итан крамбли Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/itan-krambli/ За подобро да се разбереме Wed, 10 Apr 2024 07:10:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png итан крамбли Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/itan-krambli/ 32 32 Ќе се случи ли истото во Србија? Родителите на тинејџерот-убиец добија затворски казни https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ke-se-sluchi-li-istoto-vo-srbija-roditelite-na-tinejdherot-ubiets-dobija-zatvorski-kazni/ Wed, 10 Apr 2024 07:19:52 +0000 https://republika.mk/?p=764473

Џенифер и Џејмс Крамбли, родителите на малолетникот од Мичиген кој во 2021 година во средно училиште во Оксфорд, Мичиген уби четворица ученици, се осудени на затворска казна од 10 и 15 години, откако претходно беа прогласени за виновни за убиство од небрежност.

Тие се осудени поради масовното убиство сторено од нивниот син Итан, и се први родители кои кривично одговараат за пукање во школо во САД. Итан Кромбли кој има 17 години, претходно беше осуден на доживотен затвор.

На судењето се обратија некои од семејствата на жртвите, Медисон Болдвин, Хана Сент Џулијана, Тејт Мајер и Џастин Шилинг. Тие говореа за болката низ која што поминале по убиството на децата како и дека во цела оваа трагедија одговорни биле родителите на Итан Крамбли.

Крвта на нашите деца е и на вашите раце, изјави Крег Шилинг кој носеше маица со ликот на синот Џастин.

Џемјс и Џенифер Крамбли се обратија до судот со трогателни зборови и побараа поблаги казни. Таткото побара условна и да му се смета и досегашниот притвор.

Тие во суштина се осудени бидејќи се однесувале ноншалатно кон менталните проблеми на својот син (мајката во тој период имала вонбрачна врска и обрнувала внимание повеќе на своето хоби – јавање коњи), и не го скриле пиштолот на безбедно и на тој начин да спречат 15 годишникот да пука во четворица ученици. Исто така тие не реагирале кога биле повикани во училиштето поради цртеж што нивниот син го направил тој ден со алузија дека ќе се случи масовно убиство.

Обвинителите побараа најмногу 10 години затвор за брачниот пар Крамбли за убиство од небрежност.

Во Србија, пак, во тек се неколку рочишта против родителите на масовниот 13-годишен убиец Коста Кецмановиќ.

The post Ќе се случи ли истото во Србија? Родителите на тинејџерот-убиец добија затворски казни appeared first on Република.

]]>

Џенифер и Џејмс Крамбли, родителите на малолетникот од Мичиген кој во 2021 година во средно училиште во Оксфорд, Мичиген уби четворица ученици, се осудени на затворска казна од 10 и 15 години, откако претходно беа прогласени за виновни за убиство од небрежност. Тие се осудени поради масовното убиство сторено од нивниот син Итан, и се први родители кои кривично одговараат за пукање во школо во САД. Итан Кромбли кој има 17 години, претходно беше осуден на доживотен затвор. На судењето се обратија некои од семејствата на жртвите, Медисон Болдвин, Хана Сент Џулијана, Тејт Мајер и Џастин Шилинг. Тие говореа за болката низ која што поминале по убиството на децата како и дека во цела оваа трагедија одговорни биле родителите на Итан Крамбли.
Крвта на нашите деца е и на вашите раце, изјави Крег Шилинг кој носеше маица со ликот на синот Џастин.
Џемјс и Џенифер Крамбли се обратија до судот со трогателни зборови и побараа поблаги казни. Таткото побара условна и да му се смета и досегашниот притвор. Тие во суштина се осудени бидејќи се однесувале ноншалатно кон менталните проблеми на својот син (мајката во тој период имала вонбрачна врска и обрнувала внимание повеќе на своето хоби – јавање коњи), и не го скриле пиштолот на безбедно и на тој начин да спречат 15 годишникот да пука во четворица ученици. Исто така тие не реагирале кога биле повикани во училиштето поради цртеж што нивниот син го направил тој ден со алузија дека ќе се случи масовно убиство. Обвинителите побараа најмногу 10 години затвор за брачниот пар Крамбли за убиство од небрежност. Во Србија, пак, во тек се неколку рочишта против родителите на масовниот 13-годишен убиец Коста Кецмановиќ.

The post Ќе се случи ли истото во Србија? Родителите на тинејџерот-убиец добија затворски казни appeared first on Република.

]]>
Таткото на тинејџерот кој изврши масовно убиство обвинет за убиство од небрежност https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tatkoto-na-tinejdherot-koj-izvrshi-masovno-ubistvo-obvinet-za-ubistvo-od-nebrezhnost/ Fri, 15 Mar 2024 09:39:30 +0000 https://republika.mk/?p=755063

Џејмс Крамбли, таткото на тинејџерот Итан Крамбли, кој отслужува доживотна затворска казна за масовното убиство што го изврши во училиште во близина на Детроит, Мичиген во 2021 година, е прогласен за виновен за убиство од небрежност. Тој e осуден по обвинението во кое стои дека не го чувал оружјето на обезбедено место и не реагирал на знаците на психички потешкотии кои ги покажувал неговиот син, објави Гласот на Америка.

Во февруари, за убиство од небрежност беше осудена и мајката на Итан, Џенифер Крамбли.

Итан Крамбли, кој имал 15 години кога на 30 ноември 2021 година отвори оган од полуавтоматски пиштол и уби четворица ученици, а рани уште двајца и наставник.

Обвинителите во обвинението посочија дека тинејџерот имал пристап до пиштол со калибар од девет милиметри, што татко му му го купил четири дена пред да ги изврши убиствата.

Неколку дена пред масакрот Итан Крамбли на работниот лист по математика, покрај цртежот со пиштол и ранет човек, напишал:

„Мислите нема да запрат. Помогнете ми. Мојот живот е бескорисен“.

Неговите родители, кои биле повикани на разговор со училишниот советник за цртежите и белешките, не го однеле дома од училиште.

Училишниот советник Шон Хопкинс ги советувал родителите да побараат помош за момчето во следните два дена бидејќи тој верувал дека има самоубиствени мисли.

Итан му кажал на советникот дека е тажен поради смртта на баба му, смртта на неговото милениче и преселувањето на неговиот пријател. Тој рекол дека цртежот е скица од видео игра и дека не планира да изврши насилство.

Според судските записи, ниту еден родител не го спомнал неодамна купеното оружје на службениците во училиштето.

Џејмс и Џенифер Крамбли се првите родители во САД кои се осудени за вооружено насилство од нивното дете на училиште.

Итан, кој сега има седумнаесет години, отслужува доживотна затворска казна за убиство, без право за условно ослободување.

The post Таткото на тинејџерот кој изврши масовно убиство обвинет за убиство од небрежност appeared first on Република.

]]>

Џејмс Крамбли, таткото на тинејџерот Итан Крамбли, кој отслужува доживотна затворска казна за масовното убиство што го изврши во училиште во близина на Детроит, Мичиген во 2021 година, е прогласен за виновен за убиство од небрежност. Тој e осуден по обвинението во кое стои дека не го чувал оружјето на обезбедено место и не реагирал на знаците на психички потешкотии кои ги покажувал неговиот син, објави Гласот на Америка. Во февруари, за убиство од небрежност беше осудена и мајката на Итан, Џенифер Крамбли. Итан Крамбли, кој имал 15 години кога на 30 ноември 2021 година отвори оган од полуавтоматски пиштол и уби четворица ученици, а рани уште двајца и наставник. Обвинителите во обвинението посочија дека тинејџерот имал пристап до пиштол со калибар од девет милиметри, што татко му му го купил четири дена пред да ги изврши убиствата. Неколку дена пред масакрот Итан Крамбли на работниот лист по математика, покрај цртежот со пиштол и ранет човек, напишал:
„Мислите нема да запрат. Помогнете ми. Мојот живот е бескорисен“.
Неговите родители, кои биле повикани на разговор со училишниот советник за цртежите и белешките, не го однеле дома од училиште. Училишниот советник Шон Хопкинс ги советувал родителите да побараат помош за момчето во следните два дена бидејќи тој верувал дека има самоубиствени мисли. Итан му кажал на советникот дека е тажен поради смртта на баба му, смртта на неговото милениче и преселувањето на неговиот пријател. Тој рекол дека цртежот е скица од видео игра и дека не планира да изврши насилство. Според судските записи, ниту еден родител не го спомнал неодамна купеното оружје на службениците во училиштето. Џејмс и Џенифер Крамбли се првите родители во САД кои се осудени за вооружено насилство од нивното дете на училиште. Итан, кој сега има седумнаесет години, отслужува доживотна затворска казна за убиство, без право за условно ослободување.

The post Таткото на тинејџерот кој изврши масовно убиство обвинет за убиство од небрежност appeared first on Република.

]]>