Италијански приказни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/italijanski-prikazni/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Feb 2022 13:13:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Италијански приказни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/italijanski-prikazni/ 32 32 „Италијански приказни“ од Итало Калвино на македонски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/italijanski-prikazni-od-italo-kalvino-na-makedonski/ Wed, 16 Feb 2022 13:13:36 +0000 https://republika.mk/?p=459371

„Италијански приказни“ е наслов на новата книга на книжевниот класик Итало Калвино на македонски јазик, во издание на едицијата „Читаме заедно“ на “ТРИ“.

Ова дело е совршен начин за заокружување на една ваква едиција која има за цел да придонесе за запознавање со разновидните национални богатства, пред сè, бидејќи бајките се совршена слика за еден јазик и култура. Преку умешноста на Калвино, еден од најзначајните италијански и светски автори на 20 век, се овозможува циркулација на книжевен квалитет кој и на децата и на возрасните им овозможува запознавање со најдоброто во европската литература. Преводот на приказните го направи искусната и плодна преведувачка проф. д-р Радица Никодиновска. Како професор кој добро ја познава Италија од сите нејзини аспекти, таа придонесе за нивно висококвалитетно приопштување на македонски јазик, велат од издавачката куќа “Три“.

Проектот поддржан од Европската Унија. Сите десет книги што ги вклучи, од десет различни културни и јазични средини, им овозможуваат на македонските читатели подобро да се запознаат со европската уметност, но и да извлечат животни поуки од нив.

The post „Италијански приказни“ од Итало Калвино на македонски appeared first on Република.

]]>