на системот за скрининг и рано откривање на рак, како и превентивната програма, рече Гир.
Тој потсети дека од 2021 година, Делегацијата на Европската Унија обезбеди системи за магнетна резонанца и за компјутерска томографија во осум болници низ земјата. Но, како што подвлече, разочаран е од извештајот на државниот ревизор, во кој се наведува дека во просек само 2.800 пациенти ги употребувале овие апарати.
Ние се надеваме дека испораката на овие системи ќе придонесе за обезбедување на витални услуги за граѓаните на оваа земја. Но, морам да признам дека бев разочаран и загрижен од извештајот на државниот ревизор, во кој се вели дека проширувањето на вакви системи за магнетна резонанца и компјутерска томографија во Македонија не резултираше со зголемување на нивна употреба, рече Гир.
Тој додаде дека во просек, системите за магнетна резонанца или компјутерска томографија во земјите членки на ЕУ искористеноста е меѓу четири до девет илјади за еден апарат. Директорот на Здравствениот дом Виктор Исјаковски денеска за време на примопредавањето на опремата, изрази благодарност и посочи дека овие седум возила ќе бидат од помош на над 700 илјади граѓани.  

The post ЕУ ѝ донираше на скопската Итна помош седум амбулантни возила appeared first on Република.

]]>
Дали беше комплетна медицинската екипа на вчерашниот одбојкарски меч помеѓу Македонија-Данска? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-beshe-kompletna-meditsinskata-ekipa-na-vcherashniot-odbojkarski-mech-pomegu-makedonija-danska/ Thu, 31 Aug 2023 11:03:32 +0000 https://republika.mk/?p=677552

Дали беше комплетна медицинската екипа на вчерашниот одбојкарски меч помеѓу Македонија-Данска? Ова прашање кружи на социјалните мрежи, откако вчера, во исто време додека се одвивал натпреварот, се оддржувала и партиска трибина на која присуствувале докторите од Итна медицинска помош.

Додека друштвото одбрано меѓу кои шефицата на итната помош Милица Бубало,заменик министерката за здравство Манолева, министерката за труд Тренчевска,директорката на Здравствениот инспекторат беа дел од партиската трибина по што се гоштеваа по овој партискиот настан, итната помош задолжена да го покрива натпреварот Македонија-Данска оставена без комплетен тим и тоа на натпревар од Европско првенство во одбојка - се коментира на социјалните мрежи.

Според коментарите тимот кој бил присутен во сала бил без медицинска сестра и доктори кои биле под менторство што е недозволиво.

Се поставува прашањето кој ќе сноси одговорност доколку се случи нешто сериозно и има потреба од интервенција како на пр.cardiiac arrest кој ќе ја води постапката за реанимација, кој ќе постави венска линија,кој ќе одлучува за терапија и сл - се коментира на социјалните мрежи.

The post Дали беше комплетна медицинската екипа на вчерашниот одбојкарски меч помеѓу Македонија-Данска? appeared first on Република.

Итната помош во Скопје со зголемен број интервенции на јавни места https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/itnata-pomosh-vo-skopje-so-zgolemen-broj-interventsii-na-javni-mesta/ Sat, 22 Jul 2023 13:36:52 +0000 https://republika.mk/?p=664228

Во Итната медицинска помош во Скопје деновиве е зголем бројот на повици, а денеска, за разлика од другите денови, има многу интервенции на јавни места, но не само за колапси од топлото време, изјави за МИА д-р Ѓорѓи Карамановски, одговорен на смена во ИМП.

Во цела недела, како што рече, имало повеќе сообраќајни незгоди, минимум по пет до шест во текот на денот, а бројот на колапси бил од четири до пет.

-Денеска нема нешто што е екстремно, сообраќајките се помалку, од утрото има две со полесни повреди. Колапсите се стандардно колку што се секој ден. Но има многу интервеции на јавни места, и тоа не се само колапси, туку и повредени, паднати итн. Имаше превртен од трактор во село Смесница во Зелениково, епи-напад во Градски парк, рече д-р Карамановски.

Колапсите се должат, најверојатно, на топлото време и поради тоа што граѓаните не ги слушаат препораките да се избегнува излегување кога е најжешко.

На пример сега, во 13.15 часот, имаше колабирана на Зелен пазар. И тоа беше помлада госпоѓа, која очигледно не ги почитувала препораките што ги упатуваме преку јавните медиуми и во 13.15 излегла да пазари, рече одговорниот доктор на смена во ИМП.

И сообраќајките денес, во кои нема потешко повредени, според лекарот, можеби се последица и од намалена концентрација.

Повредите се полесни. Очигледно намалена концентрација, сите брзаат некаде, топлото време си го прави своето, исто како и динамичниот живот, додава докторот.

Тој укажува да се почитуваат здравствените препораки – во овој период не се излегува, се зема доволно количина течности, се носи лесна и светла облека, капи, очила за сонце.

Поради годишните одмори, Итната медицинска помош работи со редуциран број екипи на терен.

The post Итната помош во Скопје со зголемен број интервенции на јавни места appeared first on Република.

]]>

Во Итната медицинска помош во Скопје деновиве е зголем бројот на повици, а денеска, за разлика од другите денови, има многу интервенции на јавни места, но не само за колапси од топлото време, изјави за МИА д-р Ѓорѓи Карамановски, одговорен на смена во ИМП. Во цела недела, како што рече, имало повеќе сообраќајни незгоди, минимум по пет до шест во текот на денот, а бројот на колапси бил од четири до пет. -Денеска нема нешто што е екстремно, сообраќајките се помалку, од утрото има две со полесни повреди. Колапсите се стандардно колку што се секој ден. Но има многу интервеции на јавни места, и тоа не се само колапси, туку и повредени, паднати итн. Имаше превртен од трактор во село Смесница во Зелениково, епи-напад во Градски парк, рече д-р Карамановски. Колапсите се должат, најверојатно, на топлото време и поради тоа што граѓаните не ги слушаат препораките да се избегнува излегување кога е најжешко.
На пример сега, во 13.15 часот, имаше колабирана на Зелен пазар. И тоа беше помлада госпоѓа, која очигледно не ги почитувала препораките што ги упатуваме преку јавните медиуми и во 13.15 излегла да пазари, рече одговорниот доктор на смена во ИМП.
И сообраќајките денес, во кои нема потешко повредени, според лекарот, можеби се последица и од намалена концентрација.
Повредите се полесни. Очигледно намалена концентрација, сите брзаат некаде, топлото време си го прави своето, исто како и динамичниот живот, додава докторот.
Тој укажува да се почитуваат здравствените препораки – во овој период не се излегува, се зема доволно количина течности, се носи лесна и светла облека, капи, очила за сонце. Поради годишните одмори, Итната медицинска помош работи со редуциран број екипи на терен.

The post Итната помош во Скопје со зголемен број интервенции на јавни места appeared first on Република.

]]>
Итната медицинска помош со препораки за претстојните новогодишни празници https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/itnata-meditsinska-pomosh-so-preporaki-za-pretstojnite-novogodishni-praznitsi/ Fri, 30 Dec 2022 10:58:33 +0000 https://republika.mk/?p=591817

Поради претстојните прослави на Новогодишните празници, Службата за Итна медицинска помош препорачува редовно земање на терапија кај хроничните болни, да се внимава со внес на храна кај оние лица кои се придржувале на Божиќниот пост, умерено користење на алкохолни пијалаци како би се избегнале несаканите последици-алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди. Посебно се апелира до младата и малолетна популација за некористење на алкохолни пијалаци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот.

Апелираат на воздржаност од користење на разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување на несакани повреди, изгореници и други потешки последици.

За време на новогодишните празници ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ ќе се грижи за состојбата на граѓаните во текот на 24 часа. На 31 декември, во Поликлиника Букурешт ќе бидат дежурни специјалистичките служби од 8 до 16 часот.

На новогодишната ноќ достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена,недела и празници во Поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари,Ѓорче Петров,Драчево и Бит Пазар, информираат од Здравствениот дом на Скопје.

Исто така, со секојдневното работно време информираат дека ќе функционира и единицата за домашно лекување.

The post Итната медицинска помош со препораки за претстојните новогодишни празници appeared first on Република.

]]>

Поради претстојните прослави на Новогодишните празници, Службата за Итна медицинска помош препорачува редовно земање на терапија кај хроничните болни, да се внимава со внес на храна кај оние лица кои се придржувале на Божиќниот пост, умерено користење на алкохолни пијалаци како би се избегнале несаканите последици-алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди. Посебно се апелира до младата и малолетна популација за некористење на алкохолни пијалаци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот. Апелираат на воздржаност од користење на разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување на несакани повреди, изгореници и други потешки последици. За време на новогодишните празници ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ ќе се грижи за состојбата на граѓаните во текот на 24 часа. На 31 декември, во Поликлиника Букурешт ќе бидат дежурни специјалистичките служби од 8 до 16 часот. На новогодишната ноќ достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена,недела и празници во Поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари,Ѓорче Петров,Драчево и Бит Пазар, информираат од Здравствениот дом на Скопје. Исто така, со секојдневното работно време информираат дека ќе функционира и единицата за домашно лекување.

The post Итната медицинска помош со препораки за претстојните новогодишни празници appeared first on Република.

]]>
Украдено возило на Итната помош во болницата во Кочани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ukradeno-vozilo-na-itnata-pomosh-vo-bolnicata-vo-kochani/ Sat, 03 Dec 2022 11:34:21 +0000 https://republika.mk/?p=581313

Возило на Итната медицинска помош ноќеска било украдено од кругот на Општата болница со проширена дејност во Кочани.

Неколку часа по настанот возилото, без видливи оштетувања, било пронајдено во близина на јавната здравствена установа, а настанот е пријавен во полиција.

Веднаш откако вработените забележале дека возилото го нема, пријавиле во Полициската станица во Кочани, по што полициски службеници направиле увид и очекуваме да го откријат сторителот или сторителите. Се работи за постаро возило oд марката тојота, што Итната медицинска помош го користи само повремено и за кратки релации во градот или до блиските населени места. Веројатно се работи за млади лица кои на овој начин сакале да се забавуваат, а полициската истрага треба да покаже како тие влегле и го стартувале возилото, информира директорот на Општата болница во Кочани, Александар Серафимов.

Службата за Итна медицинска помош во болницата во Кочани има уште неколку понови возила што се користат за транспорт на пациенти до Штип и Скопје, а едно од нив во март минатата година беше тешко оштетено во сообраќајна несреќа при судир на патот Кочани – Штип.

The post Украдено возило на Итната помош во болницата во Кочани appeared first on Република.

]]>

Возило на Итната медицинска помош ноќеска било украдено од кругот на Општата болница со проширена дејност во Кочани. Неколку часа по настанот возилото, без видливи оштетувања, било пронајдено во близина на јавната здравствена установа, а настанот е пријавен во полиција.